build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реконструкција на пругата Битола - Лерин

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 101112
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #221 Posted: 08-Dec-2018 at 15:53
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #222 Posted: 15-Dec-2018 at 19:55
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески

Пругата Битола-Кременица треба да биде готова за кусо време. Што понатаму? Ќе има ли редовен воз до Лерин, а од таму до Солун? Што направи Грција од својата страна?

-Изградбата на пругата е веќе завршена, единствено останува да се изведат електрични поврзувања. Направен е и спојот меѓу македонската и грчката пруга и сега останува нашата и железницата на соседна Грција да утврдат воспоставување на нова линија или возни редови. Она што е најважно е дека пругата е готова, а тоа ќе придонесе за развој не само на Пелагонискиот Регион, туку и на цела држава. Таа пруга прв пат е изградена во 1894 година, а прекината е со сообраќај во 1986 година. Имаме обврска таа релација да ја воспоставивме повторно поради развојот на земјата.

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112413

Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 878
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #223 Posted: 30-Jan-2019 at 18:12
Заврши изградбата на пругата Битола-Кременица

Пругата со која Битола железнички ќе се поврзе со Грција е изградена, а наскоро се очекува технички прием, потврдуваат за апла.мк од Министерството за транспорт и врски.

Но, кога ќе се воспостават првите линии, се уште е неизвесно. Според најавите оваа делница требаше да биде комплетно завршена до крајот на минатата година,а причина за последното одложување се временските неприлики во овој регион, снегот и поларните температури зимава, поради што не можеше да се постави електричната инсталација, велат од Транспорт и врски.

Проектот е финансиран од државниот буџет и средства од Евопските фондови, а во изминатите години беше проследен со многу проблеми при изведувањето, поради што се закануваше опасност Македонија да ги изгуби парите од европските фондови. Станува збор за проект од 17,2 милиони евра, од кои 6 милиони се ИПА средства, а 11 милиони евра се од буџетот.

Кракот од Битола до пограничното битолско село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 18 километри.

tera.mk
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #224 Posted: 02-Apr-2019 at 19:13








извор: фејсбук (Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club)
За сè има вторпат
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #225 Posted: 02-Apr-2019 at 20:14
Разочарување е тоа што станицава не ја отсликува архитектурата на другите станици низ мк.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #226 Posted: 02-Apr-2019 at 20:43
Е да, се гледа дека поевтино не можеле да ја направат.
За сè има вторпат
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #227 Posted: 15-Apr-2019 at 22:17
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #228 Posted: 16-Apr-2019 at 10:43
Некоја слика од денешното тест возење






Извор:tera.mk
https://tera.mk/свирна-возот-за-кременица-тера-на-проб/?fbclid=IwAR2GmYq-PzPFrYPQh6wLg2lFx7RGUlUCV5k78YI8O7_6LN2iajjcqDGOX54

Edited by Тркало - 16-Apr-2019 at 10:44
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #229 Posted: 16-Apr-2019 at 20:14
Еве и видео:

За сè има вторпат
Back to Top
gorazd View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Oct-2011
Online Status: Offline
Posts: 551
  Quote gorazd Quote  Post ReplyReply #230 Posted: 03-Jun-2019 at 12:21
dzabe:

https://meta.mk/grchkata-zheleznicza-zasega-nema-interes-za-voveduva-e-voz-od-bitola-do-lerin/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #231 Posted: 11-Sep-2020 at 15:33
Министерот Бочварски вети дека годинава ќе се пушти во функција пругата Битола-Кременица

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Пелагонискиот регион порача дека изградената пруга Битола-Кременица годинава ќе биде ставена во функција. Тој информираше дека моментов се вршат последните тестирања на новата пруга и се очекува до крајот на годинава да се пушти во употреба железничката станица во Жабени, од што бенефит ќе има и тамошната индустриска зона.

Инаку, пругата од Битола кон македонско-грчката граница беше завршена со изведба уште на почетокот од 2019 година. Железничката делница долга 17 километри беше првично тестирана за одвивање на сообраќајот во април минатата година, но работите запнаа кај поставувањето на оптички кабел и поврзувањето на новата пруга со останатата железничка инфраструктура во земјава.

Во градежниот зафат се инвестираа 17,2 милиони евра, при што 6 милиони евра беа грант од Европската Унија и 11 милиони евра беа обезбедени од државниот буџет. Пругата од Битола кон Кременица претставува второ железничко поврзување меѓу Северна Македонија и Грција. Покрај тоа што ќе овозможи поевтин и побрз превоз на стоки и патници за жителите и компаниите од Пелагонискиот регион, оваа пруга би можела да се користи и како алтернативен железнички правец на Коридорот 10 меѓу Велес и Гевгелија.

https://meta.mk/ministerot-bochvarski-veti-deka-godinava-ke-se-pushti-vo-funkczija-prugata-bitola-kremenicza/
Back to Top
carver91 View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Mar-2015
Online Status: Online
Posts: 164
  Quote carver91 Quote  Post ReplyReply #232 Posted: 05-Feb-2021 at 21:39
Neki novi fotki?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #233 Posted: 30-Nov-2022 at 17:38
БИТОЛА 7 ГОДИНИ ЧЕКА ДА СВИРНЕ ВОЗОТ ЗА ГРЦИЈА НА ОБНОВЕНАТА ПРУГА ДО ГРАНИЦАТА ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА

Како што малиот Трпе го чекал возот што татко му му го ветил за роденден, така и ние со години го чекаме возот за Грција што на секои избори ни го ветуваат политичарите, коментираат битолчани за седумте години додека чекаат да проработи пругата. Во 19. век, Турците за четири години ја изградиле пругата од Битола за Солун и ја ставиле во употреба, а во 21. век ќе се навршат четири години откако пругата од 17 километри само до границата се догради и три откако се тестираше за сообраќај, а по неа уште не минал ниеден воз.

„Кога од Скопје за Битола возот патува тргни-застани по десет часа, можеби ќе ни требаат уште десет години за со воз да стигнeме до Грција. Сè е спремно уште трубачи да дојдат, тапан и една гајда за жалење. Или пак, ја изградивме пругата за да биде историски споменик од времето на Османлиската империја. Возот ќе поминe кога ќе се капeме во новиот базен што требаше да се изгради и кога ќе одиме во домот на Копанки“, иронични се повеќемина битолчани со кои разговаравме.

Хари Локвенец, директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, пред пред еден месец за медиумите изјави дека возот од Битола за Лерин ќе свирне во ноември. Истекуваат последните денови од месецот, но свирка не се чу. Локвенец го кажа само месецот, а не и годината.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК до каде е возот за Грција, од ЈП за железничка инфраструктура ни одговорија дека се чека одговор од грчка страна.

„Пругата од Битола до гранична станица е оспособена и има дозвола за сообраќање. Што се однесува за сообраќање на воз до Лерин, не зависи само од нас туку и од грчките железници. Секако, од наша страна е покрената иницијатива и се чека одговор од грчка страна, односно за поврзување со грчката страна, најпрво е потребно да се потпише Меѓудржавна спогодба за регулирање и организирање на железничкиот сообраќај“, одговорија од ЈП за железничка инфраструктура.

Првиот кој враќањето на возот за Лерин им го вети на битолчани беше ексградоначалникот Владимир Талески во 2012, пред да го освои третиот мандат. Помина и тој негов мандат и шест години откако е во куќен притвор, ама воз не свирна. Пругата кон Грција од неговото предизборно ветување почна да се гради дури во 2016, преку проект финансиран од ЕУ. Но, тогашниот бугарски конзорциум кој беше избран на тендер како главен изведувач, не им ги исплати парите на подизведувачите и изградбата запре. Поради ова, постоеше реална опасност Македонија да ги загуби европските пари. Во меѓувреме дојде до промена на власта, а државата распиша нов тендер за изведувач на кој беше избрана австриската компанија „Штрабаг“. Проектот чинеше 17,2 милиони евра од кои 6 милиони евра ИПА средства, а 11 милиони евра од буџетот на државата. До 2019 се изгради нова пруга од Битола за грчка граница, во должина од 17 километри. Надлежните во повеќе наврати одговараа дека за да свирне возот од Битола за Лерин треба да се договорат уште некои технички детали.

Да се искористеа тие средства за осовременување на патната инфаструктура, сега Битола можеше да има автопат за Грција, како оној од Лерин до граница. Но, фразата „повторно да свирне воз од Битола за Лерин“ за политичарите звучеше попримамлива. Од осамостојувањето на Македонија таму не минал воз. Пругата од Битола за Солун била изградена пред 128 години, а во текот на нејзиното славно минато во Битола со воз допатувале многу војници, патописци, конзули, па и историски личности, како и турскиот султан Решад Петти во 1911. И во турско Битола имала подобар железнички сообраќај од денешниот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bitola-7-godini-cheka-da-svirne-vozot-za-grtsija-na-obnovenata-pruga-do-granitsata-od-17-milioni-evra/
Carpe diem
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #234 Posted: 01-Dec-2022 at 02:43
Циркус Медрано може да ни завиди
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #235 Posted: 26-Jan-2023 at 11:10
Февруари го напишале со познатото широко битолско „а“

Воз од Битола до Жабени од 1 фавруари

ЈАНУАРИ 26, 2023

Врз основа на известувањето добиено од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, општина Битола, ја известува јавноста за пуштање во сообраќај на воз за превоз на патници на пругата Битола – Жабени. Во известувањето од претпријатието се наведува следното:

-ЈП за железничка инфраструктура Железници Инфраструктура доби барање за доделување траса за патнички воз на пругата Битола – Жабени од страна на железничкиот превозник ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

-Согласно барањето, возовите се планирани да започнат со сообраќај на 1 февруари 2023 година, се наведува во информацијата, а повеќе информации во врска со патничкиот воз може да се добијат од Железници Транспорт АД Скопје.

https://bitolanews.mk/2023/01/26/%D0%B2%D0%BE%D0%B7-%D0%BE%D0%B4-%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%B6%D0%B0%D0%B1%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-1-%D1%84%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8/
За сè има вторпат
Back to Top
Могли View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 21-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 82
  Quote Могли Quote  Post ReplyReply #236 Posted: 26-Jan-2023 at 16:19
Хахаха, не знам кој ќе се вози со овој воз, бидејќи од Битола до граница има само едно населено место с. Кравари. Што се однесува до вработените во индустриската зона Жабени, моментално има само една фабрика со околу 5500 вработени кои одат на работа со организиран превоз со автобуси. Можеби тука се гледа на тоа да се доаѓа на работа со воз. Иако не верувам и не знам колку тоа би било изводливо, ајде баш да видиме.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #237 Posted: 26-Jan-2023 at 17:22
Ако Кромберг одлучи да склучи договор со МЖ и вработените да се превезуваат со воз наместо со 100 автобуси на МИГ травел, до некаде има смисла. Но предноста на автобусите е што ги собираат работниците од неколку точки низ градот, додека пак железничката е на крајот на градот, а не во центарот, и тешко дека секој ќе може да стигне до неа така рано или доцна.

Поважно е да почнат товарни возови од индустриската зона да одат кон солунското пристаниште или кон север, отколку патнички сообраќај.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 101112

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.