![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4344454647 69> |
Author | |
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Има само двајца виновници во целава ситуација.
1. Менаџмент 2. Влада Првиве, како и секое јавно претпријатие, имаат недостаток од менаџерски способности, затоа што едино место каде ги употребиле своите квалитети било кога од пристапница се избориле да добијат членска, додека цел персонал со години е во кома затоа што знаат дека што и да направат на 5-ти ќе добијат плата, било да се на принуден одмор или со редовно работно време. Овие вториве се прочитан роман кога станува збор за инфраструктура. У овие 7 години, да купуеа 10 нови вагони и 5 гарнитури, немаше да се дешава да има чак 4 саати луфта измеѓу возови на станицата у Скопје, па едниот за Велес да е у 9, а другиот тек у 1. Па така у вакви денови и у денови кога е Прилепскиот пивофест ќе се пуштаат плус 4-5 вагони а и "погуст" ќе биде сообраќајот. Ама подобро е вака, 15 години да пцуеме по возови, за после 2 години Миле да ни донесе 2 гарнитури и заедно со премиерот да се повозат до Маџари и да ни кажат како ете после години мачно туркање по возови се исплатело што сме почекале. А 2 гарнитури чинат колку една безвезна триумфална порта... Иначе и мене истото ми се деси на 1ви мај. Си доаѓам нормално 15 минути пред воз да тргне, коа уствари и најчесто се поставува на перон, кога горе најмалце двојно повеќе патници од капацитет, плус доле на шалтери се штанцаат нови билети. Али као за утеха, на слична ситуација сум наишол низ скоро пола Европа. Едина разлика е тоа што не е исто да стоиш во Еуростар во Италија и во вагон од Гоша на плус 30. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во близина на Куманово
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Ништо ново од МЖ, можат само да повторат празни муабети и лажење во очи дека не е така, а сите лично сме гледале како во вторник или среда попладне одат 6-8 вагони до Битола, а во недела навечер или понеделник во 03:45 за Скопје 3-4.
Teшко и да добијат директна автобуска опција Велес - Скопје и обратно.Поради електронската распределба на линии, за километражата од Ве до Ск минимално растојание меѓу 2 тргнувања е 40 минути, така да е невозможно нови линии; со моменталните возни редови тргнувањата се на 15-30 мин., иако ниту еден превозник не е од Велес ![]() А за дивите таксисти, посебна приказна.Не е потребна некоја филозофија за да ги тргнат, ама стратегијата на социјален мир... Edited by Тркало - 11-May-2013 at 22:14 |
|
![]() |
|
totobobo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 247 |
![]() ![]() |
Еве нешто се превзема, ке видиме дали ке има некаков ефект
http://faktor.mk/archives/47017?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=za-nelegalen-prevoz-na-patnici-500-evra-kazna-i-odzemanje-na-voziloto Edited by totobobo - 11-May-2013 at 22:57 |
|
Interceptor design
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Очигледно дошло до некоординираност помеѓу сликата и текстот, зашто сликаното возило е на легален превозник Штуз Куманово. Вистинското прашање е зашто таква КРНТИЈА сообраќа на меѓуградска линија Куманово - Скопје и ДО КОГА? |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Укинат „Јадран Експрес“ - нема на море во воз од Белгард
По осум години возот „Јадран Експрес“ повеќе нема да сообраќа на релација Белград – Сплит. Како што објавува весникот „Новости“, Хрватски железници веќе немаат интерес српските туристи да одат со воз до брегот на Јадранското море, односно до Сплит. Хрватите бараат висок надомест па Железници Србија нема да ја пушти линијата до Сплит. Поради нерентабилност, „Хрватске железнице” пред шест месеци укинаа 46 возови во меѓународниот сообраќај, но на соседните земји им се дава можност да ги задржат лините со одреден надомест. Прво, беа укинати директните возови до Сараево и Загреб, а потоа пет воза за Цирих беа намалени на само еден. Од Железници Србија велат дека “Јадран Експрес”, беше многу популарен. Сообраќаше еднаш неделно, во петок, а се враќаше во саботата. Возот беше секогаш полн и секогаш имаше барања за дополнителни билети, посочуваат од српската железница. http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=4785 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
А да се потсетиме на некогашниот Диоклецијан експрес, кој имаше и директни вагони од Скопје за до Сплит, па да го споменеме и директниот воз за Бар и Сутоморе. А само знам дека и за двата воза имаше патници и од Македонија и од Србија. И двата воза се укинати од премногу „памет“ на националните железници.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
МИЛЕ ЈАНАKИЕСKИ, МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСKИ
Пругата кон Бугарија станува реалност Kон средината на септември ќе се приберат понудите за изградба и рехабилитација на делницата од Kуманово до Бељаковце, со што ќе почне проектот за железничко поврзување со источниот сосед Министерството за транспорт и врски најавува неколку големи инвестициски проекти со кои до 2020 година ќе се модернизира железничкиот сообраќај и конечно ќе се поврземе преку пруга со Бугарија и со Албанија. Министерот Миле Јанакиески вели дека на големо се работи на зафатите за модернизација и обнова на пругите и на железничките станици, а со набавката на нови локомотиви и вагони ќе се подигне квалитетот на железничкиот превоз во земјава. До каде се најавените подобрувања на железничкиот систем? - Веќе се во тек активности за ремонт на три железнички делници на Kоридорот 10 во вкупна должина од приближно 60 километри. Станува збор за инвестиција од 17,6 милиони евра со која целосно се ремонтираат делниците Табановце-Kуманово, Миравци-Смоквица и Ногаевци-Неготино. На првите две делници градежните активности почнаа лани во октомври и се очекува до крајот на септември оваа година истите да бидат завршени и да бидат пуштени во сообраќај. Во однос на делницата Ногаевци-Неготино, по спроведена постапка согласно правилата и политиките на Европската банка за обнова и развој, во текот на месецов е предвидено да се склучи договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и изведувачот на градежните работи. Оваа делница е во должина од 28 километри и вкупната инвестиција за ремонтот изнесува речиси 9,5 милиони евра. Градежните работи се предвидува да почнат до октомври и да завршат во рок од 12 месеци. Проектот предвидува замена на старите и дотрајани дрвени прагови со нови армирано-бетонски, замена на шини и колосечниот прибор, поставување дренажа по должината на пругата, односно подобрување на параметрите на горниот и долниот строј од пругата на трите делници. Kога ќе почне изградбата на долгонајавуваната пруга кон Бугарија? - За изградба и рехабилитација на делницата од Kуманово до Бељаковце до 16 септември оваа година е крајниот рок за доставување на понудите, по што ќе следува постапка за процена на истите, а потоа ќе се склучи договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и прворангираната компанија. Во фазата на претквалификација, од 16 компании што доставија понуди, девет ги исполнија условите. За оваа делница, која е со должина од 30 километри, комплетно е завршена изработката на основните проекти во јуни оваа година, за што обезбедивме грант од инструментот ВБИФ во висина од еден милион евра, додека парите за градежните работи се обезбедени од ЕБОР, во висина од над 46 милиони евра. За оваа делница, исто така, е обезбеден грант од инструментот ВБИФ во висина од 2,5 милиона евра за избор на консултантска куќа која ќе врши надзор над градежните работи. Во текот на следната недела, по претходно спроведена постапка, ќе биде склучен договор меѓу „МЖ Инфраструктура“ и компанијата „Обермајер“ за изработка на основни проекти, како и потребната документација за избор на градежна компанија за делницата Бељаковце- Kрива Паланка од Kоридорот 8, која е во должина од 34 километри. Ангажманот на консултантот ќе биде две години, од кои 18 месеци ќе бидат наменети за изработка на основни проекти, а последните 6 месеци ќе се спроведува постапката околу изборот на градежната компанија. Замена на шините Што ќе се работи на оваа делница? - Градежните активности на оваа делница ќе опфатат рехабилитација на постојната пруга преку подобрување на техничките карактеристики, замена на старите и дотраени прагови и шини со нови, поправање на лежиштата и обновување на изолацијата. Исто така, ќе се изгради нов мост во месноста Лопате и ќе се обноват постојните мостови, а ќе бидат инсталирани и нови кабелски водови, огради и безбедносни бариери за заштита од бучава и вибрации. Дополнително ќе се постават нови сигнално-сигурносни уреди и ќе се изградат три нови железнички станици, Kуманово Ново, Шупљи Kамен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Kлечовце и Довезанце, како и изградба на подвозници и надвозници. Kога ќе се заврши делот до бугарската граница? - Во однос на третата делница, од Kрива Паланка до граница со Бугарија, алоцирани се околу 3,5 милиони евра од ИПА-фондовите. Овие средства се наменети за изработка на целокупната проектна документација за оваа делница, која е неопходна за идни инвестиции во градежни активности. Предлог-проектот е испратен на одобрување до службите на Делегацијата на ЕУ во земјава и во тек се консултации околу опфатот, односно активностите што треба да се реализираат. По одобрувањето на предлог-проектот, ќе почне постапката за избор на компанија која ќе ја изработи потребната проектна документација. Очекуваме постапката да почне до крајот на годинава, а документацијата да биде изработена до крајот на 2016 година. Нови вагони Што е со пругата кон Албанија, исто дел од Kоридорот 8? - За овој дел од Kоридорот 8 се подготвени идеен проект, физибилити-студија и студија за влијание на животната средина за нова железничка делница од Kичево до границата со Албанија. Почнаа потребните постапки за избор на понудувач кој ќе го изготви основниот проект со кој ќе се комплетира проектната документација. Парите се обезбедени од европските фондови во висина од 8 милиони евра. Очекувам истиот да биде готов до крајот на 2015 година и конечно ќе се дојде до еден зрел проект што во иднина ќе може да се реализира со инвестиции во градежните активности за оваа делница, која е долга повеќе од 60 километри. Најавивте реконструкција и на повеќе железнички станици во земјава, вклучително и таа во Скопје? - По цели 33 години од изградбата на железничката станица во Скопје првпат се реализира еден ваков зафат за нејзино целосно рехабилитирање и надградба. Целта ни е да ги подобриме пристапноста, безбедноста и сигурноста, како и подобрување на информативниот систем на железничкиот сообраќај за сите патници. Оваа недела почна процесот за избор на изведувач на градежните работи и истиот трае до 3 септември. Очекувам најдоцна до јануари следната година да завршат постапките и да почне рехабилитацијата на железничката станица во Скопје. Овој проект ќе чини околу 2,5 милиона евра, кои се обезбедени од претпристапните фондови на ЕУ со национално кофинансирање од буџетски средства. С` на с`, со реализација на овој проект Скопје треба да добие модерна железничка станица која ќе ги задоволи и туристичките и безбедносните потреби на патниците. Ќе има ли нови локомотиви и вагони во возниот парк на железницата? - Паралелно со активностите што се поврзани со подобрување на состојбата на железничката инфраструктура во изминатите неколку години работевме и на проекти за подобрување на состојбата со железничките возила. Во септември минатата година обезбедивме 50 милиони евра за набавка на 4 дизел и 2 електромоторни патнички гарнитури, како и 150 товарни вагони од различни типови. Дополнително на ова се овозможи и реконструкција на пет електролокомотиви од возниот парк на „МЖ Транспорт“. Се планира до крајот на месецов да се објават огласите за избор на производител, а до крајот на годинава да се склучи договор и во рок од две години да се произведат шесте потребни гарнитури и 150 вагони. Kога ќе завршат овие проекти? - Во тек е подготовка на техничките спецификации за реконструкција на електролокомотивите во соработка со компанијата УРС од Англија и потоа ќе биде спроведена постапка за избор на компанија која треба да ја изврши реконструкцијата. Очекувам најдоцна до 2016 година да бидат произведени новите возни средства за македонските железници, а со тоа и овој проект успешно да се заврши и возниот парк во железницата да биде подобрен. Обнова на десет станици Kои други станици по Kоридорот 10 ќе се обноват? - Проектот опфаќа подобрување на состојбата и на условите на десет железнички станици и тоа во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Kапија, Градско и Неготино-Вардар. Во текот на овој месец документацијата ќе биде испратена до службите на Делегацијата на ЕУ во Скопје на одобрување. Очекувам до крајот на годинава да почне постапката, а со градежни активности да почне во првата половина од 2014 и да се заврши во текот на 2015 година. МарЈан Блажевски http://dnevnik.mk/?ItemID=BFAACA16776489438A126FA52108DFE8 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Колку и да сакам да поверувам во овие најави, ми се чини дека уште долго време ништо нема да се промени на терен, зашто видовме кои се приоритетите на оваа влада.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
До 2020 година ? тоа е многу касно ,додека Македонија не успеа веќе 20 години да направи железничко поврзување со 2 соседни земји баш е за смеење и плачење,до 2020 година кој знае каква железница ќе се измисли можеби 600 км на саат! кој знае, а тука кај нас не можат да направат железница со максимум брзина од 120 км на саат,ова требаше да биде готова дури во 2000-та година ,се надевам дека ке го убрзат проектов барем до 2016 да биде готов, а не до 2020 година.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Обично роковите за градба на нова пруга се горе-долу такви помеѓу 3-5 години! Она што фрапира е 3-4 годишниот рок за изработка на проекти и техничка документација. Ма ајде не ме за*бавајте, сето тоа може да се сработи за 1 година! Јасно е дека немаат ниту пари ниту намера да изведуваат вакви проекти и на овој начин симулираат работа. Ајдеее 4 години ќе изработуваат проект - смешно! Ова е поредното газење на интелектот од страна на оваа Влада, покрај се друго.
![]() Edited by Andrej_LJ - 06-Jul-2013 at 14:42 |
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
најиронично е тоа што веќе постоел проект еднаш, само да се преобработи треба, ништо комплицирано
изгледа чекаат да му помине времето на коридор 8 па после да ни тапат мозок како била неисплатлива таа пруга Edited by zabegan - 06-Jul-2013 at 15:48 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Пругата кон Бугарија станува реалност. Врз основа на што? Најави? Најави имаме 20 години, значи веќе е реална така.
Во Лондон метро линија изградија во 1860-та година, ние по 150 години уште ни линија со Бугарија немаме. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
од iNeOn4e на DevianArt
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Од Срѓан Адамовиќ, преземено од македонскиот форум на SSC
Знае ли некој од која година е картава. Или некоја друга информација во врска со истата? Очигледно е бугарска, поради употребата на одредени карактеристични букви од нивната азбука, а и Скопје го пишува како Скопие. Edited by Џоле - 15-Jul-2013 at 17:53 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
Се сеќавам на летото 1993-та, кога тогашниот директор на МЖ се појави на една емисија на МТВ и изрази невиден оптимизам: дека за/по една година од почетокот на работите на пругата кон Бугарија, што значи 1993-94-та, ќе сме се возеле со воз од Скопје за Софија... Лично, сметам дека пругата за Бугарија не е готова не само поради потценетата вредност за проектираните работи кои почнаа 1993-тата, не само поради украдените пари, туку пред се‘ поради игрите кои ни‘ ги „плетат„ овосветовните моќници, кои на секој можен начин не го допуштааат довршувањето на таа пруга и настојуват Солун да си остане и понатаму монополско пристаниште за јужниов Балкан, но и пошироко. А уште поголема трагикомедија е она кое до дознавам од нашиве медиуми, а во врска со предметната пруга: дека допрва ќе се изработува Идеен Проект (!!!) за пругата од Бељаковце кон границата со Бугарија, за кој се одвоени пари! Бог да чува... Идеен Проект за што? За веќе делумно изведена траса и придружни објекти? За нивно целосно обновување? За нови насипи, засеци, усеци, пропусти, мостови, тунели?... |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Има некои шпекулации(кои никогаш нема да бидат ни потврдени ни отфрлени со докази) дека и `случката` со поранешниот претс.К.Г. е поврзана со овие оски,дали да биди `вертикална` или `хоризонтална` оската низ Македонија.
Ова малку пооштро објаснување на твојот сомнеж Мики,само не е место овде за такви полемики Edited by gjoko - 29-Jul-2013 at 23:14 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе се реконструира пругата од Битола до границата со Грција
Ќе се реконструира железничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција. Со зафатот се планира обновување на приближно 17 километри колосек од крајот на станицата во Битола до границата со Грција, реконструкција на премини, поврзување на колосекот со новата индустриска зона во Жабени и изградба на нова железничка станица за прекуграничен сообраќај патен и товарен, со сите придружни објекти и нова сигнализација и телекомуникациски инсталации. Како што најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески градежните работи на оваа делница ќе започнат кон средината на идната година и ќе бидат завршени за 24 месеци, односно до средината на 2016 година. Тендерската документација е веќе изработена и доставена до службите на Делегацијата на Европската унија на одобрување. По нејзиното одобрување ќе почнат тендерските постапки кои се предвидуваат во втората половина на годинава. Јанакиески вели дека при подготовката на документацијата за оваа делница е земена предвид и стопанската активност и економскиот развој во пелагонискиот регион и развојот на индустриската зона Жабени кај Битола. „Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи подобрување на железничката инфраструктура во земјата како стратешка транспортна точка во регионот и ќе се зајакне протокот на меѓународна трговија и директниот пристап до Солунското пристаниште. Особено е значајно тоа што ќе се поттикне протокот на товарниот сообраќај и меѓународниот патнички сообраќај и користењето на железничкиот транспорт во трговијата“, вели Јанакиески. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=81FD293A30E77E4D9FED9738132884CC |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
за овој проект толку пати е пишувано по медиумите ,да сега воопшто не реагирам кога ќе прочитам.претераа со лажење
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Возовите за Кичево не ги исполнуваат ни основните услови за патување
Лошите услови во железничкиот транспорт се причината за сè помалиот број патници што секојдневно го користат возот Кичево – Скопје и обратно. Стотици студенти од Кичево, кои се на универзитетите во Скопје и во Тетово, тврдат дека и покрај повисоките цени, секогаш користат автобуси за патување до градот каде што студираат, не сакајќи да патуваат со воз поради лошите услови. - Кога возот се пушти одново по една подолга пауза, студентите го користеа повеќе, бидејќи им беше интересно и чинеше помалку. Сега не го користиме, бидејќи цената на билетите е речиси иста како и за автобусите. Условите се вистинска катастрофа, многу нечисто и нема доволни места за патниците. Постојат кабини за службени лица, внатре нема никој, а ние другите стоиме на нозе вели Јетмире Исмаили од Кичево, студентка во Скопје. Патниците коментираат и дека често поради големиот број на патници, во неможност да влезат внатре, треба да стојат во просторот меѓу два вагони, што е исклучително небезбедно. - Освен што беше ризично, беше и студено. Се работи за неизолиран простор и за еден час патување до Тетово ние речиси смрзнавме. Возот многу често доцни и ние треба да чекаме со часови, или има некој дефект и нас нè остава да чекаме на среде пат - вели И. Ќамили, студент во Тетово. Пред неколку дена премиерот Груевски најави инвестиции во железничкиот транспорт во земјава, почнувајќи од реконструирање на станиците, па сè од купување нови возови и вагони. Ф.Д. http://www.plusinfo.mk/vest/102065/Vozovite-za-Kichevo-ne-gi-ispolnuvaat-ni-osnovnite-uslovi-za-patuvanje |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4344454647 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |