build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Археолошки Музеј / Архив / Уставен Суд

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 72737475>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1461 Posted: 07-Feb-2018 at 13:41
Originally posted by mirakuliks

Декс не е само проблемот со изолацијата и прокиснувањето од дожд туку како што е наведено и од претходно тој што планирал и проектирал направил секаков вид на водоводни и одводни инсталации отворено да поминуваат низ складишните простории на архивот. Ова не е нешто што може да се смени бидејќи згрешено од корен. само еден дефект на тие инсталации и ќе бидат уништени тие документи кои се од огромно државно значење. Само за разјаснување за сочувување на документи треба воглавно да се во простории со строго контролирана температура и влажност на воздухот со цел за да се сочуваат подолго.

 
Знам дека е потребна контролирана температура и влажност на воздухот за да се сочуваат документите подолго, и повеќе од очигледно е дека објектите од проектот Скопје 2014 имаат маани кои бараат не темелно изменување на тие водоводни и одводни инсталации, туку несомнено бараат комплетно нови водоводни и одводни инсталации.
 
Поентата ми беше дека преселбата на државниот архив треба да биде привремена, а не трајна, додека да се направат тие комплетно нови водоводни и одводни инсталации за да не се повторат ваквите патешествија низ кои поминуваат овие објекти.
 
Originally posted by Staro Skopje

Тоа што твоите соседи се однесуваат несовесно, не значи дека сите треба да се однесуваат несовесно.

Објектите од Скопје 2014 се со огромни грешки и најголем дел се со лоша функционалност и сомнителен квалитет. Порпаролот на Владата вели дека 90% од Скопје 2014 прокиснува. Предавничката власт на Груевски фрлила стотици милиони евра на полураспаднати објекти.

 
Што велат портпаролите и било кои други државни/јавни функциониери воопшто не го земам во предвид, бидејќи самата позиција државен/јавен функционер во превод значи лажливец и лицемер платен со народни пари.
 
Но се согласувам дека ако не сите, тогаш речиси сите објекти од проектот Скопје 2014 се со безброј маани и со сомнителен квалитет.
 
Но сепак мислам дека изводливо е отстранување на таквите маани и на сомнителниот квалитет со темелни интервенции, па макар и по цена на менување или оштетување на фасадите кои и онака не се ништо оригинално, ниту квалитетно.
 
Така на пример, ако водата од покривот ја носат внатрешни олуци, на мене лично воопшто не би ми пречело да се постават надворешни олуци кои би ја нагрдиле фасадата, но барем би го направиле објектот побезбеден од надворешни влијанија.
 
Но тоа е само мое лично мислење, јас ниту сум експерт, ниту сум учествувал во изградбата на овие објекти за да ги знам нивните маани, единствено ги препознав истите проблеми кои ги имам и јас по дома, во проблемите на објектите од проектот Скопје 2014.
 
И да, се согласувам, тоа што моите соседи кои живеат над мене чекаат и нивните покриви да им паднат над глава за да се опаметат, не е никакво оправдание за други објекти да го следат ваквиот пример.
 
А чисто за потсетување, мојата зграда е стара повеќе од 40 години, додека објектите од проектот Скопје 2014 се стари помалку од 10 години, споредбата е речиси неиздржана, но сепак ја направив бидејќи и јас го имам истиот проблем.


Edited by Dexter26 - 07-Feb-2018 at 13:45
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1462 Posted: 04-Apr-2018 at 13:16
Владата ќе гради нова зграда на Државниот архив, нема информација колку ќе чини

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на ова прашање со изградба на нов објект за Државниот архив, соопштија од владината прес служба.

Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.

Нема информации за тоа колку ќе чини изградбата на новиот објект, но и санирањето на стариот.

https://fokus.mk/vladata-ke-gradi-nova-zgrada-na-drzhavniot-arhiv-nema-informatsija-kolku-ke-chini/
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1463 Posted: 04-Apr-2018 at 13:18
Бидејќи Кривичниот суд се пресели во нова зграда, зарем не би било попаметно Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое сега е сместено во старата зграда на Архивот, да се смести во старата зграда на Кривичен, а Архивот да се врати во таа зграда?
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
mirakuliks View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 06-Feb-2010
Location: New York
Online Status: Offline
Posts: 831
  Quote mirakuliks Quote  Post ReplyReply #1464 Posted: 05-Apr-2018 at 04:01
Проблемот е во тоа што старата зграда на архивот е веќе преуредена и сега несоодветна за да се врати архивот таму.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1465 Posted: 03-Nov-2018 at 21:46
Како да се забошотија анкетите...

На овој објект, според критериумите предложени во темата за анкети, би му дал 3 од 10.

- естетски изглед на објектот: 3/10
     Архитектонското решение е лошо. Комбинира стакло својствено за просечен деловен објект од крајот на 20 век, малтер кој личи на меремер, а не е мермер, цевки кои личат на столбови, а не се столбови и бронзени куполи; а усогласеноста помеѓу нив е незадоволителна. Обичен кич.
- вклопеност во околината: 3/10
     АМАУС, очекувано, е во хармонија со останатите згради од „Скопје 2014“. Масивноста не е проблем, имајќи предвид дека се наоѓа спроти голем, а на средно голем плоштад, но многу лошо функционира со постарите градби околу него и со кејот.
- употребени материјали: 4/10
     Не знам доволно за употребените материјали, но имајќи ги предвид останатите карактеристики, како и самата природа на оваа зграда и проектот од кој произлегува, не верувам дека се многу квалитетни.
- квалитет на изведбата: 3/10
     Овој објект, каде што е сместено едно од најголемите богатства на Македонија - Државниот архив - не е стар ниту десет години, а веќе има видливи проблеми. Протекување на кровот на олку скапа и важна конструкција е апсолутно неприфатливо.
- функционалност: 4/10
     Според разни кажуванки, како и коментарот за употребените материјали кој е апсолутно соодветен и тука, сигурен сум дека функционалноста не е одлична, иако мислам дека е можно оценката да оди нагоре.
- хортикултурно и партерно уредување на околината на објектот: 3/10
     Што е тоа?
- паркинг решение: 6/10
     Има подземен паркинг, а во близина има катна гаража и уште еден подземен паркинг (освен доколку не е истиот?), така што решението е онолку добро колку што се навиките на луѓето кои го користат објектов.
- запазување на урбанистичките норми, планови како и на контекстот: 1/10
     Без коментар.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1466 Posted: 29-Jul-2021 at 14:19
Скелиња пред Археолошкиот музеј. Повеќе од очигледно дека се отстранува едно од последните места на кое стои МАКЕДОНИЈА.



https://www.facebook.com/Skopje.Skopska/videos/377276757149618
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1467 Posted: 16-Aug-2021 at 13:42


Можеле да остават само Археолошки музеј, ако толку им пречи (само) Македонија



Edited by Џоле - 16-Aug-2021 at 13:42
За сè има вторпат
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1943
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #1468 Posted: 16-Aug-2021 at 13:49
zosto mora da stoi i Republika vo naslovov?
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1469 Posted: 16-Aug-2021 at 13:49
Државава се вика Северна Македонија и се обврзала самата, а и светот ја обврзал преку резолуција на Обединети Нации преку ратификацијата на преспанскиот договор, да го користи формално правно целосното име "Република Северна Македонија". Доста му е веќе на ова општество проблематизирање на затворено прашање! Што, демек сега устав сменивме ама ќе "спасиме" од "штетата" ако покажеме инает на некој сообраќаен знак?? Такви селски жмроњски глупости не ни требаат!
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1470 Posted: 16-Aug-2021 at 13:52
Originally posted by xnx

zosto mora da stoi i Republika vo naslovov?
За да не заглавиме во уште еден спор со Бугарија уште 30 години! Ете затоа. "Северна Македонија" опфаќа и претензии према Пиринскиот дел, со "Република" напред државата гарантира дека нема такви намери. Ете затоа! Зашто политиката и периодот се сензитивни. Зашто некој сака Македонија да ја изведе на прав пат, додека друга скупина бараби уживајќи го благодетот на мирот и комоцијата да живеат во НАТО држава, седат у кафана и се дерат глупости што можат да ја загрозат идинината на Македонија.

Edited by user8642 - 16-Aug-2021 at 13:54
Back to Top
MJ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 30-Nov-2020
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote MJ Quote  Post ReplyReply #1471 Posted: 16-Aug-2021 at 13:59
Originally posted by user8642

Државава се вика Северна Македонија и се обврзала самата, а и светот ја обврзал преку резолуција на Обединети Нации преку ратификацијата на преспанскиот договор, да го користи формално правно целосното име "Република Северна Македонија". Доста му е веќе на ова општество проблематизирање на затворено прашање! Што, демек сега устав сменивме ама ќе "спасиме" од "штетата" ако покажеме инает на некој сообраќаен знак?? Такви селски жмроњски глупости не ни требаат!


Мислев дека форумов е посветен на архитектура и градежништво, ако е политички може да го преименуваме во Кајгана и да си кажуваме кој какво политичко мислење има
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1472 Posted: 16-Aug-2021 at 14:28
Originally posted by user8642

Државава се вика Северна Македонија и се обврзала самата, а и светот ја обврзал преку резолуција на Обединети Нации преку ратификацијата на преспанскиот договор, да го користи формално правно целосното име "Република Северна Македонија". Доста му е веќе на ова општество проблематизирање на затворено прашање! Што, демек сега устав сменивме ама ќе "спасиме" од "штетата" ако покажеме инает на некој сообраќаен знак?? Такви селски жмроњски глупости не ни требаат!


Можеби е археолошки музеј на експонати од регионот Македонија? На пример.

Мислев дека форумов е посветен на архитектура и градежништво, ако е политички може да го преименуваме во Кајгана и да си кажуваме кој какво политичко мислење има


Случајов е само политички и ништо повеќе. Не знам дали сме обврзани да ставиме Северна секаде каде што пишува Македонија. Имам чувство дека самите правиме повеќе одошто се бара од нас. Ама можеби грешам.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1473 Posted: 16-Aug-2021 at 15:03
„Археолошки Музеј“ е повеќе од доволно. Вклучувањето на „Република“ во секој натпис е смешно, тажно и патетично. И порано имав споменато, кога некој ќе речеше „РМ“ се прашував што ли прават со сето заштедено време. Зошто во Бугарија никој не вика РБ, или во Грција не си ја викаат државата РГ? Овие глупости од СФРЈ со РС, РХ и РМ (и сега со РСМ) се за во друго време.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1474 Posted: 17-Aug-2021 at 11:45
Ги тепа филм дека живеат во романтизираната патетика на @user8642 за некаков си прав пат, европска иднина, развој итн. затоа ставаат „република“ секаде, додека те крадат да мислиш дека живееш во демократско општество.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1475 Posted: 17-Aug-2021 at 13:25
Ај баш да видам како тоа жмрњо и апасијата ќе го вратат името, пошто овие нели од ќејф и филм го ставале тоа "република" секаде.

Така да незнам чиво е романтизирана патетика повеќе. Дали движење кон единствениот нормален избор, развиен, западен свет. Или седење у штаб/кафана у приградска вукојебина, гракајќи нео-наци народна музика, опкружен и накитен со префарбани симболи со кои никогаш и не се идентификувале македонските словени.

Ќе ја направиме Македонија нормално место, подобро и за вас несвесните и за нас свесните! И покрај сопките што свесно ги ставате!
Back to Top
Bezveza View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 12-Jul-2021
Online Status: Offline
Posts: 32
  Quote Bezveza Quote  Post ReplyReply #1476 Posted: 17-Aug-2021 at 13:45
Back to Top
Vire View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Aug-2021
Online Status: Offline
Posts: 383
  Quote Vire Quote  Post ReplyReply #1477 Posted: 17-Aug-2021 at 13:55
Originally posted by user8642


Ќе ја направиме Македонија нормално место, подобро и за вас несвесните и за нас свесните! И покрај сопките што свесно ги ставате!

Се согласувам дека треба уставното име да се користи,ако веќе мора да се лепи на официјални институции,само ова што си го пишал,кога ќе биде ? Оти гледам 5 години СТЕ на власт а подобро никако да стане,напротив само полошо станува...


Се извинувам за офф-топик
Back to Top
JovanOdGjorche View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Oct-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 516
  Quote JovanOdGjorche Quote  Post ReplyReply #1478 Posted: 17-Aug-2021 at 14:12
Вие драг господине @user8642, си живеете во некој свет (можеби ве тепа и пубертет), исто како и вашите „жморони“ (толку ви е капацитетот за изразување со кој впрочем покажувате дека сте исти како и нив), свет кој магично вас ве става на пиедестал дека сте небаре нешто подобри од „другите“ кога во самиот почеток сте исти (присвоивте црвена боја да личите попатриотски а се пониживте пред цел свет), но терајте си со партискиот дискурс и на оваа платформа, бидејќи во тоа и се претфори форумов почнувајќи од вашите мили браќа „жморони“ пред скоро една деценија.

Се вклучувам на неколку дена, а сега тоа и ќе биде на една недела.
And something, somewhere was lost in 1938...
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1479 Posted: 17-Aug-2021 at 14:21
Originally posted by JovanOdGjorche

Вие драг господине @user8642, си живеете во некој свет....
Тој "некој свет" се вика реалност, што не опкружува сите нас. Истиот свет е и за тој со главата у песок и тој со погледот 360 што гледа какво време владее.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 562
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #1480 Posted: 17-Aug-2021 at 14:22
Не може да не се вмеша политика до некаде во дискусијата, и тоа е во ред, но овде некои мислења се изгледа директно од партиски штаб пишувани.


Edited by Théoden - 17-Aug-2021 at 14:23
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 72737475>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.238 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.