Print Page | Close Window

Надградба на ГТЦ

Printed From: build.mk
Category: Главни теми
Forum Name: Комерцијални
Forum Discription: Трговски центри, повеќенаменски комплекси, супермаркети, хипермаркети...
URL: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=128
Printed Date: 04-Dec-2020 at 22:07


Topic: Надградба на ГТЦ
Posted By: pbanks
Subject: Надградба на ГТЦ
Date Posted: 13-Nov-2007 at 22:11
1. На што ќе личи оваа крпеница. ГТЦ е можеби до некаде застарен од внатре но од надвор изгледа одлично.
2. Кои се тие новоизградени трговски центри каде избегале муштериите??? ГТЦ сеуште држи примат а единствен друг нормален трговски е Рамстор но далеку. Стандардно пишување на памет.


Во ГТЦ ќе се гради уште еден кат

http://www.a1.com.mk/vesti/novinar-email.asp?NovinarID=96&VestID=86139 - Александар Момировски  
13.11.2007 19:35

Ресторани, мини голф игралиште и забавен парк, игротеки и нови дуќани. Градскиот трговски центар се проширува. Ќе се гради уште еден кат, на кој се предвидени луксузни објекти.

На површина од 14.000 квадратни метри ќе има нови деловни простории кои акционерското друштво на државата ќе ги издава под закуп. Станува збор за инвестиција од десетици милиони евра, која ќе биде финансирана со државни пари или во соинвеститорство со приватна фирма.

Според информациите на А1, општинските власти веќе дале дозвола за градба, но допрва ќе се бира идејното решение за тоа како ќе изгледа третиот кат на трговскиот. Компаниите во градежниот бизнис треба да ги достават своите предлози.

Во втората фаза ќе се избере фирма која ќе го гради третиот кат, а се очекува изградбата да финишира кон крајот на следната година.

Новиот проект се објаснува како обид на надлежните од ГТЦ да се спротивстават на конкуренцијата, да ги повратат муштериите кои од ГТЦ поминаа во новоизградените трговски центри.


Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=86139 - A1






Replies:
Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2007 at 00:57


1. Не се сложувам дека трговски изгледа толку добро од надвор. Можеби не е лош, ама сигурно може и треба многу подобро. Што се однесува до тоа дали ќе биде крпеница - и мене ме плаши тоа што можат да го замислат, ама реално сето тоа може да се изведе беспрекорно и ГТЦ да добие спектакуларен изглед без никакво нарушување во функционалноста.

2. За ова се слагам. Иако можда во предвид донекаде ја имаат надоаѓачката конкуренција. Во секој случај ГТЦ има голема почетна предност што е во апсолутниот центар на градот.


Е сега оваа тема ме натера да размислам и за други две теми:

- Што стана со постоечкиот проект за надградба на ГТЦ. Имавме и рендер ама ме мрзи сега да пребарувам по архивите на ССЦ.

- Дали ова уште повеќе ќе ги блокира оние 5 стари грди згради? На таа локација сигурно нема да поминат 20 години пред тие да се актуелизираат... Сигурно не би било тешко ни да се најде приватен капитал за таква работа. Ама главните проблеми со нив би била од една страна сопственоста (тешко кој ќе може да се справи со толкав хаос зашто најверојатно таму има милион сопственици на простор). Од втора страна пристапот и просторот за било каква интервенција. Кога би се обновувале и шминкале темелно, можда и не толку... Ама кога би се одело на рушење и изградба на нови, тоа би било вистински кошмар да се изведе и да се изнесе цел тој материјал од таму, па после да се гради на таков ограничен и фреквентен простор. Не е директно поврзано со темава, ама треба да се размислува на време за да не ги заглавиме таму еднаш засекогаш.


Инаку ГТЦ има свој сајт, ама прилично бескорисен.

http://www.gtcskopje.com.mk/mk/index.asp

Нема слики со поглед на трговскиот (има само слики од продавници). Нема ни податок колкава е површината на центарот... Ако некој знае нека постира... Ме интересира и деловен простор и вкупна површина на целиот трговски.


Posted By: pbanks
Date Posted: 14-Nov-2007 at 08:58
1. mnogu mi e mala verojatnosta deka seto toa dobro kje se obmisli. Garant kje mu stavat 2-3 kupoli i resile rabota. Jas ne bi cackal eden od popristojnite objekti vo Skopje dodeka standardite vo taa bransa ne se dovedat na nekoe normalno nivo i ne se iskluci politikata kompletno od celiot proces.
2. Da verojatno toa mislel pisatelot i jas pomisliv normalno na toa... Ama nemozam da ne se iznerviram koga novinar pisuva prva rabota sto kje mu padne na pamet nezavisno dali e tocna ili netocna.
3. Ne veruvam deka toj render vise vazi (a i mene licno ne mi se svigjase bas)
4. Ne veruvam deka nekoj tamu razmisluva za trajno resenie tuku cisto za malku calam i mnogu profit. Za samite zgradi ne gledam resenie dodeka ne se okrupni sopstvenosta kako sto i ti sam kaza. Do togas kje bidat krpenici kakvi sto se. Ne mi e jasno zosto koga go gradele GTC ne gi srusile ocigledno imale dovolno oset za estetika vekje, kako tie cuda im se vklopuvale vo noviot moderen trgovski centar?


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2007 at 15:16
3. Ни мене не ми се свиѓаше, само се прашував дали тој проект беше официјализиран. Еве што најдов на таа тема од еден стар Утрински

http://217.16.70.245/?pBroj=1581&stID=22730&pR=3 - http://217.16.70.245/?pBroj=1581&stID=22730&pR=3

Се добива впечаток дека иако бил нарачан од раководството на ГТЦ, проектот никогаш не дошол ни блиску до реализација. Зошто тогаш го нарачале, си знаат они.


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 14-Nov-2007 at 19:03
povrsinata na GTC bese mislam okolu 114.000sqm 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 14-Nov-2007 at 21:08


Тоа е вкупна површина или површина на деловниот простор?


Posted By: GreatMakedon
Date Posted: 15-Nov-2007 at 07:10
Neznam, samo tocno pamtam koga se gradese ramstor citam deka ramstor ke bidel 21,000sqm a GTC bil 114,000sqm... mora toa da vkupna povrsina sose podzemnoto parkiraliste najverojatno, posto duri najnoviot trgovski vo belgrad koj se otvori ovoj mesec e nesto nad 80,000sqm a velat bil najgolem na balkanot!?


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Nov-2007 at 11:14
Рамстор без делот на НЛБ Тутунска е 14.000 м2.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 15-Nov-2007 at 12:54
Originally posted by UrbanFreak

Рамстор без делот на НЛБ Тутунска е 14.000 м2.



Овој податок веројатно се однесува само на поршината на локацијата


Posted By: UrbanFreak
Date Posted: 15-Nov-2007 at 14:07
Овој податок веројатно се однесува само на поршината на локацијата
Да сосе паркингот


Posted By: pbanks
Date Posted: 16-Nov-2007 at 12:59
 
 

ГТЦ ќе порасне за еден кат

Владата планира да изгради уште еден кат на трговскиот центар, при што би се добил нов деловен простор со површина од 121.000 квадратни метри

Градскиот трговски центар во следната година ќе почне да се надградува со уште еден кат, најавува раководството на акционерското друштво. Директорот на ГТЦ, Аго Абазовски вели дека иницијативата за нов кат е дел од владината политика за дооформување на овој капитален објект, при што би се добил нов деловен простор со површина од 121.000 квадратни метри. Проширувањето на овој капитален објект, кој делумно е ставен под заштита од Конзерваторскиот центар Скопје, ќе се одвива преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.

За доградбата на ГТЦ има и соодветна маркичка, односно новиот кат е предвиден со измените и дополнувањата на детаљниот урбанистички план за Мал ринг, што Советот на Општина Центар ги донесе пред два месеца. За паркирање на зголемениот број возила што би ги предизвикала надградбата, во планот е предвиден подземен паркинг под Паркот на жената-борец.

Според Абазовски, еден дел од новиот кат ќе биде над ГТЦ, а друг дел ќе излегува кон зградата на ЕСМ. Дуќаните ќе бидат издавани под закуп под прифатливи услови, а како содржини се предвидуваат продажбен простор, простор за забава, игротека, мини-голф и други модерни содржини што ќе бидат примамливи за граѓаните.

- Ваква размисла постоела уште при изградбата на ГТЦ. Со дополнителниот кат ќе се дозаокружи оформувањето на објектот како една целина. Постојат идеални услови за да се реализира идејата, оти најгоре на објектот има слободен простор. Само ќе треба да се зајакне издржливоста на објектот - вели Абазовски.

Според него, градежните зафати нема да го попречуваат нормалното работење на останатиот дел од трговскиот.

Конечниот изглед на новиот кат ќе биде познат откако ќе се распише конкурс за идејно решение.

- Ќе се формира комисија од еминентни стручњаци од областа на архитектурата, градежништвото итн., кои ќе дадат оценка за идејното решение, бидејќи сепак станува збор за капитален објект. Потоа ќе побараме градежна дозвола од Општина Центар - потенцира Абазовски.

Засега се' уште не се направени процени колку ќе чини изградбата на катот, но Абазовски смета дека ќе бидат потребни неколку милиони евра. Нема ниту конечна одлука од Владата за тоа колку пари таа ќе издвои за изведбата.

- Се' што ќе градиме ќе биде во согласност со Владата - дециден е Абазовски.

Изградбата на катот би требало да почне кон средината на наредната година, а да заврши до средината на 2009 година.

- Доколку ни биде понуден софистициран и полумонтажен материјал, кој најмногу би одговорал за изградбата, работата би одела побрзо - вели Абазовски.

Градскиот трговски центар е акционерско друштво, во кое 97 отсто од акциите се во државна сопственост, а најголем дел од дуќаните се во приватна сопственост.

Анела Петрова

 


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Nov-2007 at 16:13
Владата планира да изгради уште еден кат на трговскиот центар, при што би се добил нов деловен простор со површина од 121.000 квадратни метри

Ова е дефинитивно преголема бројка и едноставно не може да биде точна. Единствено може да биде вкупна површина на целиот трговски после проширувањето. Ако е точен податокот дека моменталната површина е 114.000, тогаш станува збор за проширување од 7000 метри квадратни, што иако не е толку многу, за кровот ми изгледа реално.




Ќе се формира комисија од еминентни стручњаци од областа на архитектурата, градежништвото итн., кои ќе дадат оценка за идејното решение, бидејќи сепак станува збор за капитален објект. Потоа ќе побараме градежна дозвола од Општина Центар

Би сакал да верувам дека ова ќе биде компетентна и одговорна комисија, ама искуството ми кажува дека ќе постават неспособни полтрончиња и ќе се протуркаат интересите и замислите на разноразни профитери и забегани „архитекти“. Ми останува да се надевам дека времето ќе ме побие за ова.

Иначе за дозвола од општина центар нормално не треба воопшто да стравуваат. Додека е Аларова градоначалник, општина центар експресно ќе излегува во пресрет на сите желби на владата (какви и да се), зашто веќе е очигледно дека така си ја купува слободата. Ама за неа има сосема доволно материјал - ако не овие, некои наредни ќе можат комотно да ја сместат каде што припаѓа.


Posted By: pbanks
Date Posted: 17-Nov-2007 at 15:32
Originally posted by Cloverstack


Ова е дефинитивно преголема бројка и едноставно не може да биде точна. Единствено може да биде вкупна површина на целиот трговски после проширувањето. Ако е точен податокот дека моменталната површина е 114.000, тогаш станува збор за проширување од 7000 метри квадратни, што иако не е толку многу, за кровот ми изгледа реално.


~40.000 kvadrati e osnovata na GTC sose Stopanska banka, Soravia, Holiday Inn, stanbenite zgradi sto strcat itn. Me mrzese da gi smetam posebnite poligoni za da vidam kolku e tocno GTC. Verojatno 114.000 e povrsinata na delovniot prostor sto go ima GTC  na  site 4 nivoa vkupno (ama uracunato so delovniot prostor se do kejot sto vo golem del ne e GTC tuku e samo spoeno/zalepeno so nego). Mislam deka ovaa brojka ja imam sretnato i porano, ednaska go imame ova diskutirano i na SSC (mislam vo prviot Skopje Const. Thread) ama me mrzi da kopam. Pamtam deka brojkata bese nad 100k. 


Ovaa prosta matematika se vadi od Google Earth, covek moze nemoze da dobie pretstava kolkava e tocno kvadraturata ama kjes konta deka dogradbata nemoze da bide 114k. Toa e normalno premnogu rabota za doticniot novinar (verojatno i za bilo koj drug novinar). Sekogas e polesno da se napise glupost i dezinformacija.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Nov-2007 at 15:59


Добра анализа

Тие 114.000 се веројатно само деловен простор, но ако е така тука е вклучен „поширокиот дел од трговскиот“


Posted By: pbanks
Date Posted: 12-Dec-2007 at 22:23
Ја најдов сликата од стариот рендер од пред 6-7 години Puke

кој само смислува вакви перверзии...




Posted By: Cloverstack
Date Posted: 12-Dec-2007 at 22:31
Абе ова чудо наводно добило некоја награда негде у Америка... Nuts Нормално ништо битно, којзнае од каков ранг била таа награда...


Иначе моето мислење за стариов предлог е горе доле тука со твоето: Puke


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:15
Еве уште еден никаков проект Ohno. Подобар од оној ГТЦ 2001 ама сепак никаков. Ова е како на Ристиќева да изградиме 2-3 стаклени  ката. Постоечката структура нема никаква врска со доградбава, ама баш никаква.



@lslcrews ова го сликав од реклама на ЈПСДП. Спомна дека татко ти работи таму или така нешто. Можеш да набавиш рендери да го погледнеме идејново решение убаво?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:40
Ај ќе видам ако можам нешто.


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:43
Јас го имам видено ова, ама мислам дека не е идејното решение, туку само нешто што наликува на кат, од недостиг на вистински рендер. Ова ама апсолутно не личи на никаква надоградба и на никаков рендер, затоа не верувам дека треба да се земе здраво за готово. А во случај да биде ова, или пак нешто слично на ова, воопшто нема да го личи... Ohno


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:44
Абе ова трговскиот ќе го напраат оранжерија, и ќе го уќањаат како све друго. Трговскиот е од отворен тип и нема што сега да глумиме рамстор. Ова  урбано дивјаштво исто како заградените тераси што ги има милион низ градов. Може да се реновира само и притоа да се придрржува кон оригиналниот проект. Треба продавниците да бидат некои што би привлекле луќе, а не шаховски клуб и канцеларии. И уште една работа. Ме ќуди што треба да биде таа големата недопраена тераса што гледа накај лумикс.


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:51
Originally posted by lslcrew

Абе ова трговскиот ќе го напраат оранжерија, и ќе го уќањаат како све друго. Трговскиот е од отворен тип и нема што сега да глумиме рамстор. Ова  урбано дивјаштво исто како заградените тераси што ги има милион низ градов. Може да се реновира само и притоа да се придрржува кон оригиналниот проект. Треба продавниците да бидат некои што би привлекле луќе, а не шаховски клуб и канцеларии. И уште една работа. Ме ќуди што треба да биде таа големата недопраена тераса што гледа накај лумикс.


во тоа е и проблемот lsl, добар пост Thumbs%20Up. Како и повеќето на форумов сакам објекти со стакло ама вакви крпеници не сакам. Наместо да решат што да прават со оние 5 грдотии што штрчат од ГТЦ тие ќе го зезнат и него.

@La Linea ЈПСДП има некоја рекламна кампања каде меѓу другите го има и новиот градски стадион. Неможам да гарантирам дека проектов е финален ама многу ми е веројатна таа варијанта. Зошто инаку би правеле ваква реклама Question


Posted By: La Linea
Date Posted: 21-Feb-2008 at 22:56
Originally posted by pbanks


@La Linea ЈПСДП има некоја рекламна кампања каде меѓу другите го има и новиот градски стадион. Неможам да гарантирам дека проектов е финален ама многу ми е веројатна таа варијанта. Зошто инаку би правеле ваква реклама Question


Па и јас на тоа помислив, највероватно за да можат да покажат барем нешто. Јас колку што можам да видам низ град, ЈПССДП има само 2 реклами : Стадионот и ГТЦ, па највероватно од недостиг на рендери, го додале ГТЦ за да ги покажат нивните многубројни успеси и визииNuts... Ова е мојата претпоставка...


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:02

ИЗБРАНО ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ ЗА ДОГРАДБА НА ГРАДСКИОТ БИЗНИС ЦЕНТАР


ГТЦ ќе добие трет кат DE LUX


Ќе се искористи и кровната платформа, каде ќе се формираат острови со содржини наменети за отворен простор - остров за сончање, за летно кино, игротека, вештачка карпа за искачување


Кафулиња и ресторани, писта за модни ревии, салони за убавина, спортски и рекреативни центри, градинка, киносала, хотелски апартмани и бизнис центар... Тоа се дел од содржините со кои ќе се дополни Градскиот трговски центар, а се предложени со идејниот проект кој го освои првото место на меѓународниот конкурс за надградба на третиот кат на ГТЦ. На третиот кат нема дел предвиден за трговија и продавници.

- Експертската комисија имаше тешка задача да го избере најдоброто од предложените 10 архитектонски решенија, бидејќи секое од нив имаше своја интересна специфика. По детално и поединечно разгледување, одлучивме да го избереме трудот под шифрата 1234+5 поради автентичноста на проектот којшто одлично се вклопува во амбиентот и претставува природно заокружување на постоечкиот објект. Негови автори се петмина македонски архитекти припадници на помладата генерација - информираше директорот на ГТЦ Аго Абазовски. Тој истакна дека наскоро ќе биде објавен конкурс за избор на главниот проект, кој ќе се базира врз избраниот идеен труд и најави дека изградбата треба да почне до почетокот на идната година. Економската анализа од главниот проект ќе покаже прецизни податоци за вредноста на инвестицијата, по што ќе се бара инвеститор.

- Првичните најави беа дека ќе градиме со Владата која е доминантен соопственик на Акционерското друштво, но може да се разгледуваат и други опции, како јавно-приватно партнерство, на пример, појасни Абазовски.

Интересен дел од проектот е бизнис-центарот во вид на коцка, мрежест и прозирен кој ќе биде во близина на ЕВН и кој ќе зафаќа површина од 1550 метри квадратни. Угостителските објекти ќе ја заземат положбата со поглед кон Водно, а хотелските апартмани ќе бидат со ексклузивен стандард. Ќе се искористи и кровната платформа каде ќе се формираат острови со содржини наменети за отворен простор - остров за сончање, за летно кино, игротека, вештачка карпа за искачување.

За лесен и брз пристап до третот кат ќе бидат монтирани специјални елеватори од Плоштадот, а се запазени сите стандарди за полесен пристап за лицата со посебни потреби.

Објектот на ГТЦ е изграден во 1972 година според идејното решение на проф. Живко Поповски, којшто исто така предвидел трет кат. Оттогаш, ГТЦ е средиште на интересите и случувањата, место каде дневно циркулираат и до 50 илјади посетители.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8441BE8E91F38E4B8538F1B2758D032C - http://vecer.com.mk/?ItemID=8441BE8E91F38E4B8538F1B2758D032C



Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:05
Ако се иде по план треба да набавам рендери од ова чудо следната недела па убаво да видиме за што се работи

Ќе се надградува трет кат на ГТЦ

Новиот кат ќе има канцеларии, ресторани и хотелско сместување, но не и дуќани

Деспина Трајковска

Градскиот трговски центар наскоро ќе се надградува за уште еден кат. Канцеларии, ресторани, апартмани, центри за нега и здравје, спорт и рекреација, како и културен и бизнис дел, но не и бутици, се содржините кои ќе бидат дел од новиот, трет кат што ќе се гради врз основа на идејното решение избрано на меѓународен конкурс. Решението било избрано од 10 пристигнати труда, од кои еден дури од САД. Тоа се вклопува во околината и не отстапува од постојниот објект, односно, ја има задржано неговата автентичност.

„Ова решение е избрано, бидејќи успешно и ненаметливо е решен стаклениот покривач на галериите, кој дозволува непречена циркулација на воздухот, а наедно се реинтерпретира средишната улица која постои во изворниот модел. Нејзиното значење на внатрешна градска улица помеѓу различните содржини е уште повеќе потенцирана, што е и посебно обележје на нашиот објект“, вели Аго Абазовски, директор на ГТЦ.

Решението предвидува изградба на нови ескалатори и скали кои до покривот ќе водат директно од плоштадот, како и два пара нови лифтови во централниот дел на објектот. Планирано е и дополнување на комуникацијата со рампи за лицата со посебни потреби и тоа директно од подземната гаража до третиот кат.

„Иако на новиот кат нема да има дуќани, сметаме дека ГТЦ уште повеќе ќе ја зголеми својата атрактивност, бидејќи ќе има содржини за сечиј вкус. Предвидени се зони за спорт, култура, нега и здравје, детски занимални. Во најголем дел од катот ќе има простор за канцеларии и за ресторани, како и за апартманско, односно хотелско сместување“, вели Абазовски и посочува дека решението предлага и пет т.н, острови на покривната платформа кои ќе може да користат за летно кино, отворен простор за детска занимална, ѕид за качување и платформа за сончање.

Од ГТЦ се надеваат дека до крајот на годинава ќе ги завршат подготвителните работи, од изработка на главниот проект, па до обезбедување градежна дозвола и дефинирање на финансиската конструкција. „Реално очекувам изградбата да ја започнеме најдоцна до почетокот на идната година“, додава директорот на ГТЦ, кој смета дека се' уште е рано да се зборува колку ќе биде тешка оваа инвестиција, иако некои прогнозираат дека еден квадратен метар би чинел до 1.700 евра. Не е исклучена можноста во доградбата да инвестира Владата, или пак да се избере модел на приватно-јавно партнерство. Новиот кат на ГТЦ, кој е овозможен со изменетиот урбанистички план за Мал ринг, ќе го оформи постојниот објект во една целина, што е, всушност, замислата на идејното решение врз основа на кое ГТЦ се изгради во 1972 година.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8EE8436A2AA584F8B3A4925BE0DE8C7 - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=A8EE8436A2AA584F8B3A4925BE0DE8C7


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:09
hahaha ,, ja go postirav vo trgovki sentri ,,,,,ama dobro mojot e od vecer so druga slika



-------------





Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:10
Originally posted by blejdsk

hahaha ,, ja go postirav vo trgovki sentri ,,,,,ama dobro mojot e od vecer so druga slika



да де, па и твојот пост го префрлив тука


Posted By: blejdsk
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:12
aaaa taka li ,,,epa ok 

-------------





Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:15
Не може да се види многу од оние две мали слички, ниту да се заклучи премногу од текстовите, ама колку-толку смирувачки ми делуваат. После сите глупоси што не снајдоа, се плашев дека и ова со ГТЦ ќе биде тешка крпеница... Ајде Џуро види таму за рендерите, па ваљда ќе имаме причина за задоволство кога ќе ги видиме!


Posted By: ProMKD
Date Posted: 10-Apr-2008 at 23:18
Немам ништо против повеќе бутици ама подобро ќе биде како што се планира да има други услуги покрај канцелариите - масажи, салони за убавина ова она... да се најдат повеќе такви работи на едно место.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 11-Apr-2008 at 00:24
Стварно некако сум скептичен по ова питање. Некако убаво ми изгледа, ама имак мислам дека не треба сега да глумиме рамстор. А во однос на тоа со какви дејности се бават дуќаните, мислам дека се уште немаме расчистено што е за во трговски, а што не. Сеуште имаме салони за мебел и шаховски клуб, нешто што местото му е најмалку во гтц.


Posted By: dejan
Date Posted: 16-Apr-2008 at 11:34
Znam vekje e postirano, no ova e od http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=88B78947954B0944929D66559D008D13 - Dnevnik

ТРГОВСКИОТ СО НОВ ИЗГЛЕД

Сончање и летно кино на третиот кат на ГТЦ

Изградбата на третиот кат се очекува да почне напролет в година, а ако не се појават неочекувани проблеми, катот би требало да биде завршен до есента

Рекреативно сончање, летно кино, ресторани, кафулиња на познати светски брендови, апартмани, простори за забава и луксузни апартмани се дел од содржините што ќе бидат сместени на новиот трети кат на Градскиот трговски центар(ГТЦ). Се планира тој да биде готов наесен в година и да биде на површина од околу 1.500 квадратни метри.Ваквиот изглед на третиот кат е предвиден според првонаграденото идејното решение на меѓународниот конкурс што го распиша ГТЦ. Автори на првонаграденото идејно решение се архитектите Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиева и Ана Ивановска. На овој меѓународен конкурс се избрани уште два труда, кои се второнаграден и третонаграден, а откупени се уште два.Првонаградениот труд е избран на Меѓународниот јавен конкурс. Изборот го изврши жири-комисија составена од неколку реномирани професори, а претседател бев јас, како директор на ГТЦ - вели Аго Абазовски.

ИДЕЈНОТО РЕШЕНИЕ НЕ ГО НАРУШУВА ИЗГЛЕДОТ НА ГТЦ

- Самото решение ги запазува архитектонските елементи на постојниот објект, поточно остануваат ходниците и празен простор за движење на посетителите, вели Абазовски.Тој потенцира дека целта е 35 до 50.000 посетители дневно на ГТЦ да се насочат кон погорните катови. За таа цел, првонаграденото идејно решени остава можност за поставување на четири лифта по вертикала, кои ќе одат од подрумот до третиот кат, додека од насока на плоштадот кон ГТЦ веќе има ескалатори.Според него, самото решение се вклопува во околината и не го нарушува постојниот изглед на ГТЦ. По изборот на идејното решение, ќе распишеме тендер за изработка на главниот изведбен проект, а до крајот на годината би требало да се заокружи со потребната техничка документација. Финансиската конструкција би требало да се заокружи по завршување на летото, што ќе зависи од главниот идеен проект - потенцира тој. Изградбата на третиот кат се очекува да почне напролет в година, а доколку не се појават некои неочекувани проблеми, би требало да биде завршен есента.Грубите проценки, како што вели директорот, покажуваат дека сегашната градба на катот би чинела од 1.000 до 1.200 евра по квадратен метар. Средствата за изградбата на катот ќе се обезбедат од Владата, а постои варијанта дел од средствата да се обезбедат од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор како доминантен стопанственик со ГТЦ, а дел да ги обезбеди ГТЦ - објасни Абазовски.

ИЗЛОЖБА НА НАЈДОБРИТЕ ТРУДОВИ

Вчеравечер во 20 часот, во фоајето на киното „Милениум“ беше отворена изложба на наградените трудови за идејното решение за третиот кат на ГТЦ. Истовремено, директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, им ги врачи наградите на првите три најдобри труда. Првонаградениот труд доби парична награда во износ од 400.000 денари, второнаградениот 120.000 денари, а беа откупени и двата труда, секој за 60.000 денари.


Ubavo izgleda po renderot.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Apr-2008 at 11:56
Кај трговски има една работа што страшно ме иритира. А тое спојот од трговски према плоштад. Лумиксот се гради веќе 2 милениума, башка несредено. Уште со асфалт седи. Уште па тоа тезгите, абе како јајапаша е. Мислам дека требаше плоштадот да се изреновира се до гтц и да има некако континуитет. Вака се двои со линија од пред фуфо. На пример еве улица македонија со плоштад е многу добро сврзана.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 16-Apr-2008 at 12:00
Ја заборави црквата? Crazy

Wallbash


Posted By: lslcrew
Date Posted: 16-Apr-2008 at 12:11
Абе и да се прави и да на се прави исто се фаќа. Зборам за оној делот кај тезгите. Она што е пред трговски.


Posted By: shyes
Date Posted: 16-Apr-2008 at 12:53
Убаво ми личи планираната изградба, но дали некопј знае да ли има планови за обновување на сегашниот дел.


Posted By: Vladimir
Date Posted: 17-Apr-2008 at 21:24
http://imageshack.us">
 
http://imageshack.us">
 
http://imageshack.us">
 
http://imageshack.us">
 
http://imageshack.us">
 
http://imageshack.us">
 
 


Posted By: La Linea
Date Posted: 17-Apr-2008 at 21:36
ЛЕЛЕ Thumbs%20Up за рендериве!! Само не ми е јасно многу, и уште не можам да се одлучам дали ми се допаѓа или не. Тој делот што е на последнава слика мислам дека изгледа интересно, само што не знам каква функција ќе има и каде точно ќе стои. Не е ова пред Плава Лагуна? А тоа е отворено кино, или? Изгледа многу малечко.. Збунувачки ми се и тие што личат на фотељи на втората слика... Јас сум збунет


-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Apr-2008 at 21:43
Владимир добредојде и фала за рендериве.

И јас сум по малку збунет како линеа, ама во целина иако не е ништо спектакуларно, проектов ми изгледа ок. Барем не е некоја крпеница и е во склад со изгледот и концептот на она што е веќе изградено.

Сигурно многу подобро од ова:




Posted By: vardar
Date Posted: 17-Apr-2008 at 23:40

Здраво Владимир и фала за сликиве, ЛаЛинеа последниот рендер  е до ЕСМ/лумикс така? А мене ми изгледа како деловен простор, само не им текнало да го дигнат до 29метри (новата магична бројка во мал ринг) Roll%20eyes



Posted By: Vladimir
Date Posted: 18-Apr-2008 at 00:00

Слика 1 - Макета

Слика 2 - Детска градинка

Слика 3 - Отворено кино

Слика 4 - Поглед од Жена парк

Слика 5 - Петта фасада

Слика 6 - Влез од плоштад
 
 


Posted By: shyes
Date Posted: 18-Apr-2008 at 11:27
мене супер ми изгледа, но за екстра ако додадоа 2 прозорци со линиа на сегашните (прозорец на секј 2ри блок на фасадата) на 2та слика на сегашната изградба ќе изгледа уште поарно imo.



пс. Дали тие старите  згради се стабени или дел од ГТЦ? Изгледаат како стамбени. Ако можат тие да се рушат или обноват и можда тоа место да се употреби како за хотел, и да ГТЦ да се претвори во еден центар со повеќе намери.


Posted By: se_manda
Date Posted: 18-Apr-2008 at 13:32
tie se stanbeni zgradi i ne veruvam deka nekad bi gi srusile


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 18-Apr-2008 at 15:28
„Станбени“ се, ама веројатно најголем дел е претворен во канцелариски простор.

Не знам дали некогаш ќе се оди на нивно рушење, но и ако се прави реконструкција, таа треба да биде многу темелна и скапа. Исто така треба да се превземе нешто што е можно побргу. Онакво ругло крајно го урнисува имиџот на цел град.


Posted By: STEVEY
Date Posted: 30-May-2008 at 17:02
ОДЛИЧНА РАБОТА!!! Владо, Дејан и компанија навистина направиле одлична работа!!! Најсолидно проектираниот и изведениот објект во Македонија  до сега, ке добие ново руво. Многу ми е драго што нешто вакво повторно ќе зазивее, а сето тоа нема да биде нападно.  KEEP UP THE GOOD WORK!


Posted By: STEVEY
Date Posted: 30-May-2008 at 17:08
А станбените кули нема теорија што мозе да ги сруши. Ако тие ги рушат ќе пада и ГТЦ. При изградбата, објектот на ГТЦ е всаден во нив или беше обратно (не ми текнува). А кога почнале да ја копаат градезната јама, морале делумно да се откопаат и стопите на тие кули и завладеал огромен страв да не лулне некоја 9ка и да однесе се јабана....


Posted By: STEVEY
Date Posted: 30-May-2008 at 17:11
Но се завршило како што треба и денес го имаме ГТЦ!


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 30-May-2008 at 17:16


Епа чим е таква работата, тогаш им треба барем навистина темелна реконструкција, со која од надвор тотално ќе го сменат ликот.

Вакви какви што се, ми се повраќа од нив Puke


Posted By: STEVEY
Date Posted: 30-May-2008 at 17:19
Btw, кој рендер софтвер е користен за ГТЦ , да не знае некој?


Posted By: lslcrew
Date Posted: 30-May-2008 at 17:25
Треба Владимир да знае, он ги има правено рендерите и проектот.


Posted By: mitatos
Date Posted: 22-Jul-2008 at 16:45
ima li nekoj ideja vo vrska so ovie proekti
http://picasaweb.google.com/volclub/DogradbaNaGTC
me mrzese da gi uplodiram slikite , videte gi proektive za GTC koi se predvideni stvarno ima nekoi poubavi realizirani proekti od sega postoeckiot sto ke se dograduva



-------------
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)


Posted By: maestro
Date Posted: 17-Sep-2008 at 18:46
ГТЦ според мене е еден од најголемите хаос објекти во Скопје.
Милион нејасни ходници како лавиринти, едни делови се вакви, други онакви, со еден збор = ШАРЕНО, пет гадни кули штрчат од нејзе, има многу ѓубре, делот од кај паркот Жена Борец е ужасен, особено таму кај што има клупи кои се слабо заградени, а до нив има дупка која оди директно во паркингот, така да многу е лесно некој да падне.

Глупо е и што Соравија е буквално залепена за ГТЦ.

Ако направат доградба, уште повеќе ќе го упропастат.



-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 17-Sep-2008 at 19:54
Originally posted by maestro13

ГТЦ според мене е еден од најголемите хаос објекти во Скопје.
Милион нејасни ходници како лавиринти
Нема ама баш ништо нејасно. Единствени делови што не се по „шаблон“ се оние каде на местото на стари големи продавници се направени повеќе помали, но тие обично имаат „мапи“, а и онака се премногу мали за да го збунат или дезорјентираат човека.


пет гадни кули штрчат од нејзе
Ова е дефинитивно голем проблем и ваљда набргу ќе дочекаме некаква иницијатива за нивна темелна реконструкција, особено е неопходно да добијат комплетно нови фасади.


има многу ѓубре
Question


Ако направат доградба, уште повеќе ќе го упропастат.
Зависи од квалитетот на доградбата, а одбраниот проект според мене е ОК.


Posted By: maestro
Date Posted: 17-Sep-2008 at 19:59
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by maestro13

ГТЦ според мене е еден од најголемите хаос објекти во Скопје.
Милион нејасни ходници како лавиринти
Нема ама баш ништо нејасно. Единствени делови што не се по „шаблон“ се оние каде на местото на стари големи продавници се направени повеќе помали, но тие обично имаат „мапи“, а и онака се премногу мали за да го збунат или дезорјентираат човека.
пет гадни кули штрчат од нејзе
Ова е дефинитивно голем проблем и ваљда набргу ќе дочекаме некаква иницијатива за нивна темелна реконструкција, особено е неопходно да добијат комплетно нови фасади.
има многу ѓубре
Question
Ако направат доградба, уште повеќе ќе го упропастат.
Зависи од квалитетот на доградбата, а одбраниот проект според мене е ОК.


абе ја вака го сконтав ГТЦ и вака си го знам од мал

п.с. ѓубре има многу во деловите каде што речиси никој не поминува (обично на 1/2 кат)

тоа многу ме нервира

-------------


Posted By: La Linea
Date Posted: 06-Oct-2008 at 23:31
Нешто се гради на кровот на ГТЦ, и изгледа многу интересно. Изгледа многу слично на рендерот што го видовме неодамна, но се наоѓа на погрешен крај на ГТЦ.

1.



2. Се доближив колку што можев повеќе за да сликнам низ решетките




-------------
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!


Posted By: pbanks
Date Posted: 06-Oct-2008 at 23:33
Ова се гради од поодамна, едно време шпекулиравме да не има Соравиа врска со ова. Ми делува на нешто диво и дефинитивно нема врска со победничкиот проект за реконструкција на ГТЦ кој колку што знам е само на хартија сега за сега. 


Posted By: maestro
Date Posted: 07-Oct-2008 at 11:47
Да бе и јас го приметив ова пред некое време се прашував веќе да не почнале со доградба.

И што би било ова ако се гради на диво?

-------------


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 19:59
На денешната владина седница требало да се одобрат средства за доградба на трговски за еден кат и заградување по примерот на рамстор. Немам инфо дали е усвоена одлука, на денешен дневен ред беше, по се изгледа е. Потворно тоа глумење рамстор! Инаку допвра ќе се носи проект колку што знам и нема да се работи по ниеден од досега познатите.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2008 at 20:30


Доколку последното што го велиш е точно во Македонија дефинитивно треба да се укинат конкурси кои очигледно немаат никаква намена освен да ни дадат колку толку лажни надежи Ohno


Posted By: lslcrew
Date Posted: 29-Oct-2008 at 20:40
Абе изгледа наново ќе има конкурс! Нема да биде тоа некој проект донесен со декрет од страна на премиерот (иако и тоа е можно)! На сајтот на владата нема никаков извештај од седницата па да видам за што точно се работи. Ваљда деновиве ќе дознаеме.


Posted By: pbanks
Date Posted: 29-Oct-2008 at 20:42
Originally posted by lslcrew

Абе изгледа наново ќе има конкурс! Нема да биде тоа некој проект донесен со декрет од страна на премиерот (иако и тоа е можно)! На сајтот на владата нема никаков извештај од седницата па да видам за што точно се работи. Ваљда деновиве ќе дознаеме.


А зошто наново конкурс? Што му фали на овој што помина? Ваљда беше пререгуларен Roll%20eyes? Конкурс чини пари зошто после овој да има нов? За жал проектите се донесуваат со декрет и тоа е факт. Дали е тоа премиерот или некое директорче не е ни битно. Начиниот е порешен и зачудувачки дрзок и транспарентен без никој околу да стави прст на чело.


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Nov-2008 at 12:45
Трети кат на ГТЦ
На третиот кат ќе се градат комерцијални објекти, ходници, лифтови, а ќе има простор за зеленило и жардиниери

Изградбата на третиот кат на Градскиот трговски центар ќе почне наредната пролет, најавуваат од Управата на ГТЦ. Директорот Аго Абазовски вели дека веќе е завршена првата фаза за изработка на идејното решение.
"Овој месец ќе распишеме јавен тендер за избор на фирма која ќе го изработи проектот и која ќе ги изведе градежните активности околу изградбата на третиот кат. Се надеваме дека оваа втора фаза ќе заврши во наредните четири месеци, па изградбата би почнала најдоцна во април", вели Абазовски.
Од ГТЦ велат дека третиот кат ќе се гради на површина од 14.700 квадратни метри, од кои 7.000 квадратни метри ќе бидат површина која ќе се искористи за комерцијални објекти, а останатиот простор ќе биде искористен за ходници, за лифтови и простор за зеленило и за жардиниери.
"Со површина од 121.000 квадратни метри, нашиот трговски центар е најголем на Балканот. Иако е изграден пред повеќе од триесет години, Градскиот трговски центар е се уште најатрактивен во Скопје. Очекуваме дека со изградбата на новиот кат посетеноста уште повеќе ќе се зголеми", вели Абазовски.
Директорот Абазовски се уште не знае колкава ќе биде финансиската конструкција околу изградбата на овој проект.
"Неблагодарно е да шпекулирам колку би чинела изградбата на третиот кат. Откако ќе ја одбереме фирмата која ќе го изработи главниот проект, ќе знаеме со сигурност колку средства ќе бидат потребни за оваа намена", вели тој.
Изградбата на третиот кат ќе биде целосно финансирана од Владата на РМ.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159414&idg=8&idb=2520&rubrika=Skopje


Posted By: гитардемон
Date Posted: 10-Nov-2008 at 13:18

мислам дека не најголем на балканот, а можеби најголем во универзумот!

-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: maestro
Date Posted: 10-Nov-2008 at 13:19
ГТЦ е најголем трговски на Балканот или ЌЕ биде кога ќе се догради третиот кат??
EDIT: најголем бил Делта Сити во Белград со 85 000 м2

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 10-Nov-2008 at 16:38
@ lsl
Што бидна со информацијата дека ќе се оди наново, од каде ја чу? Ова што го постираше пбанкс се коси со тоа.


@ maestro
ГТЦ и сега има повеќе од 100 000 m2, така да ако нема друг конкурент освен Делта Сити, тогаш е најголем и без доградбата.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Nov-2008 at 17:18
Кловер наслушнав тогаш уште нешто дека, цитирам: "'ќе го праат како рамстор". Тоа ваљда било желба на владата. Да излезе јавен повик за проект па ќе видиме што конкретно се бара.


Posted By: maestro
Date Posted: 11-Nov-2008 at 17:36
Originally posted by Cloverstack

@ maestro
ГТЦ и сега има повеќе од 100 000 m2, така да ако нема друг конкурент освен Делта Сити, тогаш е најголем и без доградбата.




02.11.2007
Прексиноќа во Нов Белград е отворен најголемиот трговски центар на Балканот наречен Делта сити, кој се простира на 85.000 квадтратни метри и за чија изградба се потрошени 75 милиони евра. Мега центарот е сопственост на фирмата "Делта холдинг", чиј газда е најбогатиот Србин, Мирослав Мишковиќ.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3F0226DB4704C649850978F9CB21F863 - цела вест

-------------


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 18:42
Епа штознам, да го прашаме новинарот како тоа 85 е поголемо од 100 и кусур.


Posted By: beTon
Date Posted: 11-Nov-2008 at 20:34
колку за инфо нашиот трговски се уште не е mall па најверојатно затоа и споредбата изостанува, ГТЦ засега сеуште си е класичен Голем ТЦ ( http://en.wikipedia.org/wiki/Power_centre - Power centre ) а доколку го сардисаат како кутија(затворат) веќе тогаш може да правиме муабет за некакви споредби со денешниве типови на сендвич центри...


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 11-Nov-2008 at 21:06


Да, ГТЦ не е класичен затворен „мол“, но ако новинарот сакал да направи таква дистинкција требало тоа и да го нагласи. Наместо тоа тој го употребил токму терминот трговски центар, во која категорија ГТЦ несомнено припаѓа, па во таква лабава дефиниција е дефинитивно поголем од Делта Сити.

Инаку и ти грешиш кога ГТЦ го категоризираш како Power Centre.
Power centre e нешто сосема друго. Се базира на „моторизирани“ купувачи кои таму одат со возила. Има еден огромен паркинг околу кој обично има неколку одвоени поголеми објекти на пример wallmart, best buy и сл. и комплекси со помали играчи како radioshack, subway, red lobster и низа такви „брендови“ или локални сервиси (за европските додуша незнам што имиња фигурираат, но мислам дека во Европа овој концепт на трговски комплекси е далеку послабо застапен)

Денешниов ГТЦ ја би го окарактеризирал како некој хибриден мол, полуотворен мол или нешто во тој стил.




Posted By: lslcrew
Date Posted: 13-Nov-2008 at 03:15
Кога се изградил ГТЦ, тогаш во свое време бил трговски со највеќе ескалатори на балканот. Е после тоа веќе не е, ама незнам кој е пред него. Инаку безцелно е да дебатираме дали е најголем или не, како да е тоа од круцијално значење за напредокот на државата. Едноставно можеме да констатираме дека е голем трговски центар карактеристичен за себе, со уникатен лик и организираност и не гледам причина да го "рамсторизираме" накнадно.


Posted By: Plugger
Date Posted: 13-Nov-2008 at 16:16
Originally posted by Cloverstack


@ maestro
ГТЦ и сега има повеќе од 100 000 m2, така да ако нема друг конкурент освен Делта Сити, тогаш е најголем и без доградбата.


Klover, Zar nema pogolemi Trgovski Centri vo Bugarija,Grcija,Turcija,Romanija???

Isto taka sea me zbuni toa izmegu Mall i Trgovski centar pa Mall e Americki i tuka nie nemame Mall imame Shopping Center ili Shopping Town. Znachi G-Mall na primer treba 200,000 m2 da bide za da gi ispolni normite na Mall??


Posted By: zabegan
Date Posted: 13-Nov-2008 at 17:48
не знам за вас, ама на ГТЦ ,ислам дека му е најбитнареновација и модернизација а не доградби и надградби


Posted By: pbanks
Date Posted: 15-Nov-2008 at 16:55
Ова е веројатно некој од другите предлози за ГТЦ од конкурсот. Воопшто не ми се допаѓа, неможе да се спореди со победничкото.

1

2

3

4

5

6

7



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 15-Nov-2008 at 17:00
i jas mislam ovaj nema da bide pobednikot


Posted By: vardar
Date Posted: 21-Nov-2008 at 08:01
Cheers
 
 
НА ИЗЛОЖБАТА ЗА АРХИТЕКТУРА"БАЛКАНОЛОГИЈА" ВО ШВАЈЦАРИЈА
Македонски архитекти се претставија во Базел
Проектот за надградба на ГТЦ, кој победи на домашниот конкурс, е дело на младите архитекти Јован Ивановски, Владимир Десков, Ана Ивановска, Дејан Ивановски и Елена Пазарџиевска. Тие во Базел се претставиле како неформален состав

Проектот кој победи на конкурсот за надградба на Градскиот трговски центар учествува на изложбата на архитектура "Балканологија" во Базел, Швајцарија, а беше објавен и во списанието "САМ" (Сњисс Арцхитецтурал Мусеум), во кое се селектирани највпечатливите трудови од изложбата.
Првонаградениот проект е дело на младите архитекти Јован Ивановски, Владимир Десков, Ана Ивановска, Дејан Ивановски и Елена Пазарџиевска. Тие во Базел се претставиле како неформален состав под името "СЦАрС"(Скопје Цонтемпорарs Арцхитецтуре Студио).
"Во февруари победивме на конкурсот, а во април, за време на Биеналето на македонската архитектура, проектот го забележа Марое Мрдуљаш, кој е главен уредник на хрватското списание за архитектура и култура ОРИС, а е и кокуратор на изложбата 'Балканологија'", објаснува Владимир Десков.
Во списанието пишува дека проектот е пример како модерната архитектура може да биде надградена и адаптирана на разновидноста на современите програмски барања.
Инаку, како што ни објасни Јован Ивановски, проектот за надградба на ГТЦ содржи: велнес центар, дневен центар за деца, хотелски апартмани, фитнес и сауна центри, бизнис центар и ресторани. Улицата на средина ќе може да се користи за разни промоции и изложби.
"Учеството на изложбата и објавувањето во списанието за нас имаат големо значење, затоа што сме единствени архитекти од Македонија, а чест ни е и што видовме во чие друштво сме ставени таму", едногласни се архитектите.
Во тек е тендер за избор на фирма која ќе го гради третиот кат на Трговскиот. (Б.Н.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=159871&idg=8&idb=2529&rubrika=Kultura - vest


Posted By: lslcrew
Date Posted: 10-Dec-2008 at 11:58
ПОБЕДНИЧКИОТ ПРОЕКТ ЗА НАДГРАДБА ЧЕКА РЕАЛИЗАЦИЈА
Апартмани и сончање на покривот на ГТЦ

Со хотелски апартмани кои имаат сопствени дворови, мензи и кафетерии, градинка со дневен центар, сали за фитнес и за аеробик, простории за културни и деловни настани, но и здравствена установа со општ лекар или стоматолог, Градскиот трговски центар, со надоградбата на трет кат, треба да заличи на големите светски центри. Со ваква идеја архитектите Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиева и Ана Ивановска го изработија проектот што победи на конкурсот за доградба на ГТЦ. Во него се задржани основите од постојната градба, односно содржините се групирани во шест пресеци, а преземена е и главната средишна патека. Кон Водно ќе гледа угостителскиот дел составен од мензи, ресторани за брза храна и кафетерии и еден видиковец на покривот каде што посетителите ќе може да уживаат во погледот додека јадат сендвич. До него е просторот наменет за културни активности, промоции, изложби и деловни канцеларии за краткорочно закупување, сали за состаноци и за прес-конференции, а над нив е предвидено кино на отворено. Во продолжение следува спортскиот дел за фитнес, аеробик, пилатес, во чиј состав се наоѓаат и наменски продавници за спортска опрема, а одозгора и карпа за качување. Со поглед кон кејот ќе бидат хотелските апартмани за бизнис-корисници, детскиот центар со игралиште на покривот и центарот за нега и здравје на тело, над кој ќе се најде платформа за сончање. - Идејата е посетителите да си ги остават децата на час-два додека шетаат по продавниците или, пак, да им користи на вработените во околните институции. Со оглед на тоа што составен дел на трговскиот се и станбените згради, а тука живеат постари луѓе, планиран е и простор за амбуланта со општ лекар и стоматолог - објаснуваат архитектите. Во сите делови, освен угостителскиот и детскиот, оставен е простор и за дуќани кои се свртени кон внатрешноста на трговскиот центар. На третиот кат ќе се изгради и целосно застаклен објект во функција на бизнис-центар и нова управна зграда на ГТЦ. - Ова е отворено место низ кое секојдневно циркулираат стотици граѓани, клучна точка која ве поврзува со центарот и поради тоа ГТЦ го сметаме за простор кој содржи многу градски вредности. Оттаму и појдовме кога го работевме проектот. Отвореноста на просторот е важна бидејќи е единствен трговски кој дава таква слобода на посетителите и уживање во шетањето - велат авторите на проектот. Третиот кат, како и останатите два, ќе биде застаклен, но овојпат со рамен покрив кој ќе овозможи искористување на сончевата енергија преку панелите, вентилација и струење на воздухот и искористување на дождовницата за техничка вода. Ќе се постават и два пара лифтови во централниот дел на објектот. Во моментов е во тек тендер за избор на фирма која ќе го гради третиот кат на трговскиот. За подетални информации во врска со почетокот на изградбата, финансиите и со инвеститорите, од ГТЦ не беа заинтересирани да информираат.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1571&ArticleID=103701

Ова ми изгледа како рамстроизација на трговски. Сакам да се надевам дека убаво ќе излезе на крај, но некако неможам. Сепак малце имам надеж дека ќе излезе ок работава, нормално ако реконструкцијата биде темелна, а не импровизаторска колку само да се затвори трговски па на ништо да не личи.



Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Dec-2008 at 13:07
ovaj e pobednikot http://img261.imageshack.us/my.php?image=gtcmf7.jpg">
bev kaj eden muzeum ne znam kako se vika (germanski  kunstmuseum) tamu se nekoj projekti od balkanot koga vidov kaj  makedonija  tamu bese gtc  istata slika i pisuvase kade e .....


Posted By: pbanks
Date Posted: 10-Dec-2008 at 13:09
Originally posted by my Macedonia

ovaj e pobednikot http://img261.imageshack.us/my.php?image=gtcmf7.jpg">
bev kaj eden muzeum ne znam kako se vika (germanski  kunstmuseum) tamu se nekoj projekti od balkanot koga vidov kaj  makedonija  tamu bese gtc  istata slika i pisuvase kade e .....


Да скоро беше изложен проектот во Швајцарија така да супер што си го фатил Cheers


Posted By: my Macedonia
Date Posted: 10-Dec-2008 at 13:24
da be vo basel ... mi tekna i zaminav da vidam 
ama imase i drugi projekti (od beograd)lele kakov centar


Posted By: maestro
Date Posted: 10-Dec-2008 at 17:48
Originally posted by zabegan


не знам за вас, ама на ГТЦ ,ислам дека му е најбитнареновација и модернизација а не доградби и надградби


Баш така... Моментално ГТЦ е катастрофа!


Posted By: lslcrew
Date Posted: 12-Feb-2009 at 02:27
ГТЦ и годинава останува без трети кат

Изградбата на новиот, трети, кат на Градскиот трговски центар ќе се одложи за половина година заради подобра подготовка на проектот. Наместо во април, како што беше првично најавено, градежните работи се очекува да почнат во октомври и да траат 8 до 10 месеци, информира Аго Абазовски, директор на ГТЦ.


Според директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Ивица Коневски, кое е исто така вклучено во реализацијата на проектот како доминантен сопственик на ГТЦ, сега се работи физибилити-студијата, која се очекува да биде готова најмногу за два месеца, врз чија основа ќе биде распишан и оглас за изработка на главниот изведбен проект.

- Главниот проект ќе се работи според првонагредното идејно решение на архитектите Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиева и Ана Ивановска, на распишаниот меѓународен конкурс.
Избрани се уште два труда, второнаграден и третонаграден, а откупени се уште два - вели Абазовски.

Самото идејно решение на третиот кат на ГТЦ предвидува повеќе содржини: рекреативно сончање, летно кино, ресторани, кафулиња на познати светски брендови, простори за забава и луксузни апартмани. Катот опфаќа вкупна површина од околу 14.000, а корисна површина од околу 6.000 квадратни метри.

- Првонаграденото идејно решение остава можност за поставување четири лифта по вертикала, кои ќе одат од подрумот до третиот кат, додека од насока на плоштадот кон ГТЦ веќе има ескалатори. Самото решение се вклопува во околината и не го нарушува постојниот изглед на ГТЦ, а ги запазува архитектонските елементи на постојниот објект, поточно, остануваат ходниците и празен простор за движење на посетителите - образложува Абазовски. Тој потенцира дека целта е 35 до 50.000 посетители дневно на ГТЦ да се насочат кон погорните катови.


- Постојат две можности за финансирање на проектот. Првата е средства да даде Владата, што е поверојатно, или катот да се издаде под концесија на 15 години, со тоа што ГТЦ останува сопственик, а фирмата на која ќе и' биде даде да има обврска за одржување и за стопанисување - истакна Абазовски. Според првичните процени, изведбата на новиот кат на ГТЦ би чинела меѓу 10 и 12 милиони евра.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5645A089431AD6428C9C0C93D4BBF008


Posted By: Дуле
Date Posted: 16-Oct-2009 at 13:30
ДО НОВА ГОДИНА

"Милениум" ќе стане градско кино

Градските власти ветуваат дека ќе ги донесат најпознатите светски филмски хитови. "Салата на киното е во добра состојба, но ќе ја направиме да изгледа уште подобро", најави градоначалникот Трајановски

Киното "Милениум" во Градскиот трговски центар ќе стане градско кино. Градоначалникот Коце Трајановски веќе им наредил на неговите служби да ја почнат постапката за преземање на управувањето со киното од ГТЦ и за два месеца, односно некаде околу Нова година, тоа повторно ќе биде отворено.Со киното ќе управува Младинскиот културен центар бидејќи, според градските власти, тој најдобро можел да го менаџира неговото работење.
"Срамота е во еден главен град да нема ниту една киносала. Затоа решив да го преземеме управувањето на киното 'Милениум'. Знам дека тоа нема да биде профитабилно за Градот, но јас сум подготвен и ќе побарам поддршка и од советниците Градот од буџетот да издвојува средства за нормално функционирање на киното", вели градоначалникот Коце Трајановски.
Трајановски објаснува дека во моментов се привршуваат работите околу средување на документација, со која киното ќе му биде отстапено на 10-15 години на управување на градот. Набавката на филмовите ќе ја врши Градот, а градските власти ветуваат дека ќе ги донесат најпознатите светски филмски хитови. Предвидено е киносалата да биде и реновирана.
"Ќе направиме и некои ситни корекции оти, сепак, народот, кога се отвора нешто по неколку години, очекува тоа да биде малку изменето. Салата е во добра состојба, но ќе ја направиме да изгледа уште подобро", вели градоначалникот Трајановски.
Директорот на ГТЦ Аго Абазовски ни потврди дека Градот ќе го преземе за управување киното и оти во моментов се договараат деталите од договорот.
Во моментов во Скопје не работи ниту едно кино. Киното "Милениум" не работи веќе две години, а кината "Култура", "Манаки" и " Вардар" околу 10 години.
(А.А.)


Posted By: Дуле
Date Posted: 16-Oct-2009 at 13:32
Коце мили Коце, коа ќе се тргнат дивите препродавачи на филмови во тезги, коа ќе се забранат сајотови кај што можеш комотно да симнеш каков сакаш филм тогаш и у кино ќе живеам ако сакаш!!!
Иначе ова Култура Манаки Вардар шо не ги напраат дискотеки нешто у тој фазон и онака дремат???


Posted By: zabegan
Date Posted: 16-Oct-2009 at 14:12
Originally posted by Дуле

Коце мили Коце, коа ќе се тргнат дивите препродавачи на филмови во тезги, коа ќе се забранат сајотови кај што можеш комотно да симнеш каков сакаш филм тогаш и у кино ќе живеам ако сакаш!!!
Иначе ова Култура Манаки Вардар шо не ги напраат дискотеки нешто у тој фазон и онака дремат???
ја би направил обратно, би ги оживеал старите кина, кои се за тоа и наменети, а милениум ќе го направам дискотека
што се однесува до другото, се согласувам, ако нешто придонесе за изумирање на кината, тоа е тоа, еве јас на кино не сум бил повеќе од пет години


Posted By: G.I. Joe
Date Posted: 16-Oct-2009 at 14:29
narodot gradonacalnice ne saka plafon izmenet sminki nekoj , narodot SAKA da se sledat SVETSKI TRENDOVI i ke ima poseta 100 % . primer IMAX (dobro IMAX vo taa sala nema da soberi no mozi i na drugo mesto da se otvori) , 3-D, 4-D kina . AVATAR pred nova godina izglegva i e na 3-D epa sega neka razmisli


Posted By: Cibi
Date Posted: 18-Oct-2009 at 10:08
Дуле е потполно во право и го подржувам. 


Posted By: zabegan
Date Posted: 18-Oct-2009 at 14:36
Originally posted by G.I. Joe

narodot gradonacalnice ne saka plafon izmenet sminki nekoj , narodot SAKA da se sledat SVETSKI TRENDOVI i ke ima poseta 100 % . primer IMAX (dobro IMAX vo taa sala nema da soberi no mozi i na drugo mesto da se otvori) , 3-D, 4-D kina . AVATAR pred nova godina izglegva i e na 3-D epa sega neka razmisli
од кај знаеш што сакат народот и градоначалниците Big%20smile
џабе се и најновите трендови од светот и нови технологии, ако постои ижнтернет и шиткаџии, народод ќе биде примамен, но сепак недоволно за да се полни една сала секој ден


Posted By: VirginAtlantic
Date Posted: 19-Oct-2009 at 08:41
Originally posted by Дуле

Во моментов во Скопје не работи ниту едно кино. Киното "Милениум" не работи веќе две години, а кината "Култура", "Манаки" и " Вардар" околу 10 години.
(А.А.)
 
Извинете, тоа ме изненадува!!! 
А во Рамстор нема кино?


Posted By: pbanks
Date Posted: 19-Oct-2009 at 14:27


Во Рамстор има 2-3 кина, не сум сигурен точно но се прилично мали. Од 20+ кина во предтранзициско Скопје денеска скоро да нема ништо. Освен овие во Рамстор има уште 1-2 помали кина кои се повеќе фокусирани на независни филмови или пак функционираат во контекст на разни фестивали.

Факт е дека уште од 70те години на светско ниво има опаѓање на посетеноста на кината. Јас лично мислам дека е илузија да се очекува дека кината ќе се разработат како во предтранзицискиот период. Како што некој спомна можеби најголема шанса носат IMAX кината и сл. Други шанса е мал број кина да обезбедуваат светски премиери на време кои евентуално би се привлекле оние фанови кои не сакаат да го гледаат на пример новиот Star Trek со CAM или Telesync квалитет.

Но лично мислам дека со доведувањето на домашните кина до перфекција и опаѓањето на нивните цени процесот на изумирање на кината е иреверзибилен.


Posted By: Cloverstack
Date Posted: 20-Nov-2009 at 17:39
Еве уште материјали од победничкото решение за надградба на ГТЦ

Автори:
Јован Ивановски
Владимир Десков
Дејан Ивановски
Елена Пазарџиевска
Ана Ивановска


Материјалите во полна резолуција можете да ги најдете на сајтот на SCArS (во делот „изложба“):

http://www.scars.mk/default_mk.html - http://www.scars.mk/default_mk.html


1


2


3


4


5


6


7



Posted By: krale
Date Posted: 21-Jan-2010 at 13:59
Originally posted by micko_v

Што се однесува до површини на трговските центри да ве потсетам дека ГТЦ-Скопје има вкупна површина од 114.000 м2, а е изграден при крајот на 70-тите


Фала за ова. Навистина ГТЦ е огромен, но воопшто не може да се споредува со модерните трговски центри. Најголем недостаток му се отвореноста и недостатокот на големи стоковни куќи во склоп на трговскиот. Современите трговски секогаш се градат со 1-3 големи стоковни куќи, кои ги влечат 80% од муштериите.

Добро ќе беше да се дозволеше на инвеститор да изгради и да ја продаде надградбата на трговскиот, а за возврат да ги реновира целосно сите влезови, да ги затвори, климатизира и поднови патеките за движење, и да изведе (ако е можно) зголемување на 1-2 парцели за современ супермаркет, голем салон за мебел или нешто слично.

Се разбира добро би било надградбата да биде „фуд енд фан“, а не уште бутици итн...


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2010 at 14:10


Незнам колку си стар Крале, но ГТЦ на времето всушност од големни стоковни куќи кои зимаа цели вертикали со внатрешни ескалатори итн, имаше и голем супермаркет (постоечкиот Веро, Кам и уште нешто споено), имаше и салони за мебел во подрумот.... Сето тоа денеска е исцепкано на мали дуќанчиња, но доколку има заинтересирани инвеститори и те како може тоа да се смени.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 21-Jan-2010 at 15:12
ГТЦ го изеде времето еве пример нема food корнер како во сите големи трговски центри каде што човек може да седне да одмори и по нешто за јадење.

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: pbanks
Date Posted: 21-Jan-2010 at 15:16
Originally posted by Supervisor

ГТЦ го изеде времето еве пример нема food корнер како во сите големи трговски центри каде што човек може да седне да одмори и по нешто за јадење.


Тоа е бидејќи работи без концепт и тезгаџиски. Всушност самата приватизација на одделните дуќани мислам дека го парализираше развојот на ГТЦ засекогаш. Сите големи трговски центри имаат централизиран менаџмент кој ги издава просториите, наметнува прописи за намена на дуќаните, големината, брендовите итн.

Иако постои централен менаџмент за одделни работи, имаат заедничка обезбедувачка служба, заедничко оджување на коридорите итн мислам дека тоа е далку од доволно.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 21-Jan-2010 at 19:08
Главен проблем на ГТЦ освен што е приватизација на одделни дуќанчиња е и управата што воопшто незнае или не сака да го менаџира како што треба. И тоа со години со децении. Макар биле сите до еден дуќани приватизирани, тамо има заеднички служби што мора да се плаќаат и почлитуваат, а сигурен сум дека кога се приватизираи у договорите стои таква обврска. Но проблем е што нема механизам управата на ГТЦ да ги натера на тие средства да и плаќаат. Може би треба да се направи некоја административна заврзлама со тоа што комуналиите (вода, струја) ќе ги купува ГТЦ групно и после тоа ќе им ги продава одделно на дуќаните, па да има позиција на сила со која ќе може на крај на месц да им испораќа фактура со ставки, вода, струја, греење, заеднични услуги, па така да неможе оддлено да се наплаќаат ставките по трети фирми туку на една фактура. Ако не се плаќа комплет ондак кврц вентилите. Значи не е до толку проблем сопственоста да биде по одделни сопственици туку како тоа групно да се изменаџира.


Posted By: lslcrew
Date Posted: 08-Jul-2010 at 18:27
Колку само неискористен потенцијал е кровот на ГТЦ. Слободно може цел парк да се изгради горе, на пример поврзан со некој мост со жена парк или слично. Имаше проекти за надоградби и содржина да му се даде со некои комерцијални содржини на ова горе и што побрзо треба да се реализриа. Не сакам пак да се ваќам по којзнае кој пат за стамбените згради, ама штета е таков простор да не се уклопи со деловен простор во целава приказна ГТЦ. Совршено се вклопува.




И една панорамска слика...



п.с. Еве за што зборуваше АлексГиж пред некој ден во врска со Јужен Булевар.


Posted By: lupo
Date Posted: 08-Jul-2010 at 19:35
Dobro, moze li da se popravi fasadata na stanbenive zgradi? Da mu tekne na nekoj da ja spotera rabotava? Stvarno grdo izgledaat. Da gi napravat kako Soravija ili bilo kako moderno da se obozat? Roll%20eyes


Posted By: гитардемон
Date Posted: 08-Jul-2010 at 20:20
Кога ќе (и ако воопшто) се изработи план за третиот (може дури и четврт) кат на ГТЦ, тогаш и ова би било убаво да оди во пакет. Ама вака ако се средат без конкретен проект, тогаш другиот проект за ГТЦ ќе биде ограничен да се вклопува со зградите, наместо обратно.


-------------
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.


Posted By: Supervisor
Date Posted: 05-Sep-2010 at 17:08
Јас би предложил и да се застаклат станбените згради со победничкиот проект ќе изледаат одлично и модерно. Инаку со проектов што стана не се знае?

-------------
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje


Posted By: BOJAN
Date Posted: 05-Sep-2010 at 17:53
Јас предлагам ГТЦ ДА СЕ ПРОДАДЕ! Мене навистина не ми е јасно како тоа сме спремни да продадеме дури и факултети, железница, болници, јавен радиодифузен сервис... а да не го спомниме продавањето на овој трговски центар.

Да се распише меѓународен тендер и победникот да ја изведе модернизацијата и мислам дека ГТЦ ќе блесне(можеби проблем е веќе спроведено индивидуално купување на продавнициBash!).

Инаку ова победничко решение за модернизација не ми се допаѓа, поубаво беше оноа од пред 4-5 години.

Што се однесува до расцепканите продавници, ѕидовите можат лесно да се срушат и да се добијат големи продавници во ГТЦ, тоа за мене не е проблем.



Print Page | Close Window