![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 143144145146147 159> |
Author | |
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Zarem nema da se rekonstruira celiot bulevar so se petljata na Aleksandar Makedonski? Malce konfuzen mi e Sileogv kako da go spomna i toj del a vo natpisov e samo od Pero Nakov prema Aerodrom, toa e od Brikolaz nataka.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Значи прво накај Дијамант, па после накај Близнаци. Ова „дел од асфалтот“ не звучи добро. Треба комплет коловоз (од Автокоманда до Окта на бул. Србија) со тротоари, велосипедски и зеленило. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ТРОТОАРИТЕ НА ЛЕНИНОВА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД КОЛИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЛЕТОВО ПОЧНУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА
![]() Тротоарите и на скопската улица Ленинова ќе бидат ослободени од коли. Како и на улицата Орце Николов, каде во тек се градежните работи, и на Ленинова ќе се воведе нов режим на паркирање, велосипедски и пешачки патеки кои сега ги нема. Пешаците, мајки со колички и велосипедисти сега на Ленинова одат по коловозот оти тротоарите се блокирани со коли и летни тераси на кафулиња. Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека проектот за реконструкција на улицата е готов, распишан е тендерот за избор на фирма изведувач и наредниот месец се очекува да почнат градежните работи на потегот од булевар Партизански одреди до улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. „Ова ќе биде прва фаза, а во втората фаза ќе се работи во делот на улицата во Дебар Маало. Сега таму не можеме да почнеме бидејќи во тек се градежни работи за реконструкција на Орце Николов. Проектот предвидува воведување паралелно паркирање, пешачки и велосипедски патеки, нова канализација, осветлување и урбана опрема“, вели Богдановиќ. Општина Центар во моментов работи на реконструкција на улицата Орце Николов која, како што вели Богдановиќ, треба да биде готова наесен. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/trotoarite-na-leninova-ke-se-osloboduvaat-od-koli-opshtina-tsentar-letovo-pochnuva-so-rekonstruktsija-na-ulitsata/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес завршуваме со градежните активности на улицата „Светиниколска“ во Маџир Маало.
По повеќе од 20 години ги рехабилитиравме асфалтните коловозни површини и жителите за првпат ќе добијат реконструирана улица и нови инфраструктурни услови. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=379337367106484&set=pcb.379337543773133 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВО ТЕК Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛУКА ГЕРОВ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Денеска почнаа градежните работи од реконструкцијата на улицата Лука Геров во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, на потегот од надвозникот до воениот отпад. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Петре Шилегов. - Предвидена е реконструкција на коловозот во вкупна должина од 1648 метри, реконструкција на тротоарот и реконструкција на атмосферската канализација во должина од 33 метри. Станува збор за исклучително важна улица која претставува главна сообраќајна артерија на скопската населба Даме Груев, но истовремено е дел од единствениот пат до населбите Ново Село, Кисела Јабука, Никиштане, Волково и Кучково. За таа цел од буџетот на Град Скопје одвоени се 31,3 милиони денари, а рокот на изведба е 9 месеци, но како и со динамиката на работите на преостанатите сообраќајници и брзата работа, очекувам реконструкцијата да биде целосно готова во октомври – кажа Шилегов. Шилегов додаде дека вчерашниот почеток на изградбата на клучката кај Момин Поток е дел од големиот проект за изградбата на нов крак на булеварот Словенија, кој е предвидено да е во должина од околу 4 километри и да се поврзе со Волково. Со истиот, како и со изградбата на новиот мост во Карпош 4 на улица Љубљанска, жителите од овој дел на градот би добиле нова сообраќајна алтерантива и поврзување со преостанатиот дел од градот. Улицата Лука Геров се реконструира во рамки на големата градежна офанзива, каде што и оваа година ќе се реконструираат повеќе главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини, кои ќе бидат изведени во рекордно кратки рокови. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, го продолжуваат рокот за амортизација на возилата и со тоа им заштедуваат средства на граѓаните. На почетокот на градежните работи присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ ВО КАРПОШ
Во тек се подготвителните активности за реконструкција на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1 и улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1. На овие сообраќајници е воспоставен времен сообраќаен режим, со посебна вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во одредени моменти сообраќајот е регулиран и рачно (со знаменца). Деновиве се одвива гребење на стариот и оштетен коловоз (асфалт) и од таа причина, ги замолуваме сите граѓани да не ги паркираат своите возила во должина на овие улици. Станува збор за сообраќајници кои се лоцирани меѓу повеќе објекти за домување, каде што фреквенцијата на луѓе е поголема, но со реконструкциите ќе се придонесе кон подобри и побезбедни услови за движење на сите учесници во сообраќајот. Градежната сезона ќе продолжи и со реконструкција на улиците „Гиго Михајловски“ во Карпош 1, како и „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“ во Карпош 2. Исто така, претстои обнова и на плочникот во Порта Влае, каде што ќе се заменат старите и дотраени плочки со нови, а ќе биде поставена и нова хидроизолација. На сите граѓани им благодариме на разбирањето и трпението додека се одвиваат теренските градежни активности. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaKarpos |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започнуваме уште една нова приказна во Општина Центар - реконструкција на улицата „Ленинова“, односно потегот од Клуб на пратеници до булеварот „Партизански Одреди“.
Нов горен и долен строј на асфалт, на вкупна површина од 7800 метри квадратни Нови тротоари на површина од 4100 метри квадратни Воведување на резидентно паркирање Отстранување на бандерите и поставување на каблите од операторите под земја ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започнува реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“
![]() ![]() Од денеска, започнува комплетната реконструкција на улицата „Народен Фронт“ во Општина Центар. Со реконструкцијата целосно ќе се уреди коловозната конструкција на површина од 11.542 метри квадратни, а ќе бидат опфатени и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите. По целата должина на улицата „Народен Фронт“ ќе се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Реконструкцијата ќе опфати и обнова на тротоарите, а ќе се воведе и резидентно паркирање за сите станари. Општина Центар апелира до граѓаните да бидат внимателни при движењето и одвивањето на сообраќајот во периодот додека траат градежните активности. https://nezavisen.mk/zapochnuva-rekonstrukcijata-na-ulicata-naroden-front/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПОЧНА ТРЕТАТА ФАЗА ОД РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ИНДИРА ГАНДИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ
Мене ми е особено мило што ваквата реконструкција, овој тип на реконструкција токму во овој дел на Шуто Оризари наидува на сериозно позитивен одглас кај граѓаните со цел конечно и тие од овој дел на градот да ги уживаат бенефитите на урбаното живеење. Ова е, како што напоменав, последната фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во изминатите две години ги работевме претходните две фази, ги замолувам граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи работиме и квалитетно и темелно токму за доброто на граѓаните од овој дел на градот. Во рамки на програмата за одржување на сообраќајници на ЈП Улици и Патишта со Меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Шуто Оризари, реконструирани се улиците: Рељо Шесто Крило, Кипарска, Брегалничка, Демирхисарска, Волт Дизни, Вашингтонска, Нов Живот, П. Лулумба, Карабуница, Злетовска, улица 3, крак 1 и 2. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„Жикол“ ќе гради три раскрсници во Скопје за речиси 19 милиони евра
Градежното претпријатие „Жикол“ го доби договорот од Град Скопје за изградба на три раскрсници во вредност од 1.138.612.544 за изградба на три раскрсници. Раскрсниците ќе се градат помеѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“, помеѓу „Никола Карев“ и улицата „Словенечка“, како и помеѓу „6 Септември“ и улица „Скупи“. Според договорот, изградбата треба да заврши за 30 месеци. Во суматат најголемо учество има изградбата на мостови, надпатници, подземни премини, потпорни ѕидови и рушењето на постоечките мостови, кое ќе чини 531 милиони денари. Договорот е објавен на електронскиот регистар на јавни набавки. https://www.faktor.mk/zikol-kje-gradi-tri-raskrsnici-vo-skopje-za-rechisi-19-milioni-evra?fbclid=IwAR3Ff7rLXz26qCzNiVuWluISIsefQN5lIUt7uCmBCJAd4n2-D6OpQZdBPhA |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Добро бе у една реченица да ги помешаш 8ми септември и 6ти септември.
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Моментално поминав низ булеваот и р од работник нема. Нека не ве лаже шилежето... Само уште едно лажно предизборно ветување ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Јас кога поминав пред некој ден имаше само на еден куп едни пластични огради и две контејнер канцеларии на ЈУ БАЈ немаше активности.Веројатно ќе се темпира крај на август и во текот на септември да се почнат копања на повеќе локации бидејќи има доста улици најавени за гребење каде нема почнато никаква активност.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градежните активности на улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец продолжуваат и во овие летни денови.
Реконструкцијата целосно го опфаќа коловозот, на површина од 11.542 метри квадратни, а ќе се реконструираат и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите. И на оваа улица ќе се постават подигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот, енеретски ефикасно ЛЕД улично осветлување и ќе се воведе резидентно паркирање за станарите. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од пред неколку дена се збори за уривање на А1 Арена заради изградба на улица,булевар и згради,ако некој знае да разјасни за што станува збор....
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/Заштита-на-Спортскиот-Центар-Борис-Трајковски- |
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Дали стварно некој со здрав разум мисли дека ќе се урива салата?
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Пред избори секакви вести излегуваат, а генерално поддржувачите на опозицијата не се баш најбистри луѓе, па ете, ќе извадат муабети дека ќе ја рушат цела сала... А дека би ги рушеле објектите на трасата како лизгалиштето и тениските терени, ич да не чуди, властите се тотално неспособни за нешто суштинско. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И преку споредните улички се вози пребрзо
![]() ПРОДОЛЖУВА БРЗОТО ВОЗЕЊЕ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ЖЕЛЕЗАРА Откако пред околу еден месец на улицата Коце Металец во скопската населба Железара згасна животот на млада мајка, која беше прегазена на пешачки премин, а нејзините сожители излегоа на протести за да го искажат својот револт поради сообраќајното дивеење на оваа улица, но и за да побараат од градските и локалните власти и од сообраќајната полиција конкретни мерки за да се спречат ваквите катастрофи во оваа населба, барањата конечно им беа реализирани. На оваа сообраќајница се постави опрема за намалување на брзината во сообраќајот, а присуството на сообраќајната полиција може да се забележи секојдневно. КАКО ДА СЕ РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ СО СООБРАЌАЈНОТО ДИВЕЕЊЕ И покрај тоа што се реализира и исполни голем дел од барањата на жителите на населбата Железара, сега сообраќајниот хаос се префрли на паралелната улица, позната како Гемиџиска. На оваа сообраќајница, која минува помеѓу голем број куќи, сѐ уште нема лежечки полицајци, па возачите, сакајќи да ги избегнат оние што се поставени на улицата Коце Металец, сега ја користат оваа улица за побрзо да го поминат овој потег од градот. Жителите се гневни поради ваквата ситуација. Велат дека и тука итно мора да се постават лежечки полицајци, затоа што возачите буквално дивеењето го префрлиле на оваа улица. – Бидејќи сега на горната и главна улица во Железара има многу лежечки полицајци, возачите сѐ почесто ја користат нашава улица за да „прелетаат“ и побрзо да стигнат до саканата дестинација. Општината мора итно и тука да постави лежечки полицајци, затоа што навистина возат брзо и бесно – вели Перо М., жител на оваа населба. Тој вели дека оваа населба е преполна со дечиња што играат и трчаат и вели дека мора да се најде начин првенствено за да се заштитат токму тие, но и сите други жители на населбата. – Не можеме секојдневно да ги посетуваме игралиштата, па нашите деца играат тука, пред куќите каде што живеат. Така растевме и ние, игравме топка на улица, а возилата што доаѓаа не возеа брзо, па дури и имаа трпение да нѐ почекаат додека да се тргнеме од улицата. Сега е хаос. Мора ние возрасните да изигруваме редари, да ги стопираме возилата, да трчаме по децата за да ги тргнеме од улица. Навистина е лудница – вели тој. ЖИТЕЛИТЕ СТОЈАТ НА УЛИЦА И ПАТРОЛИРААТ Во обид да провериме дали навистина е така, екипа на „Нова Македонија“ неколку дена беше на терен на двете улици во оваа населба, за да ја утврдиме фактичката состојба и да провериме дали навистина ситуацијата е толку загрижувачка како што тврдат жителите. И навистина, како што минуваше времето, така стануваше јасно дека ситуацијата е уште полоша од претходно. На главната улица Коце Металец возилата се обидуваат да ги заобиколат лежечките полицајци на самата автобуска постојка, каде што коловозот е поширок од вообичаено. Паралелно со оваа улица, на улицата Гемиџиска, додека минувавме со автомобил, почна да алармира еден повозрасен вознемирен човек, кој за момент помисли дека сме некои други што возеле пребрзо на оваа улица. Кога објаснивме кои сме, човекот вознемирено ни раскажа дека мора да стои среде улица затоа што има возачи што возат и до 100 километри на час. – Ова не е нормално. Хаосот од горната улица сега ни се префрли тука пред врата. Имаме внучиња и мали деца, кои лесно може да настрадаат поради таквото несовесно однесување на поединци – ни раскажа жителот. И навистина, сега оваа сообраќајница се користи за побрзо возење, бидејќи таа нема никаква опрема за да намалување на брзината во сообраќајот, а е доста атрактивна за „прелетување“, бидејќи коловозот е рамен и таа е доста пространа и широка. Само додека ние бевме на оваа локација забележавме повеќе од десет возила што, и покрај дозволените 30-40 километри на час, возеа двојно побрзо. ЌЕ СЕ ПОСТАВУВА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ВО СООБРАЌАЈОТ Градските, локалните и полициските власти веќе презедоа голем број мерки за регулирање на проблемот со сообраќајното дивеење во Железара. Зголемен е бројот на лежечки полицајци, пред кои возачите мораат да ја намалат брзината и, наместо гас, да притиснат кочница. Од Општина Гази Баба велат дека и на оваа улица ќе се постават лежечки полицајци за да се спречат сообраќајни инциденти. – Лежечки полицајци се предвидени и за улицата Гемиџиска, конкретно на делот кај ролетарот Војо, каде што доаѓа пешачката патека пред влезот за детската градинка „Калинка“ и сервисниот влез за ООУ „Григор Прличев“. Освен улицата Коце Металец, во населбата Железара е предвидена и поставена опрема за намалување на брзината во сообраќајот и на улицата Душан Тасковиќ, Филип Филиповиќ, Рударска и Гемиџиска – информираат локалните власти. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/и-преку-споредните-улички-се-вози-преб/ |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
причината поради која се вози пребрзо и неодговорно по споредни улички е дека полицијата главно ги обезбедува булеварите... веќе секој што е почесто возач знае каде стојат контролите отприлика
не мора мора секоја улица да биде проодна само со теренец, доволно е само малку повеќе истражување и организација, нешто тотално непознато за неспособни македонски институции и самава статија кажува дека лежечките полицајци се неефективни и дури создаваат повеќе опасност, не гледам како поставување повеќе ќе го реши |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛ. „ШЕКСПИРОВА“ ВО КАРПОШ 2
Општина Карпош започна со реконструкција на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2. Во тек е ископ на постоечката оштетена подлога, а за непречено одвивање на изведбените работи, воспоставен е и нов сообраќаен режим. Поставена е нова сообраќајна сигнализација (знаци), со цел полесно и побезбедно одвивање на сообраќајот додека траат инфраструктурните активности. Претстои реконструкција на 260 метри од улицата, при што ќе се обноват и рабниците, како и пешачките зони – тротоарите. Општина Карпош интензивно работи на подобрување на инфраструктурата во сите населби. Заврши реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“ во Карпош 1, а деновиве претстои асфалтирање и на ул. „Париска“ во Тафталиџе, како и на „Иван Аговски“ (Карпош 1). Им благодариме на сите граѓани кои ги почитуваат новите сообраќајни режими по сервисните улици. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaKarpos/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 143144145146147 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |