build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Патишта
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Автопат Скопје - Блаце

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #241 Posted: 04-May-2022 at 21:19
А ме збунува и оваа слика од првата страна на темава, некоја скица од 2018-та. Тамо имало две варијатни, преку оваа траса и преку заобиколување меѓу Визбегово и Бардовци. Ете тамо нема ваква глупост, ова со кружниот тек е уфрлено меѓувремено.

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #242 Posted: 18-May-2022 at 13:50
МФ: Обезбедени средства од ЕБОР за реализација на автопатот Скопје – Блаце

Над 200 милиони евра поволни средства од ЕБОР се обезбедени за реализација на регионален проект за управување со отпад и проектот за изградба на делница од автопатот Скопје – Блаце, соопшти Министерството за финансии (МФ).

Предлог законите за обезбедување на средствата од оваа меѓународна финансиска институција предложени од Министерството за финансии, биле прифатени на вчерашната владина седница.

– Договорите за реализација на проектите со ЕБОР, после усвојување од страна на Собранието, ќе бидат потпишани од страна на Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавното претпријатие за државни патишта - се вели во соопштението.

Како што појаснуваат од Министерството, со Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра од ЕБОР, кои се обезбедуваат со рок на отплата од 16 години, со грејс период од четири години и каматна стапка која е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент.

– Со ова се комплетира финансиската конструкција за реализација на овој проект. Покрај средствата обезбедени од ЕБОР, ќе се финансира со грант средства од ВБИФ во износ од 26,5 милиони евра - наведуваат од МФ.

Целта на проектот, додаваат од Министерството, е да се подобри патната инфраструктура во земјата, односно предвидува изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.

– Со Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад се обезбедуваат 55 милиони евра со рок на отплата од 15 години, грејс период од четири години и каматна стапка која се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент - се вели во соопштението.

ЕБОР во изминативе 30 години има инвестирано над 2,2 милијарди евра во 159 проекти во земјата, се наведува во соопштението.

https://faktor.mk/mf-obezbedeni-sredstva-od-ebor-za-realizacija-na-avtopatot-skopje--blace
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #243 Posted: 20-May-2022 at 07:54
11 тунели на автопатот Блаце-Скопје, заем од уште 167,6 милиони евра за реализација на проектот

Ветувањата почнаа во 2002, а сега сме 2022, но автопатот Скопје-Блаце се уште без конкретен датум за реализација. Од Владата соопштија дека е усвоен текстот на предлог законот со што РСМ е гарант за ЈП Државни патишта за заемот од ЕБОР. Иако првично за вториот дел од проектот односно за 10.5км беа предвидени 120 милиони евра, од Владата за ТВ21 велат дека станува збор за заем од 167,6 милиони евра.

„Со Предлог законот за гаранција се предвидува да се обезбедат 167,6 милиони евра од ЕБОР, кои се обезбедуваат со рок на отплата од 16 години, со грејс период од 4 години и каматна стапка која е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%“, велат од Владата.

Директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми рече дека оваа разлика е настаната поради конкретизација на проектот.


„Од проектантот и проектот предвиден за овие 10 километри пат ,од едната страна ќе имаме шест тунели, од другата страна 5, а вкупната должина на тунелите ќе биде 2 километри. Затоа и износот сега е поголем. Во јуни годинава треба да го потпишеме договорот за заем од Јавното претпријатие за државни патишта заедно со министерот за финансии и Европската банка за развој и обнова. После тоа ќе го знаеме и времето, до кога ќе ја имаме реализацијата на овој проект“, рече Рустеми.

Освен заемот, Европската банка за обнова и развој обезбеди грант од 30 милиони евра за предметниот проект.
Инаку, ниту првите 2 километри од автопатот не се завршени, иако требаше да бидат завршени во март годинава. Директорот најави дека интензивно се работи, но нема конкретен датум ниту за нивното завршување.

https://mk.tv21.tv/11-tuneli-na-avtopatot-blatse-skopje-zaem-od-ushte-167-6-milioni-evra-za-realizatsija-na-proektot/
Carpe diem
Back to Top
Tooold View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 22-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 84
  Quote Tooold Quote  Post ReplyReply #244 Posted: 21-May-2022 at 21:28
Која смешка од држава сме
Back to Top
highway10 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 05-Jun-2020
Online Status: Offline
Posts: 1
  Quote highway10 Quote  Post ReplyReply #245 Posted: 21-May-2022 at 22:10
БРУКА Понеспособна власт сме немале.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #246 Posted: 02-Jul-2022 at 08:31
ЕБОР и ЕУ ќе финансираат дел од автопатот од Скопје до Блаце

Кредитот во износ од 167,6 милиони евра од ЕБОР e наменет за изградба на автопат, а на оваа сума ќе бидат додадени 20,8 милиони евра грант од ЕУ, како и 8,8 милиони евра за финансирање на техничката соработка за подготовка, имплементација и супервизија на работите на изградба на автопатот. Последниот дел е финансиран преку инвестициска програма за Западен Балкан
Новиот автопат ќе има по две ленти и ќе биде изграден паралелно со постоечкиот А4 национален пат, кој има по една лента, и е изграден пред повеќе од 50 години, што се очекува да доведе до значајни подобрувања на сообраќајот и безбедноста на патот
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија финансираат нов дел од автопатот од Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со Косово. Новиот пат, како што соопштија од канцеларијата на ЕБОР во Скопје, ќе обезбеди побрза и полесна конекција за трговијата и граѓаните.

Кредитот во износ од 167,6 милиони евра од ЕБОР e наменет за изградба на автопат, а на оваа сума ќе бидат додадени 20,8 милиони евра грант од ЕУ, како и 8,8 милиони евра за финансирање на техничката соработка за подготовка, имплементација и супервизија на работите на изградба на автопатот. Последниот дел е финансиран преку инвестициска програма за Западен Балкан.

Патот е дел од транспортната артерија од Скопје до главниот град на Косово, Приштина, каде во изминативе неколку години е забележан зголемен сообраќај, и кој е дел од поголемата Европска патна мрежа која ја поврзува Шведска со Грција преку Западен Балкан.

Новиот автопат ќе има по две ленти и ќе биде изграден паралелно со постоечкиот А4 национален пат, кој има по една лента, и е изграден пред повеќе од 50 години, што се очекува да доведе до значајни подобрувања на сообраќајот и безбедноста на патот. Меѓу другото, се очекува да има позитивно влијание и во однос на вработувањето преку зајакнување на поврзаноста и економската интеграција во самиот регион.

БОР како главен институционален инвеститор во Северна Македонија, до денес има инвестирано над 2,3 милијарди евра во 161 проект во различни сектори во економијата.

https://360stepeni.mk/ebor-i-eu-ke-finansiraat-del-od-avtopatot-od-skopje-do-blatse/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #247 Posted: 08-Aug-2022 at 13:32
Доцнат првите 2 километри од патот Скопје – Блаце – поради стрмниот терен, делницата ќе се заврши во пролет 2023 година



https://mk.tv21.tv/dotsnat-prvite-2-kilometri-od-patot-skopje-blatse-poradi-strmniot-teren-delnitsata-ke-se-zavrshi-vo-prolet-2023-godina/
Carpe diem
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 460
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #248 Posted: 08-Aug-2022 at 13:45
Izgleda na prolet ke imame izbori … neznam kako poinako bi opisal docnenje na 2 km pat na koj nema ni tunel ni nekoj pogolem most ili vijadukt…
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #249 Posted: 08-Aug-2022 at 14:52
Originally posted by MKDSTRUGA

Izgleda na prolet ke imame izbori … neznam kako poinako bi opisal docnenje na 2 km pat na koj nema ni tunel ni nekoj pogolem most ili vijadukt…
Eve ti poinakvo opisuvanje: Nesposobnost i nedostatok na odgovornost. Da zatvorea nekolku odgovorni funkcioneri za milionskata steta i kolapsot na delnicata "Kicevo-Ohrid", denes nemase da ima vakvi pojavi!
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 460
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #250 Posted: 08-Aug-2022 at 20:38
Originally posted by Denko

Originally posted by MKDSTRUGA

Izgleda na prolet ke imame izbori … neznam kako poinako bi opisal docnenje na 2 km pat na koj nema ni tunel ni nekoj pogolem most ili vijadukt…
Eve ti poinakvo opisuvanje: Nesposobnost i nedostatok na odgovornost. Da zatvorea nekolku odgovorni funkcioneri za milionskata steta i kolapsot na delnicata "Kicevo-Ohrid", denes nemase da ima vakvi pojavi!


Mile 10 pati go zatvoraat i otvaraat na taa tema
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #251 Posted: 08-Aug-2022 at 21:36
Originally posted by MKDSTRUGA

Originally posted by Denko

Originally posted by MKDSTRUGA

Izgleda na prolet ke imame izbori … neznam kako poinako bi opisal docnenje na 2 km pat na koj nema ni tunel ni nekoj pogolem most ili vijadukt…
Eve ti poinakvo opisuvanje: Nesposobnost i nedostatok na odgovornost. Da zatvorea nekolku odgovorni funkcioneri za milionskata steta i kolapsot na delnicata "Kicevo-Ohrid", denes nemase da ima vakvi pojavi!


Mile 10 pati go zatvoraat i otvaraat na taa tema
Mile ne odgovara za odgovornost za gradba na patista! Za avtopatot Kicevo-Ohrid javnoto obvinitelstvo trebase da pokrene istraga pa da se utvrdi koj i zosto ja utnal a toa graganite gi cini stotici milioni evra!
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #252 Posted: 08-Aug-2022 at 21:49
Каква истрага? Па нели уште пред 4 години го досредија проектот, плус некои клучки ставија, се договорија со Кинезите за рокови плаќања итн. Што е сега проблемот? Треба ние од форумов да одиме во министерство и да им помагаме за дозволи, имотни прашања, координации со општини, фирми и што уште и да треба? Неспособни се ленти да нацртаат на 99% патишта во државава, вие очекувате автопат да градат.

Edited by <Fresno> - 08-Aug-2022 at 21:50
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #253 Posted: 08-Aug-2022 at 22:14
Originally posted by <Fresno>

Каква истрага? Па нели уште пред 4 години го досредија проектот, плус некои клучки ставија, се договорија со Кинезите за рокови плаќања итн. Што е сега проблемот? Треба ние од форумов да одиме во министерство и да им помагаме за дозволи, имотни прашања, координации со општини, фирми и што уште и да треба? Неспособни се ленти да нацртаат на 99% патишта во државава, вие очекувате автопат да градат.
Kakva istraga? Zarem e mozno da postavuvas vakvo prasanje!? Da, go dosredija proektot, a toa znaci deka nekoj prethodno falicen go odobril a dosreduvanjeto podocna cinese 200 milioni evra narodni pari. Zatoa JO e dolzno da povede istraga i utvrdi koj ja predizvikal taa steta. Toa mu e rabota po zakon i ustav!

Edited by Denko - 08-Aug-2022 at 22:14
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #254 Posted: 09-Aug-2022 at 10:01
Мене автопат ми треба, тие истраги нека си тераат. 6 години поминаа за да се вадат на тие финти. Па еве на темава, 2 километри не можат да ги истуркаат, што понатака да се коментира. Нека им ги дадат на Бехтел сите проекти во државава, 30% за Мала речица и нека го укинат министерството, нема друго.
Back to Top
MKDSTRUGA View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Jun-2018
Online Status: Offline
Posts: 460
  Quote MKDSTRUGA Quote  Post ReplyReply #255 Posted: 09-Aug-2022 at 11:46
Пак ќе кажам, купи ден продај, се се штелува за пред избори а во меѓувреме само се краде! Неспособност, лоповлук. И да не мислите партиски дека зборам, сите партии во Македонија топтан се едно злосторничко, лоповско здружение.
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 570
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #256 Posted: 09-Aug-2022 at 19:00
Катастрофа, во Македонија има илјадници луѓе кои треба да лежат затвор(според мене и доживотно) за злодела против државата и народот.
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 420
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #257 Posted: 10-Aug-2022 at 02:55
2 км автопат 3 години да градиш ... срам над сите срамови, исто како и делницата петровец - катланово (кичево - охрид веќе не е ни за спомнување)

Edited by mr bombastic - 10-Aug-2022 at 02:56
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #258 Posted: 09-Sep-2022 at 12:35
Автопатот од Скопје до Блаце ќе чини 18 милиони евра по километар

Автопатот што ќе се гради од Скопје до близина на граничниот премин Блаце ќе чини 186,7 милиони евра за изградба на делница од 10 километри. Ова е наведено во јавниот повик (тендерот) објавен од јавното претпријатие „Државни патишта“ на својата интернет страница.

Европската банка за обнова и развој обезбедува заем од 167,6 милиони евра под гаранции од државата, додека проектот ќе биде кофинансиран со 20,8 милиони евра инвестициски грант обезбеден од Европската Унија (ЕУ) преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

ЈПДП додава дека последните два километри до косовската граница веќе се финансирани од јавното претпријатие и таму градежните активности, како што велат од „Државни патишта“, се во тек.

„Проектот ќе ја финансира изградбата на нова под-делница долга 10 километри на автопатот TEN-T Рута 6 што оди од Скопје (обиколница Стенковец) до клучка Блаце, блиску до границата со Република Косово“, се вели во повикот.

Во законот за гаранција, кој веќе е изгласан во Собранието, е утврдена истата сума, а дополнително се наведува дека долгот ќе се отплаќа 16 години. За двата коловоза на автопатот предвидени се вкупно 11 единечни тунели со вкупна должина од околу 4,8 километри, а предвидени се 9 мостови по коловоз во правец, во должина од 1,35 километри.
Проценет датум на почеток на проектот е 17 ноември годинава. Првата рата од заемот треба да се исплати во 2026. Автопатот би се градел 48 месеци.

Изградбата на првиот дел од автопатот Скопје-Блаце доцни речиси една година. Во јануари 2020 година, властите потпишаа договор со градежно претпријатие Гранит за започнување на првиот дел од работите, поточно за изградба на два, од вкупно 12 километри, но рокот не се почитува.

https://faktor.mk/avtopatot-od-skopje-do-blace-kje-chini-18-milioni-evra-po-kilometar
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #259 Posted: 09-Sep-2022 at 12:44
Многу тунели и мостови, што значи оптимистички за 5 години ќе завршат. До кај се стигнати со 2-та километри од граница?

Edited by <Fresno> - 09-Sep-2022 at 18:48
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 562
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #260 Posted: 09-Sep-2022 at 13:53
200 милиони ама за една саглам клучка со обиколницата пак не стигаат. Nuts
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 11121314>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.