![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 151152153154155 159> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ХАОС Е НАШЕТО ОПШТО ИМЕ – еве до кое „дереџе“ сме: Скопје е парализирано/ФОТОГАЛЕРИЈА
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.vecer.press/хаос-е-нашето-општо-име-еве-до-кое-дер/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ДВЕ НЕДЕЛИ ПО АСФАЛТИРАЊЕТО, СЕ КОРНЕ АСФАЛТОТ НА УЛИЦАТА КОЗАРА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ
![]() Две недели по асфалтирањето на улицата Козара во скопски Капиштец, се корне асфалтот. Со багери се отстранува вториот и финален слој, па улицата повторно е раскопана и со издигнати шахти. Откако пред неколку месеци фирмата изведувач при поставување на првиот слој ги асфалтираше и шахтите, сега има грешки во изведбата на вториот слој. По реакцијата на граѓаните, работниците тогаш го откорнаа асфалтот, но го фрлија во шахтите со што ги затрупаа. Мораше да интервенира Општината за да се реши проблемот. Од Општина Центар сега велат дека биле утврдени грешки и затоа му е наложено на изведувачот да ја асфалтира одново. „По утврдување на грешки направени од страна на изведувачот во изведбата на улицата Козара од страна на надзорот и Општина Центар, истиот започна со активности за отстранување на грешките и оспособување на улицата. Овие градежни работи се на трошок на изведувачот“, велат од Општина Центар. Улицата Козара почна да се реконструира летово. На оваа улица изникнаа еден куп згради и заради изведба на приклучоците беше цела раскопана. Поради тоа Општината почна со реконструкција, но таа никако да заврши. Жителите велат дека улица од стотина метри се прави пола година, постојано дишат прашина, а од дупките и издигнатите шахти на улиците ги искршиле колите. Тогаш градоначалникот Горан Герасимовски рече дека во иднина Општината ќе ги казнува изведувачите поради несоодветно завршување на градежните работи. Од Општината не кажуваат дали изведувачот е казнет. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dve-nedeli-po-asfaltiraneto-se-korne-asfaltot-na-ulitsata-kozara-vo-skopski-kapishtets/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ул.Улоф Палме позади Флетајронот,целиот овој потег е преполн со кал,вирови тотално неуреден простор со децении(од фб)
![]() |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Големите проблеми не бараат делумни, туку сеопфатни решенија
![]() КАЈ НОВИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР „ИСТ ГЕЈТ“ СЕРИОЗЕН СООБРАЌАЕН ПРЕДИЗВИК ЗА СИТЕ НАДЛЕЖНИ СЛУЖБИ Изградбата на големи трговски центри во Скопје главно е позитивно дочекувана од страна на граѓаните. На тој начин граѓаните се привлечени од нови ексклузивни продавници за стока за широка потрошувачка, доаѓаат светски модни брендови и нема потреба да се патува во странство да се купи нешто што веќе станало достапно и тука. Но неоспорен факт е дека токму изградбата на тие големи трговски центри, во рамките на поширокиот центар на градот, наместо во неговата околина, е причина за дополнителен сообраќаен хаос. Надлежните, брзајќи да им издадат градежна дозвола на инвеститорите, како да не водат доволно грижа за исклучително важните работи што се во нивна надлежност, не само за комуналните предизвици. Тука треба да се мисли и на низа други околности, како на пример на инфраструктурните, односно сообраќајните решенија за големата сообраќајна фреквенција што го придружува секој голем јавен објект. Наместо да се изгради сообраќајница што ќе овозможи непречено движење околу трговскиот центар, или барем да се приспособат постојните, на овие улици се создава сообраќаен хаос и застој, од кој сите добиваат главоболки. Огромните колони возила беа редовна слика кај „Сити мол“ (општина Карпош), а сега исто така е и кај „Ист гејт“. Овие сцени речиси секогаш се проследени со забавен сообраќај, кој кај возачите предизвикува нервоза, од која подоцна избиваат кавги и пцости, кои на моменти резултираат и со сообраќајни инциденти, во обид да се докаже кој има првенство на минување. БЕСКРУПУЛОЗНО УЗУРПИРАЊЕ НА УЛИЦИТЕ Просторот околу новоизградениот трговски центар „Ист гејт“, во скопската населба Крњево, е „окупиран“ од возила. Откако беше изграден центарот, граѓаните масовно се обидуваа да паркираат што е можно поблиску до влезните врати, а оние што сакаа да паркираат во подрумските простории на објектот, без нималку грижа на совеста своите возила ги вртеа на самата улица полукружно. Бидејќи со тоа причинуваа невиден хаос, а и претставуваа голема закана за другите возила, особено за пешаците што преминуваат улица на две-три локации пред објектот, градските власти прво донесоа одлука со 50 рефлектирачки столпчиња да му стават крај на сообраќајното самоволие на возачите. Откако увидоа дека тие не помагаат многу, односно дека возачите пред нив и по нив повторно вртат полукружно, одлучија комплетно да ги одвојат двете сообраќајни ленти со столпчиња, за да го спречат ваквото однесување на возачите на улицата Беласица. Кога беа поставени првите 50 рефлектирачки столпчиња на оваа локација, од јавното претпријатие „Улици и патишта“ истакнаа дека ги поставуваат за одвојување на двете коловозни ленти. – Рефлектирачките столпчиња се поставени пред сѐ поради спречување на непрописното движење на граѓаните кон паркингот на овој трговски – информираа тогаш од јавното претпријатие „Улици и патишта“. Оттаму објаснија дека налогот за работа е даден од Секторот за сообраќај во Град Скопје, а тие како претпријатие се изведувачи на работите и наедно надлежни за редовно одржување на сообраќајната сигнализација и опрема на градските улици и булевари. Но набргу се согледа дека овој потег не е доволен, па се поставија столпчиња по целата должина на коловозот. Откако градот се одлучи на овој потег, целосно да ги одвои коловозните ленти, нема повеќе закочување на сообраќајот поради непрописното вртење на возилата. Сега возачите немаат можност да ги вртат своите возила полукружно на самата улица, со што се принудени конечно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. МВР КАЗНУВА НА ТЕРЕН И од Министерството за внатрешни работи информираат дека на оваа локација веќе на големо сообраќајната полиција работи и ги санкционира прекршителите на сообраќајните правила и прописи. – Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Скопје, во периодот од 1.9.2022 година до 30.11.2022 година, на улицата Беласица, пред трговскиот центар се санкционирани 68 лица во согласност со членот 30 став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и 174 лица во согласност со членот 63/6, 66/3, 66/4, 66/5 и 187/6 од истиот закон – велат од МВР. СЕГА ВЕЌЕ Е ДОЦНА?! Експертите од областа на сообраќајот, професори што се занимаваат со изработка на сообраќајни решенија при подготвување проекти пред почеток на градбите, велат дека сега веќе е доцна да се подготви соодветно решение што ќе ги задоволи потребите. Сега може само да се интервенира, како во случајов со столпчињата, за да се намалат колку-толку пропустите. – Кога излезе во јавност информацијата дека на оваа локација ќе се гради толку голем трговски, првото нешто што ние го сугериравме беше дека нема рационален простор што би одговорил на сообраќајните проблеми на овој потег. Еве, паркинг-просторот спроти трговскиот целосно е блокиран од паркирани возила, а е во приватна сопственост. Еден ден сопственикот ќе рече стоп, нема повеќе паркирање тука, и што ќе се случува со тие возила? Втор проблем е што никој не мислеше на сообраќајни решенија што ги предложивме ние како експерти. Тогаш никој не сакаше да нѐ сослуша, сега веќе е доцна што и да се каже. Улицата пред самиот трговски е премала, не може да одговори на толку голем наплив на посетители. Дополнително, нема никакво сообраќајно решение за проблемот што токму вие го посочувате, а е жива рана на овој дел. Залудни се сега и заштитните столпчиња, бидејќи во практика се гледа дека воопшто не вршат работа – вели експерт од областа на сообраќајот, кој сакаше да остане анонимен. ИСТИ ПРОБЛЕМИ, РАЗЛИЧНИ ЛОКАЦИИ Се чини на граѓаните од Крњево, сепак, им е најтешко. Жителите на оваа скопска населба велат дека некои од посетителите сепак ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и внимаваат каде и како паркираат. Но многу повеќе се оние другите, недисциплинираните, кои оставајќи ги своите возила каде што ќе стигнат, им создаваат дополнителни проблеми на локалните жители. Тие додаваат дека она што сега се случува тука, личи на она што се случуваше пред „Сити мол“ на почетокот кога беше изграден. – Тогаш само кај „Сити мол“ мораше речиси секојдневно да има полиција за да може да се воведе ред во сообраќајот. Бидејќи моите родители живеат таму, знам точно што се случуваше и тогаш ви бев соговорник токму на истава тема. Денес повторно се јавувам како соговорник, но овој пат за улицата Беласица. Она што го прават возачите е невидено. Мрзеливи се и не сакаат да повозат уште педесетина метри и законски исправно да го свртат возилото, па правеа хаос вртејќи полукружно, пресекувајќи две полни линии на коловозот, само за да влезат во подземниот паркинг-простор. Она што е најсмешно е фактот што трговскиот има и други влезови за паркинг, не е само тој пред него – вели Бубе Трајковска, која секојдневно е сведок за случувањата на оваа локација. Таа потенцира дека сега, откако се поставени столпчињата, конечно е воведен ред. – Сега, кога ја затворија целата улица со столпчиња, конечно нема самоволно вртење кој каде ќе стигне. Првично со првопоставените немаше никаков ефект, бидејќи ги одминуваа столпчињата и пак вртеа полукружно. Сега веќе е друга приказна – револтирано вели таа. Според неа, дополнително е хаос со паркинг-просторот, со кој никогаш порано немале проблем. – Ние сме мала населба и имавме простор и за прошетка и за сѐ. Сега од паркирани возила не можеме од дома да излеземе. Ова е невидена некултура, ни паркираат пред врати, ги узурпираат целосно тротоарите… оваа состојба навистина бара комплетно решавање – вели таа. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/golemite-problemi-ne-baraat-delumni-tuku-seopfatni-reshenija/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
||
![]() |
||
kicevo ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Jan-2021 Online Status: Offline Posts: 17 |
![]() ![]() |
|
Seriozno ovie barakcinja dolikuva vo strogiot centar na Skopje?
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
(Фото) Жителите на Кисела Вода имаат новогодишна желба градоначалникот да им ја асфалтира улицата која ја изринка пред повеќе од два месеци !
Жителите на скопска Кисела Вода имаат новогодишна желба градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да им ги асфалтира краците од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ кои ги изринка пред повеќе од два месеци и ги остави со „кратери“ и „ридчиња“ ! Ѓраѓаните кои гравитираат кон овој дел од населбата Кисела Вода, катадневно мака мачат како да стигнат до своите домови со автомобилите, пешки, велосипедите, тротинетите… Алармираат како што велат до општинарите во Кисела Вода, но од таму ни трага ни глас да се реши проблемот кои им го наметнаа надлежните под превезот ќе го обновиме асфалтот. Ни асфалт обновија, ни пак се вратија два месец да ги затворат „кратери“. Мештаните ги кршат автомобилите, ги кинат гумите им нервите, а сето тоа на крајот ги чини пари и здравје. ![]() ![]() ![]() ![]() https://24info.mk/фото-жителите-на-кисела-вода-имаат-нов/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Километарски колони на стратешки точки во Скопје
Булеварот Киро Глогоров Е стратешка артерија која поврзува густо населени населби, и води кон излезот од Скопје. Раскопана улица, километраски колони на возила. Оваа слика се провлекува со месеци. Улица долга колометар и пол се реконстриира, поправа, раскопува па санира долг период. Ова е сликата од попладнвните часови на оваа улица. Багерите се на терен. Педесеттина метри длабоко раскопан асфалт втор ден прави вистински хаос. Маратонската санација на булварот Киро Глигоров кој ги повразува скопски Аеродом и Ново Лисиче со Гази баба е вистински проблем за собраќајниот проток. Најпрво се санираше еден дел од улицата. Зафати имаше и во давата правци од и кон Аеродором, но се месеци друг дел од истиот булевар зјаеше раскопан, тешко прооден и небезбеден за возилата. Имаше и градежни ситуации во кој по снацијата повторно се раскопуваше. Од министерството за транспорт и врски велат дека овој пат е во надлежност на град Скопје. Од град Скопје до моментот на објавување на прилогот не дадоа информација зошто булевраска артерија долга само еден и пол километар не може да биде завршена повеќе од една година, кој е изведувачот на градежните работи, дали се зема предвид хаост, но и последниците за граѓаните губење време но и пари за гориво, стоејќи во место долго време. Кој ќе понесе одговорност доколку имало грешки саниран па повторно распокапан дел од улицата. Ланската слика на раскопан и незавршен булевар ги дочека граѓаните и во оваа година. https://24.mk/details/kilometarski-koloni-na-strateshki-tochki-vo-skopje |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
КОНТЕЈНЕР СО ЃУБРЕ СТОИ НА КОЛОВОЗОТ СРЕДE ПАРТИЗАНСКА ВО СКОПСКИ КАРПОШ
![]() Контејнер со ѓубре од попладнево стои средe булеварот Партизански одреди во Карпош 3 во Скопје. Контејнерот стои во насоката кон Карпош во крајната, трета лента, на која и најбрзо се вози. Контејнерот ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Колите кочат пред самиот контејнер, а поради врнежливото време коловозот е лизгав. Спроти местото каде се наоѓа контејнерот има поставени контејнери. Еден од нив сега нема, но не се знае како дошол на коловозот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kontejner-so-gubre-stoi-na-kolovozot-srede-partizanska-vo-skopski-karposh/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
0 луѓе застанале да го поместат, вклучително и „репортерот“. Граѓанска одговорност, грижа кон сограѓаните — 0! Затоа државата е гадна.
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
shkupjan166 ![]() Newbie ![]() Joined: 25-Dec-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
|
Знае некој зашто на улица Борис Сафаров има жолти автобуски "ленти" или поточно вертикална сигнализација а не поминат автобуси низ улицата?
Мислам дека ке беше убаво да поминеше линија 11ка или 5ка низ Борис Сарафов наместо да прават гужва низ главната улица. Edited by shkupjan166 - 13-Jan-2023 at 14:46 |
||
![]() |
||
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
|
Кога се реконструираше улицата Ѓорче Петров автобусите се движеа по Сарафов, од тогаш се останати. Дури и на велосипетските патеки има прекин во столпчињата на местата каде што се постојките, а ако памтам добро патеката е направена кога веќе немаше автобуси по Сарафов.
Edited by Phiko - 13-Jan-2023 at 06:00 |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
мал хинт: автобусите не се тие кои прават гужва по улиците. ![]() |
||
![]() |
||
shkupjan166 ![]() Newbie ![]() Joined: 25-Dec-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
|
Во право си, поентата ми беше да поминат автобуси и низ Борис Сафаров а не само низ Ѓорче Петров. |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Во Скопје реално не е и дека не прават. Немам досега видено автобуси да се претекнуваат на автобуска постојка, или автобус да застанува 40 метра пред и после постојката само затоа што има друг автобус на постојката од кого слегуваат патници. Во нормална држава крајната лента е за јавен транспорт, и автобусите се редат еден позади друг на постојка, и си го чекаат редот, а не да застануваат дури и пред пешачкиот на рекорд, да истовараат и товарат патници и после да претекнуваат и да ги зафаќаат и двете ленти. Само во Бангладеш, Нигерија и Македонија нешто такво. Edited by гитардемон - 14-Jan-2023 at 13:25 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со столпчиња на средина на улицата ќе се штити безбедноста на учениците пред ОУ „Киро Глигоров“
![]() За да се зголеми безбедноста на пешаците и учениците кои учат во основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец, по средината долж улицата Адам Мицкијевиќ , деновиве се поставени столпчиња. На тротоарите веќе има поставено столпчиња за да се оневозможи да се паркираат автомобили, а сега со новите по средината на улицата се очекува да се забави сообрачајот и да се избегне метежот, за што жителите постојано реагираа. Пред една година, 47 вакви стопчиња, поради зголемување на безбедноста и регулирање на сообраќајот, Општината постави кај фурната „Силбо“, поточно на средина на улицата Костурски херои, на потегот од раскрсницата со улицата Радњанска до вклучувањето на булеварот Партизански одреди. Поставувањето на заштитните столпчиња доаѓа по бројните поплаки од жителите до Општината, а се однесуваат на турканиците и сообраќајниот хаос кој се создава на оваа делница. Со поставувањето на столпчињата нема да може веќе автомобилите да се паркираат на коловозот, ќе се нормализира движењето на улицата Костурски херои и ќе се намали метежот на овој потег – соопшти тогаш градоначалникот Горан Герасимовски. Колку и да изгледаше невообичаено ова сообраќајно решение, после една година од поставувањето на столпчињата, веќе се заборави метежот што се создаваше редовно на овој потег, нема паркирани автомобили пред фурната и слаткарницата „Апче“, а сообраќајот се одвива нормално и без застој. https://www.slobodenpecat.mk/so-stolpchinja-na-sredina-na-ulicata-kje-se-shtiti-bezbednosta-na-uchenicite-pred-ou-kiro-gligorov/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Улица долга километар и пол се реконструира, поправа, раскопува, па санира веќе две години
![]() ![]() Веќе втора година како се одвиваат градежните активности и проширување на булеварот „Киро Глигоров“. Се реконструира и санира горниот строј на булеварот од мостот на Вардар (вклучувајќи го и самиот мост), или поточно на потегот од Мак Аутостар, раскрсницата со улицата „Индустриска“ (која најмалку две години е целосно ископана и руинирана), па сè до раскрсницата со улица „Перо Наков“ кај „Бриколаж“. Оваа реконструкција и санација на 1.450 метри од булеварот две години прави огромен застој во редовното одвивање на сообраќајот, бидејќи се работи за еден од пофреквентните патни правци како за жителите од Аеродром и Ново Лисиче. Овој патен правец е главен за влез и излез од главниот град на државата за жителите кои гравитираат на овој дел од Скопје. Застојот, кој претходно беше поизразен во утринските и попладневните часови, кога граѓаните одат и се враќаат од работа, во последно време се случува преку цел ден. За оние кои мораат да се движат по овој пат веќе е нормално потегот од мостот „Близнак“ до раскрсницата кај „Бриколаж’ да го поминуваат повеќе од половина час, иако претходно во најголемиот сообраќај во периодот од 7:30 до 8:30 часот беа потребни помеѓу 5 и 10 минути. Наутро, понекогаш, застојот е толку голем што колоната возила што чекаат се протега и од булевар „Србија“, па често се случува редот да почнува уште од раскрсницата со булевар „Јане Сандански“. АСФАЛТИРАЊЕ СРЕДЕ ЗИМА Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, неодамна изјави дека градот си ја завршил обврската што ја имале на булеварот „Киро Глигоров“, кај „Бриколаж“ и дека оставено е сега Министерството за транспорт и врски да ја заврши финалната фаза од реконструкцијата, односно асфалтерските работи. Граѓаните пак, никако не можат да најдат оправдување зошто асфалтирањето се одвива во декември и јануари, односно во неповолен период за одвивање вакви градежни работи. А и според сите стандарди и правилници асфалтерските работи треба и мора да се изведуваат во поволен период од годината кога има повисоки температури. Асфалтерски работи во моментов, среде зима, се одвиваат и на булеварот „Борис Трајковски“ на потегот од ОХИС кон Драчево, како и на улицата „Теодосија Гологанов“. Во текот на минатиот месец интензивно се работеше и на асфалтирање на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ на потегот од Железничка станица до раскрсницата кај Народна банка. Освен застој во сообраќајот, поради гребење на асфалтот се дигаше огромна прашина и имаше енормно загадување на воздухот. За жал, кај нас ова е редовна појава. Наместо во поволните годишни сезони за одвивање на градежните работи (доцна пролет, лето и есен), во градот (па и во државата) наместо да се интензивираат работите и да се работи во две смени (понекогаш и без прекин што е случај во развиените земји), кај нас во лето и есен кога се повисоки температурите се гушиме во прашина и сме соочени со блокирање на сообраќајот на одредени улици и по неколку месеци без да има било какви градежни активности, а улиците и булеварите стојат раскопани и непроодни. Од стручната фела велат дека не е препорачливо да се асфалтира при ниски температури и дождливо време. Затоа и често ги слушаме коментарите од граѓаните дека одредени улици и булевари треба повторно да бидат санирани или рехабилитирани иако не поминале ни две години од последната таква интервенција. – Имено, секој кој се бави со градежништво, а да не зборуваме за луѓето на кои ова им е главна професија, знаат дека одредени работи при изградба или рехабилитација на патната инфраструктура бараат одредени предуслови за работ, а пред сè суво и топло време. Односно, за изведба и поставување на асфалтните слоеви мора да се исполнат одредени прецизно дефинирани технички услови и барања во однос на температурата, подлогата, транспортот и вградувањето на асфалтот во зависност од типот на асфалтните слоеви. Подлогата преку која се поставува асфалтниот слој (независно дали се работи за тампонски слој, стар или нов слој на асфалт), треба да биде чиста и сува, по потреба испрскана со соодветна емулзија. За долните слоеви на асфалт (наречени носиви асфалтни слоеви), минималната температура на воздухот и подлогата не треба да бидат пониски од 5 степени Целзиусови, а за завршните (односно т.н. носивите слоеви на асфалти) покрај условите за подлогата, температура на воздухот не треба да бидат пониски од 10 степени Целзиусови. Дури за одредени типови на асфалт литературата препорачува и уште повисоки надворешни температури – за весникот ВЕЧЕР објаснува градежен инженер со над 30-годишно искуство во градењето патишта во земјава и странство. ![]() За изведбата на асфалтните слоеви на булеварот „Киро Глигоров“, тој вели дека ниту еден од потребните технички услови за асфалтирање не е исполнет. – Работите да бидат уште полоши, покрај ниските температури, кои во утринските часови се нешто над нулата – помеѓу 2-3 степени Целзиусови, се асфалтира и кога врне или кога претходниот ден имало врнежи од дожд. Во тој случај, подлогата -тампонскиот слој и асфалтот се заситени со вода или се толку влажни да ниту еден стручен кадар не би одобрил или започнал со асфалтирање – вели тој. На булеварот „Киро Глигоров“ цело лето и есен практично и да немаше никакви градежни активности. Дури во декември 2022 година почнаа некакви поинтензивни работи. Асфалтирањето на булеварот започна во втората половина на декември и сè уште трае иако температурите се ниски и има врнежи од дожд. – Секој кој одреден дел од животот поминал во некоја од развиените европски земји кон кои се стремиме и сакаме да се приближиме, бил на пропатување или одреден период престојувал во некоја од тие држави, забележал (барем во градовите) дека реконструкција или рехабилитација на градски улици се работи во лето (во туристичките места најчесто во пролет) и тоа со таков интензитет и без пауза во текот на 24 часа. Па, така буквално преку ноќ, или за многу кус временски период од неколку дена се изведуваат овие работи и тоа на потези кои не се помали од споменатата делница која се прави веќе втора година на булеварот „Киро Глигоров“ – констатира нашиот соговорник. НАЈНИСКАТА ПОНУДА НЕ Е НАЈПОВОЛНА И како клучно се поставува прашањето зошто е тоа така во нашата држава, кога најголемиот дел од луѓето дури и кои не се дел од градежниот сектор знаат дека ваквиот начин на работа не е во ред и дека нешто мора да се промени. – Може да се дадат два одговора. Првиот е дека работата ја изведуваат, ја водат и управуваат луѓе кои се недоволно или целосно нестручни и непрофесионални, па не ја познаваат работата што ја работат, што е малку чудно ако се знае дека условите на тендерите за работа бараат и се избираат стручни компании со искуство. И вториот одговор, што е исто така издржан, е дека компаниите кои ги договориле работите за изведба немаат капацитет да ги завршат сите преземени обврски во текот на годината. Парите предвидени да одредени проекти во случај да не се потрошат во планираната година треба да се вратат во градскиот буџет за наредната година. Во тој случај, компаниите се присилени во последните денови од годината да завршат што е можно повеќе работа (понекогаш и во наредната година) за да можат да ги испостават фактурите за наплата пред завршување на фискалната година – вели нашиот соговорник. Според него, проблемот колку е во македонските компании што се вклучени во градбата и реконструкцијата на улиците во градот Скопје (а не е ништо поразлично и во другите градови), повеќе е во стручните служби на град Скопје и на луѓето кои се одговорни за начинот на финансирање на таквите проекти, но и на стручните луѓе од градежната фела чија работа е следење и надзор на квалитетот на работата на компаниите што ја изведуваат градбата. – И сè додека не се постават стручни и професионални луѓе на соодветни позиции во градот и државата, кои ќе направат промени на таквата пракса, граѓаните ќе мора да чекаат со часови за да стигнат до своите работни места или предвидената дестинација и тоа со денови и месеци, а тоа и те како влијае на нивниот личен буџет, губење на време и сигурно и на зголемување на загадувањето во градот кога наместо 15-20 минути се патува за двапати или трипати подолго време. А градот поради неквалитет на изведените работи за многу кус период ќе мора повторно да обезбедува средства на нови реконструкции на улици и булевари кои веќе биле санирани – дециден е нашиот соговорник. Тој објаснува дека не секогаш најниската понуда на тендерите за реконструкција на улиците е најповолна. – Еднаш мора да разбереме дека најважен услов е квалитетот на извршените работи и временскиот рок за кој таа работа ќе се заврши. И тоа траба да биде услов што секој треба да го почитува и запази и според кој ќе се оценува подобноста на некоја компанија да ја добие работата. Секое доцнење и неквалитет само генерира додатни трошоци на градот кој на крај го плаќаат граѓаните. Нервозите на граѓаните поради непроодните и раскопани улици, оштетувањата на возилата, чекањето во колони по повеќе од 30-40 минути, доцнењето да се стигне на работа и дополнителното загадување, на и така многу загаденото Скопје, ќе биде изгледа уште долги години редовна појава во градот ако не се преземат мерки за решавање на таквите проблеми – констатира нашиот соговорник. https://www.vecer.press/улица-долга-километар-и-пол-се-реконст/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Набавете гумени чизми ако одите во Хиподром 2!
Жителите од населбата Хиподром 2 се жалат дека живеат како во 16 век, газат во кал, бидејќи улиците сè уште не им се асфалтиран, иако за тоа плаќаат комуналии. На социјалните мрежи споделуваат и фотографии на кои може да се забележи незавидната состојба и супстандардните услови во кои тие живеат. ![]() ![]() https://www.vecer.press/набавете-гумени-чизми-ако-одите-во-хип/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Дали ова маало е изградено како дивограби на земјоделско земјиште под изговорот "моја е нивата што сакам ќе правам" без платени комуналии, или е регуларно урбанзирано по план, па да се солидиаризираме и да речеме дека ете општината не си ги завршила обврските?
Мора да се постават овие прашања, зашто кај нас јавноста чудно се солидаризира со прекршителите. Edited by user8642 - 16-Jan-2023 at 16:16 |
||
![]() |
||
пеперутка16 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Feb-2023 Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
|
само еден збор: катастрофа
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 151152153154155 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |