![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 126127128129130 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА БОЦА ИВАНОВА, ВО БУТЕЛ
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Боца Иванова, во општината Бутел, на потегот од кружниот тек до улицата Лазар Трповски. Оваа улица, заедно со улицата Лазар Трповски, чијашто реконструкција ќе биде изведена исто така до крајот на годинава, се исклучително фреквентни улици. Тоа се улиците кои водат до влезовите на градските гробишта „Бутел“ и кои ги спојуваат општините Бутел и Шуто Оризари, што ја чини потребата од нивна реконструкција повеќе од неопходна. За потсетување, годинава реконструиравме и дел од улицата Александар Урдаревски која се наоѓа во непосредна близина, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот Босна и Херцеговина. Булеварот Христијан Тодоровски Карпош веќе неколку месеци активно го користат нашите сограѓани од северниот дел на градот кои сега благодарение на овој булевар побргу стигнуваат и до обиколницата и до централното градско подрачје. ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вака изгледа улицата Џон Кенеди пред почетокот на реконструкција. Фотографијата нека биде за потсетување и споредба со она кое денес почнуваме да го правиме на оваа улица, а резултатот ќе го видиме по месец дена.
![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СО РЕКОНСТРУКЦИЈАТА, УЛИЦАТА ЏОН КЕНЕДИ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ И ОСЛОБОДЕНИ ТРОТОАРИ Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, за помалку од два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на коловозот на оваа значајна сообраќајница, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. На оваа делница во наредниот период ќе бидат изградени и велосипедски патеки, ќе се заменат оштетените рабници и ќе се изврши нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од 1.123 метри о реконструкцијата, улицата Џон Кенеди ќе биде 5-та сообраќајница на подрачјето на Чаир со оформени велосипедски патеки, по улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина Добиваме позитивни реакции од граѓаните од северниот дел на Скопје, покрај реконструкцијата на улицата Џон Кенеди наредната недела ќе почнеме со обнова и на улицата Македонско-косовска бригада. Веќе е изграден булеварот Христијан Тодоровски Карпош, се гради булеварот Босна и Херцеговина, а изграден е и кружен тек во Чаир – со една цел, како стратегија на градот, да обезбедиме рамномерен развој на инфраструктурата зашто овој дел од Скопје бил надвор од плановите за какво било дејствување. Кога е инфраструктурата во прашање сите граѓани на Скопје треба да имаат исти услови - рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. Вредноста на проектот за обнова на улицата Џон Кенеди изнесува околу 25,8 милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Стартува изградбата на Кружниот тек во Волково
Конечно се решава деценискиот сообраќаен проблем на околу 10 000 жители на Волково, 500 на Орман, 1200 на Никиштани, 200 жители на Кучково, а се олеснува комуникацијата и поврзувањето на транзитниот сообраќај кон Град Скопје како и кон магистралниот пат за Косово. Рок на изведба на Кружниот тек е 90 дена. ![]() ![]() https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кој е виновен за гужвата во скопскиот сообраќај?
Колку повеќе се зголемува бројот на возилата во Скопје, толку потешко станува движењето низ градот со автомобил. За да бидат работите уште понеподносливи, огромен дел од возачите и самите ги отежнуваат околностите во кои се одвива сообраќајот, непочитувајќи ги сообраќајните правила, на коишто инаку се согласиле во моментот кога ја земале својата возачка дозвола. Јавен превоз Возилата од јавниот превоз (како и возилата на прва помош, возилата на полиција, возилата на противпожарната служба) спаѓаат во посебна категорија на привилегирани возила, на коишто би требало да им се даде предност во движењето. Но, тоа во Скопје не се случува. Ретко кој ги „рецка“ автобусите на ЈСП, како и оние приватните. Ретко кој запира, за да им овозможи да се приклучат во сообраќајот, после нивното застанување. Кога би биле малку повнимателни кон овие возила, многу би го подобриле текот на сообраќајот и би ги скратиле паузите, со кои тој се одвива. Несовесно управување со возилото без користење на трепкачи Трепкачите служат за, на останатите учесници од сообраќајот, да им навестите во која насока планирате да продолжите да се движите, за тие пак соодветно да го прилагодат нивното движење. Кога се движите во пресрет на споредна уличка, кон која планирате да завртите, „дајте жмигавец“, за другите да знаат што имате намера да направите следно. Вашето движење е јавно и нема зошто да не најавите дека планирате да се исклучите од главна улица и да продолжите да се движите по споредна. Плус, со давањето „жмигавец“, помагате околното движење да се адаптира на вас со време, а не во последниот момент. Давањето „жмигавец“ сфатете го како кажување „благодарам“, „здраво“, „чао“… толку е неопходно! Давајте „жмигавец“ кога претекнувате, кога преминувате од една сообраќајна лента во друга, кога застанувате… давајте „жмигавец“ секој пат кога, тоа го налагаат сообраќајните правила. Пешаци, насекаде! Пешаците би требало да ги преминуваат сообраќајниците на специјално означени зони, а не каде што ќе им текне. Зоните се измислени за да се зголеми безбедноста при движењето на пешаците на фреквентните места. Возачите знаат дека треба да внимаваат кога ќе се доближат до означените зони за пешаци, а пешаците знаат дека слободно можат да ја преминат сообраќајницата на тие зони. Нема „ми се брза“, нема „немам време“, нема „ме мрзи“! Ако сакате да видите како изгледа кога ова правило не се почитува, застанете 5 минути на Бит пазар и сè ќе ви стане јасно. Луѓе, како спобудалени трчаат на сите страни. Прескокнуваат тревници, разговараат на сред сообраќајница, се спремаат да скокнат од страничните садници, маневрираат со велосипеди… лудило! Непочитување на сообраќајните знаци и правила Ова е само надоврзување на проблемот со трепкачите. Ако сакаш да учествуваш во сообраќај, мора да ги знаеш правилата на игра. Ја прилагодуваш брзината на соодветните сообраќајни знаци за ограничување на брзината на движење. Не запираш на места на коишто е забрането запирањето. Не паркираш на места на коишто е забрането паркирањето. Не вртиш полукружно на двојна полна линија, зашто тоа би му дошло исто како да вртиш полукружно низ ѕид. Не „претицаш“ каде што „претицањето“ не е дозволено. Не возиш лудачки, по сообраќајница на која често има пешачки зони. Општа нетрпеливост и нервоза Ова веројатно се должи на сè што наведов претходно. Знам дека најчесто е полесно да опцуеш некој на сообраќајница, отколку да му се спротивставиш на шефот, ама дајте луѓе олабавете се! Никој не ви е крив што сте се успале утрово, па ви се брза, ви се ита! Никој не е виновен што не смета дека треба да тргне за време на жолтото светло на семафорот, зашто, ако не сте знаеле, се тргнува на зелено… Никој не сака да ги „крка“ вашите „бедови“. https://skopjeinfo.mk/koj-e-vinoven-za-guzhvata-vo-skopskiot-soobrakjaj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Наскоро реконструкција на булеварот „8 Септември
![]() По спроведената тендерска постапка, Градот склучи договор со фабриката „Карпош“ за реконструкција на булеварот „8 Септември“. Ќе се работи на потегот од крстосницата со булеварот „Илинден“, со крстосницата со улицата „Скупи“, во должина од 800 метри. – На овој дел од булеварот ќе се врши целосна реконструкција со нов асфалт, реконструкција на тротоарите каде има оштетување, нивелирање на шахти и сливници – одговорија од Градот Градежните работи ќе започнат наскоро и треба да завршатво рок од 40 календарски денови, а реконструкцијата ќе чини над 43 милиони денари. https://www.vecer.press/наскоро-реконструкција-на-булеваро/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД ДЕНЕСКА СЕ РЕКОНСТРУИРА И ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА ЛАЗАР ЛИЧЕНОСКИ
Екипите на Град Скопје од денеска ја реконструираат улицата Лазар Личеноски, на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот Никола Карев, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници. Откако минатата година ја завршивме првата фаза од обновата на оваа улица, од булеварот Гоце Делчев до СРЦ „Кале“, со завршувањето на оваа фаза од реконструкцијата може да кажеме дека целосно е обновена една од двете улици кои околу скопското Кале ги поврзуваат булеварите Гоце Делчев и Никола Карев како едни од најфреквентните во градот. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици е во полн ек. Само за две недели почнавме реконструкција на 6 постојни и изградба на една нова улица, во неколку општини на територијата на Скопје. Затоа, однапред замолувам за разбирање за сообраќајниот метеж кој се создава како последица на неколкуте активни привремени режими на сообраќај што се воведени заради градежните активности – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. За реализација на проектот за обнова на улицата Лазар Личеноски – втора фаза ќе се одвојат околу 17,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена. Шилегов додаде дека реконструкциите на градските сообраќајници ќе бидат завршени во рекордно кратки рокови. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Покрај постоечкиве, тендерите се завршени и за следниве две улици: (врска тука)
1. Александар Македонски, го поделиле нормално на фази ![]() 2. 8 Септември, делница ул. Скупи-бул. Илинден 3. Македонско-косовска Бригада, делница ул. Втора Македонска Бригада-бул. Никола Карев |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Каде се кружниот тек кај Хубо? и Клучката МоминПоток? Нема никаква најава за двете, а двете беа дел од програмата и се исклучително потребни за гужвите во овој дел од градот.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
И ул. Никола Карев (Аеродром) ја има, како и тендер за идејно решение за бул. Александар Македонски од клучка Бит Пазар до ул. 16 Македонска бригада. За ул. Македонско-Косовска бригада нели најавија проширување од бул. Босна и Херцеговина до ул. Џон Кенеди? Тендерот инаку вели.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Semir ![]() Newbie ![]() Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
Да, на тендерот пишува до 2-ра Македонска Бригада. Инаку од 2-ра Мк бригада до Бул. Босна и Херцеговина има уште само помалку од 300м. А тие 300м моментално се најбитни бидејќи се најтесниот дел и има многу гужва поради Поинт Ретаил и Вива Фреш. За да ги поминеш тие 300м потребни се најмалку 5 минути..
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ја вметнале и Васил Ѓоргов(чинам ја немаше во априлските најави)
--------------------------------------------------------------------- Почна градежната офанзива на градските сообраќајници вредна 760 милиони денари До крајот на годината предвидено е да завршат постапките за јавни набавки и да започнат изградбите и реконструкциите на следните сообраќајници: бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, бул. Никола Карев (Пластичарска), бул. Киро Глигоров, бул. 11 октомври, ул. Македонско-косовска бригада, ул. Васил Ѓоргов, ул. Благоја Стефковски, ул. Лазар Трповски, ул. Љубљанска (со мост преку Вардар до ул. Скупи, а подоцна до бул. Словенија) и други. Интензивно се работи на втората фаза од изградбата на бул. АСНОМ (мостот преку Вардар), втората фаза од изградбата на булевар Босна и Херцеговина, реконструкцијата на ул. Александар Урдаревски и на улицата Индира Ганди. https://vecer.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вака изгледа булеварот Александар Македонски пред почетокот на реконструкцијата. Видеото нека биде за потсетување и споредба со она што денес почнуваме да го правиме на овој булевар, а резултатот ќе го видиме по два месеци.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov/videos/988873074961000 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна реконструкција на бул. „Александар Македонски“ на источниот влез во Скопје
Град Скопје почна реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба во делот на источниот влез во главниот град, откако минатата година беше реконструиран и западниот. Должината е 5,3 километри – од клучката кај Хиподром до крстосницата кај Скопски саем во Автокоманда. -Ова е еден извонреден потег, поголем од пет километри. Ги замолувам граѓаните да имаат трпение, ќе работиме деноноќно со цел источниот влез да го оспособиме што е можно побрзо и да се префрлиме на излезот од Скопје, од другата страна, за да се избегнат гужвите. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години, во добар дел булеварот е во очајна состојба, изјави градоначалникот Петре Шилегов. Додаде дека во главниот град е во тек градежна офазнива, се работи на 23 улици и зимата, како што рече, ќе ја пречекаме со обновена речиси цела инфраструктура на која се работеше лани и годинава. Градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски посочи дека се работи за капитален проект, очекува да заврши од 40 до 60 дена и апелираше до сите учесници во сообраќајот дека може да ги користат и алтерантивните влезови од источната страна на Скопје, како обиколницата и улицата „Благоја Стефковски“ за сообраќајниот метеж да се намали за време на реконструкцијата. -Ова е ќе биде пример како може по 40 години да се направи добра реконструкција, а не со крпење и закрпување како во изминатиот период и решение за влезот од исток еднаш да биде ставено во целосна функција, рече Георгиевски. https://opserver.mk/makedonija/opstini/pochna-rekonstrukcija-na-bul-aleksandar-makedonski-na-istochniot-vlez-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БУЛЕВАРОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СЕ РЕКОНСТРУИРА - ЗА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЕ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ
Екипите на Град Скопје денеска почнаа градежни активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. - Градот Скопје почнува со голема реконструкција на булеварот Александар Македонски, односно источниот влез во нашиот град. Во текот на минатата година го завршивме западниот дел, сега ќе го средиме источниот дел, и тоа од крстосницата кај Хиподром до поранешен саем во Автокоманда. Ова е потег поголем од 5 километри, ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение во однос на сообраќајните гужви бидејќи во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и ќе го пречекаме зимото со целосно обновена инфраструктура во изминативе 2 години. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов. Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат 3 различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации. Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици се одвива со забрзана динамика. Шилегов упати апел до граѓаните да ги почитуваат воведените привремени сообраќајни режими во повеќе делови во Скопје. . На почетокот на градежните работи за реконструкцијата на булеварот Александар Македонски, присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нервозни возачи му свиреа на Шилегов – летото заврши, па почна реконструкцијата на најфрекфентниот булевар
https://tv21.tv/mk/nervozni-vozachi-mu-svirea-na-shilegov-letoto-zavrshi-pa-pochna-rekonstruktsijata-na-najfrekfentniot-bulevar/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје: Користете алтернативни рути додека се реконструира булеварот „Александар Македонски“
Град Скопје информира дека е во тек голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици, па поради тоа граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот „Александар Македонски“ во општина Гази Баба. -Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населба Радишани, преку новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населба Визбегово кон Момин Поток и населба Волково кон општина Ѓорче Петров, објаснуваат од Градот. Реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“ е на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. -Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов, велат градските власти. Град Скопје уште еднаш апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги почитуваат новонастанатите услови на патот како и посебните сообраќајни режими со кои се регулира сообраќајот за време на реконструкцијата на булеварот каде ќе се работи деноноќно. https://tv21.tv/mk/grad-skopje-koristete-alternativni-ruti-dodeka-se-rekonstruira-bulevarot-aleksandar-makedonski/ |
|
![]() |
|
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
Вчера започна реконструкција на источниот влез во Скопје во двата правци односно булеварот Александар Македонски на потегот од Хиподром до Скопски саем во должина од околу 5,5км. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/koristete-ja-obikolnitsata-za-vlez-vo-skopje-koga-se-rekonstruira-ulitsa-normalno-e-da-ima-guzhva-velat-od-grad-skopje/?fbclid=IwAR3BuWmMLnJoZqa9w0BmMz9h5bjERf6iLxrJrkKCWT6PIiEgp86Z2GTbGPE#.X1TAEH5HaoU.facebook
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Мора са се каже дека реконструкцина на особено бул. Александар Македонски и ул. Џон Кенеди се за поздравување.
Edited by my Macedonia - 06-Sep-2020 at 12:58 |
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Се надевам ќе го средат и најнебезбедниот пешачки премин во светот, кадешто шансите да те збрише некој со 120 км на саат се 50-50. На тој непрегледен дел, кадешто иако ограничувањето е 50 кмч, сите летаат како ненормални, а од дрвцата едвај се гледа дали има потенцијален пешак е потребно да се изгради подигнат и проширен пешачки премин во вид на лежачки полицаец, мост или да се постави семафор.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 126127128129130 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |