![]() |
![]() |
![]() |
Железници (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5152535455 69> |
Author | ||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
|
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
Това къде е и за къде е????? За Куманово-Беляковци ли?????
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
![]() Geny ова е на железничката станица во Велес.Е сега можно е да е и за Ногаевци-Неготино бидејќи таму се врши ремонт на таа делница. Edited by jyvation - 18-Oct-2014 at 11:31 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Деркоски: По цели 35 години се модернизира железничкиот сообраќај во Македонија
Сабота, 18 Октомври 2014 10:26 Инвестициски бум се случува во железничкиот сообраќај во Македонија, се набавуваат нови и најсовремени возови и вагони, се реконструира железничката инфраструктура, а се градат и нови пруги кои ќе ја поврзуваат Македонија со соседните земји. А тоа, како што вели директорот на Македонски железници – Транспорт, Оливер Деркоски, е само почеток кон приближување на нашата железница до европските и светските железници. Ова за патниците како што рече тој ќе значи подобри условите во железничкиот сообраќај, задоволување на сите безбедносни стандарди како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност. derkoski5000 Господине Деркоски вкупно 150 нови товарни вагони се очекува да пристигнат кон крајот или почетокот на идниот месец. Што ќе значи тоа за железничкиот сообраќај во Македонија? - Во рамките на проектот за обнова на возниот парк на Македонски железници АД Транспорт е и набавката на нови 150 товарни вагони. Како што кажавте на почетокот на наредниот месец очекуваме да пристигне првата група од 15-тина товарни вагони, а до крајот на годината ќе пристигнат сите 150 товарни вагони онака како што е и предвидено со договорот со добавувачот ЖОС Трнава од Словачка, којшто го склучивме во текот на изминатата година и којшто постепено се реализира. Очекуваме со тоа да го подобриме нашиот возен парк со два типа на нови товарни вагони коишто ќе можат да помогнат многу во развојот на транспортот, односно во железничкиот сообраќај. Тоа би значело пред се` после 35 години период набавка на нови средства во товарниот сообраќај коишто ќе придонесат за транспорт во контијнерскиот сообраќај, меѓутоа секако ќе користат и во транспортот на руда, јаглед и останати стоки во нашата држава. vozovi500 По цели 35 години по македонските железници ќе се возат нови возови по светски стандарди. Ќе се набавуваат нови шест железнички гарнитури, кога се очекува да пристигне првиот таков воз во Македонија? - Согласно договорот со кинеската компанија CSR Corporation Limited треба шесте гарнитури на возила да почнат да пристигнуваат веќе од август наредната година, првиот воз да пристигне во август и до крајот на 2015 година да се заврши целата процедура на набавка на новите патнички возови. Како што можат нашите сограѓани да видат во периодот во кој што полека ги промовираме тие нови возови, може да се примети дека се тоа возови кои што ги исполнуваат сите европски стандарди, од најсовремен тип, возови кои што ќе бидат климатизирани, со вакум тоалети кои што ќе бидат со посебен простор за лица со посебни потреби, комплетно модерен воз кој што ги задоволува сите европски стандарди. Сметам дека ќе се случи една мала револуција во промената на имиџот на нашата компанија затоа што мораме да признаеме дека сегашниот имиџ на нашата компанија е малку лош, заради средствата кои ги имавме во изминатите 30-40 години. Стари се, тешко се одржуваат, многу често се предизвикуваат дефекти на самите средства, меѓутоа ова ќе значи еден прв чекор во промена на тој имиџ на позитивно и ќе значи зголемување на искористувањето на средствата на Македонски железници и транспорт. Возовите ќе бидат со проектирана брзина од 140 километри на час, меѓутоа не секогаш зависи брзината на возот од самиот воз, тоа треба да го дозволува и пругата и од тие причини сметам дека зафатите кои се преземаат на самата инфраструктура ќе го овозможат тоа, а фрекфенцијата која ќе ја направиме со новите возни средства ќе овозможи граѓаните многу почесто да мигрираат од град во град, од село во град, во различни краишта од нашата држава, а со тоа и да ги остваруваат своите потреби. interior-voz-nov500 Господине Деркоски најавена е и целосна реконструкција на главната железничка станица во Скопје. До каде е тој проект и кога ќе можеме да го видиме новиот и современ лик на железничката станица? - Се очекува пролетта 2015 година, април-мај месец, да заврши реконструкцијата на железничката станица во Скопје. Тоа е согласно проектот и изведувачот којшто ги работи работите на централната железничка станица. После долги години станицата ќе го добие заслужениот лик, а и патниците коишто се многу често на таа станица ќе имаат малку подобри услови од она што сега го имаат. Ќе имаат можност да бидат присутни на една вистинска железничка станица, онакви какви што ги има насекаде во Европа и во светот. Со тоа ќе ги задоволиме и практично сите стандарди и потреби на граѓаните при користењето на воз. Во тек е и реконструкцијата на железничката инфраструктура на Коридорот 10. Колку делници досега се реконструирани и кога се очекува да биде завршен целиот проект? star-voz500 - Во рамките на проектот за искористување на средства од ИПАРД програмата и проектот за кредит од Европската банка за обнова и развој за реконструкција на железничката инфраструктура, досега се реконструирани две делници од Куманово до Табановце и од Смоквица до Гевгелија, меѓутоа сега е во тек последната трета делница од Ногаевци до Неготино, којашто сметам дека ќе биде навреме завршена и некаде наредната пролет до крајот на мај месец ќе биде ставена во функција, онака како што е предвидено, а работите коишто ги изведува изведувачот се одвиваат со полна динамика, така што сметам дека конечно Коридорот 10 ќе го направиме да биде коридор на којшто ќе можат нашите возови да се движат со проектирана брзина од 120 км/ч, а со тоа ќе се зголеми и протокот на стоки и патници на истиот коридор. Многу беше битно да се изврши оваа реконструкција на повеќе делници на Коридорот 10, затоа што преку 35 години не беше интервенирано на истиот коридор, а тој е најискористуваниот во нашата држава и пошироко. Транзитираат преку 1.000 возови годишно на тој коридор, а се врши и главниот увоз од пристаништето во Солун кон главните центри во нашата држава преку истиот коридор. Овие работи беа неопходни и согласно предвидената динамика се завршуваат навреме и сметам дека во наредниот период ќе имаме и спремна инфраструктура за новите возни средства коишто ќе ги најавиме. Неодамна беше означен и почетокот на изградбата на железничката инфраструктура од Коридорот 8, односно пругата до границата со Р.Бугарија, до каде е тој проект? - Тоа е продолжување на стариот проект за изградба на пруга кон Бугарија, сон кој долго трае. Конечно се одлучи Владата преку Министерството за транспорт да се исфинансира и д го изработи овој проект. Работите се одвиваат на првата фаза за реконструкција на постоечката делница од Куманово до Бељаковце за првите 40-тина километри и се одвиваат согласно динамиката што е предвидена, ќе има изградба на навистина добра делница. Во тек е обезбедување на средствата за втората делница до Крива Паланка, а се работи и на делот од Крива Паланка до бугарската граница. Паралелно со тоа се работи на продолжување на Коридорот од Кичево до албанската граница и предвидено е комплетно да завршат работите во 2022 година, со целокупна изградба на нов Коридор 8, комплетно изграден и рекоструиран во старите делници и електрифицирана пруга и тоа ќе значи една огромна предност за нашата држава затоа што делницата од Скопје кон Софија во должина од 220 километри ќе можеме да ја поминуваме многу брзо, ќе можеме да транспортираме стока и патници брзо. Правиме и приклучок кон пристаништето Драч во Албанија кое е на околу 300 километри од Скопје. Тоа е алтернативен приклучок за излез на море кој е неопходен со ситуација која постојано се соочуваме со тивки блокади од страна на Грција, од страна на службите во пристаништето, грчката железница, од страна на грчката царина итн. комбинирани блокади кои предизвикуваат огромни штети за нашето стопанство. nov-voz500 Како што можевме да заклучиме се модернизира целиот железнички сообраќај во Македонија. Колку со тоа нашата држава се доближува до железничкиот сообраќај во останатите европски држави? - Тоа беше и целта на целиот овој циклус којшто го предвидуваме за инвестиции. Јас се надевам дека ова е само почеток кон приближување на нашата железница до европските и светските железници – тоа и те како и беше потребно на Македонија. Се надевам дека во наредниот период кога граѓаните ќе сфатат дека железницата оди во вистинска насока и дека сме на вистински пат ќе ги користат повеќе нашите услуги и ќе придонесат за уште подобар и подинамичен развој на нашата железница, затоа што нема држава во светот којашто не ја развива железницата, гледаме дека многу често заради најразлични причини, дали климатски промени или други типови на промени, државите се одллучуват на развој на железниците, а ги напуштаат другите останати типови на превоз. Еден таков класичен пример во моментов е воспоставување на железничка товарна линија меѓу Кина и Германија кадешто еден воз стигнува за неполни 17 денови што е пократко од транспортот на стока со брод за 20 дена, што значи дека полека државите сфаќаат дека транспортот со железница треба да си го завземе своето место, но и својот приоритет. Во Р. Македонија со поддршка на Владата ова практично е почеток на циклусот на инвестирање во Железницата и во нејзиниот развој. http://www.kurir.mk/makedonija/intervjua/175315-Derkoski-Po-celi-35-godini-se-modernizira-zeleznickiot-soobrakaj-vo-Makedonija На линкот има и видео од интервјуто. |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Уште еднаш ако ги прочитам овие 150 товарни вагони, ќе ми се видат 15000.
![]() |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() " Инвестициски бум се случува во железничкиот сообраќај во Македонија, се набавуваат нови и најсовремени возови и вагони, се реконструира железничката инфраструктура, а се градат и нови пруги кои ќе ја поврзуваат Македонија со соседните земји. " Колку бомбастично е најавена веста, да не би живееле во Македонија, би мислеле дека е рај за железничкиот транспорт. ![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Лојалните граѓани (како опишани во учебникот за „граѓанско образование“) ова треба да го прифатат од буква до буква, без никакво согледување на реалноста.
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ако замижам слушајќи го овој говор,ќе ми се сочини дека станал Ј.Б.Тито и пак држи говор
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Двесте луѓе ги "начукале" во еден вагон од Велес до Скопје:
http://plusinfo.mk/vest/3676/video-200-lugje-gi-nacukale-vo-eden-vagon-od-veles-za-skopje Edited by phenomenon - 12-Nov-2014 at 13:53 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Промет на отпатувани патници на железничките станици во илјади по општини:
Битола 2009 76 2010 81 2011 86 2012 54 2013 37 Прилеп 2009 149 2010 149 2011 156 2012 103 2013 83 Гевгелија 2009 58 2010 56 2011 50 2012 35 2013 25 Неготино 2009 30 2010 34 2011 31 2012 22 2013 14 Кочани 2009 34 2010 35 2011 15 2012 5 2013 3 Штип 2009 30 2010 33 2011 24 2012 7 2013 3 Велес 2009 481 2010 485 2011 477 2012 384 2013 340 Скопје 2009 492 2010 476 2011 440 2012 307 2013 276 Кичево 2009 78 2010 71 2011 65 2012 46 2013 30 Гостивар 2009 37 2010 38 2011 35 2012 20 2013 16 Тетово 2009 19 2010 16 2011 16 2012 10 2013 8 Куманово 2009 13 2010 12 2011 10 2012 6 2013 6 Навистина, треба да си исклучителен "талент" за толку многу да го упропастиш патниот железнички транспорт за само 4 години! Што се однесува до самите градови, бројот на отпатувани патници од 2009 до 2013 опаѓал вака, изразено во илјади Битола: oд 75 на 36 Прилеп: oд 123 на 67 Гевгелија: oд 46 на 19 Штип: од 25 на 2.5 Велес: oд 409 на 304 Teтово: oд 15 на 5 Скопје: oд 446 на 264 Куманово: oд 7 на 2.5 ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by phenomenon - 14-Nov-2014 at 21:43 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Грозоморна преродба!
Никогаш железницата не ни била силна или добра, но пак толку пропадната никогаш не била! Не следам многу, ама сепак за да има ваков пад колку возови се укинаа и колку од нив технички би можеле да се вратат со пристигање на новите возови, знае ли некој? ![]() Edited by Andrej_LJ - 14-Nov-2014 at 21:40 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Пробале само дел од специјалитетите на МЖ.Нека свртат и кон друг правец да ги видат убавините на Македонија ![]()
И до цените е - и до редовно кратење линии.Отидоа за 50-60% нагоре, а бројот на тргнувања секоја година е намален.И како да патуваш со воз? Ако си од Скопје и имаш работа до Кочани и сакаш назад истиот ден - не е возможно со ЕДНИОТ воз дневно... (или примерот погоре). Просек двојно намален бројот на патници по секоја станица.Куманово и Тетово тројно, Штип 10 пати! На толку малку пруги да немаш избор на опции барем по 4 воза дневно на главните артерии и на таа густина на сообраќај да немаш минимални услови и некаков ред, баш е талент ![]() Edited by Тркало - 14-Nov-2014 at 21:59 |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Врвни махери сме за тотално уништување на железницата, и најзаостанатите афрички држави можат да ни позавидат
![]() |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Патничкиот железнички сообраќај е вистинска тема за разговор. За фаталните статистички бројки има неколку фактори што влијаеја периодов.
1. Зголемување на цената на билетите за 50% на сите релации пред 3-4 години. Ова беше катастрофален потег бидејќи беше спроведен единствено поради порастот на цената на нафтата и на струјата. Државниот буџет требаше да го покрие зголемениот трошок, а не патниците. Особено што железницата не им понуди ништо, ама баш ништо, како поволност при зголемувањето на цената на билетите. Тоа беше класична бирократска одлука. 2. Укинувањето на поаѓањата на возовите на сите релации. Колку и да не е забележливо, денеска во споредба од пред неколку години имаме 1-2 воза помалку за Табановце, останавме до пред некој месец без експресните кон Гевгелија, по еден воз помалку кон Кочани и Кичево. Многу добро се сеќавам дека вечерните возови кон Кичево ги исклучија поради тоа што имало малку патници. А тоа не беше така. 3. Силниот развој на автобускиот превоз поради увозот на половни автобуси од европските земји. Речиси сите превозници купија вакви автобуси, го зголемија возниот парк, конкурираа за нови линии во Министерство за транспорт и врски и ги добија, со повеќе линии можат да понудат и поевтин превоз, а можат и да привлечат повеќе граѓани. Почнаа да нудат поволности за патување како во железничкиот превоз, да воведоа некои превозници директни линии без застанување, па безжичен интернет итн. Едноставно, силно се развиваат. 4. Структурни проблеми во железницата настанати уште од распадот на Југославија. Железничките депоа во Велес и во Битола се укинати, па сите возови тргнуваат и завршуваат во Скопје. Возниот ред на тој начин е централизиран и не се менува со години, да не речам со децении. Не се следат локалните потреби на граѓаните, воведувањето на новите универзитети, трендот на проток на граѓани низ земјава. Едноставна е работата, ако Штип е универзитетски центар, тогаш треба да има возови и од Битола кон Кочани и од Скопје кон Кочани за студентите, идентично и од Тетово кон Скопје и директно кон Куманово. |
||
![]() |
||
ile97 ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Oct-2014 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
|
А ако се земе во предвид дека секое утро од станица Кочани се качуваат по 3 до 4 патника ( и тие не се сигурни ) се согледува дека и тој воз што сообраќа е вишок , a па каде им е крајот ако ги вратат два воза дневно ![]() |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Воз на Македонски Железници што оди до Кочани не може да му биде конкурентен на Авто Атом ни во лудило. Тоа го знаат сите, освен МЖ. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Железницата по подолг период бележи зголемен обем на работа
По неколкугодишниот тренд на континуирано опаѓање на превозот, Македонски железници – Транспорт конечно успеа да го зголеми обемот на работа во третиот квартал од годинава. Товарниот железнички превоз бележи пораст од 21,3% во споредба со периодот јули – септември 2013 година, но и зголемување во транспортот на стоки од 15,5% во однос на вториот квартал од 2014 година. Возовите во првите девет месеци успеале да превезат 1.808.000 тони стоки во националниот и во меѓународниот превоз. ![]() Истовремено, првични позитивни резултати можат да се забележат и кај патничкиот сообраќај. Бројот на патници во периодот јули – септември 2014 година е зголемен 8,9% во споредба со претходниот квартал, иако е забележително намалувањето од 5% во однос на идентичниот период лани. Воведувањето на експресниот воз кон Солун значително го зголеми и бројот на граѓани што го користат меѓународниот транспорт, каде што се регистрирани 10.000 патници. Со воз во првите девет месеци од годинава патувале вкупно 581.000 патници, што сепак е премалку во споредба капацитетите со кои располага МЖ – Транспорт. Во третиот квартал од 2014 година е констатирано зголемување на бројот на патници во патниот превоз за 11,1% во споредба со идентичниот период од минатата година. Од јануари до септември, автобусот како превозно средство во меѓуградскиот сообраќај го искористиле 5.288.000 патници. Истовремено, Државниот завод за статистика во својот извештај бележи огромен пораст од 21% кај сумата на транспортирани патници во градско – приградскиот превоз во однос на третиот квартал од 2013 година. Како што веќе беше објавено, во периодот јули – септември 2014 година се зголемил за 18% и бројот на патници во воздухопловниот превоз. Македонскиот товарен транспорт бележи позитивни резултати во делот на патниот и на воздухопловниот превоз. Камионскиот превоз на стока во третиот квартал од годинава пораснал за 13,2% во однос на идентичниот период лани, додека авионскиот карго – превоз бележи раст од 96,4% во текот на изминатово лето. Државниот завод за статистика изготвува извештаи за движењата на превозот на патници и стока четири пати во текот на годината. Бојан Блажевски http://www.build.mk/?p=41212 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() telegraf.mk |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Гледајќи ја вака картава, ми дојде идеја, после завршување на К8, не би било лошо да се изгради траса од Сопотница до средината на Струга-Кичево, со што Пелагонискиот регион би се поврзал со к8. Како и Охрид со останатиот дел од РМ. Не би било тоа повеќе од 20км.
А, знае ли некој каква е пругата до Сопотница, дали воопшто функционира? |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
![]() Статија на Вечер Инаку ова и јас го имам размислувано, ама очигледно нашиве власти вакви едноставни потези нема никогаш да превземат, истото како и железничкото поврзување на аеродромот со Скопје. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5152535455 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |