Стар Аеродром |
Post Reply | Page 123 62> |
Author | |
46&2
Senior Member Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
Quote Reply
#1 Topic: Стар Аеродром Posted: 28-May-2010 at 23:27 |
За подобар увид
Инаку ова е еден од најзапуштените делови од Аеродром (тн. Стар Аеродром). Како што кажа Кловер тука се наоѓаат стари воени бараки во кои се живее во субстандардни услови. Долго време се чекаше на усвојување на ДУП и пред одредено време го усвоија. Мило ми е што барем дел од жителите нашле заеднички јазик со инвеститорот и ќе се гради на нивните локации... сега видов дека Васко Карангеловски е уствари Коста Новаковиќ. Edited by 46&2 - 28-May-2010 at 23:28 |
|
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|
axel
Senior Member Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply #2 Posted: 24-Aug-2011 at 06:36 |
Ќе се уриваат воените бараки за 48 згради
Стар Аеродром во наредниот период ќе биде претворен во вистинско градилиште. На местото на ниските живеалишта ќе се извишат неколкукатници. Една по една, старите воени бараки ќе се уриваат, а на нивно место ќе се градат нови згради. Повеќето од граѓаните што овие времени објекти ги добија на користење од војската во поранешна СФРЈ изминатиов период го откупија земјиштето под нив од државата. Изработката на планот и новата урбанистичка визија им овозможија да склучат договори со инвеститори и да ги разменат старите бараки за нови станови. Од Општината Аеродром изјавија дека во овој кварт, лоциран спроти црквата „Свети Илија“, предвидени се вкупно 48 згради. Во моментов во еден дел може да се видат две урнати бараки, а на нивно место, според планот, е предвидено да се изгради шесткатница. Се работи за локација спроти црквата „Свети Илија“, а инвеститор е градежната фирма „Дабар“, од каде што во моментов го расчистуваат и подготвуваат теренот. - Ќе почнеме на 24 септември кога одобрението за градба што ни е издадено од Општината Аеродром ќе стане правосилно - изјавија од „Дабар“. Рокот за изградба е 18 месеци. Оттаму појаснија дека во моментов и други инвеститори обезбедуваат документација со цел да почнат со градење на други парцели на овој локалите http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C601F564F2DB414F8223C3843879C69B |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #3 Posted: 24-Aug-2011 at 11:47 |
48 згради? Моја проценка не повеќе од 30. Иначе скромно почна да се урива, досега се урнати само 3 бараки, а на местото на една веќе интензивно се гради. Е после ова нема да има друга толку урбана општина во Македонија. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #4 Posted: 24-Aug-2011 at 19:40 |
Еве го ДУП-от
Сивите се постоечки згради, но и меѓу оние што се „колор“ има по некоја постоечка, за кои претпоставувам со планов е дадена дозвола за надградба на кров |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #5 Posted: 24-Aug-2011 at 19:53 |
Можеби најдобриот ДУП донесен во овие луди години |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #6 Posted: 24-Aug-2011 at 20:04 |
Не би рекол. Направен е необјаснив, буквално аматерски пропуст во дел од сообраќајното решение:
Edited by Cloverstack - 24-Aug-2011 at 20:05 |
|
alexgizh
Moderator Group Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply #7 Posted: 24-Aug-2011 at 20:13 |
Добра забелешка, не го приметив вака од прва. Сепак, во однос на другите делови ми се допаѓа, бидејќи ем ќе се тргне руглото од бараки, ем ќе добиеме горе доле помодерни згради (се надевам колку што е можно повеќе унифицирани, не би сакал да видам шаренило во фасадите и висините). А и улиците се разиграни, не се стандард правоаголни туку имаат некоја човечка димензија, а сепак не се селски без некој одреден ред.
|
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #8 Posted: 24-Aug-2011 at 20:27 |
Проблемот е во тоа што не е баш мала забелешката. Креира голем проблем, а не гледам причина зошто мора де е така изведено, бидејќи старите објекти ќе се рушат и ќе има огромна слобода просторот да се среди по највисоки стандарди.
Во врска со разиграните улици што ги спомна, работата со претходниот проблем е токму во тоа што уличната мрежа е истата онаа која што постои во моментов, со планот не е ништо суштински сменето на тоа поле, туку планот е фокусиран само на вцртување на нови згради на местото на постоечките П+1 објекти. Значи не е дека се работи за некаква креативност со улиците, туку очигледно планот е правен по линија на најмал отпор, и очекувано тоа довело до големо потфрлање. |
|
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #9 Posted: 24-Aug-2011 at 21:41 |
Само едно прашање во врска со постираниот ДУП дали вцртаниот кружен тек е на раскрницата кај поликлиниката јане сандански? фала на одговор ми треба ради ориентација.
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #10 Posted: 24-Aug-2011 at 21:52 |
Според мене таму е кружниот тек. А планов малце ме буни. Сеа испаѓа дека Руди Чајавец ќе биде улица за најмалце 15 згради??? Дефинитивно ќе мора проширување затоа што за тие 15-тина згради оваа улица ќе биде единствена за излез на булевар. Плус и така оваа улица кога ќе падне првиот снег е затрупана со коли. Вака изгледа фин проектов, но и јас ќе се согласам со Кловер, многу лоши сообраќајни решенија. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #11 Posted: 25-Aug-2011 at 00:06 |
Да таму е 41°59'5.14"N 21°27'22.50"E |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #12 Posted: 25-Aug-2011 at 18:44 |
mirakuliks
Senior Member Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply #13 Posted: 26-Aug-2011 at 00:43 |
Од муабет со еден другар кој живее во овие „бараки“ тие што живееле во првите срушени бараки биле најголеми баксузи пошто додека не биле изградени првите една две згради тебале некаде на друго место да бидат сместени, додека тие од другите бараки ќе се преселеле кога првите зграда-две ќе биле изградени....така да најверојатно сите жители од бараките сегашни веднаш ќе ги пополнат првите две три згради па тек после тоа зградите кои ќе се градат на преостанатиот простор ќе почнат да се нудат на пазарот.
Edited by mirakuliks - 26-Aug-2011 at 00:44 |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #14 Posted: 19-Oct-2011 at 01:47 |
Ја делам твојата фрустрација. Повеќе од јасно е дека без разлика што старите објекти се рушат и се отвара шанса за средување на многу работи, сепак во вакви случаи редовно се оди на прилично ригидно држење до постојниот "layout". Ваквите нови ДУП-ови практично се сведуваат на добивање поголема изградена квадратура, а воопшто не се трудат да направат макар умерена реорганизација на просторот, без разлика колку тој стар "layout" е неадекватен. Ваквиот пристап се разбира најлесен, но е најлош долгорочно гледано. За што служи оваа наша претоварена администрација, до толку ли е проблем да се средат неколку наједноставни компензации на квадратура 1:1? Жалосно е што не се користат ваквите шанси, наредната можност прашање е дали ќе дојде во следните 100 години. Ако ти е за утеха, конкретниов пример што го посочи е „гола вода“ во споредба со други случаи. |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #15 Posted: 23-Dec-2011 at 22:07 |
„Дабар“ гради осумкатница во „Стар Аеродром“, на улица Коста Новаковиќ:
41°59'10.06"N 21°27'25.69"E |
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #16 Posted: 01-Jun-2012 at 14:58 |
Аеродром, спроти црквата Св. Илија
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
FoSsiL
Senior Member Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
Quote Reply #17 Posted: 01-Jun-2012 at 15:01 |
Ова е на местото на бараките? Што и најверојатно е... Со оглед на ова... може да очекуваме вакви објекти со овој габарит и висина во цела таа околина...
Edited by FoSsiL - 01-Jun-2012 at 15:02 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
N23
Senior Member Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
Quote Reply #18 Posted: 02-Jun-2012 at 20:23 |
Таму е. Само далеку подобро ќе беше ако веднаш ги срушеа сите бараки во тој дел, а не вака, таман една ќе се изгради, друга ќе почне.
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
Block
Senior Member БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
Quote Reply #19 Posted: 02-Jun-2012 at 22:23 |
Колку стана добија сопствениците на бараките?
Тој дел со бараките е најотпуштениот дел на Аеродром,сега со зградиве мислам дека безвезе ќе исипадне... Edited by Block - 02-Jun-2012 at 22:24 |
|
gjoko
Senior Member Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply #20 Posted: 02-Jun-2012 at 22:50 |
имам слушнато дека сопствениците на земјиштето во Скопје добиваат вкупно 25% од вкупната станбена површина
|
|
Post Reply | Page 123 62> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |