![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Кичево - Охрид |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2627282930 45> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Најдов уште една фотка што сум ја штракнал, на која се гледа еден завршен мост/вијадукт (само не можам да се сетам на точната локација):
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Кинезите одобрија нова транша за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид
Охрид, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Она на што се чекаше за да продолжат градежните зафати на автопатот Кичево – Охрид е завршено, кинезите одобрија нова транша. Надлежните велат пробивање на роковите нема да има, па се очекува интензивирање на градежните зафати за автопатската делница да биде готова до јули 2021 година. – Амбасадорката најави дека кинеската страна го одобрува кредитот за продолжување на изградбата на автопатот Кичево – Охрид кој го чекавме како одлука од Народна Република Кина. Порачувам дека продолжуваме интензивно да работиме на комплетирање и завршување на негова изградба, изјави премиерот Зоран Заев. – Автопатската делница наскоро ќе почне со полна имплементација мислам дека со кинеските партнери постигнавме разбирање и наскорот може да очекуваме оваа автопатска делница да почне да се гради со забрзана динамика, за бенефит на граѓаните од западниот дел на земјата но и за туристичките потреби, потенцира вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Владата претходно потпиша два анекс договори со кинески „Синохидро“, за продолжување на рокот за изведба и за дополнителната сума што ќе треба да се одвои за изведба на клучки, изградба на патишта, санација на косини и стабилизација на свлечишта. Автопатот во должина од 57 километри, кој почна да се гради во февруари 2014 година, сега ќе чини 598 милиони евра. (Крај) |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Викторија Инвест и Илинден од Струга се вратени на трасата со по неколку десетици работници, работат на сливници и рабници на одредени делови.
Видов околу тунелите некоја активност но многу мало движење за да разберам што се работи, на останатиот дел ништо засега. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гранит“ наместо „Трансмет“ ќе го догради автопатот Кичево – Охрид
Скопски „Гранит“ ќе продолжи со изградбата на автопатот Кичево – Охрид онаму каде што запре фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан. Вредноста на неизвршените работи изнесува 54.442.364 евра. „ГД Гранит АД Скопје потпиша договор за отстапување на подизведувачките договори од Конзорциумот „Трансмет“ ДОО и „Херинг ДД Широки Бријег“ за изведување на Автопат Кичево – Охрид“, се наведува во соопштението на „Гранит“ објавено на веб – страницата на Македонска берза. Главен изведувач на овој автопат е кинеската компанија „Синохидро“, додека „Гранит“ и други фирми се ангажирани како подизведувачи. Ваквиот епилог доаѓа откако кинеската Ексим банка им ги стави на располагање неопходните 380 милиони евра на македонските власти за довршување на автопатот Кичево – Охрид. Во речиси идентичен период, Јавното претпријатие за државни патишта во моментов избира проектант што ќе ја докомплетира проектната документација за автопатот, со што ќе се надминат веќе констатираните грешки во проектот. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека следната година ќе биде завршен половина од автопатот долг 57 километри, на потегот меѓу Врбјани и Охрид. Преостанатата траса на овој автопат е предвидено да се комплетира до јуни 2021 година. Проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид чини вкупно 598 милиони евра. https://meta.mk/granit-namesto-transmet-ќe-go-dogradi-avtopatot-kichevo-ohrid/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Ај, баш да видиме дали ќе биде така...
Дел по дел: Половина од автопатот Кичево-Охрид во функција догодина Планираме наредната година да се обидеме триесете километри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат, по тој дел од автопатот Кичево-Охрид, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој исто така рече дека кинеската Еским банка ги известила институциите дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит и очекува динамизирање на активностите за изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Наредната година министерот Сугарески очекува по дел од автопатот да се вози, да биде во функција а другитот дел да се изгради и да се стави во употреба согласно рокот во 2021 година. https://faktor.mk/del-po-del-polovina-od-avtopatot-kichevo-ohrid-vo-funkcija-dogodina |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Хаха сагата продолжува. Догодина ако мисли на 2021 или покасно во ред. Од Врбјани до Охрид имаат еден милион нерешени имотно правни проблеми кој неможат така лесно да се решат.
Пред Песочани две куќи, пред Ботун клизишта, Две бензински пумпи на патот, поврзување со Аеродром и малку пред Аеродромот поврзување со пат за село за кое нема друг пристап, мостовската конструкција на постоечката клучка за Струга треба да се урне и да се преправи со тоа што ќе се навлезе во насипот за да се отвори нов правец. Се работи на клучката што е факт, но се работи само кривината за влез на патот кон Струга. Не се сеќавам што се уште видов, но битно на секој 500-1000м имаат дел каде што не е чепнато ништо поради проблеми со имот и пристапи. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид Скопје/Охрид, 25. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов. Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло“ за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат да ги завршат во договорениот период. Китанов рече дека ќе се потрудат да го запазат дадениот рок за изградба на автопатот, но и дека паралелно ќе се пуштаат сите делници кои ќе бидат изградени од потегот од Охрид кон Кичево. Тој информираше дека од многуте експропријации за решавање каде поминува автопатот, останати се уште три. (Крај) |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Со 2,3 милиони евра ќе се поправаат грешките во проектот за автопатот Кичево – Охрид Градежниот институт Македонија (ГИМ) ќе го врши препроектирањето и допроектирањето на утврдените пропусти и недостатоци во проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, Јавното претпријатие за државни патишта издвоило околу 2,3 милиони евра за докомплетирање на проектната документација, со што се отвора вратата за довршување на изградбата на автопатот долг 57 километри. – Предвидениот временски рок за изготвување на проектната документација изнесува 12 месеци по склучување на договорот – велат за „Мета.мк“ од ЈП за државни патишта. Изготвувањето на проектната документација е поделено во три фази заради практичност и континуирано градење на самиот автопат. Договорот со ГИМ е склучен на 4 септември годинава. Идниот проектант ќе треба да ги изработи и докомплетира основните проекти и проектите за инфраструктура за сите пет подделници на автопатот. Обемната листа вклучува препроектирање за стабилизација на косините и санација на свлечиштата долж целата траса, изградба на контролен центар за тунелот „Пресека“ долг 2 километри, нови патни јазли кај Требеништа и Свети Еразмо, денивелација на патиштата поврзани со автопатот, како и проектна документација за идните пристапни правци од околните села до автопатот. Паралелно на докомплетирањето на проектната документација, на автопатот Кичево – Охрид ќе продолжи изградбата на оние сегменти од трасата што не се спорни во проектот. Кинескиот изведувач „Синохидро“ има рок до 30 јуни 2021 година за да ја заврши изградбата на автопатот. Висината на инвестицијата во овој проект од Коридорот 8 изнесува 598 милиони евра. |
|
![]() |
|
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
Да се бориме против лажните вести. Заев:
„ цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса“ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Кој дел од веста е лажна?
|
|
![]() |
|
Bakica ![]() Groupie ![]() Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
![]() ![]() |
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува позасилена динамика на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде, како што вели, се прават напори дел од патот на делницата од Охрид до Врбјани да биде отворен наредната година.
https://denesen.mk/sugareski-pravime-napori-avtopatot-od-kichevo-v-godina-da-go-otvorime-od-vrbjani-do-ohrid/ |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Ај не мораТ, ќе си возиме по стариот.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид со бавно темпо
https://www.alsat-m.tv/mk/изградбата-на-автопатот-кичево-охри/ |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Само тие што не поминале по патов ќе мислат дека се завршени 75%.
Завршени 75 отсто од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид Првите километри од автопатот Кичево – Охрид ќе бидат пуштени во употреба наредната година, додека целокупниот проект е предвидено да се заврши до 30 јуни 2021 година како краен рок за изведба на автопатот. Вкупниот прогрес на градежните работи на делницата во моментов е 75,42 отсто, а пробиени се околу 96 отсто од трасата. По одобрувањето на дополнителните средства за изградба на автопатската делница, во тек е постапката за потпишување на заемот со кинеската Ексим банка. Овие средства ќе овозможат непречена и забрзана работа на изведувачите во наредниот период, а до септември 2020 година ќе се докомплетира проектната документација за автопатот Кичево – Охрид. Тунелот „Пресека“ во изминатиов период беше целосно пробиен, завршена е примарната конструкција на објектот, при што во моментов се довршува секундарната конструкција. На автопатот е извршено асфалтирање на новата траса со прв и втор асфалтен слој и е рехабилитиран коловозот на постојниот магистрален пат, во вкупна должина од над 29 километри. – Се работи на земјани работи, завршени се 142 пропусти, на 5 пропусти се работи, завршени се 21 потпорни ѕидови, а на 11 потпорни ѕидови се работи, се работи на 3 мостови и на 28 вијадукти, се работи на 12 натпатници и потпатници и се работи на клучките Арбиново, Издеглавје, Ботун, Мешеишта и Подмоље – велат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески веќе најави дека изведувачите ќе направат напори автопатот на потегот од селото Врбјани до Охрид да биде пуштен во употреба догодина. Автопатот Кичево – Охрид е дел од паневропскиот Коридор 8, чија изградба чини 598 милиони евра. Изведбата на проектот започна на почетокот од 2014 година, а поради бројните пропусти и недостатоци во проектната документација финалниот рок за неговото пуштање во употреба беше продолжен до средината на 2021 година. https://meta.mk/zavrsheni-75-otsto-od-gradezhnite-raboti-na-avtopatot-kichevo-ohrid/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Колку што знам на патов сега работат само Викторија Инвест така да нема шанси само со нив да го дотуркаат до крај целиот проект без да ги пробијат роковите.Едно време се збореше дека во изградбата ќе се вклучи Гранит но незнам што бидна,пред извесно време кога поминував немаше речиси никаква активност,претстои уште доста работа... |
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
И Гранит е вклучен и работи на делницата Кичево-Подвис. Ако не се лажам тој дел го имаше добиено Трансмет на времето.
|
|
![]() |
|
AleksandarTheGreat ![]() Groupie ![]() Joined: 12-Jul-2019 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
Имаше и официјална објава во текот на летото дека целата работа која претходно Синохидро им ја дал на Трансмет сега му е дадена на Гранит: |
|
![]() |
|
velezoski ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Oct-2019 Location: Kicevo Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Гранит ја превзеде делницата на Трансмет, и моментално работат на три моста со не повеќе од 30 работници. Или во превод, автопатот не е завршен ниту 50%. За смешниот поставен рок Јуни 2021ва година, не сакам ниту да коментирам. Со вакво темпо и дефицит на работници 2031ва е оптимистичка прогноза.
|
|
![]() |
|
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Згора на се, како што слушам и гледам, работникот се освестува и не сака да црнчи за 12-15 илјади и се повеќе бегаат во Европа, некако 2021 е премногу блиску.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гранит ја работат делницата Кичево-Подвис ова го најдов на нивниот веб сајт незнам од кога се фотките
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.granit.com.mk/mk/construction-motorway-kicevo-ohrid-section-podvis-mk-2/#prettyphoto[group-682]/24/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2627282930 45> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |