![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 146147148149150 159> |
Author | |
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Еден интересен податок што го спомена Шилегов во некоја од дебатите/интервјуата сега за кампањава. Кажа дека се работи на проект за поместување на далеководи за да се ослободи трасата за Булевар Хрватска. Знам дека буелварот се проектира моментално, ама незнаев дека се посериозни со намерата во скоро време да почнат со изведба. И тоа кажа дека ќе чинело неколку 3-4 милиони евра. Би било добро да се вклучи во проектот и далеководот заради кој се измести Булевар ХТ-Карпош.
Би било добро модераторите на форумов да одвојат посебна нишка за булеваров на време, зашто приказната со овој булевар ќе се развива допрва. И добро би било ако може и некои стари муабети и анализи доколку ги имало да се издвојат како би имале матерјал да го следиме проектот. Edited by user8642 - 11-Oct-2021 at 23:02 |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
До кога под мостот „Гоце Делчев“ ќе тече вода? Толку ли не може некои цевки да стават за испуштање на таа водата од горе и некако естетски да ги заштитат...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТО: Реконструкцијата на „Козара“ во Капиштец ќе почека некое идно лето
![]() ![]() На улицата „Козара“ во Капиштец, на која во моментов во тек е изградба на повеќе згради на местото на некогашните двокатни куќи, сепак не започна реконструкција, како што беше најавено пред неколку месеци. Во јули градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, потпиша барање за спроведување постапка за јавна набавка за обнова на улицата, како што тогаш рече, по барање на жителите. Реконструкцијата беше најавена како дел од големата летна градежна офанзива со која до крајот на летото требаше да бидат обновени 37 улици на територијата на Центар. На прашањето од „Слободен печат“ зошто се планира реконструкција во услови кога истовремено се градат неколку згради од двете страни на улицата, по што задолжително ќе следат прекопувања на улицата поради поставување приклучоци, од Општина Центар одговорија дека се обезбедени пари во општинската каса и дека тоа е неопходно да се направи, пред сѐ, поради поплаките од граѓаните и големите оштетувања на горниот слој на асфалтот. -Во врска со реконструкцијата и приклучоците за инсталациите, на улицата ќе бидат оставени отвори (тн. изводи), на кои подоцна би се приклучиле водоводните, топлински, електрични и кабловски мрежи. Со изводите, нема да има потреба од повторно прекопување на улицата – тврдеа од Центар. Сега, од Општината нема објаснување ниту одговор зошто не започна реконструкцијата на улицата, но и на повеќе други улици чија обнова требаше да се случи во летните месеци. Сепак дел од она што беше започнато се заврши. Богдановиќ денеска информираше дека е завршена реконструкција на една од најфрекфентните сообраќајници во Капиштец, улицата „Народен Фронт“. -Целосно е направена реконструкција на коловозот на површина од 11.542 квадратни метри и реконструирани се трите краци помеѓу зградите. Поставено е ново ЛЕД-осветлување и реконструирани се подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот. Воведуваме и резидентен паркинг на „Народен Фронт“ број 5,7,17,19,21,23, а вертикалната и хоризонталната сигнализација ќе биде обележана штом се подобрат временските услови – вели Богдановиќ. Обновата на улицата чинеше 40 милиони денари, пари што беа обезбедени од општинскиот буџет. https://www.slobodenpecat.mk/foto-rekonstrukcijata-na-kozara-vo-kapishtec-kje-pocheka-nekoe-idno-leto/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Реконструирана улицата „Народен фронт“
![]() Целосно е завршена реконструкцијата на една најфреквентните улици „Народен фронт“ во населбата „Капиштец”. Со тоа граѓаните добиваат нова и безбедна улица, со нови инфраструктурни и сообраќајни услови. ![]() Притоа, целосно е направена реконструкција на коловозот на површина од 11.542 квадратни метри и реконструирани се трите краци помеѓу зградите. Поставено е ново лед-осветлување, а обновени се подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот. https://www.vecer.press/%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d1%84%d1%80%d0%be/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од реконструкцијата на бул.Киро Глигоров(твитер)
![]() ![]() Многу се завлечкаа работите,летната градежна офанзива стана есенска плус реконструкциите на К.Ј.Питу од Транспортен кон Центар и на М.Т.Г кај Дом на пратеници воопшто не започнаа.Само реконструкцијата на булеварот кај МАНУ беше брзо сработена. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков. Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. Рокот за завршување на овој сериозен зафат беше девет месеци до идната пролет, но успеваме да го завршиме многу порано. Сакам ви се заблагодарам за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се реконструираат улиците „Ристо Шишков“ и „Јордан Х.К.-Џинот“
Ќе се реконструираат улиците „Ристо Шишков” и „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Дебар Маало. Предвидена е целосна реконструкција на вкупна површина од 3.716 квадратни метри за двете улици, а од општинскиот буџет ќе бидат обезбедени 12 милиони денари. По барање на жителите во Дебар Маало, во наредниот период ќе се реконструираат и улиците „Дебарца”, „Црвена вода” и „Партизанска”. https://www.vecer.press/ќе-се-реконструираат-улиците-ристо/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Откако завршиме со поставувањето на атмосферска и фекална канализација на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков, денес веќе се става завршниот слој од асфалтот на коловозот.
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општина Центар наскоро започнува со реконструкција на улицата „Мирослав Крлежа“.
Ќе се реконструира целиот коловоз, на потегот од раскрсницата со ул. „Орце Николов“ до излезот на бул. „Партизански Одреди“. Реконструираната улица предвидува изведба на нови коловозни ленти, обезбедени се 27 резидентни паркинг места, паркинзи за велосипеди и мотори, како и нов мал плоштад во делот кај бул. „Партизански Одреди“. Реконструкцијата ќе се изведе на површина од 6.000 м2, ќе се постават нови гранитни и травертин плочи, изработени од природни материјали. Ќе се постави ново ЛЕД-осветлување, нова урбана опрема и јавно зеленило на површина од 693 м2, со дополнително ниско-средно зеленило и нови 100 садници. ![]() ![]() https://www.facebook.com/sasha.bogdanovikj |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќајниот хаос во Автокоманда ќе се решава со сообраќајна студија
За времено решение на проблемот со тешките товарни возила, Општина Гази Баба ќе покрене иницијатива пред надлежните институции да се предвиди времен режим на сообраќај за тешките товарни возила од 19 часот попладне до 07 часот наутро, останатиот дел од денот сообраќајот за тешки товарни возила да биде ограничен. Сообраќајниот хаос и немањето доволно слободни места за паркирање се двата најголеми проблеми со кои во моментов се соочуваат жителите на Автокоманда. Оваа населба важи за главен сообраќаен центар на влезот на главниот град и како последица на тоа, низ тамошните улици, секојдневно транзитираат стотици возила за да стигнат до некоја од останатите општини во главниот град, состојба која дополнително им го нарушува мирното живеење на жителите. Секојдневно низ оваа населба во Општина Гази Баба транзитираат стотици автомобили, но и тешки товарни возила и автобуси бидејќи, Автокоманда важи за инфраструктурен-сообраќаен центар на влезот на Градот и меѓусебно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар, Бутел и Чаир, но тоа допринесува и до целосен колапс на сообраќајот во оваа урбана заедница. Надлежните од Општина Гази Баба во чии граници се наоѓа оваа населба, велат дека тие како општина работат на решавање на овој проблем со кој секојдневно се соочува локалното население. -За урбаната заедница Автокоманда општината има изработено во повеќе наврати, а и последната година сообраќајна студија која од аспект на рационално одвивање на сообраќајот е завршена од страна на лиценциран проектант. Доколку истата студија ја одобри и Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќај, ќе се пристапи кон нејзина полна импементација. За времено решение на проблемот со тешките товарни возила, Општина Гази Баба преку Секторот за комунални дејности и сообраќај ќе покрене иницијатива пред надлежните институции да се предвиди времен режим на сообраќај за тешките товарни возила од 19 часот попладне до 07 часот наутро, останатиот дел од денот сообраќајот за тешки товарни возила предлагаме да биде ограничен – информираат за своите идни активности надлежните од Општина Гази Баба. Токму поради огромниот број возила кои на дневна основа минуваат низ улиците во Автокоманда, но и како последица на континуираното растење на бројот на жители, локалното население во Автокоманда се соочува и со проблемот на недоволно слободни паркинг места. Поради тоа граѓаните имаат проблем да си ги паркираат возилата во близина на местата каде што живеат или пак работат. Дополнителлен проблем кој се јавува во Автокоманда е и паркирањето по тротоарите и по јавните зелени површини и повторно како последица на огромниот број на возила и немањето доволно слободни паркинг места. Во овој случај, реализирањето на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај се одвива со пречки, односно поради тоа што автомобилите се паркирани на тротоар, пешаците, велосипедистите но и дечињата и повозрасните граѓани се принудени наместо на тротоар, да пешачат на коловозот, притоа секојдневно загрозувајќи си ги здравјето и безбедноста. -Точно е дека урбаната заедница Автокоманда се соочува со голем недостиг на паркинг места. Во наредниот период се планира да преку непосредни средби со граѓаните се утврди план и динамика за решавањето на овој проблем. Постојат повеќе можности за решение, од типот на изградба на монтажни паркинзи кои ќе ги предвидиме во буџетот за 2022 година, изградба на катна гаража како и воспоставување на систем на движење на возила во дел на улиците само во една насока. Сепак начинот и приоритети за решение на овој проблем ќе ги определат граѓаните на Автокоманда а решение за сообраќаниот хаос во Автокоманда ќе има – информираат од Општина Гази Баба. https://www.slobodenpecat.mk/soobrakjajniot-haos-vo-avtokomanda-kje-se-reshava-so-soobrakjajna-studija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СТАНАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ДОМА ОТИ УЛИЦАТА МИРОСЛАВ КРЛЕЖА ВО ДЕБАР МААЛО Е БЛОКИРАНА СО КОЛИ ![]() Улицата Мирослав Крлежа во скопско Дебар Маало секој ден од утро до доцна навечер е претворена во паркинг. Таа минува покрај Министерството за култура и завршува како слепа улица кај кафулето „Правда“. Станарите на околните згради како резиденти имаат налепници за паркирање на тротоарите, но проблемот е што во текот на цел ден вработени во околните фирми и посетители на кафулињата се паркираат на самата улица. Колите се наредени една зад друга во два реда, блокирајќи го движењето не само на возила, туку и на пешаци и велосипедисти. Станарите не можат да излезат од нивните паркинг места оти се блокирани од колите на улица. „Не можеме да излеземе од дома. Секој ден по дваесетина коли слободно се паркираат сред цела улица во два реда како да е слободен паркинг простор. И навечер е исто, младите кои излегуваат во Дебар Маало се паркираат слободно тука. Не дај боже да се случи некоја несреќа, нема да можеме да излеземе, ниту, пак, да дојде Брза помош или Пожарна“, вели А. М., станарка на околните згради. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека оваа улица напролет ќе почне да се реконструира и ќе стане пешачка зона, со што ќе се реши овој проблем. „Завршен е тендерот, сега се разгледуваат понудите. Сега на оваа улица паркирањето го регулира ЈП ‘Градски паркинг‘. Штом ја реконструираме, ние ќе го преземеме паркирањето и дозвола ќе имаат само станарите, односно нема да може да влегуваат други возила“, вели Герасимовски. На нашето прашање што да прават станарите во наредните три-четири месеци, односно зошто пајак служба не ги крева погрешно паркираните коли, Герасимовски рече дека тоа треба да го прави градското претпријатие. Директорот на ЈП „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, вели дека тие го регулираат паркирањето на тротоарите, а Општина Центар треба да ги казнува несовесните граѓани, бидејќи станува збор за паркирање на општинска улица. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/stanarite-ne-mozhat-da-izlezat-od-doma-oti-ulitsata-miroslav-krlezha-vo-debar-maalo-e-blokirana-so-koli/ |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Многу е просто: пресметуваш отприлика колку возила би биле на одреден квадратен километар или на некоја улица (во однос на тоа колку станови и фирми има) и во урбанистичкиот план правиш план и за тој домен - доволен број паркинг-места. Ова моментално е дива лига!
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Оштетената“ Козара ќе се обновува напролет
Градоначалникот Герасимовски им даде рок на инвеститорите од три дена за да го отстранат градежниот шут од тротоарите, да воспостават ред во одбивањето на сообраќајот и редовното да ги мијат гумите на возилата при излез од градежната зона. За улицата Козара во Капиштец избран е изведувач и попишан е договор за реконструкција, која како што информираат од Општина Центар, според програмата за работа треба да започне на почетокот на пролетта. На оваа улица, позната во јавноста по тоа што истовремено тече изградбата на дури седум згради, а во меѓувреме во изминативе години никнаа уште толку кои се веќе изградени, владее вистински урбанистички хаос. Улицата поради градежните работи е во катастрофална состојба, со дупки и оштетувања на асфалтот. Дали освен овие што се во тек следува изградба и на нови станбени објекти на местото на неколкуте останати куќи на два ката? Од Општината велат не. Освен за седумте згради што се во изградба, за улицата „Козара“ Општина Центар нема издадено други одобренија за градење – тврдат од Центар. Неодамна Козара ја посети и новиот градоначалник Горан Герасимовски, кој се увери во поплаките на жителите и вети дека големите оштетувања на коловозот Општината ќе ги санира во најкус можен рок. Тој им даде рок на инвеститорите од три дена за да го отстранат градежниот шут од тротоарите, да воспостават ред во одбивањето на сообраќајот во околината како и редовното да ги мијат гумите на возилата при излез од градежната зона. Една улица погоре од Козара е улицата Елисие Поповски Марко, која се протега од Водњанска до црквата Свети Јован. И на оваа улица во минатото имаше изградба на повеќе објекти, па и на неа асфалтот е многу оштетен и улицата е полна со прекопи, лошо санирани. За оваа сообраќајница исто така се планира реконструкција напролет За улицата Елисие Поповски Марко, во тек е изработка на проектот за реконструкција. Почетокот на градежните работи е планиран за крајот на април или почетокот на мај, во наредната 2022 година – велат од Центар. https://www.slobodenpecat.mk/oshtetenata-kozara-kje-se-obnovuva-naprolet/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ ПАРАЛИЗИРАНО, СЕМАФОРИТЕ СЕ ИСКЛУЧЕНИ, ЗАГЛАВЕНИ И ВОЗИЛА НА БРЗА ПОМОШ, КОЛИ СТОЈАТ ПО ЕДЕН ЧАС
![]() Сообраќајот во Скопје е парализиран. Веќе три часа цел град е блокиран, семафорите на крстосниците се исклучени, па колите стојат во место. Низ центарот на градот буквално не може да се помине и секаде има колони возила. Крстосниците се заглавени, возилата стојат во едно место по еден час. Од ЈП „Улици и патишта“, кое е надлежно за работата и одржувањето на крстосниците, велат дека Министерството за внатрешни работи (МВР) пред три часа без никаква најава ги исклучило семафорите и не знаат за што станува збор ниту пак кога пак ќе проработат. „Знаеме дека цело Скопје е вистински хаос. Не е блокиран само центарот туку гужба има од Карпош до Драчево. Колите не мрдаат, не можат да се пропуштат ниту возила на Брза помош, па со пациенти стојат заглавени во гужвата“, велат од ЈП „Улици и патишта“. Од МВР велат дека семафорите се исклучени и на секоја крстосница има полиција за да се воведе поголема проточност на возилата во сообраќајот. Од таму велат дека гужви низ центарот на Скопје има постојано во шпицевите, а денеска поради дождот има поголем број возила. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopje-paralizirano-semaforite-se-isklucheni-zaglaveni-i-vozila-na-brza-pomosh-koli-stojat-po-eden-chas/ |
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
aj sea ne preteruj, ke bide fizicki odvoena posto site znaat kakov narod zivee tuka
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
![]() Физички одвоена од семафори до семафори. На раскрсниците пак ќе можат да се протнуваат возила.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На пролет „Ленинова“ ќе добие нова канализација, осветлување и нови паркинг-места
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски вчера вечер оствари средба со граѓаните од улица „Ленинова“, која треба да се реконструира напролет. Идејното решение за улицата е во крајна фаза, поради што Герасимовски ги покани граѓаните да го погледнат заедно и да се изјаснат по истото. Жителите од „Ленинова“ се задоволни од проектното решение, кое нуди поставување на атмосферска канализација, ново осветлување и 134 резидентни паркинг-места. „Идејното решение за улица ‘Ленинова’ го направивме според вашите потреби и барања кои ги лоциравме на маалските средби во предизборниот период, а тоа е паркирањето. По реконструирањето, улицата која сега е под надлежност на ЈП Градски паркинг, ќе припадне под ЈП ПОЦ, преку кое обезбедуваме 134 резидентни паркинг места. Проектот кој вечерва го презентиравме има џебови за паркирање за 134 возила, ново улично осветлување и атмосферска канализација“, изјави Герасимовски. Тој исто така напомена дека реконструирањето на улицата ќе започне во пролет, поради тоа што во моментов се изведуваат градежни зафати на екипите од ЕВН, кои поставуваат кабли за засилување на електричното напојување. Улицата „Ленинова“ ќе се реконструира во делот од булевар „Партизански Одреди“ до улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, градежните зафати се однесуваат на површина од 6720 метри квадратни и ќе чинат 5371 денари по метар квадратен. https://nezavisen.mk/na-prolet-leninova-kje-dobie-nova-kanalizacija-osvetluvanje-i-novi-parking-mesta/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пак ќе има гужви по булеваров кај Мерцедес сега почнале да ги копаат лентите во правец кон Маџари(од твитер)
Требаше да остават за следно лето кога и онака веќе доцнат и одолговлекуваат ама... ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 146147148149150 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |