build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Универзална сала

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 20-Dec-2021 at 08:38
Aj da prasam. Se gradi li tuka ili i ova e stopirano?
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 29-Dec-2021 at 16:31
Originally posted by Denko

Aj da prasam. Se gradi li tuka ili i ova e stopirano?


УНИВЕРЗАЛНА ЌЕ СЕ ДОЗАВРШИ ОДНАДВОР Нема проект, ниту средства за внатрешното уредување

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала, а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.

– Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата – објасни градоначалничката Арсовска.

Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства, потенцирајќи дека буџетот е во катастрофална состојба и Градот во моментов е презадолжен.

https://plusinfo.mk/univerzalna-e-se-dozavrshi-odnadvor-nema-proekt-nitu-sredstva-za-vnatreshnoto-ureduva-e/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15235
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 29-Dec-2021 at 18:28
Не требаше ни да ја започнуваат, барем така постоеше трошка надеж дека ќе се изгради нова, на друга локација. Ама тоа е, популизмот и краткотрајните придобивки од него беа побитни.
За сè има вторпат
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 29-Dec-2021 at 18:31
Ова вака ако излезе да се забатали рабоатав на растурено, уствари е најдобра опција. Ем ќе се оттарасиме од тоа ѓубре у сред град, ем ќе се притисне природно потребата за да се изгради нова. Уште ако влезе вода од некаде, па некоја инсталација да избие некој курцшлус и да се запали салава, пуна капа би било тоа.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 04-Jan-2022 at 16:34
ВО МОМЕНТОВ НЕМА ПАРИ ДА СЕ РЕНОВИРА И ВНАТРЕШНОСТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ВЕЛИ АРСОВСКА



Град Скопје нема пари за втората фаза од реновирањето на Универзална сала. За првата фаза, односно реконструкција на надворешноста, парите беа обезбедени од Владата. За втората фаза, уредување на внатрешноста, требаше да биде распишан нов тендер, да се обезбедат дополнителни средства и градежните работи да почнат годинава.

Во моментов, според договорот склучен од минатото раководство на Градот, се изведуваат градежните работи за фасадата и куполата на концертната сала, кои треба да завршат напролет. Дали потоа ќе се продолжи со реконструкција на внатрешноста не се знае бидејќи, како што вели градоначалничката Данела Арсовска, Градот нема пари.

„За втората фаза нема ништо, нема проектна документација. Во овој момент нема ништо околу овој проект, ќе треба да видиме дали ќе бидат обезбедени средства затоа што Градот е презадолжен. За да се прави нешто треба пари“, рече Арсовска.

Град Скопје лани во јуни почна со реконструкција на Универзалната сала. Проектот е поделен на два дела односно прво се реновира надеворешноста и куполата, а потоа беше предвидено да се прави внатрешноста.

Со проектот за надворешноста ќе се задржи постојната форма и габарит, односно ќе се зачувува духот на Универзална. Куполата ќе биде зголемeна и навечер осветлена. Се употребат нови материјали на фасадата за таа да биде енергетски ефикасна, а истовремено се зголемува и противпожарната заштита.

Изведбата на фасадата и покривот чинат 1,8 милиони евра, кои беа обезбедени од Владата. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.

Универзална сала е затворена речиси 7 години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Универзална сала е изградена после скопскиот земјотрес како донација на Бугарија и е копија на софискиот циркус.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vo-momentov-nema-pari-da-se-renovira-i-vnatreshnosta-na-univerzalna-sala-veli-arsovska/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 16-Feb-2022 at 09:48
УНИВЕРЗАЛНА САЛА СТОИ СОГОЛЕНА, ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ЗОШТО СЕ СТОПИРАНИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ИАКО ВЛАДАТА ГИ ПРЕФРЛИЛА ПАРИТЕ



Универзална сала стои разурната, со соголена фасада и не се одвиваат никакви градежни работи за реконструција на објектот. Зошто е стопирана изградбата на концетната сала, градоначалничката Данела Арсовска не кажува.

Лани во септември, Град Скопје почна со градежни работи за уривањето на старата конструкција на Универзална сала. Во предниот дел од објектот беше поставена и новата конструкција и таму се изврши целосно уривањето на старите делови. Тогаш од Град Скопје рекоа дека во октомври целиот објект ќе добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да бидат готови до крајот на годината. Потоа, како што најавија тогаш, ќе почне втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста.

Но, по локалните избори и промената на градоначалничката фунцкија градежните работи се прекинати и објектот стои соголен.

Редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК во понеделникот испрати прашања до Одделението за односи со јавност во Град Скопје зошто Универзална сала не се реновира и дали постои некаков проблем со оглед дека пари за овој проект веќе се префрлени од Владата на наменска сметка на Градот. Прашањето и го испративме и на градоначалничката Данела Арсовска. Одговори до денеска не добивме.

Градоначалничката Арсовска во декември на брифинг со новинарите кажа дека фасадата и куполата ќе се завршат до пролет, а за внатрешноста во моментов нема пари бидејќи од Владата се префрлени средства само за надворешноста, а немало ниту проектна документација.

Изведбата на фасадата и покривот чинат 1,8 милиони евра, кои беа обезбедени од Владата. Градежните работи ги изведува фирмата „Универзал Балкан“.

Универзална сала е затворена 7 години, односно од 10 март 2015, кога на партиската трибина лидерот на СДСМ Зоран Заев ја пушти бомбата број 8 за изборни измами. По завршување на трибината на Заев, парче од таванот се откорна и падна врз седиштата. Тоа беше причина да се одложат сите планирани настани во Универзална, а одговорните тогаш одлучија место да го санираат само таванот, да се почека целосната обнова на салата.

Универзална сала е изградена после скопскиот земјотрес како донација на Бугарија.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/univerzalna-sala-stoi-sogolena-gradonachalnichkata-arsovska-ne-kazhuva-zoshto-se-stopirani-gradezhnite-raboti-iako-vladata-gi-prefrlila-parite/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 16-Feb-2022 at 17:52
Сепак ова е најдобрата опција за Универзална Сала. Да допропадне, до степен да биде неупотреблива, и да се ослободиме од баракава. После тоа единствена опција ќе ни остане нова концертна сала.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 22-Feb-2022 at 08:16
Скоро 7 години Универзална сала не функционира, Арсовска одби да одговори за прекинот на градежните работи



Универзална сала каде претходно се организираа многу културни настани, фестивали и концерти, скоро 7 години е надвор од функција. Прво екс градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, имаше проект да изгради целосно нова сала, потоа на власт дојде Петре Шилегов кој за да ја зачува автентичноста на салата, одлучи таа да се реконструира.

Во дворот на Универзална сала во Скопје нема ниту работници, ниту машини за спроведување на градежни работи.
Граѓаните велат дека им недостига оваа културна институција и концертите со кои пораснале.


„Имаше добри концерти, но последната година не работи и жално е што не е во функција“.
Владата минатата година одвои 120 милиони денари од централниот буџет за финансирање на реконструкцијата на овој објект. Прашавме во Министерство за култура зошто градежните работи се во прекин. Од таму ни рекоа дека нема никакви проблеми со проектот и да се обратиме до градоначалничката на Скопје.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не го зема в предвид прашањето на ТВ21. Неколку пати ја прашавме но таа категорично одби да ни даде било каков одговор во врска со оваа прашање.

Реконструкцијата на Универзална сала треба да се спроведе во две фази кои ги покриваат главните делови на Универзална сала. Во првата фаза треба да се реконструира фасадата и покривот, а во втората фаза треба да се направи внатрешно уредување на објектот. Подготовката на целата техничка документација е добиена како донација од студиото за проектирање „Мегарон Инжинеринг„ а градежните работи ги врши компанија „Универзал Балкан“.

https://mk.tv21.tv/skoro-7-godini-univerzalna-sala-ne-funktsionira-arsovska-odbi-da-odgovori-za-prekinot-na-gradezhnite-raboti/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 22-Feb-2022 at 14:37
Арсовска: Безбедноста на граѓаните мора да биде пред се’, Градот ќе ги решава грешките на Шилегов

На денешната прес-конференција во врска со реконструкцијата на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека на 6-ти јули 2021 година е изготвен записник во кој што јасно се нагласува дека постојат проблеми со постојната состојба на проектот, односно неусогласеност на проектот со постојната состојба на Универзална сала, а дополнително новопроектираните конструктивни елементи е предвидено да се постават врз трафостаница во рамки на постојниот објект за која што постои проблем во нејзината дислокација.
Претходното раководство свесно за проблемите продолжиле со градежни активности иако знаеле дека постојат грешки и пропусти во однос на реконструкцијата.
Во текот на месец август се изготвени нови записници и тоа 6, 7 и 8, од 10.08.2021, 17.08.2021 и 24.08.2021, каде се нотирани проблеми за постојните конструктивни елементи, незадоволувачки параметри на армирано-бетонската конструкција и незадоволително ниво на арматура во истата, при што се очекува извештај од ЗИМ за начин на санација или рушење на тие армирано-бетонски елементи, изјави Арсовска.
Градоначалничката посочи дека на 7-ми октомври минатата година е одржан состанок во Град Скопје на кој покрај претставници на фирмите проектант, изведувач и надзор на градежните активности присуствувале и тогашниот секретар на Град Скопје и секторски претставници кои заклучиле дека постојат сериозни технички проблеми и недостатоци во процесот на реконструкција на Универзална сала, за што е потребно да се направат измени во проектот. Оваа одлука е одбиена од страна на општина Центар и не е издадено решение за измени во тек на градење, при што е побарано да се аплицира со нов проект и ново одобрение за реконструкција на Универзална сала.
На 12.10.2021 со записник број 16 надзорниот инженер дал препорака да се срушат или демонтираат конструктивните елементи, кои не ги задоволуваат карактеристиките согласно извештајот од ЗИМ, а да се демонтираат и челични елементи кои се кородирани на споевите и се проценети како несигурни и опасни за безбедноста на објектот, додаде Арсовска.
Таа додаде дека затекнатата состојба на терен во однос на тоа како се трошеле средствата донирани од Владата за реализација на овој проект која обезбедила 120 милиони денари, укажува на непланско и несоодветно искористување на средствата, без притоа да имаат целосна техничка документација и дополнително да се осигураат дека овој објект ќе биде безбеден да може да се користи и дека еден ден нема да се сруши додека има полна сала граѓани внатре.
Арсовска истакна дека и покрај овие пропусти и аномалии во работењето на претходното градско раководство, реконструкцијата на Универзалната сала не е стопирана и истата ќе продолжи соодветно со новото техничко решение кое ќе обезбеди пред се поголема безбедност за објектот и граѓаните.





https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2029
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 22-Feb-2022 at 19:14
Чакмакот! и да се решиме од ѓубрево!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 23-Feb-2022 at 08:12
НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ПРОЕКТОТ ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА Е НЕБЕЗБЕДЕН, НАПРАВЕНИ СЕ ИЗМЕНИ И ОДОБРЕН Е ОД ИЗИИС, ВЕЛИ ФИРМАТА ПРОЕКТАНТ „МЕГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ“

Проектантското биро „Мегарон инженеринг“, кое го донираше проектот за Универзална сала на Град Скопје, вели дека се невистини изјавите на градоначалничката Данела Арсовска оти проектната документација е небезбедна и со грешки. Проектантите велат дека имаат добиено позитивно мислење од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) и дека сите направени промени се очекувани при вакви зафати.

„Проектот за фасадата и куполата се предаде на Град Скопје заедно со стручна ревизија на проектната документација и со позитивно мислење од страна на ИЗИИС и така доби решение за адаптација од Општина Центар. ‘Мегарон инженеринг‘ изработи ревидиран проект за челичната конструкција, откако на лице место се утврдија неправилности на постојните темели и плочи и откако се утврди потреба од нови конструктивни елементи. Таквиот ревидиран проект е повторно пратен во ИЗИИС и повторно е добиено второ позитивно мислење. Сите позитивни мислења и ревизии на проектната документација се предадени во Град Скопје. Ваквите промени се очекувани при зафати на реконструкција на постојни објекти и се во обем кој во никој случај не ја загрозува стабилноста на објектот и безбедноста на луѓето“, реагираат на прес-конференцијата на градоначалничката Арсовска од „Мегарон инженеринг“.

Проектантите велат дека проектната документација била поделена во две фази на барање на Град Скопје и тоа фаза 1 – Реконструкција на фасадна обвивка и кровен покривач и фаза 2 – Изработка на основен проект за сите останати техничко-технолошки фази и ентериер

„‘Мегарон инженеринг‘ ја изработи и проектната документација од фаза 2, за што градската администрација е известена“, велат проектантите откако Арсовска денеска кажа дека проект за внатрешноста нема.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ne-e-tochno-deka-proektot-za-univerzalna-sala-e-nebezbeden-napraveni-se-izmeni-i-odobren-e-od-iziis-veli-firmata-proektant-megaron-inzhenering/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 10-Jun-2022 at 16:39
Зошто доцни реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје?



https://kanal5.com.mk/zoshto-docni-rekonstrukcijata-na-univerzalnata-sala-vo-skopje/a533856
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 08-Aug-2022 at 13:36
АРСОВСКА БАРА ПЛУС ПАРИ ОД ВЛАДАТА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Градоначалничката Данела Арсовска бара од Владата дополнителни пари за реконструкцијата на Универзална сала. Град Скопје за проектот за реновирањето на надворешноста и покривот на концертната сала лани, за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов, од Владата доби 120 милиони денари односно околу 1.9 милиони евра.

По доаѓањето на функцијата на Арсовска градежните работи беа стопирани оти, како што кажа, проектот не бил безбеден и затоа мора да се прави нов. Од нејзиниот кабинет сега велат дека е извршена измена на првичниот договор и затоа се потребни плус пари.

„Поради проблеми со статиката и одредени аномалии на претходниот проект во текот на изминатиот период, беа извршени промени на основниот проект во консултација и констатирани со Градежен факултет и со самиот проектант. До Град Скопје има стигнато ново техничко решение од страна на проектантот врз основа на кое неопходно е да се изврши измена на првичниот договор за кој што Град Скопје има поднесено допис до Влада“, велат од Град Скопје не наведувајќи колку плус пари се потреби за да почне изградбата на концертната сала.

Од Владата велат дека е добиено барање од Град Скопје кое е испратено на мислење до соодветни владини институции.

„Откако ќе го добиеме нивното мислење ќе биде донесена одлука и за истата ќе се извести подносителот на барањето“, велат од Владата.

Лани во септември, Град Скопје почна со градежни работи за уривањето на старата конструкција на Универзална сала. Во предниот дел од објектот беше поставена и новата конструкција и таму се изврши целосно уривањето на старите делови. Тогаш од Град Скопје рекоа дека во октомври целиот објект ќе добие нова конструкција, по што ќе почне изведбата на надворешноста и куполата, кои треба да бидат готови до крајот на годината. Потоа, како што најавија тогаш, ќе почне втората фаза, односно реконструкцијата на внатрешноста.

Но, по доаѓањетѕо на функција на Арсовска градежните работи се прекинати и објектот сè уште стои соголен. Градоначалничката го обвини минатото раководство на Градот дека е виновно што концертата сала не се прави со тоа што направило небезбеден проект. Арсовска за оваа тема се искара со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), проектантите и со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на прес-конференцијата која во февруари ја свикана Министерството за култура за наоѓање заедничко решение и договор за соработка.

Универзалана сала е затворена 7 години.

https://sdk.mk/index.php/naslovna/arsovska-bara-plus-pari-od-vladata-za-rekonstruktsija-na-univerzalna-sala/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 07-Nov-2022 at 18:33
УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЕДНА ГОДИНА СТОИ РАЗУРНАТА, АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ДАЛИ ПЛАНИРА ДА ЈА НАПРАВИ И КОГА

Универзална сала, симболот на Скопје една година стои отворена, разурната, затрупана со шут. Цела година на концертната сала нема никакви градежни активности, ниту се знае кога и дали ќе продолжат. Градежните работи за реконструкција на фасадата и куполата на концертната сала започнаа лани во септември за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска во ноември, градежните работи беа стопирани бидејќи, според неа, проектот бил небезбеден. Оттогаш помина една година, но салата ниту се реконструира ниту пак има најава дека наскоро ќе се почне со работа на објектот.

Парите за реновирање на Универзална сала се обезбедени од Владата односно преку Министерството за култура на наменска сметка на Град Скопје се префрлени 1,9 милиони евра за првата фаза реконструкција на надворешноста. Арсовска пред неколку месеци побара од Владата дополнителни пари оти тие што се дадени не биле доволни поради измени на проектот.

САКАМДАКАЖАМ.МК ја праша градоначалничката Арсовска зошто уште не се почнува со продолжување на градежните работи на Универзална сала, зошто се дозволува да скапува, не се преземаат никакви активности и дали има намера во нејзиниот мандат да ја доврши салата. Одговори на прашањата од Арсовска не добивме. Истите прашања ги испративме и до одделението за односи со јавност во Град Скопје, до кабинетот на Арсовска и до лицето назначено од неа за односи со јавноста, но одговори и од таму не добивме.

Сега Универзална сала скапува, а при посилен ветер и невреме парчиња од старите лимови кои треба да се заменат летаат од конструкцијата и покривот на објектот. Во невремето во септември се откорна цело парче од покривот на салата и за среќа како што кажуваат станарите падна во рамките на заграденото градилиште.

Градоначалничката Данела Арсовска пред месец и половина прашана од новинарите кога ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала одби да одговори велејќи дека за два-три дена ќе има посебна тематска прес-конференција на таа тема. Но, таква прес-конференција сè уште не е одржана.

Универзална сала е затворена 7 години.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/univerzalna-sala-edna-godina-stoi-razurnata-arsovska-ne-kazhuva-dali-planira-da-ja-napravi-i-koga/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 15-Nov-2022 at 07:40
БЛОКИРАНА СМЕТКАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СКОПЈЕ

Блокирана е сметката на Универзална сала, концертната сала која е симбол на Скопје. Освен што се распаѓа и нема абер да се продолжи со нејзина реконструира, сега е и без пари и со блокирана сметка.

Сметката е блокирана поради долг од 2016, односно неподмирени обврски за договор за изработка на проект за реконструкција на салата.

„Точно е дека е блокирана сметката, но тоа е стар долг од 2016 за еден од неколкуте проекти кои ги има за Универзална. Овој проект е нарачан, изработен, но не е платен. Досега, сите тековни обврски ни се подмирени односно вработените имаат земено плата“, ни изјави директорот на Универзална сала Горјан Христовски.

Тој не сакаше да каже колкав е долгот поради кој им е блокирана сметката. На нашето прашање како ќе се најде решение и дали Град Скопје ќе им даде пари за да се одблокира сметката, директорот ни рече да не правиме голем проблем од ова прашање, да ја следиме седницата на Советот на Град Скопје која ќе продолжи во 16 часот и ќе добиеме одговори.

Универзална сала една година стои отворена, разурната, затрупана со шут. Цела година на концертната сала нема никакви градежни активности, ниту се знае кога и дали ќе продолжат. Градежните работи за реконструкција на фасадата и куполата на концертната сала започнаа лани во септември за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска во ноември, градежните работи беа стопирани бидејќи, според неа, проектот бил небезбеден. Оттогаш помина една година, но салата ниту се реконструира, ниту пак има најава дека наскоро ќе се почне со работа на објектот.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/blokirana-smetkata-na-univerzalna-sala-vo-skopje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 16-Nov-2022 at 17:42
ИМАМЕ СОГЛАСНОСТ ОД АРСОВСКА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕМЕ УНИВЕРЗАЛНА Пенов и Костадиновска-Стојчевска разговарале со градоначалничката

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, добиле согласност од Арсовска за Министерството за култура целосно да ја преземе Универзална сала, пишува 360степени.

– Имаме комплетна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за Универзална сала целосно да ја преземе Министерство за култура – изјави денеска Пенов кој заедно со Костадиновска-Стојчевска беа кај Арсовска да разговараат за состојбата во која се наоѓа објектот.

Пенов, пак како министер за локална самоуправа од Арсовска побарал објаснување за проектите кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани и се договорил да соработува со градоначалничката за подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош 4 кај улица Љубљанска и за мостот во Аеродром кој е закочен поради нерешени имотно-правни прашања.

https://plusinfo.mk/imame-soglasnost-od-arsovska-da-a-prezememe-univerzalna-penov-i-kostadinovska-sto-chevska-razgovarale-so-gradonachalnichkata/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 23-Dec-2022 at 17:45
УНИВЕРЗАЛНА САЛА СКАПУВА, МИНИСТЕРКАТА БИСЕРА ЧЕКА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА ДА Ѝ ПРАТИ ИНФОРМАЦИИ

Ниту Град Скопје ја прави Универзална сала, ниту пак Владата ја презема. Пред еден месец од Владата беше најавено дека ќе се одземат ингеренциите за концертната сала на Град Скопје, бидејќи градоначалничката Данела Арсовска од доаѓањето на функција не ја прави. Но, оттогаш работите не се помрднати од место, па салата скапува, отворена и разурната.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на 16 ноември имаа средба со градоначалничката Арсовска околу преземањето на ингеренциите. Но, оттогаш работите не се мрднати од место. Костадиновска-Стојчевска чека Арсовска да ѝ достави информации, а градоначалничката тоа не го прави.

„Откако имавме состанок јас и министерот Пенов со градоначалничката Арсовска, испративме барање за информација до градоначалничката до каде е состојбата со Универзална сала, дали воопшто има некакво движење и активности таму. Но, до ден денес немаме добиено никаква повратна информација. Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата Европска престолнина на културата за 2028 година, а токму Универзална сала се јавува како апликант на тој конкурс. Апелирам, и после празниците ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Арсовска, бидејќи мораме заедно и Град Скопје и Министерството за култура, а и Владата да работиме на таа апликација, на таа програма бидејќи е од национален интерес“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за буџетот на Министерството.

САКАМДАКАЖАМ.МК изминатава година неколку пати пишуваше дека симболот на Скопје стои разурнат и нема абер да се продолжи реконструкцијата за која се обезбедени пари. Арсовска не ни одговараше на нашите прашање зошто не ги продолжува градежните работи почнати од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Таа лани пред Универзална сала се искара со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти (ААМ). Обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/univerzalna-sala-skapuva-ministerkata-bisera-cheka-gradonachalnichkata-danela-da-prati-informatsii/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 21-Mar-2023 at 08:11
ВИДЕО: Универзална сала остана „непипната“ цела година, пред лимените тараби граѓаните си направија див паркинг



https://www.slobodenpecat.mk/univerzalna-sala-ostana-nepipnata-cela-godina-pred-limenite-tarabi-gragjanite-si-napravija-div-parking/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 29-Mar-2023 at 17:02
Владата да ја доизгради Универзална сала, а потоа да му ја врати на Град Скопје

Владата да ја доизгради Универзална сала, а потоа да му ја врати на користење на Град Скопје. Во кратки црти, таква е целта на иницијативата на советничката група на СДСМ доставена до Советот на Град Скопје откако Министерството за култура го побарало тоа. Иницијативата ќе биде ставена на разгледување на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток. – Имајќи ја предвид важноста за што побрзо ставање во функција на Универзална сала, сметаме дека е нужно Советот на Град Скопје да донесе одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот од Град Скопје – се вели во иницијативата



Владата да ја доизгради Универзална сала, а потоа да му ја врати на користење на Град Скопје. Во кратки црти, таква е целта на иницијативата на советничката група на СДСМ доставена до Советот на Град Скопје откако Министерството за култура го побарало тоа. Иницијативата ќе биде ставена на разгледување на седницата на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток.

– Имајќи ја во предвид важноста за што побрзо ставање во функција на Универзална сала, сметаме дека е нужно Советот на Град Скопје да донесе одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот од Град Скопје на Владата и тоа е согласно со Законот за користење и располагање на ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост и Законот за градење – се вели во иницијативата.

Оттаму се повикуваат на таквото право, бидејќи со парите (два милиона евра) што ги даде Владата, досега се завршени некои од градежните интервенции на објектот. Доколку биде изгласана ваквата иницијатива, Град Скопје и Владата ќе склучат посебен договор со кој ќе се регулираат правата и обврските на двете страни. При тоа, Владата ќе продолжи со реконструкцијата на Универзална сала, обезбедувајќи ги потребните финансиски средства за таа цел.

На крајот, како заклучок на иницијативата, се задолжуваат градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Секторот за правни работи и Секторот за урбанизам и планирање во рок од седум работни дена од усвојувањето на иницијативата да подготват предлог-одлука за времено отстапување на корисничкото право на објектот Универзална сала до Град Скопје на Владата и да му ја достават на Советот на првата наредна седница на усвојување.

Од Министерството за култура истакнаа дека ќе почекаат да видат дали ќе помине иницијативата на седницата на Советот на Град Скопје за да можат да се изјаснат што понатаму.

Во ноември минатата година, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, по средбата со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на која присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, изјави дека има целосна согласност од неа Министерството за култура да ја преземе Универзална сала. Но, набргу од Градот Скопје, преку соопштение, информираа дека ќе се изјаснат околу ова прашање откако ќе добијат официјално барање од Министерството.

– Се договоривме дека ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата во интерес на граѓаните и за тоа ќе ни се обрати Министерството со писмено барање, за што ќе се изјасниме откако ќе го добиеме официјалното барање. Универзална сала е симбол на Скопје и споменик на културата, и за нејзино возобновување е потребно издржано и заедничко решение, кое истовремено ќе биде и безбедно – стоеше во соопштението од Град Скопје.

Во февруари минатата година, градоначалничката Арсовска го припиша доцнењето на реконструкцијата на Универзална сала на грешки во проектната документација и опасност за безбедноста на граѓаните. Според неа, било предвидено да се постават новопроектираните конструктивни елементи врз трафостаница во рамки на постојниот објект, за која постои проблем да се дислоцира.

За внатрешноста на објектот, како што кажа Арсовска, од претходното раководство не бил оставен проект, а не биле префрлени ниту пари од Владата. Градоначалничката очекуваше Министерството за култура и Владата да дадат пари и за внатрешноста, бидејќи Универзална сала е капитален објект.

Универзална сала е затворена осум години откако почнаа да паѓаат парчиња од таванот.

https://www.vecer.press/владата-да-ја-доизгради-универзална-с/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20753
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 31-Mar-2023 at 06:45
od fb





Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.