Вести |
Post Reply | Page <1 43444546> |
Author | |
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #881 Posted: 17-Aug-2018 at 18:15 |
Интервју со Шилегов на Кајгана
Не сакам да копирам извадоци, бидејќи ќе е субјективно. Целото е за инфраструктура и градски услуги.
|
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #882 Posted: 17-Aug-2018 at 20:46 |
„Многу средства Градот годинава троши за изработка на градежни проекти за реализација на нови сообраќајници. Очекувам дека есенва ќе почне со реализација првата фаза на новиот градски булевар, од мостот „Близнаци“ до Скопски саем. На почетокот на наредната година во делот на спојувањето на Ќерамидница со Аеродром ќе почнеме со реализација на мостот, а потоа и на булеварот низ Ќерамидница. Очекувам дека во наредните две години тој проект ќе се реализира и сериозно ќе го растовари сообраќајот во Скопје.“
Претпоставувам дека тука не мисли на мостот (жолто), туку на булеварот означен со црвено (сл.1). Во ГУП-от од 2001 овој дел е поинаку испланиран, па може да мисли и на спојување со Перо Наков (сл.2): Инаку, до каде се со налепниците за загадување за возилата? И воопшто почнување на решавање на загадувањето? |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Théoden
Senior Member Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 562 |
Quote Reply #883 Posted: 19-Aug-2018 at 13:20 |
Поверојатно е дека се мисли на булеварот со мостот (жолтиот), а проектот да вклучува и проширување на АВНОЈ од Хотел Русија до мост Близнаци. |
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #884 Posted: 01-Nov-2018 at 15:47 |
Не знам во шо нишка би можела да спаѓа оваа препозитивна вест, па еве ја овде.
ХРВАТ ГРАДИ АВТЕНТИЧНО БАЧИЛО НА ШАР ПЛАНИНА На падините на Јелак, еден од најубавите предели на Шар Планина, се гради бачило. Сепак, тоа не е обично бачило какви што на Шара има во голем број. Се гради од дрво, камен и кал и со покрив од слама, со автентичен изглед, каков што имале бачилата на Шара пред стотина и повеќе години. Месноста Јелак во минатото беше позната по планинарскиот дом, кој во конфликтот од 2001 година беше разрушен. Овој реон под концесија го има земено фирмата „Treasure mountain project“, која веднаш над разрушениот дом почна да го гради бачилото, за кое велат дека ќе биде единствено по своите изглед и намена. Идеен творец на оваа градба е Хрватот Томислав Тишка, кој уште од мали нозе се заљубил во Шар Планина. Пред 15 години, на Шапка отворил фирма, која со ратраци ги превезува скијачите по скијачките терени на Шара. „Всушност, фирмата која го гради ова бачило е на жена ми, а јас само ги спроведувам моите идеи како треба да изгледа едно бачило кое целосно е интегрирано со природата. За градба користиме исклучиво природни материјали, како дрво, камен, кал и слама. Со ова сакаме да направиме еден вид етнолошки запис за тоа како се градело и живеело на овие планински простори пред сто, 200, па и повеќе години“, вели Томислав Тишка. Објектот на бачилото е готов и останува само да се покрие со слама. Колибата до бачилото ќе биде за бачот, односно главниот мајстор и за помошниците кои ќе го прават сирењето. И таа е сета направена од дрво, со тоа што ќе биде покриена со плочки од костеново дрво. До нив се и две трла, едното е овците, а второто за кравите. „Бачилото ќе има покрив од `ржова слама, и тоа од `рж кој расте само во селото Вејце. Тоа е стара сорта, не е како оној `рж од полето. Оваа слама е многу, многу потрајна. Единствен проблем ни е што ја нема доволно. Сега во овие планински села ретко кој сади `рж. Тоа за мене е несфатливо, бидејќи побарувачката за оваа слама е голема и нејзината цена е висока. Еве, сламата за покривот од бачилото ме чинеше над 2.000 евра“, вели Тихомир. Сламениот покрив го прават мајсторот Шабан, неговиот брат и еден пријател. Тројцата се од Вејце. Тие се, можеби, последните мајстори кои знаат да направат сламен покрив на старински начин. „Кога ѝ кажав на жена ми дека ќе правам покрив од слама, се изначуди. Во Вејце има само две-три плевни со сламен покрив. Покривот со слама е најдобрата изолација во планинава, ама младите не знаат да го ценат тоа, а уште помалку да го стават на нивните куќи. Жал ми е што никој од младиве не се заинтересира да го научи овој занает“, вели Шабан. „Едвај најдовме мајстори и за градба на ѕидовите. Ни ги правеа мајстори од Пустец, Албанија, бидејќи само тие знаеја како се ѕида по старински, само со камен и кал. Немаме употребено ниту грам цемент. Дрвото за дрвенаријата го носиме од градот, бидејќи не сакаме да исечеме ниту едно дрво од оваа прекрасна природа околу нас. Кога ќе биде готово бачилото, сирењето ќе го ставаме во дрвени качиња, а не во метални канти. Внимаваме секој детаљ да биде автентичен и од природни материјали“, дополнува Томислав. Томислав Тишка на оваа работа не ѝ приоѓа од економска страна, туку во неа внесува животна филозофија за здрав начин на исхрана и живот. Сето тоа го поврзува со неговото животно искуство. „Мојата среќа во несреќа или, пак, несреќа во среќа е што за време на конфликтот во бивша Југославија работев како преведувач-координатор за Европска Унија на теренот од Вуковар до Босанска Посавина. Сето она што таму го видов и доживеав за мене беше страшно животно искуство. Затоа, откако сето тоа заврши, решив да се свртам кон природата. Откако прочитав книга на јапонскиот филозоф Масанобу Фокуока, целиот свет ми се отвори. Така со време дојде и идејата за ова бачило. Сакам сѐ да биде автентично, амбиентот, градбата, животните кои ќе ги чувам. Веќе набавив неколку крави од локалната раса буша, а купив и неколку овци од локалната раса шарпланинска праменка“. Томислав Тишка доаѓа од Загреб и на шега вели дека дедо му ја имал најблиската фарма до Загреб, „на само четири километри од опашката на коњот на споменикот на Бан Јелачиќ“. На Попова Шапка доаѓал уште како мал и се заљубил во нејзината убавина. З. АНДОНОВ sdk.mk |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #885 Posted: 24-Nov-2018 at 21:56 |
Шуќур.
Најниската цена престанува да биде главен критериум во набавките, предност економски најповолната
https://www.slobodenpecat.mk/biznis/najniskata-tsena-prestanuva-da-bide-glaven-kriterium-vo-nabavkite-prednost-ekonomski-najpovolnata/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #886 Posted: 25-Nov-2018 at 10:02 |
Значи место добар надзор и банирање компании кои работат неквалитетно, ќе добиеме озаконета корупција.
|
|
Portal
Senior Member Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
Quote Reply #887 Posted: 25-Nov-2018 at 10:48 |
taka e, koj sakas sistem vovedigo koga kriminalci ne vodat i ovcii po niv bleeat za i oni da dobiat nesto od kradenoto...
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #888 Posted: 17-Dec-2018 at 11:01 |
ОПШТИНА ТЕТОВО ГО СРУШИ ЕТНО БАЧИЛОТО НА ПОПОВА ШАПКА Градежната инспекција од Општина Тетово го сруши етно бачилото во месноста Јелак на Шар Планина кое летово беше изградено од страна на фирмата „Трежр маунтајн проџект“. Со механизација од два багери, работници и со асистенција на десетина полицајци од кои некои беа вооружени и со автоматско оружје, беа срушени едно покриено трло и бачилото кое беше карарактеристично по тоа што имаше покрив од слама изградено во автентичен стил. Од засега непознати причини остана несрушена една колиба изградена во дрво која е во состав на комплексот. „Постапуваме по извршно решение за рушење бидејќи инвеститорот не обезбедил документи за градба на спометатите објекти. Решението за рушење беше истакнато на веб страната на Општина Тетово и објавено во два дневни весници. Во него се бараше „инвеститорот да сам да ги затрупа ископаните темели“ бидејќи не поседува одобрение за градба. Сопственикот и покрај ова решение не го сруши објектот, по што инспекцијата издаде налог за рушење кое беше денес спроведено“ соопштија од службата за контакти со јавноста на Општина Тетово. Во бачилото во моментот на рушењето имаше четириесетина овци и еден коњ кои мораа да бидат извадени од објектот и беа оставени на отворено во снегот. „Крајно сме револтирани од однесувањето на поединци од Општина Тетово кои постапиле незаконски. Ние сме ги затрупале споменатите темели, значи сме постапиле по решението а сега тие сега ни рушат објекти. Прашуваме, каде им е решението за рушење на објекти? Сето ова е направено надвор од законот“ реагираат инвеститорите од „Трежр маунтајн проџект“. Во целата оваа работа со рушењето на бачилото интересно е што
општинскиот инспекторат се соочува со стотици дивоградби како во Тетово
така и на патот за Попова Шапка како и на самата Попова Шапка кои се
тука со години и никој не ги руши. За да се руши бачилото тие мораа да
поминат преку 27 километри од кои 8 километри низ по тесен планински пат
завеан со снег. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #889 Posted: 17-Dec-2018 at 14:17 |
Скопје нападнато од четири страни
Мегаломански градежни проекти го сардисаа Скопје. Истовремено се гради на десетина локации кои го заокружуваат централното градско подрачје, а во најава е и отворање на нови градежни фронтови. „Ист гејт“ го заменува Скопскиот саем, „Дајмонд Скопје“ ќе се залепи на Старата железничка станица, паркингот наспроти „Холидеј ин“ ќе стане станбено-деловен комплекс, а градежните машини се стационирани и покрај катната гаража „Беко“. Во една од најзагадените општини, Аеродром, зеленилото до Мајчин дом ќе биде деветкатница и болница, а веднаш до Тобако 2 се гради огромен станбен комплекс. Градежна инвазија има и околу мостот Близнак, каде што покрај хотелот „Хилтон“, се градат високи објекти и од спротивната страна на булеварот. Во следните години нема да заостанува ниту Карпош, каде што на потегот од „Александар Палас“ до Карпош 4 ќе никне цела нова населба со десетици нови згради. Илјадниците нови станбени единици ќе донесат уште толку семејства во главниот град, отворањето бизнис центри ќе ги привлекуваат компаниите кон центарот, иако и сега тука има премногу неискористен деловен простор. Градот што се задушува во секоја смисла, во следните неколку години, ќе ги почести своите жители со нови количини градежни прашини, со нови сообраќајни нервози, со слаба покриеност на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа. Жителите на Скопје бараат воздух и дрвја, а добиваат бетон. Подгответе ги маските, наредните пет години ќе нема дишење! „Ист гејт“ ќе всели 1.600 семејства и стотици фирми Комплексот „Ист гејт“ на поранешниот Скопски саем ќе се гради од пет до седум години. Инвестицијата е тешка 350 милиони евра, а на површина од 152.000 квадратни метри ќе никнат три засебни целини. Од пролет започнува градбата на трговскиот центар, кој ќе има вкупна површина за изнајмување од 53.000 квадратни метри или 250 продавници. Дел од „Ист гејт“ ќе биде и резиденцијален комплекс од десет згради со 1.600 станови. Третата целина ќе бидат пет бизнис- центри со 66.000 квадратни метри површина за издавање. Први ќе се градат трговскиот центар и четирите станбени згради, кои ќе треба да бидат завршени до крајот на 2020 година. Само трговскиот центар чини 90 милиони евра. Станбените згради ќе бидат многукатници, со приближна висина колку хотелот „Континентал“. Половината од становите ќе бидат со помала квадратура, а 15 отсто ќе бидат големи станови. Инвеститорот, компанијата „Балфин груп“ на албанскиот бизнисмен Самир Мане, најави дека, дополнително, комплексот „Ист гејт“ ќе има и содржини за забава, фитнес, паркинг за повеќе од 2.000 автомобили, а 25 отсто од парцелата би требало да биде зеленило. Лимак“ во строгиот центар на градот ќе гради три години Комплексот „Дајмонд Скопје“ во строгиот центар на градот, до Старата железничка станица, ќе се гради во следните три години. Инвеститор е турската компанија „Лимак“ која на ова место ќе прави дваесеткатници во кои ќе смести 772 станови со една, две или три спални соби, а во објектите ќе се сместат и канцеларии. На парцелата, која има вкупна површина од околу 40.000 квадратни метри, ќе има и трговски центар и хотел. Проектот на „Лимак“ предвидува и простор за слободни културни активности, каде што ќе треба да се вклопи и Музејот на Скопје, како и ресторани и кафулиња, фитнес-центар, казино и паркинг со капацитет за 2.000 автомобили. Ќе бидат изградени вкупни 325.000 квадратни метри објекти, а целата инвестиција се проценува на 250 милиони евра. Под комплексот, турската компанија има обврска да ја изгради и подземната сообраќајница, која од двете страни ќе треба да ја поврзе со нови кружни текови. Подземната улица, која е со должина од 800 метри, треба да биде готова за две години, а ќе има четири ленти за двонасочен сообраќај и две дополнителни ленти за трамвај или автобус. Наместо парк – зграда и болница Зграда, која ќе биде дом на нови 250 семејства, во следните неколку години ќе се гради и во општината Аеродром, веднаш до Мајчин дом. Деветкатницата ги победи желбите на граѓаните на една од најзагадените општини во градот овој простор да остане без зеленило Ниту најавите на инвеститорот Фатмир Етеми дека ќе биде целосно енергетски ефикасна, дека ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување, како и дека ќе засади сто дрвја, не ги разубедува жителите кои стравуваат дека зградата ќе го блокира протокот на воздухот. Според Деталниот урбанистички план, планирана е и изградба на нова градска болница, веднаш зад станбениот објект. Аеродромци велат дека приливот на пациенти, заедно со вселувањето на новите жители, дополнително ќе направат хаос во веќе хаотичниот сообраќај на булеварот. Спроти „Холидеј ин“ нема да има шеесеткатници, но нема да биде ниту парк Комплексот спроти хотелот „Холидеј ин“ сѐ уште не започнал да се гради, со оглед на тоа дека Деталниот урбанистички план е под мораториум. Иако засега не се знае кога ќе започне изградбата, ниту, пак, колку години ќе трае, извесно е дека на парцелата од над 13.640 квадратни метри, ќе има и станбени и деловни објекти. Според најавите на инвеститорот Зоран Антиќ, во средиштето на оваа парцела ќе има галерија со приземје и кат. Ќе биде пониска од Градскиот трговски центар, но ќе се спојат со мост над улицата пред „Холидеј ин“. На покривот ќе има градина, со површина од околу 10.000 квадратни метри, а под галеријата ќе има подземен паркинг на два ката, со капацитет од илјада возила. Инвеститорот, на местото каде што во првичните планови беа предвидени изградби на стокатници, кои по неколку години се смалија на шеесеткатници, најавува една триесеткатница и неколку помали згради на рабовите на парцелата. На оваа парцела ќе се уредува и кеј, мала турска чаршија и фонтана Сања Наумовска https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/12/112390/?fbclid=IwAR19Gl0WK-S22rifOR0M-8zD7IW9iPbt8kUghR5L17S0RiSRwli0auLNyso |
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #890 Posted: 11-Mar-2019 at 17:52 |
Од „битно се гради“ до „сепак се гради“…
Државниот завод за статистика ги објави податоците за издавање на одобренија за градби за месец јануари, кои за разлика од истиот месец минатата година се зголемени за 62.4 %. Паролата „битно се гради“, се претвори во „сепак се гради“, бидејќи најмногу издадени дозволи има токму во општините каде што во предизборието на локалните избори 2017 се ветуваше намалување на градењето. Ова се однесува, пред сè, на Скопскиот регион и неговите општини каде и најмногу владее урбанистичкиот хаос. Од издадените дозволи, споредено по региони, убедливо предничи Скопскиот регион со вкупно 125 дозволи за градба. Од нив, на прво место е општина Кисела Вода со дури 45 издадени дозволи за градба, со што тоа станува општината со најмногу издадени дозволи во целата земја, а не само во регионот. И не би било ништо чудно доколку истовремено општина Кисела Вода не беше една од помалите општини по површина и општина која важи за една од најхаотичните и најизградените општини во земјата. По неа следува Сопиште со 16, Бутел и Гази Баба со по 14, општина Илинден со 12, Чучер-Сандево и Шуто Оризари со 7, Центар со 6 и општина Аеродром со само 3 издадени дозволи за градба. Скопските општини Арачиново, Ѓорче Петров, Зелениково, Карпош, Петровец, Студеничани и Чаир во месец јануари не издале ниту една дозвола. Од вкупно 125 издадени дозволи во Скопскиот регион, со вкупна вредност од 2.100.674.000 денари (над 34 милиони евра), во овој регион, 82 се издадени на физички лица, а 43 на деловни субјекти. Втор регион според бројот на издадени дозволи за градба е Полошкиот регион со вкупно издадни 43 дозволи, од кои најмногу во Гостивар (13), па следуваат Боговиње и Брвеница со по 10, Теарце – 5, Желино – 4 и Тетово со една издадена дозвола за градба. Дозволи за градба не издале општините Врапчиште, Јегуновце, Маврово и Ростуша. Проценетата вредност на објектите во Полошкиот регион е 406.481.000 денари (преку 6,6 милиони евра), а од вкупниот број 32 дозволи се издадени на физички лица и 11 на деловни субјекти. Трет регион по бројност на издадени дозволи за градба, вкупно 33, е Југоисточниот регион. Струмица е на првото место со издадени 26 дозволи за градба, а по неа следуваат Босилово, Валандово и Конче со по 2 дозволи и општина Гевгелија – 1 дозвола. Богданци, Василево, Ново Село и Радовиш не издале дозволи за градба. Вкупната проценета вредност на објектите кои ќе се градат во Југоисточниот регион е 239.276.000 денари (неполни четири милиони евра), а од нив 14 се на физички лица и 19 на деловни субјекти. Вардарскиот регион е на четврто место по издадени дозволи за градба или вкупно 28 од кои најмногу (10) дозволи се издадени во Кавадарци, по што следуваат, Велес со 7, Лозово со 5, Неготино со 3, Градско со 2 и Чашка со една издадена дозвола. Дозволи за градба немаат издадено општините Демир Капија, Росоман и Свети Николе. Објектите во Вардарскиот регион за кои е издадена дозвола за градба се проценети на вредност од 119.685.000 денари (речиси два милиони евра), а од нив 13 се на физички лица и 15 на деловни субјекти. Југозападниот и Североисточниот регион го делат петтото место со по 24 издадени дозволи за градба. Во Југозападниот регион убедливо води општина Кичево со 20 издадени дозволи за градба, по што следуваат Вевчани, Дебарца, Македонски Брод и Охрид со по една издадена дозвола. Општините Дебар, Пласница, Струга и Центар Жупа во јануари месец немаат издадено дозволи за градба. Вкупната проценета вредност на објектите во овој регион е 639.254.000 денари (над 10 милиони евра), од кои 6 се издадени на физички лица, а 18 на деловни субјекти. Во Североисточниот регион каде исто така се издадени 24 дозволи, 18 се издадени во општина Куманово, по две во Липково и Старо Нагоричане, а по една издадена дозвола за градба има во Крива Паланка и Ранковце. Дозволи за градба во овој регион не издала само општина Кратово. Проценетата вредност на објектите е 212.590.000 денари (3,5 милиони евра) од кои 13 се на физички лица, а 11 на деловни субјекти. Источниот регион е на шестото место со вкупно 19 издадени дозволи за градба, од кои најмногу се издадени во општина Штип (9), потоа следуваат, Берово (4), Кочани и Пехчево со по 2 дозволи, Делчево и Пробиштип со по една издадена дозвола. Дозволи за градба не издале општините Виница, Зрновци, Карбинци, Македонска Каменица, Чешиново – Облешево. Вкупната вредност на објектите во овој регион е проценета на 184.372.000 денари (три милиони евра), од кои 11 се на физички лица, а 8 на деловни субјекти. Пелагонискиот регион е на последното место по издавање на дозволи за градба за месец јануари со вкупно 11 дозволи. Најмногу дозволи се издадени во Битола и Ресен со по 3 дозволи, потоа следува Прилеп со 2 и Долнени, Кривогаштани и Крушево со по 1 дозвола. Општините Демир Хисар, Могила и Новаци не издале дозволи за градба во овој период. Вкупната вредност на објектите од овој регион е проценета на 153.270.000 денари (2,5 милиони евра), од кои 4 се на физички лица, а 7 на деловни субјекти. Според Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градба изнесува вкупно 4.055.602.000 денари (66 милиони евра), што е за 68.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (51.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 59 (19.2 %) за објекти од нискоградба и 91 (29.7 %) за објекти за реконструкција. Од вкупно 307 објекти, на 175 (57.0 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 (43.0 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Маја Ивановска https://civilmedia.mk/od-bitno-se-gradi-do-sepak-se-gradi/ |
|
За сè има вторпат
|
|
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #891 Posted: 14-Mar-2019 at 16:41 |
Една мала забелешка во врска со оваа вест објавена на порталот билд на 12.03.2019 во врска со размената на статуи меѓу Скопје и Атина. Точниот термин за споменатиот историски/социо-политички период не е „хеленски“ туку „хеленистички“. Со тоа што терминот кој го користат некои наши истражувачи „македонски“ или “македонско-хеленистички“ има иста тежина како и „хеленистички“ со оглед на тоа дека се работи за историски термин измислен во 19ти век. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #892 Posted: 27-Mar-2019 at 14:20 |
Поврзано со она што се гради низ Скопје,дел од сликите се извадени од ова видео и распоредени во соодветните нишки.
|
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #893 Posted: 17-Apr-2019 at 16:44 |
(Фото) Никнува цел туристичко-рекреативен комплекс на Козјак
Туристичко-рекреативниот центар „Козјак“ ќе се гради во непосредна близина на главниот град на државата и ќе опфаќа површина од 45,3 хектари. Се наоѓа западно од селото Нова Брезница, на околу 5 километри. И за него дознавме откако се појави информација дека приватен инвеститор гради ресторан со придружни содржини, во заштитеното подрачје „Јасен“. Токму недостигот на официјални информации е тоа што го прави случајот чуден. Се гради цел комплекс насред повеќенаменско подрачје, заштитено со посебен закон, но институцијата надлежна за него, ЈП „Јасен“, нема информации. Иако станува збор за место важно од одбранбен аспект, ниту Министерството за одбрана не знае ништо повеќе. Општината Сопиште, која знае сè, вели само дека е предвидена изградба на ресторани, сместувачки капацитети од тип на бунгалови и спортски игралишта. И дека според ДУП-от било предвидено 70 отсто од оние 45 хектари да биде зеленило. Урбанистичкиот план го изготвило Министерството за транспорт и врски, со согласност од „Јасен“, МЗШВ, МЖСПП и Министерството за култура, се огласи општината. Ниту градоначалникот Стефче Трпковски не сака да открие во овој момент повеќе. Во телефонски разговор ни рече дека е доволно ова што досега се знае, а дека ќе излезат со комплетна информација кога ќе има свечена промоција на комплексот. Наскоро ќе се постави камен-темелникот. Во меѓувреме, ги оставаме луѓето да зборуваат и да прават бесплатна реклама. Сите проблеми се решени“, ни одговори градоначалникот на Сопишите на прашањето како е решен проблемот со водата, кој го има и ближното село Нова Брезница. И за еколозите, клучно е надлежните инстанци да информираат за активностите. „Од досегашните информации со кои располагаме, градежната парцела, а и целиот рекреативен центар ‘Козјак’ се наоѓа во рамки на простор со кој стопанисува ЈП ‘Јасен’, а кој спаѓа во категоријата посебни природни предели. Согласност за урбанизација е дадена во 2009 година, но и тогаш со напомена дека туризмот кој тука би се развивал би бил во поглед на традиционалното сточарство, па така тешко дека ресторан со придружни објекти би можел да се вброи во таква категорија. Уште во тоа мислење, особена важност е дадена на начинот на третирање на фекалните води, но и водоснабдувањето на идните објекти. Недозволиво е ‘ЈП Јасен’ да не е во тек со случувањата, односно последен пат да е контактирана во 2009 година, а одобрението да е издадено во 2017 година. Притоа се даваат паушални изјави за стопирање на градба, без притоа да се има увид во проектната документација. Прашање е и дали Општина Сопиште воопшто побарала мислење од ЈП ‘Јасен’ пред издавањето на градежната дозвола, со оглед дека од истото ЈП тврдат дека првпат слушаат за овој проект. Исто така, Општина Сопиште треба да даде информација дали воопшто е изработена студија или елаборат за заштита на животната средина во рамки на барањето за одобрение за градење. Во заеднички интерес и на јавноста и на самата Општина е точно да извести што и како е планирано да се гради, односно како течела постапката при добивање на ова одобрение за градење, но и какви се плановите на Општината и што сè е предвидено во рекреативната зона ‘Козјак’“, велат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“. https://nezavisen.mk/foto-niknuva-cel-turistichko-rekreativen-kompleks-na-kozjak/?fbclid=IwAR1OjmNF07-T7t1ATNchQLtHxuaRx9de-He2mFdOwNAdAQ1KmvC7H0euFWk |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #894 Posted: 17-Apr-2019 at 16:46 |
ОД ПАСИШТА ПРЕКУ НОЌ СТАНАЛА ТУРИСТИЧКА ЗОНА: Кој дозволи да се гради на видиковецот на Козјак? Надлежните институции проверуваат како е дојдено да се дозволи изградба на туристичко-рекреативен центар „Козјак“ западно од селото Нова Брезница во заштитеното подрачје на резерватот „Јасен“. За комплексот се дозна деновиве откако инвеститорот Влатко Костенчев загради дел од просторот со намера да започне со изградба на ресторан со придружни содржини на видиковецот на „Козјак“. Плацот Костенчев го купил на јавно наддавање од општина Сопиште, откако во март 2009 година била направена пренамена на земјиштето, од високо планинско пасиште во градежно земјиште. Тогаш од ЈП „Јасен“ немале суштински забелешки на планот за урбанизација на тој дел од заштитеното повеќенаменско подрачје на „Јасен“. Побарано било мислење и од Министерството за животна средина во врска со третманот и истекувањето на отпадните води што ќе се ствараат. Не се знае дали добиле одговор од Министерството за животна средина. Актуелниот директор на ЈП „Јасен“, Новица Зечевиќ во изјава за весникот „Вечер“ вели дека на оваа тема денеска одржал средба со заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули со цел да се информира каков став тогаш донеле од ова министерство во врска со справувањето со фекалиите. – Откако ја согледавме состојбата на терен, веднаш го известивме Министерството за одбрана од каде се огласија дека не дале согласност, ниту биле консултирани за градење во делот кој е под заштита на Одбраната – вели Зечевиќ. Тој најави дека ќе се направат консултации и со надлежните од општина Сопиште за да се утврди фактичката состојба, по што раководството на ЈП „Јасен“ со нивниот правен тим ќе одлучат какви чекори ќе преземат. – Дополнително ги испитуваме околностите како е дојдено до ова. Бараме начин како да се опфати заштитата. Од забелешките што ги имаме од теренските активности и по согледување на документацијата која надлежните треба да ја достават, ќе постапиме, а тоа значи изрекување на времена забрана – вели Зечевиќ. (С.Бл.) |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #895 Posted: 17-Apr-2019 at 22:12 |
Тешки маки ќе си имаат нашите со поглавјата 23 и 27. ЕУ и сега се чуди што се случува, а не па кога асално ќе види што е работата.
Негувај ја природата и таа ќе те помогне; повреди ја и таа ќе те уништи. Нашиве bizni$meni 8) !!! изгледа на потешкиот пат ќе научат. Иако не е голем проблем да се изгради туристичко-рекреативна содржина на Козјак доколку се испочитувани сите прописи. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #896 Posted: 17-May-2019 at 12:43 |
Малку добри вести од Битола...
Оваа градежна сезона ќе се реконструира Офицерскиот дом во Битола Општина Битола го доби Договорот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување, со што е комплетирана целосната документација за отпочнување на санација на Офицерскиот дом во Битола. Со потпишувањето на договорот од страна на вицепремиерот Кочо Анѓушев, може да започне тендерската постапка за избор на изведувач за реконструкција на Офицерскиот дом. „Договорот ги има сите потписи, вклучително и потписот од Владата од страна на господинот Анѓушев, така што останува да се изврши регистрација во Секретаријатот за европски прашања на истиот договор и започнува тендерската постапка. Со ова потврдувам дека Офицерскиот дом во оваа градежна сезона ќе се гради“, рече градоначалничката Наташа Петровска. Отпочнувањето на реализацијата на проектот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување е голем успех за локалната самоуправа, која во изминатите 18 месеци работеше на комплетирање на целосната документација за реставрирање на овој објект од клучно значење за градот под Пелистер, велат од Општина Битола. https://tera.mk/%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%B6%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5%D0%B7%D0%BE%D0%BD%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B8/ |
|
За сè има вторпат
|
|
ehrlich
Senior Member Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
Quote Reply #897 Posted: 17-May-2019 at 17:24 |
„...и започнува тендерската постапка“
Овој момент може да заврши и во 2021 година, така што не сум оптимист. |
|
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #898 Posted: 07-Jun-2019 at 12:13 |
ЌЕ СЕ РУШАТ ДИСКОТЕКИТЕ ВО ПАРК! Журкајте се летово од догодина ќе нема веќе!
Летните дискотеки кои се наоѓаат во Градскиот парк на Скопје, за жал, ќе се уриваат и на нивно место ќе се изгради новиот забавен парк за кој веќе се зборува со месеци, пишува Курир. Според проектот, паркот ќе биде на површина од 26 000 квадратни метри, односно освен просторот на сегашниот Луна парк, ќе се прошири и на местото на летните дискотеките. Поголема површина за новиот забавен парк како што објаснуваат од кабинетот на градоначалникот Шилегов е потребна, бидејќи во него нема да има реквизити само за деца, туку и адреналински содржини за возрасни. Како што најави Шилегов на презентацијата на проектот, летово ќе започне постапката за проектирање и набавка на реквизитите, што значи на есен ќе се уриваат познатите летни дискотеки (Хавана, Кабрио). Доста жална вест за љубителите на летниот ноќен живот… https://vecer.mk/node/19697?fbclid=IwAR3S7Z7vZ-SjYYpRWHM3_U6WlMna5ppuShG316cACmw3IctR1l7V-O_SIbE |
|
Staro Skopje
Senior Member Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
Quote Reply #899 Posted: 06-Jul-2019 at 20:27 |
Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, или ќе стане загрозено подрачје на УНЕСКО
https://www.radiomof.mk/ohrid-ima-rok-do-fevruari-da-se-spravi-so-divogradbite-ili-kje-stane-zagrozeno-podrachje-na-unesko/ |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
Enzo
Groupie Joined: 25-Jun-2019 Online Status: Offline Posts: 57 |
Quote Reply #900 Posted: 12-Jul-2019 at 16:15 |
https://kurir.mk/republika/opstini/strushkiot-gradonachalnik-mu-ja-otvori-divogradbata-na-ohridskiot-sovetnik-foto/
Безсрамно го уништуваат Охрид,плански чекор по чекор.....иако кога ќе размислам кога очигледно на охриѓани ова не им смета,тогаш нека продолжат. |
|
Post Reply | Page <1 43444546> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |