|
![]() |
|
Урбана мафија - случај Кермес |
|
Post Reply
|
Page <12 |
| Author | ||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#21 Posted: 28-Oct-2009 at 15:42 |
|||||||||||||||||||
|
Трифке глуми жртва во целиов случај
![]()
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10289100282&id=14&setIzdanie=21822 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#22 Posted: 07-Dec-2009 at 14:52 |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#23 Posted: 08-Dec-2009 at 00:35 |
|||||||||||||||||||
![]() Документите може да се чисти ко солза, но оваа градба сепак ќе биде дива и дело на урбана мафија. Не сме паднати од марс за да не знаеме како се манипулираат урбанистички планови и како се добиваат дозволи. Ова не е ништо друго туку „Кинески Ѕид II“. Се надевам дека никогаш нема да се догради, туку дека што побргу ќе биде срушено тоа што досега е почнато. Воопшто не ме импресионираат жалопојките на Трифке. Со кој памет влегол во целава оваа работа? Се работи за градски парк побогу. ![]() |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#24 Posted: 15-Jun-2010 at 02:20 |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#25 Posted: 15-Jun-2010 at 02:28 |
|||||||||||||||||||
|
Да се работеше за автентична реконструкција немаше да ги има овие проблеми што сега има тенденција да се прикажат како опструкции. Објектот што почна да се гради ни од далеку не беше тоа што било Кермес. Мислам дека постапката треба да оди во насока Кермес да се стави под државна капа, да се избере проект соодветен автентичен и во согласност со управата за заштита на конкуренцијата и како таква да се продаде локацијата, или па изграден со концесии на десет дваесет години слично како Езерце. А автентична реконструкција може да се вклопи во Скопје 2014 како објект што потсетува со некои неокласични елементи.
![]() |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#26 Posted: 15-Jun-2010 at 03:10 |
|||||||||||||||||||
|
Она што Трифун ни го претставува како „обнова“ на Кермес, по многу основи наликува на „кинескиот ѕид“ кај стадионот.
А што се однесува до „аргументите“ на Трифке... - Прво, дури и да ги има сите хартии, тоа не значи дека сите процедури поминале легално. - Второ, дури и да ги има сите хартии, тоа не значи дека е прифатливо да никне уште еден монструм во паркот. - Трето, ако бил голем донатор, не значи дека треба да му се дозволи да прави што сака. Ако сака да биде запамтен по оние добри работи што ги направил, нека си ја признае грешката и нека дигне раце од оваа работа. Треба да се соочи со фактот дека не смееше да зафаќа со ваква „обнова“ на Кермес, со 20 пати поголем габарит од оргиналниот. Не знам колку ќе му вредат сите негови донации, доколку успее да изнуди онакво обештетување на грбот на овој народ. Edited by Cloverstack - 18-Jul-2011 at 22:14 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#27 Posted: 18-Jul-2011 at 22:35 |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#28 Posted: 01-Dec-2011 at 20:42 |
|||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
nouseforname
Senior Member
Joined: 16-Dec-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 156 |
Quote Reply
#29 Posted: 02-Dec-2011 at 02:30 |
|||||||||||||||||||
|
ksko moze zgrada sto postoela od pamtivek,koja padnala za zemjotresot sega da bide divogradba!!!!?????
steta ova bi bilo mn dobar dodatok vo parkot! |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
alexgizh
Moderator Group
Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
Quote Reply
#30 Posted: 02-Dec-2011 at 10:50 |
|||||||||||||||||||
|
Затоа што Трифке сакаше за три-четири пати да го зголеми, да го претвори во малтене хотел.
|
||||||||||||||||||||
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
Quote Reply
#31 Posted: 02-Dec-2011 at 11:15 |
|||||||||||||||||||
Кермес постоеше до пред 4-5 години, додуше беше руина последните 15 години, но не е точно дека бил срушен од земјотресот. Патем, Трифун ја злоупотреби својата положба и ја зголеми маркицата неколкукратно во сите 3 димензии.
|
||||||||||||||||||||
|
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#32 Posted: 18-Apr-2012 at 00:00 |
|||||||||||||||||||
|
Ни промакнала оваа вест од пред недела дена...
Просто неверојатно како систематски се работи на уништување на секое ќоше од градов, на сите можни начини. А за трагикомичниов пресврт во случајов со Кермез, излишни се било какви коментари. Во оваа држава едноставно нема никакви правила, баш никакви! После зградата-монструм кај стадионот и 200-метарската деловна „катна гаража“ што треба да се гради кај бараките на град Скопје, еве го и третото продолжение од серијалот кинески ѕид во паркот. Наздравје нека ни е и ова, па до следната епизода... ![]()
http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F625668316873B4194B002E122E714E8 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
Quote Reply
#33 Posted: 18-Apr-2012 at 00:25 |
|||||||||||||||||||
|
јас е прочитав ама во весник во кафана,па дома заборавив да ја препобарам веста на нет.
ова ми изгледа како пазар за `мир у куќи` |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
mirakuliks
Senior Member
Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
Quote Reply
#34 Posted: 18-Apr-2012 at 00:49 |
|||||||||||||||||||
|
Мене ми мириса како да моменталната власт и ТК нашле заеднички интерес. Имено не би ме изнендило ако објектот кој ќе се изгради во неокласичен стил, а во основа и оригиналниот проект чинам не беше многу поразличен.
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
Quote Reply
#35 Posted: 13-Mar-2020 at 08:04 |
|||||||||||||||||||
|
Кермес
Целта на ова интегративно студио беше да се интервенира во Градски парк – Скопје, поточно локацијата на ресторанот Кермес, култното место на старо Скопје. Кермес не само што претставувал скривалиште од летните горештини, туку и место кое се преплетува со природата, место каде и возрасните и децата уживале. И ако денес ја нема некогашната градба, местото сеуште е тука, сеуште ја има суштественоста на природната и создадена средина, интензитетот на специфичната флора и фауна на паркот, геометриската основа, аксијалите на барокната градина како и атмосферата на оваа зелена оаза во паркот. Нашиот концепт почна да се развива со идејата да се создаде една “лебдечка” структурa со елегантна завршница која ќе се надоврзи на постоечкиот Кермес и ќе се втопи во самото зеленило на паркот со што ќе се создаде чувство на смиреност и допир со природата. Како простор кој е од јавен карактер, воведивме нови содржини со кои би се вратил животот на ова место како и на целиот парк,а тоа се: ресторан, место за привремен престој, зелена кровна тераса, место за претстави и свирки на отворено како и место за одржување на летната школа за архитектура Бидејќи локацијата е во дел на паркот кој е доста фреквентен, пристапот до објектот е од сите четири страни.Кермес е издигнат од нивото на терен па пристапот од две страни е со рампи, а од две страни со мали мостови. Објектот се состои од 3 новоа во кои ги распределивме просторно-програмските содржини. Почнувајќи од подземното ниво кое и денес го има Кермес, го искористивме за ресторан кој е осветлен преку насипи кои се наоѓаат на јужната и северната страна. Приземјето е наменето за свирки, претстави на отворено, но и како музеј за историјата на Кермес, оставајќи на посетителите да ја почувствуваат оваа платформа со недовршени фрагменти на столбови и ѕидови. Првиот кат се состои од станбени единици кои се наменети за привремен престој, за гости во ресторанот или за студенти за летна школа за архитектура. Исто така на ова ниво се сместени содржините за социјализација и работа во групи.Самата структура која се надоврзува на Кермес е атриумски решена, односно на катот се појавуваат станбените единици со отворена тераса, а завршува со кровна тераса на која се пристапува преку скали. Самата бетонска завршница која ја има нашиот објект е поврзана со првиот кат од две страни преку амфитеатрални скали кои се комбинација од бетон и стакло, а од две страни со стакло, така што кога гледаме во оваа структура се рефлектираат дрвјата и зеленилото од паркот.Како една визуелна бариера се појавуваат бетонски столбови врз кои се потпира завршницата. Целосната интервенција се заврши со потези во однос на аксијалата исток-запад, така што следејќи го модулот, на западната страна на паркот поставивме трем, како урбан елемент кој е интегриран во паркот, но во една смалена верзија на самата структура на Кермес.
https://marh.mk |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
user8642
Senior Member
Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
Quote Reply
#36 Posted: 21-May-2020 at 00:58 |
|||||||||||||||||||
|
Да ги повикам тие анонимните граѓани што насадија трева на плоштад на парцелата од Шпански Скали, еве им прилика анонимно да го расчистат до темел руината Кермес и да се обезбеди континуитет на ливадата во градскиот парк, да не може да се препознае дека некогаш воопшто тука имало нешто. Еве му на Шилегов, ако некој близок чита нека пренесе, симпатичен потег што може да го направи за да добие симпатии од Скопјани, а не вреди ништо посебно да се расчити, нема голема инвестиција!
Воедно мора и малку актиуелна политика да умешам. Има еден ново појавен лидер на македонската политичка сцена на спектарот на радикалната левица, ама освен некој легалистички пристап (без многу свест за реал-политика и домашна и надворешна) пристап кој е претставен досега само преку иницијативи до уставен суд и тв дебати, јас не сум видел до сега реални некои радикално-левичарски акции. Немора државен удар да праи како неговите "колеги " од едни други генерации, доволно е еве му прилика еден викенд место членството да му лока пиво по клупи низ парк, да организира расчитување на кермес со чекани, токмаци и лопати, (ако сака и српови може да земат малку заради идеологија, малку заради ураснатите багреми и папрати). Неможе најголем политички дострел да биде "виде ли што му кажа на телевизија?!" Симболична борба против крупниот капитал кој владее со Скопје на криминален начин! Па у двор го имате случајов, не го користите, сте го заборавиле или до толку веќе ни се врежал во погледите да веќе сме се навикнале и не ни смета. Избори идат, идете расчистете го ѓубрето, вратете го паркот у рацете на Скопјани, кој смее нешто да ви каже кога ќе се појават макар и 30тина момци со лопата пред Кермес! На некое метафизичко ниво гледано, со истите тие лопати во исто време додека црпете шут, ќе ринете и гласови!
Мора да ги држиме некои прашања актуелни, ако ги забораваме, неможе да се очекува во никој случај резултати! Edited by user8642 - 21-May-2020 at 01:14 |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
Quote Reply
#37 Posted: 15-Oct-2020 at 07:29 |
|||||||||||||||||||
|
ЌЕ СЕ ВОЗБНОВИ „КЕРМЕС“ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
https://24.mk/details/kje-se-vozbnovi-kermes-vo-gradskiot-park |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
Quote Reply
#38 Posted: 15-Oct-2020 at 08:14 |
|||||||||||||||||||
Кога се локалните избори? |
||||||||||||||||||||
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
Quote Reply
#39 Posted: 10-Nov-2020 at 10:39 |
|||||||||||||||||||
|
ОЛГА КОСТОВСКА ПОВЕЌЕ НЕ Е ЧЛЕН НА БОРДОТ НА „НЕГОРСКИ БАЊИ“ - сакам целата своја енергија да ја посветам на обновата на Кермес
Олга Костовска од вчера повеќе не е неизвршен член на Одборот на директори на компанијата „Негорски бањи“. Овие податоци вчера беа објавени во Централниот регистар на земјава. Односно, со вчерашната промена, во Здравствената установа – природно лекувалиште „Негорски бањи“ АД од село Негорци, Гевгелија, Костовска излегува од Одборот на директори на компанијата, која семејствто на бизнисменот Трифун Костовски ја купи во далечната 2006 година, и се досега стопанисува со неа. За информација зошто повеќе не членува во Бордот, Фактор се обрати лично кај Олга Костовска, која ни одговори дека излегува од Управниот одбор на „Негорски бањи“ бидејќи сака целосно да се посвети на својот најнов проект, а тоа е обновата на објектот „Кермес“, кој од поодамна е во нејзина сопственост. „Во тој проект сакам да ја сконцентрирам целата своја енергија, капацитет и знаење, бидејќи тоа е проектот во кој ја гледам својата иднина. Практично, ќе биде обновен еден објект, една традиција која малкумина ја паметат од далечната 1919 година. Или поконкретно, ќе се роди еден нов објект делумно во своето старо руво, од еден Кермес од 1919 година, една наша историја и традиција која е градена 100 години и која можеби е малку подзаборавена, ќе добие сосема нова содржина. Практично, ќе се роди еден културен центар, една убава галерија која ќе обедини сериозни и реномирани уметници и ќе биде вистинско задоволство за посетителите. Така што, тоа е еден поголем и сериозен проект на кој целосно сакам да му се посветам“, вели Костовска за Фактор. Костовска открива дека во новиот Кермес секако дека би продолжил да функционира угостителскиот дел, по кој овој култен објект го паметеа многу скопски боеми, а е задржан во сеќавањата и на некои не толку стари генерации. Но, тој ќе биде надграден со една уметничка нота, со што се очекува да блесне во сосема нов лик. Засега не се открива колку средства ќе бидат инвестирани во обновата на Кермес. Но, според Костовска, ќе биде потребно да помине околу една година за да го очекуваме отворањето на возобновениот објект. Како што е познато, некогаш култниот Кермес беше практично во урнатини цели 15 години. Олга Костовска вели дека објектот е во нејзина сопственост. Инаку, постоеше спор со градот за дел од парцелите околу објектот, но тој конечно завршил во полза на сопственикот. Костовска нагласува и дека целиот состав на Одборот на директори на „Негорски бањи“ и натаму останува истиот, така што, како што вели, нејзиното излегување оттаму нема апсолутно ништо да промени. Пред повеќе од 14 години, односно во далечната 2006 година, во јуни, швајцарската компанија „Гофи“ во која главни акционери се семејството Костовски, стана сопственик на над 52 отсто од акциите на „Негорски бањи“, преку три блок трансакции. Новиот сопственик за овој дел од „Негорски Бањи“ тогаш плати 32 милиони денари или околу 500.000 евра. А, според информации што Фактор ги има објавено за 2016 година, компанијата „Негорски бањи“ работела сосема успешно во тој период. Односно, во таа година оваа бања имала приход од 98,16 милиони денари односно околу 1,6 милиони евра. Добивката на компанијата изнесувала 9,8 милиони денари односно над 150.000 евра. Или, добивката била 10 отсто од приходите од продажба. Инаку, во интервју кое за Фактор го даде Трифун Костовски кон крајот на минатата година, тој рече дека неговите други бизниси, меѓу кои и „Негорски бањи“, освен банката за која и тогаш беше познато дека не е во кондиција, се во добра состојба. „Останатите бизниси се во добра кондиција. Бањата е профитабилна (се мисли на Негорски бањи-н.з.), „Култура“ е профитабилна, Еуролинк осигурување е профитабилен (интервјуто беше правено пред продажбата на Еуролинк осигурување - н.з)., единствено банката се соочуваше со проблеми, кои претежно се должеа на лоша кадровска политика и лоша изложеност на банката“, рече тогаш Костовски. А како што е познато и како што веќе пишуваше Фактор, кон крајот на март годинава австриската Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување, која дотогаш беше раководена од Олга Костовска, и која важеше за еден од најуспешните бизниси на семејството Костовски. За Еуролинк осигурување Граве плати сума од 17,5 милиони евра. На 12 август годинава, пак, Народна банка на Македонија и ја одздде дозволата за работа на Еуростандард банка, сопственост на бизнисменот Трифун Костовски и неговиот син Коста, по што врз банката беше отворена стечајна постапка. https://faktor.mk/olga-kostovska-povekje-ne-e-chlen-na-bordot-na-negorski-banji---sakam-celata-svoja-energija-da-ja-posvetam-na-obnovata-na-kermes |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
stef4o
Moderator Group
Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
Quote Reply
#40 Posted: 02-Sep-2021 at 14:43 |
|||||||||||||||||||
|
ОД ТРИФУН КОСТОВСКИ НЕ Е БАРАН РУШВЕТ Општина Центар се брани од тенденциозната изјава за „Кермес“
Соопштението на Општина Центар, реакција колумната на Трифун Костовски под наслов „Е нема, не давам рушвет за ‘Кермес’!“, го објавуваме во целост: Почитувани, Во интерес на вистината, а спротивно на тенденциозните тврдења на господинот Трифун Костовски, ниту градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ниту било кој во општината, на било каков начин не побарал никаков „рушвет“ на никого, па ниту на господинот Костовски. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ бр. 51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), а како дел од постапката за изработување и донесување на Деталниот урбанистички план Градска Четврт З 12 – Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје, беше одржана јавна анкета по предлог-планот во ООУ „Коле Неделковски“ во периодот од 21.1.2020 до 31.1.2020, на која што сите заинтересирани физички и правни лица можеа да достават забелешки и предлози на анкетни листови. По завршувањето на јавната анкета и изработениот извештај од одржаната јавна презентација и јавна анкета, согласно Законот, предлог планот со вградените прифатени забелешки беше испратен до Град Скопје, како надлежна институција за издавање позитивно мислење. Планот е сѐ уште во фаза на добивање на позитивно мислење од Град Скопје, бидејќи во текот на постапката, Градот одлучил урбанистичкиот план за градската четврт да го замени со Регулациски план, а неколку месеци по донесувањето на Регулацискиот план, да го поништи истиот. Овој процес резултира со континуирано враќање на ДУП-от на усогласување со наведените документи. Во планот кој во моментов е во изработка, вцртани се и градежната парцела, и површината за градба, односно во целост се вратени условите за градба врз основа на кои и е добиено предменото одобрение. За споредба, во планската документација која во моментов е на сила, за предметната локација не се зададени никакви услови, бидејќи градбата е означена како бесправна – дивоградба. Дополнително, самиот сопственик до Град Скопје, и последователно до Општина Центар, доставил барање за промена на намената од големи угостителски единици во објект од областа на културата со галериски простор, што повлекува дека одобрението кое се проблематизира самиот сопственик планирал да го поништи, а како би добил ново согласно сопственото барање. https://plusinfo.mk/od-trifun-kostovski-ne-e-baran-rushvet-opshtina-centar-se-brani-od-tendencioznta-iz-ava-za-kermes/ |
||||||||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||||||||
Post Reply
|
Page <12 |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |