Diamond of Skopje (Limak) |
Post Reply | Page <1 1314151617 45> |
Author | |
bob39
Groupie Joined: 25-Feb-2011 Location: Amsterdam Online Status: Offline Posts: 51 |
Quote Reply #281 Posted: 13-Nov-2018 at 16:02 |
Супер! Уште еден ѕид пред водно!
|
|
Трговски центри= убиство на Скопје
|
|
IN_MOTION
Senior Member Joined: 11-Jul-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 204 |
Quote Reply #282 Posted: 13-Nov-2018 at 21:51 |
Мене супер ми изгледаат зградиве и целиот комплекс, но гледам дека премногу е ставен акцент на зеленилото и парковите кои најверојатно ќе останат само на рендер. Бидејќи нели сега така е модерно со зеленило по целата градба, паркови итн но во реалност 90% од случаите не се реализирани, а во останатите 10% нема никаков систем за одржување на истите.
|
|
Dzeksi
Senior Member Joined: 01-Apr-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 413 |
Quote Reply #283 Posted: 14-Nov-2018 at 15:58 |
aega e ok sho se gradat vakvi megalomanski proekti bez nikakov elaborta kako bi vliale na okolinata itn. taka ?
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #284 Posted: 15-Nov-2018 at 12:38 |
da
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #285 Posted: 17-Nov-2018 at 18:16 |
|
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #286 Posted: 01-Dec-2018 at 15:36 |
Урбан земјотрес ќе ја проголта Старата железничка станица
Старата железничка станица, која што е главно спомен-обележје на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година и дом на Музејот на Град Скопје е најновата жртва на „легалниот“ урбанистички хаос, предизвикан од несоодветната подготовка на деталните урбанистички планови. Во нив, приоритет имаат профитерските интереси на градежниците наместо стручно поткрепените архиктектонски решенија кои би требало да обезбедат услови за нормален и квалитетен живот на граѓаните. Иако е прогласен за објект од значајно културно наследство, Старата железничка станица наскоро речиси целосно ќе биде апсорбирана од мултифункционалниот комплекс „Дајмонд“ кој го гради турската компанија „Лимак“ на парцела од околу 30.000 m2 во строгиот центар на Скопје. Со други зборови, ова наше културно наследство од две страни ќе стане лепенка до објекти од новиот комплекс. Приказната за потегот каде што се гради новиот комплекс почнува уште кон крајот на 2011 и почетокот на 2012 година, период во кој тогашното раководство на општина Центар, предводено од градоначалникот Владимир Тодоровиќ го одобрува деталниот урбанистички план за Старата железничка станица подготвен од Друштвото за планирање, проектирање и инжинеринг „Тајфа-план“. Всушност, уште при носењето на овој ДУП на некој начин е одредена судбината на Старата железничка станица бидејќи уште тогаш е испланирано да се градат објекти во непосредна близина на ова кутурно наследство. Набргу потоа градежната парцела во центарот на Скопје со површина од 31.929 m2 и должина од речиси еден километар, која се наоѓа зад Старата железничка станица е продадена по цена од 6.300 денари за 1 m2, односно за вкупно околу 3,3 милиони евра на реноминираниот турски холдинг „Лимак“. Во купопродажбата и плановите на турската компанија нема ништо спорно со оглед на тоа што станува збор за приватна компанија која се занимава со изградба на големи и комплексни градежни објекти насекаде во светот. Неизбежно се наметнува прашањето по кои принципи и регулативи се воделе и денес се водат надлежните институции за заштита на недвижното културно наследство кога е познато дека при вадењето на градежните одобренија е неопходно нивно мислење/одобрување за градби во близина на објекти кои се сметаат за споменици на културата. Одговори на овие прашања побаравме од Управата за заштита на културното наследство, Националниот конзерваторски центар – Скопје и Музејот на град Скопје. Биљана Јовановска од Управата за заштита на културното наследство рече дека ова институција не е надлежна за ова прашање и нè упати одговори да бараме во Националниот конзерваторски центар Скопје и во Музејот на Град Скопје. Коле Чапналковски, директор на Националниот конзерваторски центар Скопје исто така изјави дека оваа институција не е надлежна за оваа проблематика, односно дека е само во делот на санации и други работи, но не конкретно за објектот што се гради околу Старата железничка станица. Одговори не дадоа ниту од општина Центар, ниту пак одговорија на барањето да дадат копии од документите од надлежните институции кои биле приложени при издавањето на одобренијата за градба за објектите од „Дајмонд“. Тоа значи дека „Лимак“ побарал одобрение за градба за еден од објектите само десетина дена пред да биде прогласен мораториум, а одобрението е издадено дури во август, годинава со што е целосно отворен патот за рализација на овој грандиозен проект. Во Музеј на Град Скопје велат дека во нивната архива нема заверено никакво барање за одобрение или мислење во врска со градежниот комплекс „Дајмонд“. -Зградата на Старата железничка станица која е прогласена за значајно културно наследство, а во која сега е сместен Музејот на град Скопје, е во сопственост на Градот Скопје, додека Музејот има само право на користење. Исто така, согласно член 75 од Законот за заштита на културното наследство: Заради оцена на доследната примена на заштитно-конзерваторските услови, во случаи кога на заштитено подрачје се изведуваат градежни работи кои не претставуваат непосредна заштита на недвижното културно наследство, Управата (за заштита на културното наследство) издава претходно заштитно-конзерваторско одобрение за недвижно културно наследство. Претходно заштитно кознерваторско одобрение се дава на барање на инвеститорот, во рок од 15 дена по приемот на барањето – велат од Музејот. Оттаму информираат дека Управата за заштита на културното наследство има донесено Решение за прогласување на Старата железничка станица за значајно културно наследство од 15.07.2011 година, и уште едно Решение за изменување на решението за прогласување на значајно културно наследство од 24.06.2015 година. -Во точка 4 од измената, даден е точен опис на контактната зона со нејзините граници. Инвеститорот поседува имотен лист за сопственост на парцелите на кои се простира контактната зона. Инаку, контактната зона на споменикот Стара железничка станица има режим на заштита од трет степен, кој меѓудругото подразбира можност за изградба на нов објект (објекти) во границите на контактната зона, со габарит соодветен на градежната парцела и максимална висина во северниот дел еднаква на висината на некогашниот средишен волумен на Железничката станица, односно 19,50 метри – велат од Музејот. Од Музејот укажуваат дека растојанието од зградата на Старата железничка станица до планираните објекти од западната страна изнесува 6 метри, од јужната страна изнесува 6 метри и од источната страна планираните објекти се предвидени до оградата на отворениот двор на музејот. ДУП-овите алатка на профитерскиот урбанизам Експертската јавност досега во повеќе наврати укажува дека урбаниот хаос наскоро може да го направи животот во Скопје целосно нефункционален. Уште повеќе, несоодветното планирање придонесува кон неразумно зголемена густина на градби на мал простор, несоодветна патна и комунална инфраструктура и спречување на нормално струење на воздухот. Тоа дополнително го зголемува загадувањето за кое веќе има докази дека е причинител за повеќе смртни случаи отколку кој било друг фактор. Професор д-р Анета Христова од Архитектонскиот факултет вели дека деталниот урбанистички план за Старата железничка станица е несоодветен урбанистичко-архитектонски гест за таа локација од аспект на претерано згуснување на објекти на место каде што веќе постои преголема густина, но и од еколошки аспект со оглед на тоа што ќе се градат објекти кои ќе го задушуваат струењето на воздухот во Скопје. Деталните урбанистички планови се повеќе се оддалечуваат од архитектурата и наместо да се предмет на сериозно преиспитување од архитекти и други стручни лица, да поминуваат низ јавни дебати во кои ќе се чујат мислења од повеќе страни, тие најчесто стануваат алатка за тотална окупација на просторот и профитерски урбанизам – вели Христова. Таа додава дека планот за целиот потег по Јужен булевар е неправилно обмислен и погубен. -Уште со изградбата на зградите на улица Железничка, а сега и со новите планирани објекти целосно се затвора оваа локација и се спречува струењето на воздухот од Водно, што значи ставање барикади во услови кога се зборува за воведување еколошки концепти – вели Христова. Конкретно за Старата железничка станица која е законски заштитено културно наследство, таа вели дека е потребно посебно внимание. -Не е дека во светот нема примери со кои се споменици на културата се реконструираат во согласност со урбаното ткиво, но со актуелното решение Старата железничка станица целосно ќе се апсорбира во новиот комплекс – вели Христова. Кога станува збор за фактот дека надлежните органи при подготовката на урбанистичките планови сè почесто се водат од потребите на инвеститорите наместо од научно утврдените правила, таа вели кај нас вообичаено се реагира постфестум со петиции или реакции кои не можат да ги сменат работите. -Архитектурата е интелектуална дисциплина и ако требаше да одговори на профитерските потреби на инвеститорите наместо на потребите на граѓаните, таа ќе се изучуваше на економските факултети, а не на факултетите за архитектура – вели Христова. Дајмонд“ ќе зафати простор од околу 325.000 квадрати Според најавите од инвеститорите проектот „Дајмонд“ ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот на Град Скопје, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили. Површината на вкупниот проект ќе биде околу 325.000 квадратни метри. Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии И сликиве се од истиот линк http://samoprasaj.mk/naacik/1204-2018-11-30-10-52-06?fbclid=IwAR09NvsPeLij30z3qLhdYCrDDCEorb3aTGegR--ednjZ3s39UCuNQwijDas |
|
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #287 Posted: 10-Dec-2018 at 18:32 |
Некој знае што се случува тука
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #288 Posted: 10-Dec-2018 at 18:53 |
Подземниот булевар на Лимак. Edited by Џоле - 10-Dec-2018 at 18:53 |
|
За сè има вторпат
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #289 Posted: 15-Dec-2018 at 10:30 |
Од фб
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #290 Posted: 15-Dec-2018 at 19:37 |
Не ми текнува дека најавија обезличување на стара железничка...
13.12.2018 by Ani.build, on Flickr 13.12.2018 by Ani.build, on Flickr Инаку многу подобро ќе беше наместо уште еден генерички влез на трговски центар, до стара железничка да направеа плоштад на солидарноста со светлосна рекреација на железничката: marh.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #291 Posted: 17-Dec-2018 at 14:27 |
https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112390/?fbclid=IwAR19Gl0WK-S22rifOR0M-8zD7IW9iPbt8kUghR5L17S0RiSRwli0auLNyso |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #292 Posted: 17-Dec-2018 at 15:35 |
http://diamondofskopje.com/
Не знам дали некој го има постирано ова веќе, но браво за сајтот. Не се сеќавам некој проект во Македонија да имал сајт досега. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #293 Posted: 17-Dec-2018 at 17:48 |
Знаеме одамна за страницата, баш вадевме рендери оттаму пред некое време.
|
|
За сè има вторпат
|
|
fichot
Senior Member Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
Quote Reply #294 Posted: 17-Dec-2018 at 18:28 |
А што ќе биде оној празен простор помеѓу катната и делот од молот што е од лева страна на МГС?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #295 Posted: 25-Dec-2018 at 08:54 |
Еве рендери од кулите што треба да се градат во комплексов
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #296 Posted: 19-Jan-2019 at 14:43 |
Трговски центар наместо Музеј на жртвите од скопскиот земјотрес
Политичките и бизнис интересите во Македонија се многу поважни отколку заштитата на културното наследство и сеќавањата на трагедиите како скопскиот земјотрес од 1963 година. Најдобар показател за тоа е што наместо Музеј на 26 јули до Старата железничка станица се гради мултифункционален деловно-станбен комплекс кој ќе го фрли во сенка овој споменик на културата. Оркестрираното обезвреднување на Старата железничка станица што почна за време на претходната власт доби амин и од актуелната владејачка гарнитура. Имено, договорот за реализација на мултимилионски проект „Дајмонд“ на турската компанија „Лимак“ беше потпишан додека градоначалник на Скопје беше Коце Трајановски, а продолжува и сега кога во градоначалничката фотеља седи Петре Шилегов. Повеќе инфо на линкот долу и фотките се од истиот http://samoprasaj.mk/naacik/1257-2019-01-17-14-36-39?fbclid=IwAR0JSAUXeL85iuPgNAjgoYCsyJA9vVwdswpgwVqDkOl-P2bxVeT9VPpwiZo |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #297 Posted: 19-Jan-2019 at 17:15 |
Не сфаќам како ова е „обезвреднување“. Баш напротив ќе го популаризира местото.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #298 Posted: 20-Jan-2019 at 08:04 |
Не ми е јасно зашто е ограден делот кај железничка, на рендерите е паркче. И што е планот со срушената страна? Застаклување?
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #299 Posted: 23-Jan-2019 at 13:50 |
Место прво да се изгради подземната сообраќајница, кај Стара железничка се гради хотел
Место прво да ја изгради подземната сообраќајница па потоа да ги гради содржините над земја, турската компанија „Лимак“ кај Стара железничка прво гради хотел. Зад „Рамстор“ веќе се гледа објект од приземје и четири ката, а во исто време на трасата на подземната сообраќајница видливи се само подготовки за градење. Овој проект е уште еден во низата проекти што имаат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. Во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година беше продадено државното земјиште, но се молчеше иако со години не се градеше, а властите од СДСМ, пак, лани наплатија комуналии за сите предвидени објекти и издадоа одобренија за градење и покрај мораториумот за градење во Центар. Сега властите молчат за редоследот на градење. Обврската прво да ја изградат подземната сообраќајница на Турците им ја наметна поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски, веднаш по продажбата на земјиштето во 2012 година. Трајановски ги уверуваше скопјани дека Град Скопје склучил договор со Турците кој нема да дозволи тие да си ги изградат комерцијалните содржини над земја и да ја баталат подземната сообраќајница бидејќи се обврзале прво да ја изградат сообраќајницата, а дури потоа да почнат да ги градат останатите содржини. Изградбата се одолговлекуваше со години, а кога веќе почнаа да градат минатата година, Турците покажаа дека приоритетен им е хотелот, спротивно на уверувањата на поранешниот градоначалник. Иако објектот зад „Рамстор“ секојдневно расте, и од Град Скопје и од „Лимак“ велат дека не е прекршен договорот за изградба на подземната сообраќајница. Од Градот тврдат дека е на сила договорот што го потпишал поранешниот градоначалник, но го сокрија кога „Макфакс“ со барање за пристап до информации од јавен карактер побара копија. Не одговорија на барањето и по истекот на законскиот рок од еден месец. „Градот Скопје го нема променето договорот склучен помеѓу Град Скопје и ‘Лимак’ од 12.03.2012 година“, кусо одговорија од Градот на прашањето кога го смениле договорот што го обврзува „Лимак“ прво да ја изгради подземната сообраќајница, а потоа да ги гради останатите содржини со оглед на сегашната состојба на градилиштето зад „Рамстор“. Од „Лимак“ избегнаа да одговорат директно на прашањето зошто не ја изградија подземната сообраќајница пред да почнат да ги градат другите содржини. Велат дека и покрај одолговлекувањето, ќе ги исполнат обврските од договорот потпишан во 2012 година. „Според распоредот за изградба на ‘Лимак’, подземната сообраќајница ќе биде прва точка од проектот на ‘Лимак’, кој ќе се гради на парцелата 1.1. ‘Лимак’ прво ќе ја гради подземната сообраќајница на секвенци на парцелата 1.1 и ќе работи нагоре за да ги комплетира паркинзите, а дури потоа ќе почне со активности за изградба на станбените објекти и трговскиот центар кои е предвидено да се наоѓаат на ова место. Според инженерите, ова е сосема изводлив проект. Планирано и буџетирано е дека ‘Лимак’ ќе инвестира до 250 милиони евра за да го заврши овој проект“, изјавија од „Лимак“ за „Макфакс“. Од компанијата се правдаат дека почнале да го градат хотелот зад „Рамстор“ оти заедно со локацијата го преземале и одобрението за градење што претходниот инвеститор го добил во 2008 година. Морале да почнат да градат оти биле обврзани во рок од десет години од издавањето на одобрението градбата да заврши. Поради истечениот рок за завршување на градбата „Лимак“ плаќа казна од два милиона денари месечно. Официјално изградбата на комплексот кај Јужен булевар Турците ја почнаа лани во септември и најавија дека подземната сообраќајница ќе биде готова за 20 месеци, односно до средната на 2020 година. Ќе се гради прво потпорен ѕид од 17.000 квадратни метри околу сите парцели опфатени со проектот. „Лимак“ на просторот кај Стара железничка станица покрај подземната сообраќајница најави изградба на мултифункционален комплекс со четири дваесеткатници, трговски центар, простор за рекреација, угостителски објекти и паркинг. Земјиштето со вкупна површина од 41.824 квадратни метри во 2012 година го купи за 3,7 милиони евра. Лани за комуналии на Град Скопје се обврза да му исплати 6,5 милиони евра на рати, а за 20 отсто помала сума треба да исплати на име комуналии и во Општина Центар. https://skopjeinfo.mk/mesto-prvo-da-se-izgradi-podzemnata-soobrakjajnica-kaj-stara-zheleznichka-se-gradi-hotel-video |
|
daci92
Senior Member Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
Quote Reply #300 Posted: 23-Jan-2019 at 20:00 |
Глупост, хотелот е сосема друга парцела и неповрзана со договорот за купување на местото каде што е сообраќајницата. Новинарството во Македонија падна и под нултата точка.
|
|
Post Reply | Page <1 1314151617 45> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |