![]() |
![]() |
![]() |
Реставрациja / Реконструкциja |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 24> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Феудалната кула со ВИП-апартман За годинава од Министерството за култура се добиени потребните средства, со кои се предвидува да биде реновирана покривната конструкција, а со дел ќе се финансира и изработката на проектот за заштита и уредување на надворешниот и внатрешниот дел на кулата. Музејот очекува одговор и од американската амбасада, од каде што добиле ветување за финансиска помош и за заштита на кулата. - Според првите контакти со надлежните во американската амбасада, постои интерес за нивно вклучување во овој проект. Овие денови ќе биде остварена уште една средба - изјави Драган Георгиевски, директор на Музејот во Кратово. Според направените пресметки за опремување на луксузниот апартман во кратовската кула, ќе бидат потребни околу 70.000 евра. Златкова кула, како споменик на културата, е објект од посебна важност. Со Законот е регистрирана како културно-историски објект, па затоа се преземаат потребните мерки и активности за нејзино зачувување како културно наследство. При конзерваторските и градежните активности ќе се работи според сите законски норми. Од конзерваторскиот центар ќе биде изготвен проект, по што ќе биде ангажирана фирма која ќе ги изведе градежните зафати. По завршување на работата во Златкова кула, освен ВИП-апартманот, ќе биде отворен и информативниот туристички центар. - По реновирањето на двете средновековни кули, Симиќевата и Саат-кулата и претстојното на Златкова кула, преостанува во наредниот период да се заштитат и другите три камени кули, кои исто така се во фаза на распаѓање - вели Георгиевски. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=06DF534B0E1F034FA546BCB4AF810ECA |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Во Велес почна проект за заштита на македонското архитектонско наследствоФранцуски стручњаци започнаа проект за инвентаризација на сите објекти во градот кои се опфатени како културно историско архитектонско наследство и треба да бидат заштитени.Проектот вреден 60 илјади евра во наредните три години ќе се реализира во соработка меѓу Република Македонија и Долна Нормандија од Франција односно преку Француската асоцијација на градови со заштитени и културни зони и Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство од Македонија со седиште во Велес. Во рамки на проектот е предвидена и обука на македонските архитекти кои ќе учат од своите поискусни колеги од Франција. Ќе биде направен и список на објекти кои треба да бидат заштитени а за нивно реновирање ќе треба да се конкурира за средства преку проектите на ЕУ. Марили Сортиз, директор на Француската асоцијација на градови со заштитени културни зони која веќе 10 години работи за заштита на македонското културно богатство, а досега работела за заштита на старите чаршии во Скопје и Битола, фасцинирана од убавата архитектура на старите велешки куќи, истакна дека Велес како град има две вредности за заштита на архитектонското наследство. Една се бисерите на архитектурата на градската велешка куќа со чардаците, што според неа, е една голема вредност, а другата е пејсажната вредност на Велес, бидејќи градот има многу специфична конфигурација на теренот и претставува еден архитектонски пејсаж. Тој според Сортиз, е недоволно промовиран не само во македонската туку и во меѓународната јавност. Таа вели дека Велес треба да се промовира како град кој има специфични вредности во однос на архитектонското наследство. ![]() http://tirekovmirece.com |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Ќе се заштити архитектонското наследство во Македонија
![]() Општинските урбанисти во Велес, Куманово, Кратово, Штип и Берово имаат рок од два месеци да изработат предлог урбанистички планови за заштита на архитектонското наследство. Во плановите ќе треба да ги одбележат сите градби кои се автентични, уникатни и вредни. Во мај, годинава на плановите заеднички ќе работат со француските колеги, а кога ќе бидат готови ќе ги усвојат Советите на општините за да овозможат заштита на архитектонските бисери на локално ниво со конкретни мерки за решавање на урбанистичкиот хаос . „Велес посебно изобилува со традиционална архитектура која што за жал е оставена на забот на времето што пак придонесува за деградација на тие објекти“-вели Горан Петров, градоначалник на Велес. На архитектите и историчарите на уметност во Македонија ќе им помагаат експерти од Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност. Во нивната држава нема незаштитени градби, објекти и споменици. Тие апелираат за соработка со граѓаните во Македонија.
„И на граѓаните
треба да им се објасни дека стручните лица работеле, направиле план за
тоа како да се развива градот во иднина врз основа на заштита на
архитектонското наследство“-вели Антоан Бругерол, експерт за заштита на
архитектонско наследство во Франција. |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Интересно како некој да го прочита разговорот со мене и мацедониа
![]() Edited by Makedonij - 03-Mar-2011 at 20:28 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
Se ubavo , no sto so ostanatite gradovi ?
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
http://10bez10.com/vesti/1416-pocna-rekonstrukcijata-na-memorijalnot-muzej-11-ti-oktomvri |
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Започнаа изведбените работи за довршување на
реконструкцијата на стариот турски Амам во центарот на Гевгелија, каде што
треба да се смети Ликовната галерија..
Реконструкцијата на овој објект, прогласен за споменик на културата, започна со донација од збратимената општина Карач, Турција. За нејзино довршување, пред се, обложување на покривот со бакар, општина Гевгелија издвои дополнителни 1.648.000 денари. По спроведената постапка струмичката фирма "Еуромонта" треба да ги заврши реконструкционите зафати. Покрај реконструкцијата на покривот, Министерството за култура издвои дополнителни 400.000 денари за внатрешни зафати. Според потпишаниот договор со изведувачот реконструкцијата на Амамот треба да заврши до крајот октомври годинава.Тоа значи дека наскоро Гевгелија ќе се здобие со Ликовна галерија, бидејќи просторот на реконструираниот турски Амам ќе се користи за таа намена. http://gevgelija.gov.mk Edited by Makedonij - 21-Sep-2011 at 08:34 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Саат кулата во Гостивар ќе се поднови за туриститеСимболот на Гостивар, саат кулата идната година ќе биде реконстуирана. Според министерката за култура Елизабета Канческа Милеска таа идната година ќе стане туристичка атракција. Министерството за култура прифатило два покрупни проекти за заштитата на културното наследство со кои ќе бидат опафатени два објекти во градот. - Комисите ги одобрија проектите и од идната година ќе се започне со нивна реализација. Особено важно е што симболот на Гостивар, саат кулата ќе биде целосно заштитена со конзерваторски работи, а внатрешноста ќе биде биде ставена во функција за туристички посети, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по посетата на два споменика на културата во Гостивар Освен саат кулата финансиска поддршка ќе добие и проектот за заштита на “беговата куќа”. Тоа ќе опфати поправка на фасадата. Според проектната документација, двата проекти за заштиата на двата споменици на културата во Гостивар ќе “тежат” околу два милиони денари. http://www.kanal77.com.mk/portal/index.php?option=com_content&view=article&id=8550:saat-kulata-vo-gostivar-e-se-podnovi-za-turistite&catid=81:mkd&Itemid=458 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
ПОКРАЈ ДЕЛ ОД КУЌИТЕ ОД ВЕЛЕШКИТЕ МААЛА КОЈНИК, МЕГДАН, ВАРНАЛИИТЕ, ДВОРОВИ
Француски експерти ќе ја заштитуваат и Старата велешка чаршија Има многу традиционални стари куќи кои се кршливи и тие треба да се зачуваат, а не да се заменат. Секогаш кога една куќа ќе ја замените со реконструкција губите нешто. Она што јас го открив тука тоа е да се зачува културата, идентитетот, вели за ВЕЧЕР Антоан Бругерол од Француската национална асоцијација Просторот околу Градскиот саат, Старата велешка чаршија, како и дел од куќите од велешките маала Којник, Мегдан, Варналиите, Дворови ќе се заштитуваат со помош на експерти од Франција. Француската национална асоцијација и Асоцијацијата на градови на Македонија со архитектонско наследство веќе работат на овој проект, а француските експерти во Велес ги идентификувале зоните и објектите кои ќе бидат вметнати во проектот за заштита на архитектонското наследство. "Има многу традиционални стари куќи кои се кршливи и тие треба да се зачуваат, а не да се заменат. Секогаш кога една куќа ќе ја замените со реконструкција губите нешто. Она што јас го открив тука тоа е да се зачува културата, идентитетот", вели за ВЕЧЕР Антоан Бругерол од Француската национална асоцијација . Македонските и француските експерти на средбата во Велес препорачуваат најнапред објектите да се документираат, па да се реставрираат. Заштитата да се врши поединечно, но да не се заборави тоа да биде во склоп на пејзажот. По целосната заштита, треба да се разгледува нивната намена во контекст на локалниот економски развој. "Доколку се работи за објекти во кои можат да се обавуваат некои стопански дејности, тие ќе бидат наменети за тоа. Доколку се работи за индивидуални станбени објекти, треба да се обидеме на тие локации да го поттикнеме туризмот. На овој начин ќе привлечеме што повеќе туристи на кои ќе им овозможиме да се запознаат со Велес и со неговата традиционална архитектура", вели Горан Петров, градоначалник на Велес. Проектот за архитектонско наследство ќе ја опфати и некогашната Стара велешка градска чаршија, која се наоѓала на просторот на градскиот пазар. Локалните власти веруваат дека ако се заштити она што останало од архитектонското наследство, има надеж да се врати стариот препознатлив лик на Велес. Инаку, според програмата за соработка со француската асоцијација за архитектонско наследство, покрај Велес, се вклучени и Куманово, Штип, Берово и Кратово. ![]() Инаку оваа куќа покрај реката е изградена од дедо ми, ме радува една од најиконските куќи во Велес дека ќе биде реставрирана од французиве. http://vecer.com.mk/?ItemID=91A075EE39FABC499124C0A7E3299856 Edited by makonix - 14-Apr-2012 at 02:55 |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Ќе се реставрира црквата Свети Ѓорги од 14. век – одобрени пари од ЕУЦрквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане ќе биде заштитена од пропаѓање. Конечно ќе започне конзервацијата на фрескоживописот што е во незавидна состојба поради протекување на покривот на црквата од 14 век. За ревитализацијата се чекаше на средствата од Европската Унија, повеќе од две години поради административни пречки.
Покрај Охрид, кој е под заштита на УНЕСКО, втор кандидат од Македонија кој ќе биде впишан во листата на светското наследство е локалитетот Кокино се надеваат стручњаците. Архео -астролошкиот локалитет е откриен пред десет години, го посетуваат огромен број туристи, но се уште нема соодветни патеки ниту пак обележја. „Десет години можеби изгледа долго, меѓутоа тоа е многу краток период за да се проценат целосните вредности на локалитетот. Напори се прават, веќе има одредени насоки и идеи за регулирање на локалитетот со пешачки патеки, со оградување на самиот локалитет изјави“ Зоран Павлов претседател на ИКОМОС Македонија. Во непосредна близина на локалитетот не смеат да се градат инфраструктурни современи објекти кои би можеле да ја нарушат автентичноста на просторот. Единствено доаѓаат в предвид патеки со дрвени огради и дрвена колиба вели Кузман. Тоа биле барањата на експертите од УНЕСКО. Форумот во Старо Нагоричане беше посветен токму на Светското наследство и одржливиот развој на локалната заедница. „До сега општината од својот скромен буџет инвестираше во пропагандни материјали .Баравме поддршка повеќе пати, но добивавме одговор дека се чека на поддршката од УНЕСКО“ вели Миодраг Јовановиќ градоначалник на Старо Нагоричане. Црквата Свети Ѓорѓи и околните објекти ќе се ревитализираат со еден милион и сто илјади евра. Снежа Петковска ВИДЕО: http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=90274 Edited by Makedonij - 21-Apr-2012 at 18:58 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
мислам дека на банкнотата од 50 денари на една од страните сликата со фреска е од Архангел Гаврил од оваа црква
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Се разбира дека не, на банкнотата е Ангелот од Курбиново, село во Преспанско, што нема врска со Старо Негоричане, кое е во Кумановско.
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() Андреј е во право! |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Ќе се реконструира стариот струмички театар ![]() Во ноември ќе почне санацијата и реконструкцијата на стариот театар, во кој последната претстава е одиграна во 1982 година Сузана Тасева По цели триесет години повторно во функција ќе биде ставен првиот професионален театар во Источна Македонија. Во ноември ќе почне санацијата и реконструкцијата на стариот струмички театар, во кој последната претстава е одиграна во 1982 година. Објектот во 2001 година беше опожарен и оставен на забот на времето и претставуваше вистинска грдотија во центарот на Струмица. Деновиве министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и директорката на проектантската куќа „Проконтрол“ од Белград, Марија Наќиќ, го потпишаа договорот, со што и официјално почна да тече рокот од шеесет дена за изработка на основниот проект за санација и реконструкција на објектот. „До август ќе бидат изготвени сите потребни проекти за реконструкција на стариот струмички театар, а очекуваме во ноември да почнат работите на терен. Се надевам дека во рок од година и пол ќе го вратиме стариот сјај на струмичкиот театар. Се работи за комплетна реконструкција на објектот, кој до 1979 година функционирал како театар во Струмица. Овој објект кој е изграден во 1949 година во центарот на Струмица и како напуштен објект е опожарен во 2001 година, во минатото бил место во кое културните настани се негувале како скапоцена семејна традиција и затоа сметавме дека е од важност да го ставиме како еден од приоритетите и да почнеме со негова реконструкција“, рече министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Според директорката на проектантската куќа „Проконтрол“ Марија Наќиќ, при изработката на проектот ќе биде запазена автентичноста на стариот театар. Реконструкцијата на овој објект од културата е дел од програмата на Владата и Министерството за култура за реконструкција на музеи, стари театри, галерии и киносали. Инаку, по престанувањето со работа на стариот струмички театар, ансамблот на театарот „Антон Панов“ работи во состав на Центарот за култура. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=B7A975FDC428884DBAFE410A198ACC1C |
|
![]() |
|
Океан ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Постои листа на културното наследство се достапни на интернет?
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |