![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 69> |
Author | |
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
http://www.24vesti.com.mk/blokirani-smetkite-na-makedonski-zheleznici
Блокирани сметките на Македонски Железници
|
|
![]() |
|
Hector ![]() Newbie ![]() БАНИРАН Joined: 15-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 20 |
![]() ![]() |
Сакам да прашам, мислат да градат накај Бугарија или уште ќе бидеме слепо црево, ајде нека почне веќе градбата на овој коридор....
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Епа ај нека почне!
![]() Да не починеме додека почне само се плашам! Во нишката Коридор 8 ќе најдеш повеќе информации. Edited by Andrej_LJ - 15-Feb-2013 at 17:24 |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Словачки компании заинтересирани за влез во МЖ Транспорт и во „Колска“ Македонија | 18. февруари 2013 - 16:30 Неколку словачки фирми се заинтересирани за влез во „Македонски железници - Транспорт“, вели амбасадорот на Словачка во Скопје Роберт Кирнаг во интервју за „Бизнис плус“ ![]() - Нашите интереси за влез на тој пазар се блокирани бидејќи македонските власти сакаат да ја заштитат државната транспортна компанија МЖ Транспорт, која не би можела да го издржи притисокот на конкуренцијата. Овој сектор мора да претрпи промени. Мора да се отвори, ако не подоцна, тогаш на денот на влезот во ЕУ, но ние сакаме тоа да се случи што поскоро, наведува амбасадорот. - Ја посетив фабриката каде се изведуваат одредени видови ремонт кои се единствени на Балканот. Но, првин треба да се трансформира од државно друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво. Долговите треба да се претворат во акционерски удели, а мнозинството од акциите контролирано да се продадат на стратешки инвеститор, кој ќе ги купи акции од државата и со тоа ќе ги врати парите во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и во даночната управа, наведува Кирнаг за „Бизнис плус“. http://press24.mk/story/makedonija/slovachki-kompanii-zainteresirani-za-vlez-vo-mzh-transport-i-vo-%E2%80%9Ekolska%E2%80%9C |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Интересно, но ŽSSK и ŽSR се во долгови и кратат линии кои според нив се нерентабилни иако цело време се полни (лани имаше еден куп протести,негодувања и блокирање на пруги во Словачка поради кратење на линии кои се секогаш искористени и населението бара и почест распоред).Они бараат излез како да се справат со влегувањето на странските компании на нивно тло, а Кирнаг дошол да тврди дека тоа треба кај нас да се случи час поскоро.
Кај нив ЖССК и ЖСР протестираа кога владата донесе одлука да додели линии на Региоџет (RegioJet), а они сакаат да влезат на наш пазар. За Колска би се согласил дека треба да влезе странска компанија која ќе ја одржи во работа и ќе ја унапреди во однос на технологија и вработени но мислам дека Словаците не се тие кои треба да влезат во секој случај. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Дечки, не знам во која нишка да го ставам ова, но верувајте дека овој тендер ќе значи многу за сите оние што патуваат со воз во земјава. МЖ - Транспорт распиша тендер за избор на компанија што ќе ја одржува хигиената на вагоните, дизел моторните гарнитури и електро моторните гарнитури. Ова е огласот: https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieACPP.aspx?EntityId=b18eec6a-403d-48fb-8a6a-3ee1bc3e584d. Победникот на огласот ќе се знае на крајот на март, а на линкот може да видите дека се бара компанија што има сериозен капацитет да одговори на потребите на железница.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
браво конечно да се направи ова, кој неред е по вагоните... Ајде нека е за добро
![]() |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Искрено се надевам дека македонските возови ќе бидат многу почисти во иднина. Досега самиот персонал се соочуваше со неисправна перална, недостиг на хемиски средства и опрема, како и непостоење волја за работа. Навистина е жално што подобрувањето на услугите во железницата оди паралелно со намалувањето на бројот на патници. Некаква логика и крај не може да ни се фати.
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
ПРОЕКТИ ВО ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА ВО 2013 ГОДИНА![]()
ПРОЕКТИ ВО ЈП МЖ ИНФРАСТРУКТУРА ВО 2013 ГОДИНА А) КОРИДОР 10 и 10д 1. РЕМОНТ НА ПРУГИТЕ КУМАНОВО- ТАБАНОВЦИ И МИРАВЦИ – СМОКВИЦА ( заедно 24 километри ) Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 7.000.000 евра. Ремонтот е во тек и се очекува да заврши до септември 2013 година. Бенефит од проектот е подобрување на параметрите на пругата , што значи возење со проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај. 2. РЕМОНТ НА ПРУГАТА НОГАЕВЦИ – НЕГОТИНО ( 30 километри ) Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 10.000.000 евра.Тендерот за избор на изведувач е објавен на 17 01.2013 година, изборот е во тек и се очекува започнување на работите во мај 2013 година. Бенефит од проектот е подобрување на параметрите на пругата , што значи возење со проектираната брзина од 100-120 км/час и зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.
Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 1.455.050 евра. На тендерот победи конзорциумот од ILF и EUROTRANS PROEKT кои започнаа со работа во јули 2012 година. Фирмата треба да изработи проектна документација за реконструкција на пругата Куманово-Дељадровце, студија за најповолна траса и брзина на пругата Драцево – Велес и проектна документација за реконструкција на пругата Битола – Кременица. Проектот за ремонт Битола – Кременица е приоритет и треба да се изработи до мај 2013 година , додека целокупниот проект треба да заврши до декември 2013 година.
Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 2.630.000 евра.Главниот проект е изготвен од фирмата GRONTMIJ . Направено е тендерско досие за изградба , излезена е најава за објавување на тендер и се очекува објава на тендерот.Почеток на градежните работи се планира во септември 2013 година , а целосно завршување на проектот до крајот на 2014 година.Бенефитот од овој проект е овозможување на полесен пристап на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби до возните средства како и до придружните објекти на станицата. Ова е неопходно потребно бидејки на железничката станица Скопје немало градежен захват од пуштањето во работа во 1981 година. 5. ПОДГОТОВКА НА СТУДИИ ЗА РАЗВОЈ НА СТРАТЕШКИ МУЛТИМОДАЛНИ ТРАНСПОРТНИ ЈАЗЛИ Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2007-2009, со финансиска вредност од 1.100.000 евра.Направена е техничка документација и избран консултант кој треба да ја заврши работата до крајот на 2013 година.Целта на овој проект е да се изготви Физибилити студија со која ке се идентификуваат стратешките мултимодални транспортни јазли на територијата на Р. Македонија, како и анализа на трошоците и бенефитите при нивна изградба и експлатација.Со студијата треба да се идентификуваат неколку стратешки мултимодални транспортни јазли , за потоа да се определи нивниот приоритет согласно економските и социјални бенефити кои ке се остварат со нивна изградба.Тоа ке представува прва фаза во реализацијата на мултимодалните транспортни јазли во Р. Македонија кои треба да придонесат за унапредување на транспортниот сектор во земјата. 6. НАБАВКА И ИНСТАЛАЦИЈА НА ОПРЕМА ЗА ГЛОБАЛЕН СИСТЕМ ЗА МОБИЛНИ КОМУНИКАЦИИ ВО ЖЕЛЕЗНИЦА – GSMR Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант кој треба да подготви Студија со проценка за воведување на системот, главен проект со техничка спецификација за опремата која треба да се набави, тендерско досие за набавка и воедно ке врши надзор над набавката и инсталациојата на опремата.На 13.11.2012 излезена е најава за објавување на тендер. а тендерот е објавен на 05.02.2013 година. Склучување на Договор со консултантот се очекува во септември 2013 година.Овој проект представува телекомуникациски систем вдолж целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија, за размена на информации со 100% покриеност на простор и време помеѓу возачот во локомотивата и контролниот центар во Скопје . Овој систем користи фрекфентен опсег од 921МHz, наменет специјално за железница па затоа и представува независен затворен мобилен систем кој го користи исклучиво и само железницата. Со користење на овој систем , ке се зголеми протокот на сообраќајот како и сигурноста во железничкиот сообраќај.Целиот проект треба да се финализира до крајот на 2015 година.
Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант кој треба да подготви Студија со проценка за воведување на системот, главен проект со техничка спецификација за опремата која треба да се набави, тендерско досие за набавка и воедно ке врши надзор над набавката и инсталациојата на опремата. На 13.11.2012 излезена е најава за објавување на тендер. а тендерот е објавен на 05.02.2013 година. Склучување на Договор со консултантот се очекува во септември 2013 година. Овој проект представува сигнален систем вдолж целиот Коридор 10 од Табановци дo Гевгелија, кој овозможува автоматска контрола на брзината на возовите во зависност од карактеристиките на железничката инфраструктура и состојбата на сообраќајот на пругата.Со воведување а овој систем се постигнува можност за авто-стоп ефект ,што представува автоматско запирање на возот доколку тој од различни објективни или субјективни причини помине преку црвен сигнал .Најголем бенефит од овој проект е зголемување на сигурноста во железничкиот сообраќај.Целиот проект треба да биде имплементиран до крајот на 2015 година. 8. РЕХАБИЛИТАЦИЈА , НАДГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ ПО ДОЛЖИНА НА КОРИДОР 10 И 10д Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра. Избран е консултант кој треба да подготви Студија за проценка на 6-10 приоритетни железнички станици кои треба да се рехабилитираат , главни проекти за одбраните станици како и тендерско досие за градежни работи за рехабилитација , надградба и реконструкција на селектираните станици вдолж Коридорот 10 и 10д.Одредени се следниве станици : Табановци, Велес, Градско, Неготино, Д.Капија и Гевгелија на Коридорот 10 и Чашка, Богомила, Прилеп и Битола на Коридорот 10д. Сето ова консултантот – фирмата ALANET треба да го заврши до крајот на 2012 година.Потоа би следела тендерска постапка за избор на изведувач кој треба да започне со градежните работи во почетокот на 2014 година. Со овој проект би се подобрила пристапноста до железничката станица, оспособување за полесен пристап на лицата со посебни потреби до возното средство, реновирање на внатрешните простории и фасадата, како и воведување на информатички систем за возниот ред. Целиот проект се предвидува да заврши до крајот на 2015 година.
9. Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА
програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 8.600.000 евра.Главниот проект за
ремонт со реконструкција , како и тендерско досие за изградба и надзор на
делницата Битола –Кременица во должина од 16 километри, веќе се изработува
преку проектот „ Подготовка на проектни студии и проектна документација од ОПРД 2007-2009 “ ( проект број 3 ), и
треба да се заврши до мај 2013 година.Бенефитот од овој проект е повторно
воспоставување на железничка гранична врска помеѓу Р.Македонија и Р. Грција,
што би значело побрз и поекономичен проток на патници и стока помеѓу
Пелагонискиот индустриски регион и северозападниот дел на Р. Грција, врска која
не е во функција повеќе од 20 години.Целосната реконструкција би се завршила до
крајот на 2014 година. Б) КОРИДОР 8
1. ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ДЕЛНИЦАТА КИЧЕВО – ЛИН Ова е проект финансиран од Оперативната ИПА програма за регионален развој 2010-2011, со финансиска вредност од 3.000.000 евра.Овие средства беа доволни само за изработка на Основен проект за трасата , но бидејки е неопходно да се направат и Основни проекти за објектите односно тунелите и мостовите , дојде до зголемување на буџетот за додатни 5.000.000 евра. Овие средства се предвидени во предлог Оперативната ИПА програма за регионален развој 2012-2013 година. Изготвена е тендерска документација за ангажирање на консултант, кој е објавен на 07.12.2012 година кој треба да подготви целосен Основен проект и тендерска документација за изградба на делницата Кичево-Лин во должина од 63 километри. Се очекува Договорот со консултантот да се склучи во септември 2013 година. Консултантот треба да ја заврши работата за две години, односно до септември 2015 година. 2. ДЕЛНИЦА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ Проектот за реконструкција на овој дел содржи три фази и тоа : а) ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО - БЕЉАКОВЦЕ Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 1.115.000 евра. Тендерот го доби фирмата ILF која треба да го изработи Основниот проект и тендерската документација за изградба до мај 2013 година. б) РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 46.500.000 евра.На тендерот за предквалификација се јавија 16 реномирани светски фирми, и во тек е еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество.Се очекува крајниот избор за изведувач да се изврши до мај 2013 година, додека градежните работи односно реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце во должина од 31км. би започнале кон средината на 2013 година. в) НАДЗОР НАД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ДЕЛНИЦАТА КУМАНОВО – БЕЉАКОВЦЕ Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска вредност од 2.500.000 евра.На тендерот за предквалификација се јавија 27 реномирани светски фирми и во тек е еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество.Се очекува крајниот избор да се изврши до мај 2013 година. 3. ПОДГОТОВКА НА ОСНОВЕН ПРОЕКТ И ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ДЕЛНИЦАТА БЕЉАКОВЦЕ – К:ПАЛАНКА Овој проект е финансиран од ЕБРД со финансиска
вредност од 2.700.000 евра. На
тендерот за предквалификација се јавија 37 реномирани светски фирми и во тек е
еволуционата постапка за одбирање на кратка листа за понатамошно учество. Се
очекува крајниот избор да се изврши до мај 2013 година.Фирмата ке има задача во
рок од две години да го изготви основниот проект и тендерската документација за
избор на најповолен изведувач.
Февруари, 2013 година ЈП МЖ Инфраструктура |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Оглас за вработување во Македонски железници Скопје... |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Не ми се верува значи. Нека вработат уште некои партиски војници, да се пополни уште некое место. Инаку, не да се во криза, по штрајкот во февруари, откако два дена не возеа, сега платите ко божем им ги даваат на време, т.е. им даваат по пола плата на две недели, мизерија невидена, а плус во МЖ Инфраструктура (од каде е и огласов), татко ми кажуваше дека најавиле намалување на плати. Дефинитивно не знаат што прават, а што се однесува до огласов, сигурно веќе завршил, односно веќе се одбрани вработените.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Сепа се работело за нешто друго. Еве напис во Дневник за вработувањата
Датум:
17.04.2013, 15:59 НАЈДЕНО РЕШЕНИЕ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД „РЕМОНТ НА ПРУГИ“ „Железница“ ги презема некогашните работници Огласот за работа е според новите законски измени, со кои е предвидено да биде наведен и износот на месечната плата за работникот Јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“ ги
презема работниците од „Ремонт на пруги“. Претпријатието вчера објави
оглас за вработување 55 лица на одредени работни места. Огласот за
работа е според новите законски измени, во кои е предвидено да биде
наведен и износот на месечната плата за работникот. Првиот човек на
компанијата Ирфан Асани вели дека со одобрение на Владата во
„Инфраструктура“ треба да се вработат сите 79 работници од „Ремонт на
пруги“, кои со месеци штрајкуваа за кршење на работнички права.
Финансиските средства за нивните плати ќе ги обезбедува Владата преку
Министерството за транспорт. Александра Филиповска |
|
![]() |
|
tomo441 ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Feb-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9 |
![]() ![]() |
OP nazdravje....videte go ova...
http://mztransportad.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=157&lang=mk |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
нормална работа-се дешава редовно по државниве институции
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Возовите преполни, патниците на перон
Викендашите останаа заробени поради немање доволно место во возовите и автобусите ПЕТАР ПЕЧКОВ Велес - Неколку стотини патници од Богомила до Велес завчера останаа на железничките станици по должина на пругата откако не најдоа место во пладневниот воз кој сообраќа на линијата Битола- Скопје. Метеж, турканици, нервози, закани, пцости била сликата која се повторувала на секоја станица на оваа релација. Патниците го посочуваат виновникот во „Македонски железници“, бидејќи претпријатието не покажало слух да пушти доволно вагони за да има место за сите. Потсетуваат дека за регионот на Азот, Богомила, Чашка, возот им е единствената врска со светот, бидејќи немаат автобуска линија. „Возот кој доаѓа во Богомила во 14,20 часот беше полн уште од Прилеп, немаше место ни пиле да влезе. Сликата беше како од Индија, уште требаше патниците да седат на покривот на возот. Бевме стиснати како сардини, толку беше лошо. Од жештината и преполниот вагон немаше воздух внатре, па на постар патник му се слоши во Богомила. Не можевме да го изнесеме од вагонот, толку што беше метеж. Наместо воз, со локомотива пуштиле ’шпанец‘. Каде ќе собере толку патници кога цел регион на Азот шест дена беше преполн. И сите дојдоа со воз. Овие од ’Железница’ си играат со нас. Така е на секој празник, се повторува истата слика. Иако знаат дека има многу патници, тие пуштаат моторна композиција“, раскажуваат патниците кои патувале на оваа релација. Иако возот застанувал на многубројните попатни станици, цели семејства со деца, старци, планинари, гости останале бидејќи физички не можеле да влезат. Вечерниот воз, пак, од Битола до Скопје, кој имал седум вагони ги примил сите патници, но тој доцнел 100 минути поради технички причини. Заради надминување на состојбата и ублажување на револтот на патниците МЖ пуштила вонреден патнички воз. Тој тргнал два часа подоцна по редовниот и возел на линијата Богомила – Скопје. Според надлежните од МЖ, на станиците останале најмногу до 80-ина патници кои биле згрижени на овој начин. Истовремено велешани мака мачеа да стигнат до Скопје. Кога заврши продолжениот двоен празничен викенд некои се обиделе да отпатуваат со автобус. Но и на автобуската станицата имало проблеми, оти немало слободни места. Или автобусите воопшто не влегувале во Велес, или во нив имало само по две-три места. „Срамота е ова, Велес да нема директна линија со Скопје. Со години сме зависни од другите превозници. А, за секој празник не можеме да стигнеме до Скопје. Чекав три часа и некако успеав да се качам и да отпатувам. Во оваа наша мака дивите таксисти се обидоа да ќарат. Иако стандардно возат за 150 денари, попладнето и вечерта бараа 300 денари“, вели велешанец, кој работи во Скопје. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3765019906917B4492EAF67DBFFC71C6 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Инаку, да се надоврзам на статијава, и јас лично го доживеав истото искуство за 1 мај, кога требаше да патувам за Богомила. На Железничката станица во Скопје имаше двојно повеќе патници одошто место во возот (беше моторна гарнитура), и откако видоа дека нема место за луѓето, испратија локомотива со 6-7 вагони, поради што доцневме 40 минути со тргнување, а имаше и „тепачки“ за тоа кој да фати место во купеата.
Искрено кажано, таа глетка наликуваше на некоја земја од третиот свет, а не на земја која претендира да биде дел од „европското семејство“. А за хигиената во возот можам да напишам посебна книга, роман со хорор содржина. Мизерија, нема што. Edited by Џоле - 08-May-2013 at 13:24 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ова ми се случуваше едно 5-6 пати лично на мене и во Словачка на станицата во Братислава , независно каков воз вози за викендите и празниците таму е хорор филм. IC, Ex и R возови се преполни уште на Братислава (а попат застануваат на премногу станици од кој 10-12 прилично големи градови) ,а линијата од Братислава најчесто вози до Кошице кој што е вториот најголем град а железнички е одалечен околу 500км. Ова е од прилика трасата , има уште некој град кој го фаќаат сите овие возови но не ми текнува сега кој. http://goo.gl/maps/fnFJQ Поентата ми е дека ова не е ништо ново и во поразвиените земји ,кој се железнички многу поразвиени од нас така да не очекуваме добар одговор од МЖ на овој проблем. Edited by daci92 - 08-May-2013 at 10:04 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Поентата е што СЕКОГАШ се случува истото. Велешкиов новинар може еден ист текст да објавува за секој празник и никој нема да каже дека му е грешен. Битола е особен проблем во последно време, бидејќи дизел локомотивите се целосно повлечени. Шпанците во вообичаените денови вршат работа, но во моменти на поголем прилив на патници да се патува со нив е ненормална работа.
За време на првомајските празници бев до Демир Капија и немаше проблеми со гужва, но се сеќавам кога пред 3 години на ден пред 1-ви мај за Кичево пуштија три вагони за преку 400 патници на станицата во Скопје. Тоа беше... |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Го сваќам тоа Бојан ,но мислам дека МЖ и вработените не се доволно „зрели“ за да можат да го најдат соодветниот одговор на тоа ,дури и да пуштат дополнителни возови и дополнителни вагони кој би оделе полупразни не би било на штета ниту на компанијата ниту на патниците но за нив тоа е преголем залак. Затоа и постојано се појавува истиот проблем.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Како мал многу често сум патувал со воз, особено низ Азот, бидејќи и двајцата родители ми се од таму, така да многу често, ако не и редовно се појавувал овој проблем. Колку пати ли само не сме влегле или пак сме влегле на сила, ама како што на ЈСП не им текнува во термини во кои знаат дека има гужва да пуштат повеќе возила, така и на МЖ не им текнува дека на тие денови ќе има навала од луѓе.
Исто така морам да признаам и дека преполни возови има насекаде. Минатото лето во Германија на линијата Минхен-Нирнберг возот одвај тргна од железничката, внатре одвај пројде кондуктерот, па камоли нешто друго, иако Германските железници важат за едни од најдобрите. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4243444546 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |