![]() |
![]() |
![]() |
Споменици и скулптури (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 155156157158159 209> |
Author | |
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Mad scientist.
Edited by kiriOK - 15-Apr-2013 at 03:19 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Кој е Васил Чакаларов? (1)
Споменикот на македонскиот револуционер Васил Чакаларов е веќе поставен и наскоро ќе биде и свечено отворен. Македонците дознаа за споменикот, но малкумина знаат кој навистина бил војводата Чакаларов. Војводата го имаме на кружниот тек во центарот на Скопје, но не и во учебниците по историја. Чакаларов е човекот кој ја освои најголемата слободна територија во Беломорска Македонија, и која беше под македонска управа многу подолго од Крушевската република. Зошто тоа не се учеше, е друго прашање. Еве дел од неговата биографија. Васил Чакаларов Васил Чакаларов е еден од најголемите и најсветли имиња во македонската историја од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Македонски револуционер и деец кој најдолго го држеше отворено македонското прашање во постилинденскиот период. Неговото дело сосема неправедно беше отфрлено од југословенската и македонската историјографија. Васил Чакаларов е човекот кој ја држеше најголемата слободна територија во Беломорска Македонија, и која беше под македонска управа се до крајот на август 1903 година. Тој беше човекот кој многу добро знаеше дека вистинскиот непријател на Македонија не доаѓа од Цариград, туку од Атина, Софија и од Белград. Најголем дел од својата борба Чакаларов ќе го насочи токму против соседните пропаганди кои се водеа во Македонија. Голем противник на грчката и бугарската пропаганда Васил Чакаларов е роден во селото Смрдеш, Костурско, Беломорскиот дел на Македонија во 1874 година. Како и сите деца во овој период, така и Чакаларов морал да биде запишан или во грчко училиште, или во егзархиско. Во 1894 година Чакаларов влегол во судир со грчка учителка која била голем поборник за грцизмот и грчката пропаганда во Костурско, по што бил затворен во затвор во Корча, Албанија. Васил успеал да побегне од корчанскиот затвор и да се засолни во планинските предели на Корешта, Костурско. Со ова започнал авантуристичкиот дел во неговиот живот кој подоцна ќе го насочи кон ослободителното дело. Чакаларов брзо се приклучува на македонското национално ослободително и револуционерно движење, станува член на Врховниот македонски комитет (ВМК) каде ги остварил првите контакти со видни македонски дејци и револуционери помеѓу кои бил и Борис Сарафов со кого ќе имаат цврсто пријателство и соработка. Чакаларов ја презел организацијата за пренос на оружје од Атина и Тесалија во Македонија. По ова младиот револуционер бил поставен на чело на Костурскиот реон по што набргу Костурско ќе прерасне во најдобро организирана област. Брзо Чакаларов, заедно со Пандо Кљашев и Лазар Москов стануваат и симболи на македонската борба за самостојност и македонскиот непокор во овој дел на Македонија. „Страшниот гркоубиец“ Васил Чакаларов во неговото делување најмногу се борел со пропагандите кои биле присутни во Македонија, пред се со грчката и бугарската. Чакаларов станува вистински ликвидатор на шпионите. Во 1901 година Чакаларов го ликвидирал гркоманскиот шпион Цеман од село Дмбени. Истата година продолжиле жестоките борби на Чакаларов со андартските чети и со грчката пропаганда во Беломорска Македонија со која влегол во директен судир. Чакаларов жестоко се пресметувал со секој грчки елемент во Костурско и Леринско. Грчките власти го нарекле најголем противник на хеленизмот кој Грција воопшто го има. Стравот на Атина од овој Македонец одел до таму што го нарекле „Страшниот Чакаларов“ „гркоубиец“ и „крвожеден комитаџија“. Грчките власти по секоја цена ја сакале неговата глава. Но Чакаларов ништо не го поколебало, ниту пак исплашило. Напротив, летото 1902 година кулминирале борбите со грчката пропаганда на чело со Коте од Рулја, Чакаларов бил цврсто решен да ги ликвидира андартските чети кои на Македонија и нанесувале многу поголемо зло од османлиските власти. Речиси истовремено во Костурско пристигнал врховистичкиот војвода Анастас Јанков кој врвејќи низ цела Македонија, правејќи пустош и кревајќи афери, сакал во Костурско да крене востание. Почнува да се разгорува борбата на Чакаларов и со бугарската пропаганда. Судирот дошол до тој степен што бил неизбежен вооружена пресметка, Но, Чакаларов тогаш му се обратил на Јанков велејќи: „Нема да те убиеме, но нема да дозволиме да правиш неред овде, да си играш востание. Слободата ние сами ќе си ја извојуваме, не ја сакаме од тебе. Немој да мислиш дека ќе го оставиме народот да тргне по тебе и да изгори“. Во истата 1902 година Чакаларов ја разгорел борбата со грчката патријаршија на чело со Германос Каравангелис кој бил поставен од грчката влада да ја погрчи Беломорска Македонија. За оваа цел Каравангелис располагал со огромна мрежа на шпиони и андартски чети низ Македонија. Борбата со Каравангелис била долга и жестока, највисоките власти од Атина преку Каравангелис сакале да го ликвидираат Чакаларов. Во акциите на грчките чети биле вклучени и османлиските власти, но сите обиди завршиле без успех. Една од тие битки е онаа во близина на селото Дмбени, Костурско, поточно кај месноста Локвата и Вињари, во која четите на Чакаларов извојувале блескава победа над многубројната османлиска војска. Оваа предилинденска битка ја овековечил македонскиот револуционер Лазар Поп Трајков во поемата „Локвата и Вињари“. Васил Чакаларов бил и еден од делегатите на Смилевскиот конгрес каде се носеле одлуките за претстојното востание. Чакаларов бил за тоа што побргу да се крене сеопшто востание. Слободна македонска територија, многу подолго од 13 дена По избувнувањењто на востанието на 2 август 1903 година, Костурскиот реон бил еден од најуспешните на цела територија на Македонија, безмалку цело население било вклучено по разни основи. Вооружените борби со турскиот аскер во костурско биле предводени од Васил Чакаларов како врховен командант, потоа од Пандо Кљашев, Митре Влаот, Лазар Поп Трајков... кои имале 2.000 четници, добро обучени и добро организирани. За кратко време биле ослободени гратчињата Невеска и Клисура, каде веднаш била воспоставена контрола од МРО. Се создала една компактна слободна територија во која власта била на Македонците. Турските власти испратиле 15.000 аскер. Чакаларов под своја команда држел 450 востаници и при повлекувањето се судриле со турската војска, востаниците со неколку маневри се префрлиле во областа Костенарија каде во неколку места ги казниле сите кои извршиле предавство на МРО, без разлика од која националност се. Походот продолжил кон областа Колонија, Албанија каде Чакаларов ги уништил сите албански банди башибозук кои за време на востанието го ограбувале народот. Сето ова допринело Македонците да го воспеваат името на Васил Чакаларов и да го слават неговото дело, пожртвуваност и храброст. Испеани се многу песни за овој бестрашен војвода. Се раскажува и за една интересна случка на случајна средба на еден Грк со Чакаларов. Гркот не знаејќи со кого седи почнал да зборува за Чакаларов дека е најомразениот гркоубиец и дека тој лично никогаш не би му простил. На ова Пандо Кљашев, кој бил заедно со Чакаларов му кажал на Гркот дека токму тој, Чакаларов седи спроти него. Гркот видно уплашен почнал разговор со Чакаларов на грчки јазик, кој Васил одлично го познавал. Гркот му рекол дека никогаш не би се посомневал дека не е Грк по тоа како го зборувал грчкиот јазик, а Чакаларов, покажувајќи му ја раката, одговорил: „Ако знам дека тука тече една капка грчка крв, јас сега би ја отсекол целата рака и би ја фрлил в море.“ Преземено од написот на Никола Србов http://www.mkd.mk/makedonija/koj-e-vasil-chakalarov-1 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Го нема Чакаларов! Нема Македонија! (2)
Го уништивме Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци! Ова го извикуваа грчките војници, убијците на Чакаларов шетајќи ја неговата отсечена глава по улиците на Лерин, Егејска Македонија. По Илинденското востание Васил Чакаларов неколку години се повлекува во Софија, живее мирен живот, добива ќерка, се обидува да го продолжи школувањето. Но брзо почнува младотурската револуција и балканските војни во кои Чакаларов пак активно ќе учествува. „Атентаторски акции на прво место. Четнички на второ. Организирање на весници на трето место. Атентати, затоа што само со тоа ќе ја заинтересираме Европа. Делото на Гемиџиите треба да го продолжиме. Нема да биде хумано, ами има ли некој да е хуман кон нас? Секој ги заштитува своите интереси, но и ние треба да ги чуваме своите интереси…“ Ова е дел од говорот на Чакаларов на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во 1906 година. Четата на Чакаларов која тргнала од Софија кон костурско во септември 1912 година била составена од голобради момчиња без никакво воено искуство ниту пак обученост, кои понесени од желбата за ослободување на нивната татковина се приклучиле кон војводата. Се приклучиле и грчки чети во борбата против Турците. Грчката воена команда добила телеграма со барање за заедничко дејствување против турската војска во Леринско. Грчките генерали пораката ја примиле со огромна радост и олеснување, знаејќи дека токму грчката војска беше најслаба во балканските војни, а Чакаларов со својот авторитет ќе им биде од огромна помош. Заедно со Грците На 19 октомври, четниците предводени од Чакаларов, Попов и Силјанов се судриле со турската војска над село Горничево. Турската војска која во паника бегала пред налетот на четите. По судирот македонските чети и грчката војска за прв пат се пресретнале. При соединувањето радоста од страна на Грците била неизмерна, а кон Чакаларов и неговите војници гледале со стравопочит. Старите непријатели кои крвнички се бореа сега се сојузници. Еве како Христо Силјанов пишува во своите сеќавања за овие средби: „Со стекнатата репутација на крвник, на гркомрзец и на комитаџија во самата Грција, Чакаларов со љубопитство го гледаа сите. Грчките офицери, кога се запознаваше со нив, реагираа изненадено, а еден коректен полковник, не можеше да не го спомене минатото: Ве сметавме за голем непријател…Времињата како што гледате, имаат среќен пресврт, па денес со вас се сретнуваме како сојузници.“ Во гратчето Невеска Чакаларов повторно бил пречекан како ослободител, во селото Загоричани македонските четници биле пречекани од андартските војски со невидена почит. Андартскиот војвода само што ја здогледал македонската чета истрчал и почнал да го гушка Чакаларов, против кого се борел пред една деценија. На Чакаларов му станало јасно дека на Македонија и се спрема најцрното можно сценарио. Тој бил свесен дека ќе нема никаква самостојност, државност и слобода и дека довчерашниот турски поробувач сега ќе го заменат три нови. Кога присуствувал во Солун уште повеќе се уверил во ова, се упатил во Софија да бара подршка од бугарските власти за ослободувањето на Македонија, но увидел дека и таму е иста ситуацијата како со Грците. Разочарувањето било огромно. Во борби со три војски Почнала Втората балканска војна. Васил Чакаларов повторно полн со желби, очекувања и амбиција за конечно ослободување на Македонија, пак се вклучил во борбите. Македонија веќе била поделена, во Егејска Македонија областите кои ги ослободиле четите на ВМОРО веќе биле окупирани од грчките војски, иста била ситуацијата и во другите делови со српските и бугарските војски. Бугарија загарабила најголем дел од Македонија, па затоа Србија, Грција, Црна Гора, Романија и Турција и објавиле војна на Бугарија. Во сета оваа заплетканост Македонците се нашле во средина. Ако за соседите ова беше меѓусојузничка војна, за Македонците беше братоубиствена војна. На пат кон Костурско Васил Чакаларов ја променил маршутата и се упатил кон Тиквешијата, пристигнувајќи им дал голема подршка на востаниците од Тиквешкото востание. На 17 јуни 1913 година четите предводени од Чакаларов се судриле со грчко-српските војски, при што борбата била тешка и макотрпна. Се повеќе паѓал моралот кај Македонците и надежта дека Македонија ќе добие автономија и ќе биде избегната поделбата. Во екот на борбите од Втората балканска војна станало се поизвесно дека Бугарија ја губи војната и дека нема да стигне никаква помош од бугарските власти, а се разоткриле и нивните планови. Но и покрај тоа што бугарските војски се повлекле, а поразот веќе бил признаен, македонскиот војвода Васил Чакаларов издал наредба четите на ВМОРО да продолжат со независна борба против сите војски. Така и било, бугарската војска се борела за едно, а Македонските чети за сосема друго, па така поразот на Бугарите не значел прекин на активностите на македонските чети. Всушност четите на ВМОРО во моментот претставувале независна македонска војска кој се борела против сите три држави. Следеле неколку судири со грчките војски во кои Чакаларов бил тешко ранет, но сепак го продолжил својот марш. Се одвоил со дваесетина четници за побрзо движење на теренот. Чакаларов бил предаден од двајца овчари при што следела престрелка со грчките војски во која биле изгубени двајца четници. На 9 јуни 1913 година кај месноста Лакато започнала жестока пресметка помеѓу Чакаларов и неговите соборци со грчката војска и жандармерија која била мобилизирана дури од 4 гарнизони само со една цел - фаќање на страшниот гркоубиец Васил Чакаларов. Во престрелката Васил Чакаларов бил смртно застрелан. Грчките војници со радост и неверување, дека го убиле човекот кој го бараат 15 години, се стрчале кон телото на војводата. По убиството на Васил Чакаларов, грчките војници му ја отсекле главата, ја сликале и ја разнесувале по улиците на Лерин со цел да го исплашат македонскиот народ. Сведоци на свирепиот чин биле неколку заробени четници од неговата чета, меѓу кои Илија Димушев и Васил Иванов. Група на грчки андарти и локални гркомани од Лерин во придружба на зурли и тапани ја носеле главата на Чакаларов кон затворот. Заробените четници, соборци на Чакаларов оделе заедно со колоната која ја предводел еден грчки офицер на бел коњ, командант на градот, додека, пресечената глава на македонскиот војвода била набиена на кол и била носена низ леринските улици, со извиците: „Го нема Чакаларов! Нема Македонија! Го уништивме Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!„ Васил Чакаларов е синоним за македонската борба за слобода и независност и за македонскиот непокор. Овој македонски великан својата борба не ја водеше само со турските власти, туку и со тогашниот најголем непријател на Македонија, трите соседни држави Грција, Бугарија и Србија, кои под превезот на братски народи не дозволија Македонија да се ослободи и осамостои. Преземено од написот на Никола Србов http://www.mkd.mk/makedonija/go-nema-chakalarov-nema-makedonija |
|
![]() |
|
Gogomk ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 18-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Друштво, морам да ви кажам за син ми (8 год.)што искоментира кога го виде првпат споменикот на Чакаларов, кај кружниот тек! Децава се оригинални!
Вика:" Абе, тато, зошто опашката на коњот му е толку високо? Да не прднал коњот? А, од која страна е поопасно да му дојдеш-од кај пиштолот, може да те пукне, а од кај опашката ќе прдне, па ќе те угуши!"... ![]() Децава се шоу!!! ![]() |
|
Mayor of the Lazy Town
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
во врска со споменикот на Тодор Александров(иначе сум кажал дека многу слабо стојам со историјата,нешто сега копам ваму таму) налекав на една слика каде неговата фамилија се сликала на неговиот гроб
![]() |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Главата на Тодор Александров во Скопје е иста со онаа на паметникот во Ќустендил,можеби има мала корекција.
Инаку сите негови паметници се исти,го прикажуваат со шапката. ![]() Edited by kiriOK - 21-Apr-2013 at 19:17 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Не знам за каде се наменети овие скулптури, ги видов вчера, поминувајќи покрај складиштата на Макпетрол.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Dexter26 - 27-Apr-2013 at 13:22 |
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
можеби за владата
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Овој нeкој македонски антички кошаркар на линија за слободни фрлања.
![]() ![]() Edited by HugoGoulding - 27-Apr-2013 at 14:29 |
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
![]() И сигурно е левучар ![]() |
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Сигурно ќе ги опнат на судот ( кој и да беше ), таму кај зградата на МТВ.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
таму треба 4 да се постават,барем по рендерите
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Да не ги стават на кровот на АЕК да си одговараат со МНР
|
|
![]() |
|
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
Arheoloski muzej, gradski park? ??
|
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
точен одговор, стратус!
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Да... Прекрасно се вклопуваат... За мерак си стојат...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Додека се градат нови споменици, старите пропаѓат... Толку типично за нашиот менталитет.
Се распаѓа споменикот на „Децата бегалци“ Украдени метални букви, полноглавци во некогашната фонтана, потеменет мермер и графити е секојдневна глетка околу споменикот на „Децата бегалци од Егејска Македонија“ во паркот Жена борец, спроти Парламентот. Додека овој споменик, кој потсетува на тажното минато на нашите сограѓани, скапува во овој парк и никој не се грижи за него, на само пет метри подалеку се сместени грандиозните споменици од мега-проектот „Скопје 2014“, кои постојано се чистат и се одржуваат. Споменикот на „Децата бегалци“ е изграден во деведесеттите години од минатиот век, по иницијатива на Македонците од Егејска Македонија кои секоја година поставуваат цвеќе на овој споменик, кој за нив е вечен спомен за нивните маки и страдања. http://www.plusinfo.mk/vest/91290/Se-raspagja-spomenikot-na-Decata-begalci |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од Webstagram. Интересен агол на спомеников.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Споменици и скулптури !!!
И пајтон !!! Но истовремено и јавен шински превоз, а не ми делува на класичен трамвај, освен ако не го видов убаво. ![]() Edited by Dexter26 - 14-May-2013 at 01:45 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 155156157158159 209> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |