build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #801 Posted: 04-Apr-2012 at 14:41
Класи!?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #802 Posted: 04-Apr-2012 at 15:06
Со воз „пешки“ до Битола

Во петокот, патничкиот воз Скопје-Битола, еден од трите воза кои се тркалаат низ Македонија на дури четирите можни возни правци изгледаше токму така: „Влезете, ако можите“, ни вели момче на свои 20 години кое „оди Битола на викенд“. Петнаесетина минути пред поаѓањето на „патничкиот“ во 14,30 не сите купеа, туку сите приоди кон купеата се зафатени. Луѓе се тискааат во ходниците широки не повеќе од 50 сантиметри... нема разминување. „Среќниците“ ги зафатиле платоата на влезовите од вагоните - тука е најшироко, се ставаат торби една над друга, навалени на вратите од она што би требало да биде тоалет. Не пробувајте да влезете во последниот вагон ми вели соговорникот, таму сега товарат некакви цевки. Погледот од перонот кон вагоните е разочарувачки полн.

Прво што ви паѓа на памет е неподносливата леснотија со која на еден час пред тргнувањето, прилично расположен машки глас на шалтерот за информации ќе ви рече не се секирајте за место, за карти... „Ма каква резервација, ти чувај си го паричникот, за место - секогаш има“. И навистина, две квадратни стапки (за жал ние немаме таква минимална мерка) простор за да се стават и двете нозе на цврста подлога на вагонот секако можеа да се најдат. Тоа е суверен простор, платена територија на која комотно може да се отстои три и пол часа од Скопје до Битола. За само 300 денари во еден правец, или за 502 денари повратна карта која има важење од еден месец.

Меѓу последните пред тргнувањето се качува млад брачен пар - тој задишан го носи 17 месечното синче, сопругата во понапредна бременост со мака „планинари“ по скалите кои имаат стандард на ѕидарско скеле. Едвај се искачиле од мрачното приземје до пероните на екстра модерната „Нова Железничка“ подарок на јапонскиот архитект Кензо Танге кој веројатно никогаш не помислил дека во мега-зданието некогаш ќе има само две три сијалички за осветлување, елеватори кои одамна не работат и Ве-Це пред кое стои „лик“ која бара да платите, износ десетпати повеќе од легендарните „мала нужда еден, а голема два“ на Бора Чорба.

„За малку ќе задоцневме, Мазес, жена ми, мораше да оди со малиот Харијан, имаше потреба...“, почнува разговор 25 годишниот Џингис, така се претстави пред друштвото од седуммина кои стоевме пред тоалетот на третиот или претпоследнот (сеедно) вагон. Се враќале од Луксембург, азиланти. Три дена биле на пат, бара место да седне сопругата макар и на торбата. За жал единственото погодно веќе е зафатено. „Само до Сенокос, до пред Прилеп, вели полумолежливо и полууплашено Ѓурѓа Петреска. Тргнала со внучето кај роднини. Вели, стара е, не може да стои.



Еден господин, кој вели дека во овој воз такви нема, оди до првото купе, ја отвора вратата и на група од шест раскомотени млади момчиња и девојки кои веќе почнале со журката, им „наредува“ да направат место за мајката и детето. Со тешко срце прифаќаат.

Тука, во возот, хуманоста престанува. Бон-тонот, доброто воспитување, почитувањето на постари лица, на жени и деца престанува во моментот кога се влегува во мрачниот вагон со неизмиени стакла и - екстремно студен. Функционира инстиктот да се преживее патот, да се освои територија за себе. Оние кои ја знаат финтата, доаѓаат први организирани во групи од пет шест, фаќаат место во купеата, ги навлекуваат нечистите завеси, ја блокираат вратата и се исклучуваат од светот кој стои и патува истовремено во пребукираните ходници. Проблем настанува кога некој треба да се придвижи кон тоалетите (кои од етички причини нема да ги споменеме) или кон излезот. Патничкиот воз стои речиси на секои пет до десет минути. Неверојтно е колку луѓе го користат ова превозно средство.

„Се покачија картите, а пак е се' полно“, вели Бранко Симоновски, единствената расположена фаца во возот во петокот. Веќе 41 година е кондуктер, бил родум од кратовско, пред половина век заминал на школо во Скопје, сакал да биде новинар – да патува. Од паричникот внимателно вади книшка- новинарска легитимација од редакцијата „Вечер“ каде почнал да соработува. Уредник му бил Живко Поповски, но желбата само половично му се исполнила - патува веќе четири децении по исти шини, но одамна не пишува. Го прекинува муабетот, отвора врата во Велес, се качуваат две момчиња на 17 годишна возраст Александар и Јован, секој петок си одат дома во Оморани. Живеат во интернат и учат средно во „ Коле Неделковски“, имаат тажни лица но набргу почнуваат да „го голтаат“ муабетот на Џингис.

Џингис раскажува дека ако има рај, тој мора да е во Луксембург. Седум месеци живеел со семејството во прифатилиште кое било како хотел. Три пати јадење, бањање кога сакаш плус 500 евра џепарлак. Вели, се поправил 20 кила, заштедил пари и сега ќе си купел „голф кец“ на плин и со приколка. „Да останевме и да ни се родеше детето таму ќе добивавме по 1.300 евра месечно“. Заминал есента преку „човек кој за 300 евра од глава“ со комбе ги префрлил до Луксембург. На наша граница рекле дека одат на гости во Бујановац – таму во „азилантското“ рекле дека немаат школо, а со завршено петто одделение во Македонија немале што да работат и останале 200 дена. Раскажува какви биле возовите таму, се' било на копче и чисто и топло и немало стоење...другите го прекинуваат. Тетка Ѓурѓа се подготви да слезе во Сенокос. Нема станица, нема перон, нема објект: Од скалите се скока на чакалот еден метар пониско од скалите. Како што рече, ја чекаат неа и внучето со трактор кој ќе ги однесе до селото.

Од оние мали окер обоени попатни станици изградени пред 60-70 а можеби и повеќе години, денес има само руини. Таблите со ознаката на местото висат на урнати ѕидови на она што некогаш било и станица и место на живеење на вработените од железница и место за одмор и закрепнување со санитарен јазол. Железница, веќе рековме, не подразбира само две шини. Тоа е институција, крвоток на една држава каде се движат и луѓе и се транспортира сешто. Сега, во околина на руините не се вртат ни кучиња и веројатно амбиентот не потсетува на ништо од култниот филм „Песот што ги сакаше возовите“.

Споменатиот господин вели дека три години редовно патува на оваа релација. „Но, имам впечаток дека возот остарел барем 20 години за тоа време“. Никој не памти од кога се вагоните на чии врати на француски, германски и италијански пишува правила за отворање. Сега вагоните одат само до Табановце на север по трасата на она што се нарекува „коридор 10“. Но, тоа сигурно не е... Нема една чешма покрај патот, нема барем една чаша вода да се купи во возот. Размислува гласно, дека со покачувањето на цените на бензинот, возот е се' поисплатлив. Пресметал дека одење и враќање до Скопје со автомобил го чини над 2.000 денари. Се прашува, зошто не стават во функција повеќе вагони, зошто не ги исфрлат овие со клаустофобични купеа и не воведат од поновите како што ги има секаде низ Европа. Не забегува во научна фантазија и не сонува за супербрзи возови кои лебдат на магнетни шини. Зборува за пристојно седиште кое не е тапацирано со кафеав плиш и ефтин скај кој се распаѓа закачен со тапацерска хефталка, за чисти прозори, за масиче на кое може да се стави чаша кафе, да се прочита весник, да се отвори лап-топ. Има многумина кои сонуваат за еден таков „деловен воз“, а тој ќе се исплати.

Битола, и крај на патот. Одамна возовите не одат кон Грција, нешто поради блокадата, нешто поради незаинтересираноста на Грците за овој патен правец, нешто поради источните соседи кои нудат алтернативен превоз преку нивна територија. Најмногу веројатно поради ноторната вистина дека железницата кај нас со децении е - маргинализирана категорија. На ѕидот на прастарата зграда на Станицата во Битола стои табла со тажна содржина „Железничката линија Солун - Битола како делница од линијата кон Јадранското Море беше изградена на 19 јули 1894 година“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=83A3A05C873F174F9CBA5AF7A3EE8360
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #803 Posted: 04-Apr-2012 at 15:46
Блокирање на железничка пруга и организирањето на штрајк без претходна најава е противзаконско казниво дело. Настрана што патниците се во право.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #804 Posted: 05-Apr-2012 at 20:56

Велешани три часа ја блокираа железницата

Три и пол часа траеше блокадата на железничкиот патнички сообраќај во земјава , откако на железничката станица во Велес незадоволните патници ги сопреа возовите. Шест воза со повеќе од илјада патници ја чекаа разврската, по барањата на велешките патници упатени до раководството на железницата. Повеќе стотина патници беа револтирани од услугите кои ЈП Македонски ЖелезнициТранспорт им ги нуди и затоа се решиле на ваков чекор, го сопреа сообраќајот од 5,30 до 9 часот.

Од понеделникот наутро од Битола во 5,40 наместо воз со локомотива и повеќе патнички вагони сообраќа т.н. шпанец. Тој доаѓа полн и за нас патниците од Велес нема место. Да не говорам како е потоа и на станиците Зелениково, Јане Сандански, Драчево. Нема услови, место ни да стоиш, ниту да дишеш а железничарите бараат да се собереме и стигнеме до Скопје.

Ја покачија железничката карта за 50 отсто, но не понудија подобри услови. Затоа бараме да се врати патничкиот воз а не со моторен да патуваме до Скопјевелат револтираните патници. Една од патничките ја покажа и нејзината месечна карта, која иако ја употребува три дена, уште не е поништена. Објаснува дека така бидејќи имало толку гужва и патници во возовите, што кондуктерите не можеле да ги поништат билетите. Тие се пожалија и дека во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови сообраќајот бил во прекин два часа. Толку време доцнеле во тргнување возовите кон Битола и Кочани од железничката станица Скопје. Утрово на железничката станица во Велес беа возовите од Скопје кон Битола и Гевгелија, и од Гевгелија, Битола, Кочани и експресот Хераклеја, немаше простор каде да се постават па мораше на еден колосоек да има и по три композиции. Претставниците на МЖ кои беа на железничката станица во Велес ги советуваа патниците да се качат во возот, бидејќи ти немале обврска да им понудат место за седење, туку доволно е што обезбедувале превоз, па макар и на една нога.

Блокадата беше завршена во девет часот, откако раководството на МЖ им понуди средба со делегација од патниците, која ќе ги пренесе нивните барања а ќе се реализира во текот на утрешниот ден. Ова е трет ден по ред како во утринските часови се случува блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BB10A9FD09B0FE4CA70510A578DDD47D


23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #805 Posted: 09-Apr-2012 at 00:07
Датум: 08.04.2012, 20:49

ЖЕЛЕЗНИЦАТА СТАНА НАЈЕВТИН И НАЈНЕДОСТОИНСТВЕН ПРЕВОЗ

Возовите доцнат двесте години

Состојбата во возот што сообраќа меѓу двата најголеми македонски града - Скопје и Битола, најмалку може да се спореди со онаа во јапонските возови, како што во минатата седмица претставникот на „Македонски железници“ сакаше да се оправда за метежот пред разлутените граѓани. Велешките патници тогаш беа многу револтирани од намалениот број вагони во сообраќај, што придонесуваше за големи турканици и од зголемената цена на превозот, па го блокираа железничкиот сообраќај.

Екипата на „Дневник“ во петокот се увери дека нехигиената, смрдеата, состојбата и изгледот на возот не можат да се споредат со ниеден вид транспортно средство достојно за векот во кој и континентот на кој живееме. Разликата меѓу нашите и јапонските возови е барем двесте години.

На сардини им е покомотно

Свирката на испратничарот го означи тргнувањето во 14.30 часот на возот што до Битола оди преку Велес, Богомила и Прилеп. Вратите се затворија и започна патувањето за кое уште надворешниот изглед на композицијата навестуваше дека нема да биде пријатно. Лошиот мирис и локвата од истурено кафе на подот стасаа само како потврда на првиот впечаток.

Ходникот беше преполн со изморени патници, кои стуткани изгледаа како едвај да чекаат да стигнат до саканата дестинација. Други, седеа покрај нив, потпрени на издигнатите ѕитчиња покрај прозорците. Тоа не се места за седење, но патниците импровизираат. Фаќањето седиште во купе е секојдневна борба.

- Вака е секој ден. Во петоците и неделите е неиздржливо кога патуваат и студентите што студираат во Скопје. Тогаш нема место ниту каде да се стои. Се седи и меѓу вагоните и до тоалетите. Уште потешко беше кога беше пуштен возот со три вагони, чиј капацитет е уште помал. Секој ден патувам од Велес до Скопје, оти работам на објект од „Скопје 2014“. Само од Велес сме околу 200 работници на овој проект. Затоа и протестиравме, за да пуштат воз со повеќе вагони. Сега плаќаме поскапа месечна карта - 2.340 денари, а беше 1.450 и што добиваме за тоа? Навалица, смрдеа и нечистотија - вели еден велешанец.

Без парно и интернет

далеку од Европа

Студентка од Прилеп на Филолошкиот факулет во Скопје, која имала среќа да зграпчи слободно место во купето, вели дека вака е секој петок кога студентите се враќаат дома.

- Возовите се стари, дотраени, а згора на тоа и не се одржуваат. Да не ти текне да влезеш во тоалет. Принуден си да издржиш до дома. Се возиме бидејќи, засега, ова е најевтиното превозно средство. Имаме студентски попуст со студентска легитимација, но и тоа ни е скапо. Со воз до Прилеп повратна карта ме чини 350 денари, а со автобус 450 денари - вели Марија Бошкоска.

Друг прилепчанец, кој работи во Скопје во приватна фирма, вели дека зимоска измрзнал како куче.

- Воопшто немаше парно. Наседнати сме како стока по ходниците. И како да не е ова доста, возовите доцнат. И по два часа доцнат - вели Миле Попоски.

Битолчанецот Горан Стевановски, студент на Медицинскиот факултет, на шега вели дека сака да има и интернет во возот. Го имаше својот лаптоп во рацете, но вели, бескорисен е вака. На ова патување тој седеше во „спешл“ купе со кожени седишта, во реставриран вагон.

- Далеку се нашите возови од оние во Европа. Се наплатува за нешто што воопшто не го добиваш, а билетот поскапе за 50 отсто. Би било добро барем да може да се резервира билет. Тоа сега е можно само во експресниот воз, но е двојно поскап. Затоа настојував барем да најдам место во еден од реновираните вагони - вели Стевановски.

Штедливиот „шпанец“

Kондуктерот во возот Славчо Митревски вели дека овие вагони некогаш оделе за Белград. Објаснува дека таму биле исцртани со графити, а засега само два од петте се реновирани.

- По два до три вагони се обновуваат на секои 4 години, а секој месец се проверуваат тркалата. Овој воз конкретно има пет вагони, а секој собира по 66 патници, вкупно има околу 400 места. Оној што досега сообраќаше, а за кој протестираа работниците од Велес, е од шпанските и е со 2,5 вагони. Според месечните карти, од Велес имаме околу 700 редовни патници, но го пуштавме помалиот воз заради поголема економичност и помали трошоци. Овој со пет вагони до Битола и назад троши два тона нафта, а шпанскиот 400 литри. Тоа е огромна разлика - раскажува Митревски и додава дека возовите во просек се стари од 25 до 30 години, а оние што биле постари од 30 години се исфрлени од употреба.

По 45-минутното патување, возот застана на станицата во Велес, каде што и нашата екипа го заврши патешествието, полна со впечатоци за тоа како изгледа превоз на патници во железничкиот сообраќај во Македонија во 21 век. Kомпозицијата продолжи кон Битола со своите половина реновирани, половина руинирани вагони и ходници полни со луѓе, преполни со надеж.

„Уште само две години, уште само две години...“, можат само да си повторуваат во себе за да им помине побрзо патувањето до Градот на конзулите, кое чини 540 денари (повратен билет). До 2014 година состојбата ќе биде ваква или слична, а тогаш, според генералниот директор на „Македонски железници”, Оливер Деркоски, треба да се набават пет нови модерни гарнитури возови во кои ќе има и интернет. Ќе чинат 45 милиони евра, а ќе се купат на кредит.

Анела Петрова

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=822A1C96F6B4CF41BC1BF93A9C602FBD
23ka.wordpress.com
Back to Top
vladegf View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Dec-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 638
  Quote vladegf Quote  Post ReplyReply #806 Posted: 26-Apr-2012 at 07:59
незнам колку се доловува од сликава ама знае некој чии се овие вагони? Вчера околу 16:30 стое на железничкаи делуваа тип-топ, со затемнети стакла како да беа и сл...
Back to Top
tomo441 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 21-Feb-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9
  Quote tomo441 Quote  Post ReplyReply #807 Posted: 26-Apr-2012 at 09:11
Vagoni na TCD-Turski zeleznici. Mislam deka se iznajmeni od nekoja turska tv kuka i so niv patuva po balkanot, snimajki nekakov dokumentarec.
Vagonite gi vidov i utrinava po vrakanje so vozot 640 od Bitola, sto znaci deka se se uste tamu, na prviot kolosek od sk. zel stanica.


Edited by tomo441 - 26-Apr-2012 at 09:15
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #808 Posted: 26-Apr-2012 at 12:45
И завчера беа таму, ги сликав ама не стигнав да ги постирам тогаш, еве ги:

1


2


3


4


5

Back to Top
mon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Dec-2009
Location: Europa
Online Status: Offline
Posts: 763
  Quote mon Quote  Post ReplyReply #809 Posted: 26-Apr-2012 at 13:19
TCDD e oznaka na turskite zeleznici (Türkiye Cumhuriyeti Devlet Demiryolları).
 
Koja razlika vo izgledot vo sporedba so nasite.Roll%20eyes


Edited by mon - 26-Apr-2012 at 13:21
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se
https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/

exYU: http://malezeljeznice.net
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #810 Posted: 26-Apr-2012 at 15:51
и така се тука вагониве нека дадат цена па нека останат кај нас.за нас овие се ОК
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #811 Posted: 26-Apr-2012 at 16:11
Previous
 
Вагоните се ОК за нас, но ние не сме ОК за вагоните.
 
Тоа е главниот проблем, македонскиот менталитет, македонските навики и македонската (не)култура, се главните причини зошто немаме квалитетен железнички превоз, вагоните можеме и да ги позлатиме ако сакаме, но за 1, 2 или максимум 3 месеци, нема да ги препознаеме, ќе се кладиме дека последен пат се обновувани пред најмалку 5 години, а не пред 1, 2 или 3 месеци.


Edited by Dexter26 - 26-Apr-2012 at 16:12
Back to Top
Danielbtmk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 693
  Quote Danielbtmk Quote  Post ReplyReply #812 Posted: 01-May-2012 at 14:10

За влакно избегната железничка несреќа кај Романовце

Утринава за малку избегната железничка катастрофа кај Куманово. Несреќата ја спречил машиновозач на товарен воз кој стоел на железничката станица кај романовце. Тој го видел возот што пристигнувал на погрешен колосек.

Присебноста на машиновозачите ги спасиле патниците од возот што утрово сообраќал од Скопје кон Табановце. Избегнат е судир меѓу патнички и товарен воз во станицата Романовце близу Куманово. Инцидентот се случил кога патничкиот воз од непознати причини наишол на товарен воз кој стоел во станицата Романовце.

И двата воза се нашле на ист колосек. Еден од машиновозачите на товарниот воз за Канал 5 вели дека веднаш се посомневале во неисправноста на разделницата на железничката пруга. Ги предупредиле одговорните лица за тоа, откако го забележале патничкиот воз дека вози на нивниот колосек почнале со сирената од возот да го предупредуваат. Патничкиот воз за среќа застанал.

Што е причината за инцидентот дали човечки или технички фактор, треба да покаже истрагата на надлежните од Железница -Инфраструктура. Оттаму велат патничкиот воз се движел со мала брзина. Неофицијално е дека техниката затаила, бидејќи со најновата инвестиција оперативците во секој момент го гледаат секое движење на возовите.

Машиновозачот Ристо Пејовски уште лани предупредуваше на несигурност во железничкиот сообраќај за што беше суспендиран од работа.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #813 Posted: 11-Jun-2012 at 14:08
И додека народните пари се трошат на многу поважни работи - споменици, непотребни административни згради, огради на мостови вредни 1 милион и 250 илјади евра, панорамско тркало, вртелешка и ред други непотребни глупости, железничкиот Коридор 10 е оставен на милост и немилост на околностите.
 
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=92477
 

Македонија може да остане без железнички транспорт на стока преку Коридор 10

 
Македонија се соочува да го изгуби железничкиот транспорт на стока преку Коридор 10 откако европските транспортни компании почнаа да го фаворизираат Коридорот 4, правец кој моментално минува низ неколку земји од ЕУ и завршува во Турција. И не само Македонија, туку железничките оператори од поранешните ЈУ републики па и од Грција се во паника, превозот се намалува поради граничните формалности, се вози по повисоки цени, а конкуренцијата нуди се поевтини цени.
 

 
Дополнителен проблем во Македонија и е отсуството на либерализација на железничкиот превоз, велат од Словенечки железници.
 
Токму Алијансата формирана од државните железнички оператори од поранешните ЈУ простори, треба да го ревитализира постоењето на Коридорот 10, да создаде формални и технички услови и логистика и да ја зголеми конкуренцијата на Коридорот 10.
 
Компании од Русија, Германија, Франција и Австрија се погласни се во влегување на Коридорот 10, велат од Алијансата. Но во исти време бараат пократки царински формалности, поевтини цени во замена да го напуштат Коридорот 4. Во рок од пет години ако коридорот 10 се актуализира, се очекува зголемување на транспортот до 80 % и превозот на патници до 50%.

 
Кире Коцевски
 



Edited by Dexter26 - 11-Jun-2012 at 14:09
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #814 Posted: 11-Jun-2012 at 15:58
Така? Ами тогаш no use fighting, сите пари од железницата, во леарниците, и онака е изгубена битката. Барем ќе имаме уште повеќе споменици!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #815 Posted: 11-Jun-2012 at 16:47
Previous
 
Ама тогаш послабо ќе им оди бизнисот на отпадите за старо железо и на крадците на метални предмети.
 
Освен ако актуелната власт не ги зема нивните потреби во предвид, тогаш слободно нека ги стопи пругите, локомотивите и вагоните.
 
И да, ќе имаме уште повеќе споменициии !!!
 
Можеби актуелната власт ќе воведе некој нов вид на субвенционирање сличен на оној од проектот "Купи куќа, купи стан", па ќе ги субвенционира сите граѓани кои ќе сакаат да постават споменици во дворовите на своите куќи или пред влезовите на своите згради, под услов објектите да бидат во неокласицистички стил, да добијат подарок бесплатен споменик. Bash


Edited by Dexter26 - 11-Jun-2012 at 16:49
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #816 Posted: 14-Jun-2012 at 00:12
ВЕЛЕШАНИ ГИ СМЕНИЈА НАВИKИТЕ ПО ПОСKАПУВАЊЕТО НА БИЛЕТОТ ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА

Метежот од возовите се префрли во автобусите


Поскапувањето на билетите во железничкиот сообраќај го пресели метежот од железничката станица во Велес на автобуската, а тоа особено се чувствува во недела во попладневните и во понеделник во утринските часови. Тогаш е тешко да се најде место во автобусите што сообраќаат до Скопје. Вработени, студенти, ученици, се случуваше да не можат да отпатуваат на работното место, на факултет или на училиште.

- Се случува да чекаме и по два часа и пак да не стигнеме до Скопје. Автобусите се преполни и може да се качат само еден или двајца патници. Чекаме автобуси, но место нема. Во овој период полни се и дивите таксисти. Добитна комбинација е да се стигне до Скопје. Метежот од железничката станица сега е секојдневие на автобуската, на почетокот од работната седмица. Ваква е состојбата во последниве два месеца – вели Ѓоре Илиев, кој секојдневно патува до Скопје на работа.

Ваквата мака тој ја дели со многумина сограѓани кои се корисници на автобускиот превоз. Од автобуската станица потврдуваат дека овој период имаат зголемен број патници, па во одредени периоди за нема место сите. Ако претходно секојдневно во воз патува по 1.000 велешани, бројот на тие што патуваат со автобус е на половината - околу петстотини.

- Некои наши сограѓани обезбедуваат егзистенција во Скопје. Половина град работи таму, тоа е факт. Постојните автобуски линии се потврдени од Министерството за транспорт и врски и тоа е можноста и изборот за патување. Последниов период се случува да нема место во шпицот, во понеделник наутро и во недела попладне. Патниците се револтирани. Дали ова е последица на покачувањето на цената на железничкиот превоз или поради честите контроли на дивите таксисти, но факт е дека има поголем број патници - велат од велешката автобуска станица.

Во работен ден, наутро од Велес за Скопје има 13 автобуси, а во недела попладне 15, кои не се доволни за потенцијалните патници и затоа се јавуваат овие турканици.

- Автобускиот превоз е многу побрз, почист, точен и поудобен. Разликата во цената на билетите сега е помала, па можам да си дозволам да патувам со автобус. Претходно патував со воз, сега се преориентирав на ова превозно средство - објаснува Мирјана Стојанова, студентка, која е често на релација Велес - Скопје и назад.

Од железничката станица во Велес информираа дека бројот на месечните билети е непроменет, околу шестотини, во однос пред покачувањето на цената. Но затоа, пак, е намален бројот на патници за околу 20 отсто.

Петар ПеЧков


Izvor: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=97EE68F81034CE42B308F2039C68AC9C
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #817 Posted: 14-Jun-2012 at 09:31
Објавено 14 јуни 2012, 09:48, во Македонија More Sharing ServicesShare | Share on twitter Share on facebook Share on email Share on reddit

БЕСПЛАТЕН БЕЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ


Во Железничката станица Скопје од денеска напладне ќе биде достапен бесплатен бежичен интернет, што го воведува ЈП МЖ „Инфраструктура“.
Бесплатен интернет ќе има во секој момент во патничкиот дел и на пероните на железничка станица.
Имплементацијата на WI-FI проектот кој го реализира МЖ Инфраструктура треба да обезбеди безжичен интернет, покрај во Скопје така и на поголемите железнички станици во Македонија.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85222/besplaten_bezhichen_internet_na_zheleznichkata_stanica_vo_skopje.aspx

Edited by gjoko - 14-Jun-2012 at 09:31
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #818 Posted: 10-Aug-2012 at 13:25
Никогаш во животот не сум бил во Грција, ниту планирам да одам таму, земајќи го во предвид третманот кој го уживаат таму не само македонските туристи, туку и македонските возачи, особено македонските транспортери.
 
Но во целост го поддржував ваквото воведување на редовна железничка линија помеѓу Скопје и Солун бидејќи секоја нова железничка линија треба да биде добредојдена за Македонски Железници, кои во моментов уживаат монополска позиција во македонскиот железнички сектор, а со тоа и самиот железнички сектор е во милост и немилост на бројот и должината на железничките линии на кои дообраќаат возовите на Македонски Железници, за жал.
 

 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otkazan-sezonskiot-voz-za-solun
 

Откажан сезонскиот воз за Солун

 
10.08.2012 - 12:21
 
МЖ Транспорт АД – Скопје соопшти дека од 1 септември годинава  го откажува сезонскиот патнички воз Скопје - Солун – Скопје поради неисполнување на зацртаните цели и очекувања во делот на искористеноста и комерцијалните ефекти.
 

 
Возот од Скопје тргнуваше секоја сабота во 5.05 часот, од Велес во 06.01, Неготино 06.46, Гевгелија – 07.34, а во Солун пристигнуваше во 10.24 часот (по грчко време)
 
Во спротивен правец од Солун тргнуваше секоја недела во 20.11 часот (грчко време). Од Гевгелија - 20.40, Неготино – 21.46, Велес – 22.25 часот, а во Скопје пристигнуваше во 23.11 часот.
 
Последното возење на „сезонецот“ ќе биде на 24 август од Скопје, односно повратно на 25 август од Солун за Скопје.



Edited by Cloverstack - 10-Aug-2012 at 14:11
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #819 Posted: 10-Aug-2012 at 14:42
Originally posted by Dexter26

Никогаш во животот не сум бил во Грција, ниту планирам да одам таму, земајќи го во предвид третманот кој го уживаат таму не само македонските туристи, туку и македонските возачи, особено македонските транспортери.
 
Но во целост го поддржував ваквото воведување на редовна железничка линија помеѓу Скопје и Солун бидејќи секоја нова железничка линија треба да биде добредојдена за Македонски Железници, кои во моментов уживаат монополска позиција во македонскиот железнички сектор, а со тоа и самиот железнички сектор е во милост и немилост на бројот и должината на железничките линии на кои дообраќаат возовите на Македонски Железници, за жал.
 

 
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/otkazan-sezonskiot-voz-za-solun
 

Откажан сезонскиот воз за Солун

 
10.08.2012 - 12:21
 
МЖ Транспорт АД – Скопје соопшти дека од 1 септември годинава  го откажува сезонскиот патнички воз Скопје - Солун – Скопје поради неисполнување на зацртаните цели и очекувања во делот на искористеноста и комерцијалните ефекти.
 

 
Возот од Скопје тргнуваше секоја сабота во 5.05 часот, од Велес во 06.01, Неготино 06.46, Гевгелија – 07.34, а во Солун пристигнуваше во 10.24 часот (по грчко време)
 
Во спротивен правец од Солун тргнуваше секоја недела во 20.11 часот (грчко време). Од Гевгелија - 20.40, Неготино – 21.46, Велес – 22.25 часот, а во Скопје пристигнуваше во 23.11 часот.
 
Последното возење на „сезонецот“ ќе биде на 24 август од Скопје, односно повратно на 25 август од Солун за Скопје.



Ништо веќе не ми е чудно кај нас, иако сум изненаден поради добриот термин на поаѓање и пристигнување. Македонски железници треба да се договори со Грчките железници со новиот возен ред да воведат линија која од декември до мај би сообраќала во текот на петок, сабота и недела кон Солун, бидејќи тогаш би имало интерес, исто како и за празниците. Од почетокот на јуни до средина на септември овој утрински воз би сообраќал секојдневно. Дополнително, во главната летна сезона може да се додадат дополнителни возови во попладневните часови кон Солун.

АМА, треба кампања, треба да се контактираат постојано медиумите, треба да се ангажира агенција што ќе направи промотивна кампања и најбитното да се воведе ред со автобуските и комби компании кои нелегално возат кон овој град само кога има голема потреба.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #820 Posted: 03-Sep-2012 at 21:21
Понеделник, 03 Септември 2012 12:33

Владата на Република Македонија одлучи да стартува инвестициски циклус во модернизација на железничката мрежа во земјата со цел зголемување на квалитетот на превозот на граѓаните, унапредување на можностите за остварување комуникација и поддршка на бизнис-заедницата во врска со транспортот на стоки.

gorgiev500

Како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во текот на првата половина на септември ќе почнaт градежните работи за модернизација и ремонт на железничката делница од Коридорот 10 Табановце - Куманово - Карпош. Вкупната должина која ќе биде модернизирана е 13,3 километри, а обезбедени се средства во износ од четири милиони евра.

Во исто време ќе почне со градежни работи за модернизација и ремонт на железничката делница Миравци - Смоквица која е исто така дел од Коридорот 10. Оваа делница е во должина од 13,1 километар и за неа ќе бидат исплатени три милиони евра.

- За двете делници избран е изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт и тоа конзорциум од реномирани компании од Австрија и Германија што дава гаранција за квалитетот на изведбата. Подготвителните работи се во полн ек и наскоро се очекува почеток на работата. Согласно договорот, целата активност за модернизација на двете железнички делници во вкупна должина од 26 километри треба да биде завршена во 2013 година, рече Ѓорѓиев.

Владата обезбеди и средства за реконструкција на железничката делница Згрополци - Ногаевци која е исто така дел од Коридорот 10 во износ од 10 милиони евра.

Ѓорѓиев информира дека во текот на септември ќе биде распишана постапка за избор на изведувач на градежни работи за модернизација и ремонт и на оваа делница која е во вкупна должина од 28 километри.

- Со овие активности ќе бидат модернизирани и ремонтирани 54 километри од железничката пруга на Коридорот 10 за што Владата во соработка со ЕБОР обезбеди средства во висина од околу 17 милиони евра кои ќе ги лоцира за оваа намена, посочи Ѓорѓиев.

Владата одлучи да почне и проект за обезбедување нови и современи возни средства за железницата. Владиниот портапрол нагласи дека за овој проект обезбедени се 50 милиони евра во соработка со ЕБОР и планирано е да се набават нови четири дизел-моторни троделни патнички гарнитури, две троделни патнички електро-моторни гарнитури, 150 товарни вагони од различни типови, како и да се изврши реконструкција на пет-шест електро-локомотиви.

Ѓорѓиев информираше дека Владата усвоила и прецизен Акционен план за реализација на оваа дејност и веќе е во тек постапка за избор на консултант кој ќе и помага на „МЖ Транспорт“ АД во целокупниот процес на кој 12 фирми доставија понуди и во тек е евалуација на понудите. Во октомври треба да се избори економски оператор и да се склучи договор.

- Потоа, „МЖ Транспорт“ АД во соработка со консултантите треба да ја подготват документацијата за постапката за избор на производител на патничките гарнитури и товарните вагони. Во 2013 година треба најпрвин да се распише постапка за избор на производител, а потоа и да се склучи договор со производител кој ќе ги изработи и предаде средствата од возниот парк, подвлече Ѓорѓиев, истакнувајќи дека процесот комплетно со сите меѓуфази треба да заврши до 2015-2016 година.

 

http://kurir.mk/makedonija/vesti/83192-Vladata-pocnuva-investicii-za-modernizacija-na-zeleznicata



Добро нели беше означен стартот за реконструкција на делниците Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица уште на 6 јуни?!?! Како тоа сега испаѓа дека дури овој месец ќе почнат градежните работи, стварно не ми е јасноRoll%20eyes....еве го постот од јуни- прочитајте.



Започнува реконструкцијата на железничкиот Коридор 10, експертите предупредуваат да не биде површна

Според директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Ирфан Асани, германскиот конзорциум „Вибе и Алпине“ (Wiebe & Alpine) денеска треба да го започне ремонтот на железничкиот Коридор 10 на делниците Табановце – Куманово и Миравци – Смоквица, во вкупна должина од 24,1 километри. Со првата фаза од реконструкцијата на пругата од Табановце до Гевгелија ќе се променат 30 сантиметри од лошиот земјен материјал на овие делници, на долниот строј од пругата ќе се постави геотекстил и геомрежа, ќе се вгради нов камен материјал, а планирана е и целосна замена на дрвените прагови со нови армирано – бетонски. По завршување на обновата на железничката пруга брзината на возовите ќе се зголеми од сегашните 40 на 120 километри на час. Во согласност со договорот, градежните активности е предвидено да завршат во период од една година по неговото потпишување, а инвестицијата во овие две делници ќе изнесува околу 7 милиони евра.

 

 

 

 

Наспроти оптимизмот од раководните структури на железницата, дел од експертите имаат извесна доза на сомнеж за резултатите што ќе ги донесе претстојниот ремонт на инфраструктурата. Во априлскиот број на списанието „Пресинг“, во издание на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, градежниот инженер Филип Ивановски се осврнува на загрижувачката положба во која се наоѓаат пругите во земјава. Задржувајќи се на добиениот заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), тој напоменува дека одобрените средства не треба да се потрошат на безначајно редење на бетонски прагови во должина од 63 километри. „Луѓето од техниката треба да знаат дека ќе бидат одговорни за залудно потрошените средства. Со сумата од 17,6 милиони евра може да се изврши посериозна реконструкција на одвај 15 – 20 километри пруга“, заклучува инженерот Ивановски.

 

Од МЖ – Инфраструктура пристигнува и информацијата дека во наредните недели треба да се објави и тендерот за избор на компанија што ќе го изведе ремонтот на делниците Ногаевци – Градско, Градско – Кукуричани и Кукуричани – Криволак – Неготино, со вкупна должина од 30,9 километри. Градежните работи на овие сегменти до железничкиот Коридор 10 ќе започнат во текот на идната година и ќе завршат во првата половина од 2014 година. ЕБРД преку кредит ги обезбеди финансиските средства за овој проект, а значајно е да се напомене дека истовремено финансиски средства се обезбедени и за реконструкција на 112 километри пруги од овој паневропски коридор на територијата на Србија, со што во наредниот период би требало да се укинат ограничувањата на брзините и да се обезбеди побрз превоз на патници и стоки.


 http://www.build.mk/?p=15705

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3940414243 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.871 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.