![]() |
![]() |
![]() |
Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 16> |
Author | |
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
многу подобро ќе си беше електронските да бидат само надополнување/надградба на веќе проверен систем од странство. Апарат за продажба на билети во секој автобус, кој ќе работи на монети, плус дозвола на секоја можна продавница/тобако (нормално ако сакаат) да продаваат билети за едно возење или за возење со ограничен временски период. И крај на муабет. А вака ништо нема да направат, ама ај ваљда ќе увидат грешка па ќе се поправат со тек на време
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
„Т-МОБИЛЕ“ ЌЕ ГО МОДЕРНИЗИРА ЈАВНИОТ АВТОБУСKИ ПРЕВОЗ
ЗА „УМНИТЕ БИЛЕТИ“ ЈСП ЌЕ ПЛАТИ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ![]() Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе и плати на компанијата „Т-мобиле“ три милиони евра за воведување на системите за електронска наплата на билети и за автоматско следење во автобусите. Kонечната сума е за еден милион евра повисока од сумата со која ЈСП ги процени системите кога го распиша петтиот конкурс за набавка и монтирање на опремата. Договорот со компанијата с` уште не е потпишан, но е извесно дека наскоро ќе се случи, затоа што во понеделник на седница на Советот на град Скопје ќе биде донесена одлука за измена и дополнување на Инвестициската програма на ЈСП, со која ќе се зголеми вкупната сума што претпријатието ќе може да ја вложува во своите најавени проекти Грешка во процената Директорот на ЈСП, Мишо Николов е оптимист дека наскоро Скопје ќе добие современа наплата во автобусите и дека системите значително ќе го унапредат јавниот превоз. - Најповолна понуда имаше компанијата „Т-мобиле“. Ние, кога го распишувавме јавниот повик за набавка, проценивме дека се потребни 120 милиони денари, односно два милиона евра за двата система, а понудата на „Т-мобиле“ беше 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. За да можеме да го склучиме договорот мораме да направиме измена во Инвестициската програма во која ќе го зголемиме предвидениот износ - вели Николов. Во врска со тоа зошто првично предвиделе помалку пари, а на крајот сумата на договорот ќе биде за 50 отсто повисока од проценетата вредност на набавката, Николов објаснува дека се работи за лоша процена. - Станува збор за специфични системи што ќе се дизајнираат специјално за нас. Тоа не е како да одиш во продавница и да прашаш колку чини, на пример, една гума, па врз основа на тоа колку гуми ти требаат, да направиш процена. Бидејќи е специфична материја, затоа и ни пропаѓаа досегашните тендери - вели Николов. „Т-мобиле“ ќе има рок од 10 месеци за да ги воспостави системите. - Се надевам дека до наредната година ова време с` ќе биде готово. Ќе настојуваме пуштањето во функција да биде во јули или во август, кога има помалку патници за да може да се исправат некои грешки ако се појават, а тоа да не се одрази на патниците - вели Николов. Дел од потребните три милиони евра ќе ги обезбеди ЈСП, а дел Град Скопје. - За 2014 година во буџетот на Градот за оваа намена се предвидени 60 милиони денари, а со зголемувањето на проценетата вредност на овој проект, градските власти сигурно ќе дадат уште. Исплатата на средствата ќе се врши во три години - изјави Николов. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички На електронската аукција, која се одржа на крајот на минатиот месец, „Т-мобиле“ се натпреваруваше со фирмата „Виста“. Овие две компании ги минаа филтрите на тендерот кој беше распишан во април, а на кој интерес за бизнисот пројавија и „Асеко“ и „Асис електроник“ од Истанбул. Валидатори за електронската наплата ќе се постават во 500 автобуси, од кои 150 во приватни. Ќе бидат поставени три машини за продажба на електронските картички и тоа на пофреквентните автобуски постојки. Електронските билети ќе се продаваат и на 58 продажни места и билетарници. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди кои ќе ги користат контролорите. За системот за автоматска локација, избраната фирма ќе има задача да постави 50 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за колку време ќе пристигне одреден автобус. Овој систем ќе биде воведен само во градското подрачје, односно на поглавните сообраќајници. Во сите автобуси ќе треба да се постават ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да се опреми диспечерски центар во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски - Питу“. За воведувањето на овие системи беше донесена одлука на Советот на Град Скопје уште во времето кога градоначалник беше Трифун Kостовски. Електронската наплата значи дека патниците ќе имаат една картичка на која ќе ставаат пари колку што сакаат, а при влегување во автобус со приближување на картичката до читачот, ќе биде одземена сума колку за едно возење. Хартиените билети ќе бидат исфрлени од употреба, патниците нема да се задржуваат при влегување во возилото, ниту ќе купуваат билети од возачот. Овој нов тип наплата ќе го намали и времето на стоење на постојките, како и времето што е потребно за патниците да влезат во автобус и да ги поништат билетите, ќе ја намали готовината кај возачите, а претпријатието ќе има поголема контрола врз прометот. Со електронската наплата ќе се постигне единствена цена на возење во целиот градски и приградски автобуски превоз и кај јавниот и кај приватните превозници. Со системот за автоматска локација претпријатието лесно ќе го контролира времето на тргнување и пристигнување, како и на задржување на автобусите на станиците. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=EC5AC209AF12DD459553E509D18FCE14 Edited by jyvation - 14-Nov-2014 at 17:00 |
|
![]() |
|
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
МЛАДИТЕ БАРААТ ПОВЕЌЕ НОЌНИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ
Група млади средношколци и студенти преку флеш-моб/настан кај автобуската станица спроти Градската болница во Скопје, вчера побараа повеќе ноќни автобуски линии. ![]() Младите со шатори и вреќи за спиење, симболично испратија порака дека доколку не се воведат дополнителни ноќни автобуски линии, ќе мора да преспиваат на автобуските станици. ![]() Тие потсетија дека се потребни повеќе и почести ноќни автобуски линии за младите кои го користат јавниот превоз од најразлични причини како едукација, тренинг или излегување. Акцијата исто така го покрена и прашањето за безбедноста на младите во јавниот автобуски сообраќај. Тие поделија флаери и залепија постери низ поголем број на автобуски станици како и основни и средни училишта во Скопје. Младите кои се дел од иницијативата велат дека побарале и да се сретнат со раководните лица од ЈСП околу можноста за воведување на повеќе ноќни линии во главниот град. Иницијативата е поддржана од Националниот младински совет преку проектот Младинско граѓанско образование. http://www.radiomof.mk/mladite-baraat-poveke-nokni-avtobuski-linii/ |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Според кој критериум за Горно Лисиче има ноќна линија, а за Кисела Вода, Пржино, Топанско Поле, Шуто Оризари и Железара нема?
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
Bojan10 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 21-Jun-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Треба да има за секаде, па ако треба само еден патник да има нили празен да е автобусот. Ако се има пари за панорамски дркала за јавен превоз мора да има.
Срамота е човек да се почувствува дискриминиран заради местото на живеење. Многу лесно ќе ги шитне нивите на браќата експанзионисти и ќе дојде во Џеваир ќумезите. Географска дискриминација во 21 век... ![]() |
|
Од чаламот си патиме!
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Ти изгледа забораваш колку МНОГУ може да се украде од панорамското дркало, а колку МАЛКУ од јавниот превоз??? ![]() |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
малку да расчистиме-крадење е ако нешто сакаш да земиш без да те приметат,а земање/грабање е ич да не те боли дали те виделе или не
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ај вие што воопшто немате линии... а јас имам, ама џабе имам, треба да бирам дали ќе си одам дома во 1 или во 4 часот... и ако не дај боже го пропуштиш тој во 1 си чекаш поштено до сабајле, и тоа за да се возиш во канта во која те дува промаја
и на сето тоа, со сета дрскост ја кренаа цената на билет и не важат слободните, демек скапо им било горивото... да логично е да се крене цената, ама не е логично на ноќна линија на која се возат 5 души, наместо да се влече цел еден зглобен автобус, да ги пуштат во употреба минибусите кој и онака им се подарок од владата, која треба да работи за народот во целава земја, а не за нивното загубарско и тотално неодговорно претпријатие исто така, сите линии во исто време сообраќаат, и немаш опција да се префрлиш од автобус во автобус ![]() и имаат линии кои се поклопуваат, на пример 5-ка и 22-ка, а нема линии за други населби Edited by zabegan - 14-Nov-2014 at 22:06 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ќе го поддржам ставот за повеќе ноќни линии. Токму со оваа работа се соочувам во моментов и навистина не ми е јасно како некои поголеми населби, особено Кисела Вода, Чаир и Бутел немаат речиси никаква врска во ноќните часови, а Ѓорче Петров има три линии. Покрај тоа, сите линии од Ѓорче тргнуваат околу 1, речиси истовремено.
Најдобро е да се воведат посебни ноќни линии, кои ќе претставуваат спој на денските линии, да речеме на автобуската линија 2 и 50, која би одела од Сарај до Маџари, или на автобуската линија 5 и 7 од Ѓорче Петров до Лисиче итн. На овој начин, истите автобуси би возеле на овие линии, со што ќе се добијат зачестени поаѓања. И нема да постои дополнителен трошок. Edited by BOJAN - 16-Nov-2014 at 11:06 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Ова функционираше порано, ако не се лажам, не возеа по своите вообичаени линии. Инаку, да, Ѓорче е најпокриено со ноќни линии, буквално имаме некој автобус на секои 45 минути, што е добро и тоа не треба да се менува. За другите населби веројатно поефикасно би било осмислување на нови ноќни линии кои би возеле само тогаш, тотално различни од дневните, на пример: 24-ка би можела да оди од Кисела Вода до Чаир, или до Автокоманда/Маџари. |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Денес видов приватна 73 на Првомајска, релација Усје-Бит Пазар. Никогаш ја немав видено таа линија до сега и пребарувајќи низ Интернет најдов уште некои: 72 до Грушица (каде ли е тоа, да не е Грушино?),75 Чајлане-Арнакија, 76 Виниче-Црешево, 77 Зелениково-Страхојадица, 78 Горно Свиларе - Долно Свиларе. Дали возеле некогаш овие линии или само постоеле на хартија?
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Освен 73-ка, која функционира долги години наназад (едно време одеше и до Ѓорче како конкуренција на 5-ка, но ја укинаа), другиве не ми се познати, очигледно се работи само за предлог.
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Веројатно е дека се работи за линии слични на 60-ка, која оди од Матка до Дексион, т.е. до последна 5-ка. Имено, овие линии поврзуваат помали села кои се наоѓаат на голема оддалеченост од Скопје и за кои не би било исплатливо да се организира директна линија од центарот на градот. Па така, граѓаните патуваат со 67-ца до Зелениково, а од таму со 77 (најчесто комбе) до Страхојадица.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
За 60ка си грешка, си сообраќа директно до Транспортен центар.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
„Т-мобиле“ и со СМС ќе јавува кога доаѓаат автобусите
![]() Планерот за патување со јавниот превоз во Скопје, со кој патникот најлесно ќе се информира како да стаса од еден до друг дел на градот со автобус, ќе профункционира на веб-страницата на ЈСП кога ќе бидат воспоставени системите за електронска наплата на билети и за автоматска локација на автобусите. Овие два современи система, со кои ќе се унапреди јавниот превоз во метрополата, ги воведува компанијата „Т-мобиле“, која победи на тендерот вреден 3 милиони евра. Од компанијата најавуваат и други новитети, на пример, информирање за пристигнување на автобусите преку СМС-пораки, кои не беа предвидени во јавната набавка на претпријатието, а кои „Т-мобиле“ ќе ги воведе со новите системи. Полесно од една до друга дестинација - Kога ќе бидат функционални системите за електронска наплата и за локација на автобусите, на интернет-страницата на ЈСП ќе проработи и планерот на патување. Со негова помош патниците полесно и побрзо ќе може да дојдат од една дестинација до друга така што ќе знаат каде во моментот се наоѓа саканиот автобус - изјави директорот на ЈСП, Мишо Николов. Од „Т-мобиле“ објаснија дека веб-апликацијата директно ќе биде поврзана со потсистемот на ЈСП за управување со возилата. - Покрај планските возни редови, на страницата ќе има и планер, како и очекувано време на поминување возило на одредена линија на бараната постојка. Освен ова, ќе вклучиме и апликација за информирање на патниците преку СМС-порака на мобилните телефони. Патникот со праќање СМС-порака, во која ќе ја внесе шифрата на постојката и бројот на линијата, како одговор ќе добие исто така СМС-порака со трите последователни пристигнувања на возилата на назначената станица за бараната линија - информираат од „Т-мобиле“. За тоа дали ќе ги наплаќаат СМС-пораките и колку ќе чинат, од компанијата велат дека во моментов се работи на моделот кој ќе биде сличен со системот за наплата на паркинг преку СМС-порака, а повеќе детали ќе обелоденат понатаму. Инсталирање по Нова година Директорот на ЈСП, Николов, вели дека по Нова година треба да почнат конкретните активности за инсталирање на системите.<BR><BR>- Сега го добивме проектот од „Т-мобиле“. Има повеќе забелешки што треба да се усогласат. Набавката на опремата и монтажата е работа на компанијата. Она што можам да кажам е дека од 1 август наредната година пробно ќе профункционираат и двата система, а од 1 септември, со почетокот на учебната година, тие и официјално ќе бидат пуштени во употреба - рече Николов. Од „Т-мобиле“ велат дека имплементација на комплексното решение, кое се состои од два два потсистема, ќе трае 10 месеци. - Проектниот план за реализација на целокупното решение, во кој е вклучен и период од 1 месец за тестирање, е поделен во повеќе фази кои се хармонизирани со ЈСП. Набавките на опремата, софтверот и работната рака се одвиваат во согласност со проектниот план - велат од „Т-мобиле“. Оттаму додаваат дека се работи за опрема за систем за наплата на билети со електронски картички и со мобилен телефон и за систем за следење и контрола на сите градски автобуси. Опремата е од повеќе производители и е главно од земји од ЕУ. Дел од опремата ќе се инсталира во автобусите, дел ќе биде во рамките на ЈСП, а дел ќе лежи во дата-центарот на „Т-мобиле “. Kако што претходно беше најавено, ќе се постават валидатори за електронска наплата во 500 автобуси, од кои во 150 приватни. Ќе бидат поставени три машини за продажба на картичките, кои ќе може да се купат и на 58 продажни места. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди, кои ќе ги користат контролорите. За системот за автоматска локација, „Т-мобиле“ ќе постави 50 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за колку време ќе пристигне одреден автобус. Во сите автобуси ќе се постават ГПС-уреди. Економски и социјални придобивки Од компанијата „Т-мобиле“ очекуваат дека новите системи ќе ги подобрат превозните услуги, ќе се запазат пропишаните возни редови и ќе се намали времето на чекање. - Постои можност за воспоставување разни видови плаќања и за воведување повеќе тарифни системи. Не е за занемарување ниту заштедата на горивото поради рационализација на превозот и пократкото стоење на возилата на станиците, а со тоа и помалото загадување на воздухот. Еколошкиот момент е присутен и во замената на постојните хартиени билети, кои досега најчесто завршуваа на улиците и тревниците, со билети со чип, чија трајност е најмалку 10 години, а важноста на билетот е 4 години - велат во „Т-мобиле“. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=213F3273B9F4184C84AC838D04F8F5B0 |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Од денес се монтираат уредите за смарт-билети во автобусите
Од денес во автобусите се вградува системот за користење на смарт билетот. Ќе се монтираат уреди за одземање пари од картичките, а ќе се постават и уреди за контрола на движењето на автобусите, пренесува „Вест“. Системот ќе се инсталира во 350 автобуси на јавното сообраќајно претпријатие “Скопје” и во 150 автобуси на приватното претпријатие “Слобода превоз “. Мишо Николов, директор на ЈСП “Скопје”, вели дека процедура ќе заврши за девет месеци, по што хартиените билети ќе се заменат со смарт билетот. - Во автобусите ќе има валидатори за новите билети, кои ќе можат да се полнат со пари во билетарниците на ЈСП, како и на три локации на кои ќе бидат поставени машини за надополнување. Најверојатно, ќе има на најфреквентните станици, како на Рекорд, на Бит -пазар и кај Транспортен центар. Но точните локации допрва ќе ги одредиме”, рече Николов. Тој најави дека, паралелно, ќе се постават уште 40 дисплеи на постојките, на кои патниците ќе можат да проверуваат кој автобус кога доаѓа. - Преку ГПС уредите во автобусите ќе се следи нивното движење, односно ќе се знае кој автобус каде се наоѓа во моментот, а на тој начин на информативните табли ќе се појавуваат информации за времето на пристигнување на автобусите”, вели Николов. http://republika.mk/?p=380697 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
значи една јавна акција со предавање на билет од човек на човек, и одма се укакаа од ЈСП случајно да не им се намали прометот...
нити протест, ни ништо, само по џеб изгледа треба да маваме, како што тие не маваат нас ...инаку некој ќе си распишуваше тендери по 150 пати а за дисплеи на постојќите, се надевам дека не е гола вода, ваљда конечно и ние ќе влеземе во 21-ви век |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Автобусите на ЈСП добија систем за автоматска локација и електронска наплата (ФОТО)Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и директорот на Јавното сообраќајно претпријатие -Скопје, Игор Јанушев, денеска извршија увид во инсталирањето на Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата во автобусите на ЈСП- Скопје, во автобазата на ЈСП во Автокоманда.
- Со воведувањето на Системот за автоматска локација на возилата и електронска наплата, за кој ЈСП распиша тендер и избра фирма за негова реализација, Градот Скопје и неговите граѓани ќе добијат побрз и поквалитетен градски превоз. Овој систем овозможува од контролен центар да се следат автобусите во реално време, дали се запазуваат пропишаните возни редови, како и можност на благовремени корекции и намалување на времето на чекање согласно со моменталните случувања во сообраќајот на градските улици, како и добивање реална слика за бројот на превезените патници по категории. Системот, исто така, дава можност за воведување нов тарифен систем / нови типови на билети: билет со можност за преседнување од еден автобус во друг, односно од една линија на друга линија, со ограничено времетраење, зонски билет, дневен билет, неделен билет, викенд билет и др.Во прво време истиот ќе почне да функционира согласно со постојниот тарифен систем, но во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем. Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата ќе биде инсталиран во 500 автобуси, од кои 384 автобуси на ЈСП- Скопје, а 116 на приватни превозници, и граѓаните ќе можат еден билет да користат за возење во автобусите и на приватните превозници и на ЈСП. Средствата од продажбата на автоматските билети ќе ги добива Градот Скопје, а на превозниците Градот ќе им префрла средства по поминат километар. Се надеваме дека со воведувањето на овој современ систем ќе имаме целосна контрола на редот на возење на автобусите. Во моментов опремата е инсталирана на 200 од 384 автобуси, преостанатите се очекува да бидат инсталирани до крајот на месец мај. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе издвои околу 3 милиони евра, а се очекува Системот да почне да функционира во месец септември- истакана градоначалникот Треајановски.
Директорот на Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, Игор Јанушев, потенцираше дека со инсталирањето на овој систем на граѓаните ќе им се понуди побрз, поквалитетен и побезбеден превоз. Исто така, го најави воведувањето на три типа билети, односно електронска картичка, којашто граѓаните ќе може да ја користат и во приватните и во автобусите на ЈСП, персонализиран билет, кој ќе биде со фотографија и лични податоци и третиот тип на билети- службени легитимации. Јанушев најави дека системот пробно ќе се пушти во текот на месеците јули и август. Воведувањето на овој систем ќе им овозможува на граѓаните плаќањето да го направат со мобилен телефон, во готово, со кредитна картичка и со смарт картичка. На располагање на граѓаните ќе им бидат 61 место за надополнување и продажба на картички во кои влегуваат и три автономни автомати за издавање и дополнување на картичките.
Во делот на информирањето, патниците ќе имаат големи придобивки поради навремено добивање информации поврзани со патувањето и тоа за: тековната и следната постојка, како и некои други битни информации во врска со превозот (прекин на одредена линија и слично). Исто така, на автобуските стојалишта ќе има над 50 информациони дисплеи за пристигнување на автобусите, испраќање SMS порака преку која патникот ќе добива информација за неколку следни пристигнувања на автобус на бараната линија, преку веб апликација на која покрај времето на пристигнување на одреден автобус на одредена постојка, ќе биде на располагање и т.н. планер на патување кој ќе го дава најкраткиот и најбрзиот пат помеѓу 2 места во Градот со користење на јавниот превоз. Edited by daci92 - 07-Apr-2015 at 13:20 |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Повторно ќе речам браво или фала богу! Како и да е, одлично е што мрднавме
![]() Едвај чекам да профункционира целосно ![]() |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 16> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |