build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Урбанистички целини
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбанистички планови и парцели (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 66>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 30-Oct-2008 at 17:00
@Clover изгледа нашите напори делумно се исплатеа! Битно секција е отворена, сега уште плановите да ги стават! Ова може би и не е резултат на нашите прашања, но не верувам дека ќе им текнеше додека некој не ги потсети!

http://kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=246
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 30-Oct-2008 at 17:14
Ваљда нема да чекаме да ја пополнат секцијата колку што им требаше за да ја отворат. Празните секции по сајтовите на македонските институции за жал се премногу честа појава.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 30-Oct-2008 at 19:22

Ќе „пораснат“ зградите во Гостивар

Во центарот на Гостивар во иднина ќе може да се градат повисоки објекти, одлучи Советот на Општината по усвоените измени на Генералниот урбанистички план (ГУП).

- Развојот на градот и потребите на граѓаните се поинакви од тие што беа предвидени со ГУП-от од 2005 година. Со правилникот, кој е во сила, не се дозволува во индивидуални градби да има и деловен простор и затоа се менува ГУП-от- изјави Асаф Адеми, раководител на секторот за урбанизам.Предлогот за измени ќе се достави до надлежното министерство. Ако оттаму дадат „зелено светло“, за централното градско јадро ќе се издаваат градежни дозволи за објекти со повисока катност.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=225BDA5E01D127459ADE8A12D1F0AF64
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 31-Oct-2008 at 19:06
Да видиш да не веруваш!!! Првиот ДУП поставен на интеренет од страна на кисела вода!!!MasterBow

http://www.kiselavoda.gov.mk/mak/index.asp?id=247




Edited by lslcrew - 31-Oct-2008 at 19:31
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 31-Oct-2008 at 19:48
Епа редно беше веќе!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 05-Nov-2008 at 00:36

Гратче ќе никне покрај индустриската зона во Гази Баба

Повеќе инвеститори се заинтересирани за изградба на бензински пумпи, изложбено-продажбен салон, голем објект за лесната индустрија и магацини со простор за администрација во источниот дел на градот


ДУП покрива површина од 32,5 хектари: крстосницата на булеварот Војводина и Индустриска

Две нови бензински пумпи, објекти за лесната индустрија, изложбено-продажен салон и магацини со простор за администрација се дел од објектите што се предвидени за изградба во Општина Гази Баба, откако Советот на Општината го усвои новиот Детален урбанистички план наречен „Источна индустриска зона 40, 41 и 42“. Овој ДУП покрива површина од 32,5 хектара, што се простираат од булеварот Војводина, Индустриска и улицата Перо Наков до Металски завод „Тито“ на исток.

Општина Гази Баба има најголема индустриска зона во Скопје и во државата и на нејзина територија се создава една третина од бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Квалитетното земјиште, поволната сообраќајна и вкупна комунална инфраструктура, стручната работна сила, присуството на научни, образовни, здравствени и други институции во близина, како и традицијата и понатаму ја прави оваа локација меѓу најатрактивните за развој на лесната индустрија.

Мирослав Марковски, раководител на Секторот за урбанизам, просторно планирање и заштита на животната средина, комунални дејности и уредување на градежно земјиште, во детали ни го објасни развојниот план.

- Најголем интерес од странските инвеститори за изградба на објекти покажа фирма од Израел. Земјиштето на оваа урбанистичка парцела е мешовито, по половина е приватно и државно. Разговаравме со двата сопственика на приватното земјиште. Тие начелно се согласуваат да го отуѓат земјиштето за да може новиот инвеститор да ја дооформи урбанистичката парцела, за што е информирано и Министерството за транспорт и врски. Од оваа локација во иднина очекуваме голем прилив пари од комуналии, односно од надоместокот за уредување на градежно изградено земјиште - потенцира Марковски.

Марковски објасни дека бензинската пумпа на улицата Перо Наков ќе почне да се гради наскоро, а инвеститор ќе биде фирмата „Дет оил“ од Куманово. Засега не се знае дали другата пумпа, на булеварот Војводина, ќе ја гради „Мак оил“, поради неразрешени имотно-правни односи.

Исто така, со овој ДУП, спроти автосалоните на „Мерцедес“ и на „Автокуќа“ е предвидено да се гради голем објект наменет за лесната индустрија, со површина од 90.000 квадратни метри. Површината на земјиштето на кое ќе се гради објектот е 30.000 квадратни метри.Бидејќи „Тинекс“ ја купи Кланицата, тој веќе почна да инвестира со тоа што изгради еден супермаркет, а има најави дека ќе инвестира и во ревитализација на старите објекти на Кланица.

- Инфраструктурата за објектите што треба да се градат на просторот што го опфаќа овој план ќе се изведува откако инвеститорот ќе пројави интерес за градба. Општината не може однапред да вложува, бидејќи нема доволно средства во буџетот. Ќе треба да се пробие улицата Индустриска 1, но тоа е градска улица - вели Марковски. Од Градот велат дека во буџетот за годинава не предвиделе средства за пробивање на таа улица.

Парцелите што се опфатени со овој план, кои се во државна сопственост, ќе бидат дадени на лицитација од Министерството за транспорт и врски, откако претходно тоа ќе преиспита дали се чисти имотно-правните односи. Од новите објекти Општината и Градот очекуваат вкупно 460 милиони денари од комуналии. Таа индустриска зона е најголемата во градот и во земјава. На нејзина територија се наоѓаат големите индустриски капацитети „Алкалоид“, скопската пиварница, Железарницата.

ИНФО-Третина од БДП

Општината Гази Баба има најголема индустриска зона во Скопје и во земјава. На нејзина територија се создава една третина од бруто домашниот производ на земјата. Оваа локација е меѓу најатрактивните за развој на лесната индустрија.

Парцелите што се опфатени со овој план ќе бидат дадени на лицитација од Министерството за транспорт и врски, откако претходно тоа ќе преиспита дали се чисти имотно-правните односи. Од новите објекти Општината и Градот очекуваат вкупно 460 милиони денари од комуналии.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=EE4CBB609CB61D47BAE70CD7DCEF763F


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 05-Nov-2008 at 01:02
Мислам дека се работи за овој ДУП, ама ова е старата верзија. Поправете ме ако грешам!
http://www.gazibaba.gov.mk/mak/index.asp?id=422
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 05-Nov-2008 at 04:19


Не би рекол ниту дека е тоа стара верзија ниту дека тој е наведениот простор. Од напишаното, очигледно се работи за просторот на исток од Бул. Војводина, не на запад. Колку што можам да видам овој ДУП уште го нема поставено на сајтот на општината. Ама до сега беа ажурни, па ваљда набргу ќе го имаме на увид.


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 08-Nov-2008 at 13:53
Дневник во последно време изненадува со неколку добре текста, прво анализата на двокатните автобуси сега и ова. Thumbs%20Up

А за Маџирмаалци...... Thumbs%20Down

Општините ги кријат плановите од граѓаните

Детаљните урбанистички планови се на јавна расправа за време на годишни одмори,аогласите за анкети се објавуваат во училиштата и во нетиражни весници


Кога е во прашање ДУП, се' се работи кришум, иако општините и инвеститорите се оградуваат

Скопјани не се задоволни од транспарентноста на општинските власти при донесувањето на детаљните урбанистички планови (ДУП). Тие сметаат дека свесно се исклучени од решавањето за тоа како ќе се урбанизира нивното потесно опкружување. Најчесто предоцна дознаваат за измените, кога инвеститорите веќе почнуваат со градба, која претходно добила маркичка во ДУП. Нивните протести, блокади, дури и тепачки со обезбедувачите на објектот тогаш немаат ефект. И тужбите до судовите се најчесто беспредметни, зашто градењето е одобрено од сите надлежни инстанци.

Уништувањето на зеленилото и друг јавен простор (паркинзи, шеталишта, игралишта...) е константа за Скопје во последниве неколку години. Таканаречената урбана мафија го присвои секој квадратен метар „слободен простор“ за да изгради станбен или деловен објект, кои се и најкомерцијални. Општинарите главно вината ја префрлаат на своите претходници, кои пред нив го усвоиле урбанистичкиот план. И така до недоглед.

НАМЕРНО ТЕМПИРАНИ ЛЕТЕ

Во одредени случаи и самите граѓани се незаинтересирани за учество во јавната расправа пред усвојувањето на плановите. Меѓутоа, тие што се трудат да ги следат процедурите велат дека несоодветно и недоволно се информирани за термините кога треба да го дадат своето мислење, забелешки и предлози.

Според нив, некои планови намерно се обелоденуваат во текот на годишните одмори, лете, и граѓаните не се во можност навремено да реагираат. Така ДУП набрзина се протуркува, а реакциите се задоцнети, кога планот е веќе усвоен. Од Општината Центар потенцираат дека Законот за просторното и урбанистичкото планирање не прецизира во кој период треба да се објавуваат огласите за анкети.

- Општините работат и лете за да добиеме во време. Како што ги добиваме готовите планови од проектантските куќи, така и ги доставуваме на јавна презентација и анкета до граѓаните - не' информира Лидија Неделковска, шеф на кабинетот на градоначалничката Виолета Аларова.

Аспарух Ралев, жител на Ново Лисиче, вели дека одвај дознал за јавната расправа за ДУП Урбана единица „Ново Лисиче“, која се одржала во ОУ „Лазо Ангеловски“, бидејќи соопштението било објавено во најнетиражен весник.

- Случајно дознав од мој сосед дека ќе има јавна расправа по ДУП, кој најмногу ме засега. Чиста среќа беше што навреме дознав. Кога отидов во училиштето, таму имаше само 10-ина жители од населбата - потенцира Ралев.

Група граѓани од зградите на улицата Владимир Комаров број 40, како и тие од блок 6 и 8 на улицата Ангел Димовски, во населбата Аеродром, се незадоволни од тоа што треба да никне објект и паркинг на зелената површина која се наоѓа меѓу нивните згради. Изградбата на деловно-станбениот објект е предвидена според последните измени и дополнувања на ДУП „Црква“, Урбана единица „А“. Жителите тогаш се жалеа дека огласот за јавна расправа бил објавен во училиштето „Блаже Конески“ и во нетиражен весник.

- Очигледна е намерата граѓаните да не се информираат за да не реагираат на измените на ДУП - велат аеродромци.

Од Општината Аеродром објаснуваат дека на конкурсот за објавување на огласот за јавна расправа по ДУП се јавиле дневните весници „Нова Македонија“ и „Македонија денес“, кој во меѓувреме престана да постои. Згора на тоа, во општинскиот весник, кој тогаш излегуваше во 30.000 примероци, е објавена табела на сите нацрт-урбанистички планови за кои граѓаните може да го дадат своето мислење, со назначени датуми, час и локација за граѓаните да можат да пополнат анкетен лист и да го дадат своето мислење.

СУДИРИ СО ПОЛИЦИЈАТА

Ваквиот начин на информирање на граѓаните доведува подоцна до несакани реакции: блокади, протести, уривање на оградите на инвеститорите, дури и насилни однесувања кон луѓето што ги обезбедуваат градежните објекти или кон полицијата.

Најсвеж е примерот кога кон крајот на септември, група граѓани од околните згради на булеварот АВНОЈ протестираа против изградбата на бензинската пумпа на „Лукоил“. Жителите од овој дел на Аеродром сметаа дека пумпата ќе им го наруши здравјето, бидејќи ќе го загадува воздухот, а се гради на местото на кое 30 години имало парк. Реакцијата беше напразна, бидејќи ДУП предвидел изградба на бензинската пумпа.

И во Општина Центар летоско имаше слична реакција, кога требаше да поминат измените и дополнувањата на ДУП „Голем ринг - Јужен дел-Исток“. Според планот, треба да се дислоцира Зеленото пазарче. Реализацијата на измените и дополнувањата на овој ДУП, жителите од месната заедница „Роберт Гајдиќ“ беа подготвени да ја бранат и со жив ѕид. Собираа потписи што со писмо беа доставени до градоначалничката на Општина Центар, Виолета Аларова. Тие најавуваа и тужба против инвеститорот, Општината Центар, и проектантот на планот, со барање привремена мерка за запирање на сите активности до правосилната пресуда. Тие се противеа што ќе се сечат четириесет години стари дрвја и на изградбата на паркинг наместо детски игралишта, клупи за одмор и шеталиште.

- Ние максимално го почитуваме законот. Огласите за јавна презентација и анкета се објавуваат во два медиума и на нашата веб-страница, како и на објектот каде што треба да се одржи расправата, најчесто е на најфреквентните места - објаснува Неделковска. Како што информираат од Општината Центар, се почитуваат и термините за спроведување на јавната анкета, а проектантската куќа со часови стручно ги објаснува измените на планот. Анкетата трае уште 10 дена потоа.

- Откако ќе се соберат анкетните листови со предлозите и забелешките, Општината формира Стручна комисија која ги разгледува, а потоа ги прифаќа или одбива. На секој граѓанин задолжително му се одговара, без разлика дали се прифатени или одбиени неговите забелешки, со образложение зошто е постапено така, објаснува Неделковска. ДУП за Реонскиот центар, за кој според жителите немало јавна расправа, заедно со уште 15 детални урбанистички плана се дадени за оценка на уставноста и законитоста пред Уставниот суд. За два од нив (ДУП „Јане Сандански“ УЕБ и „Ново Лисиче“ УЕА), Уставниот суд се изјаснил позитивно, односно нема да поведе постапка, бидејќи смета дека Општината законски постапила. За останатите се' уште не се изјаснил. Од Општината Аеродром се децидни дека законската процедура при донесување на ДУП е почитувана.

КОРУПЦИЈАТА ОЗАКОНЕТА

Стручњаците се песимисти кога станува збор за изнаоѓање решение за овој проблем. Според нив, корупцијата е толку навлезена во институциите, што е невозможно да се искорени.

Архитектот Мирослав Грчев, поранешен градоначалник на Општина Центар, вели дека во последно време е усвоена практика на почитување на процедурата на донесување на ДУП, но од формално-правен спект, а суштински тоа претставува лажирање.

- Пример за тоа се измените и дополнувањата на ДУП „Мал ринг“, за кој не беше спроведена стручна јавна расправа, туку на него се гледаше како на обично планче и анкетата траеше 10 дена, во место малку познато на граѓаните. Не може за таков потфат да се дискутира во локална месна заедница, во екот на годишните одмори, јули и август. Според мене, урбанизмот прејде од рацете на стручните лица, во рацете на политички волонтери и дилетанти, потенцира Грчев.Излез од ваквата ситуација, според Грчев, нема, бидејќи тие што ги создаваат законите дозволуваат да бидат прекршени.

- Не гледам излез, бидејќи станува збор за толку проширена корупција која во последниве две години си обезбедува и форма со измени на законите. Имаме противуставни закони, па и Уставниот суд нема шанса нешто да поправи. Потребна е потемелна промена на урбаната свест, на политичката култура и на државотворноста, заклучи Грчев.

ИНФО-Стручњаците песимисти

Граѓаните се свесно исклучени од решавањето за детаљни планови. Предоцна дознаваат за измените, кога инвеститорите веќе почнуваат со градба. Нивните протести, блокади, дури и тепачки со обезбедувачите на објектот тогаш немаат ефект. И тужбите до судовите се најчесто беспредметни.

Т.н. урбана мафија го присвои секој квадратен метар „слободен простор“. Вината во недоглед главно се префрла на претходниците, кои го усвоиле плановите.Според стручњаците, корупцијата е причината за ваквото однесување на општинарите. Потребна е потемелна промена на урбаната свест, на политичката култура и државотворноста.

СТАВ
Детален претрес

Ако сакаат, општините имаат начин како да ги вклучат граѓаните во решавањето дали паркот од непосредната близина ќе им стане бетон и асфалт. За такви прашања се оди, ако треба, и буквално од врата до врата. Но, тие не ги шетаат своите деца во колички во тој дел од градот, па и не се толку загрижени.Со такво однесување се остава простор за сомневање во матни работи. Зашто, се' уште не се случило на некоја запуштена локација или објект да никне парк или игралиште. Обратно - колку сакаш: многу паркови добија маркичка божем за катна гаража. Гаража подоцна станува само подрумот, а зградата, се разбира, деловно-станбен објект, вреден милиони евра.

Државата што поскоро треба со измена на законите да ја измени постапката при донесувањето на детаљните урбанистички планови. Ако решила да се бори со корупцијата, треба да почне од сите бирократи од чиј потпис зависи дали ќе никне некоја зграда среде парк.Зашто, сите заедно ќе се задушиме во бетонот и асфалтот, кој некому ги полни џебовите.



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=20DDB075AB8CB443B7F3FDE1A108FEF4
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 09-Nov-2008 at 23:26
Водно ќе ни се урне врз глава


Најчесто се почнува изградба без ревидиран проект од надлежна институција, се брза со изградбата при што се прескокнуваат пропишаните фази, или, пак, не се вршат неопходните геомеханички испитувања на ридот кој се поткопува поради изградба на објект


Поткопување на Водно заради изградба на куќа или зграда стана масовна појава која дури е поткрепена и со детални урбанистички планови. Во Скопје се повеќе објекти, па дури и цели населби, се градат со засекување на самиот рид, а од одрон на земја ги спасуваат потпорните ѕидови. Според експертите, тие сепак не се секогаш најдобро и најсигурно решение, што неодамна го докажа и примерот во населбата Кисела Вода каде се урна потпорен ѕид во изградба. За среќа немаше жртви. Експертите пак сметаат дека овој тренд треба да престане, а урбанистите да почнат да проектираат висококатници и над 50 ката, во рамните делови од градот.

- Ако тлото каде што се прават засеци во ридот се од глина и чакал, несигурноста се зголемува. Ако на тоа се додаде и постојано влажнење на почвата од атмосферски води, тогаш можноста од придвижување на тлото се зголемува. Иако постојат проекти со кои се прават пресметки со цел потпорниот ѕид да го издржи товарот на земјата, сепак градба на вакви локации треба да се избегнува, или ако веќе има потреба да се гради на места каде што земјата е карпеста или лапореста, односно земјиштето е многу поцврсто, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство, кое исто така врши и ревизии на градежни проекти. Иако во случајот во Кисела Вода, како што дознаваме, вината не е во лошиот проект, туку во брзањето на инвеститорот да започне со темелите на објектот пред да се изгради потпорен ѕид, поради што настанало негово поткопување и уривање, сепак, најчесто се почнува изградба без ревидиран проект од надлежна институција, се брза со изградбата, при што се прескокнуваат пропишаните фази, или пак не се вршат неопходните геомеханички испитувања на тлото. Инвеститорите во трка за квадрат повеќе не размислуваат за последици. Се поткопува Водно, објектите се надвиснати над бездни, нема простор за паркирање. Ист е случајот и со објектите околу црквата Света Петка, Тасино чешмиче...

Раст во висина, а не во широчина
- Планерите треба да ги забранат овие засеци по ридовите од естетски, еколошки и сигурносни причини. Сепак, се уште за донесување на ГУП одлучуваат советници кои не се експерти, а од друга страна често имаат и сопствени интереси. Инвеститорите не треба да се плашат од изградба на висококатници во центарот на градот, бидејќи сега постојат такви техники кои можат да овозможат сеизмичка стабилност и кај 50 катници, па и повисоки згради, додава Гаревски, кој потенцира дека градот треба да расте во висина, а не во широчина.

http://vecer.com.mk/?ItemID=6212B068E7FF9743B70CD0B92B1AF869



Edited by lslcrew - 09-Nov-2008 at 23:31
Back to Top
luna View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 10-May-2008
Location: gevgelia
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote luna Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 20-Nov-2008 at 21:21
DALI NEKOJ SLUCAJNO GO IMA DETALNIOT PLAN NA GRAD GEVGELIJA????
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 25-Nov-2008 at 11:16
ДУП „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ЧЕКА НА РЕАЛИЗАЦИЈА
Верските објекти ќе ги иселат адвокатите



Камбанарија, музеј на МПЦ, зграда на синодот, богословски факултет, деканат, студентски дом за мажи и депанданс за жени, се само дел од објектите што уште минатата година требаше да никнат на местото на сегашната адвокатска уличка. Сево ова е предвидено во деталниот урбанистички план „Пресвета Богородица“, кој беше изгласан од Советот на општина Центар. Но, од амбициозно зацртаните проекти до денеска нема изградено ништо. Минатата година, откако ваквата одлука и официјално беше донесена, реагираа адвокатите и нотарите што со години имаат свои канцеларии токму во таа уличка. Според нив, таквото решение е неосновано поради тоа што тие веќе со години своите клиенти ги опслужуваат на тоа место. - Секаде во светот постојат места каде што на одредена локација има поголема концентрација на правни лица. Кај нас такво место е оваа уличка, по што и го добила името. Сега луѓето за каков било проблем што го имаат и за кој им треба стручна правна помош, најчесто за помош се обраќаат токму кај нас - вели еден од адвокатите кој седум години има своја канцеларија на адвокатската уличка. Како поткрепа на овој став, тие велат дека дополнителена добивка и за нив, но и за нивните клиенти, е близината на комплексот судови, кои секојдневно треба да ги посетуваат поради вршење на професионалните активности. Од Скопската епархија не се согласуваат со таквите образложенија на правниците затоа што, како што велат, земјиштето на кое сега се наоѓаат бараките во кои што се сместени адвокатските канцеларии е во нивна сопственост. - Земјиштето е на МПЦ и таму е предвидено, се разбира во согласност со Општина Центар, да се градат верски објекти и објекти за религиозни цели - изјавија од Скопската епархија. Сепак оттаму не можеа да прецизираат зошто се уште не е почната изградбата на таквите објекти и покрај тоа што помина нешто повеќе од донесувањето на таквата одлука. И надлежните од Општина Центар потврдија дека на тој простор е предвидена изградба на верски објекти и дека таквата одлука е донесена во декември минатата година.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1559&ArticleID=102807




Edited by lslcrew - 26-Nov-2008 at 04:27
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 25-Nov-2008 at 11:20
од кај испадна дека земјиштето е на МПЦ?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 25-Nov-2008 at 11:29
За почеток нема одма да го соопштам мојот став околу објектите, тоа ќе го направам малку подолу, за почеток ќе кажам дека дефинитивно се работи за неурбанизиран дел од Скопје, а посебно таа адвокатска уличка. Урбанизација е повеќе од потребна.

Незнам адвокативе како тоа проценија дека е неосновано само поради тоа што со години биле тука. Пошто се адвокати сигурен сум дека се свесни дека се наоѓаат во привремени објекти, на туѓо земјиште (без разлика чиво, дали МПЦ, дали државно). Самото тоа што овдека се години, не ги прави сопственици ниту ексклузивни закупници. Море ако сакаат нека бидат и со милениуми ќе дојде време кога ќе треба да се тргнат од тука. Инаку мене не ми е јасно како досега никој не се сети да изгради деловен центар карши судов па да млати кирија од адвокати. Едноставно не е достојно на правдата да биде делена во тие суб-стандардни трафики.

Е сега малку околу овој "Божји кварт". Незнам дали е тренд во светот да има вакви простори во градовите, но сепак тоа не е битно. Според мене, и како верник, и како граѓанин ми значи тоа што во еден дел од градот би се посветил на МПЦ. Идејата со синодот е посебно  добра, за да се префрли онаа спикана зграда покрај соборниот храм. Инаку местото потполно одговара, а впрочем и ја има симболиката како место каде што бил првиот соборен храм на МПЦ. Ај да не разглобувам многу, да биде повеќе од најава па ќе дискутираме.

Знам дека пак ќе разглобиме дискусија околу финансирањето. Мојот став е прилично познат. Сепак сметам дека верските објекти се специјален случај на општествени објекти. Но таа дискусија може да ја тераме во верски објекти, нека не биде тука.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 25-Nov-2008 at 18:17
eve nekoi panovi najdov na net od 96 god

http://www.lib.utexas.edu/maps/europe/txu-oclc-41942302-skopje-1996.jpg

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 25-Nov-2008 at 23:02


Па добро ова не е урбанистички план туку топографска карта Poke

Во секој случај добро си го ископал, ќе се најде при рака Smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 28-Nov-2008 at 11:18
Ова треба да иде да се види. Да видиме што се врти околу олимписко село.

УВИД ВО ДУП „ТАСИНО ЧЕШМИЧЕ 1“
Домови за странски дипломати на Водно Големи парцели за домови за странски дипломати, комплекси со апартмани за издавање, пансиони и други објекти со ноќевалишта се вцртани во предлог-планот „Тасино чешмиче 1“ што вчера беше изложен на увид на жителите од реонот на улицата Салвадор Аљенде на Водно. Кај хотелот „Панорама“ и во Олимписко село предвидено е да се градат објекти за амбасадите и угостителски капацитети. Девет парцели за резиденцијални објекти за амбасадори се вцртани од двете страни на патот кон Средно Водно. За потребите на турската амбасада, за која веќе се почнати градежните работи, како и за британската амбасада определени се најголеми парцели со површина од повеќе од 7.500 квадратни метри. Дозволена висина на градбите е 10,2 метри односно приземје со два ката. Дипломатско претставништво на Водно треба да гради и француската амбасада. Предвидени се и десетина комплекси за привремено домување, наменети за апартмани за издавање, кои ќе бидат на приземје со два ката и со поткровје, и уште толку објекти со намена групно домување, односно пансиони со заеднички кујни кои имаат дополнително уште еден кат. Во појасот околу полициската станица, на почетокот во влезот во парк-шумата Водно, ќе се изградат уште 12 нови станбени објекти, а на постојните куќи ќе им се овозможи и доградба на поткровје. Иако според процедурата планот треба да има јавна презентација пред граѓаните, вообичаената практика јавните анкети да поминат незабележано и овојпат се потврди кога во месната заедница „Кочо Рацин“ дојде само еден жител. Повторно анкетата беше несоодветно организирана во месна заедница што не припаѓа на населбата, па претседателот најави дека ќе го пренесе планот во МЗ „Боро Петрушевски Папучар“. Изработувач на планот е проектантската фирма „Ин пума“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1562&ArticleID=103031

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 28-Nov-2008 at 11:24
Еве од нова Македонија се потрудиле да "истражат" малку.

Дипломатите ќе се шират на Водно




Дипломатските објекти на Водно ќе добијат уште по два ката и потпокрив, според измените во деталниот урбанистички план за локалитетот Тасино чешмиче, кој општината Центар го изложи на јавна презентација и анкета. Со него се предвидуваат надградби на веќе постојните градби.

Меѓу другите измени се предвидуваат и нови паркиралишта, подземни и надземни, кај поранешниот хотел „Панорама“ и кај Олимписко село. Има и две новопроектирани улици што излегуваат на Салвадор Аљенде, главната сообраќајница во оваа населба. Покрај нив, се предвидуваат и нови објекти.

Планот „Тасино чешмиче“ ќе биде изложен во месната заедница Кочо Рацин десет работни дена. Во овој период граѓаните што живеат во планскиот опфат имаат право да го разгледаат и да пополнат анкетни листови со забелешки. Потоа општината ќе ги разгледа листовите и ќе одлучи кои забелешки да ги прифати, а кои не. Откако ќе заврши таа процедура, планот треба да добие мислење од Министерството за транспорт и врски и од градската управа. На крајот, за да се усвои конечната верзија, за него треба да гласа општинскиот совет.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=248&ArticleID=12315


Двата текста не се маркирани пошто носат воглавном нови информации и мање више нужно е цели да се прочитаат.


Edited by lslcrew - 28-Nov-2008 at 11:24
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 01-Dec-2008 at 10:02
Во Гевгелија се изработува урбанистички план за изградба на стопанско-деловни објекти надвор од градот

Гевгелија, 30 ноември (МИА) - Во општина Гевгелија во тек е изработка на урбанистички план наменет за ненаселените места надвор од градот за изградба на стопанско-деловни капацитети.

Поради зголемениот интерес на стопанствениците и инвеститорите, наместо првично планираните 20 хектари, новата стопанска зона ќе зафаќа простор од вкупно 40 хектари.

Со општинските урбанистички планови кои се во фаза на изработка се предвидува и изградба на катна гаража во центарот на градот. Предвидени се и локации за нови бензински пумпи, трговски центар на словенски „Туш“, како и колективни стамбени објекти.

Од секторот за урбанизам велат дека приоритет во изработката на плановите се дава на спортско-рекреативниот ценатр кај поранешната касарна на Армијата на Република Македонија, каде се предвидени локации за четири тениски игралишта.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 04-Dec-2008 at 01:20

Тунел во Штип за хаосот во сообраќајот

ШТИП - Изградба на тунел од центарот на Штип до населбите и индустрискиот дел. Овој скап и утопистички проект би бил една од варијантите за штипскиот хаос со возила.

Ова решение можеше да се слушне вчера од изготвувачите на сообраќајниот Детален урбанистички план, кога се дебатираше на тема „Акционен план за безбедноста на сообраќајот“.

Други сообраќајни стручњаци ја оценуваат идејата за тунел како невозможна. Затоа настапија со иницијативи кои значат проширување на одделни фреквентни улици, со изградба на тротоари, паркиралишта за такси-возила и за автобуси од локалниот сообракај...

Никој во Штип не е задоволен од сообраќајните можности. Затоа градот побара да се изготви нов детален урбанистички план за подобрување на сообраќајните решенија.

Во јавната дебата беа констатирани повеќе реални пречки кои се услов за создавање сообраќаен хаос. Затоа беа предложени повеќе решенија. Штип, сместен меѓу пет рида, нема доволно добра сообраќајна инфраструктура за 12.000 возила и за оние што влегуваат во градот. Сообраќајни стручњаци беа едногласни дека градот нема квалитетни улици, паркиралишта, тротоари... Во такви услови сообраќајната култура е на ниско ниво, бидејќи секој учесник во сообраќајот прави обид да се „снајде“ на секаков начин, главно прекршувајќи ги правилата.

Градот има развиена индустрија со околу 13.000 вработени во многу претпријатија надвор од него. По автобусите преполни со работници кои ќе тргнат кон центарот или населбите се создаваат колони од возила. Во такви услови се случуваат незгоди. Меѓу населбите Сењак 1, 2 и 3 и населбата Баби, во кои живее една третина од педесетилјадното население, улиците се без тротоари, а метежот е огромен. (И.Б.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7F4C197918C04C46B9BAA9DA827F0E90


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 678910 66>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.586 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.