![]() |
![]() |
![]() |
Езеро Треска |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Author | |||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Одбиен предлогот СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати на Градот
Спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се врати во надлежност на Градот, односно тој да побара од Владата да му ја врати надлежноста, каде што и природно припаѓа е предлогот на советничката на партијата „Левица“, и активистката во Зелен хуман град, Драгана Велковска која го доставила до Советот на Град Скопје на вчерашната седница. Но, за жал, како што вели таа, советниците од владејачкото мнозинство во Советот не дозволиле нејзиниот предлог ниту да влезе на дневен ред за да се дискутира. – Тие луѓе не ги претставуваат граѓаните. На луѓе што креваат два прста да поддржат уништување и приватизирање на нашите природни ресурси не им е местото ниту во Советот на Град Скопје, ниту на ниедна позиција каде што би имале моќ да одлучуваат во име на заедницата – смета Велковска. Таа додава дека доколку Градот ги застапува интересите на скопјани, должен е да поднесе барање до Владата, сопственоста над СРЦ „Езеро Треска“ да му се врати, а потоа преку Фондацијата „Развоен институт Скопје“ и преку Секторот за меѓународна соработка, да лоцира соодветни фондови и конечно да го реализира ревитализирањето на СРЦ „Треска“, со тоа што ќе го задржи во јавна и нема да дозволи да прејде во приватна сопственост. – СРЦ „Езеро Треска“, јавно добро создадено од сите жители на Скопје не може да биде сопственост ниту на приватен инвеститор, ниту на само една општина во рамки на Град Скопје, единствено затоа што таму физички постои. Заедничкото мора да им биде достапно на сите за фер и одржлива употреба, не да се даде под контрола на државно поддржана моќ на приватниот капитал, затоа што колективната контрола е темел на демократијата – потенцира Велковска. Од Градот потврдија дека Велковска, на вчерашната седница поднела предлог за дополнување на дневниот ред со точка за утврдување на потреба од враќање на езерото Треска во надлежност на Град Скопје и негова ревитализација, но тој не бил прифатен од страна на членовите на Советот. – Ингеренциите за езерото Треска од Град Скопје се предадени со одлука на Советот на Град Скопје во 2011 година, со што, надлежноста за реализација на овој проект е надвор од наши раце. Ние секако имаме интерес „Треска„ да го врати својот сјај, како спортско-туристички капацитет, па оттаму стоиме на располагање за соработка за реализација на сите проекти кои се од јавен интерес – децидни се градските власти. СРЦ „Езеро Треска“ во 1978 година е создадено со самопридонес на скопјани, но со одлука на Владата во 2013 година, сопственоста беше пренесена на Општина Сарај. Со одлука на Владата од март годинава, се основа Туристичко-развојна зона „Сарај-Езеро Треска“, со која се планира СРЦ „Езеро Треска“ да му се даде на приватен инвеститор и дополнително тој да добие и државна помош – јавни пари за приватно да управува со „Езеро Треска“. Општина Сарај на крајот на јануари ги отстрануваше приколките и објектите во рамки на СРЦ „Езеро Треска“. Според Општината, оваа одлука следи откако Инспекторатот за животна средина утврдил загаденост на воздухот, нечистотија, застарена електрична инсталација, нефункционален водовод и канализација. Таму има лоцирано околу петстотини приколки од кои за 330 камперите плаќаат редовна годишна закупнина на Општина Сарај. Езерото Треска се протега на површина од 136.000 квадратни метри, длабоко е од 1,6 до 3 метри и има капацитет од 10.000 капачи. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година. https://www.vecer.press/одбиен-предлогот-срц-езеро-треска/ |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Странски инвеститори од туристичкиот сектор ја пикираат ТРЗ „Сарај-Езеро Матка“
Надлежните институции засега не откриваат колку и кои инвеститори се заинтересирани за туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Од Владата информираат дека на привлекување инвестиции од овој тип активно работи Агенцијата за странски инвестиции и економските советници при Министерството за надворешни работи и оти во овој момент ТРЗ „Сарај-Езеро Треска“ се нуди како можност за инвестирање на потенцијални светски инвеститори во туристичкиот сектор. Но, не информираат колку и кои инвеститори се заинтересирани. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) ја имаат понатамошната обврска да ја формираат туристичката развојна зона „Сарај-Езеро Треска“ и да овозможат услови за нејзино функционирање со поставување на потребната инфраструктура за инвеститорите. Директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски, вели дека иницијативата езеро Треска да стане развојна туристичка зона била поднесена во 2018 година од страна на Општина Сарај, а Агенцијата била должна да ја процесуира, во согласност со Законот за туристички развојни зони во интерес и на туристичкиот сектор. Јаневски нагласи дека има интерес за инвестирање во повеќето туристички развојни зони во земјава, но и тој не прецизираше дали и колку има заинтересирани конкретно за новата туристичка развоја зона „Сарај-Езеро Треска“. – Во овој момент не би можел да дадам информации бидејќи тој дел го води Агенцијата за странски инвестиции – дециден е Јаневски. Од Општина Сарај информираа дека последната административна постапка за „Езеро Треска“ е во завршна фаза. – Потоа, Општината ќе ја извести Владата, односно надлежните органи за понатамошното постапување согласно со законот и конечно во блиска иднина да почнат градежните активности и уредувањето на рекреативниот комплекс, како што е предвидено со веќе донесениот урбанистички план – кусо известија од Општина Сарај не прецизирајќи повеќе детали. На владината седница на 9 март годинава беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со одлуката за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона „Сарај-Езеро Треска“. Тогаш владата одлучи дека постапката за основање на ТРЗ ќе се спроведува согласно со Законот за туристички развојни зони со уредени погодности за инвестирање во проекти со посебна намена. Општинските власти од Сарај во јануари годинава започнаа со уривање на објектите околу Езеро Треска. Се отстрануваа бунгаловите, тоалетите, гардеробите, рестораните, кафулињата и останатите објекти изградени во 70-тите години од минатиот век. На крајот од 2020 година, Општина Сарај им даде рок од 60 дена и на сопствениците на неколку стотици камп-приколки во кругот на езеро Треска за да ги отстранат нивните објекти. Тогаш, од Општина Сарај образложија дека уривањето на објектите во кругот на езерото е дел од постапката за заживување на езерото Треска, но и поради тоа што локалните власти побараа спортско- рекреативниот центар „Езеро Треска“ да се прогласи за слободна туристичка зона. Деталниот урбанистички план за Езеро Треска веќе е донесен од Советот на Општина Сарај, а владата земјиштето околу овој комплекс го пренамени од земјоделско во градежно. На последната средба со новинарите во врска со тоа што предвидува урбанистичкиот план што го опфаќа езерото Треска, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, нагласи дека инвеститорот езерото ќе треба да го врати во функција со изградба на пречистителна станица и оти идејата е тоа да прерасне во туристичка атракција, да биде посетено од домашни и странски гости. Се проценува дека инвестицијата би била околу 200 милиони евра. Според планот во просторот околу езерото Треска ќе има хотелски комплекс со 5 ѕвезди кој пак ќе има ресторани, спа-центар, фитнес, алтернативна медицина, базени и слично. А покрај главната зграда на хотелот ќе има и дрвени бунгалови. За остатокот од парцелата, предвидени се и спортски терени, базени, аквапарк, амфитеатар, ботаничка градина и други содржини. https://www.vecer.press/странски-инвеститори-од-туристичкио/ |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
од твитер
![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Езерото Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје.
|
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Влатко ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
||
Некои од миксерите и пумпите уште се трклаат по скопските улици
![]() |
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
Езерото Треска остана мочуриште поради нерасчистени имотни односи
Општина Сарај пред две години го донесе Деталниот урбанистички план за тоа како ќе изгледа просторот, но тоа и натаму е само на хартија. Се уште не е распишан национален оглас за инвеститор, бидејќи според Агенцијата за туризам има нерешени имотно-правни прашања. Според ДУП, комплексот ќе има рекреативен дел, викендички, хотел и трговски центар. Критериум за инвеститорот да го добие земјиштето е да овозможи ревитализација на езерото со пречистителна станица. За одобрение од Министерството за животна средина мора да има и оценка дека нема негативно да влијае на реката Треска. Спортско рекреативниот центар Езеро Треска е изграден е во 1978 година со самофинансирање на граѓаните, но поради загаденоста на водата, во 1998 година езерото беше затворено за капење. Проектот за реконструкција на езерото со години лежи во градските фиоки. Имаше обиди да се даде под концесија, да се направат игралишта за голф, ресторани и хотели, но инвестициите заглавија во правните лавиринти. Поминаа речиси две години откако Општина Сарај го донесе Деталниот урбанистички план за тоа како ќе изгледа просторот, но засега тоа е само на хартија. Општина Сарај почна да ги урива објектите наоколу уште во јануари минатата година. Осум месеци подоцна, во август се формира Комисија за ТРЗ Сарај во Агенцијата за туризам која треба да објави национален оглас на кој ќе аплицираат заинтересираните инвеститори, односно да ја подготви зоната за продажба според Законот за туристички развојни зони - критериуми и почетна цена за продажба на земјиштето. Сега сме ноември, но оглас се уште нема, а причина за оддолжувањето, според градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети е техничка грешка во огласот. „Колку што знам има една техничка грешка во огласот на Владата, затоа што е напишано туристичка зона и тоа треба да се коригира за комисијата да продолжи со работа. Се надевам дека со поголема динамика ќе се ангажираат, не само општина Сарај туку и Градот Скопје и државата. Овој проект е многу потребен, се надевам дека Комисијата составена од Агенцијата за туризам, Министерството за економија и Владата ќе бидат по активни за реализација на овој проект“, вели Беџети. ![]() ![]() Но ако пролетта започнува кон крајот на март, дотогаш има уште четири месеци, што изгледа премалку време за решавање на имотно-правните проблеми, за распишување национален оглас и за избор на инвеститор, јавни презентации, формирање работни групи и јавна лицитација за земјиштето, ако се има предвид дека од презентацијата на ДУП се поминати две години и во тој период она што е направено е само уривањето. Во статистиката на Агенцијата на туризам има девет обиди за да се направат вакви туристичко-развојни зони како оваа на Езерото Треска, но ниту една досега не е реализирана, меѓу кои и фамозната во Љубаништа каде требаше да инвестира индискиот милијардер Субрата Рој. Засега никој од надлежните не дава надеж дека овој обид нема да ја доживее судбината на претходните. https://samoprasaj.mk/naacik/ezeroto-treska-ostana-mocuriste-poradi-nerascisteni-imotni-odnosi |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
|||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
||
Ima li zainteresirani investitori za ovoj proekt ili samo se gaat iluzii...!?
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
![]() Колку што памтам комплексот беше продаден на приватен инвеститор кој сакаше да гради комплекс за домување тука, нешто од типот на куќи. Мислам дека поназад на страниците може да се најде информација за тоа. |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
||
Зошто така мислиш? Ова ако се реконстурира и менаџира како што треба ќе биде најпосетувано место во МК |
|||
![]() |
|||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
||
Да се објави интернационално сигурно ќе се најдат инвеститори, ама (ми мириса со оглед на позицијата) ќе да е ветено некому.
|
|||
![]() |
|||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
||
(ВИДЕО) Кравите останаа единствени жители крај езерото Треска
https://360stepeni.mk/video-kravite-ostanaa-edinstveni-zhiteli-kraj-ezeroto-treska/ |
|||
Carpe diem
|
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 345 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |