![]() |
![]() |
![]() |
Старо Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 56> |
Author | |
Petar Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Sep-2014 Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
Изградена 1932 година.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Не можам да ја одредам годината, но ми личи на предземјотресен киоск. Ако не е, укажете ми и ќе ја префрлам фотографијата во соодветната тема.
![]() извор: off.net.mk |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Не е пред 61ва. Еднаш истражував да видам кој е филмот на постерот. I Mongoli (1961) ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Старата железничка станица (пред 1901 година) Фото: Сандре Николоски (фејсбук)
![]() ![]() ![]() Edited by Џоле - 22-Jan-2016 at 17:32 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
првата слика од старата железничка би била денес некаде кај Симпо?
![]() Edited by zabegan - 23-Jan-2016 at 01:11 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Jas mislev deka se raboti za lokacija slichna na deneshnata... Ne e ridot levo Kaleto?
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
инаку, фотографииве совршено доловуваат дека Скопје половина од својот раззвој и ширење го должи на оваа станица ![]() Edited by zabegan - 23-Jan-2016 at 05:11 |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Првата слика е сликана од денешно МВР. А на втората слика ридот лево е калето, додека десно се австрискиот конзулат и тутунски комбинат.
Покрај железничката, голема улога во развојот на Скопје има и тоа што во 1877 станал главен град на Косовскиот вилает, што резултира со изградба на многу капитални објекти (сепак далеку помал број одошто би имале доколку не го запалел Пиколомини; според мојата проценка Скопје во 1919 би имало околу 200.000 жители и би му парирало на Белград, а со оглед на тоа што Србите го сакале градов зашто тука бил крунисан Цар Душан Скопје би можело да биде и економски главен град на КСХС/КЈ). |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Токму на втората слика и мислев. А инаку кога реков денешната железничка, мислев на Музеј на Град Скопје ![]() Инаку со ова погоре сосема се согласувам. Но иако Скопје за жал не го добило значењето кое го заслужувало, сепак мислам дека имало поголема важност од тоа што денес мислиме. Еве на што налетав на Википедија: https://en.wikipedia.org/wiki/Andrea_Bogdani . Во последно толку се кокетира наоколу со Мајка Тереза, а реално ништо не знаеме за историјата на католиците во СК и неговата важност за Ватикан. Иако не се работи за невероватно битен католички центар, сепак факт е дека скоро половина милениум Скопје е седиште на католичка архиепископија. Инаку на линков пишува за еден од католичките архиепископи на СК (Албанец) кој воедно бил и писател и го создла првиот граматички прирачник за албански (албанско-латински). Edited by hcitrS - 23-Jan-2016 at 20:31 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ХОТЕЛ „ЈАДРАН“ – „АРАПСКА КУЌА“, СКОПЈЕ / ИВАН АРТЕМУШКИН
![]() Локација: Сквер „Јадран“, Скопје Автор: Иван Артемушкин Сопственици: фамилија Дикиџијан, Рустем Бег, Димитар Влахов, „Македонија Турист“ Година на изведба: 1936 – 1938 Извори: техничка документација од „Македонија Турист“; „АРХИТЕКТОНСКИТЕ СТИЛОВИ во македонската архитектура од крајот на 19век и периодот меѓу двете светски војни“ – Кокан Грчев, 2003 г.; „ГО САКАМ СКОПЈЕ“ – Данило Коцевски, 2000 г.; дел од фотографиите се превземени од македонските блогови. ![]() Хотел „Јадран“ е сместен во централниот ринг на градот Скопје, опкружен со стаклените фасади на модерните деловни објекти од малиот плоштад кој и го носи неговото име – сквер Јадран. Но, многу години пред да биде хотел или воопшто да го добие името „Јадран“, овој објект бил познат како „Арапска куќа“ Оваа градба е завршена во 1938 год. како сопственост на браќата Дикиџијан кои биле трговци со ерменско потекло познати по производството на свилени шамии во Скопје. Градската легенда вели дека Агоп Дикиџијан ја гради оваа вила како подарок за својата невеста Агавни. Таа е дело на архитекот Иван Артемушкин – руски имигрант кој има техничко биро во Скопје и кон средината на 20-от век проектира голем број на станбени објекти. Повеќето негови проекти се со неоренесансни и неокласицистички елементи додека среќаваме само една ваква ориентална „Арапска куќа“. ![]() Дел од творештвото на архитектот Иван Артемушкин ![]() Основа на приземје и подрум ![]() Основа на високо приземје ![]() Основа на I и II кат ![]() Основа на поткровје Видливите фасади на оваа зграда се изведени во полихромна декоративна пластика. Впечатлива е играта меѓу светлите и темни геометриски форми и особено хоризонталните црвени ленти врз жолта основа. Прозорците се со ориентални прекршени лаци, а покрај скалишниот простор забележуваме повеќевисински прозорец со витражна декорација. На фронтот кон улицата објектот има богато декорирани балкони со карактеристични капители на столбовите, додека на оградите се забележуваат специфичните геометриски шари, често применувани во исламската архитектура. Наместо типичното решение со ќерамиди, тука имаме две кули и рамен кров обиколен со запчеста завршетница во форма на крести. Во задниот дел градбата има и раскошна бавча со кована ограда. ![]() ![]() Сиве овие карактеристики го сместуваат обејктот во таканаречениот псевдо маварски стил, кој се појавува во 19 век, надоврзувајќи се на арапско – маварската архитектура од Северна Африка и Шпанија. На Балканот најпрвин го воведува австро – унгарската власт на териториите на Босна и Херцеговина. Тие сакаат да создадат нов национален архитектонски стил кој нема да содржи асоцијации ниту кон претходното османлиско владеење ниту пак кон околните словенски влијанија, а сепак ќе се поврзе со претежно муслиманското локално население. Резултат ќе бидат хибридни решенија на позајмени елементи од друга далечна исламска архитектура (арапско – маварската) и класични европски елементи, создавајќи еден нереален спој кој, покрај сите критики, станува специфичен белег на тој период, а со тоа и вредно архитектонско наследство за Босна и Херцеговина. Слични вакви примери потоа се појавуваат во Хрватска, па дури и во Битола, притоа во сите нив се содржани истите главни карактеристики како и на нашата „Арапска куќа“. ![]() Но, влегувајќи низ акцентираниот портал во објектот и отргнувајќи се при тоа од впечатокот на неговите декорирани фасади, во внатрешноста не дочекува целосно поинаков, па дури и веќе познат амбиент. Тука, обејктот веќе сосема се дистанцира од ориенталноста на маварските вили, па наместо внатрешните дворови и тремови опкружени сме со обична функционалисткичка куќа, иста како сите други скопски палати од тој период. Сепак, сево ова е изведено раскошно, со големи простории, разобојни мермери, убави и скапи фигурини и скулптури поставени наоколу. Како посебен детаљ се издвојува уште еден подарок од Агоп посветен на својата невеста, резбата на вратите од интимните простории каде што го забележуваме и ликот на неговата сакана Агавни. ![]() Сместувајќи ја „Арапска куќа“ во времето од кое доаѓа, добиваме поинакво толкување на нејзиниот стил. Кон крајот на 19-от и првата половина на 20-от век во Македонија се појавува веќе задоцнетиот историцизам кој го следи европскиот тренд на еклектични композиции, комбинации од елементи на предходни историски стилови со цел да се создаде некаков, долго очекуван, „нов стил“. Но, додека во многу од примерите од овој период, па и псевдо маварските од Босна и Битола, забележуваме некоја реинтерпретација или стилизација на позајмени елементите, во случајот на „Арапска куќа“ станува збор за шаблонско прецртување на карактеристиките на стилот. Следејќи ја и останатата работата на архитектот Артемушкин ја забележуваме единственоста на овој стил што ни укажува дека ова е еден експеримент кој не содржи ништо повеќе од цитирање и неоргинално копирање на карактеристиките на веќе видениот псевдо маварски стил. А тоа најмногу го забележуваме во задржувањето на истите пропорции, симетријата, градацијата на декоративноста по висина на фасадата, правоаголната структура на балконите и ориенталните орнаменти. Самиот факт што специфичните фасади не одат околу целиот обејктот, туку се реализирани само на видливите фронтови, уште толку укажува дека нивна цел е да бидат екстравагандна маска на еден прилично функционален и помалку модернистички обејкт. ![]() Псевдо маварски стил – „Vijećnica“ Сарајево, 1894 г., сега „Национална и Универзитетска Без разлика на ова, вреди да се навратиме на почетокот на приказната, односно самата цел на оваа куќа. Всушност таа не е ни градена како некакво архитектонско ремек дело, туку како подарок наменет да фасцинира една млада девојка. Како предмет кој ќе го претстави богатството на трговците Дикиџијан, ќе отскокнува од околното традиционално ткиво на градот притоа носејќи некаква љубопитна ориентална мистериозност. Имајќи го ова на ум мора да забележиме дека објектот навистина ја постигна оваа цел. ![]() Крајот на оваа љубовна приказна и не е толку среќен. Агоп умира а неговата „Арапска куќа“ се конфискува поради тоа што тој нема потомци. Агавни заминува за Марсеј и никогаш не се враќа повторно во Скопје. Куќата пак после сево ова доживува и други приказни. Наредните години ќе биде во сопственост на Рустем Бег и неговата жена Рустикана Натали, а потоа одреден период во неа ќе живее и Димитар Влахов, за на крај во 60-те, да премине во рацете на „Макеоднија Турист“ добивајќи со тоа нова намена и ново име – хотел „Јадран“. Додека денес неговата околина е сосема преобразена во модерен плоштад, хотел „Јадран“ и натаму остана истиот. Целосно ја задржа дури и истата улога како на почетокот – да отскокнува од се околу него и да ни го привлекува вниманието со својата декорација и уникатност. Без разлика на неоригиналноста на композицијата, објектот е верен доказ за присуството во архитектурата на нашето поднебје на историцизмот, и тоа во една многу специфична ориентална форма. А со сево ова тој заслужено го добива статусот на објект од културното наследство на градот Скопје. ![]() Но сепак, вредноста на градбите не се состои само во нивната архитектоничност туку и во приказната што ја раскажуваат. Во случајот на хотел „Јадран“, имаме токму еден таков пример – зграда проткаена со своја мала романтична сторија, која оживува во фантазијата на секој минувач, подготвен да верува во истата макар и била само легенда, само за да ја оправда посебноста на овој објект. Фотографии од денешна состојба: Мартин Ивановски Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис http://marh.mk/%D1%85%D0%BE%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D1%9C%D0%B0-%D1%81%D0%BA/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
@hcitrS Скопје (Скупи) било од голема важност и во римскиот период, за што сведочат податоците дека во 313 година Скупи станало епископско седиште, а век подоцна и архиепископско. Градот имал и две базилики и голем и богато украсен театар, а нешто подоцна бил и главен град на провинцијата Дарданија (извор mk.wikipedia.org, macedonium.org).
@Џоле Штета што овој, за Скопје, уникатен објект е во запуштена состојба и не го добива вниманието кое го заслужува, исто како хотел Бристол. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Истото важи и за хотел Бристол, на еден прозорец има залепено лист на кој пишува дека објектот се реновира, ама некако долго трае тоа и нема видливи промени. Edited by Џоле - 23-Jan-2016 at 22:40 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Не знам за Јадран, но Бристоловата реновација никако да заврши
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Фала ти, знам за ова студирав археологија. Со линкот погоре сакав да се осврнам на „ориенталниот“ период, 15-19 век, за кој не се знае многу, или барем не се зборува доволно. За мене фактот дека „шефот“ на албанските католици (бидејќи реално во МК, домородни словенски католици баш и мн. нема) толку векови бил со седиште во Скопје, беше непознат. Општо, ми се чини дека мал дел од јавноста знае дека Скопје во поголемиот дел од својата историја некако повеќе гравитира кон посеверен-северозападен Балкан (трговски, политички и културно). |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Дали можеби знаеш отприлика колку жители имало Скупи во било кој временски период?
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
hcitrS ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 893 |
![]() ![]() |
Знаеш дека не е возможно да се даде точен одговор на тоа (освен пр. Рим, градови каде имало редовни пописи), но јас би типувал на 12-18 000 во периодот кога било колонија. Е сега таа бројка може, а и не мора да вклучува разни типови на живеалишта надвор и внатре во ѕидините, пр. луѓе економски зависни од градот но кои не живеат во негова директна близина (пр. овчари), робови, доселеници, форма и големина на домаќинства, епидемии итн. Во 21-ви век нашите проценки за бројот на жители на Скопје варираат од 500 до 700 000 (па и со екстреми како 1 милион), така да сето тоа е мн субјективно. Еве и сам можеш да калибрираш нешто според ова: http://www.parkdatabase.org/documents/download/2000_estimating_the_population_size_of_ancient_settlements.pdf Edited by hcitrS - 23-Jan-2016 at 23:57 |
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Edited by makonix - 25-Jan-2016 at 17:47 |
|
![]() |
|
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() Edited by makonix - 25-Jan-2016 at 17:56 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 4041424344 56> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |