![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4445464748 69> |
Author | |||
vlatko.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 259 |
![]() ![]() |
||
Градоначаликот кажа дека инспирацијата за коцката на плоштадот ја црпел од Париз - во духот на ова би го замолил при следната посета на Париз заедно со премиерот да ги посетат Gare de Lyon и/или Gare du Nord и да се инспирираат за железницата
Верувам дека така ќе нарачаат еден TGV двокатен за во Македонија - макар бил и во ретро стил ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ти да го возиш овој воз на нашите пруги
![]() |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
![]() Токму од таа причина, мислам дека предлогот кон градоначалникот и кон премиерот треба да се надополни, така што и градоначалникот и премиерот би се враќале во Македонија со таков тазе најнов воз, возејќи со највисока можна брзина, така што од Србија би продолжиле кон Бугарија, па кон Грција, па од Грција би се враќале во Македонија со возот, се до Железничка Станица Скопје. Ако се вратат во едно парче за да раскажуваат за искуството, тогаш добро, во спротивно, барем на своја кожа ќе ги почувствуваат последиците од негрижата кон македонската железница. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Текстот го ставам во оваа нишка, за да се знае која ќе биде причината за дефинитивниот потоп на железничкиот патнички сообраќај. Во нормална европска земја, би се одело кон проретчување на меѓуградскиот автобуски превоз, но во Македонија очигледно дека обратно функционираат. Баш ме интересира што ќе превезува железница ако ова се прифати:
СЕ МЕНУВА ЗАKОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ МЕЃУГРАДСКИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ СООБРАЌААТ ПОЧЕСТО Утринскиот и попладневниот метеж и турканиците за слободни места во автобусите што сообраќаат од Велес, Тетово и од Kуманово кон Скопје ќе се решаваат со итни измени во законската регулатива за превоз во патниот сообраќај. По многубројните поплаки на граѓаните за малиот број автобуси, кои во ударните термини сообраќаат од соседните градови на Скопје кон метрополата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски поднесе предлог за измени во Законот за патниот сообраќај, кои веќе се во собраниска процедура. Според предложените измени, ќе се скрати дозволената минимална временска разлика меѓу поаѓањата на автобусите што сообраќаат на меѓуградски линии. Сегашната законска регулатива предвидува автобусите за дестинациите оддалечени од нула до 40 километри да поаѓаат со разлика од најмалку 20 минути, а за растојанија од 41 до 80 километри минималната разлика е 40 минути. Со предложените измени временската разлика меѓу две поаѓања ќе се скрати на 10, односно на 20 минути. Додека се чека решение на проблемот, кој се појави поради малиот капацитет на превозници, патниците што од соседните градови патуваат кон Скопје мака мачат да стасаат навреме. Проблемот е особено изразен на велешката автобуска станица каде што ниту летните одмори ниту горештините не го намалија метежот. Секој работен ден од 6 до 8 часот во утринскиот шпиц патниците чекаат во редици за да се качат во автобус и да заминат на работа во Скопје. Некои доаѓаат и со часови порано само за да фатат место. - Kолку порано дојдеш толку се поголеми шансите да најдеш слободно место. На овие горештини не е ни малку лесно да се стои еден час на нозе во преполн автобус за да се стигне навреме на работа. Работодавците повеќе не ги прифаќаат нашите оправдувања дека има метеж на автобуската во Велес. Најавите дека со летото турканиците ќе се намалат поради распустот на студените и на учениците, во практиката се покажаа дека не се точни - вели велешанката Васе Стефанова, која работи во Скопје. На мака се и граѓаните што имаат договорени лекарски прегледи во Скопје. Честопати се случува воопшто да не можат да заминат бидејќи во автобусите нема слободно место поради што им пропаѓаат прегледите. - Време е да се реши овој проблем оти за дваесетина дена турканиците ќе бидат поголеми. Од септември пак ќе патуваат учениците и студентите и тогаш ќе биде речиси невозможно да се стигне до Скопје - вели велешанката Снежана Стојчевска, која со години работи во главниот град. Во образложението на предложените законски измени се посочува дека тие се носат за да се реши проблемот со патување на жителите на Велес, Kуманово и Тетово, кои работат во Скопје. Таму се напомнува дека овие патниците во периодот од 6 до 8 наутро и од 15.30 до 17.30 часот попладне прават голем метеж на автобуските станици бидејќи редовните превозници немаат капацитет да ги превезат сите. - Со предложеното дополнување на Законот ќе се зголеми бројот на возни редови за нови линии, со што ќе се излезе во пресрет на сите патници за подобар и поквалитетен превоз. Со тоа ќе се спречи и вршењето таканаречен див превоз од овие градови кон Скопје, што се случува поради недостиг на капацитет од постојните редовни превозници - пишува во предлог-законот. Даница Тунтевска-ВуJовиЌ Петар Печков ПОЛНИТЕ ВОЗИЛА ИМ ПРЕЧАТ И НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Измените во законската регулатива ги поддржуваат и автобуските превозници. - Ако законот биде донесен наскоро, ќе се избегнат есенските турканици на автобуските станици. Верувајте, и нам ни е тешко да имаме преполни автобуси, но тоа го правиме за да им излеземе во пресрет на патниците за да може навреме да стигнат на работа. Притоа се соочуваме со казни бидејќи возиме патници што стојат. Предложените измени даваат можност домашните превозници од Велес, Тетово и од Kуманово да конкурираат и да добијат автобуска линија со место на тргнување од сопствениот град за што имаат приоритет. Така наједноставно ќе се реши проблемот - велат превозниците. http://dnevnik.mk/?ItemID=68C51B47D1BA484F9397D09A8EB63BD9 |
|||
![]() |
|||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
||
Интересно ти е размислувањето дека зачестените меѓуградски автобуси ќе го потопат патниот железнички сообраќај.
И која е таа законска регулатива дека за места оддалечени до 40 километри, автобусите поаѓале со разлика од најмалку 20 минути? Спореди примери за Куманово на поаѓањата Југ-Турист и Штуз кои се со разлика од 15 минути и тоа уште од пред неколку години. Не си го ни знаат законот, кутрите тие. Сега ќе ти го раскажам моето искуство кога претпоследен пат патував со воз. Бев трета смена на работа во Скопје, сабота спрема недела. Работев до 6 часот. Во недела бидејќи се редуцирани линиите и автобус имав дури во 07:30, одлучив да одам со воз кој поаѓаше некаде околу 06:15. Чекав на железничката станица во Маџари. Утринскиот воз од Куманово доцнеше, а го влечеше локомотивата која потоа требаше да биде презакачена за овој воз што ќе оди до Белград. И така дојде возот за Белград во Маџари после 07:00. Во возот, не знам точно како бидна целата збрка, веројатно некој патник не сакал да плати казнен билет, па кондуктерите одлучија да му наплатат казна од 800 денари. Патникот нејќеше да плати и кондуктерите го застанаа возот на следната станица во Илинден за да чекаат полиција. Бидејќи во Илинден нема полициска станица, викнаа полицајци од Петровец. А ним им требаше еден час за да дојдат. И така јас наместо во 07:00 да стигнам во Куманово, јас стигнав во 08:50. И оттогаш само еднаш се качив во воз. Значи заради еден безобразен патник сите останати да патат, беше капката што ја прелеа чашата. А ја наполнија речиси секојдневните доцнења при поаѓање од барем петнаесетина минути и ладните радијатори во зима. Наравоучението е:" не гледај во туѓото двориште, туку во своето". Edited by phenomenon - 18-Aug-2013 at 23:02 |
|||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Со сигурност е преди 1945 година,зарад стариот правопис. Предпоставувам тоа е во почетокот на XX век (вероватно планови около 1915-1918 година). Edited by ink - 18-Aug-2013 at 23:12 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Фала! |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Еве и мапа на коja се гледаот 1912 планови (ставам само линк,заштото е многу голема мапата) http://prikachi.com/images/994/6434994o.jpg Гледа се дека проек е имало за Охрид-Битола,а Скопje-Охрид да преминува преку Дебар. Интересно е каде ке е имало пруга мегу охридското и преспанското езеро... Edited by ink - 18-Aug-2013 at 23:16 |
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Јанакиески: Ќе се инвестираат 110 милиони евра во железничката инфраструктура
Со започнатите проекти како што се набавка на товарни вагони, модернизација на железничките станици и реконструкција на дел од железничките делници, железницата ќе стане атрактивна како за граѓаните, така и за компаниите Над 110 милиони евра ќе инвестира државата во реконструкција и модернизација на железничката инфраструктура. Со започнатите проекти како што се набавка на товарни вагони, модернизација на железничките станици и реконструкција на дел од железничките делници, железницата ќе стане атрактивна како за граѓаните, така и за компаниите. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за Вечер објаснува дека во насока на подобрување на железничкиот транспорт и инфраструктура Министерството за транспорт и врски во соработка со двете претпријатија задолжени за железниците во државата во изминатиот период презеде низа активности за подобрување на состојбите во делот на инфраструктурата, но и на транспортот. -Реализираме проект за набавка на нови вагони и машини со кои конечно по долги години ќе се обнови возниот парк во железницата. Обезбедивме 50 милиони евра за набавка на 4 дизел и 2 електромоторни патнички гарнитури, како и 150 товарни вагони од различни типови. Дополнително на ова, се овозможи и реконструкција на пет електролокомотиви од возниот парк на МЖ Транспорт". Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, до 10 септември треба да бидат доставени понудите за товарните вагони по што ќе следува периодот на евалуација и потпишувањето на договорот до крајот на годината, а новите товарни вагони се очекува да бидат доставени во текот на следната година. Со ваквиот чекор Македонски железници - Транспорт ќе го зголеми возниот парк и ќе ја зголеми можноста за превоз на поголеми количини стока, вели Министерот Јанакиески. Покрај тоа, потенцира Јанакиески, ќе бидат реновирани и железничките станици. -Покрај Железничката станица во Скопје, со средства од ИПА инструментот планирано е 10 железнички станици долж железничкиот дел на Коридорот 10" во земјава да бидат рехабилитирани. Според методологијата на приоретизација на железничките станици со мултикритерна анализа во која се земени повеќе параметри предвид меѓу кои и бројот на патници, бројот на жители во населено место, оддалеченост од населеното место - како приоритетни за реконструкција се рангирани железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино - Вардар. Веќе се изготвени тендерската и проектната документација и во следниов период се очекува усогласување и одобрување на истите од страна на службите на Делегацијата на Европската унија, објаснува министерот. Јанакиески потсетува дека е склучен договор за реконструкција на последната, од трите предвидени делници кои ќе се реконструираат, односно за пругата од Неготино до Ногаевци, инвестиција вредна околу 9,5 милиони евра, а претходно беше склучен договор и веќе е во финална фаза реконструкцијата на пругите од Табановце до Куманово и од Миравци до Смоквица. - Со реконструкцијата и преземањето на градежни активности, просечната брзина ќе биде од 100-120 километри на час, наместо досегашната брзина од 30 и 50 километри на час, потенцира министерот јанакиески и додава дека е предвидено е и ремонт со реконструкција на пругата Битола - Кременица за која е завршена потребната документација. - Се очекува градежните работи да започнат во средината на 2014 година и да бидат комплетирани за две години, вели Јанакиески. (Ал.С) http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=A16F0B9B28A4C14C9587340A341A8622 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Железница ќе добие шест нови модерни возови
По 35 години, Македонската железница ќе добие шест нови патнички гарнитури ( простор за патници и локомотива) по сите потребни стандарди, а инвестицијата во овој проект ќе изнесува 25 милиони евра, рече денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. „Набавката на четири нови патнички гарнитури со дизел погон и две нови гарнитури со електричен погон претставува инвестиција во железницата од 25 милиони евра. Овие патнички гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја по 200 патници) и истите ќе се користат на најфреквентните линии, и според анализите на ‘МЖ Транспорт’, со нив ќе се покријат 60 отсто од линиите што директно значи поудобен и поквалитетен превоз за корисниците на железничкиот транспорт“, рече Јанакиески. Ова е уште еден чекор, рече министерот, од реализирањето на стратегијата на Владата за подобрување на состојбите во железниците, односно конкретно имплементирање на проектот за обнова на возниот парк во железничкиот превоз. „Патничките гарнитури кои ќе бидат набавени треба да ги исполнуваат највисоките европски стандарди за превоз на патници, како во поглед на техничките карактеристики, така и во поглед на задоволување на стандардите за квалитетен превоз на патниците. Истите ќе бидат целосно климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни, ќе ги задоволуваат сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност односно ќе бидат направени согласно техничките стандарди за интероперабилност на Европската Унија“, појасни министерот. Обновата нема да значи автоматско зголемување на цените на билетите, а возовите ќе се движат со зголемена брзина од 100 до 120 км/ч. Јанакиески очекува договорот со избраната компанија да биде потпишан во декември, а најдоцна во почетокот на идната година, по што во рок од 12 месеци ќе пристигнат првите гарнитури кои сите наеднаш ќе бидат пуштени во сообраќај. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/54785116/zeleznica-ke-dobie-sest-novi-moderni-vozovi Edited by Џоле - 27-Aug-2013 at 20:45 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
||
Mile so 25 milioni evra ke dostignuva evropski standardi...
![]() |
|||
![]() |
|||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
||
Не знам колку е сериозно и прецизно oва, но еве.
_______________________________ Во какви возови ќе се возат Македонците? http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/128130-Vo-kakvi-vozovi-ke-se-vozat-Makedoncite ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by HugoGoulding - 28-Aug-2013 at 14:45 |
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Па би требало да знаеш колку е реално или вистинито ова:
- тендерот само што се објави, така што дури ни понудите не ги знаеме - курир заедно со вечер се најнедостоверните извори на информација - нашиве незналици (пред се мислам на Миле) дури не кажа кои се водечки критериуми на тендерот! Најверојатно ќе биде цената, така што со вакви гарнитури со сигурност нема да се возиме, јас мислам дека ќе добиеме руски МВМ како во Србија. А тие се далеку од ова покажаново на сликиве. Иначе твој пореден опит да ни докажеш колку ни е убаво и колку всушност овие вршат работа. Проблемот е што во секоја нивна најава има едно огромно ЌЕ! Edited by Andrej_LJ - 28-Aug-2013 at 15:18 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
От нашето изкуство,кое имаме со Siemens: Прво брзината - тоа 100-120 км/ч - ако пругата го дозволува. Кога не е изградена пругата за таа брзина...джабе. Доста леки,поради тоа не возат како старите. Ужасно неудобни за долги патуваниja. Ако седите повеке от 1 саат...се чувствувата схванати целите. Тоа са возови за кратки дистанции. Единственото убаво - климатизациja. Edited by ink - 28-Aug-2013 at 16:54 |
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
За тие пари мислам дека може да добиеме и нешто вакво http://vimeo.com/70396308
Реков мислам бидејќи не сум сигурен за цените, но сепак Словачка мислам дека не е земја која може да си дозволи многу скапи возови. Инаку прилично добри возови, ги исполнуваат сите услови од тендерот, плус имаат систем за надзор, систем за дигитално управување и систем за известување за станици (звучно и на дисплеј), имаат и добра комоција иако не се за предолги релации. Инаку Инк тоа 100-120км/ч можат да го постигнат и повеќето возови кои сега ги имаме но пругите не го дозволуваат тоа, сега во моментов се реконструираат некој сегменти од пругите низ Македонија кој се навистина во очајна состојба и властите ветуваат дека таа брзина ќе се исполнува на пругите низ Македонија, но вистината е дека просечната брзина на пругите низ државата повторно ќе биде ниска бидејќи треба премногу пруги да се реконструираат за 100км/ч да биде блиску до просечна. |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Можеби ќе звучам наивно, ама јас мислам дека какви било возови се подобри од сегашниве, се разбира, ако се нови. Време е конечно патниците кои ги користат услугите на МЖ да се чувствуваат како луѓе, а не како стока. Повремено се возам во нашите возови и секое искуство ми е трауматично, да му се невиди.
Edited by Џоле - 28-Aug-2013 at 19:29 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Мене само не ми се допаѓа нивната замисла дека со 6 нови возови се средува и ‚‚преродува‘‘ железницата во Македонија...
Преродија сѐ, само некако не им тргна во железница, патишта, економија... |
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
||
Па добро повеќе и не ни требаат по пресметкава: 2 дизел гарнитури на Скопје-Битола-Скопје 1 дизел гарнитура на Скопје-Кочани-Скопје 1 дизел гарнитура на Скопје-Кичево-Скопје 1 ел.гарнитура на Скопје-Гевгелија-Скопје 1 ел.гарнитура на Скопје-Табановце-Скопје Други релации немаме каде да возат , немаме релации како Велес-Битола-Велес, Прилеп-Битола-Прилеп или Велес-Штип-Велес (како регионални возови) , до Бељаковце линијата нема да се заврши во наредните 2 години што значи ни за таму не ни требаат нови гарнитури, а за до Крива Паланка, Охрид и Струмица да не правиме муабет или пак за прстен. Него мене едно не ми е јасно ,како би пуштиле нови гарнитури по онаа пруга Скопје-Кочани или пак Скопје-Кичево!? |
|||
![]() |
|||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||
Како и да е... Ова е еднакво на крпење улици... Никаков сериозен проект за подобрување на железничкиот сообраќај...
|
|||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Добро, а зашто ти требат дизелови гарнитури от Скопje например до Кочани или Битола директно, кога ел. гарнитурата за Гевгелиja преминува през Весел,тамо да те чекат 2 дизелови гарнитури - една за Кочани,една за Битола? Тоа да оди дизел гарнитура от Скопje до Битола директно или от Скопje до Кочани... си е хабене на дизел,коj е понеизплатлив+загадува. Зашто ти треба и отделна гарнитура за Скопje-Табановце,кога ел. гарнитурата може да е Табановце-Скопje-Гевгелиja? Не сум запознаен наполно со околностите,но мислам,тоа е многу пооптимално.
Да,да тоа зборам и jaс. Каj нас се jaви истиот проблем. Затоа не може да се верува на порталите,кои ти велат еве купуваме нови возови и от утре одат со 100-120 км/ч. Edited by ink - 28-Aug-2013 at 23:05 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4445464748 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |