![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Македонија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 13> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ако се прошират тие улици и реализират кружните текови јас во никој случај не го подржувам проширувањето на Даме Груев. Центарот треба да се претвори во мрежа од споредни улички колку некој да си дојде до дома или до работното место никако низ него да минуват главните булеварски артерии на градот. Незнам навистина вака како лаик за вакви работи не ми иде во глава воопшто што се добива со проширувањето на Даме Груев освен уште еден булевар кој директно ќе го сече и гуши центарот на градот
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Да Коце исто така најави голем кружен тек и кај Тутунски комбинат ,на едно од најтесните грла во Скопје.
Јас проширувањето на Даме Груев и онака не го подржувам под тие услови ,би го подржал само доколку и бул на рекорд остане во функција и тоа како што некој член спомна погоре ,за да се добие 3+3 решение. Инаку Коце најави и напуштање на проектот подземна сообраќајница и неговото објаснување беше дека со проширувањето на Даме Груев нема да има потреба од таа сообраќајница ![]() |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Даме Груев е само непотребно трошење пари за обично премостување на на сообраќајницата од рекорд! Ништо не се менува.
Едино има логика доколку се направи еднонасочна и таа и постојниот булевар кај Рекодр. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Како што го сватив мајстор Коце,подземниот јужен булевар ќе биди со три траки и тоа во еден правец.заедно со тие 3-4 кај Рамстор и двата кружни текови ќе прават нешто како голем кружен тек.значи возењето помеѓу огромниот кружен тек кај Нова Македонија и тој на крајот кај подвожњакот што ќе се гради ќе биди еднонасочно.
исто така оние објектите кај стара рампа ќе бидат еден замислен кружен тек и ќе можи да се движи како што нацртав на сликата. Јордан Мијалков ќе се проширува(л) за да биди сервисна уличка во време на изградба на јужниот булевар. ![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
триаголникот кај рампа, како привремено решение е во ред
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Тој триаголник кај стара рампа е едно од најбедните места во овој дел од Скопје. Тоа место е дива лига и треба да се најде соодветно решение. А за гужвата во правец Рамстор - тутунски излишен е секој коментар.
Коце најави кога би се правело ова или зборел во идно неопределено време? Edited by alexsend - 23-Nov-2014 at 11:42 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
наводно приватната фирма почнала да носи некоја документација.....
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Јас викам дека и двете треба да се затворат за проточен сообраќај туку треба да бидат сервизни улици и улици за пешаци и градски сообраќај. Големиот градски ринг треба да биде ослободен ос собраќај а решенијата треба да се барат надвор од него. Како така сите се буните за загадување на воздухот а упорно се залагате да не се затварал рекорд и да имало и на двете улици сообраќај. Отежнувањето на сообраќајот во централното градско подрачје секогаш има позитивни ефекти врз помасовното користење на алтернативни превози како градски сообраќај и велосипеди. Велосипеди треба да има во сите катни гаражи околу големиот ринг и да се користат од луѓето кои таму паркираат. Тоа се решенија а не упорно и упорно пикање на сообраќајот во НАЈ нај строгиот центар. Дефинитивно и очигледно сеуште и ние како граѓани а пред се градските власти и архитекти се движат по една линија која во напредните држави одамна е напуштена. |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
@gjoko Подземниот јужен булевар ќе биде двонасочен и ќе излегува пред триаголниот тек кај рампа, односно ќе поминува под врската меѓу двата кружни тека. Јордан Мијалков привремено ќе биде двонасочна, а по изградбата на булеварот и сите кружни текови ќе биде еднонасочна, исто како и Кирил и Методиј.
ДУП 1 ДУП 2 ДУП 3 Не ми е јасно е како ќе биде изведено понирањето во западниот дел? |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Не,Коце убаво објасни и бурекот два пати го препраша.Убаво кажа дека подземниот булевар ќе има три траки-едносмерни
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ѓоко , три траки едносмерни ќе има Железничка или како и да се вика сега, таа што во моментов се проширува. Заедно со МХЈ (едносмерната пред рамстор со 3 ленти) и трите кружни тека ќе создаваат сообраќаен прстен. Булевар Македонија или Јужен Булевар отсекогаш бил планиран за 6 ленти плус простор за трамвај во средина, ете истото го има и во ГУП на Скопје и во ДУП на О.Ц.
Фресно , според ова што го гледам во ДУПот понирањето ќе започнува од големиот кружен тек кон брзиот кружен тек ,каде што треба да се спои со Теодосиј Гологанов. |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
НЕМА ТРАГА ОД ПОДЗЕМНИОТ ЈУЖЕН БУЛЕВАР
Ниту Градот ниту Министерството за транспорт и врски не кажуваат зошто не почнува изградбата на подземната сообраќајница Јужниот булевар под земја никако да почне да се гради. Минаа три година откако Град Скопје потпиша договор со турската фирма "Лимак холдинг", која треба да ја гради сообраќајницата, но на терен нема никакви активности. При потпишувањето на договорот во март 2012 година, со кој се прецизираа меѓусебните права и обврски, Градот им го отстапи земјиштето за изградба на булеварот, а Турците се обврзаа дека најдоцна за една година ќе стартуваат со градежните работи. Од Град Скопје не кажуваат зошто доцни изградбата на подземната сообраќајница, дали инвеститорот ќе плаќа пенали за пробивање на роковите и дали фирмата "Лимак" има намера да почне со градежните работи. Оттаму ни рекоа дека одговор на ова прашање треба да бараме во Министерството за транспорт и врски, бидејќи тие го продале земјиштето на турски "Лимак". ![]() Од Министерството за транспорт и врски, пак, велат дека немаат ништо со почитување на роковите за Јужен булевар, оти Град Скопје е тој што го потпишал договорот и тој треба да ја води постапката. Турската фирма "Лимак" за околу 2 милиона евра купи државно земјиште со површина од 31.929 квадратни метри. Според договорот со Град Скопје, инвеститорот има обврска на свој трошок да ја изгради сообраќајницата, како што е предвидено со деталниот урбанистички план "Стара железничка станица". Потоа над сообраќајницата може да гради згради, трговски центри, деловни објекти и хотели, со максимална висина од 20 ката, плус приземје. Новата сообраќајница треба да биде шест метри под земја, долга 800 метри и со по три коловозни ленти во двата правца. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=B4AC246BD9954F40AFBF1F94278A5460 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Teglarot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 15-Nov-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 569 |
![]() ![]() |
Веќе видена работа на многу локации по нашево Скопје...
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„ЛИМАК“ ЈА ПОДГОТВУВА ПОДЗЕМНАТА УЛИЦА ЗАД „РАМСТОР“
По неколкугодишни најави, турски „Лимак“ конечно ќе почне со изградба на подземната улица зад „Рамстор“ во Центар. Така најавуваат од компанијата која досега веќе требаше да почне со градежните активности. Освен улицата, паралелно ќе го граделе и комерцијалниот објект до Стара железничка станица, кој ќе биде со „пресликана“ фасада и висина како и железничката. Од компанијата вчера ни изјавија дека ги вршат последните подготовки за почеток на изградба. Ја обезбедувале документацијата, ги средувале комуналиите, се организирале за отворање на градилиштата... „Не е точно дека сме се откажале од проектите или слично. Напротив, се работи за сериозни зафати, имаше корекции во проектите, па затоа од оправдани причини малку ги пробивме роковите за изградба. За десетина дена треба да ги доплатиме комуналиите и да ги комплетираме градежните дозволи. Значи, прашање на ден е кога ќе почнеме со работа“, изјавија кусо од „Лимак“ за „Утрински весник“. Велат, сложените проекти биле причина за пробиените рокови за изградба. Дали платиле или ќе плаќаат пенали за непочитување на договорот, од компанијата не сакаа да коментираат. Единствено порачаа дека се сериозна компанија која наскоро ќе почне со реализација на двата проекта. Прво ќе започнат со изградба на објектот до Стара железничка станица, а кусо по отворање на тоа градилиште, ќе стартуваат со изградба и на подземната улица. „Практично, двата проекта ќе се изведуваат паралелно, со оглед на тоа дека и двата плаца се купија во речиси ист период, односно имаат идентични рокови за почеток на изградба, конечна реализација и слично“, дополнија од „Лимак“. Кај Старата железничка станица, на местото на некогашниот паркинг помеѓу Музејот на Скопје и ТЦ „Рамстор“, треба да се изгради комерцијален објект. Инвеститорот има обврска да го изгради објектот со „пресликана“ фасада и висина како и железничката станица. Тој објект, всушност, е испланиран да биде влез во новиот деловно-административен комплекс кој треба да се гради на Јужен булевар, земјиште кое, исто така, го купија Турците. Практично, тој комплекс треба да се издигне над подземната улица која „Лимак“ е обврзан да ја изгради како компензација за земјиштето над неа. Поточно, по изградбата на улицата, „Лимак“ ќе има обврска да ја предаде во владение на Град Скопје, а за возврат ќе го добие плацот над неа со можност да гради деловен и хотелски комплекс висок и до 20 ката. Предвидено е улицата да биде 6 до 6,5 метри под земја, долга 800 метри и да има шест коловозни ленти, по три во двата правца. Инаку, и во двата случаја турската компанија ја купи државната земја на лицитација, на која практично се наддаваше сама со себе. Плацот кај Стара железничка станица со површина од речиси 10.000 квадрати го купи за околу половина милиони евра. За другата парцела, од над 30.000 квадратни метри, „Лимак“ на државата и' плати околу 3,2 милиони евра. http://www.utrinski.mk/?ItemID=3E11630F0036A54F8E5463A151B25F5A |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
...
Булеварот треба да понира пред, т.е. западно од големиот кружен тек. На макетата и на сите рендери досега објавени погоре се гледа дека просторот пред западната страна на објектот е на исто ниво со коловозот на кружниот тек. Лимак треба да го изгради булеварот до крајот на парцелата. Дали тој ќе завршува во ѕид или паралелно ќе почнат работите за продолжување кон Паркот на новинарите - не може да знаеме во овој миг. Edited by Cloverstack - 11-Dec-2020 at 20:48 |
|
![]() |
|
Blagh ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 10-Feb-2013 Online Status: Offline Posts: 41 |
![]() ![]() |
Да, да во право си. Сега ги загледав и другите слики. ![]() Сепак, ги погледнав и ДУП-овите и на соседните квартови, но некако не е јасно како би го решиле ова. Не само што не е јасно туку има разлика од еден до друг ДУП. најјужниот дел од ДУП-от на Буњаковец 1 најсеверниот дел од Градска Четврт Ј07 |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
![]() Одговорот најверојатно е дека не им е решено. На ДУП-овите се битни само растојанијата и оставениот простор. Нема профил на планираниот бул. Македонија. Лимак само го зеле за основа нацртаното во ДУП за четврт Ц 06 во нивните рендери и макети. А мене ми е крајно нелогично тоа решение за надоврзување на постоечката раскрсница на кружниот тек. Можеби два поврзани кружни тека како на источниот излез се подобро решение? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Се надевам дека си во право и дека овие чкрабаници што се во ДУП-от воопшто не го прејудицираат сообраќајното решение што ќе биде дел од проектот за Јужен Булевар. Колку што се сеќавам, ова „решение“ потекнува од фикс-идејата на една личност од „ИНПУМА“ и потоа е реплицирано во сите ДУП-ови кои ги имаат изготвено тие, а и во ДУП-овите на „Тајфа План“, фирма произлезена од претходната. Овие две фирми во тоа време ги добија скоро сите тендери за изработка на ДУП-ови за центарот на Скопје. Конкретно поврзувањето на Јужен булевар на оваа локација е толку очигледно лошо и нефункционално зацртано, што јас навистина не можам да разберам што си мислел авторот. Иако не е целосно јасно како ова би функционирало, а поради контрадикторности не е јасно ни дали решението зема во предвид еднонасочни или двонасочни колекторски улици, во било кој случај има големи проблеми. Еве на пример овој конфликт во сообраќајните текови, кој извесно ќе продуцира голем хаос, застој и безбедносни проблеми: ![]() Од другата страна кај малите кружни текови ситуацијата не е толкава катастрофа, но е далеку од добра. На пример оваа патетична рампа за влез во тунелот на Јужен Булевар: ![]() Проблем е и оскудноста на влезно-излезни рмпи. Во претходниот ГУП и во ДУП-овите произлезени од него имаше зацртано вкупно 8, а овде фигурираат само 4, односно не се веќе парови на влезови и излези кои овозможуваат движење во сите правци, туку се „половинки“. Последица од ова е зачудувачки слаба поврзаност на булеварот со останатата сообраќајна мрежа. Ако некој на пример од Кисела Вода оди во Ѓорче Петров, не може да се приклучи на Јужен булевар се до Капиштец ![]() Наместо сообраќајот да се насочува да користи брза денивелирана сообраќајница, вака ќе е приморан да се движи по бавните површински улици во центарот, гужвата ќе си остане, а Јужен булевар за тоа време ќе зјае со неискористен капацитет. Edited by Cloverstack - 31-May-2018 at 22:09 |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Кога веќе другите новинари не се интересираат на оваа тема, би било добро Билд да постави прашања до градот и да се изврши притисок. Да не излезе на крај сменет проект, па Лимак да не мора да гради подземен булевар. Веќе едно такво искуство имаме со Телеком.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 13> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |