![]() |
![]() |
![]() |
Градска инфраструктура (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324 30> |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Кружниот тек пред влезот на Велес полека го добива својот конечен изглед.Останува уште слојот асфалт.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Mk_01 ![]() Newbiе ![]() Joined: 05-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Дали на некој му текнува според програмата на градоначалникот на Скопје, кога треба да почне реализацијата на проектот за раскрсници на две нивоа во Скопје(кај судска и влада) ? Тоа е единствено решение за проточност на тие две точки и треба уште "вчера" да се почне да се работи на тој потег.
|
|
![]() |
|
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Тие нивелирани раскрсници се во 10 годишниот план за Скопје. Не верувам дека во овој мандат на градоначалникот би почнале да се градат. Освен овие две многу потребна е и кај Автокоманда. Семафорите премногу го успоруваат излезот и влезот од градот при зголемена фреквенција на возила.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Кружниот тек на влезот од Велес.
![]() Edited by jyvation - 03-Nov-2014 at 19:33 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Скопје се уште цапаме по 74 километри земјен пат!
За разлика од булеварите каде во континуитет се работи на нивно проширување, обновата на локалните патишта оди многу побавно. Податоците покажуваат дека најмногу неасфалтирани улици има во Ѓорче, Бутел и Сарај http://vecer.mk/skopska/vo-skopje-se-ushte-capame-po-74-kilometri-zemjen-pat |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Остај тоа со новиот закон предидено е и глоба за возење со каливи пневматици
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па, нашиот градоначалник (Сокол во Ѓорче) нема време и средства за средување на обични улички. Едната на која излегувам е сокак без асфалт, другата џабе има асфалт, кога е направена така шахтата за атмосферска да биде повисоко од улицата, па сета вода се собира во вир на улицата, па ти треба чамец за поминување. Битно во Скопје фасади се обновуваат.
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
ФОТО: 17 годишен ученик го управувал автомобилот, “слетал“ од 30 метри висина!29/11/2014 Возило со марка „фолксваген“ излетало од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес. Неофицијално се работи за 17-годишник кој управувал со автомобил во кој биле четири лица и после губењето на контролата над возилото излетал од патот и буквално „слетал“ од 30 метри висина подолу на кружниот тек на влезот од Велес, објави порталот Фактор. Седум годишно дете е најмногу повредено и префрлено на скопските клиники додека тројца останати се префрлени во велешката болница. Го очекуваме деталниот извештај на полициската екипа која прави увид на местото на настанот. Имено сведоци на оваа несекојдневна незгода биле неколку деца. Ова место одсекогаш било сметано за опасно бидејќи нема заштитна ограда, а после оваа прва се надеваме и последна ваква незгода некој ќе се сети дека треба да се заштити ова фрекфентно место. ФОТО: brzkrug.com http://fox.mk/aktuelno/hronika/17-godisen-ucenik-go-upravuval-avtomobilot-sletal-od-30-metri-visina/ За кратко време се случи и првата несреќа таму. Е сега незнам што се случило но читам некој коментари дека кружниот тек не бил безбеден, немало потпорни ѕидови и дека воопшто како таков не требал да го помине техничкиот преглед. Ако може од прва рака коментар од некој кој го користел кружниот тек. Од друга страна во погорниот текс пишува дека 17 годишњак има управувано со возилото што наведува до тоа дека дечкото бил неискусен и веројатно тоа му била една од првите средби со кружен тек. Ако може ваши кометари околу ова. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Дечкото паднал на кружниот тек од патот 20 метри погоре. Излетал од прав пат. Треба да стават една банкина за вакви случаи, а од потпорен ѕид би имало потреба доколку се лизга земјиштето.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Кога излегуваш од Велес имаш десно патче со неколку куќи пред да се искачиш најгоре и да одиш према Скопје или Гевгелија/Атина.
Е тој пат води и до спомен костурницата.Тука децава заглавиле некако и паднале во амбисот надоле кај кружниот тек.Сега дали горе е обезбедено со метална ограда неможам да кажам, бидејќи одамна не сум бил натаму. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Град Скопје: Во буџетот за 2015. предвидени се голем број капитални и инфраструктурни објекти
Објавено: 13:33, 03/12/2014 Прегледано: 43 пати. koce-trajanovski 0 0 Градот Скопје реагира на изјавата на советникот од редовите на СДСМ, Дамјан Манчевски, дадена по повод донесениот Буџет на Град Скопје за 2015 година на 25-та седница на Советот на Град Скопје. „Прво, би сакале да го демантираме г-динот Манчевски, каде тој во неговата изјава тврдеше дека градоначалникот Трајановски не присуствувал на оваа расправа. Тоа не е точно, градоначалникот Трајановски присуствуваше на расправата по повод оваа точка, се обрати пред Советот и даде образложение за истата, нешто за што сведочеа сите присутни советници и медиумите. Второ, г-динот Манчевски тврди дека овој буџет е против интересите на граѓаните на Скопје, што не е вистина. Градот Скопје изминативе години сите буџети и програми за работи ги прави заедно со граѓаните во насока на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат. На отворен и транспарентен начин, изминативе 30-на дена, градоначалникот Трајановски со претставници на администрацијата и јавните претпријатија, ги посети сите десет општини каде одржа средби со градоначалниците, претставниците на општинските администрации, со граѓаните и претставниците од урбаните и месните заедници. На овие средби се дискутираше за потребите на граѓаните на Скопје и голем број од нивните предлозите се вметнати во буџетот и Програмите за работа на Градот Скопје и јавните претпријатија. Буџетот на Град Скопје за 2015 година е буџет за коишто сметаме дека е балансиран и во него се предвидени голем број на капитални и инфраструктурни објекти кои се во насока на подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на населението. Како најважни проекти кои ќе започнат или ќе се реализираат во 2015 година се: Во општина Аеродром ќе продолжи реконструкцијата и проширувањето на Трета Македонска бригада (втора фаза), ќе биде извршена реконструкција на дел од бул. Јане Сандански, а ќе започне и фазната реконструкција и проширување на бул. АСНОМ на потег од последната автобуска станица број 5 кон населба Лисиче. На територијата на Општина Аеродром ќе биде изграден и колектор долж бул. Видое Смилевски Бато. Во Општина Центар ќе продолжи проектот за реконструкција и проширување на ул.Јордан Мијалков (поранешна Железничка), како и изградбата на катната гаража на улица Даме Груев. Оваа година ќе започне и реконструкцијата на дел од улицата Тодор Александров (поранешна Салвадоре Аљенде). Во Општина Ѓорче Петров ќе продолжи реализацијата на проектот за продолжувањето на бул.Партизански одреди до црквата Св.Петар и Павле, а ќе продолжат и активностите за расчистување на имотно правните односи за проширување на улица Борис Сарафов (Поранешна 4-ти Јули). Во Општина Кислеа Вода ќе започне третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на ул. Борис Трајковски, а ќе започне и реконструкцијата на дел од улицата Павел Шатев. Во Општина Шуто Оризари ќе се реши деценискиот проблем со изградба на водовод во Шуто Оризари Во Општина Чаир ќе започне реконструкцијата и проширувањето на бул. Никола Карев (т.н. Пластичарска улица), ќе започне фазната реконструкција и проширување на дел од бул. Цветан Димов, како и реконструкцијата на улицата Ќемал Сејфула Во Општина Сарај ќе започне фазната реализација на проектот за реконструкција и проширување на улица Сарај Во општина Гази Баба ќе се реализаира проектот за реконструкција на дел од 16-та Македонска бригада и изградба на кружен тек, како и проектот за реконструкција и проширување на улицата Маџари со изградба на нов атмосферски колектор со што ќе се реши проблемот со поплавите на овој дел од Ченто. Дополнително, ќе се работи на изградба на фекална канализација на патот од с.Трубарево до Идризово, како и изградба на фекална канализација во Црешево, Смиљковци, Виниче и Љуботен. Во Општина Карпош ќе заврши третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе продолжи реконструкцијата на раскрсницата помеѓу бул. 8-ми Септември и ул.Скупи, како и изградбата на паркот Македонија – 2 дел, а ќе започне и изградбата на фекална канализација на потег од улица Московска до Партизански одреди. Во општина Бутел ќе биде извршена реконструкција на ул. Александар Урдаревски, ќе се интервенира на атмосферската канализација на подвозникот до кружниот тек Боца Иванова, а ќе продолжат и работите за изготвување на проектната документација и расчистувањето на имотно правните односи за проектот за пробивање на булеварот Христијан Тодоровски Карпош до заобиколницата“, се вели во реакцијата на Град Скопје на изјавата на Дамјан Манчевски. http://a1on.mk/wordpress/archives/418622 |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Раскрсницата на 8ми септември и Скупи плаче за кружен тек.
Штета што и во 2015та кисела вода и аеродром нем да се поврзат со нова улица кај сивус. Исто штета е што нема пари за отпочнување било какви активности за нов сообраќаен мост во Скопје. Edited by alexsend - 03-Dec-2014 at 18:48 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Плаче да. А има и место
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
keep using that word "капитални проекти“, I don't think it means what you think it means
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ќе!
Кај Бит-пазар ќе има крстосница на два ката! Наредната 2015 година Град Скопје планира да потроши нешто повеќе од една милијарда денари или 16,6 милиони евра во инфраструктурни проекти кои се очекува да ја подобрат живеачката на жителите во главниот град. За изградба и реконструкција на улици, патишта, мостови, водоводна мрежа и атмосферска и фекална канализација 850 милиони денари градската власт планира да обезбеди 750.000.000 од приходи од уредување на градежно земјиште, а останатите 100.000.000 од приходи од легализација на дивоградби. Ова го содржи Предлог-програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Скопје за 2015 година, а која на усвојување пред градските советници се најде на вчерашната седница. Најголем дел од парите, и тоа 818.448.000, ќе се потрошат во изградба и реконструкција на улици и патишта. Новитет за наредната година е најавата од градските власти за раскрсницата на две нивоа што се предвидува кај Бит-пазар, односно меѓу Судска палата и ТЦ-Мавровка и што ќе биде прва ваква во Македонија. За во 2015 година за оваа цел е предвидено само изработка на проектот кој ќе чини 3 милиони денари. Исто така, друг покрупен проект е започнување на градежните работи за изградба на подземната сообраќајница Јужен булевар. Градот в година за потребите на оваа подземна сообраќајница планира да изгради две крстосници на Јужен булевар едната кај Св. Климент Охридски и другата кај бул. Кочо Рацин. За изградбата на двете крстосници ќе се потрошат 10 милиони денари. Другите клучни зафати во делот на изградба и реконструкција на улици се: изградба на бул. АСНОМ во делот на Ќерамидница до новата сала; изградба на бул. АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче во прва фаза; изградба на улица Павел Шатев, ул. Тодор Александров; ул. Борис Сарафов; проширување на бул. Александар Македонски од Агросервис до клучка Дијамант; проширување на ул. М.Т. Гологанов од Св. К.Охридски до Клуб на пратеници; реконструкција на дел од 16-та Македонска бригада, кружен тек; бул. Христијан Тодоровски Карпош до обиколница и проширување; реконструкција на бул. Јане Сандански. За изградба и реконструкција на тротоари, плоштади и фонтани Град Скопје одвоил 304 милиони денари. Исто така, в година ќе се доизгради и бул. Партизански одреди до Св. Петар и Павле; ќе се реконструира Гологанов и бул. Никола Карев (Пластичарската) каде што ќе се додаде четврта лента. Во план е и реконструкција на ул. Сарај; реконструкција на раскрсница бул. 8. Септември и ул. Скупи; Трета Македонска бригада прва и втора фаза со кружен тек; реконструкција на ул. Јордан Мијалков (Железничка); на ул. Свети Кирил и Методиј (Мито Х. Јасмин), реконструкција на ул. Маџари, на Цветан Димов, Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Борис Трајковски. За реализација на овие проекти градот одвоил и средства за експропријација на земјиште вкупно 35 милиони денари и за надомест за одземен имот заради изградба на улици 10 милиони денари. Водоводен систем во износ од 9 милиони денари ќе се гради во Шуто Оризари и Нерези, додека за атмосферска и фекална канализација се предвидуваат 84.400 000 денари. Динамиката на извршување на програмата ќе зависи од создадените правни претпоставки и технички услови како и од приливот на средства наменети за финансирање на програмата, наведуваат од Град Скопје. http://vecer.mk/skopska/kaj-bit-pazar-kje-ima-krstosnica-na-dva-kata |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Ова би го опфаќало и мостот? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Не ја реновираа веќе еднаш М. Х. Јасмин пред 2-3 години? Која е поентата од проширување на А. Македонски? (булеваров никад не сум го видел да е закрчен)
Од друга страна, има освежувачки проекти како конечното до-реновирање на Ј. Сандански, на Скупи (особено ако го фатат делот кај Ромите, пошто не само што е лоша слика туку и полека ја окупираат и самата улица), а дискутабилна останува реконструкцијата на Гологанов кај клуб на претеници зошто таму има прекрасен дрворед од едната страна, а од другата зградите се премногу блиску до улицата. Се на се, Коце пак бега од големи капитални проекти, се е ова премалку за главен град каде фасадата на Владата кошта 20тина милиони евра. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Коце треба малку да се размисли. Без капитални проекти ништо не прави. Она во минатите години со проширување лента до две во по 2-3 фази може беше ОК, но така во иднина не прави ништо. 16 милиони евра за инфраструктура во Скопје се малку!
До новинарите: капитален проект не е проширување на улица! Edited by alexsend - 23-Dec-2014 at 23:30 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() исто така нека научат дека раскрсница на две нивоа не е вселенски брод, туку надвозник |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„Асфалтираната“ уличка во Чаир, црн хумор за целиот свет
![]() Неверојатно но вистинито. Ова е уличката „Места 48“ во населбата Серово во Чаир која деновиве се „асфалтирала“.Сликата најдобро покажува како си поигрувале одговорните претпријатија во ова уличка во скопски Чаир. Граѓаните се премногу револтирани за начинот на кој функционираат работите во Чаир. Тие велат дека вакви нешта не виделе никогаш во нивниот живот освен во нивната населба за жал. „Сметам дека ова е најголемиот срам што можеше да се направи, бидејќи вакво нешто немам видено во мојот живот и се надевам дека никогаш нема и да видам. Ова не смее да се случи ниту во Африка а камоли во држава како нашата која се стреми да стане дел од цивилизираната Европа. Видов како е уредена една улица во скопски Карпош, која беше убаво декорирана, а кај нас во Чаир, општината се бави со неасфалтирани улици од кои кога ќе заврне дожд се полнат со вода подрумите на нашите домови “, изјави Фатиме Мемети, која живее во близина на оваа уличка во Чаир. За овој случај реагираше и граѓанското движење „Сакаме чист Чаир“. „Сега улицата е во полоша состојба! Кога врне дожд, водата слободно се излива во нивните домови! Порано од дупките водата не се излеваше толку лесно но и тогаш сигурно жителите од околните куќи се соочувале со многу проблеми! Населбата Серово се смета за една од најпогодените населби кога има врнежи од дожд!“, се вели во коментарот на иницијативата „Сакаме чист Чаир“. http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=19021&cat=22 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2021222324 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |