![]() |
![]() |
![]() |
Разно |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 34> |
Author | ||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Верувам ова би опфаќало велосипедски патеки? Зошто не ги објавуваат јавните презентации на основни проекти на интернет?
ШИЛЕГОВ: ЗЕЛЕНИТЕ КОРИДОРИ НА ЛЕПЕНЕЦ И СЕРАВА СЕ НАСЛЕДСТВО КОЕ ЌЕ ИМ ГО ОСТАВИМЕ НА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ
skopje.gov.mk |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Ќе ви сликам како делува Лепенец моментално деновиве во деловите од ЖС „Ѓорче Петров“ до Орман
![]() Да, може да се среди, но за нашиве власти е проект на векот ![]() |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Супер би било ако се реализира и одржува. Може и поврзувачка патека помеѓу Лепенец и Серава долж обиколница.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ова го приметив и јас минатата недела кога одев накај Сити Мол зад бензинската на Окта на Партизанска но еве и по фб почна да се збори за тоа сепак немам точно инфо за што се работи некои велат хотелче,некои некаква доградба на Окта а некои извадиле план од местото каде што е вцртан објект со висина од 18 метри...?
![]() Извадок од планот ![]() https://www.facebook.com/groups/883203825068334 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Што намена е Е2? Тоа е маркицата за објектот што се гради до Окта на Партизанска ![]() |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Малце големо како за трафостаница, а две бензиски пумпи, една до друга, малце не иде. Најверојатно катна гаража е.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Еве извадок од еден фб коментар во врска со градбата ![]() https://www.facebook.com/groups/883203825068334/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
И која е таа нова локација за администрацијата на Град Скопје?
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Бившата ЕВН каде ги тргнааа скелињата,треба наскоро да го презентираат проектот за обнова на фасадата и потоа да ја изведат па да се вселат...јас така знам не сум го слушал целото интервју можеби грешка сум?? |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Шилегов за одржување на градските часовници планира да искешира 40 илјади евра
![]() Град Скопје распиша јавна набавка за одржување на јавно осветлување и градски часовници. Како што информираат од Градот, во претходните години ова беа паралелни јавни набавки, каде посебно се распишуваа тендери за повеќе услуги. – Годинава се распишува за заедничка услуга, но истата (јавната набавка) е деллива, каде еден оператор може да аплицира за еден или сите делови од истата – објаснуваат градските власти. Овој јавен повик има 3 дела: одржување на други објекти (улично и булеварско осветлување), јавно осветлување и осветлување на градски објекти (централно градско подрачје, мостови, Кале)…, како и одржување на градски часовници. Проценетата јавна набавка изнесува околу 70 милиони денари, а финалната цена ќе се одреди преку е-аукција. Проценетата вредност само на одржувањето на градските часовници е околу 2,4 милиони денари (40.000 евра) без ДДВ, одржувањето на други објекти е околу 3,8 милиони денари без ДДВ, а делот за јавно осветлување и осветлување на градски објекти е проценета на околу 53 милиони денари без ДДВ. Градските власти велат дека тековно ги одржува уличните часовници и дека тие редовно се сервисираат доколку покажат некаков дефект во работењето. – Покрај одржувањето се врши и корекција при сезонските менувања на сметањето на времето. Екипите задолжени за нивно одржување редовно ги следат и доколку има потреба ги сервисираат – потенцираат од Градот. Во моментов има 16 градски часовници поставени на градските булевари. Од Градот велат дека од аспект на дефекти често имаат случаи и на намерно уништување на урбаната опрема и останатите материјални добра на Град Скопје, каде честа мета се штети на зелените површини, инсталациите за наводнување, столбови за осветлување, директна кражба на расадите, палење на контејнери, оштетување на сообраќајните знаци… https://www.vecer.press/шилегов-за-одржување-на-градските-час/ |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Јас колку што слушнав во интервјуто, не кажа конкретно туку рече дека ќе дознае јавноста набрзо. Во овој случај (да се префрлат во зградата на ЕЛЕМ) тоа значи дека ќе треба да ја откупат или да бидат под кирија. |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Кој е проблемот со руглово среде Куманово? ![]() Edited by Staro Skopje - 23-Oct-2020 at 22:20 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() секогаш ќе има нешто, ако имаа надлежност или повеќе инспектори, тогаш изговорот ќе биде дека продавачите се некаква повредена социјална структура што преживува за леб... ако нема никој волја, нема ни да се реши проблемот никогаш |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Трепкачите не трепкаат и кога треба да трепкаат
Тренд на сЀ поретко користење на покажувачот на насоката на возилата Користењето на трепкачите во сообраќајот се чини дека повеќе не е во мода. Сѐ повеќе возачи, кога вртат лево или десно, не ги вклучуваат трепкачите, па предизвикуваат забуна меѓу другите учесници во сообраќајот низ улиците. Исто е и со користењето на четирите трепкачи, кои се вклучуваат при вонредно застанување на улица или на отворен пат. За жал, од реалноста, но и од сведоштвата на нашите соговорници може да се заклучи дека игнорирањето и запоставувањето на обврската да се користат трепкачите често е причина за сообраќајна незгода, а уште полошо е и тоа што многумина од новопечените возачи воопшто не знаат кој трепкач треба да се вклучи за насоката кон која се движат. Па, така, додека возилото врти лево, еден од трепкачите покажува свртување надесно. Низ улиците, особено на скопските, се случува вистинско шаренило од бои. Некој смета дека итно му е потребен простор за движење, па се движи со поголема брзина од дозволената со вклучени четири трепкачи, друг, пак, воопшто не ни вклучил трепкач за да сигнализира дека ќе го смени правецот на движење, додека трет, пак, го промашил правецот на движење во однос на трепкачот што го активирал. – Сѐ почесто возачите ги игнорираат трепкачите. Сметаат дека нема потреба да им сигнализираат на возилата зад нив дека ќе вртат и каде ќе вртат. Така, на двапати имам удрено возило пред мене и јас излегувам виновен затоа што сум удрил одзади, иако тој пред мене имаше вклучено погрешен трепкач. Уште посмешно е што кога веќе ќе се случи несреќата тие тогаш ги вклучуваат трепкачите за да се види дека сигнализирале, за да не излезат виновни. За жал, не може никако да се докаже вистината – вели Раде Цветановски, жител на Железара. Тој вели дека е возач повеќе од 40 години и се жали особено на младите возачи, кои немаат навика да ги употребуваат трепкачите. – На една девојка ѝ застанало возилото среде возење навечер. И девојката комотно си излегла од возилото и не ги вклучила четирите трепкачи, кои во тој случај треба да се вклучени за да им сигнализираат на другите возачи дека има возило што не се движи на патот. Среќа е што не возам брзо, па сфатив дека возилото пред мене не се движи – вели тој. Проблем немаат само возачите. И пешаците и велосипедистите мака мачат со несовесните возачи на кои им е проблем да вклучат трепкач. – Јас си чекам зелено светло на семафор. Тие од спротивната страна имаат дополнително зелено светло доколку вртат кон мојот правец. Кога и ним и мене ми е зелено, се соочувам со опасности, затоа што одеднаш гледам дека автомобил доаѓа кон мене. Возачот воопшто не се потрудил да вклучи трепкач, па јас навистина не можам да знам кој во кој правец планира да се движи – вели Јордан Живкоски. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека досега се немаат случено сообраќајни незгоди како последица на користење или некористење на трепкачи. Такви инциденти се случуваат, но не се пријавуваат. – Од извршените проверки во евиденциите на Секторот за внатрешни работи – Скопје може да се види дека нема извршено увиди со наведената причина на употреба или неупотреба на прикажувачи на правци – трепкачи – велат од МВР. Оттаму додаваат дека во согласност со Законот за безбедност на патниот сообраќај овие прекршувања се регулирани во членот 62 од законот. – На јавен пат возачот е должен да ги вклучи покажувачите на правци на возилото, а особено: ако врши предупредување на други учесници за опасност во сообраќајот, во услови на намалена видливост (густа магла, чад и слично), ако е последен во колоната на возила запрена на пат надвор од населено место, освен ако колоната запрела заради постапување според сообраќаен знак или правило со кое се регулира сообраќајот и ако запре на коловоз, освен во случај на паркирање на обележано паркиралиште, односно поради постапување по сообраќаен знак или правилата во сообраќајот – се вели во ставот еден од членот 62. Според ставот два од членот, мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода во согласност со одредбите од овој закон, на возачот што постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/hronika/трепкачите-не-трепкаат-и-кога-треба-да/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Незнам која нишка е соодветна,незнам што ќе биде ама добива висина ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/883203825068334 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Див пазар со месеци расте до амбулантата Пролет, надлежните не реагираат!
![]() Во близина на амбулантата Пролет, од двете страни на булеварот „Трета македонска бригада“ со месеци како се повеќе расте див пазар со продажба на секаков зеленчук и овошје од паркирани камиони на самиот коловоз. Жители од овој дел на градот се жалат дека сцените се како во некоја заостаната африканска држава, за што до редакцијата на весникот ВЕЧЕР испратија фотографии од дивиот пазар. – Моламе за помош преку анимирање на јавноста за надминување на следнава состојба која се случува цела една година сред Скопје, а последниов период и ескалира. Ваквата состојба не само што е илегална, а и некоректна кон сите продавачи на пазарите кои плаќаат закуп на тезга, туку претставува огромна опасност од ширење инфекции со оглед дека наоколу се расфрла скапаниот зеленчук и овошје, а и продавачите вршат нужда во близина. Исто така, овој див пазар претставува и опасност по безбедноста на сообраќајот со оглед дека камионите од кои се продава се паркирани на тротоарите и коловозот, додека купувачите, исто така, паркираат на едната од двете расположливи сообраќајни ленти на булеварот и го блокираат нормалниот проток на возило на една од најпрометни градски сообраќајници – се вели во реакцијата на жители. За овој проблем реагирале, како што велат, безброј пати во Град Скопје и во градскиот инспекторат, но оттаму нема никаков одговор ниту реакција. – Напротив, со секој ден дивиот пазар се повеќе се шири и во моментов се седум камиони од кои се продава, сето тоа непосредно до Државниот инспекторат за храна чии канцеларии се веднаш позади еден од камионите и спроти полициската станица Пролет и на неполн километар од строгиот центар на градот – велат револтирани жители. https://www.vecer.press/див-пазар-со-месеци-расте-до-амбуланта/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Знае некој што спремаат тука?
![]() ![]() https://www.facebook.com/gamagradba.mk |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 34> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |