Ohrid Mall |
Post Reply | Page 123> |
Author | |
carver91
Senior Member Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 163 |
Quote Reply
#1 Topic: Ohrid Mall Posted: 25-Feb-2019 at 15:14 |
Neki fotki od Ohrid Mall? Jel ovo konacan mesec otvaranja?
https://cwforton.mk/news_selected/the_first_shopping_mall_in_ohrid/55582/55555/178 Edited by carver91 - 25-Feb-2019 at 15:14 |
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #2 Posted: 25-Feb-2019 at 18:32 |
Можам да ве снабдам со некоја фотка од трговскиот во текот на следнава недела, но далеку е од завршување. Датумот во текстот април 2019 не е изводлив, бидејќи објектот не е ни до карабина донесен. На поголем дел од плацот е кренат и горниот спрат, а на околу 1/3 или 1/4 моментално се припрема подземјето и столбови за приземјето.
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #3 Posted: 02-Mar-2019 at 20:26 |
Еве ги фотките што ги најавив, знам дека се лоши аглите, ама ја доловува поентата. |
|
carver91
Senior Member Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 163 |
Quote Reply #4 Posted: 05-Mar-2019 at 16:59 |
kao datumi se spominju novembar 2019/april 2020...
|
|
carver91
Senior Member Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 163 |
Quote Reply #5 Posted: 22-Jul-2019 at 10:39 |
Ima li neki pomak za Ohrid Mall?
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #6 Posted: 22-Jul-2019 at 16:10 |
Има, во меѓувреме го довршија спратот од фотките погоре и поставија кровна конструкција. Ќе пробам да се снабдам со фотки во следниве денови па ќе се види поубаво.
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #7 Posted: 31-Jul-2019 at 10:07 |
Дали ќе може некој модератор да ми помогне да ги префрлам постовите поврзани со темава овде?
Од темата Трговски објекти (општо) постови бр. 449, 450, 451, 452, 458, 459. |
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #8 Posted: 31-Jul-2019 at 10:09 |
Од архивски причини, еве како изгледаа првичните рендери за целиот проект кога не беа почнати со градба. |
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #9 Posted: 31-Jul-2019 at 10:12 |
Откако се изгради автобуската станица (која крајно ќе е во склоп со трговскиот), се направи нова најава за градба на Ohrid Mall на која присуствуваше политичкиот врв и доби нови рендери.
Премиерот Заев на отворање на нова автобуска станица во Охрид by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr |
|
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #10 Posted: 31-Jul-2019 at 13:24 |
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #11 Posted: 31-Jul-2019 at 14:26 |
Фала многу!
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #12 Posted: 31-Jul-2019 at 14:31 |
Еве ја моменталната состојба, фотките се правени во движење Во позадина е автобуската, тој дел заостанува повеќе за разлика од другиот |
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #13 Posted: 31-Jul-2019 at 14:36 |
И ова да не е на Нефи Усеини?
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #14 Posted: 31-Jul-2019 at 15:31 |
Официјално нема таква информација. Инвеститор е Делфина Турс, туристичка агенција што од пред неколку години вози на релации накај Охрид. Претходно тие релации ги држеше Хисар, а пак Хисар ја купи Охрид Експрес (пред 15 години можеби).
Ако навлегуваме во шпекулации и заговори, тогаш јас сум малку скептичен во однос на инвестицијава, финансиската моќ на Делфина и нивниот интерес во целиов проект. Се работи за околу 5-6 милиони евра колку што објавија. Инвеститор не можеше да се најди повеќе од 10 години, Галеб како еден од најголемите (ако не и најголем во мк) превозници не беше заинтересиран да инвестира, а мислам дека голема причина беа политички игри. Во моментот кога дојде вмро на власт во Охрид во 2013 г., имотот кајшто се наоѓа автобуската и идниот трговски се продаде за смешна сума од некои 20.000 евра или слично и Делфина се појави како инвеститор. Но, не само на нова автобуска туку се појави и проектов за трговски. Патем, Галеб не соработува со нив, имаат своја канцеларија преку улица и нивни карти можат да се купат само таму. Нефи Усеини (односно фирмата НЕФИ ИК) го гради целиот комплекс, што не е никакво изненадување бидејќи 90% од објектите што се градат во моментов во Охрид ги гради оваа фирма. Во темата што е поврзана за хотелот од Фибула Травел покрај каналот Билјанини извори ставив фотки пред неколку месеци на кои се гледа дека НЕФИ ИК рушеше таму, па претпоставувам и ќе гради (исто така имот продаден во време на Вмро за околу 20.000 евра). Џамијата во чаршија со спорното минаре исто така НЕФИ ИК и ред други. Дали и оваа инвестиција е параван за некого како што се откри за многумина изминативе години или не е, немам појма. Но, доби амин од вмро и сдсм, тера градбата (иако доцни), па здравје следната година можеби Охрид ќе го добие првиот трговски центар. Премиерот Заев на отворање на нова автобуска станица во Охрид by Влада на Република Северна Македонија, on Flickr Во црвено-розева маица градежникот и советник во општина Охрид Нефи Усеини. Околу Заев (лево и десно) двајцата браќа сопственици на Делфина Турс. Сликано при отворање на автобуската и започнување со градба на трговскиот. |
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #15 Posted: 10-Aug-2019 at 13:47 |
|
|
carver91
Senior Member Joined: 09-Mar-2015 Online Status: Offline Posts: 163 |
Quote Reply #16 Posted: 17-Aug-2019 at 00:35 |
Da li je realno ocekivati da ce biti gotovo do novembra/decembra 2019?
|
|
Enzo
Groupie Joined: 25-Jun-2019 Online Status: Offline Posts: 57 |
Quote Reply #17 Posted: 17-Aug-2019 at 05:59 |
За да знаеш дали да славиш Нова Година во Охрида ? Не знам,ако се паметни охриѓани уште утре треба да го завршат трговскиов со оглед на тоа што ова беше нешто што му требаше на градот а уште повеќе на туристите заради тоа што е на топ место до новата Автобуска која што е вистина за наши услови одлична. Имаат фантастична сезона Охрид,највеќе зошто народов реагира и сака симболично да покаже со присуство дека треба да се престане со уништување на градот,а меѓу другото ако веќе градат работи,треба да размислат за проширување на хотелските капацитети,на носење брендови(мекдоналдс,бургер кинг кфц....). |
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #18 Posted: 17-Aug-2019 at 13:42 |
Не верувам дека ќе го завршат годинава со оглед на моменталната состојба. Би рекол најрано пролет 2020 ако се продолжи вака. Инаку тоа што нема мекдоналдс, бургер кинг, кфц и останати во Охрид е позитивно и нешто со кое треба да се радуваме. Немаат никаква конекција со автентичноста на градот, ниту пак носат некаква финансиска придобивка. Целта треба да е да се изгради бренд од охридска пастрмка/белвица, охридско ѓомлезе, охридско макало, охридски домат (патлиџан) итн., а не да нудиме странски фаст фуд синџири.
|
|
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #19 Posted: 17-Aug-2019 at 14:27 |
Добро, глобализацијата не е нешто кое една држава со кулинарска историја треба туку така да ја пречека со отворени раце - примери се Франција, Италија, Перу, Јапонија итн. и нивното (не)прифаќање на ланци за пица, кафе и слично.
Но реално, во нашиот случај, присуството на такви ланци е индикатор за развиеноста на државата (сакале или не). Ние сме една од малкуте држави без Starbucks (Италија е друга приказна), без McDonald's, а да не зборуваме за Gucci, Burberry, Louis Vuitton, и останатите симболи на капитализмот. Beggars can't be choosers, и треба да се трудиме да ги привлечеме колку можеме сите вакви брендови, но во нашиот случај не можеме да ги одбиваме овие ланци, бидејќи тие всушност не се ни заинтересирани. Плус капитализмот работи на таков начин, ако има потрошувачи, ќе дојдат и ќе останат. Ако нема заинтересираност, ќе си одат. А градење бренд околу македонски производи - не се гради во Македонија во едно мало местенце. Се гради само некаква локална мафија која ги одвраќа вистинските бизнисмени од инвестиција (кои дури и подобро би го промовирале нашиот бренд во странство). Добри примери тоа се Тајланд, Грција и неколку други држави кои се жив пекол за туристите бидејќи нафатираните локалци (на Санторини, на Миконос, и на Пи-Пи, Самуи и сл.) не им дозволуваат на странците да ја збогатат понудата, па луѓето плаќаат изгор скапи цени на алчните локалци за ужасна услуга. Истото важи и за Охрид. Некој полуписмен „угостител“ има ресторани покрај езеро со никаква понуда и никаква услуга, бидејќи мафијата/монополот/рекетарите не дозволуваат никој од страна да влезе со подобра понуда. Дали е тоа добро или лошо е тема на дискусија, но се сомневам на потрошувачите би им пречело збогатување на понудата. EDIT: Не проповедам апсолутизам, и не генерализирам дека странец би ја завршил многу подобро работата од локалец (сме биле сведоци како ги експлоатираат ресурсите и заработката ја префрлаат во странство без воопшто да реинвестираат во општеството), но од досега виденото од „локалните бизнисмени“ (урбана мафија) мислам дека и не е лоша идеја да се даде шанса на странци. Да не беше Балфин груп во Скопје, ни Сити Мол ќе се изградеше, да не беа Турците и Рамстор/Саем/Лимак, уште на бит-пазар ќе пазаревме турски алишта во дуќанчиња. Edited by гитардемон - 17-Aug-2019 at 14:31 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
ironm
Senior Member Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
Quote Reply #20 Posted: 17-Aug-2019 at 15:50 |
Зошто сметаш дека бренд околу македонски производи не се гради во Македонија во мало местенце? Каде инаку би се градел? Да појаснам, јас не зборувам да се гради бренд за да извезуваме охридски патлиџан, туку Охрид сам по себе (со сите работи што ги поседува) да е бренд поради којшто би доаѓале туристи.
Какви странски инвеститори се таквите синџири кога всушност лиценците за нив се во сопственост на Македонци? Не е никаква странска инвестиција, туку само странски бренд со наши пари. Јас лично немам ништо против тоа да имаме во Охрид такви фаст фуд синџири, но поентата ми е дека истовремено ништо не губиме со тоа што ги немаме. Не сметам дека присуство на такви синџири е индикатор за развиеност на некое туристичко место. Во Охрид треба да се продава природа, историја (двете причини поради коишто е заштитен од Унеско), локална храна, спорт и здравје. Фаст фуд во туристичко место е асоцијација за развој на масовен туризам од којшто Охрид треба да се дистанцира, вклучувајќи ги и лесковачките скари. Тоа за урбана мафија и рекет е друг муабет и се разбира дека е причина за стагнација на цела држава, а не само на Охрид, но не мислам дека било какви странски инвестиции би го промениле тоа. Патем се согласувам со Enzo дека треба подобри хотелски капацитети бидејќи голем дел од моменталните се далеку од тоа да привлечат побогати туристи, но пред се на Охрид му треба квалитетна водоводна мрежа што ќе гарантира вода и во лето, канализација што ќе гарантира дека нема да избие во езеро, улици без дупки, паркинг и ред други најосновни работи. Замисли за 5 години да имаме Мекдоналдс, Бургер кинг, КФЦ во Охрид, а канализацијата сеуште да истекува директно во езеро во Далјан и Воска? Каков индикатор за развиеност е тоа? Еве одличен пример во која насока треба да се движи гастрономијата во Охрид https://www.ohridnews.com/originalni-i-prepoznatlivi-restoran-kaneo-so-novi-kulinarski-speci-aliteti-vo-novata-sezona/ |
|
Post Reply | Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |