![]() |
![]() |
![]() |
Јавен превоз во Скопје (линии и возен ред) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516> |
Author | |
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Да не се заборави и дека некаде не ни има автобуски постојки, а на поголемиот дел од нив нема вакви карти, а за дизајнот на картите нема ни да говорам.
|
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=F3227B50F6F6A34EA523D777659AA4E7 |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Ок, ај, ние што сме од Скопје ќе ја земеме... али што ќе биде со оние кои не се од Скопје или пак не се од Македонија?
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Новинарството во Македонија е дно. Што не кажете гласно и јасно, ние што не сме жители на главниот град како ќе купуваме билет? Дали ќе плаќаме исклучиво со мобилен телефон, по цена од 40 денари за еден билет? И како ќе плаќа оној кој нема мобилен телефон?
Ова многу битна информација не ја кажува ниту новинарот на Утрински Весник (непотпишан е текстот, што значи дека може и чистачката да го напишала), ниту на страницата на Скопска каде го нема ова прашање во Прашања и Одговори. И овие ќе овозможеле подобра оптимизација на возните редови и обезбедување поквалитетен превоз на патниците, како што се пофалиле на страницата? Edited by phenomenon - 18-Aug-2016 at 10:41 |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Некаде прочитав дека и натаму ќе има можност кај возачот да се купи карта но таа ќе биде во вид на фискална сметка. |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
E стварно јака имплементација. Во приватниот градски превоз во Куманово е така. Не ти даваат билет, туку ти даваат фискална сметка. |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Не, таа опција постоеше до сега (баш поради што се бунеа луѓе, иначе требаше уште од Јануари). Од 1 Септември се укинуваат скроз хартиените билети (технички пролонгираа за 9 месеци).
Али многу се глупи... Да дојдеш у Скопје и да ти треба превоз, попрво со такси поефтино ќе те фати отколку со ЈСП (зашто 150 за картичката + 70 за два билета = 220) |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Тоа што цената на билетите со ова се зголемува, се уште никој не го отвора како тема. Браво за ЈСП
![]() |
|
![]() |
|
Staki ![]() Senior Member ![]() Joined: 11-Oct-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 125 |
![]() ![]() |
Имплементацијава на проектов е катастрофа. Читам одговори на прашања на нивната страна, уште немале склучено договор со ВИП, и не може да се купи карта ако си корисник на ВИП. Конечното почнување треба да биде на 1-ви Септември, а сеуште немаат склучено договорот со најголемиот мобилен оператор?!
Приватниве компании па само бараат изговор да не го спроведат, сега им се оштетиле автобусите од поплавата. 1 година имаа да го спроведат проектот. Ако останат овие цени јас сигурно нема да стапнам во нивните автобуси. Ова е претерување. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПРОБНО ВКЛУЧЕНИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АПАРАТИ ВО ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ
Во приватните автобуси на „Макекспрес“ од денеска пробно се вклучени електронските апарати на кои засега може да се валидираат само средношколците, но не и останатите граѓани. Во „Слобода превоз“, пак, учениците ќе се валидираат од 1 декември, бидејќи со електронски апарати треба да доопремат уште десетина автобуси. Како што информираат од приватните претпријатија стартуваат со ученици според договорот што го имале со Градот и со ЈСП и преку оваа категорија корисници на бесплатниот превоз ќе го тестираат системот и функционирањето на електронските апарати. Идејата е сите недоследности и технички проблеми да се отстранат во овој пробен период за да можат од 1 јануари подготвени да стартуваат со електронскиот систем на наплата, кога ќе можат да се валидираат сите други категории на патници. Според првите луѓе на „Макекспрес“, на стартот вчера имало извесни технички проблеми кои заеднички ги решавале со ЈСП и со ангажираниот мобилен оператор „Телеком“. „Сите наши приватни превозници навреме ги известивме дека од 15 ноември треба да ги вклучат поставените валидатори. Преку специјален софтвер од вчера почнаа да се валидираат учениците средношколци, кои веќе користат бесплатен превоз. Таков договор имавме со Градот и со ЈСП, а подоцна ќе ги превезуваме и пензионерите и сите други категории кога од 1 јануари ќе започнеме со електронската наплата. Тогаш ќе немаме причина за одложување и подготвени ќе го пречекаме стартот. Вчера имаше мали технички недоследности, како на пример во некои возила валидаторите не се вклучувале или не светнувала зелена светилка за валидација и слично, па тие возила ги праќавме во најблиската гаража на ЈСП, каде што од стручните лица беа отстранувани сите недостатоци“, објасни Војо Велевски, еден од основачите на „Макекспрес“. http://utrinski.mk/?ItemID=83A14944A903AB44AA555D40D6500974 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ima li nekoj informacii vo vrska so ukinuvanjeto na liniite?
