![]() |
![]() |
![]() |
Надградба на ГТЦ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4647484950 69> |
Author | |||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
Навистина не можам да разберам како некои членови на форумов (претпоставувам во голем дел архитекти) неможат воопшто да размислуваат рационално и да ја согледаат реалноста.
Еве, ова е мојот придонес во дискусијата за ГТЦ (ако воопшто го заслужува името): 1) БАРОК-изација на ГРЦ е ужасна работа. Како економист од помладата генерација (со завршени студии на странски универзитет) мене лично ми изгледа како обид смешка или поверојатно обид од евентуалниот тендер за надградба на ГТЦ да се избркаат реномирани учесници (тие што не обожаваат Барок) и да останат само подобните фирми договорени со владејачката партија. Иако можеби ќе звучи контрадикторно, според мене дури и оваа варијанта (затварање на ГТЦ во барокна фасада) е подобро решение од постоечкото доколку истото не предвидува тоа да се направи со народни пари.Впрочем фасадата е само фасата - секогаш може да се промени, битно е да се врати функционалноста. 2) ГТЦ - ваков како што е една голема БЕДА и АГОНИЈА. Најпрво ГТЦ воопшто и не си го заслужува името. Сите настојуваат што побргу да ја поминат оваа грдосија од бетон која стои на патот кон плоштадот и кафичите. Младите генерации воопшто немаат меморија за некојси “дух или вредност“ за ГТЦ. Упорното инсистирање ГТЦ да не се затвори односно да не стане модерен Градски Трговски Центар е анахрона битка на застарени луѓе кои се борат со својата носталгија и желба за успорување на времето. Одземете му ја на ГТЦ функцијата (да биде градски трговски центар), која веќе во и му е одземена и тој повеќе нема никаква вредност освен куп на бетон и столбови покриени во полураспаднато здание што е тука за да не потсетува дека оваа земја некогаш била дел од комунистизмот. Денес City Mall ја има превземено улогата на ГТЦ. Денес дури и приземјето на ГТЦ останува празно и неатрактивно. Прошетајте низ призејето што гледа кон Жена Парк и ќе видите која е таа очајна состојба. 3) Едноставно мора да се создаде критична маса која ќе го подигне гласот за ГРЦ да си ја врати својата функционалност (главен градски трговски центар) кој нема да биде со анахрон изглед туку соодветен на духот на времето и потребите на денешните млади генерации. Се помалку и се поретко во ГТЦ се гледаат луѓе дојдени за ГТЦ (а не оние што ко користат за shortcut кон плоштадо), се помалку деца и малди можат да се видат како се шетаат или задржуваат во ГТЦ подолго од 20 минути. ГТЦ просто наликува на старец кој одбива да признае дека остарел иако е полн со брчки и немоќ. 4) Решението за ГТЦ е негово затварање во современ модерен дизајн, футуристичка фасада и најмалку 8 влезови/излези кои ќе сведочат за неговата отвореност кон посеителите од сите страни. ГТЦ треба да си ја врати функцијата (главен градски трговски центар). Сакале признале или не на тој начин и плоштадот и целиот центар на градот ќе добие на значење и динамика, а ГТЦ ќе стане омилено катче на младите и старите кои ќе можат да дојдат и да поминат со фамилиите цел ден во ГТЦ (шопинг, прошетка, ручек, кино итн) во атмосвера која доликува на трговските центри во 21 век (топли во зима, климатизирани во лето). 5) Ваков каков што е - моменталниот изглед на ГТЦ доколку само се нашминка и конзервира нема никаква светла иднина (како трговски центар). Во тој случај подобро решение е барем да се пресели Зелено Пазарче во ГТЦ (па да стане ЗПЦ) за да добие посетеност динамика и функционалност. |
|||
![]() |
|||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
||
Од 43:10 па натака |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
@Glava со се можам да се согласам, причината за неатрактивноста на ГТЦ е јасна, му треба една комплетна реформација со доста маркетиншки пристап... затоа и на многу наврати имаме кажано дека главниот проблем на ГТЦ е лошиот менаџмент, од тоа каква содржина има трговскиот, до тоа колку се одржува и се посветува внимание на модернизација и оплеменување
НО проблемот со ГТЦ често е тоа што луѓето од него имаат очекувања кои не треба да ги имаат... на нас очигледно ни е познат терминот за класичен mall, па тоа и го очекуваме, ама има еден мал милион видови на трговски центри, меѓу кои се и отворените центри, и тие совршено функционираат во современото доба, дури и се многу потрајни од класичните... пиши само open air mall на гугл и ќе излезат разни примери а на нас, како култура, повеќе ни лежи пристапот на чаршија каде што можеш да се движиш слободно, отколку класичен мол како Сити мол, кој те тера да вртиш огромен круг за да се качиш на следниот спрат, само ради некои застарени маркетиншки трикови... плус, како факт ви стои дека ваквите молови комплетно се напуштени од широките маси, после само неколку години, затоа што некаде, на друго место, се изградил нов мол кој диктира некои нови стандарди со кои што и со брилијантен менаџмент, стариов мол не може да се справи Ама ГТЦ го нема тоа затоа што во него секогаш има луѓе, макар и да се гаделе од неговата одвратност... не е битно дали внатре се саат време или пет минути, битно луѓе се движат низ него и тоа создава живост на комплексот а за тоа како депресивно изгледа трговскиот, тоа може да се реши со вложување во внесување на малце топлина во материјалите и боите, а бидејќи е отворен, може да се избутка и некоја идеја за жардиниери и друго зеленило... материјалите би било добро да бидат некои со кои се поистоветуваме традиционално еве еден пример кој би мразел некој буквално да го сфати (забележете дека и примеров е дури и поотворен од ГТЦ): ![]() тоа што многу луѓе не се трудат да го разберат, е дека кај архитектонските дела, најбитно е да се задржи основниот концепт кој го дава карактерот на објектот... промените се содржат во ситните работи Edited by zabegan - 03-Apr-2015 at 00:53 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
@Zabegan, воопшто не се согласуваме со ова што го наведуваш. Зборуваш чисто технократкси (претпоставувам си архитект) и твојот концепт е ДА ГО СМЕНИМЕ НАРОДОТ а не ГТЦ! Сосема го прифаќам предизвикот дека архитектурата треба да влијае на животните навики на луѓето, но едноставно ГТЦ воопшто не ја исполнува функцијата поради која постои и бил изграден (затоа и го нарекувам куп од бетон и столбови). Точно е дека постојат минувачи во приземјето на ГТЦ но тие би постоеле и доколку целосно се сруши ГТЦ (едноставно поради коридорот). Изгубената функционалност (главен Градски Трговски Центар) е она што комплетно го девалвира ГТЦ. Што ако се нашминка, дотера и заличи ГТЦ ако луѓето продолжат да го користат само како Коридор? Барем да му го смениме името. Јас всушност дадов и конструктивен предлог - отворен ГТЦ треба да се трансформира во Градски Пазар (ГПЦ). |
|||
![]() |
|||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
Главниот проблем на ГТЦ е неговата анахроност. ГТЦ мора по секоја цена да ги врати фамилиите и атрактивноста луѓето да доаѓаат во центар заради ГТЦ а не само за да поминат покрај ГТЦ до таму каде што наумиле да одат.
ГТЦ има иднина само во трансформацијата во семее мол посакуван за жителите во Скопје во ГТЦ да поминат повеќе часови (наместо 5-10 минутно прошетување). ГТЦ треба да се прилагоди на моменталните потреби и барања на населението - да стане модерен затворен и надграден (главен) Градски Трговски Центар. Доколку за 30 години навиките и потребите се променат (иако тешко веројатно со ваквата клима), и луѓето почнат да бараат отворени молови - дизајнот на ГТЦ и тогаш ќе треба да се прилагоди - да ги прати луѓето и промените во навиките. Скрос е забегана логиката ГТЦ да не се менува за да се задоволу вкусот (ќејфот) на архитектите заљубени во некаквата божена архитектонска вредност на ГТЦ. Тоа е подеднакво забегано како и намерата за барокизација на ГТЦ (која барем од функционален - но не и естетски аспект е оправдана). Не ми е јасна неспособноста на луѓето да ја видат комплетната забеганост на моменталниот затворен облик на ГТЦ од неговата основна функција. Edited by Glava - 03-Apr-2015 at 08:19 |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Се обидов да најдам некоја статистика, можеби е веќе присутна на темава, ама кој да бара низ 48 страни...
http://emagazintest1.tk/?p=1998 Според прилогот, од Јули 2013та, ГТЦ бил најпосетен ТЦ во Скопје. |
|||
![]() |
|||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
По таа логика и автобуската на Рекорд е еден од најпосетуваните молови. ГТЦ во моментов е главен коридор - улица "pedestrian street". Впрочем единствено тие трговци/дуѓани и опстојуваат што се во должина на коридорот. Никој во ГТЦ не оди во фамилијарен шопинг и прошетка каде би поминал неделно попладне. ГТЦ дури се занесе едно време и им нареди на дуќаните да работат во недела - и пак не успеа да привлече муштерии. Дали некој од вас познава некаде да постои воопшто Главен Градски Мол кој во Недела (цел ден) и во Сабота после 14:00 е со затворени дуќани, полутемница и со ескалатори што не работат (затоа што нема интерес)? Дали некој паркирал во Недела или Сабота попладне во паркингот во ГТЦ и нашол голем број празни места иако паркингот е само на едно ниво? Е сега направете споредба на сето тоа со Сити Мол и ќе ја видите разликата. |
|||
![]() |
|||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||
Glava, главниот проблем на ГТЦ е тоа што има политичар кој му фрлил око да го менува, како и сето останато што е од архитектурата во Скопје по земјотресот од 1963 година. И те молам, немој да ми објаснуваш дека нема луѓе низ ГТЦ. До таму ли дојдовме, јас секој ден од мојот живот минувам низ овој трговски центар и знам точно колкава е фреквенцијата на луѓе.
Ако мене ме прашуваш, бројот на луѓе што минуваат низ овој трговски центар е МИНИМАЛНО намален од пред една деценија, и тоа првенствено на најгорниот кат и во подрумот. Тоа што некои компании се одлучуваат да си заминат од самиот објект може да се реши со две рационални и едноставни работи без притоа да се оствари „барокниот“ архитектонски проект на Николае! Прво, веќе неколку пати пишав, промена на раководниот кадар на ГТЦ и поставување на нови лица кои ќе сакаат и ќе знаат да раководат со трговскиот центар. Бидејќи велиш дека си економист, можеме слободно да говориме кој модел на менаџирање може да се примени овде. Второ, враќање на автобуската станица во подрумот на ГТЦ, со што на природен начин ќе се врати некогашната фреквенција на луѓе во подрумските простории. Тебе можеби ГТЦ ти е ругло бетон на кое му е одминато времето, но за мене ГТЦ е објект кој има културна вредност и кој мора да се заштити како споменик на културата од модерната архитектура во главниот град. Јас за ова мое мислење сум спремен да се борам како граѓанин. |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Промена на која од овие состојби условува затворање на трговскиот во вид на мол? Ниеден од членовите тука не е за тоа да остане ГТЦ таков каков што е. Единствено што се бара е да се задржи автентичноста во изгледот. Нормално дека ГТЦ треба да понуди различно од досегашното работење и дополнително нови содржини со кои би привлекол луѓе на „дневен престој“. |
|||
![]() |
|||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
Јас никаде не реков дека бројот на МИНУВАЧИ низ ГТЦ е намален туку дека бројот на посетители е значајно намален. Дека ГТЦ ја има изгубено функцијата во просторот (не е повеќе Градски Шопинг Центар), дека никој не оди во центар за да го посети ГТЦ туку за да го одмине (да прошета преку коридорот на приземјето). Зошто никој од вас не го коментира мракот и празнотијата на ГТЦ во неделите или сабота попладне - нешто што е незамисливо за централен градски трговски центар било каде во светот. Јас веќе кажав дека Барок-изацијата на ГТЦ е голема глупост иако верувам дека БИЛО КАКВО затварање на ГТЦ, односно било каква фасада која ќе обезбеди осветлување, климатизација и модерна внатрешност ќе му ја врати функцијата на ГТЦ и ќе биде економски исплатлива. Притоа Барокот е ужасна грешка, неприродна перика - но и имајќи ја предвид централната локација, од економски аспект сигурен сум дека ќе ја заврши работата и ќе привлече посетители, брендови, купувачи. Се разбира барокот во слувајов би бил привремен (за да се задоволи ќејфот и провизиите на овие од власта) за по извесен период се модернизира фасадата (избрише барокот). Она за што се залагам јас е модерен футуристички изглед на ГТЦ кој ќе му ја врати функцијата во просторот на Скопје и ќе одговори на современите потреби на населението а тоа е можно само со ЗАТВОРЕН градски трговски центар, климатизиран и модернизиран. Залагањето за зачуваување на ГТЦ во оргиналниот изглед за мене е подеднакво грешно како и инсистирањето за Барокизација. Една група на луѓе кои сакаат да ги излечат своите комплекси, носталгија, емоција кон одредено време или одредени животни ментори преку нерационално инсистирање ГТЦ да се претвори во музеј (да се сочува моменталниот изглед) и друга група на луѓе кои истите работи (+ провизија) сакаат да ги решат преку Барокизација на ГТЦ. Ако оваа генерација на Скопјани немаат смелост да го сменат изгледот и го задржат анахрониот изглед (без функција) на ГТЦ - треба да е знае дека тоа е само времена мерка (ништо што е анахроно и без функција не опстојало). Тоа само ќе ја одложи агонијата на ГТЦ а на противниците на модернизацијата на ГТЦ (преку затварање но не во Барок) само ќе им купат 5-10 години до следната генерација која ќе биде подготвена да превземе одлучни чекори. Затоа мојот апел за сите што умеат рационално да размислуваат (ослободени од емоции и комплекси) е: ОБИДЕТЕ СЕ ДА ГИ АНТИЦИПИРАТЕ НОВИТЕ ПОТРЕБИ НА КОИ ЦЕНТРАЛНИОТ ГРАДСКИ ПРОСТОР ЌЕ МОРА ДА ОДГОВОРИ (не бидете заробеници на размислувањата на одредена животна генерација). Edited by Glava - 03-Apr-2015 at 17:48 |
|||
![]() |
|||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
||
Сумарно, она што јас сакам да го кажам (затоа потенцирав дека сум економист а не архитект) е дека изгледот на ГТЦ и неговата функција треба пазарно да се реши.
Едноставно да се распише конкурс и ГТЦ да се приватизира, со право на купувачот да го менува изгледот во рамките на одреден габарит. Пазарот најдобро ги решава проблемите насекаде во светот. И обратно, никаде во светот изгледот и функцијата на трговските центри на се определува административно (ГТЦ Барок или ГТЦ бетон) туку тоа се остава пазарот да го регулира. Тоа всушност е единствениот правилен начин ГТЦ да си ја врати функцијата во просторот, да ги врати посетителите (да ги претвори минувачите во посетители) кои денот ќе го поминат во новиот современ Градски Трговски Центар кој ќе биде убедливо најпосакуваното место за прошетка и поминување на викенд попладне со фамилијата и ќе биде природно надополнување на содржините понудени на ул. Македонија или централниот плоштад/и. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
во современо доба, дури и прифатливо е тргоските центри да бидат во форма на покриени чаршии и пазари, затоа што на луѓето се им е достапно на една улица, наспроти класичните молови кои те тераат да вртиш кругови и кои ќе ги посетиш само ако конкретно си отиден таму за некоја работа се согласувам со тоа дека многу работи кај ГТЦ треба да се променат, ама доколку би се промениле, нема да има потреба од менување на концептот на трговскиот... содржината на дуќаните и ликот на трговскиот, не зависат од неговиот концепт... затоа и погоре постирав пример за тоа како ГТЦ може да се оплемени само визуелно, а не па содржински не сакам да го сменам народот... само укажувам на тоа дека народот е збунет и не увидува каде е главниот проблем ако збориме за неатрактивност... дури и дискусиите за тоа како во ГТЦ граѓаните доживувале екстремна промаја и температури, се преувеличени и чаршиски... како прво, треба да ги чувствуваат атмосферските влијанија, а како второ, во ГТЦ тие влијанија се драстично намалени и кога ќе кажам дека народот има погрешни очекувања од ГТЦ, мислам на тоа дека погрешно го разбираат како објект, а не како урбана структура... ГТЦ не е објект, туку цел урбан комплекс... затоа и е обвиткан околу други објекти и поврзан со објекти и еве ќе повторам, битно е да се задржи концептот на ГТЦ како структура, а не изгледот, не затоа што некој е вљубен во него, туку затоа што најпрво концептот му е корисен и функционален, а дури потоа дека треба да имаме респект према ГТЦ како објект Edited by zabegan - 03-Apr-2015 at 17:57 |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
||
Џоле, те сметав и сеуште те сметам за попаметен член/човек, но сметам дека си во тешка заблуда и манипулација. Тргнете ја емоцијата и вратете ја разумноста. На ниедно место во свет не може да одлучува “шљам“ наместо врвни експерти, стручњаци, архитекти. Како може народ кој воопшто нема појма од архитектура, планирање, цртање, симетрија, димензија да одлучува што треба да се гради во Скопје, а што не? Како може народ да одлучува како клинички центар или било што треба да се гради во Македонија, како и патишта, училишта, спортски сали или било што? Затоа ние вложуваме во училишта, факултети, театри, културни домови за да образуваме младина, да имаме учени луѓе што ќе не движат напред, а не мнозинство на граѓани исфрустрирано и нафурано со политички мотиви да одлучува за општо корисни работи во заедница. Тоа никогаш не било, а ниту треба да биде така. Ако не да организираме референдум за секој инфраструктурен проект во Македонија само затоа што нам визуелно не ни се допаѓа или сме начуле дека не треба да ни се допаѓа? Кога е во прашање стручна наука народот не треба да се прашува за ништо, затоа што народот ниту е стручен, ниту знае што треба, но има желба да е експерт за се. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
![]() исто како што можеше Ск2014 да се пропагира како изгласано на избори и исто како што за објектот на владата се излажира анкета, и исто како што политички исфрустрирано и нафурано население не донесе на дереџе на Ск2014 и сите пропратни глупости со него да оставевте работите стручно да се одвиваат, денес немаше да постојат ни половина од работите кои ги имаме, не вклучувајќи го Ск2014 конкретно за ГТЦ, се сеќавам дека воопшто не се остави простор на неутрална стручна комисија да ги разгледува проектите и решенијата, туку најдрско се смени и на нејзина позиција се ставија некои полтрони... ако не ги прашувате архитектите, барем прашајте го народот како тело што ги финансира и користи ваквите проекти и не можеш едно инфраструктурано решение како автопат, да го рамниш со ГТЦ по логика, се работи за различни проблеми кои различно се разгледуваат |
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
||
Се ставија “полтрони“ во стручни комисии на место на други полтрони коишто биле поставени од друга претходна власт ![]() Таквата “независна“ стручна комисија никогаш немаше да изгласа таков проект не поради тоа што е лош и неквалификуван, туку само затоа што доаѓа од спротивна идеологија, конкуренција и партија. Тоа се сосема две различни работи. Јас не видов ниту еден проект да биде пофален од вас, од опозицијата, од “неутралните“, а ги имаше баш доста. ГТЦ и автопат се различни работи, но во суштина исти. И, едното и другото се инфраструктурни проекти, бараат економичност, ефикасност и естетика. За тоа ни под разно не треба да решава општа руља што и како ќе се гради. Се сложувам за тоа дека треба да има комисии, надозирни тела, дебати помеѓу стручни лица, судир на идеи, но транспарентност и професионалност никогаш немало, а ниту ќе има, се се сведува на ниски политички мотиви за општење. |
|||
![]() |
|||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||
|
|||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Зошто ме прозиваш? Само ја пренесувам веста. И што е ова во последно време, сите нешто ме прозиваат и мислеле дека сум паметен, ама ете, сум им ги изневерил очекувањата? Веројатно и јас имам право на сопствен став, да му се невиди. |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Па ова го мелеме 9 години веќе, ама власта е упорна: народот така одлучил, народот ќе одлучи итн. ![]()
Која власт ја донела претходната комисија? Првиот скорешен конкурс за ГТЦ (и единствен според мене легитимен) беше од 2008-ма. Тогаш беше истата власт и истото раководство на ГТЦ кои се и денес. Филхармонијата, реновирањето на некои постари објекти, проширување на некои улици (бул. Србија, Илинденска), средувањето на ул. Македонија (во време на Аларова) и паркот кај Дом на Арм (кој подоцна се уништи за да се гради црква), ревитализација на ЗОО и Чаршијата... ова се само дел проекти кои јас лично ги подржувам, а мислам и дека генерално никој не е/бил против. Ги поддржувам и автопатите и др. капитални инфраструктурни зафати (со критика кон касното започнување на овие зафати, и нормално, доза на револт врз база на основаните сомненија за тешки криминали поврзани со нив). Edited by fichot - 03-Apr-2015 at 22:41 |
|||
![]() |
|||
Svarog ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 21-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 92 |
![]() ![]() |
||
Ги молам "неразумните" членови на форумов да не отвараат повторно дискусија за проектот СК14 поради тоа што "разумните" не утепаа со факти и аргументи.
Ви благодарам |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4647484950 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |