![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 111112113114115 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Раскрсницата меѓу бул.Кочо Рацин и 11 Октомври ја реконструираа минатиов викенд(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Булеварот Босна и Херцеговина полека но сигурно ќе се гради
![]() Иако првиот најавен почеток за изградба на булеварот Босна и Херцеговина беше уште минатата година дури последните десетина денови се размрдаа работите на терен. По цело лето мирување, конечно повторно почнаа градежните активности на проширувањето на булеварот во делот на општината Бутел. Работите почнаа со сечење на првото дрво, единствената сенка под која граѓаните чекаа автобус на последната станица на автобуските линии со број „9“ и „35“ во скопската населба Скопје-Север. Штом градежните активности ќе земат замав, најверојатно ќе биде поместена и автобуската постојка од постојната локација кај железничката станица Скопје-Север на другата страна во населбата. Градежните зафати во изминативе летни месеци мируваа и градежните машини не се поместија од место, откако беше завршена изградбата на потпорниот ѕид од страната на зградите во населбата. Рабниците за проширувањето на булеварот Босна и Херцеговина и другите градежни материјали одамна чекаат на денот кога ќе се употребат, бидејќи проширувањето официјално почна минатата година. https://skopjeinfo.mk/bulevarot-bosna-i-hercegovina-poleka-no-sigurno-kje-se-gradi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на бул.Крсте Мисирков(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес асфалтирале(од фб)
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршена реконструкција на бул.Крсте Мисирков во насока Центар-Чаир(од фб)
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес во Аеродром отпочна реконструкција на дел од ул.23 Октомври(по старо Владимир Комаров)-од фб
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Започна реконструкцијата на улицата Владимир Комаров во Аеродром Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска ја почнаа реконструкцијата на улицата 23 Октомври (поранешната улица Владимир Комаров) во општината Аеродром. Оваа сообраќајница ќе се обнови на должина од 800 метри, на потегот од Транспортниот центар до крстосницата со булеварот Јане Сандански. - Градежните работи на оваа улица очекуваме да завршат за околу една недела. Скопјани заслужуваат многу подобра инфраструктура, а за мене како градоначалник тоа е императив – нагласи Градоначалникот Шилегов. https://skopjeinfo.mk/zapochna-rekonstrukcijata-na-ulicata-vladimir-komarov-vo-aerodrom Од фб на градот ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Неколку денешни од бул.Кочо Рацин во пределот кон Веро Џамбо.На овој дел работите малку се ископмликуваа поради градилиштето кое пред неколку месеци се оформи поред булеварот каде треба да се гради зграда но при ископ наидоа на цевки од парно па веќе 20-тина дена прават нивно преместување или што и дае....прилично е хаотично.Инаку во другата насока веќе една лента е асфалтирана веројатно до следниов викенд ќе завршат.
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Проширување? Или така ми се чини? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Не е проширување туку само гребење на асфалтот и ставање нов.Можеби така делува од фотките бидејќи во овој дел како што веќе споменав се прават дополнителни прекопи заради инсталацијата за парно. |
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Да не се случајно гасоводни цевки, а не парно? Бидејќи пред некој ден имаше изјава од Сугаревски дека се работело на гасоводната мрежа низ Скопје, а на форумов досега ништо не се спомна околу тоа.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Mislam deka e parno,ekipite na teren se od BEG a i problemot fakticki potteknuva od gradilisteto da ne pocnea tamu da kopaat za zgrada verojatno nemase ni da dojde do vakva intervencija. Inaku sto se odnesuva do cevki za gas pred nekoe vreme kopaa niz Karpos okolu voena bolnica no na drugo mesto nemam primeteno. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес на булеварот Кочо Рацин беше невиден хаос во насока од Веро Џамбо кон раскрсницата со бул.11-ти Октомври на овој правец поставен е нов асфалт но голем дел од механизацијата стоеше на една од лентите и колоните беа километарски.Незнам зошто толку одолговлекуваа со асфалтирањето веќе месец дена стои раскопано.Веројатно наскоро ќе се асфалтира и спротивниот правец.
Edited by stef4o - 27-Aug-2019 at 12:39 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По 4 дена од почетокот веќе асфалтираат-ул.23 Октомври-Аеродром(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Улицата Васил Ѓоргов опасна за пешаците, сега и за учениците
На улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец граѓаните дури и на пешачки премин тешко можат да поминат од едната на другата страна, бидејќи се вози со преголема брзина. Малкумина се оние што оддалеку ја намалуваат брзината пред да застанат да ги пропуштат пешаците. Често се слуша чкрипење на сопирачките, непосредно до пешачките премини, а најфреквентно е секогаш кај катната гаража „Зебра“. Граѓаните на оваа скопска сообраќајница постојано се изложени на опасност, бидејќи тротоарите, наместо за пешаците, како да служат за автомобилите, кои постојано се паркирани лево или десно од улицата. Наместо по тротоар, принудени се да пешачат по коловозот, каде што повторно се изложуваат на опасност и мора да внимаваат на брзината на автомобилите. Брзото возење по оваа сообраќајница сега особено ги загрижува родителите чии деца ќе мора да поминуваат преку Васил Ѓорѓов за да стигнат до новото училиште во Капиштец, со капацитет за 500 ученици. На оваа улица нема сообраќајна сигнализација, која ќе овозможи поголема безбедност, а досега веќе требаше да биде поставена. Останаа само уште четири дена пред почетокот на новата учебна година, а градот допрва на совет ќе носи одлука за тоа колку финансиски средства да одвои за основен проект за сообраќајна сигнализација. Токму поради тоа ќе помине многу време додека се реализира идејата. А дотогаш учениците ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат кога ќе преминуваат преку улица, иако влезот на новото училиште Киро Глигоров не е на оваа сообраќајница. Токму поради тоа што сега и децата ќе бидат изложени на опасност, граѓаните сметаат дека надлежните ќе мора да се погрижат што поскоро да направат сѐ за да ја зголемат безбедноста на учениците, и тоа пред сите училишта каде што се вози брзо. – Најмногу се плашам сега за децата што ќе одат во новото училиште. Иако влезот е од другата страна, сепак децата се деца и можеби ќе поминуваат од другата страна на улицата Васил Ѓоргов. Се вози лудо и брзо и затоа мора да се направи нешто за нашите најмали – вели загрижена баба, жителка на Капиштец. Пред неколку години жена го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Васил Ѓоргов, во близината на ТЦ „Зебра“. Автомобилот што ја прегази се движел со недозволена брзина и заврши во излозите на блиската фризерница, качувајќи се дури по скалилата што водат до неа. Лани во сообраќајна несреќа на оваа улица исто така беше повредена жена, која заврши со тешки повреди во Ургентниот центар, а годинава само пред неколку месеци исто така се случи несреќа на оваа улица, кога при судир меѓу мотоцикл и автомобил, мотоциклистот доби повреди и исто така заврши во болница. Ова се само дел од сообраќајните несреќи на улицата Васил Ѓорѓов, кои потврдуваат дека оваа улица претставува една од поопасните во Скопје. Градот веќе најави издвојување финансиски средства за основен проект за сообраќајна сигнализација на оваа сообраќајница, за што советниците треба да одлучуваат на наредната седница на советот. Но до финалната реализација на проектот ќе помине многу време, а и учебната година ќе почне. Главната грижа на родителите е како децата да бидат безбедни во сообраќајниот метеж кога ќе одат на училиште. Во врска со овој проблем не се чувствуваат опуштено ниту родителите на децата што одат во основните училиште Димитар Миладинов, спроти зеленото пазарче, ниту пак оние чии деца се ученици во ОУ „Блаже Коневски“ во Аеродром, како и во кое било друго каде што е во прашање безбедноста на децата. Дополнителна сообраќајна сигнализација веројатно многу повеќе ќе ја зголеми безбедноста на децата, која, како што велат родителите, треба да им биде приоритет на градските власти. Градот Скопје во соработка со општината Центар периодов предвидува поставување сообраќајна сигнализација на улиците, чија цел е да ја намалат брзината на сообраќајот. Дел од причината за поставување сигнализација е да се намали брзината на сообраќајот на овие улици за да се овозможи побезбеден пристап до училиштата што се наоѓаат на територијата на градот Скопје. Како дел од овој проект за забавување на сообраќајот се улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкиевиќ. Но, според последните информации, во процес е изработка на основен сообраќаен проект за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на овие улици и поставување сообраќајна сигнализација на улиците во согласност со основниот сообраќаен проект, кој треба да се најде на дневен ред пред градските советници. Градот Скопје не ни одговори на прашањето кога би можело да се види новата сообраќајна сигнализација. Од друга страна, пак, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата велат дека учесниците во сообраќајот секојдневно се сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот. Тие велат дека не се почитуваат сообраќајните правила и прописи, сообраќајната сигнализација, а има и ниско ниво на култура, етика, толеранција, како и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот. Ваквата состојба резултира со голем број сообраќајки и голем број загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи. Анкетите на РСБСП покажуваат дека околу 50 отсто од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација. Но ова не смее да се случува на улиците по кои сега ќе се движат деца. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/улицата-васил-ѓоргов-опасна-за-пешаци/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршува реконструкцијата на бул.Крсте Мисирков(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес доста хаотично,беше затворена едната страна од бул.Кочо Рацин и околните улички беа преполни со возила.Веројатно се нанесуваше последен слој асфалт еве неколку денешни
![]() Во другата насока кон Верото се одвиваше сообраќајот ![]() Веројатно тука ќе има уште еден пешачки бидејќи искршија дел од средишната жардињера и денес асфалтираа ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Доцни реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“
Иако реконструкцијата на првата фаза од улицата „Индира Ганди“ започна на 18 јули, а беше најавено дека таа ќе биде завршена за 30 дена, сè уште не е готова. Како што истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов, имало проблем со населението. – Не се почитува сообраќајниот режим од страна на населението, па екипите не се во можност да работат. Привршува првата фаза од реконструкцијата. Од моментот кога ќе ја завршиме првата фаза ќе почне втората. Во завршна фаза е тендерот за втората фаза – одговори Шилегов. Тој потенцираше дека оваа улица не е реконструирана повеќе од 50 години. – Минатата година се работеше на канализацијата на улицата „Индира Ганди“. Ја изработивме во целост канализацијата во Шуто Оризари – информираше Шилегов. Оваа значајна сообраќајница треба да се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“. По повеќе децении се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата „Индира Ганди“, со цел да се обезбеди добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. За овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари. – Скопје заслужува многу подобра инфраструктура од онаа што ја затекнав кога дојдов за градоначалник и на тоа перманентно ќе работиме. Скопјани заслужуваат многу повисоки стандарди за живеење – изјави градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Индира Ганди“. Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Градоначалникот замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните. (А.П.) https://www.vecer.press/доцни-реконструкцијата-на-улицата-и/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршена е реконструкцијата на ул.Индира Ганди во Шуто Оризари и бул.Кочо Рацин во Центар(од фб)
![]() ![]() ---------------------------------------------------------- ![]() ![]() ![]() + неколку мои од булеварот,има оставено дополнителна трака поред тротоарот веројатно наменета за велосипеди но од денешната тура може да се види дека се користи за застанување и паркирање на возила Инаку го имаат поместено пешачкиот,но со стариот премин треба нешто да направат,да постават некаква ограда... ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Треба одма столпчиња да се постават покрај велосипедската патека.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 111112113114115 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |