build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Образовни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Образовни институции (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Образовни институции (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 36373839>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #741 Posted: 12-Jan-2022 at 15:39
Денес го одбележавме почетокот на градежните работи за изградба на новото општинско основно училиште во населба Визбегово.
Идејата која започна во 2014 година денес се реализира а за 18 месеци над 500 ученици ќе добијат ново општинско основно училиште.
Како Општина Бутел максимално ќе се заложиме непречено да се одвиваат градежните активности со цел општинското основно училиште да биде завршено во предвидениот рок.







https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #742 Posted: 13-Jan-2022 at 08:40
Почнаа работите за изградба на училиште во скопско Визбегово



И покрај почетокот на работите за изградба на толку потребното основно училиште во Визбегово, жителите на оваа населба се скептични дека тоа ќе биде завршено во предвидениот рок, односно 18 месеци. Како што велат, речиси секоја активност на власта се прави за политичка корист.

Една народна поговорка вели – без да видиме покрив, не веруваме. Се надеваме дека и овој пат нема да биде политички маркетинг.

Веруваме дека ќе биде направено, но без да го видиме крајот не веруваме бидејќи ова барање е од одамна, од 2014 година или порано. Нешто се гледа, но крајот ќе се покаже сè.

Жителите на Визбегово и учениците се мачат 20 години од овде до Шутка за да одат на училиште, на дожд, снег и ветер. Секој почеток е тежок, но се надеваме дека крајот е успешен.

Училишната зграда се очекува да биде пуштена во употреба за учебната 2023-24 година. Се планира во неа да учат 500 ученици во 17 паралелки.

Поради немањето основно училиште во Визбегово, над 1.400 ученици од одеа до Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

https://alsat.mk/mk/pochnaa-rabotite-za-izgradba-na-uchilishte-vo-skopsko-vizbegovo/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #743 Posted: 21-Jan-2022 at 07:47
Првото училиште во Блаце-ниту вратата од училиштето не е поставено на вистинската страна



На местото каде што се гради и на прв поглед ова не личи на училиште, но за среќа по многу чекање и многу години, како што бараа жителите од ова село, конечно почна изградбата на училиштето.


Жителите на Блаце не мислеа дека училиштето ќе биде монтажно. Тие очекуваа да биде со цигли, како сите други училишта.

Ние баравме школото да се гради со цигли како што треба а не монтажно, јас лично сум против, вели Метали Барди, еден од жителите на селото.


Жителите велат дека и вратата на школото е на спротивна страна.

Според направениот проект, ова ќе биде влезот на училиштето. Некои од жителите кои го виделе проектот велат дека овде ќе има две училници, а каде ќе бидат тие две училници, може да се види дека објектот е многу мал.


Метали Барди, жител од селото Блаце вели дека работата не се прави како што треба.

„Се гледа дека овде работат нешто но не се прави ништо.
Тендерот за ова училиште е објавен два месеца пред локалните избори“, вели Барди.

За изградбата се пофали и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој на прес конференција рече дека школото е при крај.



Сега и таму градиме, го надминавме проблемот и е при крај и училиштето во Блаце, рече Груби.


Според тендерот, изградбата на ова училиште го чинеше државниот буџет над 6.8 милиони денари. Во ова училиште ќе учат околу 50 ученици, кои до сега патуваа до Елез Хан за да следат настава.

https://mk.tv21.tv/prvoto-uchilishte-vo-blatse-nitu-vratata-od-uchilishteto-ne-e-postaveno-na-vistinskata-strana/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #744 Posted: 21-Jan-2022 at 18:24
Да сме нормална држава едно и единствено прашање ќе се постави, колку данок на доход е наплатен во село Блаце? Да не звучам безобразно и стереотипно, ама арно и толку што се успеало да се изгради тука. Ако задоволува стандарди, нема што "граќаните" да бистрат дали сакале цигли.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #745 Posted: 21-Jan-2022 at 23:16
Леле ова би било училиште апапа да не сакат за ова и лента да си сечат.
user 8642 : Бараката нема никаков стандарт а колку за данок има доволно гастарбеитери што полнат еден добар дел од државната каса и да не е така, ова е безобразно, барака []

Edited by my Macedonia - 21-Jan-2022 at 23:17
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #746 Posted: 22-Jan-2022 at 10:27

Каков данок точно плаќате вие со двојно државјанство?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #747 Posted: 22-Jan-2022 at 11:32
Originally posted by гитардемон


Каков данок точно плаќате вие со двојно државјанство?
Sto ima vrska drzavjanstvoto so danokot?
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #748 Posted: 22-Jan-2022 at 12:03
Originally posted by гитардемон


Каков данок точно плаќате вие со двојно државјанство?

Редовни комуналии (сопственици на куќи) и данок при купување на продукти во големи суми. Истотака подржување на локалните бизниси, кога дише Македонија, во сезона или сега?
Пак велам, иако е село сепак штом се одлучило за школо треба да е фер и да си го добијат истото право за квалитетно образованије, се друго е дискриминација без оглед на тоа што се од религија, националност итн.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #749 Posted: 22-Jan-2022 at 12:46
Нормално дека треба подобро школо. Ама па кога си го гласаат ДУИ 20 години, не заслужуваат ни ваква шупа.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4089
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #750 Posted: 22-Jan-2022 at 13:45
Originally posted by <Fresno>

Нормално дека треба подобро школо. Ама па кога си го гласаат ДУИ 20 години, не заслужуваат ни ваква шупа.

Тоа е. Истото беше и со Арифи во Тетово, сега Касами барем до сега прави добра работа.
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #751 Posted: 22-Jan-2022 at 22:48
Ne razbiram zosto e problem ako objektot e ne e tvrda gradba?!
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #752 Posted: 30-Jan-2022 at 12:13
Порталб.мк: Тетово, студентскиот дом кој се ветува од 2016 година, повторно се ветува за следната академска година



Се ветува од 2016 година, сепак студентскиот дом во Тетово се уште не е завршен, надлежните досега само ги продолжуваа роковите и ветувањата за негово завршување, последен беше поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани кој рече дека работите ќе завршат пред нова година, а новиот министер за образование Јетон Шаќири не прецизираше нов рок, но рече дека за наредната академска година се очекува да биде готов, пишува Порталб.мк

Иако студентскиот дом во Тетово е многу потребен за студенти од странство и од другите градови, тоа досега не беше доволен мотив за надлежните да го реализираат проектот за каков дом. што се ветува од 2016 година. Притоа ги пречекоруваа роковите за реализација и постојано ветуваа нови рокови за завршување на проектот, но без конечен резултат до денес.

Ректорот на тетовскиот универзитет Решат Ќахили пред три дена во изјава за новинарите рече дека зградата од формален аспект е веќе завршена, но дека се потребни дополнителни средства за внатрешниот инвентар.

„Разговаравме со министерот, тој изрази подготвеност во ребалансот на буџетот, што ќе биде некаде во мај или најдоцна јуни, да се предвиди одвојување на средства за инвентарот на домот за наредната академска година да има можност да се најде место за нови студенти“, рече Ќахили.

Од друга страна, министерот за образование Јетон Шаќири на прашањето дали ќе има одговорност за пречекорувањето на роковите за реализација на проектот, рече дека првично треба да се бара одговорност од негова страна како министер доколку студентскиот дом не почне да се подготвува наскоро.

„Владата во овој двегодишен период се справува со предизвикот на Ковид, што има и финансиска природа. Мора да преземеме одговорност домот што поскоро да биде достапен за идните студенти“, рече Шаќири.

А пак, за тоа дали има точен датум кога ова ќе заврши, министерот одговори вака:

„Не можам да дадам точен датум, но моја голема желба, како и на сите други е на почетокот на новата академска година да имаме студенти кои ќе бидат сместени во студентските домови. За да се оствари оваа желба мора да се обезбедат средства, да се видат сите финансиски можности. Ќе се заложам за оваа проблематика со сиот мој капацитет и сите финансиски можности за да се осигури студентскиот дом да стане реалност“.

За да видиме до каде се стигнати работите внатре, го посетивме студентскиот дом, но истиот беше затворен, а во продолжение погледнете ги фотографиите, направени од Порталб.мк, за тоа како изгледал домот внатре во октомври 2021 година:

Изградбата на студентскиот дом во Тетово е инвестиција вредна 166,5 милиони денари, зградата ќе има 305 легла. Покрај собите за спиење, во истиот е предвидено да има и технолошка соба, читална, сала за вежбање на студентите, простор за ужина итн.

Се ветува од 2016 година

Истиот ден кога Владата на Северна Македонија го усвои законот за основање на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше објавена изградбата на студентски дом во Тетово. Беше 2016 година, а истата година беше објавен и тендерот за изградба на овој студентски дом.

Потсетуваме дека министер за образование и наука во тоа време беше Абдилаќим Адеми.

Но, и покрај тоа што тендерот за изградба беше објавен во септември 2016 година, одлука за почеток на работите немаше, при што одлуката официјално беше донесена на крајот на март 2018 година и беше предвидено објектот да биде финализиран во април/мај истата година. Но, тоа не беше направено и во овој временски рок. Неодамна поранешниот заменик министер за образование Арафат Шабани изјави дека студентскиот дом требало да биде готов пред нова година, но и тоа не е направено.

Инаку, немањето студентски дом е проблем за многу странски студенти бидејќи според нив цените на приватните станови се скапи, а покривањето на трошоците се неиздржливи за еден студент. А пак наоѓањето на еден или повеќе цимери за живеење и споделување на трошоците не е секогаш лесно. Има студенти кои поради немање студентски дом се принудени да патуваат.

https://meta.mk/portalb-tetovo-studentskiot-dom-koj-se-vetuva-od-2016-godina-povtorno-se-vetuva-za-slednata-akademska-godina/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #753 Posted: 01-Feb-2022 at 13:53
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #754 Posted: 10-Mar-2022 at 15:10
ОУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ КОНЕЧНО ДОБИВА НОВА ФАСАДА

Основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие целосно нова фасада, со што ќе почне реализацијата на едно од главните ветувања на градоначалникот Тимчо Муцунски за обнова на сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром.

Фасадата на зградата на ова основно училиште ќе биде реконструирана со средства донирани од компанијата ТИТАН Цементарница „Усје“ АД Скопје која за таа цел ќе обезбеди 4.446.548 денари или околу 72 илјади евра. Ваквиот проект произлегува од конструктивната соработка на Општината и раководниот тим на оваа општествено-одговорна компанија.





https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Carpe diem
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #755 Posted: 10-Mar-2022 at 19:06
Блаже Конески во гроб се превртува од наводниците на таблата на училиштево.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #756 Posted: 05-May-2022 at 17:35
Во Визбегово се гради основно училиште



Жителите од населеното место Визбегово ќе добијат ново основно училиште.

Како што напиша на својата фејсбук страница, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костровски, конечно на повидок е решение на долгогодишниот проблем со потребата од ново основно училиште кој го имаат жителите.

Направивме увид во градежните активности во новото општинско основно училиште во населеното место Визбегово. Динамиката со која се одвиваат градежните активности е според зацртаното и предвиденото – истакна Костовски.

Тој информира дека договорот за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со вклучен ДДВ , а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.

https://www.vecer.press/во-визбегово-се-гради-основно-училишт/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #757 Posted: 03-Jun-2022 at 13:21
Проектна документација за изградба на една од училишните згради на "ООУ Глигор Прличев" - Охрид

















https://www.facebook.com/esperancadoo
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #758 Posted: 22-Jun-2022 at 12:23
По успешната имплементација на енергетско-ефикасната фасада, ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин наскоро ќе добие современа доградба и проширување на капацитетите, при што ќе се одезбедат десетици нови училници, мала спортска сала и ред други содржини наменети за осовременување на образовниот процес.
Во првата фаза од проектот е планирано да се срушат централниот и источниот блок со вкупно 6 училници и топлата врска со салата и на нивно место да се изградат 12 училниици, мала спортска сала, како и топли врски за големата и малата спортска сала. Во втората фаза ќе се урне северниот блок со вкупно 4 училници и на нивно место според планираното решение ќе се добијат 14 училници.
Дополнителни содржини што се предвидени со проектот се:
Наставнички кабинети – 13 дупли кабинети за 2 наставника и 3 кабинети за 1 наставник; нова библиотека; кујна со трпезарија за 60 деца; мултинаменска просторија со бина; лифт; два тоалета за лица со посебни потреби и посебни санитарии за ученици и персонал; неколку хигиеничарски остави; повеќе административни канцеларии; како и 3 училници за дневен престој.



https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #759 Posted: 12-Aug-2022 at 17:23
ОБНОВЕНО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ВО ПРИЛЕП Реконструкцијата чинеше речиси 200.000 евра





Во СОУ „Ѓорче Петров“ завршуваат градежните активности за реконструкција на училишната зграда, со средства од Министерството за образование и наука во износ од 12,6 милиони денари или приближно 200.000 евра.

МОН информира дека реконструкцијата опфати дренажа и поврзување на атмосферската канализација, реконструкција на подовите во сите простории во училишната зграда со поставување линолеум, промена на осветлувањето и поставување лед светилки, санација на внатрешните ѕидови од влага и малтерисување, промена на азбестните плочи на дел од покривот со сендвич панели и поставување термоизолациска фасадна обвивка.

„Ова средно училиште, познато по иновативните идеи, не било обновено уште од минатиот век, од изградбата во 1963 година. Министерството за образование и наука континуирано вложува во подобрување на условите во кои учениците се школуваат, како еден од предусловите за квалитетно образование“, соопштија од МОН.

https://plusinfo.mk/obnoveno-srednoto-uchilishte-orche-petrov-vo-prilep-rekonstrukci-ata-chineshe-rechisi-200-000-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #760 Posted: 17-Oct-2022 at 08:19
Студентскиот дом „Стив Наумов“ 10 дена е без топла вода



https://24.mk/details/studentskiot-dom-stiv-naumov-10-dena-e-bez-topla-voda
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 36373839>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.