Kennan Tair an JSP Skopje (ЈСП Скопје) 3 Std. · Почитувани, Сакаме да се пожалиме за укинатите државни автобуси 9ка и 19ка. Имено, проблеми кои настанаа по укинувањето на овие две државни линии (9ка и 19ка) се: - приватните автобуси не се редовни - не ги почитуваат правилата за електронската картичка - се чека премногу време на станиците - условите во приватните автобуси не се исти како во државните, се полоши (нема греење) - се создава гужва поради недоволно обраќање на линиите - не може редовно да се стигне на посакуваната дестинација затоа што често приватните автобуси ги менуваат и кратат рутите на возење - многу е лошо за учениците, студентите и вработените кои не може да стигнат навреме на соодветната локација (особено од февруари, па натаму) - овие две државни линии беа единствени во овој регион и нема логика за нивно укинување Бараме да се вратат овие две државни линии на 9ка и 19ка бидејќи се важни за сообраќајот и нормалното функционирање на граѓаните. Со почит, граѓани од Топанско Поле |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Многу детали за оваа распределба на линиите немаше. Во основа, пред една и пол година имаше конкурс за распределба на автобуските линии. „Макекспрес“ конкурираше да ги земе линиите 19, 20, 22, 52 и 54. „Слобода превоз“ има конкурирано за неколку, вклучувајќи ги линиите 9 и 12. Повеќе детали за ова треба да излезат од Град Скопје. Веројатно ова е точката со која успеале приватните превозници да ги натераат да влезат во електронскиот систем.
Како и да е, многу е глупаво што жителите од општина Чаир и дел од Бутел се оставени единствено со приватни превозници да се поврзат со остатокот на Скопје, приватниците навистина возат само кога е rush-hour. |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Корисниците на јавниот превоз од почетокот на годинава треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници. – Електронската картичка може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, на дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП Скопје и приватните превозници, информира Град Скопје. Со влегувањето во сила на интегрираниот тарифен систем, Град Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка со цена од 150 денари, следуваат пет гратис возења. – Доколку сакате да користите јавен градски превоз задолжително треба да имате електронска картичка со запишан билет или надополнет електронски паричник, соопшти Град Скопје. ТВ Нова неофицијално од свои извори дознава дека во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници со почеток на месец февруари ќе се воведе билет за едно возење наменет за туристи и граѓани кои многу ретко го користат јавниот превоз. Цената на овој билет ќе изнесува 60 денари, а ќе се издава со фискална сметка. Граѓаните и сега имаат можност да платат само едно возење преку своите мобилни телефони (засега само од мрежата на Телеком, наскоро и од сите оператори) со повикување на бројот 185 и доближување на телефонот до апаратот за валидирање во автобусите. На овој начин од сметката се одземаат 40 денари. Цената за месечен билет за градски линии изнесува 1400 денари, додека за сите линии 1600 денари. Граѓаните со овој билет можат да се возат и во ЈСП Скопје, но и во автобусите на приватните превозници. |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
60 денари за едно возење? Ама не може тоа така драги другари. Како прво, цената на едно возење во автобусите на ЈСП скокна од 30 на 35 денари. Од почеток на месец цената за едно возење во приватните превозници скокна од 25 на 35 денари. Сега најава за можност за купување на билет во автобус по цена од 60 денари. Од лани и прелазот од градски на приградски линии повторно е поскапен.
Видете вака, јас не планирам да плаќам за пензионери и за студенти. Загубите од пропагандистичката политика на власта не сакам да ги плаќам на свој терен. Оној што воведува такви мерки, тој нека си ги плаќа загубите во јавниот превоз! Повторно да ја потсетам власта, во 2010 година воведоа вакво слично зголемување на цената во железничкиот сообраќај од 50% на сите билети за сите дестинации. Бројот на патници што тогаш патуваа со воз беше над 1,5 милиони. Лани со воз се имаат превезено 800.000 патници. Бројките кажуваат се! Edited by BOJAN - 04-Jan-2017 at 10:22 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Ти дефинитивно не можеш да водиш нормална дискусија. Се ти се сведува на пропаганда и манипулирање со информации. Кој тикет ќе биде 60 денари? Тој што ќе се купува еднаш така ли? А кој го купува тој тикет? Тие што живеат во Скопје или некој што еднократно доаѓа во Скопје? Има ли можност да се купи тикет и со мобилен за оние што не сме од Скопје а сме од Македонија и имаме македонски број? Значи КОЈ ќе го купува тикетот? Најчесто туристите? Многу ли е за еден турист да плати 1 евро? |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
А тоа дека ЈСП не се способни да излезат со детални, јасни и недвосмислени информации си стои. Ги прегледав на брзинка страните на ЈСП и СКОПСКА МК и не можам да верувам дека таму стојат информации од пред година и повеќе. Две години се подготвува системот а односот е како на Македонија пат кога ги изненадува снег во Јануари. Но тоа не значи дека треба да се манипулира и да се извртуват манипулациите. Штета е навистина што здравата критика е узурпирана со ликови како Бојан па така неможе ни за една тема да се развие нормална дискусија.
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Не сум видел досега туристи низ јавните градски автобуси, исклучок се посетителите на некој посебен настан во Скопје кои си имаат организиран превоз, неретко резервираат градски автобус за да ги превезува, поради што истиот тој автобус не е достапен за останатите патници низ градот за време на таквиот договорен превоз. Но сепак оправдан е ваквиот договорен превоз, бидејќи патниците добиваат превозно средство наменето само за нивните потреби и за кое плаќаат, се разбира. Инаку, поскапувањата на билетите во ЈСП Скопје би биле оправдани кога би важеле за сите, вклучувајќи ги и пензионерите, кои 5 од 7 денови во неделата уживаат бесплатен превоз, додека останатите мораат да плаќаат. Особено најпогодени се студентите кои доаѓаат од другите градови низ државата, а кои мораат да внимаваат и на последниот денар како ќе го потрошат, ги гледам како шетаат низ банките прашувајќи колку чини провизија за да видат каде ќе ги фати најевтино, а за превозот мораат да плаќаат. И да, бесплатниот превоз за пензионерите е партиско-пропагандистичка измама, бидејќи ЈСП Скопје е еден од најголемите загубари во Скопје, а секоја година неговите загуби - кои благодарејќи на бесплатниот превоз за пензионерите, стануваат се поголеми со секоја помината година - ги плаќаат градот Скопје и државата. Во ред е да се воведе попуст на превозот за пензионерите, како и бесплатен превоз за студентите кои имаат многу поголема и поважна потреба од јавниот превоз за разлика од пензионерите, но бесплатен превоз за пензионерите е бунар без дно, бидејќи останатите граѓани го трпат финансискиот товар од бесплатниот превоз за пензионерите. А баш сега во зима, кога стапката на загаденост на воздухот соборува нови рекорди, ЈСП Скопје треба да воведе поевтин, или уште подобро, бесплатен превоз за време на новогодишните и Божиќните празници, но напротив, токму со воведувањето на електронските билети - кои ги ветуваа уште од 2013 година - јавниот градски превоз поскапе, наместо да поевтини, како што најавуваа од ЈСП Скопје. Edited by Dexter26 - 04-Jan-2017 at 16:33 |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Јас се возам од кога знам за себе со јавен градски превоз, но ова е вистински хаос. Да не зборам дека нема никакво официјално соопштение на кои линии се приватните превозници, на кои се државните автобуси, како се плаќа, гужвите низ пунктовите продолжуваат.
Не се само тие линии кои горе ги имате наведено. Еве на пример, 11-ка која сообраќаше со државни автобуси (на ЈСП) до село Рашче, денес дојде приватен автобус ![]() Билетот со 60 денари им е проба да видат колку можат. Пуштаат пробно ![]() Едно е..но соопштение со јасни работи да издадеа. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Апсолутно се согласувам. Од кога се најавува овој проект луѓето на марс ќе се симнат ЈСП неможе еден систем да воведе како што треба. Не се способни една Веб страна да одржуваат и да ажурираат. Јас буквално ништо не разбирам што и како. 2 години воведуваат систем ама можело да се плаќа само ако сте претплатник на Телеком, па после фискалните билети ќе се издавале од фебруари. Па волку пари можело да се става на картичките волку не можело. Соопштението за цените им е онаа старото и уште не е ажурирано. Буквално чорба каша. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„ДЕВЕТКИТЕ“ ТРЕТ ДЕН ГИ ОСТАВАТ ГРАЃАНИТЕ ДА ВИСАТ ПО ПОСТОЈКИ
За само 15-ина дена откако беше воведен АВЛ-системот во јавниот градски превоз и стартуваше електронската наплата во сите автобуси, се појавија многубројни проблеми, а возачите на приватните автобуси наместо со ЈСП, сега се тркаат со времето. Додека порано брзаа да му ги земат патниците на ЈСП, сега ги оставаат да „висат“ на постојките. Граѓани имале вакво искуство изминатиов викенд на линијата број „9“ на која сега возат само автобусите на приватното претпријатие „Макекспрес“. Патниците се жалат дека не им застанал автобусот на постојката на „Водњанска“, туку, веднаш продолжил надолу по втората коловозна лента без да ги качи оние кои чекале на последната постојка. Голем дел од патниците кои се пожалија, се враќале од работа, а по завршувањето на работниот ден наместо што побрзо да си дојдат дома, не можеле да се качат во автобус. Вчера, пак, граѓаните се изначекале „9“ и во населбата Скопје Север. Останале на автобуската од 8:45 до 9:30 часот и измрзнале на снегот и студеното време. Велат дека четири автобуси заминале кон последната станица, а од таму по речиси еден час чекање, конечно им дошла „9“. Од „Макекспрес“, приватното претпријатие кое вози на оваа линија, објаснија дека сега имале редуциран возен ред. „Автобусите се поретки, затоа што, поради училишниот распуст возниот ред е редуциран, но, по 23 јануари се враќа основниот возен ред според кој автобуси ќе има на секои 7-8 минути се' до 17 часот, кога потоа повторно ќе бидат редуцирани. На линијата ’9‘ ние ќе сообраќаме до 31 јануари, а потоа таа ќе стане дел од пакетот линии на ’Слобода превоз‘“, објасни Војо Велевски, еден од основачите на „Макекспрес“. Корисниците на приватната „9“ се жалат дека не смее да се редуцира возен ред поради зимски распуст, па вработените да не можат да стигнат на работа. Реагираат и на возачи кои се' уште не се откажуваат од старите навики да собираат патници попатно, а други ги оставаат со часови на постојки. Некои граѓани се обиделе да му напишат поплака на претпријатието на неговата веб-страницата, но таа била недостапна. http://www.utrinski.mk/?ItemID=C5D7736324CB4F4AA89DCDADBD727F16 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |