![]() |
![]() |
![]() |
Света Лидија - нас. Ченто |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
08.11.2022 od fb
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Осум цркви во Скопје чекаат да бидат дозиградени
Здружението за изградба на македонската православна црква „Света Лидија Македонка“ во населбата Ченто објави апел за донации за нејзина доизградба. Нејзиниот ктитор, Тоне Димковски, кој е и претседател на здружението, вели дека од 2014 година, кога е поставен камен-темелникот, ниту една од институциите не нашла за потребно да ја помогне изградбата. – Го обезбедив целиот материјал, но немам поддршка од институциите за понатаму. Од претходниот градоначалник на Општина Гази Баба имав каква-таква помош, но од сегашното раководство на Општината немам, иако беше ветено. Се обидувам со сопствени сили и средства да направам нешто – изјави Димковски. Тој објасни дека се бетонирани полукруговите за иконостасите и оти сега треба да се бетонираат 16-метарските столбови, а потоа да се направи полукружната купола на која треба да се стави крстот. Вели дека склучил договор со фирма која ќе донира бетон, но не е доволно тоа. Камен-темелникот на оваа црква беше поставен на 22 ноември 2014 година, на старите гробишта до Домот на културата во населбата Ченто, Општина Гази Баба. Храмот „Света Лидија Македонка“ е со вкупна површина од 303 квадратни метри. https://www.vecer.press/осум-цркви-во-скопје-чекаат-да-бидат-до/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Proletna ofanziva iskop na zemja vo Crkva Sveta " LIDIJA " Makedonka ....pomos od firmata LENDI GRUP ....
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во 2014 година беше поставен камен темелникот на црквата „Света Лидија Македонска“
|
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
11.11.2024
Потребни се средства за фрескоживописот на црквата „Света Лидија Македонка“ Од здружението „Одбор на црквата „Света Лидија Македонка“ апелираат до верниците да донираат средства за фрескоживописот во цркват која се грди во населбат Ченто. Проектот ќе чини околу 55.000 евра и ќе се реализира во неколку фази, во зависност од средствата кои ќе се соберат. Доброволниот прилог може да се донира на сметка на храмот: Ж.С 270-0748507701.12, цел на дознака: донација за фрескоживопис или пак лично во храмот. Црквата „Света Лидија Македонка“ почна да се гради во 2013 година. Доизградбата продолжи во 2020 година, а во моментов ктитор е Тоне Димковски со здружението „Одбор на Света Лидија Македонка”. https://www.vecer.press/potrebni-se-sredstva-za-freskozivopisot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Црквата „Света Лидија Македонска“ во Ченто десет години остана само на камен-темелник
Почетокот на изградбата на црквата беше означен во 2014 година со поставување камен-темелник, но изградбата оди многу бавно и главно со пари на верници и жители на населбата. Лимени огради, прашина и ѓубре можат да се забележат на просторот на поранешните христијански гробишта во населбата Ченто, каде што пред 11 години беше поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“. Проектот тогаш беше презентиран како заедничка иницијатива на Општина Гази Баба и на жителите на населба Ченто, а како изведувачи се пријавиле повеќе компании заинтересирани за изградба на овој храм, предвиден да биде распространет на површина од над 4000 квадратни метри. ![]() Од Македонската православна црква за изградбата на оваа црква посочија дека е прва во Скопската епархија, а втора во Македонија која е посветена на Света Лидија Македонска. Изградбата официјално започна на 22 ноември 2014 година, а камен-темелникот го освети архиепископот г. г. Стефан. Одлуката за изградба на оваа црква, според жителите, кај нив предизвикала измешани чувства и поделени ставови поради тоа што условот за почеток на нејзина изградба бил преместување на христијанските гробишта, сместени на таа територија повеќе од половина век. Сепак, амбициозниот проект наиде на „кочница“ при неговата изградба и е оставен на половина. Проблемот е повеќе од очигледен, нема доволно финансиски средства. ![]() Околу лимените огради на просторот лоциран на главната улица „Методија Андонов Ченто“ во непосредна близина на Домот на културата, наидовме на ѓубре, искршени гранки од дрвја и огромно количество прашина, но успеавме на ѕирнеме и внатре. Конструкцијата на црквата веќе е поставена и очигледно е дека почнала изградбата, но проектот не е ни близу наскоро да биде завршен. Ја забележавме и работната табла, високо поставена и видлива од главната улица, на која е претставен проектираниот изглед на оваа црква. Според прикажаното, треба да се изгради црковен објект, голема камбана, паркинг и зелена површина. – Вистина е дека идејата за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“ датира 11 години. Тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски заедно со г. г. Стефан „фрлија лопата“ и го означија почетокот на изградбата, но за жал тоа беше единственото нешто кое го направија. По осветувањето, просторот со години остана пуст, со високо никнати треви и заграден, без никаков прогрес – вели еден од организаторите на изградбата на црквата Тоне Денковски за „Слободен печат“. Тој објасни дека во 2022 година, откако видел дека проектот нема никаков напредок и нема надеж за изградба на црквата, работата ја презел во свои раце. Најпрвин го оформил Здружението за изградба на Македонската православна црква „Света Лидија Македонска“ населба Ченто, а потоа добил и благослов од Г.Г. Стефан и продолжил со изградбата. – Финансирањето на овој проект е од мене и уште неколку луѓе верници, но исто така кој сака може и да донира на жиро-сметката за донации, која е на име на здружението – истакна Денковски. Според новиот план за изградба, храмот „Света Лидија Македонка“ е со вкупна површина од 303 квадратни метри. Камбанаријата е во висина од 25 метри заедно со крстот, а конаците во црковниот двор како помошни простории се со вкупна површина од 320 квадратни метри. Исто така, во црковниот двор е планирана фонтана за водосвет. Кога го прашавме дали постои рок до кога овој проект би бил завршен, тој одговори дека точен датум нема. – Проектот за изградба на црква може само да биде почнат, нема рокови и планови до кога би била завршена. За три години направивме многу повеќе од тоа што претходниците го направија за речиси една деценија. Работата оди бавно, но не запираме со изградбата – истакна организаторот и додаде дека само за проектирање на нов нацрт план за црквата биле потребни околу 20.000 евра. Денковски тврди дека во последниве години тој лично одделил средства и поставил камери околу објектот, барака за обезбедување и контејнери, со цел местото да не биде вандализирано или оштетено. Притоа, тој изрази незадоволство кон органите на власт, особено кон Општина Гази Баба, од каде што, според него, со доаѓањето на власт на актуелното раководство, секнала финансиската помош за овој проект. ![]() Општина Гази Баба на работната табла е претставена како еден од иницијаторите за изградба на оваа црква. На прашањето зошто не се во контакт со изведувачите што се одговорни за изградбата на црквата, одговор од нив не добивме. Можеби Општината навистина кренала раце од овој проект како што тврди организаторот, така што нејзината целосна изградба засега останува само на финансиската можност на жителите и на донаторите. https://www.slobodenpecat.mk/crkvata-sveta-lidija-makedonska-vo-chento-deset-godini-ostana-samo-na-kamen-temelnik/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |