Супер изгледа замислата за скопскиот аеродром, иако се сомневам во тоа дека би можело да стане регионален центар. Да не заборавиме дек Косово си го форсира својот аеродром во Приштина, Србите оној во Ниш, па не знам како тоа нашиот аеродром ќе се стекне со толку многу патници! Се надевам дека нема да биде промашена инвестиција!
Pa kaj mozhe da bide Aerodrom promashena investicija? Tie si imaat monopol lugeto ke patuvaat sea ushte da gi skinat vizite vo Evropska Unija pa ke bide mnogu po lesno za site.
Туку каде точно ќе се гради новиот терминал? Изгледа ќе го зафаќа просторот на стариот плус проширување према север, со што плус би се овозможила фазна изградба и релативно нормално функционирање до целосно комплетирање на новиот и рушење на стариот. Друга можна опција е комплетно поместување кон север, од другата страна на контролната кула, а со тоа би се зафатила голема површина од постоечкиот воен дел на аеродромот. Мене лично првата варијанта ми изгледа поверојатна.
Исто ме копка и она околу новата клучка...
Ајде веќе еднаш нека постават материјали на сајтот на ТАВ
Clover, Ako si primetil ima i VIP aerodrom izgradeno glanc nov od levata strana na Aerodromot. I da ne se pomeshame ne mislam VIP za Mobiltel Austria mislam VIP za povazhni faci sto ke dojdat vo Aerodromot i da ne chekaat vo redici pravo tamu da gi odnesat i po brzo da pominat pasoshka kontrola. Sekoj Aerodrom ima takvo chudo.
E toa e nova zgrada izgradena ili renovirana dali ke ja rushat taa zgrada ili pa ke ja ostavat taka??
Nego kako sto gledam Turcive ne se mnogu optimisti za kargo aerodromot vo Stip, ocigledno e deka nema da mislam deka ke napravat nekoja paricka tamu. Pa tuka se aerodromskite taksi ke lapnat nesto sigurno.
Скопскиот аеродром ќе биде број 1 не само на балканот
30.09.2008 15:14
Во
Истанбул може да се стаса на сите можни начини. Сепак, најголемиот број
туристи во турската економска престолнина патуваат со авион. Првата и
последната импресија за овој 12-милионски град ја добиваат на
аеродромот „Кемал Ататурк“.
Го изгради и го стопанисува
компанијата ТАВ, истата што ќе ги модернизира аеродромите во
Македонија. На аеродромот на кој во секоја минута слетуваат или
полетуваат по неколку авиони, не пречека првиот човек на оваа
компанија, една од најмоќните во Турција, Сани Шенер, истиот кој во
Скопје го стави потписот на концесискиот договор.
Не поведе на
прошетка по аеродромот која не можеше да биде куса бидејќи станува збор
за огромен простор. Истанбулскиот ќе биде само урнек за скопскиот.
„Ќе
направиме макета на овој во Македонија, но ќе биде помал. Помала
верзија на истанбулскиот аеродром, кој е најдобар во Европа“, изјави
Сани Шенер.
ТАВ во Скопје ќе гради нова терминална и
административна зграда и ќе ја продолжува пистата, Охридскиот ќе го
реконструира, а во Штип ќе прави нов аеродром.
Двесте милиони
евра се многу пари. Прометот на патници ќе мора да расте за
концесионерите во наредните 20 години да си ја повратат инвестицијата.
„Очекуваме
пет милиони патници во Македонија. Но за да се постигне оваа бројка, не
доволно само да направите аеродром. Хотелите и останатите придружни
бранши мораат да се подобрат во Македонија. Јас верувам во оваа земја.
На аеродромот „Ататурк“, во 2000, кога го зедовме аеродромов, бројот на
патници беше десет милиони. Сега таа бројка изнесува 24 милиони. “,
рече Сани Шенер.
Со пет милиони патници годишно, Скопскиот ќе
биде прв аеродром, не само на Балканот. На прашањето дали е ова
остварливо, Турчинот одговара уште поамбициозно.
„На
Балканот...Мислам дека е Виенскиот. Ви реков, ние сме многу амбициозни.
Виена ќе ни биде конкуренција. Нема да кажам Тирана, зошто треба да се
размислува во пошироки рамки. За Македонија ние имаме големи планови
Во
Истанбул летаат најпознатите светски авиокомпании на повеќе од сто
дестинации во светот. Турците планираат дел од големите имиња да ги
преселат во Скопје. Александар Велики да го направат концесиски
трансфер аеродром.
Главниот менаџер е строг, ама вработените на
македонските аеродроми не треба да се плашат за своите работни места.
Нема да биде отпуштен ниту еден, но од сите ќе се бара да работат
поефикасно.
Македонија ќе добие аеродром со кој ќе се гордее, а „Александар Велики“ ќе си го заслужи името, не уверува нашиот домаќин.
По една година нема да можете да го препознаете. Реконструкцијата почнува за деведесет дена.
Прво една критика за ТАВ, им пишав пред 3-4 дена за некоја поголема фотка и некоја информација, можеа барем да одговорат
Истанбулскиот ќе биде само урнек за скопскиот.
„Ќе направиме макета на овој во Македонија, но ќе биде помал. Помала верзија на истанбулскиот аеродром, кој е најдобар во Европа“, изјави Сани Шенер.
Мислам дека ататурк си е супер али треба да се трудат скопскиот да си биде оригинален, не само мал близнак на истанбулскиот.... иначе еве една макета од Ататурк
„На Балканот...Мислам дека е Виенскиот. Ви реков, ние сме многу амбициозни. Виена ќе ни биде конкуренција. Нема да кажам Тирана, зошто треба да се размислува во пошироки рамки. За Македонија ние имаме големи планови
Во Истанбул летаат најпознатите светски авиокомпании на повеќе од сто дестинации во светот. Турците планираат дел од големите имиња да ги преселат во Скопје. Александар Велики да го направат концесиски трансфер аеродром.
Најискрено се надевам дека грешам али ова малце ми звучи ..... незнам некако несериозно, па како ќе ги преселат големите имиња кога ТАВ само управува со аеродромот а не и компаниите, ваљда треба да има некоја логика за компаниите па они сами ќе си дојдат, се надевам дека грешам. Виена најголем на БАЛКАНОТ
По една година нема да можете да го препознаете. Реконструкцијата почнува за деведесет дена.
TAV Airport Holding-новиот “газда” на македонските воздушни пристаништа Дали Александар Велики ќе заличи на Ататурк? Добитникот на концесијата за
управување со македонските аеродроми, холдингот ТАВ, успешно управува
со седум аеродроми во Турција и регионот. Годишно на нивните аеродроми
поминуваат над 27 милиони патници, услужуваат над 275 илјади летови и
во 2007 година холдингот оствари приход од 507,5 милиони евра, што
покажува дека компанијата има јасна намера да стане регионален лидер во
овој бизнис. Дали оваа референца на турскиот холдинг ќе биде доволна
македонските аеродроми конечно да заличат на современите светски
аеродроми?
Турскиот аеродромски гигант ТАВ ја доби концесијата да управува на
20 години со аеродромот во Скопје, Александар Велики и оној во Охрид,
Свети Апостол Павле. Според условите на тендерот, Турците ќе треба да
изградат и карго- аеродром во близина на Штип.
Следејќи
ги развојните стратегии на ТАВ, во 2006 година, водечката инвестициона
банка во Америка Goldman Sachs International, австралискиот фонд
Babcock & Brown, Islamic Development Bank (IDB), Infrastructure
Fund (EMP) и Global Investment House станаа стратешки партнери на
холдингот TAV Airports, а во февруари 2007 година, 18,4% од своите
акции ги остави на јавна продажба.
Турскиот холдинг беше избран за најповолен понудувач, откако во
последната фаза од тендерот за давање на аеродромите под концесија
остана единствен понудувач. Зошто другите заинтересирани компании се
откажаа во последен миг никој јавно не сака да каже.
Турците на скопскиот аеродром ветуваат да изградат нова терминална
зграда, паркинг за автомобили, нова писта приспособена за слетување на
сите видови авиони, да изградат пристапен пат до клучката, да
инсталираат системи за земска навигација. Исто така се планира изградба
и на нов карго- терминал, нова противпожарна станица и паркинг на
авиони.
На охридскиот аеродром, пак, ТАВ треба да го реконструира постоечкиот
паркинг, да ги реновира објектите во карго- центарот како и да ја
реконструира постоечката административна зграда, да изгради ВИП-
објект, воедно и да набави опрема за аеродромот за да функционира
согласно меѓунардоните стандарди. Новиот карго-аеродром во Штип кој
треба да биде изграден, треба да функционира како алтернативен аеродром
за потребите на цивилната авијација, со можност во иднина да прерасне
во главен аеродром во Македонија. На овој аеродром се предвидува
изградба на писта, нова терминална зграда, два хангари за увоз и извоз,
два хангари за гаражирање на авиони, изградба на административни
објекти, паркинг на возила и на потребната комунална инфраструктура, а
воедно и набавка на патролни и противпожарни возила, како и набавка на
целокупната потребна опрема за работа според меѓунардоните стандарди.
Мустафа Сани Шенер претседателот на ТАВ аеродромскиот холдинг 350 милијарди долари ќе бидат инвестирани за обнова на аеродроми во следната деценија
“Во
наредната деценија, во светските аеродроми ќе бидат инвестирани 350
милијарди долари. Поради тоа ние ќе се вклучиме во трката за добивање
на нови тендери. Знаеме дека надоаѓаат 50 тендери и ние ќе се
натпреваруваме на нив. Покрај Абу Даби, тука е и Прага. Оваа година тие
ќе го објават тендерот и ние ќе се фокусираме на подготовките за Прага.
Постојано има тендери на светско ниво и ние сме квалификувани да се
натпреваруваме на тие тендери. Ветерот дува во вистинскиот правец во
нашиот сектор, па според тоа ние треба да го следиме", вели Шенер.
Дали турската компанија има капацитет да го реализира ветеното? За
каква компанија всушност станува збор? Ова се прашања кои останаа
неодговорени од надлежните.
Капитал истражуваше за да дознае повеќе детали за работењето на оваа
компанија и за нејзиното искуство во управувањето на другите аеродроми
во земјите во кои е присутен.
Кој е ТАВ?
ТАВ е основана во 1997 година, како заедничко вложување на турските
компании Тепе и Акфен групациите, следејќи ја нивната успешна понуда за
аеродромот во Истанбул, Ататурк Ерпорт Интернешнл. Тие веќе 11 години
го зголемуваат бројот на аеродромите со кои управуваат и преставуваат
пример за многу компании кои се вклучени во бизнисот со управување на
аеродромите.
Станувајќи успешна приказна во аеродромскиот сектор за многу кратко
време, ТАВ прерасна во експерт за оперирање со аеродромите во Турција,
како и во поширокиот регион.
Главната формула за успех на турската компанија, како што велат на
нивниот корпоративен сајт, е човечкиот капитал, а воедно нивните
аеродроми се опремени и со најсовремена технологија, од кои
истанбулскиот аеродром е најрелевантен пример за модернизацијата на
аеродромите со кои управува турскиот холдинг.
Поради своите амбициозни цели, ТАВ во 2006 година ги реструктурираше и
групираше своите услуги за операции со аеродроми и изградба, под TAV
Airports Holding” и “TAV Construction”, и сега доследно продолжува со
своите нови достигнувања.
TAV Airports Holding моментално управува со седум аеродроми, од кои
четири се во Турција, два во Грузија и еден во Тунис, со тоа што во
Тунис се гради уште еден аеродром кој треба да почне да функционира во
2009 година. Холдингот го презеде оперирањето и изградбата на трите
главни аеродроми во Турција (Истанбул Ататурк, Анкара Есенбоџа и Измир
Аднан Мендерес), како и аеродромот Анталија Газипаша. Надвор од
Турција, ТАВ оперира со аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија,
аеродромите Енфида и Монастир во Тунис.
По потпишување на договорот со македонската влада, бројот на аеродроми
со кои ќе управува холдингот ќе се зголеми за уште два. Нивна главна
цел е да обезбедуваат одлични услуги за илјадниците луѓе кои ги
посетуваат нивните аеродроми секој ден. Во склоп на ТАВ работат и
компании кои се подружници на холдингот, а кои обезбедуваат различни
типови на услуги- од превоз во рамки на аеродромот, безцарински услуги,
информациони и други услуги.
Следејќи ги развојните стратегии на ТАВ, во 2006 година, водечката
инвестициона банка во Америка Goldman Sachs International,
австралискиот фонд Babcock & Brown, Islamic Development Bank (IDB),
Infrastructure Fund (EMP) и Global Investment House станаа стратешки
партнери на холдингот TAV Airports, а во февруари 2007 година, 18,4% од
своите акции ги остави на јавна продажба. Последниот стратешки партнер
на TAV Airports е водечкиот аеродромски инвеститор во Централна и
Источна Европа, австриската Meinl Airports International, кој во
ноември 2007 година од Goldman Sachs, купи 10,1% од акциите на турската
компанија.
TAV Airports е исто така активен и во други области во управувањето со
аеродромите како што е одржување на слетаните авиони, оперативни услуги
и услуги за одржување, фришопови, служење на храна и пијалаци, ИТ-
услуги и обезбедување.
Аеродромите во Абу Даби и Прага следна цел на ТАВ
ТАВ аеродромите, секоја година услужуваат околу 285 илјади летови на
300 компании, со просечно 27 милиони патници. Со овој капацитет, TAV
Airports е меѓу лидерските аеродромски оператори во светот.
Аеродромите на турскиот холдинг живеат со вртоглава брзина 365 дена во
годината и 24 часа на ден. Според податоците на Turkish State Airports
Authority (DHMI) во 2007 година низ аеродромите на ТАВ поминале 30,4
милиони патници, што е годишен пораст од 9%.
Бројот на комерцијални летови изнесувал над 313 илјади што претставува годишен пораст од 8%.
TAV Airports Holding е лидер во секторот по фрекфенција на патници во Турција со пазарен удел од 45%.
Во 2007 година холдингот остварил приход од 507,5 милиони евра, што е
за 26,3% повеќе во однос на 2006 година кога бил остварен приход од
401,8 милиони евра. Растот на приходот примарно е резултат на порастот
на приходите во фришоповите, авијацијата, одржување на слетаните авиони
и угостителски услуги.
Бизнисот со бесцарински услуги создава најголем дел од приходот на
компанијата (39%), следен од приходот обезбеден од авијација и
одржување на слетаните авиони (38%) и приход од останати работи (23%).
Минатата година компанијата ја подобри својата пазарна позиција во
Турција и во светот, преку преземање на значајни проекти. Договорот за
закуп на Antalya Gazipasa Airport на 25 години, што е од големо
стратешко значење за турскиот холдинг, беше меѓу нивните најзначајни
домашни проекти.
Поради тоа што бројот на патнички авиони се зголемува цело време и се
очекува до 2020 година цифрата да се зголеми од 18 на 36 илјади на
планетарно ниво, а исто така и бројот на патници кои ќе се превезуваат
со овие авиони ќе се зголеми од 4,2 на 9 милијарди, преседателот на ТАВ
аеродромскиот холдинг, Мустафа Сани Шенер, во интервју за Њујорк Тајмс,
изјави дека постоечките аеродроми нема да бидат во можност да го
издржат растот на бројот на патници со постоечките капацитети. Тој
истакна дека очекуваат во наредната деценија, во светските аеродроми да
бидат инвестирани 350 милијарди долари. Поради тоа и тие ќе се вклучат
во добивање на нови тендери.
“Знаеме дека надоаѓаат 50 тендери и ние ќе се натпреваруваме на нив.
Покрај Абу Даби, тука е и Прага. Оваа година тие ќе го објават тендерот
и ние ќе се фокусираме на подготовките за Прага. Постојано има тендери
на светско ниво и ние сме квалификувани да се натпреваруваме на тие
тендери. Целото планирање што го правевме со нашите колеги се однесува
на ова. Ветерот дува во вистинскиот правец во нашиот сектор, па според
тоа ние треба да го следиме" вели Шенер.
Кои се аеродромите што ги управува ТАВ?
1. Истанбулскиот аеродром Ататурк
Успешната приказна на TAV Airports Holding започна на истанбулскиот
аеродром Ататурк, на меѓународниот терминал, што претставува пример за
многу компании вклучени во управување со аеродроми. Најнапредната
авијациска технологија се користи токму на тој аеродромот, кој услужува
300 авионски компании од различни страни на светот. Овој аеродром е
најрелевантна мерка за модернизација и беспрекорна услуга за ТАВ
аеродромите, кој го помина овој тест многу лесно.
Меѓународниот терминал на Ататурк аеродромот беше изграден преку
моделот Built-Operate-Transfer во рекордно време од 22 месеци.
Терминалот почна да функционира во јануари 2000 година и беше проширен
во 2004 година со изградба на дополнителен објект. Меѓународниот
терминал опфаќа површина од 268 илјади квадратни метри.
Холдингот ТАВ го презеде оперирањето со домашниот терминал на Ататурк
аеродромот во јули 2005 година. Со главната инвестиција во 2006 година,
25 години стариот домашен терминал беше модернизиран со нови технолошки
системи и претрпе темелно реновирање, вклучително и на надворешниот
изглед. Дневно на овој аеродром слетуваат и полетуваат приближно
650-700 авиони и просечно 64 илјади патници го користат аеродромот
секои 24 часа. За време на шпиц- сезоната, дневно поминуваат од 85-90
илјади патници со приближно 850-900 авионски слетувања и полетувања.
Вкупно на овој аеродром во текот на 2007 година поминале над 23 милиони
патници, што е за 9,12% повеќе во споредба со 2006 година. ТАВ овој
аеродром ќе го има под концесија до 2021 година.
2. Аеродромот Анкара Есенбоџа
Аеродромот Анкара Есенбоџа е единствениот аеродром во Турција кој ги
комбинира домашниот и меѓународниот терминал под еден покрив.
Преставувајќи го новото модерно лице на Анкара, со уникатен
архитектонски дизајн и отворениот поглед на терминалот кој им
овозможува на патниците полесен пристап до нивните дестинации,
аеродромот донесе свеж воздух во турскиот главен град.
Изграден по моделот Build-Operate-Transfer и завршен една година пред
предвиденото, Есенбоџа аеродромот се карактеризира со тоа што е најнов
и најмодерен аеродром не само во Турција, туку исто така и во Европа.
Вкупно на овој аеродром во текот на 2007 година поминале 4,96 милиони
патници што е за 9% повеќе во споредба со претходната година. ТАВ овој
аеродром ќе го концесионира до 2023 година.
3. Меѓународниот терминал на аеродромот Измир Аднан Мендерес
Терминалот е исто така изграден според моделот Build-Operate-Transfer и
завршен од ТАВ осум месеци пред предвиденото и почна да работи на 13
септември, 2006 година. Новиот терминал изграден од страна на ТАВ лежИ
на површина од 108 илјади квадратни метри. Служејќи му на градот кој е
исто така регионален центар, аеродромот Аднан Мендерес има многу
значајна улога во реализирање на туристичкиот и трговскиот потенцијал
на Западна Анадолија. На меѓународниот терминал оваа година поминале
1,6 милиони патници, што е за 10.3% повеќе во однос на 2006 година, а
компанијата ќе го концесионира до 2015 година.
4. Аеродромот Анталија Газипаша
ТАВ го доби тендерот за концесионирање со аеродромот Газипаша во август
2007 година и им е даден под наем на 25 години согласно договорот
потпишан на 4 јануари 2008 година. Аеродромот е изграден во 1999
година, лежи на 21444 квадратни метри, со годишен капацитет од 500
илјади патници со постоечката инфраструктура. Со проширување на
постоечката писта, ТАВ сака да го трансформира Газипаша аеродромот во
меѓународен центар кој ќе и служи на Аланија и поблиското окружување.
5. Меѓународниот аеродром Тбилиси, Грузија
Лоциран во главниот град на Грузија, се очекува аеродромот да стане
значаен мост помеѓу Европа и Азија во блиска иднина. Овој аеродром е
управуван од TAV Urban Georgia LLC од 31 октомври 2005 година. ТАВ-
Грузија, е подружница на ТАВ во која поседува 60%. Новиот терминал
изграден од ТАВ- Грузија, почна да работи на 7 февруари 2007 година, а
концесијата е во траење од 20 години. Во 2007 година на овој аеродром
поминаа околу 620 илјади патници што е за 8,7% повеќе во однос на 2006
година.
6. Вториот аеродром во Грузија: Меѓународниот аеродром Батуми
Управувајќи со меѓународниот аеродром Тбилиси од 2005 година, ТАВ го
продолжи инвестирањето во регионот и го презеде управувањето со
меѓународниот аеродром Батуми на 26 мај, 2007 година.
Со новата писта и терминална зграда, на меѓународниот аеродром Батуми
управува TAV Batumi Operations LLC., што е 60% сопствена подружница на
TAV Airport Holding.
7. Меѓународниот аеродром Монастир Хабиб Бургиба, Тунис
TAV Airport Holding започна уште еден аеродромски проект со аеродромот
Monastir Habib Bourguiba, лоциран во Тунис, туристичкиот центар во
Северна Африка, кој почна да работи на 1 јануари 2008 година. Турската
компанија ќе управува со овој аеродром 40 години. Иако капацитетот на
аеродромот е 3,5 милиони патници, тој во 2007 година собра 4,3 милиони
странски патници. Истата година приближно 35 илјади авиони слетаа и
полетаа од овој аеродром. Операциите во Тунис ги извршува ТАВ- Тунис,
подружница која е во целосна сопственост на TAV Airports Holding.
8. Новиот мост меѓу Турција и Тунис: Меѓународниот аеродром Енфида Зине Ел Абидине Бен Али
Турскиот аеродромски холдинг планира да започне со управување на овој
аеродром во 2009 година. Овој аеродром е втората операција на ТАВ во
Тунис и ќе биде исто така управуван од ТАВ- Тунис, на која и е даден
под концесија на 40 години. Моментално тој се гради и се наоѓа на 60
километри од аеродормот Монастир. По завршувањето на оваа инвестиција,
годишниот патнички капацитет на меѓународниот аеродром Енфидха Зине Ел
Абидине Бен Али се очекува да достигне седум милиони. Турскиот холдинг
очекува дека капацитетот на патници ќе биде 22 милиони по завршување на
сите фази.
Прво една критика за ТАВ, им пишав пред 3-4 дена за некоја поголема фотка и некоја информација, можеа барем да одговорат
Welcome to the club
Најискрено се надевам дека грешам али ова малце ми звучи ..... незнам некако несериозно, па како ќе ги преселат големите имиња кога ТАВ само управува со аеродромот а не и компаниите, ваљда треба да има некоја логика за компаниите па они сами ќе си дојдат, се надевам дека грешам. Виена најголем на БАЛКАНОТ
малку дилетантски напишано но можно е концесионерот да има до некаде влијание на овакви работи. Нормално главен критериум ќе биде дали ќе има или нема патници.
еве нешто што можеби ќе ве интересира, мислам дека може тука да го ставам
Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници.
Како најново и најсовремено превозно средство авионите последни биле
вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се
наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба ''Аеродром''.
Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград.
Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците
од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје
во 7ч наутро.
Прв пилот бил М. Јерошенко.
Есента 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени
авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи во
Зајчев рид и во стариот Аеродром.
Посетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.
Како куриозитет старите Скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон,
една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930
година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.
Во 1937 година во договор со авионското друштво “Аеропут” и Сидна,
Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со
Кралството и странство. Со оваа линија стасувал и весникот “Правда” од
Белград.
Покана од аеродромот “Скопје” до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија 1938 година.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum