![]() |
![]() |
![]() |
Културно наследство и археологија (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА ЛИНК, РОДНИОТ ГРАД НА БАБАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ
Археолозите в година ќе го истражуваат локалитетот Градиште кај битолското село Црнобуки каде што веројатно е позициониран градот Линк, престолнина на кралството на Линкестидите, од каде што потекнувала и бабата на Александар Македонски, Евридика. Ископувањата годинава влегоа во капиталните проекти што ги финансира Владата, а треба да почнат напролет. Според Аница Ѓоргиевска, кустос-советник во Заводот за заштита на спомениците и музеј од Битола, локалитетот досега не бил темелно истражуван. - Иако беше во групата локалитети кој заслужува да се истражува, тој не е докрај истражуван. Годинава стана дел од капиталните проекти, а истражувањата ќе почнат в година. Се отвораат вратите на древниот град за кој се претпоставува дека бил Линк - вели Ѓоргиевска. Откриени делови од хеленистичка куќа Градиште не е непознат локалитет за македонските научници. Професорот д-р Виктор Лилчиќ-Адамс (директор на Управата за заштита на културното наследство) и д-р Антонио Јакимовски од Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ од Скопје неколку години спроведуваа куси археолошки ископувања. Пред две години тие открија делови од хеленистичка куќа, а во неа многу примероци и фрагменти од квалитетна керамика, бронзени и сребрена монета од истиот период. Тие ги истражуваа културните хоризонти од хеленистичкиот период, но откриваа и движни наоди од бронзеното и од железното време, односно од архајскиот период. Работеа на северниот сектор од локалитетот, на одбранбениот ѕид на акрополата каде што открија делови од ихтии, хидрии, кантароси, чунести и пирамидални керамички тегови, амфори, фрагменти од т.н. мегарски чаши и многу други форми. Некои датираат од 3 век пред новата ера. Лилчиќ-Адамс за „Дневник“ рече дека во науката има две тези поврзани со Градиште кај Црнобуки. Според професорот Иван Микулчиќ, таму можеби се наоѓал градот Персеида, а Лилчиќ-Адамс смета дека под земјата се темелите на античкиот град Линк. Според историските податоци, римскиот хроничар Тит Ливиј запишал дека македонскиот крал Филип Петти во областа Девриоп, во близина на реката Еригон (Црна Река), почнал да гради нов град Персеида, кој не е далеку од стариот град Стоби. Македонското племе на рисови Сепак, Лилчиќ-Адамс, по долгогодишните истражувања и објавувањето на книгата „Kорпус на стари градови и тврдини во Македонија-Линкестида и Девриоп“, вели дека Линкестидите имале најдиректно античко македонско потекло и од тој град потекнува крвта на Александар Македонски. Лилчиќ-Адамс ги цитира историските податоци според кои со градот Линк владеел кралот Арабеј Први. Неговата ќерка се омажила за некој соседен крал Сира и тие ја добиле Евридика, која станала сопруга на македонскиот крал Аминта Трети. Тие имале три сина, а најмладиот бил Филип Втори, таткото на Александар Велики. Според Лилчиќ-Адамс, граничната бариера на областа Линкестида била на север, коритото од Црна Река, а на југ до леринскиот крај. Од речиси 20 утврдувања на оваа територија, повеќето раноантички, само еден локалитет ги поседува карактеристиките на град, а тоа е Градиште кај Црнобуки, кое се наоѓа на 10 километри од Битола. Во книгата „Kралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“ тој пишува дека Линкестидите се македонското племе на рисови за кои пишувале хроничарот Тукидид и географот Страбон. Евридика се омажила на 15 години - Ова рано горномакедонско кнежевство низ историскиот период имало свои кнезови со исто династичко име, од Арибај Први до Арибај Четврти. Внуката на линкеститскиот кнез Арибај Втори, Евридика, родена во 410 година пред новата ера, околу 395 г. пр. н.е. се омажила за Аминта Трети и ги родила македонските кралови Александар Втори, Пердика Трети и Филип Втори - пишува во „Kралевите на античка Македонија и нивните монети во Република Македонија“. Весна И. Илиевска http://dnevnik.mk/?ItemID=B8B51740698ADA45B581D18C79E1A24C |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
НА ПРЕСТИЖНАТА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО БРАТИСЛАВА
За тајните на геоглифот кај Свети Николе слушна светската научна јавност 11 декември 2014 - 15:37 Геоглифот во Овчеполието ја заинтригира светската научна јавност. Извештајот со резултатите од археоакустично и електромагнетно истражување што беше извршено во март и во јуни годинава, а го направија група експерти од Македонија и странство беше презентиран на престижната научна конференција АРСА (Advanced Research of Scientific Areas) која се одржа викендов во словачката метропола Братислава. Промоцијата собрана на 15 страници текст, потпишана од шестмина научници ја изврши професорот Паоло Дебертолис кој и официјално објави дека геоглифот е вештачки рид под кој се крие сакрален комплекс со огромни димензии. Тој им покажа на своите колеги дека на врвот од јајцевидната височинка што е откриена во близина на светиниколското село Црнилиште има џиновски симбол - геоглиф кој изгледа потполно исто како една од недешифрираните букви од микенската азбука, позната како Линеарно Б. Дебертолис пред научната елита во Братислава изјави дека геоглифот дефинитивно е свето место, што се потврдува со водата која е пронајдена околу неговиот центар или околу централната оска. - Целата структура, заедно со неговата форма и симболизам наликува на космичко јајце, што претставува извор за исконското творештво. Оваа височинка се познава дека е вештачка дури и од авион. Геоглифот е видлив само од небото и е лоциран во овален ров. Неколку мерења, направени со различни методи сугерираа дека долу е лоцирана просторија. Истражувањето со помош на различни методи исто така покажа дека станува збор за верско заградено земјиште, поради водата која се наоѓа во центарот или на некоја точка по должината на главната оска. Освен тоа, бидејќи почвата не се совпаѓа со околната област, се покажа дека оваа височинка била внимателно конструирана со посебна цел. Која е таа цел, останува да се истражи во иднина, пишува во извештајот потпишан од шестчлениот интернационален и интердисциплинарен тим што пред неколку месеци го извршија испитувањето. Професорот Аристотел Тентов за Вечер изјави дека презентацијата на резултатите од истражувањето на оваа научна конференција во Словачка е од големо значење за нас но и за целата научна јавност бидејќи се промовирани пред врвни научници кои умеат да ја разберат тежината на ова откритие. - Истражувањата беа презентирани пред сериозен аудиториум кои знаат што прават, а тоа ни беше и целта. Да добиеме верификација од научната заедница. Мислам дека со тоа ќе го завртиме погледот на сериозната научна заедница кон овој комплекс кој нималку не е едноставен. Сепак претставува многу, повторувам, многу сериозен научен комплекс од периодот на антиката. Тоа е многу атрактивно откритие кое мораме да го заштитиме како комплекс кој припаѓа на Македонија и како дело на Македонците. Дело што го покажува нашиот континуитет. Дека нашите антички предци имале свој став во делот на науката и дека тој став бил меѓу врвните. Да прецизирам, се потврдува дека нашите антички предци биле водечка развиена цивилизација, вели професорот Тентов, кој е дел од тимот истражувачи. Тој се уште не открива дали со истражувањата се потврди неговата хипотеза дека под геоглифот се крие гробница на Големата Мајка, или на Врховниот бог на Македонците, Богот на сонцето Ѕе. - Треба да се извршат уште неколку мерења за да се прецизираат уште неколку сегменти, по што и официјално ќе ја известиме јавноста. Сакам да напоменам дека сите ние треба да сме подготвени за едно големо епохално откритие, вели професорот Тентов. Геоглифот стана популарен откако хрватскиот независен истражувач и археолог Домагој Николиќ во емисијата "На рубу знаности# презентираше дека е можно гробот на Александар Македонски да се наоѓа во близина на Свети Николе каде е откриен древен симбол на кралска гробница од времето на Пајонците. Градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев е задоволен од резултатите од истражувањето и нивната промоција на научниот собир во Братислава. Тој вели дека локалната самоуправа и натаму ќе ги поддржува истражувањата и очекува геоглифот, заедно со археолошкиот локалитет Била Зора да придонесат за развој на археолошкиот туризам. (Е.А) фото: Н.Батев ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
За поздравување!! Во тек е прикажување на македонски мини серијал за археологија, на терен, со директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, на АлфаТВ. досега се пуштени 2 од 5те.
Edited by damjan4o - 22-Jan-2015 at 16:33 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
и мене ме изненади историскиов патепис, всушност изненадува што професор ко Лилчич излегува напред, просто кој ида го водеше ова немаше да биде волку самоуверен и уверлив во презентацијата камо за секоја област врвните мајстори да си го претставуваа занаетот на ваков начин, биле тоа доктори, свештеници, градежници итн. а не све глумат префинета ителектуала на која испод чест им е да се спуштат на земја и едуцираат народ едноставно, чест на ретките исклучоци, повеќето мака име книга дасклепаат во живот а не па интерактивно да комуницираат со народ би било интересно ваквиот серијал да го продолжат и во егејска македонија на сличен начин нормално со грчки колеги посреди чисто за да се потенцира дека смешно е кој било на балканов да има екслузивност вез ваква или онаква антика |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Овој Виктор Лилчиќ е на функцијата на кое беше до пред некое време Паско Кузман?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Археолошки локалитет (базилика) Манчевци, Охрид
На локалитетот „Манчевци“ во Охрид е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6-тиот век... - Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот, истакна министерката Канческа – Милевска на промоцијата на локалитетот. Локалитетот „Манчевци“ истовремено е и покриен и целосно илуминиран. ![]() ![]() ![]() ![]() фото: mia.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Аквадуктот во Скопје
![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Но затоа торта Македонија беше експресно изгласана за културно наследство...
МОСТОТ „ЕЛЕН СКОК“ СЕ' УШТЕ НЕ Е КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО Катерина Богоева Познатиот и мошне атрактивен мост „Елен скок“ кој се наоѓа на Мала Река, Дебарско и кој во изминатиов период го привлече вниманието во јавноста и по евидентните оштетувања најверојатно предизвикани од диви копачи пред околу три месеци, не е заштитен како споменик на културата, туку се смета само за само евидентирано добро. „Утрински весник“ неодамна објави дека непознати лица ископале дупка со големина од два метра и длабока еден метар на завршетокот на мостот на Мала Река, во правец кон Галичник, односно кон селото Сушица, кое веќе не постои и дека оштетувањето во Полициското одделение во Ростуше било пријавено на 10 септември овој месец. Се претпоставува дека дивите копачи кои трагаат по злато, златни и други вредни предмети, се откажале од трагањето бидејќи наишле на огромна карпа која не можеле да ја совладаат, па ја напуштиле локацијата. Конзерваторскиот центар од Гостивар не беше информиран за оштетувањата на „Елен скок“ со напомена од директорот Аднан Фејзулаи дека тој и не е во нивна надлежност, а потрагата по информациите што и како е оштетено, но и какви се денес статусот и третманот на мостот кој се среќава во многу публикации и книги за културното и природното наследство на Македонија, преку Управата за заштита на културното наследство заврши во Националниот конзерваторски центар – Скопје. Од таму, пак, информираа дека до Министерството за култура веќе аплицирале за изработка на проект врз основа на кој понатаму ќе може и да се изврши потребната валоризација на вредноста и состојбата на мостот. За „Елен скок“ во оваа државна институција не постои графичка документација, освен пишаната документација со историски и други податоци за неговото постоење. Управата за заштита на културното наследство, пак, беше запознаена со оштетувањата на древниот мост од страна на дивите копачи врз основа на добиените информации од физичко лице на 14 септември. Првично, оваа надлежна институција не била официјално информирана од Министерството за внатрешни работи за оштетување на, како што и посочија, евидентираното добро, мостот „Елен скок“. Го потенцираа тој факт укажувајќи дека „надлежните служби за превенција, безбедност и инспекција при Управата, за да можат да постапат соодветно, е потребно да добијат првични оперативно-технички сознанија за настанати оштетувања на објекти, градби или локалитети, кои од аспект како заштитени добра се подведуваат под нејзина надлежност. Управата појасни и дека под евидентирано добро, се подразбира дека соодветната градба заслужува да биде валоризирана и ставена под соодветен правен режим како културно наследство, со кое имателот како и државата ќе бидат задолжени да се грижат за доброто како за културно наследство. „За жал, мостот ’Елен скок’, построен на катастарската општина Могорче, општина Дебар, кој ги поврзува двата брега на Гарска Река, и ден-денес има статус само на евидентирано недвижно добро“, велат од оваа институција. На 15 јуни годинава инспекциската служба при Управата за заштита на културното наследство, како што и стои во нивниот одговор, извршила вонреден инспекциски надзор за оштетувањата на мостот и констатирала оштетувања на двете страни во близина на темето на лакот на мостот, најверојатно, како што се посочува, настанати од атмосферски влијанија. И укажала на општината Дебар, како имател на мостот, да пристапи кон негова санација, а на надлежната институција за непосредна заштита - Националниот конзерваторски центар – Скопје кон итна негова валоризација за да се преземаат мерки на заштита и определување на режим на заштита. Раководителката на Одделението за инспекциски надзор во Управата за заштита на културното наследство, Билјана Пачкова-Куфојанакис, во оваа прилика апелира до граѓаните на Македонија, „доколку забележат оштетувања на заштитени објекти или локалитети, веднаш да пријават и до најблиската полициска станица и до Управата, за да може навремено да се преземат оперативни мерки“. Како што стојат работите, врз основа на правните процедури кои претстојат, „Елен скок“ најверојатно ќе почека за санација на видливите оштетувања. http://www.utrinski.mk/?ItemID=5FA88A386B39AC4C9481E60E2CA56E0C |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Обновената Златкова кула во Кратово. Фото: миа.мк
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Мозаикот на лани ова време уредениот и заштитен локалитет базилика „Манчевци“ во Охрид се распаѓа. Не знам кој е брилијантниот иноватор кој го проектира кровот одделен од ѕидот 5 цм. Уште кога го поставија се знаеше дека ќе тче вода во мозаикот. Таму кај што капи ги има сосема изронето теселите. А и константната влага ми личи дека потекло има од небото, а не од земјата. За промовирањето на оваа конзервација неколку поста погоре има пост на Џоле.
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Архео парк во село Бразда, Скопска Црна Гора. Станува збор за најверојатно пајонска гробница од античкиот период, иако не се исклучува дека тоа е гробница и на некој антички големец. За овој локалитет нема многу информации, а и не е нешто посебно (и доволно) истражуван. Пред некоја година беше промовиран проектот за „архео парк“, но она што го затекнав и што го видов е далеку од туристичка знаменитост - имено, пристапот до локалитетот е возможен само пеш, иако се наоѓа во самото село Бразда, и има само една табла што покажува каде треба да се оди. Ако не се праша некој мештанин, човек може да талка наоколу и тешко да го најде. Втора работа што ми падна в очи е неодржувањето на хигиената - во самата гробница некој/некои фрлале кеси од смоки, чипсови и пластични шишиња, што е за осуда. Самото село Бразда е полно со секакво ѓубре, што доволно говори за односот на мештаните кон своето опкружување. Во продолжение петнаесетина слики од мојата денешна посета.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Џоле - 05-Mar-2017 at 20:20 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Одлични фотки. Археопаркот во с.Бразда е одлична локација за викенд. Гробницата е грандиозна и сеуште не ми е јасно како властите и институциите не превземаат ништо за зачувување на истата. Сите кредити одат на археолошкото друштво Археологика (чив член бев и јас порано) кои беа иницијатори на изградба на паркот и здружението Зелената Арка кое го уреди партерниот простор. Одвреме навреме само тие одат да зачистат а верувајте од свој џеб даваа пари за да го изградат. Делумно добија средства и од локалната власт. Во минатото мештаните ваделе блокови за изградба на своите куќи а можеби и сега....на брдото има и Градиште. Браво Џоле за фотките.
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Иако звучи побомбастично, сепак нема доволно докази за потврда на претпоставката дека се работи за гробница. Исто релевантни се и претпоставките дека се работии за цистерна за вода, или, со оглед на врвниот квалитет на ѕидаријата, „светилиште посветено на водата“. Многу сличен објект има и во подножјето на ридот на кој се наоѓа Билазора (с. Кнежје, светиниколско), за кој со поголема сигурност се тврди дека бил цистерна.
А проблемот со ѓубрето е таков бидејќи никој не е задолжен редовно да го одржува местото, Археологика пред неколку години го исчисти и уреди, лани површно чистење на трња и треви изврши Менелај од Прилеп, но сето тоа се еднократни подвизи. Не постои стратегија нити некој интерес на институциите за вклопување на местото во некоја туристичка патека. |
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
цистерна за вода со дромос? и блокови не премачкани со малтер? не би се согласил за цистерна. можеби не е гробница, можеби е светилиште, шпајз или не знам што но цистерна во никој случај. |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Така де, ѕидаријата не одговара за цистерна, по наша современа логика, но докази за гробница нема доволно. Секако може да се работи и за нешто сосема трето. Факт е дека недостигаат истражувања. Не ми е специјализација рана антика, но секако е поинтересна од зрелата антика
![]() Повеќе кај И. Микулчиќ и В. Соколовска, во Maceodniae Acta Archaeologica бр. 11, Гробница во Бразда кај Скопје. |
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Не знам во која нишка може да припаѓа ова, ако има посоодветно место - слободно преместете.
Многу добро дигитално издание во организација на Францсуката амбасада за Првата Светска војна во Македонија и општо Солунскиот фронт. Има интеренси информации и понекоја добра стара слика од македонските градови и пејсажи од тој период: http://animproekti.wix.com/makedonski-front#!__master-page-1 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Пресушена селска чешма, Горно Соње (со надгробна плоча од - најверојатно - Скупи)
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Ме заинтересира, па ја отворив Археолошката карта на Македонија и таму стои дека постои археолошко наоѓалиште именувано Стара Чешма, кое е осамен наод од римско време. Стои дека е напуштена чешма со мермерна плоча на латински јазик (која стоела таму до 1982 г.). Иако, според фотографиите, очигледно е дека е уште таму ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Супер ако е толку стара и ја избушиле пред 30-40 години за цефка.
![]() ![]() ![]() Edited by user8642 - 19-Jul-2020 at 20:50 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |