Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#1 Topic: Одржување на објекти Posted: 23-Apr-2009 at 23:30 |
Строго контролирани лифтови
Секој лифт ќе добие регистрација, а за нерегистрираните, казни од 200 до 5.000 евра ќе плаќаат одговорните во фирмите и куќните совети

Никој
во државата не знае точно колку лифтови има во станбените и деловните
згради во земјава, ниту колку се безбедни за користење многу
од нив. Се проценува дека има од 3.000 до 7.000 лифтови. Нивната
безбедност во иднина ќе ја контролира новоформираното одделение за
лифтови, кое функционира во рамките на техничката инспекција при
Министерството за економија. Единствениот инспектор за лифтови, Јане
Ставров, вели дека во практика се' уште не профункционирал Законот за
техничката инспекција и оти се чека правните лица што ќе вршат технички
прегледи на лифтовите да добијат акредитација. Лиценцираните компании
ќе бидат како „матични лекари“ за лифтовите. Тие ќе се грижат за
нивната безбедност, а ние како инспекција ќе контролираме дали секој од
лифтовите поминал технички преглед. Контролите ќе ги правиме
самоиницијативно или по пријава - објаснува инспекторот Ставров.
Техничкиот
преглед на лифтовите, како кај возилата, ќе мора да се врши еднаш
годишно и секој исправен лифт ќе добива регистарска табличка или
евиденциски број. Таа во вид на плочка ќе биде поставена на видно место
на лифтот. Граѓанинот ќе се чувствува безбедно да влезе во лифтот ако
јасно се гледа дека тој има решение за употреба - објаснува Ставров.
Нова зграда во која има лифт, за да мине технички прием, ќе мора да има
и решение за употреба на лифтот. Тоа всушност ќе биде прв технички
преглед на лифтот. Ставров вели дека граѓаните не се се' уште
запознаени со новите правила со кои државата првпат ќе има директна
контрола врз лифтовите.
- Секој куќен совет во станбена зграда
мора да си определи фирма за технички преглед и сервисер за одржување.
Истото важи и за деловните згради - вели Ставров. Тој потсетува дека се
големи казните за тие што нема да го почитуваат законот и ќе го ставаат
на коцка животот на станарите или на вработените.
- Висината
на казните е до 5.000 евра. Во компаниите ќе се казнува правното лице и
одговорниот, а во станбените згради куќниот совет и неговиот
претседател. На правните лица може да им се издаде и забрана за вршење
на дејноста на определено време или да им се определи мандатна казна од
200 евра на лице место, доколку лифтот е неисправен, а сепак се користи
- објаснува Ставров. Тој потсетува дека ова е во согласност со
европското законодавство.
- Целта е да се убедат луѓето дека
сево ова е за нивно добро - додава тој. Досега се регистрирани повеќе
несреќи, кои се последица од неисправни лифтови, во кои имало и повреди
со смртни последици. Станари што живеат во згради ја поздравуваат
намерата да се контролира исправноста на лифтовите.
- Многу
често се расипуваат, а сервисерите не' дерат. Сите станари не можеме да
се сложиме околу плаќањето, па многу често одиме и пеш -велат тие.
Досега при градба на нова зграда за лифтот се добиваше сертификат за
исправност и толку. Понатаму работата беше во рацете на сервисери што
станарите сами ги ангажираа, а нивната работа и исправноста на лифтот
немаше кој да ја контролирана.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=39ECE5E934284648ADACC83FBC844BF9 |
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#2 Posted: 28-Apr-2009 at 00:54 |
Не знам колку е за тука прашањето,но запознати ли сте за тоа дали некоја фирма во Македонија,нуди услуги за одржување на екстереиерот на повисоките згради(чистење на стакла) Како што ја гледам МТВ не ми изгледа чистена од изградбата.
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#3 Posted: 25-Aug-2009 at 03:54 |
Секој лифт мора да биде проверен од акредитирана фирма |
Засега само
две компании имаат акредитации да вршат технички преглед на исправноста
на лифтовите
во зградите
и да издаваат
годишни употребни дозволи според новиот Закон
за лифтови |
|
 |
По
две години во кои немаше ниту една фирма или институција задолжена да
ја контролира исправноста на лифтовите и да ја преземе одговорноста за
нивното функционирање, конечно стапи во сила новиот закон за лифтови и
почнаа да се издаваат акредитации според него. Ова значи дека
сопствениците на објекти, куќните совети и фирмите што имаат згради со
лифт веќе нема да можат да му ја доверат неговата сигурност на
мајсторот што го одржувал, туку еднаш годишно ќе мораат да добијат
налепница за исправност од акредитирана фирма.
Според најавите
од засега единствените две акредитирани компании, „Алекс Стјуарт“ и
„Гезуп“, проверката на еден лифт, по која се става налепница „исправно“
или „неисправно“ со важност од една година, ќе чини до 12 илјади
денари. Непроверувањето, пак, според законските норми, ќе ги чини
одговорните за лифтот казна од три до пет илјади евра. Оваа контрола на
лифтовите нема врска со нивното сервисирање. Таа се воведува за да се
подобри безбедноста во нив и да се посочи одговорноста за нивната
исправност. Ако се случи несреќа во лифт прегледан само од мајстор,
никој нема да биде одговорен за тоа. Но ако тој има налепница од
акредитирана фирма дека е исправен за употреба, тогаш таа ќе одговара
за последиците и против неа ќе се поднесе кривична пријава.
Од
„Алекс Стјуарт“ велат дека цената на проверката зависи од неколку
фактори, како колку е стара зградата, колку катови има, односно колку
станици за лифтот и колкава е неговата носивост.
- Првиот
технички преглед ќе биде поскап од вообичаените што ќе се прават секоја
година. Цената за стандардните лифтови е од седум до девет илјади
денари, а контролата на поголемите може да чини и 12 илјади денари. Се
трудиме сумите да бидат што поприфатливи за граѓаните, но и ние имаме
големи трошоци што мораме да ги покриеме - вели Горан Сековски,
управител на оваа фирма.
И во другата фирма, „Гезуп“, куќниот
совет треба да испрати барање во кое ќе напише за каков тип лифт
станува збор, каква намена има, каде е вграден и колкава е носивоста.
Овие
се првите две фирми што добија одобрение од Министерството за економија
за да можат да вршат технички прегледи на лифтовите. Од државниот
инспекторат за техничка инспекција велат дека процедурата за да се
добие таа дозвола е сложена и може да трае до половина година. За да се
добие сертификат треба да се достави барање до Институтот за
акредитација, кој го препраќа тоа во Брисел, за комисија на Европската
Унија да процени дали заинтересираната фирма ги исполнува сите европски
стандарди. Ако од Брисел го одобрат барањето, институтот го испраќа до
Министерството за економија, кое врз основа на сертификатот и на бројот
на вработени во фирмата и издава одобрение. За процедурата се плаќаат
100 илјади денари, и тоа 50 илјади кога ќе се поднесе барањето и уште
толку кога ќе се добие документот.
- Досега ни пристигнале
неколку барања. За дел од нив сé уште трае постапката, а само две
добија одобрение. Сега процедурата е поинаква, за разлика од стариот
закон, бидејќи фирмите мора да ги исполнуваат сите европски стандарди и
системи за квалитет - објаснува Јане Ставрос од Државниот инспекторат
за техничка акредитација. |
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82491035383&id=14&prilog=0&setIzdanie=21771 |
|
 |
Max
Senior Member
Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3686
|
Quote Reply
#4 Posted: 31-Jan-2010 at 23:58 |
ајде да видам да неверувам, ова е позитивен муабет, само тешко и дека ревносно ќе се изведе! незнам кој е тој лифт во земјава кој е постар од дваесет години кој без проблем ќе помине на регистрацијата! инаку да досега само сервисерите гарантираа, додека веќе ова е нешто што мораше и далеку порано да го имаме како рутина! јас немам против лифтот во зграда да шкрипи, крцка, клацка, и што се не, но бар некоја институција да каже дека истиот е целосно исправен! но ова требаше да го прави инспекција од мтв, а не приватна фирма, тие и до сега на некој начин хипотетички гарантираа дека нема никаков проблем по нивното сервисирање, но мора да има независно државно тело кое ќе го контролира и самото одржување но и самите атести! ~ инаку темава комотно може да се преименува во Лифтови наместо одржување на објекти! конкретно може доста да се разглоби истата, од лифт, преку лифт скали, па и монореил, па се до жичара... чисто да видиме што се има надвор а што се има тука од понуда!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#5 Posted: 01-Feb-2010 at 00:23 |
Минатата недела во една од висококатниците во Приштина каде бев по работа лифтовите си беа исклучени бидејќи не било платено одржувањето. Лифтовите преку интернет си се врзани со добавувачот/сервисерот и доколку не се подмируваат обврските на време, се случува тоа што се случува.
На овој начин и се тренира дисциплина кај корисниците на лифтот, и се зголемува безбедноста бидејќи и сервисерот се обврзува редовно да ги држи лифтовите во форма преку овој принцип на "претплата" за користење.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#6 Posted: 02-Feb-2015 at 22:47 |
ќе беше добро да ставаа стикер-сертификат на секој лифт, но и тоа ќе биде само фол додека не биднат лифтовите комплет автоматизирани со е-логистика ко што наведуш pbanks
|
 |
+Protagorist
Senior Member
Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3588
|
Quote Reply
#7 Posted: 23-Feb-2016 at 09:45 |
дали студентите, инвалидите или социјалните случаи се ослободени од одржување на објектот, и кој и како треба да се солидаризира со нив во еден влез, што ако ги има повеќе!? регулирано ли е ова некако во законот, а доколку дополнително утре би го штимале со некој подзаконски акт, добро законодавецот да има осет и разликата да и ја натовари на општината...
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
 |