![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 144145146147148 159> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Некако спласна работата со летната градежна офанзива,скоро цело лето помина но немаше активности.Не се искористи периодот кога градот беше полупразен да се работи на К.Ј.Питу,на Гологанов,Крсте Петков Мисирков кои од септември ќе бидат многу оптоварени и ако тогаш решат да ги раскопуваат ќе биде голем хаос во сообраќајот.И овие денови кај Транспортен е доста голема гужва дури се спојуваат колоните и се блокира раскрсницата од страната на Аеродром...
Не знам кога планираат да ги прават зафатите но овој дел околу Транспортен ми се чини од ден на ден станува се поголема гужва и тоа зборувам за период во кој скоро 2 години не работат школи,факултети и некои други дејности. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНА УЛИЦАТА „ПАРИСКА“ ВО ТАФТАЛИЏЕ
![]() ![]() ![]() Денеска завршува реконструкцијата на улицата „Париска“ во населбата Тафталиџе 1. Асфалтирана е површина од 5.700 м2 или 407 метри должина, со што се подобрија условите за движење по оваа сообраќајница. Градежните активности се одвиваа подолг временски период, од причина што се работеше и на изведба на поливателни бунари за одвод на атмосферски води. Со истите, ќе се овозможи непречено движење по улицата и во случај на поголеми врнежи од дожд. Денеска, во теренски увид на активностите беа градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. - Улицата „Париска“ го поврзува булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Прашка“, токму во оној дел, којшто во минатото „настрада“ од агресивна и непланска урбанизација. Сепак, во изминативе четири години навистина вложивме во подобрување на инфраструктурата во овој дел на општината. Работевме и на поставување на нова канализациона мрежа на улицата „Варшавска“, а пробивме и сервисна улица меѓу „Прашка“ и булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Општина Карпош во меѓувреме продолжува со обнова и на улиците „Иван Аговски“ и „Гиго Михајловски“ во Карпош 1, како и на „Шекспирова“ во Карпош 2, рече Богоев. Во периодот што следи долж „Париска“ ќе биде поставена и нова сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи полесна регулација на сообраќајот https://www.facebook.com/OpstinaKarpos |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Која е потребата за ваков џиновски коловоз и минијатурни тротоарчиња? Секако дека за паркинг, ама можело да се реши поинаку.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО: Предлог Студија за регулирање на сообраќај во населба Автокоманда
Целта на Студијата е унапредување на севкупното ниво на сообраќајна услуга и зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот преку дефинирање на најоптимално сообраќајно решение со воведување на еднонасочен режим на движење и стационарен сообраќај (паркирање) на постојна состојба на уличната мрежа во населба Автокоманда https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/ |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
баш тоа сакав да пишам, кај нас се толку неуки околу овие прашања што жал ме фаќа |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На еден од најфрекфентните скопски булевари “Киро Глигоров” работиме само ноќе. Индустрискиот сообраќај преку ден ќе се одвива непречено !
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје утрово со „запушени артерии“: Сообраќаен метеж и колони возила од Аеродром до Центар/ФОТО
![]() ![]() Утрово Скопјани ги дочека вистински сообраќаен метеж во населбата Аеродром. Колоната возила која почнува од Трговскиот центар Бисер, па се до Железничката станица и центарот на градот, предизвика револт и нервоза кај граѓаните кои возе буквално „во место“. Оваа ситуација на сообраќаен метеќ и долги колони возила особено во утринските часови е честа за овој дел од градот, а не изостануваат и останатите делови на Скопје, особено кога станува збор за септември и почеток на учебната година https://www.vecer.press/скопје-утрово-со-запушени-артерии/ |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
никогаш не сум видел колона до три бисери до сега... дали ова се должи на реконструкцијата на делницата кон автокоманда?
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кога станува збор за сообраќајот во центарот на градот, со години една од најпроблематичните точки се улиците околу Клиничкиот Центар Скопје, каде секојдневно се создава метеж од големиот број на автомобили кои се движат во таа област од градот.
Поради тоа, за да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, со што овој проблем значително ќе се олесни а движењето на граѓаните и автомобилите ќе стане далеку поедноставно и побрзо ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=404613091033089&set=a.270845021076564 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ МАНУ
Денеска извршив увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар. Булеварот се реконструира на потегот на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=404681217692943&set=pcb.404682917692773 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вечерва ќе биде затворен за сообраќај дел од бул. „Крсте Мисирков
Градот Скопје јавува дека вечер, од 22 часот до 5 часот наутро, поради изведба на градежни работи на булеварот „Крсте Мисирков“, комплетно затворен за сообраќај ќе биде потегот од пешачкиот премин кај Судовите/Адвокатска улица до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“, односно коловозните ленти од страната на Судовите (источна страна). Додека екипите ќе работат на терен сообраќајот ќе се пренасочува кон улицата „Кеј 13 Ноември“ (кај МКЦ) и по сервисните улици кај Судовите. Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. https://nezavisen.mk/vecherva-kje-bide-zatvoren-za-soobrakjaj-del-od-bul-krste-misirkov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ДО БОЈАНЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ
Градоначалникот Петре Шилегов, премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на патот до Бојане во општината Сарај, што е во тек. - Селото Бојане е последното населено место во градот Скопје кон граничната општина Желино и долги децении било и заборавано и запоставувано од градските власти. Ова сега е доказ како во соработка меѓу Општина Сарај и Градот Скопје, помогнати и од Владата на Република Северна Македонија успеваме да го решиме овој децениски проблем на граѓаните на Бојане кои сега се поврзуваат со најдобрата инфраструктура – рече денеска градоначалникот Шилегов. Реконструкцијата на овој пат се изведува во должина од 3 километри. Покрај реконструкцијата на коловозот се обновуваат и водоводната, атмосферската и канализациската мрежа во должина од 3 километри. Се обновуваат и рабниците од двете страни на патот, се обновува зеленилото, а се гради и нова пешачка патека од бекатон плочки со ширина од 1,5 метри во должина од 3 километри. Станува збор за инвестиција од 101,5 милиони денари со вклучен ДДВ од буџетот на Град Скопје. За премиерот Зоран Заев, од ваквите зафати се гледа грижата на локалната и на централната власт за потребите на граѓаните, зашто квалитетот на живот треба да биде рамномерен и во селата и во градовите. - Реконструкцијата на патот до село Бојане е само еден од десетиците инвестициски проекти на локалните власти во нашата земја кои ја имаат целосната поддршка на Владата низ повеќе различни програми. Со 70 милиони евра директна помош за општините во наредниот период планираме да продолжиме да реконструираме околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини во државата и Градот Скопје. Со првиот повик опфативме 17 општини и реконструкција на 27 улици со вкупна должина од 23,62 км, проект вреден преку 4 милиони евра. Реализиран е и вториот повик, започна реконструкцијата на 35 улици во 21 општина, со вкупна должина од 35,5 км, во вредност од околу 7 милиони евра. Во тек е подготовка на трет повик кој ќе опфати обнова на дополнителни 60 км локални улици. На секоја општина за оваа намена на располагање и стојат од 500.000 евра до 2 милиона евра, неповратни средства. Дополнително, тука е програмата на ТАВ со која се реализираат 94 инфраструктурни проекти, а се реализираат и програмите за туристички развој и програмата за водоводи и канализации – појасни премиерот Заев. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Предолги колони секое утро од 07 до 10 часот,веројатно сите го избегнуваат мостот Близнак поради реконструкцијата кај Бриколаж но денес чинам и кај МАНУ било затворено заради гребење на асфалтот или стеснето во една лента
Од твитер ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тргни - застани, не се нервирај, доцниш секако...
![]() Денеска и вчера, а и денови претходно од пандемискиот септември, во Скопје владее сообраќаен метеж. И за тие што се на работа од 7 часот, и за тие среќници што работат од 8 или 9 часот, или имаат други обврски, секако и за учениците во градските автобуси со маски на лицата, кои ќе продолжат да ги носат и на часовите во училиште. Нашето утринско искуство од 9 часот вели дека од Ново Лисиче до Карпош се потребни 40 минути со автомобил. После „Три бисери“ до Железничка станица беше тргни - застани во три ленти. Тргни - застани и до Народната банка.Го избегнавме булеварот кој води до судскиот комплекс, бидејќи деновиве се возеше по една лента заради градежни работи. Но кон Црвен крст повторно метеж, но уште поголем кон Градска болница и Рекорд. https://www.mkd.mk/makedonija/skopje/trgni-zastani-ne-nerviraj-se-docnish-sekako |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Целосна промена на режимот во центарот на Скопје со еднонасочен сообраќај
Иако тоа е предвидено со Генералниот урбанистичка план, а Шилегов го најавуваше акако алтернативна сообраќајна артерија во центарто на Скопје, откако ќе се случи најавнеото затворање на Рекорд за возила, сепак последните анализи на Градот покажале дека тоа нема да биде потребно.. Градоначалникот Шилегов информираше дека таа ќе остане еднонасочна како и досега, но ќе се реконструира бидејќи поголем дел од улицата е руиниран. Улицата која што сега е исполнета со возила и гужва ќе добие нова слика, исполнета со пешаци, а дел од сообраќајниот товар во еден правец ќе биде префрлен на улицата Даме Груев за која што е најавена реконструкција Рекорд денеска е затворен во еден правец поради припремите на дефилето за утрешниот празник, па метежот кој што се створи укажува дека ова може да биде траен проблем по затворањето на улицата за сообраќај. Сепак Шилегов уверува дека улицата Даме Груев која што ќе се реконструира ќе може да го поднесе товарот. -Улицата „Даме Груев“ која што се движи позади Собрание ниту ќе биде проширена ниту ќе се девастира зеленилото бидејќи сите симулации кажуваат дека одговара како такво со капацитет на кој што ќе се уреди сообраќајот да одговори на потребите.- Петре Шилегов. Шилегов вели дека во чекор со имплементацијата на БРТ ќе се носат и идеални сообраќајни решенија, односно сообраќајот во центарот на градот ќе доживее целосна трансформација. Ќе имаме преуредување на централното градско подрачје онака како што е во сите светски метрополи, со еднонасочен сообраќај со непречено движење, без застој без регулатива. Според проценките, имплементацијата на целиот проект треба да започне 2024 година, а тогаш и паралелно ќе се одвиваат и промените во сообраќајот. Од друга страна аеродромци во последниве неколку дена се соочуваат со проблем да стигнат на другата страна од градот. Градоначалникот побара трпение, бидејќи се работи на реконструкција на улиците. https://kanal5.com.mk/shilegov-celosna-promena-na-rezhimot-vo-centarot-na-skopje-so-ednonasochen-soobrakjaj/a491723 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Освен мењање имиња на улици, ова е вториот џокер за градските власти "да го клатат возот", демек нешто работат.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАГЛАВЕНИ ВО ХАОСОТ: Скопје во 7.45 – сите патишта водат кон Центар/ФОТО
Сообраќајниот метеж е секојдневние во македонската метропола, но сликата за она што се случува секое утро од населбата Аеродром кон Центар навистина е хаотична. Колона возила која почнува од Трговскиот центар Бисер, па се до Железничката станица и центарот на градот, секојдневно создава револт и нервоза кај граѓаните кои возат буквално „во место“. ![]() https://www.vecer.press/заглавени-во-хаосот-скопје-во-7-45-сите-па/ --------------------- Ова ќе биде вака се додека не се заврши кај Бриколаж но и потоа нема да се смени многу. Инаку ме чуди зошто прилично слабо се користи бул.Трета Македонска Бригада и наутро и преку ден интензитетот на возила е релативно слаб а за сметка на тоа наутро ул.Симеон Кавракиров и бул.К.Ј.Питу се со километарски колони. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ваљда мостот кај Хотел Русија ќе го реши проблемов со колониве.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Па повеќе би рекол ќе го подели хаосот ќе има опција да се чека кај Транспортен или кај Ист Гејт и кај Мавровка. Еве ги критичните точки во утринските часови бул. 8ми Септември во двете насоки, -бул. Александар Македонски кон клучката Континентал, -бул. Јане Сандански кон бул. К.Ј.Питу, -ул. Симеон Кавракиров кон Центар, -ул. 11 Октомври во двете насоки, -бул. Србија кон к-ца со бул. АСНОМ, -бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар, |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
КОга ќе се изградат и вселат останатите згради во Стар Аеродром, тие што ќе се поделат и отидат накај Мавровка ќе бидат заменети со други.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 144145146147148 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |