build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Сончев Град

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 30-Dec-2012 at 01:32
Originally posted by skopjevosrce

Sekoja  investicija e dobro dojdena i sekoe razvivanje na gradot e za pozdrav no sepak imam nekolku prasanje do nekoj koj malku e po upaten za proektot Soncev grad koj ima poveke bolni tocki i tuka se mojte prasanja:
  pat do Soncev grad-preku sredno  Vodno
 - kako preku sredno Vodno koga vo letniot period poradi povisokite temperaturi patot od olimpisko selo nagore e zatvoren za koli
-znaete kolku koli dnevno ke odat  po toj pat
-kolku drva ke bidat unisteni
-kolku seto toa ke vlijae na Vodno-Skopje

За жал не можеме ништо друго освен да шпекулираме, затоа што владее потполн мрак во врска со тоа што намислиле околу најавуваниот нов пат до Сончев град, освен дека се цврсто решени да не се прави предвидениот тунел кој што требаше да почнува некаде после ИЗИИС. Тој тунел е решение за еколошките и редица други проблеми, но не само што во старт го игнорираа, туку за жал сега е и комплетно избришан од новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје

Мене ми е тотално нејасно од каде ќе оди трасата на патот низ Водно кој они го намислиле. Колку што можам да видам ниту тој не е вцртан во ГУП-от. Во секој случај и без да ја знаеме деталната траса, јасно е дека ќе треба да се исече многу шума, ќе има многу сообраќај кој што ќе го изремети мирот на Водно, а што е веројатно најстрашно на мала врата ќе се промовира и стимулира понатамошна станбена и друга изградба на падините на планината и уништување на парк-шумата.

За доброто на сите нас, дефинитивно треба да се врати во игра тунелот. Ако е вистина дека инвестицијата во Сончев Град би била во висина од 100-тина милиони евра, тогаш не е ништо страшно или нереално неколку милиони да се издвојат за изградба на тунелот, односно да се вложат во квалитетно сообраќајно поврзување. Може дури државата и турските инвеститори да се договорат разликата во цена помеѓу обичниот пат и варијантата со тунел да ја покријат фифти-фифти и така потребната сума да стане уште побанална. Интересот на државата да вложи во овој тунел мислам дека нема потреба понатака да го дообјаснувам, а интересот на Турците би бил тоа што новата населба би била значително поатрактивна поради фактот што ќе има најдиректна, најбрза и најкомфорна патна врска со Скопје, што е многу подобро отколку некаков долг змиулест планински пат, каков што извесно ќе биде доколку се опстои на варијантата без тунел.



Edited by Cloverstack - 30-Dec-2012 at 01:38
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 30-Dec-2012 at 01:37
Колку што се сеќавам, последниот пат кога беше прашан некој од владата пред некој ден, беше речено дека не е исклучен тунелот, т.е. дека пак треба да се разгледа и покрај тоа што досега е кажано. Не се сеќавам, може да беше министерот за финансии или премиерот. Не знам колку беше меродавно кажано, но тоа беше одговорот.


Edited by Граѓанин - 30-Dec-2012 at 01:39
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 30-Dec-2012 at 01:47
Освежувачка вест во целокупново сивило. Би било супер доколку можеш да го најдеш изворот.

Во секој случај не ни е од никаква корист ако „не е исклучен“, туку треба да биде дефинитивно прифатен и да завршиме со таа приказна.

Навистина е неразбирливо до бескрај, како може слични или многу поголеми суми од таа што е потребна за тунелот под Водно редовно да „инвестираме“ во најбанални и најбизарни непродуктивни проекти, а за такви проекти со огромни бенефити како што е конкретниот тунел, стално да се нечкаме и да се правдаме дека ни се скапи.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 30-Dec-2012 at 02:01
Previous
 
Не дека мојата доверба во политичарите, без разлика за кои политичари станува збор и од кои политички партии, секогаш изнесува 0 (НУЛА), туку од самиот факт дека во март 2013 треба да се одржат редовни локални избори и од самиот факт дека сите политичари по навика ветуваат брда и долини, се согласувам дека воопшто не треба да им се верува кога велат дека некое решение сеуште не е исклучено, се додека истото тоа решение не биде целосно прифатено и реализирано.
 
Но за волја на вистината, имаше и едно решение кое се викаше подземна улица преку која требаше да се транспортираат градежните материјали потребни за изградба на еден деловен објект на плоштад Македонија, на истата локација на која пред скопскиот земјотрес од 1963 година се наоѓала старата Народна Банка, па сепак тоа решение засега не дочекало реализација, а најверојатно и воопшто нема ни да дочека реализација бидејќи конкретниот деловен објект на конкретната локација на плоштад Македонија веќе е изграден и речиси е целосно функционален.
 
Јас лично мислам дека е подобро воопшто да не се реализира оваа урбанистичка инвестиција, бидејќи доколку биде реализирана и доколку Водно стане транспортен коридор, слободно ќе можеме да се збогуваме со едно од ретките чисти и здрави места кои ја формираат скопската котлина, едно од ретките места во кои сеуште владее природата, едно од ретките места каде што секојдневниот скопјанец може да избега од секојдневното лудило, секојдневното загадување и општо кажано, секојдневниот хаос кој владее во скопската котлина.


Edited by Dexter26 - 30-Dec-2012 at 02:06
Back to Top
skopjevosrce View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-Dec-2012
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skopjevosrce Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 11-Jan-2013 at 11:46
За поледниот пасос размислувањето ти е на место и мислам дека за ова треба да се разговара на повисоко ниво.Изградба на трим патеки на водно и многу друго за рекреација и одмор и одеднаш 600 возила секој ден по падините на водно и каде потоа ке одиме на чист воздух (во центар тогаш ке биде почисто).
skopjevosrce
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 11-Jan-2013 at 19:00

Џеваир Холдинг стана сопственик на земјиштето за Сончев град

Џеваир Холдинг и официјално стана сопственик на земјиштото на јужните падини на Водно каде што ќе се гради населбата Сончев град.

Турските инвеститори ја уплатиле сумата од 1,6 милиони евра како и данокот на промет од 3% во општината, по што е потпишан договорот и направена е солемнизација. Вчера, компанијата била впишана како сопственик на парцелата во катастарот.

Како што информираат од општината Сопиште, сега Џеавиер Холдинг има рок од шест месеци до една година да достави план за станбениот комплекс по што ќе им се издаде градежна дозвола.

Од холдингот ја инфомирале локалната власт дека веќе дале налог на своите архитекти да го изготват проектот.

- Според најавите од оваа сериозна компанија тука ќе никне една од најлуксузните и најмодерните населби на Балканот на ваков терен, односно ридесто земјиште, изјави градоначалникот на општина Сопиште, Јован Ѓорѓиески на 27 декември.

Џеваир Холдинг е инвеститорот во четирите висококатници во населбата Аеродром. На Водно, според најавите, ќе изгради елитен комплекс од најмалку сто куќи, десетина згради, трговски центар и други комерцијални објекти.

http://www.sitel.com.mk/dzhevair-holding-stana-sopstvenik-na-zemjishteto-za-sonchev-grad

Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 20-Mar-2013 at 07:18

Може ли некој набрзина да ја исцрта трасава?
К
______________________________________________________________

Извор, ДНЕВНИК .
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=E7DB699DDE76AE4190BFAD741867A67B

Датум: 19.03.2013
НАРЕДНИОТ МЕСЕЦ ПОЧНУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТА

Се спрема патот кон Сончев град

Новата сообраќајница, чија изградба ќе заврши за 18 месеци, ќе води од улицата Водњанска, покрај „Панорама“, сртот на Водно, преку Марково Kрувче с` до Сопиште

Kон крајот на месецов и почетокот на наредниот треба да почне изградбата на патот до Сончевиот град, кој ќе води од улицата Водњанска, покрај „Панорама“, сртот на Водно, преку Марково Kрувче с` до Сопиште. Станува збор за регионален пат со должина од 3,8 километри, кој ќе го гради Јавното претпријатие за државни патишта, информира градоначалникот на Општина Сопиште, Јован Ѓорѓијоски.

Изведувач е компанијата „Гранит“, со која јавното претпријатие за државни патишта склучи договор во висина од околу 6,7 милиони евра. Според договорот, активностите на терен треба да завршат за 18 месеци, најдоцна до септември 2014 година.

Што се однесува до населбата Сончев град, нејзината реализација, како што информира Ѓорѓијоски, се очекува да почне до крајот на годинава. Населбата се простира на 85 хектари. Инвеститор е турската фирма „Џеваир холдинг“, која го купи земјиштето лани во декември за околу 2 милиона евра. Должна е во рок од 6 години да изгради минимум 10 отсто од она што е планирано со архитектонско-урбанистичкиот проект.

- Тоа значи дека треба да бидат изградени 61 отсто од куќите и 9 отсто од зградите. Но, јас се надевам дека ќе бидат изградени околу 60 бидејќи е логично инвеститорот да сака што побргу да изгради за да продаде - смета градоначалникот.

(А.П.)ДНЕВНИК.1


______________________________________________________________

ПС
Дали ова е врз истата траса?
Извор, РЕГИОНИ.МК
http://regioni.mk/?p=2719

Датум: 06.10.2012
Рекреативна трим патека на Водно

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денес ја промовираше новата трим патека „Скопје“, што се протега на потегот од Средно Водно до локалитетот Марково Крувче, во должината од 2.140 метри и широчина 2,2 метри. Оваа должина од трим патеката е реализација на првата фаза, додека втората фаза, од Марково Крувче до населбата Припор, ќе биде завршена до средината на 2013 година.

Edited by KraFT - 20-Mar-2013 at 07:48
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 29-May-2013 at 19:30
Има ли некој информација дали изведбата на патот е почната? (Или кога ќе започне?)
И што се случува со водоводот од „Патишка река?“. Стопирано, одложено или?
К

Edited by KraFT - 29-May-2013 at 19:34
Back to Top
utre View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 21-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote utre Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 31-May-2013 at 13:25
Back to Top
daci92 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Dec-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1937
  Quote daci92 Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 31-May-2013 at 16:48
Денес нешто се шушкаше кај мене на работа дека водоводот е во тек на градба ,инвеститорот ја запнал работата, но ова се само зборувања од луѓе кој поседуваат имот таму но ретко одат значи ништо не е сигурно.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 11-Jul-2013 at 07:58

Почна изградбата на патот до Сончев град

1/07/2013  //  Пред 10 минути  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај DSC_0432

Стартуваше изградбата на патот што води до населбата Сончев град, лоцирана на јужните падини на Водно. Градежната машинерија е на терен. Работниците веќе два дена со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе биде патот што Сончев град ќе го спои со централното градско подрачје. Почетокот на работите старуваше од населбата Сопиште. Локацијата е означена со црвена лента, поставени се и табли за забранет пристап, како и монтажни објекти за чуварите кои ќе ги обезбедуваат машините и опремата со кои ќе се работи. Дека на терен стартуваат градежните активности потврдува и градоначалникот на Сопиште, Стефче Трпковски.

„Патот за Сончев град откако се позиционира ќе почне со изградба. Гранит носи градежни машини. Во соработка со министерството за транспорт и врски, ЈП Водовод, ЕВН-Македонија и општина Сопиште се подготвуваат и другите проекти поврзани со проектот Сончев град“, вели Трпковски за Фактор.

Градежната компанија Гранит, пред три месеци склучи додоговор со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба на патот за Сончев град. Договорот е вреден 6,7 милиони евра. Според договорот што тогаш Гранит го објави, патот треба да биде завршен во рок од 18 месеци, односно изградбата терба да биде финализирана во септември 2014 година.

Според првично планираниот проект, новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри.

Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да добие дирекна врска со метрополата, е обврска на државата, додека пак населбата ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради висококатниците во Аеродром.

Турски претставници на инвеститорот – на средба со жителите на Патишка река?

Иако, обврска на општината е да донесе водовод до Сончев град, сепак според неофицијалните информации на Фактор, претставници на турскиот инвеститор пред извесно време ги посетиле жителите на Патишка река. Целта на посетата била да ги убедат да не прават проблеми околу водоводот што оттаму треба да се донесе до Сончев град. Според сознанијата на Фактор, разговорите меѓу жителите на Патишка река и турските претставници поминале оптимистички и голема е веројатноста дека заедничко решение е на повидок.

Водоводот беше и еден од клучните спорови поради што овој мега-проект досега беше заглавен само на хартија. Жителите на Патишка река изминативе години не дозволуваа да отпочне изградбата на водоводот и да стигне до Сончев град. Го блокираа поставувањето на цевките. Целата ситуација ескалираше кога, сега веќе поранешниот градоначалник на општина Сопиште се обиде со полициска асистенција да го реши спорот што го има со жителите. Кордони полицајци беа испратени во Патишка река. Додека полицијата обезбедуваше – багерите работеа. Се копаа канали, се поставуваа цевки за вода. Но потоа проектот повторно запре. Водоводот не се изгради, општината се задолжи со милионски суми за полициската асистенција, а подоцна тогашните инвеститори од Израел си замина и се откажаа од проектот поради повеќето пречки на кои наидоа во реализацијата на проектот.

Следуваше нов тендер за продажба на локацијата за изградба на елитната населба на јужните падини на Водно. Земјиштето го купи турската Џеваир Холдинг. Дали тие ќе успеат да го реализираат овој проект кој неколкупати пропаѓа останува да се види. Сегашниот градоначалник на општина Сопиште, пред да стапи на функцијата, во екот на изборната кампања во интервју за Фактор посочи дека е оптимист и оти очекува да се најде решение за спорот со жителите од Патишка река, кои не ја даваат водата.

„Имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите, изјави градоначалникот Трпковски пред три месеци за Фактор.

http://faktor.mk/archives/57389

Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 12-Jul-2013 at 01:14
И сеуште не ја знаеме точната траса
Камоли нешто подолго и подалеку да беше ...

Разни верзии:
" Инаку, кон крајот на месецов и почетокот на наредниот треба да почне изградбата на патот до Сончевиот град, кој ќе води од улицата Водњанска, покрај "Панорама", сртот на Водно, преку Марково Kрувче се до Сопиште".
Новиот патен правец до Сончев Град треба да биде во должина од 2,5 километри. Патот треба да биде изграден со коловозна конструкција од две ленти со ширина од по 3 метри.“

Дневник
“Се расчистува трасата, која ќе води до поранешниот хотел „Панорама“, каде што новиот пат ќе се спои со улицата Тодор Александров (поранешна „Салвадор Алјенде“) токму кај Институтот за земјотресно инженерство. Патот ќе почне од Сопиште и ќе минува низ Говрлево, ќе се прекачи преку Водно (?!) во делот што припаѓа на Kисела Вода и ќе се спои со постојниот пат кон Средно Водно кај ИЗИИС.
Улицата ќе биде долга четири километри ..... две коловозни ленти широки по 2,75 метри. Се очекува црвената лента да се пресече по 18 месеци, назима ....

Edited by KraFT - 12-Jul-2013 at 02:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 12-Jul-2013 at 23:08
А знае ли некој каде е точно сликата со багерите?
Back to Top
KraFT View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 19-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote KraFT Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 22-Jul-2013 at 11:37
ИНформација за почетокот на градбата на патот, со нафрлени информцаии.
Вести

„Денеска официјално почнува изградбата на регионалниот пат за населбата Сончев град, што ќе биде одбележано со прес-конференција на локацијата. Отворањето на градежните работи ќе почне во селото Сопиште, на околу 2,5 километри од последното стојалиште на автобусот број 24, каде што се наоѓа градилиштето на објектот на градежната компанија „Гранит“.“

К

Edited by KraFT - 22-Jul-2013 at 12:27
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 22-Jul-2013 at 19:57

Груевски: Во Сопиште, по Сончев Град ќе се градат и други три слични блока

22/07/2013  //  Пред 3 часа  //  ИНФРАСТРУКТУРА  //  Коментирај

BF4A388397D84A40B655328048AAD26F

Лопатите се „удрени“ – почна да се гради патот до Сончев Град. Со изградбата на регионалниот пат што старуваше денеска се отвора можност покрај населбата Сончев Град, да се изградат и други три слични блока, изјави премиерот Никола Груевски, кој заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, градоначалникот на Сопшите Стефче Трпковски и директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски присуствуваа на официјалниот старт на градежните работи. Владата очекува дека турските инвеститори од Џеваир Холдинг, идната година ќе почнат со изгрдба на елитната населба.

Регионалниот пат ќе ја поврзува населбата Сончев Град, што доправа треба да се гради, со Центар и Сопиште. Според проектот, патот ќе има вкупна должината од 4,4 километри, со две коловозни ленти од по три метри, четири крака и банкини од по еден метар од двете страни. Се предвидува изградбата да биде завршена за 18 месеци. Вкупната инвестиција ќе чини 6,7 милиони евра, а парите се обезбедени од Буџетот. Изградбата на патот до населбата е обврска на државата, дедека самата населба треба да ја гради турската компанија Џеваир Холдинг.

„Со изградбата на патот, жителите на Сопиште веќе нема да треба да одат по заобиколниот пат од Кисела Вода, туку директно ќе се поврзат со центрот на градот. Со регионалниот пат се отвора и можност покрај населбата Сончев Град да се изградат уште три други слични блока“, изјави премиерот Никола Груевски.

Реализацијата на сите овие проекти има за цел подобрување на транспортната инфраструкутра како основа за повисок животен стандард, поголема безбедност на сообраќајот, но и привлекување странски инвеститори, изјави  министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески посочувајќи дека со изградбата на овој пат пополека, но сигурно почнува изградбата на инфраструктурата неопходна за населбата Сончев Град.

„ Оваа делница ќе придонесе за развој на инфраструктурата во Сопиште. Покрај тоа што ќе ја користат идните жители на населбата Сончев Град, која ќе биде лоцирана веднаш над патот, ќе можат да ја користат и сите жители на Сопиште“, рече Јанакиески и изрази надеж дека идната година ќе почне и изградбата на населбата.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски рече дека со изградбата на овој пат ќе се обезбеди подобра комуникација на општината Сопиште со градот Скопје. Градоначалникот на општина Сопиште, Стефче Трпковски рече дека изградбата на регионалниот пат покрај директното поврзување со општина Центар ќе овозможи и поголем локален економски равој, како и подобрување на стандардот на граѓаните.

Турски претставници на инвеститорот – на средба со жителите на Патишка река?

Фактор, минатата недела веќе објави дека градежната машинерија е на терен, а работниците со багерите и камионите ја копаат трасата каде ќе биде патот што Сончев град ќе го спои со централното градско подрачје.
Изградбата на регионалниот пат, со кој населбата Сончев град треба да добие дирекна врска со метрополата, е обврска на државата, додека пак населбата ја гради турската компанија Џеваир Холдинг, која ги гради висококатниците во Аеродром.

Иако, обврска на општината е да донесе водовод до Сончев град, сепак според неофицијалните информации на Фактор, претставници на турскиот инвеститор пред извесно време ги посетиле жителите на Патишка река. Целта на посетата била да ги убедат да не прават проблеми околу водоводот што оттаму треба да се донесе до Сончев град. Според сознанијата на Фактор, разговорите меѓу жителите на Патишка река и турските претставници поминале оптимистички и голема е веројатноста дека заедничко решение е на повидок.

Водоводот беше и еден од клучните спорови поради што овој мега-проект досега беше заглавен само на хартија. Жителите на Патишка река изминативе години не дозволуваа да отпочне изградбата на водоводот и да стигне до Сончев град. Го блокираа поставувањето на цевките. Целата ситуација ескалираше кога, сега веќе поранешниот градоначалник на општина Сопиште се обиде со полициска асистенција да го реши спорот што го има со жителите. Кордони полицајци беа испратени во Патишка река. Додека полицијата обезбедуваше – багерите работеа. Се копаа канали, се поставуваа цевки за вода. Но потоа проектот повторно запре. Водоводот не се изгради, општината се задолжи со милионски суми за полициската асистенција, а подоцна тогашните инвеститори од Израел си замина и се откажаа од проектот поради повеќето пречки на кои наидоа во реализацијата на проектот.

Следуваше нов тендер за продажба на локацијата за изградба на елитната населба на јужните падини на Водно. Земјиштето го купи турската Џеваир Холдинг. Дали тие ќе успеат да го реализираат овој проект кој неколкупати пропаѓа останува да се види. Сегашниот градоначалник на општина Сопиште, пред да стапи на функцијата, во екот на изборната кампања во интервју за Фактор посочи дека е оптимист и оти очекува да се најде решение за спорот со жителите од Патишка река, кои не ја даваат водата.

„Имаше одредени несакани настани, но тие се веќе во минатото и затоа јас Ве уверувам дека во комуникација и соработка со жителите од Патишка Река ќе се обидеме да најдеме прифатливо решение, кое ќе биде во интерес на сите. На еден поинаков и искрен начин ќе се обидеме да го решиме недоразбирањето, со разговор и слушање на сите страни и аргумети што ги имаат засегнатите, изјави градоначалникот Трпковски пред три месеци за Фактор.

http://faktor.mk/archives/60365?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=gruevski-vo-sopishte-po-sonchev-grad-kje-se-gradat-i-drugi-tri-slichni-bloka

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 22-Jul-2013 at 20:00
Има обележано на мапа каде точно ќе поминува улицата?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 23-Jul-2013 at 03:16


На градилиште нема, а не сум сретнал ни на нет... 

Засега од ситуацијата на терен исто така не може да се заклучи каде ќе поминува патот во оној реон кој е најзначаен од аспект на трасата (пошумените предели на северната страна на Водно).

Патот моментално е горе-долу пробиен околу 500 метри - почнувајќи некаде над Вила Кортопела (41°57'31.40"N  21°25'47.12"E), па во правец кон североисток до оваа точка (41°57'45.40"N  21°25'59.38"E).

Но со оглед на најавената должина (4,7 километри), за жал е практично сигурно дека нема да има некаков поголем тунел или премостување и дека трасата ќе се вијуга по падините на Водно... и се разбира дека ќе се исече многу шума и дека со таквиот тип на пат на мала врата ќе се отворат можности за уште поголема инвазија на градби кон парк-шумата. На вести денеска слушнав дека за време на лопатарењето, јали премиерот јали некој од неговата свита баш се пофалил дека со патов ќе се отвори можност за изградба на куќи.

И очигледно оваа држава има пари за се друго, освен за асална инфраструктура.  Bash
Крај на светот ли ќе беше ако инвестираа одговорно и го направеа патов со тунел, како што си беше планирано уште од времето? Всушност со цена од 6,7 милиони евра, сигурно не се многу далеку од финансиската конструкција за изградба на таков пат.



Енивеј еве ја веста од порталот
За 18 месеци ќе биде завршен патот до Сончев град

Премиерот Никола Груевски, заедно со други претставници на државната и локалната власт, денеска формално го означи почетокот на активностите за реализација на регионалниот пат Р2138 во должина од 4,4 километри, со кој планираната населба Сончев град и општината Сопиште ќе добијат директна патна врска со центарот на Скопје. Патот чие пробивање всушност започна пред две седмици, ќе се состои од две коловозни ленти со ширина од по три метри и истиот е предвидено да се изгради во рок од 18 месеци. Од државниот буџет за овој проект се издвоени 6,7 милиони евра, а како изведувач на градежните работи пред четири месеци беше избрана компанијата „Гранит“ од Скопје. За надзорот се задолжени „Геинг“ и „Евро Консалтинг“. Трасата на новата сообраќајна врска ќе започнува од населбата Водно и ќе завршува со поврзување на постоечкиот пат Кисела Вода – Сопиште – Говрлево.

#   #

 

Покрај овој проект, Агенцијата за државни патишта, во соработка со македонската влада, во моментов работи на изградба на регионални патишта во должина од 120 километри, со вкупна инвестиција од 940 милиони денари. Премиерот Никола Груевски во денешниот говор најави дека населбата Сончев град ќе започне да се гради на почетокот на наредната година. Инвеститор во огромниот проект е турскиот „Џеваир Холдинг“, кој во моментов ги гради и облакодерите во населбата Аеродром.

 



#
Објавено на 22.07.2013 во категорија Вести.

Тагови: Џеваир, Водно, Геинг КуК, Говрлево, Гранит Скопје, Евро Консалтинг, Инфраструктура, Патишта, Скопје, Сончев Град, Сопиште


http://www.build.mk/?p=27211
Back to Top
WNBARCH View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
  Quote WNBARCH Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 23-Jul-2013 at 10:03
Што е Вила Кротопела?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 23-Jul-2013 at 16:05
Вила Кортопела е една специфична куќа во Сопиште што отскокнува со дизајнот...

http://farm3.staticflickr.com/2596/3708644202_bbfac30ec9_o.jpg

Ја знаат сите од тој реон, а има привлечено доста медиумско внимание па ја знаат и луѓе пошироко. Плус сме ја дискутирале и на форумов, затоа ми дојде природно да ја спомнам како референтна точка бидејќи со пробивање на трасата е почнато токму над нејзе. Еве координати од објектот:

41°57'29.01"N  21°25'48.28"E

Back to Top
maci View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-Aug-2011
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote maci Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 25-Jul-2013 at 10:57
ako mozes stavi link da ja vidam.porano ja imam gledano no sega nemozam da ja najdam.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 15>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.906 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.