build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железнички станици

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Marxentric View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Apr-2020
Location: Paionia
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote Marxentric Quote  Post ReplyReply #781 Posted: 03-Nov-2020 at 15:12
Originally posted by my Macedonia

Originally posted by Marxentric

Ништо навредливо немало во тоа ословување. Побарајте извадоци од радио и телевизија од пред 60-70 години, нарекувањето "Шиптари" било нормално и произлегувало од тоа што самите луѓе се така нарекувале, со една буква плус де. Исто како што некаде фигурираат како Арнаути, Арбанаси итн. Но дојдоа модерни времиња, јбг.

Чекај чекај една буква? Би било за тебе ок да те нарекувам Макдонец? Или славомакедонец? Колку што знам на македонски се нарекува Албанец а не Шиптар, ако сакаш да почитуваш тогаш и точно а тоа е Shqiptar. Faleminderit

Поентата е дека тогаш не се навредувале, но отпосле почнало да се смета како дерогативен термин. И ако одиме според твојата логика, Maqedonas и maqedonisht се изговара Мачедонас и мачедоништ, дали треба да сме навредени бидејќи модифицирате букви? User убаво кажа, тоа е проблем кој е решен и нема што да му даваме значење, но вакви табли треба да стојат и тоа на сред плоштад, за да промовираат соживот и напредок. И нормално, законот мора да се почитува, не може македонскиот јазик да се деградира и да се става на второ место, не само што е противправно дело, но и разгорува етнички тензии..
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #782 Posted: 03-Nov-2020 at 15:36

Plocata e polna, pred se, so gramaticki greski...
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #783 Posted: 03-Nov-2020 at 16:57
Originally posted by Denko


Plocata e polna, pred se, so gramaticki greski...



Јазикот немал официјална граматика пред да биде кодифициран во 1945, така што за периодот од кој потекнува и не е толку страшно. Никој кој бил полнолетен во 1952 (кога била поставена плочава) не израснал учејќи настава на македонски.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #784 Posted: 03-Nov-2020 at 17:50
Originally posted by гитардемон

Originally posted by Denko


Plocata e polna, pred se, so gramaticki greski...



Јазикот немал официјална граматика пред да биде кодифициран во 1945, така што за периодот од кој потекнува и не е толку страшно. Никој кој бил полнолетен во 1952 (кога била поставена плочава) не израснал учејќи настава на македонски.
Sakas da kazes deka vlastite bile polupismeni. Imalo i togas obrazovani koi ili na vreme se iselile ili bile zatvoreni od polupismenite. Nisto podobro ne e nitu denes. Partijata gi jade sposobnite kadri a polupismenite potpisuvaat tekstovi koi i samite ne gi razbiraat, taka sto na krajot ispaga deka nie samite sme najgolemite unistuvaci na makedonskiot jazik.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #785 Posted: 03-Nov-2020 at 22:06
Нема врска тоа со писменост, таков бил говорот во тоа време. И барем пробај на кирилица да пишуваш додека ја критикуваш плочава . Инаку, терминот во тоа време не бил навредлив колку што знам, така што плочава заслужува да се најде барем во железнички музеј со објаснување.

Поголемиот проблем е редоследот на јазиците и немање никаков симбол на држава, општина, лого на железница итн. Како станица во некоја двојазична паланка делува, а не во град со долга традиција и главен во западна Македонија.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #786 Posted: 03-Nov-2020 at 22:13
Originally posted by <Fresno>

Нема врска тоа со писменост, таков бил говорот во тоа време. И барем пробај на кирилица да пишуваш додека ја критикуваш плочава . Инаку, терминот во тоа време не бил навредлив колку што знам, така што плочава заслужува да се најде барем во железнички музеј со објаснување.

Поголемиот проблем е редоследот на јазиците и немање никаков симбол на држава, општина, лого на железница итн. Како станица во некоја двојазична паланка делува, а не во град со долга традиција и главен во западна Македонија.
Apsolutno ima vrska so pismenost. Ne stanuva zbor za govor tuku za pismena forma na makedonski literaturen jazik.
PS: Ne pisuvam na kirilica edinstveno poradi tehnicka pricina.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #787 Posted: 03-Nov-2020 at 22:15
толкава дискусија, пропуштен моментот декастаницава е два пати реконструирана во рок од 10 години и дека воопшто не се запазуваат правилата во земјава во име на мир љубов и меѓусебно разбирање
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #788 Posted: 16-Nov-2020 at 19:52
Не знам дали досега сме ја имале фоткава од Богомила... (од фб)

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #789 Posted: 18-Dec-2020 at 18:41
Железничката станица ќе биде готова до крајот на годината



Во тек е завршната фаза од реконструкцијата на Железничката станица,

со која ќе се обноват: чекалната, билетарата, санитарните јазли и останатите простории во рамките на Железничката. Но, исто така се санира и обнови фасадата на објектот, со што Железничката ќе добие нов лик. Станува збор за објект кој е прогласен за споменик на културата, поради што и реконструкцијата беше забавена. Имено, преостанатите 10 железнички станици во земјата веќе се завршени, во рамки на проектот „ЕУ за тебе“ на Делегацијата на Европската Унија, а кој се финансира со донација од Шпанската влада.

             На денешната средба на претставниците на: Македонски железници, Заводот за заштита на спомениците на културата-Струмица и изведувачот беше констатирано дека работите околу реконструкцијата и фасадата на ова значајно здание во Гевгелија се во завршна фаза. Пред да биде извршен технички прием, сакавме да направиме увид и заедно со сопственикот на објектот и изведувачот да укажеме на работите кои треба да се завршат. До крајот на годината Железничката станица во Гевгелија ќе треба целосно да биде готова, а тоа значи внатрешна реконструкција и целосно обновена фасада. На челната страна од објектот ќе бидат поставени грбовите на Општина Гевгелија и на Македонски железници, вели директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата Аце Манински.

             Притоа, објаснува дека изведбените работи на овој објект се забавени поради потребата од целосна примена на Законските одредби за заштита на споменици на културата и изработка на посебни елаборати. Железничката станица во Гевгелија која беше изградена во 1874 година, го задржува стариот лик на фасадата. Најавена е и можноста за урбано уредување на просторот околу старата локомотива што се наоѓа пред Железничката станица во Гевгелија.

http://www.gevgelija.gov.mk/vesti/1949-железничката-станица-ќе-биде-готова-до-крајот-на-годината
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #790 Posted: 20-Apr-2021 at 16:40
Железничките станици и стојалишта во Скопје – заборавени од времето и од надлежните институции [галерија]

И покрај ветувањата за нивна ревитализација од пред неколку години, железничките станици и стојалишта во Скопскиот регион се посебна хорор приказна за граѓаните кои патуваат со воз. „Мета.мк“ направи обиколка на дел од локациите на кои патниците треба да се симнат или качат на воз во главниот град и откри дека станиците и стојалиштата се наоѓаат во катастрофална состојба.

До некои од локациите со тешкотија пристапивме бидејќи на Гугл Мапс не може да се пронајде железничките стојалишта и станици. Ниту граѓаните кои ги сретнавме на терен не можеа да ни кажат во кој правец да се движиме за да стигнеме до овие локации. Од сите железнички станици и стојалишта кои ги посетивме во Скопскиот регион, единствено во населбата Ѓорче Петров наидовме на табла која што покажува во кој правец треба да се движат патниците за да стигнат до објектот.

Железничка станица Скопје Север

Железничката станица Скопје Север нема никаква информативна табла за пристапот до неа од околните улици во населбата. Објектот не е впишан ниту на Гугл Мапс, а пристапот до станицата е по пешачки патеки кои се затрупани во ѓубре. Околу самиот објект има депонија, а единствената позитивна работа е што од оваа локација поаѓаат автобуски линии што можат да им служат за прекачување на граѓаните. И покрај ова, железничката станица Скопје Север нема паркинг за велосипеди. Пероните за качување и симнување на патници се обраснати со трева, подземните пешачки приоди од страничниот објект до пероните се нефункционални, а осветлувањето и сијалиците се испокршени.







Железничка станица Маџари

На слична состојба наидовме и на железничката станица Маџари. Иако се наоѓа на централно место во оваа скопска населба, нема никаква информативна табла за приодот на патниците кон станицата. Во близина на објектот има автобуска постојка што им овозможува патниците да го продолжат своето патување со јавен превоз, но во рамките на објектот нема паркинг за велосипеди. Има асфалтиран пристапен пат до станицата, но затоа пак самиот станичен објект се наоѓа во руинирана состојба и не е реконструиран со години наназад. На Гугл Мапс не може да се пронајде локацијата на железничката станица Маџари.





Железничко стојалиште Зелениково Ново и станица Зелениково



Нашето патување го завршивме во Општина Зелениково, каде што ја посетивме железничка станица Зелениково и стојалиштето Зелениково Ново. Од правец кон Скопје, најпрво се пристигнува до стојалиштето, на кое не е поставен никаков знак што ќе ги информира патниците на која локација се наоѓаат. Клупи за седење и настрешница нема, информативна табла во околината нема, возниот ред не е прикачен, а за паркинг за велосипеди не станува ниту збор. Единствено има автобуска постојка за линијата 67 од скопскиот јавен превоз, па така патниците можат да се прекачат од воз на автобус и обратно.

И железничката станица во Зелениково иако е изградена во втората половина на дваесеттиот век, се наоѓа во запуштена состојба. Нема никаква информативна табла на околните улици за пристап на патниците до станицата, ниту пак има паркинг за велосипеди во рамките на објектот. Граѓаните единствено можат да се прекачат на автобус во близина на самата железничка станица.

Железничките станици и стојалишта во Скопскиот регион се под директна ингеренција на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, до кое поставивме прашања во два наврати изминативе две недели, но не добивме одговори на оваа тема.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во предизборната програма пред локалните избори во 2017 година „Живот за сите“, на страница 18, има ветено дека Градот Скопје ќе ги ревитализира запоставените железнички станици во Драчево, Транспортен центар, Маџари, Скопје-Север, Волково и Ѓорче Петров, ветувајќи воедно изградба на рампи за велосипеди и нови велосипедски патеки до овие железнички станици. И до Градот Скопје на 2 и на 12 април испративме прашања за тоа до каде е ревитализацијата на запоставените железнички станици, но досега не добивме одговор на нашите прашања.

Скопскиот регион со пругите во должина од околу 100 километри има извонредни услови за воспоставување на градско-приградска железница, која што на граѓаните би им овозможила брзи, евтини и еколошки патувања во рамките на главниот град, но ваков проект не е воспоставен. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека со ваквите железнички линии би се патувало барем двојно побрзо во споредба со постојниот јавен превоз во Скопје.

https://meta.mk/zheleznichkite-staniczi-i-stojalishta-vo-skopje-zaboraveni-od-vremeto-i-od-nadlezhnite-instituczii-galerija/
Back to Top
marfimk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Feb-2012
Online Status: Offline
Posts: 195
  Quote marfimk Quote  Post ReplyReply #791 Posted: 29-May-2021 at 17:02
Сликано на железничката станица во Скопје, пред некој ден.
Ова се мислам оригиналните огласни табли за возниот ред.
Фрлени на страна, до еден од бетонските објекти:

Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #792 Posted: 30-May-2021 at 11:57
И?, што ако се фрлени на страна?? И старово железо ли сега ќе го прогласиме за идентитетска вредност? Јас незнам што не го однеле одма во ѓубре, или барем собирачи на секундарни суровини да го земале.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #793 Posted: 31-May-2021 at 01:05
Originally posted by user8642

И?, што ако се фрлени на страна?? И старово железо ли сега ќе го прогласиме за идентитетска вредност? Јас незнам што не го однеле одма во ѓубре, или барем собирачи на секундарни суровини да го земале.
мислам дека критиката е баш за тоа зошто се така само фрлени како на отпад, небаре е некое буниште, а не главен терминал на Скопје... и тоа тревата од страна исгледа е од новите проекти за зелени покриви
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #794 Posted: 31-May-2021 at 17:06
Мислев дека е пак некоја комуњарска жалопојка за некаков безвезен идентитет постземјотресен и дека треба да вадиме некаква нумизматичка вредност од некои застарени технологии за приказ на возен ред! Нема врска, ок, ако била реакцијата за чистотата на пероните.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #795 Posted: 30-Jun-2021 at 10:33
НЕ РАБОТАТ КЛИМА УРЕДИТЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ВЕЛЕС, ПАТНИЦИТЕ ЧЕКААТ НАДВОР



Патниците на Железничка станица Велес реагираат што на овие високи температури мора да користат чекална каде не работи клима уредот. Ваквата состојба е регистрирана изминатите десетина дена, откако започнаа жештините.

„Во текот на вчерашниот ден, пладневниот воз од Скопје за Битола доцнеше 90 минути поради, како што ни објаснија од станицата, проверка на шините кои од високата температура можеле да се оштетат. И на таква температура кога железото се оштетува, ние моравме да стоиме или надвор на +40 или во чекалната каде не работат клима уредите. Реагиравме, но ни кажаа дека биле расипани и чекаат да се поправат“, велат патници кои попладнето патуваа за Прилеп и Битола.

Од Македонски железници (МЖ) – Инфраструктура велат дека клима уредите ќе се сервисираат чим се избере сервисер.

„Минатата недела е објавен оглас за сервисер за клима уредите. Истите ќе бидат во функција откако ќе заврши процедурата за избор на сервисерот“, велат од МЖ – Инфраструктура.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-rabotat-klima-uredite-vo-chekalnata-na-zheleznichka-stanitsa-vo-veles-patnitsite-chekaat-nadvor/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #796 Posted: 12-Jul-2021 at 09:20
Гевгелија, изгледа недовршена:









извор: https://twitter.com/i/web/status/1412081167327805440
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #797 Posted: 25-Jul-2021 at 11:47
ВОЗОТ СКОПЈЕ-КОЧАНИ ВО 2:22 ЧАСОТ ОДАМНА Е МИНАТО, ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ СТАНИЦИ СТАРИ ЕДЕН ВЕК СЕ РУИНА, А ПРУГАТА Е ОБРАСНАТА СО ТРЕВА





Многумина се сеќаваат на возот што во 2 часот и 22 минути сообраќаше на релацијата Скопје-Кочани. Оваа линија им беше добредојдена на голем број луѓе кои одеа во главниот град по разни потреби, а немаа како да се вратат назад во раните утрински часови.

Возот во 2:22 часот и повеќе други линии одамна се минато. Веќе подолго време нема воз за Штип и Кочани. Ни патнички, ни товарен. Пругата е оштетена, необновена и целата обрасната со трева. Оние кои ја преминуваат пругата кај Овче Поле велат толку е обрасната со трева што не се ни гледа, а изобилството на булки нуди услови да се сними втор дел од ТВ-серијата „Булки крај шините“.

Десетина железнички станици долж пругата Скопје-Кочани стари еден век денес се руинирани. Во посебно катастрофална состојба се станиците покрај пругата Велес-Кочани. Тие се празни и напуштени, поголем дел се разрушени, а дел од нив, иако необновени со децении и склони на паѓање, се живеалишта главно на пензионирани работници во Македонски железници.

Еден од нив е долгогодишниот работник на железничката станица во Штип, Стојан Михаилов, кој со носталгија зборува за убавите работни времиња што ги поминал покрај пруга. Се сеќава кога возовите беа многу популарни, не само поради евтините билети, туку и поради бројноста на патниците што можеа да ги превезат.

„Се бараше карта повеќе, па дури и се резервираше или се вадеше неколку дена порано, само да се обезбеди на време. Возовите беа пренатрупани со патници кои одеа на свадби, а да не зборувам кога се заминуваше на служење воен рок. По една деценија, возовите станаа стари, но сепак функционални. Истото тоа се случуваше и подоцна со популарниот воз ‘шпанец‘, вели Михаилов.

Според архивските материјали, оваа пруга е изградена во 1923. Пругата од Велес до Штип се изградила за помалку од една година, а наредната година се изградила пругата до Кочани.

„Своевремено, на оваа релација дневно минуваа шест патнички и осум товарни возови во двете насоки. Но, од 2010 година, кога заминав во пензија, товарен воз воопшто не поминал. Одвреме-навреме поминуваше по некој патнички воз, но во последните години и нив ги нема. Живеам во објект кој е дел од железничката станица во Штип и многу ми недостасуваат жагорот на патниците и свирењето на возовите кои доаѓаат или заминуваат“, вели Михаилов.

Од 1923 датираат и железничките станици.

Напоредно со пругата се граделе и железничките станици на сите патни премини, почнувајќи од велешкото село Отовица, потоа Лозово, Овче Поле, Штип, Долни Балван, Ванчо Прќе, кај селото Соколарци и во Кочани. Се изградиле и помошни станици или стражарници како контролни пунктови. Но, речиси сите се напуштени и разурнати. Единствено опстојуваат станиците во кои живеат поранешни работници во Железницата, кои колку-толку ги одржуваат објектите. Такви се само станиците во Штип и кај Соколарци“, додава Михаилов.

Пред седум години, Општина Штип му понудила на Македонски железници со сопствени средства да ги реновира внатрешноста и фасадата на станицата, но била одбиена затоа што наводно на ниво на држава имало план за обнова на железничките станици на сите пруги. Според Михаилов, досега се обновени само станиците на главната пруга Скопје-Гевгелија.

Од Македонски железници информираат дека планот за обновување засега ќе почека, затоа што во овој период вниманието било насочено кон изградбата на пругата кон Крива Паланка и Бугарија и во целина на Коридорот 8.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vozot-skopje-kochani-vo-2-22-chasot-odamna-e-minato-zheleznichkite-stanitsi-stari-eden-vek-se-ruina-a-prugata-e-obrasnata-so-treva/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #798 Posted: 25-Jul-2021 at 14:51
Добро сега, јасна ми е носталгијата, ама автопатот е веќе изграден и парите се веќе фрлени. Товарен сообраќај за Кочани и Штип нема да има уште 150 години, така што пругата е скоро бескорисна со оглед на малата густина на население. Единствено ако се воведе скопска приградска железница која би возела и до Штип, (и Тетово, Гостивар и Куманово) на секои 30 минути или еден час. Ние со толку нелегални таксисти и автобувчиња за 200 денари ќе стигнеме од еден крај на државата до друг. Зошто би влегувал некој во воз тука?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #799 Posted: 26-Jul-2021 at 21:18
^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^ ^
Можат да одат две споени гарнитури во правец Север - Југ(ако е возможно дизел плус електро) од Куманово до Гевгелија/Битола (3/3:30 часа вкупно по правец) и да се разделуваат/спојуваат во Велес.

Другата нека е Исток Запад во правец Кичево - Кочани (вкупно 5 часа пат) кои ќе се комбинираат со Север - Југ правецот за трансфер во Целес со краток интервал.

Овие комбинации можат да одат 4-6 пара дневно.

Дополнително делот од Тетово до Куманово (без влегување во главната станица или комбинација Тетово - Скопје - Лисиче - Трубарево - Маџари - Куманово) и Блаце - Велес (па и до Кавадарци, фалат уште неколку км од Фени) како приградски, трансфер нека е Скопје Север.Дополнителни постојки кај Визбегово/Бардовци, Пивара итн.

Секако, за нормална држава ова би било прифатливо на 5-10 години рок, за нас...во некоја друга прилика.

Во меѓувреме, дизел гарнитурите се почесто возат на коридорот од Куманово до Гевгелија...

Edited by Тркало - 26-Jul-2021 at 21:23
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #800 Posted: 27-Jul-2021 at 12:47
Имав и јас некакви слични идеи пред некое време, но со оглед на брзината на пругата, едноставно е неисплатливо. Порано, возот застанувал низ селата, кои патем не ни имале друмски пристап до Велес/Штип/Скопје (оти или немале кола, или патот бил крш). Сега, тие села скоро немаат жители, а има прескап автопат кој те носи до Скопје за 40 минути. Едноставно возот нема смисла ако не е експресен. А за да биде експресен, треба да е многу побрз и поскап - па се враќаме на она другото, нелегален таксист за 200 денари ќе те однесе од Штип до Скопје, што ќе ти е воз?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 38394041>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.