![]() |
![]() |
![]() |
Урбана опрема |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 212223 |
Author | |
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
глеј само на кој простор треба да ја стават, грди бекатонки обраснати со трева од неодржување
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Уличните часовници – декор во просторот или потреба
![]() Традиционалното постоење на уличните часовници во метрополата Градските булевари речиси две години се збогатени со часовници, чија намена колку е естетска, толку и треба да им служи на граѓаните да се информираат за точното време. Сепак, некои од часовниците претставуваат само инсталација во просторот, бидејќи не функционираат, односно не го покажуваат точното време и залудно стојат на крстосниците и булеварите. НЕИСПРАВНИ ЧАСОВНИЦИ Иако во денешно време ретко кој носи часовник или, пак, ги користи поставените улични часовници на булеварите во градот, сепак низ улиците на Скопје уште во 2002 година беа поставени часовници, чија намена очигледно е да покажуваат колку е часот. Сепак, некои од овие часовници воопшто не функционираат, односно не го покажуваат точниот час и стојат само како украсни детали на булеварите. Иако сега сите имаат мобилни телефони, сепак, граѓаните велат дека кога веќе ги има, потребно е да ја вршат својата функција. – Часовникот што е поставен на крстосницата кај Момин Поток, на семафорите кон Ѓорче, веќе неколку месеци воопшто не работи. Факт е дека денес никој не ги ниту забележува, бидејќи секој има часовник на својот мобилен телефон, сепак, кога веќе постојат, треба и да работат, инаку која е нивната потреба да стојат така? – вели Вики Митевска. Голем дел од граѓаните воопшто не ни ги забележале часовниците, велат дека знаат дека во Скопје се поставени, но велат дека и да ги виделе, воопшто не им обрнале внимание. – Немам потреба да барам часовник низ градот, па затоа не ни знам дека ги има. Знам и сум забележал дека има, но воопшто не сум им обрнал внимание, бидејќи немам потреба од нив – вели Александар Митревски. ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЧАСОВНИЦИТЕ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 2,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Во моментов во Скопје се поставени 16 градски часовници на градските булевари. Градските власти велат дека часовниците редовно се сервисираат и одржуваат, а покрај одржувањето, на нив се врши и корекција при сезонските менувања на сметањето на времето. – За реализација на овие активности, Град Скопје секоја година избира фирма што е задолжена за нивно одржување. Во 2021 година е спроведена јавна набавка, каде што е избрана компанијата „Магнус инженеринг“, а оваа година тендерот беше целосен за одржување на јавното осветлување и градските часовници. Конкретно за одржувањето на градските часовници, за 24 месеци Град Скопје ќе издвои 2,8 милиони денари – информираат од Град Скопје. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/уличните-часовници-декор-во-просторо/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започна изградбата на атрактивната фонтана во Делчево (ФОТО) ![]() Фонтаната е проектирана во формата бесконечност и одраз на модерно и современо Делчево. Идејното решение за фонтаната е уште еден несекојдневен производ на делчевската архитектонска фирма ГП „Архитекти“ и дипл.инж.арх. Гоце Попов, чиј потпис стои и на архитектонското решение на новиот градски пазар во Делчево. Со ова идејно решение, се внесува живост, динамика, естетика и го оплеменува околниот простор, а со тоа ја реобликува и новата градска слика и го привлекува вниманието на минувачите и посетителите. По начинот на функционирање, фонтаната е замислена да биде со затворен систем, односно предвидено е да врти една иста количина на вода од приближно 7м3 и да ја филтрира преку своја филтер– централа. Гледана во основа, димензиите на фонтаната се 4 метри ширина и 6 метри должина не сметајќи ја подземната помошна просторија. Висината на металната структура е 350 см, висината на базисот 45 см . Вкупната висина на целата фонтана е 395 см. Паричните средства за реализација на овој Договор се обезбедени од донации и од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година. Вредноста на Договорот изнесува 2.616.296,00 денари без вклучен ДДВ, односно 3.087.229,00 денари со вклучен ДДВ. Инаку, за Делчево ова е прва фонтана од ваков вид и заедно со втората фонтана планирана од другата страна на Брегалница, пред Спомен-домот АСНОМ, како и другите планирани објекти во ова подрачје, ќе даде нов белег на градот и визуелна доминација во централното градско подрачје. https://pogled.mk/zapochna-izgradbata-na-atraktivnata-fontana-vo-delchevo-foto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започна изградбата на атрактивната фонтана
Со изведување земјени работи и подготовка на теренот, започна изградбата на првата од двете планирани фонтани во централното градско подрачје. Економскиот оператор одбран во тендерска постапка има обврска работите да ги заврши во рок од 6 месеци. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/GoranTrajkovskiZaDelcevo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Модерните клупи со птичји измет, никој не ги чисти со недели!
![]() Шеталиштето на кејот „13 Ноември“ никогаш не било поубаво, похумано и толку достапно, ниту повеќе полно со луѓе, граѓани, скопјани, кои сега конечно можат да уживаат во широчината на овие простори, изјави Петре Шилегов, ексградоначалникот на Град Скопје при промоцијата на новиот реконструиран кеј кон крајот на јули годинава. За таа цел поставени се нови модерни клупи за седење, нови корпи за отпад, нови жардинери за дрворедот што целосно ги ослободуваат корењата на дрвата како и канделабри, рефлектори за осветлување. Но, четири месеци подоцна, шеталиштето доби нов естетски изглед. За тоа се погрижија птиците кои преспиваат во крошните на дрвјата. Поголем број од клупите и просторот околу нив се уништени од птичји измет. Така стојат со недели и никој од службите за одржување на јавните површини не се ни обидува да ги исчисти. Од фотографиите што ги направивме се гледа дека клупите, чија основна намена им е да служат за седнување, никој повеќе не ги користи затоа што се нечисти и гадни. Откако деновиве заврна, сега се шири и непријатна миризба. Сакаме да ги поттикнеме локалните власти да се фатат за работа и да ја средат оваа јавна површина бидејќи никаде вака не личи една метропола во централното градско подрачје. https://www.vecer.press/модерните-клупи-со-птичји-измет-никој/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ццццц...
|
|
![]() |
|
Bezveza ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 12-Jul-2021 Online Status: Offline Posts: 33 |
![]() ![]() |
Природна работа
![]() |
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Еве заврна, дождот ќе ги среди
![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фонтаната „Лотос“ пак ќе работи, за реконструкција ќе се потрошат 2,5 милиони денари
![]() Пред 15-ина години се уреди платото околу фонтаната со нови плочки, но нејзината обнова сѐ уште чека. ЈП „Водовод и канализација“ планира годинава да ја реконструира фонтаната „Лотос“ на влезот во Градски парк. Фонтаната, која е една од најстарите во градот и е дел од спомените на скопјани, е изградена пред половина век, поточно пуштена е во употреба во мај во далечната 1971 година, со гламурозна свеченост на која присуствувале многу значајни личности. На местото каде што денеска се наоѓа фонтаната, пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови, кои биле инспирација за архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец, фонтаната да ја проектира во форма на лотосов цвет. Пред 15-ина години се уреди платото околу фонтаната со нови плочки, но нејзината обнова сѐ уште чека. Сега ЈП „Водовод и канализација“ реконструкцијата на фонтаната ја вметнало во Инвестициската програма за 2022 година, во која се вели дека за оваа намена, за електро и машински инсталации се планирани 2,5 милиони денари. Покрај реконструкцијата на „Лотос“, јавното претпријатие до Советот на Град Скопје понуди програма во која се планира годинава да се довршат започнатите проекти од 2021 година, но и нови инвестиции. Вкупниот износ на планирани средства за инвестициски вложувања за 2022 година се околу 650 милиони денари. Во програмата се наведува дека ќе се реконструира и доизградува водоводната мрежа, ќе се реконструираат и санираат шахтите и ќе се изведува антикорозивна и термичка заштита на цевки за да се продолжи векот на траење на цевководите. Во рамките на Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на град Скопје, се планира инсталација на зонски мерачи на проток, со кои ќе се воспостават зони на потрошувачка каде што ќе се контролираат загубите на вода и ќе се создадат услови за рано откривање на дефектите. Претпријатието ќе продолжи и со набавката на водомери со далечинско отчитување, за што ќе се вложат 38 милиони денари, но ќе се вложува и во специјални возила за третирање на канализациската мрежа. Поради зголемена потреба за третирање на затнатите канализациски линии, во 2022 година се планира набавка на возило со опрема за видеоинспекција на канализациските линии со помал профил до 250 мм, а проценетата вредност е околу 7 милиони денари – се вели во Инвестициската програма, каде што се наведува и дека ќе се набави возило со опрема за третирање на затната канализација, во вредност од 8 милиони денари. Секторот за санитарна контрола во 2022 година планира проширување на опсегот на акредитација во согласност со Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода. Лабораториите и одделението за санитарна контрола, како што се наведува во програмата за 2022 година, вршат секојдневен мониторинг на квалитетот на водата за пиење од 58 мерни места, кои се одредени според бројот на жители на градот, како и контрола на површинските и комуналните отпадни води. Поради тоа, како што се вели, потребно е доопремување на лабораториите, па за осовременување на опремата се планирани 1.645.000 денари и уште 5,5 милиони за набавка на мебел за лабораториите изработен по стандарди за лабораториска намена. ЈП „Водовод и канализација“ годинава планира да вложува и во сите други сегменти што се дел од активностите на претпријатието, какви што се прочистување отпадни води, осовременување на техниката и механизацијата и во други области од неговото работење. https://www.slobodenpecat.mk/fontanata-lotos-pak-kje-raboti-za-rekonstrukcija-kje-se-potroshat-25-milioni-denari/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Фотовест: Фонтаните водоскоци останаа како „магнет“ за ѓубрето во Вардар
![]() Испокршени, свиткани и нефункционалните фонтани или таканаречените водоскоци во реката Вардар, кај Камениот мост и натаму останаа немо да сведочат за проектот „Скопје 2014“. Сега тие пропаѓаат, служат како закачалки за ѓубрето што го носи реката Вардар, кеси, треви и други нечистотии и наместо атракција, тие се само грда слика во центарот на градот. Претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов најави дека во 2018 година заедно со врбите од Вардар, ќе ги отстрани и фонтаните, но, тоа не се случи. -Тоа ќе се случи наскоро, напролет, најави тогаш Шилегов, потенцирајќи дека тоа ќе го стори пред сè од безбедносни причини, бидејќи и фонтаните и врбите го загрозувале течението на реката, а со тоа се зголемувале опасностите од излевање на Вардар по обилни дождови. Токму врбите и фонтаните поставени среде Вардар во 2011 година, беа меѓу најкритикуваните детали од „Скопје 2014“. За трите врби беа потрошени околу 250.000 евра, а речиси исто толку чинеа и двете фонтани. Тие беа платени со пари од буџетот на Општина Центар. https://www.vecer.press/фотовест-фонтаните-водоскоци-остана/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
да, ама ЌЕ . . .
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Опширна тема е ова, и не станува збор само за урбана опрема, но нека стои тука...
____________________________ Екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК направи обиколка на центарот на Скопје за да забележиме што би видел еден турист. Погледнете ја фоторепортажата од Скопје што се распаѓа во гнасотии и запуштеност. Најстрашно - никому не му пречи. МИЗЕРИЈА И РАСПАД НА МОДЕРНОТО СКОПЈЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА (ФОТОГАЛЕРИЈА) ![]() Строгиот центар на Скопје се распаѓа. Негрижа, оставено да пропаѓа и затрупано со ѓубре е сликата низ улица Македонија, Плоштад Македонија, Камен мост и Плоштад Филип Втори. Станува збор за делови кои треба да бидат најрепрезентативни, кои се лицето на еден главен град, не само за жителите туку и за посетителите. Екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК направи обиколка на центарот на градот за да забележиме што би видел еден турист кога ќе го посети Скопје. Тргнавме од Музејот на Град Скопје, преку улица Македонија, свртевме до Плоштадот ВМРО, па преку Рекорд и улица Никола Вапцаров стигнавме до Плоштад Македонија. Оттаму го минавме Камен мост, Плоштад Филип Втори и дојдовме до Старата скопска чаршија. Центарот на градот никогаш не бил повалкан, ѓубре насекаде, како со години никој да не го измил со вода плочникот. Искршени клупи, канделабри, корпи за отпадоци. Насекаде недоврешни градилишта и фасади кои стојат како чирови со години. Тротоари со дупки, прокопи и крпеници од асфалт. Затворени дуќани, распослани застаклени тераси на кафулиња и коли паркирани насекаде низ пешачки зони. Слика целосно спротивна од онаа за модерно Скопје што ја вети на скопјани градоначалничката Данела Арсовска на минатогодишните локални избори. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://sdk.mk/index.php/naslovna/mizerija-i-raspad-na-modernoto-skopje-na-gradonachalnichkata-arsovska-fotogalerija/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Супер репортажа. Ваљда ќе им текне на градскиве власти малце да го потсредат хаосов низ градов, што е прикажан преку фотографииве.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ СТАВА ДАСКИ НА КЛУПИТЕ НА ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА ОТКАКО САКАМДАКАЖАМ.МК ОБЈАВИ ФОТОРЕПОРТАЖА ОД РАСПАДНАТИОТ ЦЕНТАР
![]() Екипи од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ од утрово поставуваат нови даски на клупите на Плоштад Македонија. Половина од клупите на централниот Плоштад во главниот град со месеци стоеја само со железни рамки оти даските беа украдени. Но, никој од Град Скопје не приметуваше и не беше даден налог за менување и оспособување на клупите. Откако редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК пред два дена објави текст дека се украдени даските и фоторепортажа дека центарот на градот е запуштен, денеска екипи излегоа да интервенираат. Од ЈП „Комунална хигиена“ по објавување на фоторепортажата „Мизерија и распад на модерното Скопје на градоначалничката Арсовска“ се заканија со тужба на редакцијата на САКАМДАКАЖАМ.МК. Од претпријатието побараа извинување во рок од 48 часа и повлекување на текстот во спротивно ќе биле приморани да поднесат тужба. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-stava-daski-na-klupite-na-ploshtad-makedonija-otkako-sakamdakazham-mk-objavi-fotoreportazha-od-raspadnatiot-tsentar/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Тужба ќе поднесувале, сериозно?
Иначе, зошто не го потсредат и тој делот помеѓу плочката и Министерството за транспорт и врски, на плоштадот „Филип Втори“? На што личи тој несреден простор таму? Edited by skopskodete - 05-Nov-2022 at 12:57 |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Велес (од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Нови клупи на ул. „Македонија“ во Скопје
![]() Изминатиот период, се заменија дотраените и искршени полукружни клупи на улицата Македонија во Скопје. Дизајнот е соодветен за современиот јазик, додека материјализацијата е масивно дрво на метална конструкција. Урбаната опрема во Општина Центар одамна е во фокусот на нашата критика и се надеваме дека конечно истата ќе биде заменета и обновена. Во денешната објава ви носиме фотогалерија: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://marh.mk/novi-klupi-na-ul-makedonija/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR3i2ZiLygzQ6mkTpbYT9JgDFCafb6ed9br8EGhXH7CzUIEE2q65s2PED0Y_aem_uL5d0vcIzfd6N-AG8dPHEw |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 212223 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |