![]() |
![]() |
![]() |
Охридски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 17> |
Author | |
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
Because those cities are all in Macedonia. Just don't put MK beside "Athens" because that would be incorrect. ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Го избришале МК делот.Ама и овде ми е интересна симболиката, нешто како македонските декларации на 7 days, Bake Rolls и слични производи ![]() ![]() Edited by Тркало - 18-Apr-2012 at 18:57 |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
ОК, разбирам, Солун е наш, ама англискиот? Затоа низ цела држава на патоказите пишува Атина или Грција, се избегнува Солун, за да не мораат да напишат Thessaloniki. Ама ова, ајде, кому му служи?
Edited by N23 - 19-Apr-2012 at 01:27 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и Лерин го напишале,а по грчи е Флорина
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Мал дел од работата на Нискоградба - Охрид, уште еден од бисерите на нашиот градоначалник...оваа дупка е околу 10 пати отворана и покривана на истиот начин во периодот од јануари па досега.
И секој пат дел по дел е пак отворена, поради густиот сообраќај на улица 7-ми Ноември(возилата од правец на Битола одат кон центарот на Охрид од овде, сите автобуски линии од АС и секаков друг вид сообраќај), ама најмногу поради неквалитетот во работењето на Нискоградба. Дупката ја ископа уште една општинска фирма, МЈП Проаква и ја остави незатрупана. ![]() Сигурно многу е скап асфалтот ![]() Edited by Тркало - 20-Apr-2012 at 18:58 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
исто вака се прави и во Кичево,до асфалтирање на дупките ги пополнуваат со бекатон коцки
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Туку што се случува со источната трансферзала? Има ли некаков абер?
Edited by Cloverstack - 21-Apr-2012 at 23:55 |
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Охрид и летово со импровизирана автобуска станица
Автобуската станица во Охрид која повеќе од 5 години е несредена и наликува на рурална попатна станица, најверојатно ќе остане таква и во текот на годинешнава туристичка сезона. Тоа значи дека обичниот непокриен паркинг со метална ограда, малата барака за издавање билети, покриената автобуска постојка и неколкуте дрвени клупи, ќе бидат првата слика што ќе ја видат туристите, кои во нашиот најголем туристички центар ќе пристигнуваат со автобус. Охриѓани се незадоволни од состојбата во која се наоѓа автобуската станица и бараат од надлежните институции што побрзо да го решат овој долгогодишен проблем. -Има само два шалтера за издавање на билети, а поради тоа се создава голема мешаница за време на летната сезона. Оваа станица нема соодветна чакалница, па во лето патниците седат на отворено на плус 40 Целзиусови степени, а ако им заврне дожд и ако немаат чадор, може да се случи да патуваат мокри. Исто така нема ни соодветен тоалет, па може да замислите каков впечаток имаат туристите за нашиот град, вели жител на Охрид. Тој наглсува дека во близина на автобуската нема ни банка ни менувачница, па патниците нема каде да разменат или да подигнат пари. Од Охридската локална самоуправа велат дека според деталниот урбанистички план за овој дел од градот, предвидена е изградба на современа меѓуградска автобуска станица, со модерен деловен комплекс. - Проектот за изградба на автобуската станица, до сега не можеше да се рализира поради тоа што земјиштето каде што истата е лоцирана беше во државна сопственост. Наодамна Секторот за урбанизам при Општина Охрид до Министерството за транспорт и врски достави дел од потребната Програма за враќање на државното земјиште во сопственост на општината, што значи дека формалната процедура за земјиштето кај автобуската е веќе започната. Откако ќе ни биде вратено земјиштето ќе може да распишеме тендер и да бараме инвеститор кој би го израдил објектот, велат од Општина Охрид. Од таму објаснуваат дека не можат да прецизираат точни рокови за изградба на новата автобуска станица па најверојатно и оваа летна сезона, Охрид ќе ги пречекува туристите во импровизирани услови. Инаку Автобуската станица, која порано беше во центарот на Охрид, во 2006 година беше срушена и префрлена на местото каде што сега се наоѓа. http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=41403 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=42928
Започна крпењето на уличните дупки низ градот Локалната самоуправа ги започна најавените градежни активности за санирање на градските улици, што се дел од годинешната програма за комунален развој. Деновиве се завршени градежните работи за крпење на ударните дупки на улиците „ Македонски просветители“ , „ Димитар Влахов“ , „ АСНОМ“ , „ Сирма Војвода“ и „ Карпош Војвода“ , а започнува санирањето на ударните дупки и на улицата „ Јане Сандански“. ![]() ![]() ![]() Во тек е поставувањето и на бехатон плочки на тротоарите на улиците „ Даме Груев“ и „ Гоце Делчев“. ![]() ![]() 04.06.2012 12:14 Прочитана е : 472 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани Кога веќе тргнале со покривање на ударни дупки, се надевам ќе се сетат и на оваа на 7-ми Ноември, која е пак полуотворена (по Х пат, најверојатно поради квалитетната изработка).А и погоре кај бивши Отекс или иден Кам / Аџибадем некоја дупка да средат.И тука е голема фрекфенција, Дон Маркет, Тинекс, сендвичари, близината на АС, доста дупки, а и паркинг слабо... ![]() http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=42924 Над 250 нови паркинг места во центарот на градот о новиот режим на сообраќај кој беше изгласан на последно оддржаната седница на советот на општина Охрид, бројот на паркинг места во централното градско подрачје се зголемува за околу 250. Од оваа сезона, од локалната самоуправа најавуваат дека ќе се зголеми и бројот на бесплатни паркинзи, меѓу кои и просторот помеѓу Економското училиште и ОУ „Григор Прличев“. - Овој простор ќе се користи за бесплатно паркирање на возилата, со можност за отворање на пешачка патека по која секој кој ќе го паркира возилото на оваа локација ќе може директно да излезе на улицата Димитар Влахов, вели Зоран Шикалески од Секторот за сообраќај при локалната самоуправа. ШИ летово полигонот ќе се користи како паркинг.Шикалески информира дека оваа сeзона има можност како бесплатен паркинг простор да се користи и некогашниот полигон за mали спортови. - Паркирањето на полигонот нема да се наплаќа, во тек се преговорите со сопственикот ГП „Гранит“ околу неговото отварање, со што дополнително би се зголемила наведената бројка од нови 250 паркинг места, вели Шикалески. Со зголемувањето на бројот на паркинг местата се очекува дека ќе дојде до намалување на сообраќајниот хаос кој е најголем во текот на летната сезона. 04.06.2012 11:10 Прочитана е : 999 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани. Има можност за користење или ЌЕ се користи? Уште недоговорени со Гранит одма најава ![]() Т.К. И само да се потсетиме дека е лето... Започнува изградбата на кружниот тек на „Туристичка“ Во среда, 6-ти јуни , во 12 часот , градоначалникот Александар Петрески , свечено ќе го означи почетокот на изградбата на кружниот тек , кој ќе се гради на пресекот на улицата „АСНОМ“ и Булевар „Туристичка“, кај поранешниот ресторан „ Охридија“. Изградбата на овој кружен тек , кој е еден од вкупно шесте планирани за изградба кружни текови на булеварот „ Туристичка“ , се очекува да заврши до почетокот на претстојната главна туристичка сезона. ![]() OhridNews 04.06.2012 15:21 Прочитана е : 65 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Moментално добра позиција за по некој заљубен пар или избегнување полициска контрола после БП Билјанини Извори, ако си се опуштил вечерта ![]() Во инфраструктурна смисла - ништо ново.Ама имам некое претчувство (или подобро би одговарало се надевам) дека до Март 2013 ќе видиме некаква реакција... Edited by Тркало - 04-Jun-2012 at 14:39 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Фото: Тазе бојадисаните зебри се заштитуваат со канти
Во пресрет на туристичката сезона се освежува вертикалната сообраќајна сигнализација во градот. Вчера се бојадисуваа зебрите на улиците „Македонски посетители“ и „Димитар Влахов“. Дел од тазе бојадисаните зебри се заштитени со конуси, а онаму каде што недостасувале, поставени се канти. ![]() ![]() 07.06.2012 00:30 Прочитана е : 183 пати Edited by Тркало - 07-Jun-2012 at 00:33 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Видео надзор ќе ги реши проблемите на „Туристичка“
![]() За таа цел на булеварот ќе бидат изградени шест кружни текови, вклучително и на крстосниците кај „Макси Д“ и кај „Охридска банка“. Исто така се предвидува и проширување на коловозите по целата улица на сообраќајницата, а модернизацијата треба да заврши со поставување на безбедносни камери. -Видео камерите се добра работа и треба да се воведат не само поради безбедноста во сообраќајот, туку и за зачувување на имотот, и тоа не само на „Туристичка“, туку и на другите улици во градот, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој истакна дека локалната самоуправа ја поддржува таа идеја и се надева дека истата ќе биде реализирана од страна на централната власт. Г.М. ![]() 11.06.2012 07:00 Прочитана е : 1819 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани. Koлку се контрадикторни сами со себе.Прво 6 КТ, а после 'проширување на целата улица на сообраќајницата'.Најверојатно мислеле на трета лента по цела должина на Туристичка, само со кој ум после шесте кружни... И по која логика камери да поставуваат од централната власт во Општина Охрид?
Да не го читал некој форумов? ![]() ![]() Стандард охридска улица пред лето ![]() Edited by Тркало - 11-Jun-2012 at 23:45 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Охридските улици полни со „лузни“, копа кој кај ќе стигне
Како по некое непишанио правило, пред самиот почеток на туристичката сезона се интензививраат градежните зафати во градот. Деновиве на повеќе локации на прометни сообраќајници и улици во центарот, па дури и во делови во чаршијата се вршат прекопи и други акривности за поставување инфраструктура. Дуќанџиите околу плоштадот „Крушевска Република“ кај стариот Чинар реагираат дека ваквите зафати влијаат не само на нивниот бизнис, туку негативно се одразуваат и на имиџот на градот. ![]() -Сега почнува сезона, странците се веќе тука, и наместо среден и уреден град гледаат раскопани улици и градежни активности во центарот на градот и тоа преку целиот ден, реагираат дуќанџиите. Од Локалната самоуправа велат дека изведувачите на прекопите добиваат дозвола од општината со обврска кога ќе завршат со работа просторот да го вратат во првобитна состаојба. Тоа за жал најчесто не се почитува. Поднесуваме пријави но постапките во судот траат долго, улиците се нагрдени и сето тоа боде очи кај туристите, велат од Локалната самоуправа. ![]() Општината смета дека е потребно да се изнајде посоодветно решение за изведување на прекопи и ситни градежни зафати, особено во сезона, кое нема да пречи, како на граѓаните, така и на гостите. ![]() Г. Момироски 14.06.2012 09:22 Прочитана е : 719 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани. Edited by Тркало - 14-Jun-2012 at 14:37 |
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Пред една недела сабајле беше,Италијанци,Холанѓани,Финци по чаршијата,а на влезот од стариот град носат песок и малтер со камиони за една куќа што се гради.Ненормална работа ејј!!!!
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Освежување на сигнализацијата вчера.Сликано е кај 18:30, околу 23:30 се враќав и работеа на следната раскрсница.И нормално, на крајот на Јуни
![]() ![]() ![]() Првиот КТ веќе бил оформен, ама наводно дијаметарот бил помал од ширината Туристичка... Edited by Тркало - 29-Jun-2012 at 17:51 |
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Мислам дека е време да се среди Туристичка на влезот и излезот(накај Св.Наум).На тие делови личи на се само не на булевар.Срамота.
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Уште една несреќа на душа на талентите од Одделение за сообраќај во Општина Охрид
БЕТОНСКИТЕ ТОПКИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ОХРИД НЕСРЕЌНИ ЗА СТЕФАНОВСКА НАПИШАНО ОД ТАТЈАНА МАЛЕНКОВА НА 13 ЈУЛИ 2012. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД ![]() ![]() Сообраќајното решение со фамозните бетонски топки по кеј маршал Тито се покажа повеќе препрека отколку помош. Една ваква топка, причина 80 годишната Елисавета Стефановска, да се сопне и да се здобие со скршеница, потрес на мозокот, удар на окото, грабнатини … Настанот се случил пред три дена на улицата која води до езерото, пред депандансот, каде поминува секојдневно. Стефановска раскажува дека таа и нејзината снаа излегле да се прошетаат покрај езерото околу 08:40 часот. Виделе дека помеѓу депандансот и хотелот Палас има рампа, но не забележале ништо друго. Тогаш и заѕвонил телефонот на снаата, по што таа махинално се завртела на таа страна, се сопнала на бетонската топка и паднала. Стефановска неможела да се помести, но добро се сеќава дека први напомош пристигнале минувачите, некој повикал итна помош и веднаш била пренесена во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св Еразмо. Таму после деталниот преглед на главата и раката и била пружена соодветната помош и дадена терапија. „ Таа топка не смее да стои ако ништо друго требале да стават едно стапче што ќе означува дека тука има некоја забрана. Навистина не функционира градов. Секаде е заградено, но не е како што треба. А дете да ја шутне топката, што ќе стане. Зошто се случи тоа, зашто, не обранав внимание? Јас не сум свесна дека можело да се стави топка покрај ограда. Ако има рампа и чувар, барем тој да стои тука некаде, а не да се крие позади рампата“- вели Стефановска. Таа додава дека после падот повторно кај нејзе се активирал високиот крвен притисок со што дополнително и се влошил здравстваната состојба ако се земе во предвид и тоа дека таа веќе има зад себе една операција поради срцево заболување. Стефановска е категорична дека ќе поднесе тужба до локалната самоуправа и концесионерот на паркингот. „Најмногу ме налути тоа што барајќи кој беше дежурен од вработените на рампата, не сакаа да ми дадат. Јас ќе поднесам барање за оштета против градоначалникот и сметам дека многу одлуки се незамисливо лоши. “ - завршува Стефаноска. Од првна гледна точка, адвокатите кои ги консултиравме велат дека жената има основа за тужба, со цел да оствари надомест на штата. Инаку бетонските топки беа поставени со одлука донсена на Седница на совет на 31 мај, како дел од решенијата за новиот режим на сообраќај. По аминит од советниците дека на Кеј Маршал Тито динамичкиот сообраќај треба физички да се оддели од пешачката зона, стручните лица во секторот за сообраќај при локлната самоуправа го понудиле решението со бетонски топки. Од таму пак велат дека за ваквото решение позитивно мислење дале и од СВР Охрид. Ова е прва ситуација со повреди на луѓе, во меѓувреме веќе неколку браници на туристи и локални луѓе се скршени. А кружниот тек кај стара Охридија е готов, АМА...само овие таленти можат да стеснат една лента од Туристичка на 5 метри пред влезот во КТ ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
ЛЕТНИОТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ, НОВА АТРАКЦИЈА ВО ОХРИД
Горе , долу, лево, десно. Ова не е рефрен од песна туку компарација за охридскиот сообраќаен режим. Откако новото сообраќајно решение од први јули стапи на сила, а со него најголемиот дел од улиците станаа еднонасчни, граѓаните на Охрид збунето кружат по градов незнаејќи кој правец да го фатат. За гостите пак движењето по охридските улици е нова туристичка атракција. -Вртам кругови додека стигнам до дома, вели еден охриѓанец -Не знам што е ова, ние сме туристи и не знаеме како да стигнеме до апартманот, вели една битолчанка -За да стигнам до дома влегувам во една улица, па излегувам од друга, па влегувам во трета, ова е вистински хаос - Во градов веќе не се знае кој јаде кој плаќа, вели наш сограѓанин Само после десетина дена од воведувањето на новиот сообраќаен режим се увидоа неговите недостатоци. Најдобар пример за тоа беше ул. „Македонски просветители“. Советот на Општина Охрид на седницата одржана на 31 Мај годинава донесе одлука за организирање на режимот на сообраќај со која за еднонасочна улица покраj останатите беше определена и Ул. „ Македонски просветители“ и тоа од пресекот со Булевар „Туристичка“ во насока према езерото до пресекот со улицата „Партизанска“. Но, со ваквото сообраќајно решение се создаде таков хаос по што локалците увидувајќи си го пропустот го тргнаа знакот за забранета насока. Но, се поставува прашањето како тоа оваа улица од еднонасочна повторно стана двонасочна без за тоа да се донесе одлука на совет. ![]() ![]() Приказната за сообраќајниот хаос во градов ова лето не завршува со еднонасочните маки на г раѓаните. Охриѓани и туристите доколку извозат по сообраќајниот лавиринт и стигнат до некој паркинг таму ги чека ново изненадување. Наместо 30 од џебот треба да извадат 50 ден. -Тоа е тоа, што можиме да правиме, креваат раменици дел од граѓаните -Секаде рампи имаат ставено и секаде се плаќа, срамота, вели изревотиран граѓанин И ова решение е без одлука на совет, иако е добро познато дека за промената на висината на цената на јавните услуги мора да кренат рака градските избраници. Останува нејасно како концесионерот си ја определи цената од 50 ден за еден час. Граѓаните само можат да креваат раменици, да се чудат и да се прилагодуваат надевајќи се дека во иднина Локалната ќе носи подобри решенија. http://www.tvm.mk/vesti-mobil/ohrid/13206-nov-soobracaen-rezim-atrakcija-ohrid |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Факт е тоа дека охриѓани беа меѓу првите кои започнаа со зонското паркирање во Македонија и тоа уште пред 10 години, ако не и повеќе, а скопскиот генијален градоначалник Коце Трајановски неодамна тргна по стапките на неговиот охридски колега Александар Петрески. Сега се случува спротивното, охридскиот градоначалник Петрески тргнува по стапките на неговиот скопски колега Трајановски со овие новиве кружни сообраќајни токови и пренаменување на двонасочните улици во еднонасочни. Наградното прашање гласи: Дали скопјани сакаат да бидат охриѓани или охриѓани сакаат да бидат скопјани ? ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
За мене лично се со иста дијагноза двајцата ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Пишман општина
![]() Советниците ќе расправаат дали на „Партизанска“ ќе продолжи наплаќањето за паркирање Советниците од ВМРО- ДПМНЕ со предлог- на улицата „Партизанска“ да не се наплаќа за паркинг. Овој предлог на почетокот на 50- та седница на советот, го даде советничката Јованка Дамовска- Секулоска, што како точка на дневен ред беше прифатен и од останатите советници. ![]() - Ние прифативме оваа точка да се стави на дневен ред и за неа да се расправа. Секако треба прво да се изјасни предлагачот на режимот на сообраќај, кој се носи како одлука на совет, а за што дава согласност министерството за внатрешни работи. За секоја измена би требало да тече одредена процедура. Прво да се изјасни предлагачот, а потоа ќе завземеме став по овој предлог. Јас лично од спроведувањето на режимот на сообраќај воопшто не сум задоволен, закажаа факторите задолжени за негова реализација. Една улица плус или минус нема многу да смени, затоа што од самиот почеток реализацијата на новиот режим на сообраќај се сфати многу несериозно, вели координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. За оваа точка на дневен ред ќе се расправа на продолжението на седницата закажано за утре, со почеток во 13 часот. OhridNews 30.07.2012 10:34 Прочитана е : 893 пати © 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 17> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |