ГУП - Скопје |
Post Reply | Page <1 678910 11> |
Author | |
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #141 Posted: 17-Jul-2012 at 18:39 |
Незнам како воопшто не ве интересира ГУП-от на градот, а за разноразни ситни проекти коментирате по неколку денови...
Инаку, ги изолирав „непотребните“ слоеви од PDF-от на предлог ГУП-от, и пробав да ги именувам сите 143 градски четврти во новите 11 зони на Град Скопје. Ќе забележите, досегашните празни полиња се именувани само како „Парк“, „Мешовита зона“, „Сервисна зона“ итн. Центар Ц01 Јужен Мал Ринг Ц02 Влада на Република Македонија Ц03 Соборен Храм „Св.Климент Охридски“ Ц04 Плоштад Слобода Ц05 Јужен Градски Ѕид Ц06 Музеј на Град Скопје Ц07 Градска Болница Ц08 Ново Маало Центар - Север ЦС01 Момин Поток и Западно Кале ЦС02 Стара Скопска Чаршија ЦС03 Северен Мал Ринг ЦС04 Универзитетска Библиотека ЦС05 УКИМ / Западно Крњево ЦС06 Судови и МРТВ / Западно Карадаг Маало ЦС07 Источно Крњево ЦС08 Источно Карадаг Маало ЦС09 Скопски Саем ЦС10 ФАС 11 Октомври ЦС11 Пивара Скопје ЦС12 ФОН Запад З01 Западен Парк Карпош З02 Карпош 4 З03 Тафталиџе 2 З04 Источен Парк Карпош З05 Карпош 3 З06 Тафталиџе 1 З07 Градски Парк З08 Карпош 1 и 2 З09 Млечен З10 Северен Буњаковец З11 Јужен Буњаковец Исток И01 Народна Банка на Република Македонија И02 Олимписки Базен И03 Црвен Крст И04 ОУ „Димитар Миладинов“ И05 Маџир Маало И06 Пролет И07 Тутунски Комбинат И08 Северна Железничка Станица И09 Јужна Железничка Станица И10 Острово И11 Мичурин И12 Алкалоид И13 Источен Стар Аеродром И14 Парк Јане Сандански И15 Јане Сандански И16 Западен Стар Аеродром И17 Раде Кончар Југ Ј01 Долно Нерези Ј02 Жданец / Трнодол Ј03 Козле Ј04 Капиштец и Западно Водно Ј05 Водно Ј06 Црниче Ј07 ?Улица Железничка? Ј08 Западна Кисела Вода Ј09 Сапунара Ј10 Студентски Дом „Пелагонија“ Ј11 ?Пушкинова? Ј12 ОУ „Невена Герогиева - Дуња“ Ј13 11 Октомври Ј14 Расадник Ј15 Припор Ј16 Триаголник Цементара Ј17 Цементара Ј18 Драчево Север-Североисток ССИ01 Јужно Визбегово ССИ02 Јужно Шуто Оризари ССИ03 Римски Аквадукт ССИ04 Нов Чаир / Западен Бутел 2 ССИ05 Стар Чаир ССИ06 Источен Бутел 2 ССИ07 Железара / Парк Гази Баба ССИ08 Гази Баба ССИ09 Автокоманда Север С01 Радишани С02 Радишани - ОУ „Ацо Шопов“ С03 Парк С04 Сервисна Зона С05 Сервисна Зона С06 Западно Шуто Оризари С07 Мешана Зона С08 Источно Шуто Оризари С09 Градски Гробишта С10 Станбена Зона С11 Северен Бутел 1 С12 Западен Бутел 1 С13 Југозападен Бутел 1 С14 Трафостаница Бутел 1 С15 Источен Бутел 1 С16 Југоисточен Бутел 1 С17 Рудници и Железарница С18 Парк С19 Западно Ченто С20 Гробишта Камник С21 Северно Ченто С22 Источно Ченто С23 Јужно Ченто Североисток СИ01 Индустриска Зона Маџари СИ02 Западно Маџари СИ03 Фершпед СИ04 Металски Завод Тито СИ05 Мешана Зона СИ06 Источно Маџари СИ07 Перо Наков СИ08 Индустриска Зона СИ09 Парк СИ10 Хиподром СИ11 Парк СИ12 Железничко Депо Лисиче Југоисток ЈИ01 Парк Ново Лисиче ЈИ02 Ново Лисиче ЈИ03 Реонски Центар Аеродром ЈИ04 Парк Лисиче ЈИ05 Лисиче ЈИ06 Западно Горно Лисиче ЈИ07 Источно Горно Лисиче ЈИ08 Охис Северозапад СЗ01 Западно Волково СЗ02 Источно Волково СЗ03 Даме Груев - Север СЗ04 Триаголник Даме Груев СЗ05 Даме Груев - Запад СЗ06 Даме Груев - Исток СЗ07 Парк Лепенец - Запад СЗ08 Железничка Станица „Ѓорче Петров“ СЗ09 Касарна Ѓорче Петров СЗ10 Гробишта Ѓорче Петров СЗ11 Ѓорче Петров - Север СЗ12 Сервисна Зона СЗ13 Ѓорче Петров - Северозапад СЗ14 Ѓорче Петров - Североисток СЗ15 Ѓорче Петров - Центар СЗ16 Ѓорче Петров - Индустриска Зона СЗ17 Парк Лепенец - Исток СЗ18 Влае СЗ19 Порта Влае СЗ20 Хром СЗ21 Ѓорче Петров - Југ СЗ22 Источен Сарај СЗ23 Западен Сарај Север-Северозапад ССЗ01 Злокуќани ССЗ02 Скупи / Зајчев Рид Edited by alexgizh - 17-Jul-2012 at 18:47 |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #142 Posted: 17-Jul-2012 at 20:26 |
Одлична работа, alexzigh!
Јас моментално немам софтвер за вакво нешто, па морав да го гледам планот во pdf. Мојата генерална забелешка би била упатена кон нетраспарентноста на целата процедура, при што јавноста не добива на увид концепт за развој, туку најтехнички можен документ, тежок за читање и водење било каква дебата. Но, не сум изненаден.. Поконкретна забелешка би дал на неприкажувањето на инфраструктурите на јавниот превоз, од што се гледа колку истите им се битни на „владетелите“. За тоа ќе почекаме да (и ако) се објави графичкиот прилог за транспортен систем, кој ќе биде од особен интерес за многу нишки на форумов. Токму од него ќе видиме попрецизно со каков профил се планирани сообраќајниците и какви траси и треминали на јавен превоз се предвидуваат. И, како за почеток, еве и една конкретна забелешка: четврт СЗ 23 Источен Сарај е прикажана како мешовита намена. Ова остава простор на општинските власти на најлегален да го уништат СРЦ Сарај. Мислам дека мора да се воведе уште една четврт заради заштита на истиот! Edited by mladen_s - 17-Jul-2012 at 20:28 |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #143 Posted: 17-Jul-2012 at 22:28 |
^
Благодарам на пофалбата. Мислиш на СЗ22 Источен Сарај? Според мене реална е ознаката за мешовита зона бидејќи тука постојат куќи за домување, сервисни објекти, како и парк за рекреација. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #144 Posted: 17-Jul-2012 at 22:53 |
Да, сега разгледував и други четврти, како на пример 3 07, каде има доста домување, државни институции итн. Сепак, останува нејасно дали овие „намени“ ќе имаат и некакво правно дејство или се само описни.
Доколку истите дефинираат процентуална застапеност на различни намени, би било добро да се оформи посебна четврт за СРЦ - инаку истиот би бил „исцепкан“ преку ДУП-овите. Ако се само информативни и на друг лист се дефинираат точните намени (како и досега) тогаш во ред.. Ама тогаш зошто имаме четврти? |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #145 Posted: 17-Jul-2012 at 23:20 |
Мислам дека „намените“ се чисто описни и ја отсликуваат фактичката состојба на теренот.
Инаку не би се сложил дека треба да се одвои посебен четврт за СРЦ Сарај бидејќи сите четврти се формирани само од пресекот на улиците кои фигурираат во ГУП-от. Токму затоа имаме навидум нелогично мали четврти како ЦС12, ЦС08, Ј16 и така натаму. Поентата со четвртите (сега засега) е во иднина да се дефинираат ДУП-ови според овие четврти, а не како сега кадешто општините арбитрарно си одредуваат за кој дел прават ДУП. И сосема го оправдувам ова, мора да се стави ред со ДУП-овите. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #146 Posted: 17-Jul-2012 at 23:31 |
Да го дадам своето мислење и за зоните:
Генерално се ок, со тоа што јас би ги направил следните измени: 1. Ј01-Ј04 би ги ставил во Запад. 2. Не би го делел Центар и Центар Север. Би ги вклучил ЦС02, ЦС03, ЦС04, ЦС05, ЦС06, И01, И02, И03 и И04 во Центар. Останатите од Центар Север би ги припоил кон Север-Североисток. 3. Целиот источен дел на Север (Ченто и можеби и Железарницата) би ги припоил кон Североисток, каде поприродно припаѓаат. 4. Малку ми е смешна зоната Север-Северозапад со само две големи четврти, но ова е сосем неразвиен дел кој реално не би можел да се припои кон ништо друго. Можеби требаше и Бардовци да го вклучат во ГУП-от и да влезеше како трета четврт во оваа зона. Зошто да не, кога цел Сарај го втиснаа, можеа и Бардовци. Но, разбирам. Зоните се претежно креирани со едноставно повлекување на линии на најголемите сообраќајници: Јужен Булевар, Северен Булевар, Крушевска Република, Мал Ринг, Прстенот Југословенски Републики и секако природните граничници, реките Лепенец и Вардар. Но сепак сметам дека ако имаат некаква логика овие зони спрема групирање на населението по природни текови (кластери наместо тенки долги ленти како што е Југ), требало да одат по мојов принцип искажан погоре. Незнам, кажете го вашето мислење? Edited by alexgizh - 17-Jul-2012 at 23:32 |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
mladen_s
Senior Member Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
Quote Reply #147 Posted: 17-Jul-2012 at 23:36 |
Се сложувам дека ред во врска со опфатот на секој ДУП мора да има, со тоа што јас лично би ги одзел површините кои се под управа на Градот од опфатот на поединечните ДУП-ови...
Сепак, добро е да се дефинираат и помали четврти, затоа што големите опфати создаваат одредени проблеми (особено финансиски и процедурални) - нпр. скоро цел Чаир ќе има еден ДУП. Од друга страна, која е логиката на Ц 06 и Ј 07, особено кога знаеме дека ќе има објекти врз самата сообраќајница - освен ако не се примени решението што го опишав погоре. Во врска со твојот предлог за зони, би сакал да знам дали истите ќе имаат било какво значење во поглед на било какво носење одлуки, нормативи и слично. Ако е само заради именување во рамки на локална самоуправа и ништо друго, не гледам зошто да не им стават редни броеви и толку.. Ионака разликите во големина и просторна логика се такви што не гледам како оваа поделба би се применила во други сфери од живеењето.. Edited by mladen_s - 17-Jul-2012 at 23:43 |
|
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #148 Posted: 18-Jul-2012 at 02:22 |
Ваквата поделба на квартови дефинитивно е добар систематски чекор бидејќи го прави урбанистичкиот развој и план многу попрегледен и посреден. Но едно прашање произлегува од дадениот план, имено очигледно е дека многу од општините имаат дел од територијата кој не потпаѓа под ГУП, дали овие простори технички се или не се под заедничка ингеренција со град скопје?
|
|
darmar
Newbiе Joined: 18-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
Quote Reply #149 Posted: 18-Jul-2012 at 08:30 |
Бидејки плановите на ниво на четврт се основа за изработка на ДУП-ви,ме интересира дали постојат планови на ниво на четврт или тие допрва ке се изработуваат и кој ке ги изработува (градот или општината)?? Ова го прашувам бидејки имавме поднесено официјално барање за пренамена на простор. Со тековниот графички приказ на нацрт ГУП-от не е можно да се види дали ни е прифатено барањето или не.
|
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #150 Posted: 18-Jul-2012 at 08:40 |
^
Овој ГУП е сеуште предлог ГУП и е неколку месеци далеку од важечки. Како и да е, сметам дека постоечките ДУП-ови остануваат во важност до оној момент до кој ќе бидат заменети со ДУП на одредена градска четврт. Во превод, секој нов ДУП кој ќе биде донесен, ќе корелира со одредена градска четврт, со препорака сите постоечки ДУП-ови да бидат преработени во што поскоро време. |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #151 Posted: 05-Aug-2012 at 12:26 |
http://www.makdenes.org/content/article/24666938.html |
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #152 Posted: 06-Aug-2012 at 09:34 |
На стручната расправа за ГУП немаше ниту една официјална критика искажана од претставник на ААМ, што ми беше поприлично изненадувачки, во негативен контекст ова го кажувам. Би било добро да ги слушнеме стручните критики од нивна страна, доколку постојат. Мислам дека ќе биде најдобро сега да реагираат, а не откога ќе се донесе ГУП-от.
|
|
BOJAN
Senior Member Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
Quote Reply #153 Posted: 31-Aug-2012 at 10:08 |
Замисли живот у ритму музике за плес:
ОПОЗИЦИЈАТА ГО ОБВИНИ KОЦЕ ТРАЈАНОВСKИ ЗА САМОВОЛНИ ИНТЕРВЕНЦИИ Генералниот план за Скопје се прецртувал незаконски На вчерашната седница на Советот на Градот беа изнесени сознанија дека се во оптек три различни верзии на ГУП - една е законска и официјално усвоена, втората е различна и била презентирана на стручната расправа и третата е сосема поинаква, а дадена им е на ревизорите од Агенцијата за просторно и урбанистичко планирање Урбанистички хаос, незаконско прекројување на Генералниот план на
Скопје (ГУП) и лиферување три различни верзии во институциите и во
јавноста - беа тешките обвинувања што советничка група на СДСМ во
Советот на Скопје вчера му ги упати на скопскиот челник Kоце
Трајановски. Нарекувајќи ги скандалозни, на седницата беа изнесени
сознанија дека нацрт- верзијата на ГУП, усвоена од Советот на Скопје, е
сосема поинаква од онаа што била презентирана на стручната расправа, а и
од онаа што е дадена на ревизија на Агенцијата за просторно и
урбанистичко планирање, која е официјален изработувачи на планот, што е
еднакво на кривично дело. Интервенирано е надвор од верзијата што е
официјално усвоена пред два месеца од членовите од Советот, рекоа од
СДСМ и побараа планот повторно да се врати во почетна фаза. ГУП е
највисок урбанистички документ за развој на метрополата, според кој
подоцна се кројат и осмислуваат плановите во општините. Неговата важност
е од 2012 до 2020 година. Извор: Дневник, http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=8E69023955575D46B93B6742FCEBCDD2 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #154 Posted: 31-Aug-2012 at 14:28 |
ако се можи да се протни нешто,ако не здравје,друг пат ќе се проба
|
|
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #155 Posted: 06-Sep-2012 at 12:31 |
Не ми е jасно зошто во урбанистичкиов план влегува и Сопиште кога Општина Сопиште не е дел од Град Скопjе. Дали ќе го менуваат законот за Град Скопjе за да jа додадат и општина Сопиште или тоа ќе важи само за ГУПот?
|
|
ಠ_ಠ
|
|
build.mk
Senior Member Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
Quote Reply #156 Posted: 10-Sep-2012 at 23:10 |
|
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #157 Posted: 04-Dec-2012 at 21:49 |
ова јас не го сваќам
Бардовци и Жданец отпаднаа од Скопје Според градоначалникот Коце Трајановски, со новиот план многу граѓани ќе можат да си го решат проблемот со дивоградбите Граѓаните имаа можност да извршат увид на планот УСВОЕН НОВИОТ ГУП НА ГРАДОТ Населбите Бардовци, Волково, Трнодол и Жданец, иако се дел од градот, не се предвидени во новиот генерален урбанистички план што беше изгласан вчера и ќе важи до 2022 година. Во него не е предвиден соодветен економски развој. Поради тоа од советничката група на СДСМ во советот на градот гласаа против усвојувањето на новиот генерален урбанистички план. Од друга страна, според градоначалникот Коце Трајановски, новиот план за Скопје ќе овозможи поголем развој на градот, односно со измените во планот, некои индустриски зони се заменети со зони за домување, со што се овозможува развој на градот. Тој посочи и дека со планот многу граѓани ќе можат да си го решат проблемот со дивоградбите. Од градот велат и дека многу од сугестиите, барањата и предлозите на заинтересираните биле прифатени во текот на досегашната расправа за ГУП. Сепак, Никола Велковски, советник од СДСМ и поранешен градски архитект, вчера предупреди дека со поделбата на квартови се остава простор за малверзации со деталните урбанистички планови. - Многу лесно површините што во плановите се наменети за јавни може да се пренаменат во комерцијални по барање на инвеститорите. Друго нешто што не ми е јасно околу овој план е тоа дека во опфатот на границите останува ист. На пример, нејасно е зошто некои населби што веќе имаат основни комунални потреби, како што се Бардовци, Волково, Трнодол и Жданец, не се влезени во границите на планот. Таква е ситуацијата и со Шпанско Село. Што ќе се случува со овие населби сега? Бидејќи не се во опфатот на планот, тие нема да имаат можност да се легализираат. Исто така, планот е изработен врз база на стари и погрешни податоци и не е врз база на ажурирана геодетска подлога, без одржан попис, без демографска структура на населението и без иновиран катастар на населението - истакна Велковски. Тој додава дека од новиот план се очекувало да го овозможи новиот сообраќаен модел, но тој документ градот планира да го донесе дури во декември 2014 година. На една од претходните расправи пензионираниот професор Михаил Токарев, како претставник на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, напомена дека нацртот на ГУП е нереален, бидејќи нема прецизни податоци за бројот на жителите во Скопје поради нереализираниот попис на населението. На ова Аљоша Шопар, генерален координатор за ГУП, истакна дека идниот документ за наредните 10 години треба да ги задоволи потребите на 650.000 жители. Изминативе неколку месеци донесувањето на ГУП беше тема на секоја седница на градот. Експертите и градоначалниците расправаа за дилемите и забелешките, се организираа координативни тела и работилници за да се дискутира за планот. Поради ова се одложи и донесувањето на конечната верзија на новиот ГУП, која требаше биде донесена на 30 октомври. Повторно одложен извештајот за вработувањата Извештајот за масовните вработувања во јавните претпријатија на градот не е доволно итен за да се разгледува на вонредна седница на советот на градот, заклучија вчера советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и гласаа против оваа точка. Ова е веќе второ одложување на извештајот, откако минатата недела опозицијата ја бојкотира вонредната седница на која единствена точка на дневен ред беше извештајот. Советниците од советничката група нa СДСМ во градот велат дека нема да се откажат од извештајот за масовните вработувања во јавните претпријатија на градот. Дафинка Саздова од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ им порача на колегите од СДСМ, ако сметаат дека има прекршување на законот, да поднесат документи до надлежните институции и до обвинителството. Автор: Александра Денковска Фотографија: Игор Бансколиев http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12412927365&id=14&prilog=0&setIzdanie=22746 |
|
Oxygen
Newbiе Joined: 24-Jun-2012 Online Status: Offline Posts: 14 |
Quote Reply #158 Posted: 05-Dec-2012 at 23:55 |
Дали некаде ја има конечната верзија. Онаа на Град Скопје е со датум 29.09.2012 знам дека после тоа имаше еден куп забелешки од кои некој беа приватени.
|
|
Macedonicus
Senior Member Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
Quote Reply #159 Posted: 08-Dec-2012 at 23:12 |
Им пишав на ФБ и рекоа дека конечната верзиjа била иста со нацртот што бил на страната на Град Скопjе.
|
|
ಠ_ಠ
|
|
IN_MOTION
Senior Member Joined: 11-Jul-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 203 |
Quote Reply #160 Posted: 08-Dec-2012 at 23:32 |
А што е со делот во бутел одма после обиколницата??? Тој дел не спаѓа во градот?
|
|
Post Reply | Page <1 678910 11> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |