Возен парк (ЈСП - двокатни автобуси) |
Post Reply | Page <1 87888990> |
Author | ||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1761 Posted: 19-Jun-2021 at 11:08 | |
Се запали автобус на ЈСП (ВИДЕО)
17/06/2021 Автобус на ЈСП од двоспратните кинески, се запали во близина на железничката станица во Скопје. Причината на позарот не е позната, а повредени лица нема. Се запалил моторот, и пожарот е локализиран од страна на противпожарната бригада, инфомираат од МВР за ТВ21. https://mk.tv21.tv/se-zapali-avtobus-na-jsp-video/ |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #1762 Posted: 20-Jun-2021 at 15:23 | |
Го видов автобусов, отпишан е, преостанува само да го канибализираат за одредени делови. |
||
Tooold
Groupie Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
Quote Reply #1763 Posted: 20-Jun-2021 at 16:08 | |
Кинески ѓубриња загадувачи
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1764 Posted: 20-Jun-2021 at 18:02 | |
Да не знаеш на која линија возеше? Инаку во многу лоша состојба се кинеските изгледаат како да се по 20-25 години стари,многу се и однадвор исчукани,со свиткани браници,удрени одзади и ништо не санираат. |
||
Cloverstack
Admin Group Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply #1765 Posted: 20-Jun-2021 at 21:16 | |
Не знам |
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1766 Posted: 23-Jun-2021 at 01:04 | |
исто уште од кога ги купија, во првите години, во некои од автобусите имаше ненормално јаки вибрации, небаре се возиш со санос од 68ма |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1767 Posted: 15-Aug-2021 at 16:21 | |
За жал ова е состојбата со поголем дел од кинеските автобуси,дел се тотално демонтирани веројатно да се закрпи некој дел за оние што се во функција
https://www.facebook.com/burevesnik.net |
||
гитардемон
Senior Member Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
Quote Reply #1768 Posted: 15-Aug-2021 at 16:28 | |
Добро, реално при крајот на животниот рок вака и со авиони се прави. Разликата е што овие не треба да се при крај на животниот рок. Веројатно нема од каде да се нарачуваат резервни делови. Би се чекало со месеци. Затоа (како во авиокомпаниите) треба на лагер да има многу многу делови.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
user8642
Senior Member Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2026 |
Quote Reply #1769 Posted: 15-Aug-2021 at 17:19 | |
А можда и е само намерно да се запустат заради тоа што вмро ги купи, и тоа кинески. А и па не е некоја голема штета имајќи во предвид дека коефициент на ефикасност патници/литри/часови им е 4 пати поголем од нромален автобус. Оперативните трошоци за стариве надминуваат потенцијална капитална инвестиција во нови, така да нема голема штета.
|
||
zabegan
Senior Member Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
Quote Reply #1770 Posted: 17-Aug-2021 at 21:49 | |
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #1771 Posted: 30-Nov-2021 at 07:51 | |
СЕ ЗАПАЛИ ДВОКАТЕН АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Попладнево околу 18.30 часот се запали двокатен автобус на ЈСП „Скопје“. Автобусот бил со 40-тина патници, но нема повредени поради навремената и брза интервенција на возачот. Како што велат од јавното претпријатие автобусот сообраќал на линијата 7 и се движел од Лисиче кон Центар. Во близина на фарбиката „Раде Кончар“ на булеварот Трета македонска бригада, возачот на ретровизот забележал чад од задниот дел на автобусот. Веднаш застанал, ги евакуирал сите патници од автобусот и била повикана Пожарната бригада на Град Скопје. „Пожарот избувнал кај моторот и ја зафатил инсталацијата. За многу кратко време е изгаснат од пожарникарите и освен материјална штата, нема повредени патници“, велат од ЈСП „Скопје“. Екипи на Министерството за внатрешни работи направиле записник, а се чека увид и од Јавен обвинител и крим техника. Ова не е прв пат да се запали кинески двокатен автобус. Пред две години се запали автобус на линијата 5 во населбата Ѓорче Петров. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-zapali-dvokaten-avtobus-na-jsp-skopje-nema-povredeni/ |
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #1772 Posted: 30-Nov-2021 at 09:22 | |
Автобусиве коштаа 60 милиони евра, а веќе сме на пат да се заменат, после 11 години служба...
|
||
Тркало
Senior Member Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
Quote Reply #1773 Posted: 08-Dec-2021 at 21:47 | |
Какви им се ескплоатационите услови и сервисирање, супер поминаа со нив. Туку, нигде немаше некоја статистика по колку километри извртеа и дали воопшто кај некој автобус е правено барем делумно ремонт? |
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #1774 Posted: 05-Jan-2022 at 23:34 | |
Хахахах ги читав сега коментарите од јузери на форумов од период кога се купија кинеските автобуси, поголем дел од тие јузери ваљда беа партиски полтрони, ама има и коментари и од постабилни јузери...иначе 11 години подоцна ххххх
|
||
Phiko
Senior Member Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 208 |
Quote Reply #1775 Posted: 06-Jan-2022 at 00:45 | |
11 години е сосема очекуван животен век на автобуси. Зависи од која земја е животен век очекуван на автобуси е од 10 (Индија), 12 години и/или 250,000 милји (САД), до максимум 15 (некој европски земји).
Со оглед на состојбата на нашите патишта и како се одржувани 11 години е сосема солидно годиште за замена, би требало ова да им е планирано менување а не да се чудиме дека се на крај на животен век. |
||
Citizen
Groupie Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #1776 Posted: 06-Jan-2022 at 00:45 | |
Што си читал не знам, ама пред тебе има коментар на место кој не си го удостоил со реплика.
|
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #1777 Posted: 06-Jan-2022 at 09:16 | |
Прво...зборуваме за јебено Скопје, једини град во државата што личи на град, се што има цела држава од сфера на урбанизам е во овој град, еден пат во историја на тој град се решаваат на голем зафат за обнова на градски транспорт, изкешираа 60 милиони евра и направија тежок промашај! Можда 11 години е очекуван век, ако си Луксембург или Женева. Тие 300 автобуси беа нарачка од 57 милиони евра, последен податок од 2017 та беше дека 40 од нив се руинирани и ван функција, од тогаш новински документирано имаме 4-5 самозапалувања во тек на превоз на патници по што горат целите автобуси. 57 милиони поделено на 11 години ми искача 5,2 милион на година, вакви разходи мислам нема град во Скандинавија кој може да си ги допушти... И само за споредба, Белград ги земаа нивните IK-218 иста година кога и Скопје ги доби кинеските автобуси, до ден денешен им функционираат до танчина, чак не видов бус кој ја немаше гласовната сигнализација и информации. |
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #1778 Posted: 06-Jan-2022 at 09:29 | |
Визер има пуштено евтини авионски летови од Скопје во 2008 ма ми се чини?
Ова е репортажа од 2011 та...ајде три години не се доволни,но до сега во 2022 моите надежи се во тоа што со евтините полети голем дел од рајата кај нас малце шетна по белиот свет и не сме веќе толку утепани од господ Двокатниот автобус го развесели градот и ги воодушеви скопјани Викендов за прв пат сообраќаше на автобуската линија „15 а“ и го привлече вниманието на цело Скопје. Беше вистинска атракција, која ги остави без здив сите оние на кои им се најде на видик. Со нетрпение се очекуваше на станиците. Љубопитноста се читаше на лицата на сите минувачи, сите трчаа да фатат место, се правеше метеж кој попрво да влезе и да го искуси првото возење во автобусот. Турканици се правеа и на двата ката, ама сепак и на возрасните и на децата поголем предизвик им беше да седнат на едно од седиштата на вториот кат. Атмосферата внатре беше како на екскурзија, сите патници беа расположени, воодушевени, секој со секого муабетеше, се разменуваа мислења, се делеа позитивни критики, некои со часови се возеа бидејќи не можеа да одолеат на панорамата што ја нудеше горниот кат. „Се чувствувам како кинеска кралица“, „Си замислувам дека сум во Лондон“, „Мислам дека возам „ламборџини“, па сите зјапаат во мене“, „Ќе се фотографирам за да им раскажувам на моите деца кога првпат сум се возел со двокатен автобус“, „Прекрасно е чувството да си три метри над земја и да го посматраш Скопје“, беа дел од коментарите на импресионираните патници. - Добро ќе ни дојде ваква промена, ќе излеземе од монотонијата на градскиот сообраќај. Ова ново и убаво доживување, а најдобро е што наскоро ќе ни стане практика – изјави Кристина, која максимално уживаше во возењето. Двокатниот автобус посебни воздишки изнуди од постарите, кои се вратија на своето детство. - Скопје сé повеќе личи на метропола и го доби шмекот што го имаше во минатото. Се сеќавам како вчера да беше кога се возевме со двокатните автобуси и баш ми е мило што сега таа чест ќе ја има и внук ми – раскажуваше дедо Дончо. Автобусот прво тргна по булеварот Партизански одреди и како да го оживеа целиот простор. Таксистите излегоа од своите автомобили и ја озборуваа новата ѕвезда на скопскиот асфалт. Граѓаните што го пиеја пладневното кафе по кафулињата занемеа. Шетачите, пак, застануваа на станиците да се сликаат со автобусот зад нив. На „Рекорд“ воодушевувањето беше уште поголемо. Како за момент сите да запреа. Им застана залакот во устата на сите што јадеа во пекарниците. Патниците во автомобилите ги креваа главите нагоре, а возачите на постарите автобуси му завидуваа на својот колега. Истото се повтори и кога автобусот влезе во Аеродром, кога ја помина железничката станица. Градежниците ги оставија алатите, вработените во сендвичарниците ги заборавија плескавиците, а луѓето по становите излегоа на терасите и на прозорците да го видат автобусот и да го поздрават. Последната станица беше во Ново Лисиче. |
||
Citizen
Groupie Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
Quote Reply #1779 Posted: 06-Jan-2022 at 09:42 | |
А од кај ти е податокот за Белград? Еве сега изгуглав по српски форуми истите муабети ги прават, едни ги кудат други ги фалат трети зборат за ремонти и поправки...
|
||
Џоле
Moderator Group Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15225 |
Quote Reply #1780 Posted: 25-Mar-2022 at 17:13 | |
Вака-така, кај и да е сите двокатни ќе завршат во пламен
Се запали автобус на ЈСП, нема повредени патници Денеска неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувна пожар во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Како што информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. -Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета – соопштија од претпријатието. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот. https://www.vecer.press/%d1%81%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d0%b0%d0%b2%d1%82%d0%be%d0%b1%d1%83%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d1%98%d1%81%d0%bf-%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b5/ |
||
За сè има вторпат
|
||
Post Reply | Page <1 87888990> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |