build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Урбана мафија и дивоградби (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Урбана мафија и дивоградби (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 27>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 31-May-2021 at 15:40
Можеби тука лежи една од причините зошто Адора решија веќе да не работат во Македонија? Изгледајте го видеото, како се краделе по 2-3 м2 од стан, нешто што одамна се знае во градежната фела, ама се премолчува. И не се само Адора во прашање, иако за нив главно се зборува во прилогов.

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 01-Jun-2021 at 14:32
По написот на „Порталб.мк“, стопирана изградбата на терасата на пекарница во Тетово



Веднаш по објавувањето на информацијата на „Порталб.мк“ во врска со обидот за узурпирање на јавен имот за изградба на тераса од страна на пекарницата „Пекон“ во Тетово, градежната механизација е отстранета, а сопственикот на ресторанот истакна дека терасата нема да се гради. Од СВР Тетово потврдија дека добиле поплаки од граѓани во врска со ова и дека наредиле отстранување на работните алатки.

Сопственикот на пекарницата „Пекон“ за „Порталб“ потврди дека механизацијата за изградба на оваа тераса е отстранета и дека нема да се гради како што беше претходно планирано.

Од Секторот за внатрешни работи истакнаа дека добиле поплаки од граѓани за узурпација на јавен имот меѓутоа додаваат дека припадници на полицијата си ја завршиле работата и останатото е оставено на Пазарниот инспекторат.

„СВР прими поплаки од граѓаните за ова, припадниците на полицијата излегоа на терен и го фотографираа местото, веднаш потоа наредија отстранување на механизацијата. Сепак, ова е во надлежност на пазарниот инспекторат, тие ќе одлучат за понатамошните мерки“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СВР во Тетово.

Инаку, станува збор за пекарницата „Пекон“ кој се наоѓа на 50 метри од зградата на Општина Тетово, а работите за изградба на оваа тераса започнале во неделата и се стопирани еден ден подоцна.

Инаку, редакцијата на Portalb.mk континуирано информира за феноменот на узурпација на јавните простори во градот Тетово како: центарот на Тетово, тротоарите околу Зелениот пазар, нелегалниот пазар на добиток на влезот во градот, стари автомобили и последниот идентификуван, мостот кај Горната чаршија. Тротоарите наменети за пешаци, од страните на мостот се узурпирани од продавачи на овошје и зеленчук, но и на разни други производи.

https://meta.mk/po-napisot-na-portalb-mk-stopirana-izgradbata-na-terasata-na-pekarnica-vo-tetovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 08-Jun-2021 at 16:40
(ВИДЕО) Општината бара стопирање, но дивоградбата на државно земјиште во Гази Баба продолжува да расте



https://360stepeni.mk/video-opshtinata-bara-stopirane-no-divogradbata-na-drzhavno-zemjishte-vo-gazi-baba-prodolzhuva-da-raste
Back to Top
Urbanista View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 28-Dec-2020
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 36
  Quote Urbanista Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 17-Jun-2021 at 11:27
https://m.dw.com/mk/центар-гуп-дуп-општина-планови-урбанизам-грчев/a-57931644?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Кој промаши, а кој погоди во Центар

Суспензијата мора да ја таргетира само конкретната причина за штетата, а не да зема цели четврти „во заложништво“, вели Мирослав Грчев, член на стручната комисија при Министерството за транспорт.
Дали и како е можно елаборатите на Општина Центар за суспензија на урбанистички планови до толку „да ја промашиле темата"? Прашањето се отвори откако стручната комисија при Министерството за транспорт и врски оцени дека со елаборатите за суспензија на спорните урбанистички планови, Општина Центар не докажала оти со нивна имплементација ќе се нанесе несомнена штета на јавниот интерес. Интересот на јавноста, меѓу другото, беше насочен и кон „судбината“ на трите кули од 16, 20 и 22 ката на инвеститорот „МГ Фешн“ и МПЦ-ОА, на кои сега им се отвора патот за изградба. Против нивна изградба граѓани на Скопје масовно потпишуваа петиција, укажувајќи на нехуманите аспекти на станбено-деловната изградба, која може да произведе бетонска џунгла во последниот слободен простор во срцето на градот, со многубројни импликации: сообраќајни, просторни, еколошки - сите разорни за квалитетот на живеење во метрополата.
Корективна алатка
Извори блиски до комисијата што ги изработила елаборатите, тврдат дека не е промашена темата и дека е јасна штетата за јавниот интерес. ДВ очекува во наредните денови да ги презентираат нивните аргументи, содржани во обемен стручен материјал.
Тие на располагање ја имаа можноста за суспензија на урбанистички план или негов дел, доколку се покаже дека ќе предизвика штета за јавниот интерес. Таа можност им ја нуди членот 23 од Законот за урбанистичко планирање, донесен во февруари 2020 година. Досега таа алатка не била спроведена во ниту еден случај. Како била искористена во овој случај - побаравме објаснување од професорот Мирослав Грчев, член на стручната комисија при Министерството за транспорт и врски.

„Алатката е силна и интервентна, зашто внесува прекин во применувањето на планот, со што се внесува еден вид дисконтинуитет во владеењето на правото и – технички – се внесува правна несигурност во владеењето и управувањето со просторот. Затоа, оваа алатка може да се употребува само во исклучителни ситуации во кои штетата по јавниот интерес што настанува или би настанала со применувањето на планот е очигледна и значителна, и може да се докаже и пондерира во стручниот елаборат за суспензија. Поради рестриктивноста на суспензијата, таа мора да биде селективна и прецизно насочена само на оној дел од планот – обично е тоа градежна парцела како просторна единица – чие применување ја врши штетата, и не смее заради една лоцирана просторна единица која генерира штета да се суспендира целиот плански опфат. Така оваа корективна алатка ќе прави повеќе штета во околниот простор, кого без причина ќе го остави без план за развој и употреба на просторот“, објаснува Грчев.

Ovoj grcev, treba da odgovara za toa sto go napravi so debar maalo. Ne mi e jasno tolku li nema nekoi mladi, ambiciozni strucni kadri, do koga ovie fosili i dokazani kriminalci ke odlucuvaat…
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 21-Jun-2021 at 16:32
ФИРМАТА „ВАШ ЕКО-ДОМ“ ЗНАЕЛА ЗА ДИВЕЕЊЕТО НА ЗГРАДАТА, НО НЕ МОЖЕЛЕ ДА ПОСТАПАТ ОТИ НЕМАЛО СОГЛАСНОСТ ОД ДРУГИТЕ СТАНАРИ



Управителот на зградата „Ваш Еко-Дом“ во која живее Дарко Стојановски во писмена изјава за ТВ24 тврдат дека го знаеле проблемот и дека постапувале.

Од фирмата „ Ваш Еко-Дом“ се децидни дека за цело време биле во постојана писмена и електронска комуникација како со Стојановски така и со неговиот адвокат, но и дека се запознати со проблемите од протекувањето на кровот врз станот на Дарко Стојановски и дека постапувале согласно Законот за домување.

„Ние како управител на станбениот објект, согласно член 27 од Законот за домување,к имаме обезбедено три понуди за решавање на проблемот со протекувањето, но се уште нема мнозинство согласност од сопствениците на посебни делови на наведениот станбен објект, за постапување по истото.“- велат од „Ваш Еко-Дом“ - управител Дооел Скопје.

Но, од управителот „Ваш Еко-Дом“ кој треба да води грижа за станарите односно зградата, во нивното образложение не појаснија како дозволиле да се случи било каков зафат на кровната тераса а за што биле информирани од страна на сега оштетениот Дарко Стојановски дека поради зафати на кровната тераса во неговиот стан почнало да протекува вода. Стојановски посочува дека за секое прокиснување бил информиран управителот на зградата но дека ниту еднаш лично управителот не с епојавил на терен да ја види состојбата.

„Јас до сега, освен во претставката на адвокатот на управителот „Ваш еко дом“ немам добиено ниту една понуда. Не дошол ниту еден од управителот да види во каква состојба е нашиот дом каде што живееме. Не знам дали биле на рамниот заеднички кров да видат каква катастрофална состојба е оставена зградата. И, за овие 6 месеци управителот не најде време да свика собир на сите станари за да ги запознае за нашиот случај и обилното протекување како последица од тоа што се случи на заедничкиот рамен кров. Ниту за овие 6 месеци ни доставил било каква понуда.“- вели Дарко Стојановски станар во зградата кој се соочил со проблемите во неговиот стан поради зафатот на кровната тераса.

Инаку, на кровната тераса Кирил Гајтановски започнал да гради без да добие дозвола од општина Центар кои пак постапиле по рушење после 2 години. Штетите се зголемуваат појаснува Дарко Стојановски од ден во ден - за случајот биле информирани и МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, како и многу други институции, а додека увид на лице место со судија и судски вештак е извршен на 11 мај годинава.

Инаку, Кирил Гајтановски кој е комшија на Дарко Стојановски одби да се споменува неговото име а со тоа и негов став во врска со причинетата штета која ја направил во обидот да направи доградба на поткровје и изградба на второ поткровје.

https://24.mk/details/firmata-vash-eko-dom-znaela-za-diveenjeto-na-zgradata-no-ne-mozhele-da-postapat-oti-nemalo-soglasnost-od-drugite-stanari
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 23-Jun-2021 at 10:46
Се вели дека е дивоградба во Тафаталиџе 2



https://www.facebook.com/StopZaUrbanataMafijaVoKarposh
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 26-Jun-2021 at 12:16
ГРАДЕЖЕН ХАОС ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ, ТЕРАСИТЕ НА НОВИТЕ ЗГРАДИ ГЛЕДААТ ВО КОМШИСКИТЕ СТАНОВИ



Во скопската населба Капиштец, делот спроти трговскиот центар „Зебра“ и под улицата Водњанска, згради се градат на секој чекор. Овој дел од населбата е претворен во големо градилиште. На местото на куќите никнуваат згради со пет и шест ката. Тесните и мали улички се окупирани со градежни материјали и механизација и често се непроодни. Бетономешалките го блокираат сообраќајот без најава. Без регулиран сообраќај возилата не можат да поминат, оти на неколку метри одалеченост се градат истовремено неколку згради на различни инвеститори. Зградите се залепени една до друга и буквално прозорците и терасите гледаат во станот на комшијата од соседниот објект.

Овој дел од Општина Центар или Деталниот урбанистички план Ј07 не беше ставен под мораториумот односно никогаш не се почна негова измена, бидејќи, како што вели градоначалникот Саша Богдановиќ, бил донесен 2014 и е усогласен со Генералниот урбанистички план.

„Планот е донесен во времето на мојот претходник Андреј Жерновски по донесување на Генералниот урбанистички плани 2012-2022. Тоа значи дека планот е усогласен со ГУП-от и нема прекршувања на таа одредба како другите планови кои ги стававме под мораториум, односно кои не беа усогласени со Генералниот план“, вели градоначалникот Богдановиќ.

На нашето прашање дали ваквиот начин на градба каде прозорците на една зграда гледаат во станот од другата е планското градење за кое се залага оваа власт и тој како градоначалник, ни одговори дека Општината изминатите години се борела да ги смени лошите планови и практики за градба кои се втемелени од минатите власти.

Во моментов во Општина Центар нема мораториум за градба, па сега слободно може да се гради на сите локации низ Центар, а во повеќето според Деталните планови донесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Богдановиќ вели дека Општината и понатаму работи на промена на сите ДУП-ви кои беа опфатени со мораториумот иако на сила не е забраната за градба.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/gradezhen-haos-vo-skopski-kapishtets-terasite-na-novite-zgradi-gledaat-vo-komshiskite-stanovi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 29-Jun-2021 at 15:40
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 29-Jun-2021 at 16:52
ГРАДЕЖНИ МАКИ



Половина куќа половина зграда од 5 ката, ова е фактичката состојба со која се соочува Дејан Лазиќ од скопската населба Хром. Живее во куќа која е единечна конструктивна целина на две семејства, со кого ги делат темелите, потпорните ѕидови, серклажите и меѓукатните конструкции. Комшијата дал амин да никне зградата, но Лазиќ се противи бидејќи стравува од рушење на неговата куќа кога ќе почне да се гради.

Според Лазиќ, општината ангажирала планерска куќа за да ги задоволи потребите на инвеститорот на сметка на комуналии. Во процесот на носење на урбанистичкиот план, тврди Лазиќ, дека општината заедно со планерската куќа направиле пропусти и овозможиле реализација на урбанистички план без да се направи анализа на конструкцијата на објектите.

Од општина Ѓорче Петров со спротивен став, тврдат дека при носењето на планот запазени се сите процедури и дека биле направени сите анализи, ги евидентирале постојните градби и нивниот конструктивен систем. Но, сепак од општината појаснуваат дека немале пракса да излегуваат на терен за конкретни објекти, како што е случајот со Лазиќ кој тврди дека не е направена инвертаризација, а за што од општина велат дека:

„Посета на поединечни објекти не е вообичаена пракса, а воедно и не е (и не било) обврска согласно пропишаната содржина на урбанистичките планови со Законот за просторно и урбанистичко планирање и подзаконските акти кои произлегуваат од него“.

За случајот со Лазиќ информирани се сите надлежни институции, меѓу кои и Министерството за транспорт и врски.

Според планот на општината, на локацијата каде живее Дејан Лазиќ планира да згради гради. И додека адвокатите на Лазиќ засукале ракави и водат битка, општина Ѓорче Петров веќе добила идеен проект од инвеститорот, но не и основен проект.

Сепак одлуката дали ќе никне зградата кај комшијата на Дејан Лазиќ е во рацете на општината која ако наплати комуналии следна фаза би била потпис на градежна дозвола.

https://24.mk/details/gradezhni-maki
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 09-Jul-2021 at 17:05
Редакција | Титаник од Серава | Епизода 7 | ИРЛ



https://www.facebook.com/IRLMacedonia
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 15-Jul-2021 at 15:26
Како изгледа нелегализиран објект во Кичево, надвор од сите стандарди



Објектот во населбата Бала Маало во Кичево е изграден бесправно, на државно земјиште и на посебно место прогласено како културно наследство од Министерството за култура. Објектот е изграден пред неколку недели, но пред само неколку дена локалните мештани го кренаа гласот барајќи градбата да биде срушена и да се отвори пат, како што е планирано. Велат дека објектот, изграден без дозвола ја блокирал улицата во населбата и ја осквернавил автентичноста на чаршијата. Дека објектот е дивоградба и изграден на државно земјиште, констатираше и Инспекторатот во Кичево. Градоначалникот Фатмир Дехари уверува дека се преземаат конкретни мерки по ова прашање.

-Преземавме конкретни мерки преку општинскиот инспекторат и уште првиот ден инспекторатот излезе на терен и констатираше дека се гради бесправен објект, за жал на државно земјиште. Сепак, дозволете ми да разјаснам дека старата чаршија како целина, во 2013 година беше прогласена за посебна област на културно наследство од страна на Министерството за култура. Па така, во овој случај како прва категорија, целата област преминува под надлежност на Министерството за култура и другите државни органи-вели Дехари.

Адвокатот Аријан Имери, вели дека доколку истече рокот за добивање одговор во однос на барањата на жителите, ќе ги информираат сите државни органи, вклучувајќи ги и странските амбасади.

-Објектот се наоѓа на државен имот. Местото каде е изграден објектот е предвидено за пат и тротоар. Имотот каде што е изграден објектот со ниту еден закон не е дозволено да се приватизира, а уште помалку објектот да добие правен статус. Нашите барања со доволно докази се доставени до сите надлежни установи во о.Кичево, како и до Државен инспекторат за градежништво, барајќи да излезат на местото на настанот, да ја утврдат фактичката состојба и да преземат мерки согласно законот-вели Имери.

Но, Дехари вели дека општинскиот инспекторат нема ингеренции да интервенира, бидејќи местото е во државна сопственост. Сепак, како што додава, во координација со Инспекторатот за градежништво и надлежните институции ќе ги преземат потребните мерки што е можно поскоро.

-Спаѓа во прва категорија и надлежностите во конкретниот случај директно преминуваат кај државниот инспекторат. Се работи за тоа што општинскиот инспекторат нема надлежност да интервенира. Но, ние сме во координација во Министерството за транспорт, Министерството за култура, како и со државните инспектори за да го процесираме случајот-вели Дехари.

На местото каде е изграден објектот претходно имало барака која била срушена на 13 јуни, по што „никнала“ градбата, иако местото било предвидено за улицата „Охридска“ која, според планираното требало да води кон улицата „Маршал Тито“.

https://mk.tv21.tv/kako-izgleda-nelegaliziran-objekt-vo-kichevo-nadvor-od-site-standardi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 20-Jul-2021 at 13:01
ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ И ЗГРАДИ ИЗГРАДЕНИ ДО 2011. ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ СО СТАРИОТ ЗАКОН



Трговски центри и згради кои се дивоградби ќе може да се легализираат согласно стариот Закон за легализација на дивоградби чиј рок е продолжен за 5 години – односно, инвеститорите кои граделе нелегално до 2026-та година ќе може да легализираат. Паралелно со тоа ќе може да се легализираат и дивоградби кои се наоѓаат во заштитени подрачја, ова за ТВ24 го потврдија и од ресорното Министерство за транспорт и врски, а се однесува на граѓаните кои имаат поднесено барање за легализација до 2018. година, а кои сè уште не успеале да ги легализираат објектите кои ги изградиле до 2011. година.

„Во однос на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, тој сеуште се наоѓа во собраниска процедура. Согласно тој закон предмет на утврдување на правен статус се и трговски центри и згради, а доколку се наоѓаат во заштитено подрачје потребна е согласност од органот надлежен за заштита на предметното подрачје“ - велат за ТВ24 од Министерството за транспорт и врски.

И додека се продолжува рокот на старото законско решение за плус 5 години, власта се обидува да донесе законско решение за легализација на преостанатите дивоградби изградени од 2011. година за кои изготви закон кој во мај годинава 72 пратеници од власта и опозицијата се обединија и го изгласаа но сепак наиде на оспорување од јавноста, антикорупционерите, стручната фела и Претседателот Пендаровски. Законот беше повлечен па се посегна по изработка на ново законско решение.

Наспроти најавите и тврдењата дека во изработка на новото зкаонското решение била вклучена целокупната стручна јавност - од асоцијацијата на архитекти, за ТВ24, тврдат дека се останало на склучен меморандум и извисена соработка. Новото законско решение кое е скроено од септември ќе треба да се најде на владина седница.

https://24.mk/details/trgovski-centri-i-zgradi-izgradeni-do-2011-kje-mozhe-da-se-legaliziraat-so-stariot-zakon
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 22-Jul-2021 at 16:28
Урната дивоградбата на кафулето „Правда“



По налог на Општина Центар и врз основа на Решението ИП1 бр. 34-48 од 20.5.2021 година започна отстранувањето на доградбата на кафе-барот „Правда“ на улица „Мирослав Крлежа“.

По направениот увид од овластен градежен инспектор, констатирано е дека инвеститорот не поседува одобрение за доградба на објект, како и решение за поставување градби. Доградбата е изградена од целосно застаклена метална конструкција, како и платформата што е покриена со штици.

„Упатувам апел до сите инвеститори, кои имаат добиено решенија, самостојно да ги отстранат нелегално изградените објекти. Во спротивно, Општината ќе пристапи кон присилно административно извршување. И наредниот период Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ќе продолжи со контролите и со инспекциските надзори“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти.

https://nezavisen.mk/otstraneta-dogradbata-na-kafuleto-pravda/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 22-Jul-2021 at 17:31
"Правда" is a bitch!
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 570
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 22-Jul-2021 at 18:14
Демек ја рушат "Правдата"?
Има многу пострашни урбанистички проблеми во Скопје, овој бар можеше да се сруши и малку подоцна, барем летото да поминеше и луѓето да се порадуваа на 'слободата'.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 22-Jul-2021 at 18:18

Па летото и ќе извади пари човеков, а ги вади парите нелегално. Нема разлика помеѓу ова, продажба без фискална, или продажба на цигари и нафта без платена акциза. Народот треба сам да се буни, курназов ќе работи без да плати даноци, а после улиците, болниците и училиштата биле руинирани. Еми ќе бидат.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 30-Jul-2021 at 08:51
ДИВОГРАДБА СЕ ГРАДИ КАЈ МОМИН ПОТОК, ОПШТИНА КАРПОШ НЕ МОЖЕ ДА ЈА УРНЕ ОТИ НЕ ГИ ПУШТААТ ДА ВЛЕЗАТ НА ГРАДИЛИШТЕТО



Во близина на крстосницата кај Момин поток се гради дивоградба, а Општина Карпош иако знае не може да ја урне бидејќи не ги пуштаат да влезат во градилиштето. Објектот се гради на државно земјиште и како што велат од Општината за САКАМДАКАЖАМ.МК, немаат издадено градежна дозвола и со тоа сопственикот не смее да гради.

Како што раскажуваат жителите од овој дел од градот, до пред неколку месеци на овој простор имало само плац за стари коли и авто делови, но постепено просторот почнал да се оградува и почнале градежни работи. Што се гради на парцелата и колкав објект не може да се види однадвор бидејќи просторот е заграден со гуми и делови од коли. Станува збор за локација на трасата на клучката Момин поток и дивоградбата се гради на само неколку метри од местото каде минатата недела градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев, заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски одржаа прес-конференција за почетокот на градежните работи.

Од Општина Карпош велат дека чекаат интервенција на полиција за да можат да уриваат.

„Општина Карпош е запознаена со случајот. Во неколку наврати преку Секторот за инспекторат бевме на теренски увид на посочената локација и направивме обид за рушење. Станува збор за активности кои се одвиваат на државно земјиште и за истите не е издадена градежна дозвола од локалната самоуправа. Затоа што нашиот градежен инспектор беше спречен да влезе и да направи целосен увид на градилиштето, побарана е полициска асистенција од Министерството за внатрешни работи. Штом полициската асистенција ќе биде обезбедена, ќе продолжиме со постапката за отстранување на нелегалната градба“, велат од Општина Карпош.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/divogradba-se-gradi-kaj-momin-potok-opshtina-karposh-ne-mozhe-da-ja-urne-oti-ne-gi-pushtaat-da-vlezat-na-gradilishteto/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 30-Jul-2021 at 09:24

А зошто да се урива? Нека си аплицираат за легализација, голема работа. Цела Шар Планина така се изгради.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Влатко View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Aug-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 517
  Quote Влатко Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 30-Jul-2021 at 11:17
Originally posted by гитардемон


А зошто да се урива? Нека си аплицираат за легализација, голема работа. Цела Шар Планина така се изгради.


Точно овде треба да е проширувањето за новата петља кај Момин Поток.
У која држава бе не пуштаат да влезат инспектори. Очигледно само у нашава.

Edited by Влатко - 30-Jul-2021 at 11:18
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 30-Jul-2021 at 13:56
Сарказам беше моето. Цела држава е дивоградба, нека градат на сред булевар.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.160 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.