Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#141 Posted: 26-Aug-2008 at 04:59 |
Чекај бе вардар пополека ништо не е усрано, не се нервирај. Главниот проблем на скопскиот аеродорм за малиот број патници го имам образложено поназад во врска со транзит зоната што ја немаме. Ваљда овие ќе ја направат.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#142 Posted: 26-Aug-2008 at 05:13 |
Главните причини за малиот број патници се:
1. Нискиот стандард
2. Визниот режим
3. Не сме туристичка дестинација
4. Сепак сме само 2 милиони
А за тендеров неможе ништо друго да се заклучи освен дека некој негде нешто утнал, дали поради штипскиот, дали поради 20-те години или нешто трето не е ни важно, вакви компании не се зезаат.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#143 Posted: 26-Aug-2008 at 05:18 |
Од овие 4 фактора, првите 3 не се долгорочни фактори. За 20 години стопати ќе се сменат!! Само 4-ката има некој линеарен пораст. Сепак како едниствен фактор за состојбата со малку патници го гледам транзитот!
Edited by lslcrew - 26-Aug-2008 at 05:23
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#144 Posted: 26-Aug-2008 at 05:45 |
Originally posted by lslcrew
Од овие 4 фактора, првите 3 не се долгорочни фактори. За 20 години стопати ќе се сменат!! Само 4-ката има некој линеарен пораст. Сепак како едниствен фактор за состојбата со малку патници го гледам транзитот! |
Ај те молам објасни ми кој конкретно ќе транзитира низ скопскиот и зошто е скопје подобра опција од приштина, тирана, софија или белград. Кловер веќе ти објаснил дека само големите хабови имаат и голем број транзитни патници, скопје нема никакви услови за тоа, но како што викаш може за 20 години се да биде 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#145 Posted: 26-Aug-2008 at 05:57 |
Зашто скопје нема таков аердром затоа и ниедна наша компанија неможе да пркне на регионалниот пазар. Види го кроација ерлинес! Партал прави со загрепскиот аеродром којшто не е нешто многу многу поголем од скопксиот. Зашто па скопје да не биде подобар избор од тирана приштина софија или белград. Пак ќе се вратам на 100-пати напраениот муабет дека скопје лежи на балканската раскрсница. тирана и приштина виделе аутопут само на телевизија!!! Скопскиот аеродром треба инвеститорот да го крене само на ниво на загребскиот или љубљанскиот и тогаш ќе се отвори простор за македонски компании кои побрзо ќе се кренат на пазарот и дури и ќе надмашат некои сегашни регионални компании. Лом ќе напрват поготово во карго транспортот. Сепак неможе преку ноќ, но за 6-7 години може да се достигне многу солидно ниво!!!
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#146 Posted: 26-Aug-2008 at 06:11 |
Originally posted by lslcrew
Зашто скопје нема таков аердром затоа и ниедна наша компанија неможе да пркне на регионалниот пазар. Види го кроација ерлинес! Партал прави со загрепскиот аеродром којшто не е нешто многу многу поголем од скопксиот. Зашто па скопје да не биде подобар избор од тирана приштина софија или белград. Пак ќе се вратам на 100-пати напраениот муабет дека скопје лежи на балканската раскрсница. тирана и приштина виделе аутопут само на телевизија!!! Скопскиот аеродром треба инвеститорот да го крене само на ниво на загребскиот или љубљанскиот и тогаш ќе се отвори простор за македонски компании кои побрзо ќе се кренат на пазарот и дури и ќе надмашат некои сегашни регионални компании. Лом ќе напрват поготово во карго транспортот. Сепак неможе преку ноќ, но за 6-7 години може да се достигне многу солидно ниво!!! |
Па каква врска има патната инфраструктура со транзитот??? И што го спомнуваш каргото, збориме што повеќе патници да собереме или карго???? плус мислам дека е сосема нереално да очекуваме македонски компании да фигурираат како играчи, па макар и на регионално ниво, нискотарифните само ќе растат, особено откако ќе се укинат визите. Идниот раст треба да се очекува со пoкачување на стандардот, визите и повеќе туристи, транзитот не е значителен фактор IMO.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#147 Posted: 26-Aug-2008 at 06:13 |
И друго, кој патник од која држава со која крајна дестинација ќе го користи Скопје како попатна станица?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#148 Posted: 26-Aug-2008 at 09:20 |
@vardar одличен коментар, потполно се слагам со тебе. Мислам дека успеавме да ја спискаме последната шанса за вистински чекор напред заради проклета мегаломанија
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#149 Posted: 01-Sep-2008 at 13:44 |
Еве едно новинарско видување слично на нашите...
ЗОШТО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАА САМО ТУРЦИТЕ
Штипскиот аеродром ги избрка европските компании
Консултантот
што ја подготви студијата за развој на аеродромите - холандската
компанија "Нако", забележал дека изградбата на карго аеродром во Штип е
нерационално решение, но Владата упорно инсистирала на тој услов од
идниот концесионер
Трите западноевропски компании кои учествуваа до последната фаза од
тендерот за давање под концесија на македонските аеродроми се откажале
затоа што Владата инсистирала на изградба на Штипскиот аеродром, иако
консултантот рекол дека тоа не е рационално, дознаваме од извори во
аеродромското претпријатие.
Од четирите компании кои дојдоа до последната фаза и кои македонската
Влада ги покани да учествуваат на тендерот за модернизација на двата
македонски аеродрома, конечна понуда за добивање концесија даде само
една - турскиот конзорциум ТАВ.
Останатите три големи имиња во авиобизнисот: групацијата "Виенски
аеродром" од Австрија, германската компанијата "Хохтиф ерпорт" и
француско-британскиот конзорциум "ЕГИС - Куптинг Сингер и Фридлендер"
не доставија понуди за концесија, иако беа во игра до последен момент.
Останува отворено прашањето дали единствената компанија која учествува
на тендерот - турската ТАВ ќе може да го исполни условот за изградба на
Штипскиот аеродром или, пак, Владата ќе мора да се откаже од него и да
направи приспособување според можностите на единствениот кандидат.
Друга опција е ако ТАВ не одговори на сите услови. Тогаш Владата ќе
мора да распише нов тендер, можеби со исклучување на Штипскиот аеродром
како услов.
Холандскиот консултант "Нако" предложил ако веќе Владата инсистира на
аеродромот во Штип, да го ослободи идниот концесионер од обврската да
го управува тој аеродром, затоа што ќе носи загуби.
Дознаваме дека Владата била подготвена на оваа отстапка, со тоа што
концесионерот за три години би го изградил аеродромот во Штип и би и го
предал на државата за да управува таа сама со него или да го даде на
друг концесионер.
Германците рекоа дека не можат да одговорат на барањата на Владата.
Претставници на "Хохтиф" изјавија дека донеле одлука да не учествуваат
на тендерот во Македонија и затоа не поднеле понуда. "По разгледувањето
на барањата кои се поставени за потенцијалниот концесионер, сметаме
дека овој проект не претставува остварлива понуда за нас", стои во
писмената изјава на компанијата со седиште во Есен, Германија.
ЕГИС веднаш по отворањето на понудите на 25 август соопшти дека поради
краткиот рок, по целосното дефинирање на тендерските услови, "не можел
целосно да подготви сеопфатна, обврзувачка и неусловна понуда во
согласност со стандардите за квалитет и одговорно стопанисување на
конзорциумот", и затоа одлучил да не даде понуда на тендерот.
Групацијата "Виенски аеродром" најави дека ќе прати известување, но се уште на ги кажа причините зошто не дала понуда.
Сите три компании, како и единствената која се пријави испратија свои
претставници на почетокот на август учествуваа на т.н. инвеститорска
конференција. Тие, заедно со луѓе од аеродромското претпријатие ја
посетиле и локацијата на која треба да се гради Штипскиот аеродром. Тоа
беше последната фаза од процесот за избор на концесионер. Во првата
фаза беше избран консултантот "Нако" од Холандија, кој препорача како
да се управуваат аеродромите. На тендерот за концесионер
заинтересираност покажаа дури 25 фирми. Владата одлучи дека само четири
од нив се сериозни кандидати и ги покани да дадат понуда.
Од извори во авиобизнисот дознаваме дека најпроблематичен дел од
тендерот е изградбата на Штипскиот аеродром, за кој Владата планира во
прво време да биде карго аеродром, со можност да прерасне во главен
аеродром во Македонија.
Неофицијално, консултантот што ја подготви студијата за развој на
аеродромите - холандската компанија "Нако", забележал дека изградбата
на карго аеродром во Штип е нерационално решение, иако идејата е
технички изводлива. Тие што ја виделе студијата се зачудени зошто
Владата инсистира на аеродромот во Штип, освен ако одговорот не лежи во
локал-патриотизмот на премиерот кој потекнува од тој дел на Македонија
или затоа што ВМРО - ДПМНЕ не сака да се откаже од тоа што им е
зацртано во партиската програма. Владини извори велат дека сакаат да
помогнат регионален развој на Источна Македонија.
Владата и Министерството за транспорт и врски на почетокот на
тендерската процедура за аеродромите најавија целосна транспарентност.
Но иако редакцијата "Вест" уште на втори јуни официјално ја побара
студијата од Министерството за транспорт и врски, ниту задолжените за
односи со јавност ниту, пак, кабинетот на министерот не одговорија на
барањето.
Експертите велат дека на Македонија не и треба уште еден аеродром оти
тој би бил пропадната инвестиција. Тие сугерираат дека ако треба да се
развиваат транспортните можности во Македонија, не треба да се гради
аеродром во Штип туку под итно треба да изградат патишта и пруги.
Турската компанија ТАВ, која единствена даде понуда, управува со три
аеродроми во Турција, вклучително и најголемиот истанбулски аеродром
"Ататурк", два грузиски аеродрома и еден аеродром во Тунис.
"Хохтиф" има акции во компаниите кои управуваат со аеродромите Диселдорф и Хамбург во Германија, Будимпешта, Атина и во Тирана.
Групацијата од Австрија, покрај Виенскиот аеродром, има акции во
Кошице, Словачка, и во германскиот аеродром во Фридрихсхавен.
Ако ја добие концесијата со аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ со нив ќе управува наредните 20 години.
А.Салтировска
***
ТАВ: Проектот е исплатлив со ЕУ и НАТО
Претседателот и главен извршен директор на ТАВ Мустафа Сани Шенер, во
првата изјава откако беше објавено дека турскиот конзорциум единствен
дал понуда за македонските аеродроми, изјави:
"Ако го погледнете проектот, ќе видите дека е сложен и тежок,
инвестицијата е скапа, 200 милиони евра, а бројот на патници е мал,
само 680.000, но веруваме во оваа земја, сметаме дека Македонија ќе
стане членка на ЕУ и на НАТО, и ќе се зголеми бројот на патници. Ќе
направиме се што можеме да го направиме Скопскиот аеродром еден од
најдобрите во регионот". |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156372&idg=8&idb=2463&rubrika=Makedonija
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#150 Posted: 01-Sep-2008 at 17:23 |
па нормално дека се надеваат на нато, но и не мора да влеземе во нато за да им го дадеме криволак и тие да влезат кај нас, на долго и на широко се спрема теренот за тоа веќе некое време, пр. центарот на циа за југоисточнаевропа се префрла од атина на кале во досега најголемата амбасада на уса во светот... не се толку наивни тав плус дефинитивно е фирма на владата на турција замаскирана преку мешовит конзорциум кој по потреба на нато почнува да стопанисува-оправа и подготвува теренот за можни или реални потреби на нато силите како што е со аеродромите во грузија, инаку за тоа плус доказ е и краткиот влез на тав во новиот ирански IKIA но по брзото демистифицирање од страна на иранската гарда беа набркани со изговор дека иран има потреба од аеродромот кој предходно веќе им го изнајмија...
...
значи дефинитивно не се работи за некаков приватен конзорциум ниту пак за наивна инвестиција туку се си е токму испрограмирано од нато, плус пази останативе три се повлекуваат во пет до дванаесет што е доказ дека разбрале колку е саат, а тоа со трите аеродроми е нормално да ги земе нато па нема да оди кај сто фирми да договара услови и начин на користење... има и една друга посвежа работа а тоа се односите меѓу грција-русија па ова е и еден начим малку да се освежат критички грците а воедно и верувам дека ваквата одлука е одобрена и подржана од турската армија на чие чело од завчера застана генералот İlker Başbuğ кој е со македонско потекло ништо не е случајно!
Biography: General İlker Başbuğ, the son of Macedonian immigrants, was born in the Afyonkarahisar province in Western Turkey in 1943. |
- од вчера инфото за родителите е трнато!!! најверојатно за да не се крева многу прашина во комшилукот ни јужно  ...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#151 Posted: 01-Sep-2008 at 17:50 |
 Интересно гледање, ама искрено со овој коментар, кај мене цел кредибилитет си го фрлаш во вода:
Originally posted by beTon
на кале во досега најголемата амбасада на уса во светот... |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#152 Posted: 01-Sep-2008 at 18:22 |
Originally posted by Cloverstack
 Интересно гледање, ама искрено со овој коментар, кај мене цел кредибилитет си го фрлаш во вода:
Originally posted by beTon
на кале во досега најголемата амбасада на уса во светот... |
|
тоа е најверојатно бидејќи USA ја имам маркирано како УСА така туку реално незнам која амбасада во свет им е поголема од оваа, а и нешто мислам чув и на вести -не сум сигурен, туку на таков простор дефинитивно има место и за хелиодром и за писта а ако го направат пловен вардар и пристаниште ќе видиме во иднина
_____________________________________________________________ edit: лошо сум чул се работело за најголема амбасада на Балканот со вредност од 50 мил. а во свет најголема им е ирачката... но со тоа српските паранои дека амбасадата е осум спрата под земја може и на крај и да испадне дека е најголема во свет а највеќе што е за греота е доминантната местоположба како тие да ни се влада, додека нашата влада во случајов делува нешто како музеј на современа уметност со антички декор! како тргнало ништо чудно и касарната илинден да ја поштомдосаат за своии потреби...
Edited by beTon - 02-Sep-2008 at 06:49
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#153 Posted: 02-Sep-2008 at 13:01 |
Кога читам вакви коментари, се чуствувам како да сум на форумот на Миленко - полно нагаѓања, и дезинформации.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#154 Posted: 02-Sep-2008 at 14:02 |
 OK да се вратиме на курсот....
Турски “ТАВ“ концесионер на аеродромскиот систем во Македонија

Турската
компанија “ТАВ“ е новиот концесионер на аеродромскиот систем во земјава
согласно со предлогот на Комисијата за давање под концесија и одлуката
на Владата за избор на најповолен понудувач.
Аеродромите “Александар Велики“ во Скопје и “Свети Апостол Павле“ во
Охрид ќе и бидат дадени на оваа компанија под концесија на 20 години.
Владата очекува со спроведувањето на овој проект аеродромите да добијат
подобрување, според светски стандарди на аеродромската инфраструктура,
и зголемување на капацитетите и авиосообраќајот. Исто така “ТАВ“ ќе го
гради и новиот карго-аеродром во Штип. Во периодот додека се под
концесија се очекува инвеститорот “ТАВ“ на скопскиот аеродром да
изгради нова терминална зграда, паркинг за автомобили, да се продолжи
полетно-слетната патека што ќе овозможи полетување и слетување на сите
типови авиони, да се изгради пристапен пат, заедно со изградба на нова
клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска навигација,
како и да се изгради нов карго терминал, нова противпожарна станица и
нов паркинг за воздухоплови. Турската компанијата ќе им обврска на
аеродромот во Охрид да го реконструира постоечкиот паркинг, да ги
реновира објектите во карго центарот како и да ја реконструира
постоечката административна зграда, да изгради ВИП објект, воедно и да
набави нова потребна опрема за аеродромот за да функционира согласно со
меѓународните стандарди.
Намерата за изградба на новиот карго-аеродром во Штип е да
функционира како алтернативен аеродром за потребите на цивилната
авијација со можност во иднина да прерасне во главен аеродром во
Македонија. За новиот карго аеродром во Штип се предвидува изградба на
полетно-слетна патека, на нова терминална зграда, да се изградат два
хангари за увоз и извоз, два хангари за гаражирање на воздухоплови,
изградба на административни објекти, паркинг за возила и на потребната
комунална инфраструктура а воедно и набавка на патролни и противпожарни
возила со цел оптимално функционирање, како и набавка на целокупната
потребна опрема за работа според меѓународните стандарди.
Откако избраниот концесионер ќе ја прими одлуката, должен е во рок
од 14 дена да регистрира компанија за посебна намена во Македонија и да
го потпише договорот за концесија со Владата, претставувана од
Министерот за транспорт и врски. | http://netpress.com.mk/vest.asp?id=38693&kategorija=2
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#155 Posted: 02-Sep-2008 at 23:05 |
Originally posted by La Linea
Кога читам вакви коментари, се чуствувам како да сум на форумот на Миленко - полно нагаѓања, и дезинформации. |
па незнам што поголем доказ ти треба од официјално и јавно дискредитирање на ВАТ во Иран, изгледа човек доколку се потруди да направи некаква анализа или да проба да фрли почисто светло на нечии нервозни прашалници и недоумици веднаш делува како конспиратор и демагог, напротив би требало да е обратно но воопшто немам време за спамување во таков правец... доколку имаш појаки докази еве бујрум отепај ги моите нагаѓања
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#156 Posted: 03-Sep-2008 at 00:00 |
Ја постирам статијава заради болдираните делови пред се заради проекциите за сообраќај за време на концесијата.
Турски ТАV ќе ги обнови аеродромите
Вкупната
инвестиција на ТАV за сите три аеродроми изнесува 230 милиони евра, со
тоа што концесионерот за 20-годишно стопанисување со аеродромите ќе
плаќа надоместок на државата во висина од 40 милиони евра
Турската
компанија ТАV airports holding од Истанбул ќе ги модернизира скопскиот
и охридскиот аеродром и ќе го гради новиот карго аеродром во Штип.
Одлуката ја донесе Владата, откако Комисијата за давање под концесија
на трите аеродроми ја предложи ТАV за најповолен понудувач иако таа ја
достави единствената понуда.
Според портпаролот на Министерството за транспорт и врски, Драган
Симоновски ТАV е обврзана во рок од 14 дена од приемот на владината
одлука да формира македонска компанија за посебна намена, да ја
регистрира во Централниот регистар на Македонија и со министерот за
транспорт да го потпише договорот за концесионерство. - Идниот
концесионер ќе има голем број на обврски и градежни зафати кои треба да
ги исполни во предвидените рокови. На пример, полетно - следната патека
на Александар Велики треба во рок од 20 месеци да ја продолжи кон југ
за 500 метри а за истиот период треба да изградат нова терминална
зграда и комунална инфраструктура со пристапен пат и нова клучка -
појаснува Симоновски.
За реновирање на административната зграда и карго-центарот на
охридскиот аеродром како и изградба на вип објект и пречистителна
станица, на новиот концесионер му е оставен период од 12 месеци. Карго
аеродромот во Штип, турската ТАV треба да го изгради за три години и по
тој рок ако одлучи да не го стопанисува, според тендерските услови
концесионерот може да и го отстапи на Владата. Вкупната
инвестиција на ТАV за сите три аеродроми изнесува 230 милиони евра, со
тоа што концесионерот за 20-годишно стопанисување со аеродромите ќе
плаќа надоместок на државата во висина од 40 милиони евра. Проекцијата
на ТАV е дека до 2029 година ќе го подигне бројот на патници од
сегашните 680.000 на 4,9 милиони годишно, од кои половина милион на
охридскиот аеродром што е речиси 10 пати повеќе од сегашната бројка.
Покрај тоа што оператираат со истанбулскиот аеродром Кемал Ататурк,
ТАV е присутен и во Анкара и Израел на два аеродроми во Грузија и
Тунис, а ги градат и аеродромите во Каиро и Катар. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=88FDE96954C05048B4AB6C23DF71599B
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#157 Posted: 03-Sep-2008 at 17:40 |
Ај да се надеваме дека конечно ќе имаме асален аеродром!
Овој веќе на ништо не личи!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#158 Posted: 03-Sep-2008 at 18:17 |
На А1 веќе видов, ТАВ објавија веќе првични рендери за аеродромите!
|
 |
maestro
Senior Member
Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
|
Quote Reply
#159 Posted: 03-Sep-2008 at 19:35 |
Да, само мене и не ми се допаднаа многу! Личеше на сложувалка со бои... Ама ај, ќе почекаме еден поквалитетен рендер
Edited by maestro13 - 03-Sep-2008 at 19:36
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#160 Posted: 03-Sep-2008 at 20:17 |
Тоа беа само скици кои владата им ги дала на турците и на која основа треба да работат. Не се никакви рендери.
Презентацијата во која се сликите не можам да ја најдам на сајтот на МТЦ кое комплетно батали транспарентност која беше навистина на високо ниво на почетокот. Но ќе се обидам да ги изрипувам сликите од А1 вестите.
|
 |