![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6162636465 66> |
Author | |
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Со предложениот урбанистички план за четврт ЈИ-09 во Аердором се планира 12-катница на раскрсницата помеѓу бул. „Србија“ и „3 македонска бригада“ и уште 3 8-катници на самиот тротоар на бул. „Србија“ спроти 4° Golden Art-Аеродром: ![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Азманов: Кривична пријава за советниците на Општина Карпош
Еден од нив е и Зоран Азманов кој веќе 6-та година чека општината да го донесе Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1, за да може да го комплетира компексот што го изгради пред Уставиот суд да го укине планот. Но, оттогаш, вели, општината воопшто не постапила по препораките и забелешките од судот иако тоа требало да го направи во рок од една година, за планот повторно да биде во функција. Тој смета дека постапките се кочат поради инает и лични хирови, кои дел од советниците ги ставаат пред самиот закон. Не може некој да си води инает и да вика ние нема да донесуваме дуп-ови. Ти си избран таму за советник, за да донесуваш дуп-ови, а не да не донесуваш и да не работиш. Значи, ако има некои проблеми во дуп-от, треба да се отстранат меѓутоа не и да не се донесуваат, бидејќи таков ДУП постоел и заради таквиот ДУП што постоел некој инвестирал пари и купил, каде е тука правната сигурност на инвеститорот? Сега Азманов, најавува и тужби со кои ќе бара отштета од 3,5 милиони евра. -Нашето уставно право е загрозено и укинато, за да не можеме да градиме, за што сме ја купиле и таа парцела, а општината ќе треба да плати штета доколку не се донесе новиот ДУП. Јас не би сакал да ја тужам мојата општина Карпош, каде сум израснал, меѓутоа, ако бидам приморан, ние ќе мораме и тоа да го направиме, а за таа штета советниците кривично треба да одговараат. Во судска постапка ние сигурно ќе ги добиеме бидејќи, ако постои правна држава и праведен суд, не да гледа општината ќе биде оштетена или не, ако гледа по закон ние мора да го добиеме тој процес бидејќи со закон ни е гарантирано тоа право и мораме да го добиеме и со тоа се нанесува штата на општината,-Зоран Азманов – Инвеститор. Според Азманов, ваквите постапки прават да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, бидејќи, ако бил некој странски инвеститор веќе одамна ќе имало решение на проблемот. Ова место стои заградено и го огрубува просторот веќе шест години, а како што вели сопственикот и покрај уредната документација не може да продолжи со градба. Во општина Карпош 30-тина ДУП-ови се заглавени во процедури, па ниту граѓаните ниту фирмите не можат ниту да градат, ниту да доградуваат.. Градоначланикот Стевчо Јакимовски, вината за ова ја лоцираше во Советот на општината, во која мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ. https://kanal5.com.mk/azmanov-krivichna-prijava-za-sovetnicite-na-opshtina-karposh/a577076 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не сакаме згради во населбата Лисиче!
![]() Велат дека Општината Аеродром на нетранспарентен начин и исклучиво на нивна штета се обидува да го протурка новиот предлог ДУП за кој потенцираат, оние жители што го виделе, дека предвидува т.н. урбанизација, изградба на згради, нови улици кои ќе минуваат низ нивните дворови и куќи. – Не сакаме згради, како што се планира со предлог ДУП-от. Истото мислење го имаат сите мои соседи, кои не сакаат да ѝ ги дадат своите дворови на градежната мафија или на поединци – вели еден жител на овој блок. Од Општина Аеродром за весникот ВЕЧЕР нагласија дека посочениот ДУП е изработен пред неколку години. Во него, најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95 %, се наменети за А1-објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти. – Најважно од сè е дека тој во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради. Напротив, решава проблем на стотици граѓани во овој дел од Општината – велат од локалната самоуправа Со пораките „Спречете ја бетонизацијата на населбата Лисиче“ и „Стоп за градежниот хаос“, жители на оваа скопска населба се спротивставуваат на она што го предвидува предлог деталниот урбанистички план за градскиот кварт ЈИ09 блок 09.01, кој од 30 март до 13 април е изложен во просториите на основното училиште „Димитар Македонски“. Велат дека Општината Аеродром на нетранспарентен начин и исклучиво на нивна штета се обидува да го протурка новиот предлог ДУП за кој потенцираат, оние жители што го виделе, дека предвидува т.н. урбанизација, изградба на згради, нови улици кои ќе минуваат низ нивните дворови и куќи. Имено, овој блок граничи со пругата од југ, булеварите „Србија“ од запад и „12. Македонска бригада“ од север и во него има само куќи за индивидуално живеење. – Не сакаме згради, како што се планира со предлог ДУП-от. Истото мислење го имаат сите мои соседи, кои не сакаат да ѝ ги дадат своите дворови на градежната мафија или на поединци – вели еден жител на овој блок. Смета дека нивната населба е и така густо населена. – Не сакаме бетонизација на нашата најзагадена населба во земјава и во светот, која и така со децении дише на жабри – вели тој. Ги повикува своите соседи да реагираат со пополнување на анкетните листови со цел да ја спречат, како што вели, бетонизацијата на Лисиче. Од Општина Аеродром за весникот ВЕЧЕР нагласија дека посочениот ДУП е изработен пред неколку години, пред доаѓањето на Тимчо Муцунски за градоначалник во Општина Аеродром. – Во него, најголемиот дел од парцелите, односно повеќе од 95 %, се наменети за А1-објекти за индивидуално домување, односно за семејни објекти, што кажува за фактот дека со него се решаваат инфраструктурни и сообраќајни проблеми. Но, неговото донесување ќе значи и забрзување на процесот на решавање на веќе поднесените барања за легализација на бесправно изградените индивидуални објекти во ова населено место. Најважно од сè е дека тој во ниту еден случај не предвидува изградба на стотици згради. Напротив, решава проблем на стотици граѓани во овој дел од Општината – велат од локалната самоуправа. Оттаму нагласуваат дека целата постапка за измена на постојниот ДУП е јавна, транспарентна и во согласност со законите. – Токму поради тоа, во тек е јавната анкета, преку која граѓаните со свои забелешки и сугестии може да даваат предлози за негова корекција и доработка. И во таа насока, уште еднаш ги повикуваме граѓаните да го погледнат планот, да ги пополнат анкетните листови и да се уверат за што станува збор. Воедно, да увидат дека информациите што се пласираат во јавноста се целосна лага и невистина. Токму забелешките од граѓаните ќе бидат основа за носење поквалитетен детален урбанистички план, а финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршувањето на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид мислењата и ставовите на граѓаните што живеат во овие населени места – истакнуваат од Општина Аеродром. Оттаму потенцираат дека Општината ги носи одлуките во консултација и соработка со граѓаните. – Фактот дека за конкретниот ДУП веќе тече постапка на консултација со јавноста е уште една потврда за тоа. Општината Аеродром, преку стручните служби, стои целосно на располагање за сите прашања и забелешки на граѓаните – велат од Општина Аеродром. https://www.vecer.press/не-сакаме-згради-во-населбата-лисиче/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Случај Лисиче: Кој ги крои урбанистичките политики во Скопје
Кога крупен градежник ќе купи нива, логично е да се очекува дека на неа ќе никне зграда. Наскоро тоа може да се случи во населбата Лисиче, каде што двајцата сопственици на познатата компанија „Голден арт“, Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, имаат во сопственост пет катастарски парцели со вкупна површина од 1.181 квадратен метар, заведени во имотниот лист како ниви. Тие, со новиот детален урбанистички план што сѐ уште е во подготовка, треба да влезат во градежна парцела на која е предвидена 12-катница, односно станбен објект со приземје, десет ката и поткровје. Таа ќе биде најголема од редицата висококатници предвидени во деталниот урбанистички план што до денеска е на јавен увид. Освен имотите на Јакимовски и Јаќимовски, парцелата опфаќа и земјишта на други сопственици, непознати во градежниот бизнис. Често можело да се види во Скопје како градежни инвеститори купуваат празно земјиште и прават згради, но не е секогаш јасно како тие проценуваат кое земјиште ќе биде „плодно“ за градба на висококатници. Многумина од нив, кога ќе се соочеле со напади за нивната улога во градежниот хаос во градот, во своја одбрана велеле дека тие не ги кројат урбанистичките политики, туку тоа го прават општините, а компаниите-инвеститори само го користат тоа што им е законски и плански овозможено. Со тоа се објаснува купувањето парцели на кои веќе има вцртано градежни маркички во важечки ДУП-ови. Но, дали е секогаш така? Примерот во Лисиче покажува дека има случаи во кои уште пред да се усвои нов ДУП, дури и пред неговата содржина и информациите за тоа што ќе може да се гради да ѝ станат достапни на јавноста, градежници веќе да се позиционирале. Сопственик – чувар на стекнатите градежни права ДУП-от беше ставен на јавна анкета на 30 март годинава, а јавната презентација се одржала на 3 април. Како што вели едниот сосопственик и воедно директор на компанијата, Ивица Јаќимовски, тие ја почнале постапката за купување на парцелите во мај минатата година. Запишани се на нивните лични имиња, а не на име на фирмата. „Не бев информиран дека има постапка за менување на ДУП-от, а во близина немаме други имоти. Што се однесува до плановите за овие парцели, во моментов немаме конкретен план за градба. Интензивно работиме на други тековни проекти каде што сме целосно ангажирани, а планови за овие парцели ќе се прават во иднина“, рече Јаќимовски за БИРН. „Голден арт“ е градежна фирма што е мошне активна во Општина Аеродром, но и во други делови од Скопје. Изгради неколку висококатници во Стар Аеродром, а заедно со партнерска фирма направи еден комплекс згради покрај булеварот Трета македонска бригада кај Американ колеџ, и гради нов комплекс покрај булеварот Србија, на 500 метри јужно од кулите Џеваир. Земјиштата што лани ги купиле Јакимовски и Јаќимовски се наоѓаат веднаш спроти проектот што им е во градба во моментов. Тие згради се изѕидани и се во фаза на внатрешно и надворешно уредување, а имаат по приземје, десет ката и поткровје, исто како што се предвидува во новиот ДУП за Лисиче. Компанијата има земјиште и во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во Општина Центар, каде што имаше граѓанска иницијатива да се смени ДУП-от и да се направи повеќе зеленило. Јаќимовски, кој освен што ја води сопствената компанија, е и претседател на Градежната комора, кога ги коментирал иницијативите за промена на ДУП-овите заради ограничување на градежните димензии, истакнувал дека тоа „не може да се прави на штета на стекнатите права на градежните инвеститори и да им се намали од вредноста“. Од планска населба до затвор на отворено Дали Јаќимовски ќе се стекне со право на градба и во Лисиче, ќе се знае кога ДУП-от ќе биде изгласан. Со земјиште веќе се стекнал, не знаејќи, како што тврди, дека токму кај него „ќе се падне“ највисоката зграда. Лисиче е плански изградена населба во 1970-тите, по земјотресот, за семејно домување во куќи и досега никогаш во урбанистичките планови за тој реон не се предвидувале станбени згради. Со новиот ДУП треба да и има вкупно девет. Три ќе бидат на осум нивоа (приземје, шест ката и поткровје) покрај булеварот Србија, на земјиште што сега е главно неизградено и каде што работи еден автоплац за користени возила. Пет згради треба да има покрај булеварот 12 Македонска бригада, на места каде што сега има изградени куќи. На аголот меѓу овие два булевари, пак, е предвидена зграда од 12 нивоа. „Лисиче е најзагадената населба веројатно во светот. Аерозагадувањето урива рекорди. А со новиот план покрај булеварот Србија ќе се направат ред згради што целосно ќе ни го затворат протокот на воздух и ќе бидеме како во затвор на отворено“, вели Тодор Кацаров, локален жител и активист, кој откако дознал за планот, ги алармирал жителите да реагираат против неговото усвојување додека трае јавната анкета. Како и во повеќе други случаи во Скопје, каде што подготвувањето нови урбанистички планови поттикнувало создавање нови граѓански иницијативи и самоорганизирање, така и тој веќе создал групи и страници на социјалните мрежи и ги поврзал соседите за да разменуваат информации. Самиот вели дека биле инспирирани од „Борба за Влае“. „Се сомневаме дека ова ќе ја отвори Пандорината кутија за уште повеќе згради. Досега тука се живееше мирно и имавме чувство на заедница, а сега сето тоа ќе се уништи“, додава Кацаров. „Разбудени“ граѓани против „транспарентна“ општина Жителите и општината влегоа во расправија за тоа дали планот се носел транспарентно или локалната власт се обидела да го протне без никој да го забележи. Според граѓаните, плакат со информации за јавната презентација и анкета биле закачени во локалниот трговски центар што не е на територијата за која се однесува предложениот ДУП, а општината на интернет го објавила соопштението, но на страницата за урбанизам, а не и на главната страница за вести. „Тоа покажува дека општината го направила апсолутниот минимум за информирање, колку легално да биде чиста, а суштински не ги информирала граѓаните. Затоа ние дури на 9 април дознавме дека тука се планира градба, на четири дена пред истекот на рокот за поднесување анкетни листови“, додаде Кацаров. Од општината, неколкупати во јавноста излегоа со тврдење дека целата постапка била транспарентна. На прашање на БИРН оттаму одговорија дека постапката за подготовка на ДУП-от почнала во 2019, на барање на граѓани што живеат таму. Процедурата за носење детален план опфаќа дваесетина чекори, а јавната анкета, кога содржината предложена во него станува достапна за граѓаните, е 11-ти чекор во таа низа. По неа се можни измени во решенијата. За да стане важечки, планот треба да се изгласа од општинскиот совет. „Финалната верзија од ДУП-от ќе биде изработена по завршување на јавната анкета и во неа ќе бидат земени предвид најголемиот дел од мислењата и ставовите на граѓаните што живеат во овие населени места“, рекоа од општината за БИРН. Оттаму потенцираат дека згради се вцртани само во линиите покрај булеварите, каде што дел од сопствениците биле иницијатори за донесување на планот, додека 95 проценти од парцелите ќе останат за семејно домување. „Станува збор само за предлог-решение на планерот, кое е во согласност со законските прописи и со ГУП-от на Град Скопје“, додадоа од општината. Веќе имало стотина поднесени анкетни листови, сите со негативно мислење. И нивното поднесување, според жителите, не било едноставно, бидејќи немало формулар на интернет, а во салата каде што планот бил поставен, немале печатач, па нашле еден лист што го фотокопирале за сите што сакаат да реагираат. Резултатот досега ги охрабрува жителите дека сегашната верзија на ДУП-от нема да се усвои, но велат дека не смеат да се опуштат. „Можеби сега планот ќе пропадне, бидејќи општината ќе види реакции. Но, за неколку месеци повторно ќе пробаат, и повторно, и повторно, надевајќи се дека при некој обид граѓаните нема да забележат. Тоа нема да се случи. За кратко време добро се организиравме и сега ќе ги следиме сите чекори што ги прави општината во врска со населбата, и секој ќе може да ги информира другите“, велат локалните активисти. https://prizma.mk/sluchaj-lisiche-koj-gi-kroi-urbanistichkite-politiki-vo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕВЕТ ЗГРАДИ МЕЃУ КОИ И ЕДНА 12-КАТНИЦА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБАТА ЛИСИЧЕ КОЈА СЕГА Е САМО СО КУЌИ
![]() Девет згради се предвидува да се градат во населбата Лисиче со новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. Жителите на населбата се против планот и бараат Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски да го повлечат. Велат дека не сакаат бетонизација на населбата која е само со куќи и испланирана за индивидуално домување. „Лисиче е најзагадена општина во Скопје, и сега со новиот план околу нашите куќи се цртаат висококатници. Ќе бидиме затворени со бетонски ѕид и целосно ќе се оневозможи протокот на воздух. Предлог-планот беше нетранспарентно објевен. За јавната презентација не знаеше никој, а дека во тек е јавна анкета дознавме неколку дена пред нејзиното завршување“, вели Тодор Коцаров, жител на населбата Лисиче. Јавната анкета заврши вчера, а според информациите од Општина Аеродром, поднесени се околу 150 анкетни листови, што според нив покажува дека не се точни тврдењата на жителите дека постапката е водена нетранспарентно. САКАМДАКАЖАМ.МК беше во Општина Аеродром на увид на планот, за кој надлежните рекоа дека постапката била почната уште од времето на ексградоначалникот Златко Марин. Планот се прави на барање на граѓаните, односно на сопственците на земјиштето долж булеварот Србија каде всушност се нацртани и висококатниците. Според предлог-планот, долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. „Барањето за носењето на планот е од сопствениците на овие парцели. Тоа сега е неуреден простор и развој Општината може да гледа само во овој дел. Она што никој не кажува е дека веднаш до овие згради предвидовме голем парк, односно зелена површина меѓу зградите и куќите“, велат од Општина Аеродром. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје. „Со планот 95 отсто од намените остануваат исти, односно домување во индивидуални куќи. Згради се нацртани само на булеварот Србија и пет куќи на 12. Макеоднска бригада добиваат намена А2. Тоа мораше да се направи за да бидеме во согласнот со Генералниот урбанистички план (ГУП). Според постојната состојба, бројката на изградени куќи за индивидуално домување е поголема од онаа што ја предвидува ГУП-от. Овие се веќе големи и убави куќи и не веруваме дека сопственците ќе градат згради. Не се чепка од зеленилото и патеките пред куќите“, велат од Општина Аеродром. Граѓаните го оспоруваат планот и поради тоа што им се зема од дворните места за пробивање улици. Од Општината велат дека главно станува збор за постојните улици, но според новите законски измени за градба, минималната ширина на улиците треба да е 5,5 метри, а не 3,5 метри како што беше досега. Велат дека новиот план мора да се нацрта според законските одредби, но тоа не значи дека сите улици ќе бидат изведени. Од Општина Аеродром велат дека во наредниот период ќе се разгледуваат анкетните листови на граѓаните, а ќе им бидат прифатени барањата на сите оние кои имаат издржани аргументи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/devet-zgradi-megu-koi-i-edna-12-katnitsa-ke-se-gradat-vo-skopskata-naselbata-lisiche-koja-sega-e-samo-so-kuki/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ајде доста плачење. Ако се гради во центар, зашто се гради во центар. Кога ќе дојдат на ред Бутел и Лисиче, пак јадење бабури. Тука и е местото за згради. Само напред.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Во однос на Лисиче мислам дека веќе доволно се изгради налетот на Адора,Настел и други компании пред 10-тина години сосем доволно го пополнија добар дел од Реонски и населба Лисиче кои се реално со најголема загаденост во текот на зимата истото важи и за Маџари делот кај ФОН и околината. Инаку на локациите нема ништо посебно неколку плацови за половни коли и празни површини и ќе се пополни сигурно со некој голем комплекс на ГА. Мислев дека откако ќе завршат со воените бараки во Стар Аеродром ќе спласне градењето во Аеродром но не испадна така. Во иднина очекувам да се градат нови згради од десната страна на 3-та Македонска Бригада во линија со Урбан Гарден и Порта Супериум бидејќи и тој дел има многу такви напуштени објекти и перални и секако уште згради во Мичурин и кај што остана место во Стар Аеродром. Сепак сите се служат со инфраструктура од минатиот век,во многу од населбите освен по некоја сервисна улица нема ништо друго од потребната инфраструктура за колку-толку да се намали хаосот во утринските и попладневните часови. Пробивање на ул.Борис Кидрич,Фрањо Клуз во полн профил,сервисна во Острово кај Вучко за новите згради и неколку катни или подземни гаражи можат многу да придонесат за дел од населбите. |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Bridgeburner ![]() Groupie ![]() Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИСОКОКАТНИЦИТЕ КОИ ТРЕБА ДА НИКНАТ ВО ЛИСИЧЕ СЕ НАЦРТАНИ НАД ГЛАВНАТА ГАСОВОДНА ЦЕВКА
Новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат во скопската населба Лисиче се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката „Усје“ минува покрај булеварот Србија односно до нивите каде со новиот план кој го прави Општина Аеродром се цртаат маркички за висококатниците. На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана. „При изработката на планот од Општина Аеродром побарани се податоци за гасоводната инфраструктура на овој потег. Известени се дека таму се наоѓа главната цевка и дека не може да се градат згради. Доколку се нацртаат згради и некој добие дозвола за градба, тогаш градежникот на свој трошок треба да ја дислоцира цевката, што е скапа работа“, велат од НОМАГАС. Според новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01 во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје. Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време по тоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница. Советникот од СДСМ во Советот на Општина Аеродром Милутин Ристески вели дека на денешен ден, пред точно една година, Советот примил три донации меѓу кои една е од градежната фирма „Голден арт“. „Точките беа доставени на самата седница, не 7 дена порано, како што е редот. Една од овие донации е 5 милиони денари, за парк на улица Владимир Комаров. Донацијата е од градежна компанија чие име упорно се крие во сите објави за паркот. Е сега, исто лани, сопствениците на оваа компанија си купиле во Лисиче нива. Тимчо им црта зграда на 12 ката во нивата на раскрсницата на булевар Србија со булевар 12-та Македонска бригада“, напиша на својот Фејсбук профил Ристески. [https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/visokokatnitsite-koi-treba-da-niknat-vo-lisiche-se-natsrtani-nad-glavnata-gasovodna-tsevka |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
10.2 m – висинската кота која ги уништува индивидуалните семејни куќи
![]() Состојбата со урбанизмот во Македонија е одамна дебата без среќен крај. Најцелосната слика се доживува во Скопје каде сите форми на урбани интервенции можеме да ги пресретнеме. Градот кој оваа година бележи 60 години од неговата обнова, истовремено одбележува и 30 години обратен правец од аспект на визијата во првите 30 години. Идејата за капитализмот е вулгаризирана, злоупотребена и половично успешна. Многу лаги и погрешно развиени бизниси, базирани на политички врски, обратни процеси, нереални кредити, а со тоа и огромен притисок врз јавниот простор. Сите кои сакаа да заработат, да градат и да инвестираат секако ќе можеа тоа да го направат и со здраворазумен урбанизам, за кој државата воопшто не беше заинтересирана. Скопје одамна го изгуби удобството што го имаше во неговите населби, каде се играше топка, плочка или ластик по улиците. Точно е дека овој град се разликуваше од другите метрополи по сопствениот нетипично балансиран градежен фонд на колективни и индивидуални станбени објекти, но тоа и го правеше посебен. Тешко е дека ќе најдевме друг град во светот (пред 20тина години) кој има толку населби со куќи во својот урбан дел, со убави пропорции и ортогонална мрежа на улици. На моменти делови наликуваа субурбано, но со внимателни гестови кои можеме да ги увидиме кај населбата Тафталиџе, која во допирот со булеварот „ Партизански Одреди“ создава таканаречена градска слика формирана со висококатници, истото ќе можеше да се примени и во другите делови од градот. ![]() Населбата Тафталиџе со зоната на колективни станбени објекти на северната страна кон булеварот „Партизански одреди“ и индивидуалните станбени објекти кон внатрешната јужна страна / фото: Google earth Развојот на метрополите и економските прогресивни општества секогаш носеле градежна експанзија, но таа не значи дека треба да е неорганизирана и игнорантска кон знаењата стекнати во засегнатата професија. Скопје и својата поделеност во однос на локалната власт произведуваат се, само не визија. Кога би ја имале, нешто од овие простори ќе беа возможни да се сочуваат. Сега создаваме хаос, кој во иднина во која се надеваме на благосостојба, ќе предизвика луѓето кои сакаат да живеат во куќа спасот да го бараат во околината (што веќе и се случува). Она кое во не така далечното минато, го круниса овој тренд е котата 10.2 m која беше донесена со посебен закон кој прегазуваше и над урбанистичките планови. Со таа уредба секој можеше да го надгради својот објект или изгради нов до оваа кота, над која правилниците дозволуваат и изградба на поткровје со висина на слеме + 4.5m. Дури и онаму каде урбанистите не предвидуваа ваква кота, после тој чин, истата можеше да се применува. Оваа височина овозможува организација на високо приземје и два ката, и над тоа кога ќе додадете поткровје со скриена галерија, вие добивате објект на 4-5 нивоа. Тоа е се, само индивидуален станбен објект – не! Заблудата дека развојот е постојано градење дури и во своите парцели е прашање со несреќен крај. Истото го направивме и со колективните станбени објекти, кои со секој ДУП добиваат дозвола за доградби на тераси, надградби и најпоразителното од се – индивидуални интервенции кои апсолутно немаат обврска да ја пратат архитектурата на објектот. На убавите куќи, кои најчесто беа високо приземје со полуниво или приземје со кат, најмногу П +1 + Пк, се нафрливме на надградби кои создаваат вистински архитектонски фавели. На злосторната кота 10.2m за индивидуални станбени објекти му се придружуваат и бројот на станбените единици, кои во блиското минато во некои детални урбанистички планови беа дозволени 6, па дури и 8 ст. единици. Која е таа куќа со 8 станови во неа? Кое е тоа семејство со толку членови? Перверзијата на ваквите премолчени урбанистички небулози, постепено се намалува, но сеуште можеме да пресретнеме индивидуална станбена куќа со 4 станбени единици, која е повторно дискутабилна бројка. Повеќе од 2, најмногу 3 станбени единици (во одредени зони) во еден објект е манипулација за која не треба да сте експерт да ја препознаете. Котата 10.2 метри во скопските населби, каде имаме профил на улица од 3 – 3.5 метри е злостор со кој лесно можете да го одземете природното осветлување на соседот северно од вас. Онаму каде имаме профил на коловоз од 7 m и тротоар остава простор за поинакви височини, но не и малите улици каде објектите се блиски еден спроти друг. Затоа можеби е време да се предефинира што значат намените А1 и А2. Објект со 4 станбени единици во градовите не може да биде индивидуална семејна куќа по дефиниција, во време кога ретко децата продолжуваат да живеат во ист објект со своите родители. „Гастербајтерскиот“ урбанизам пожелно е да застане во урбаните средини. https://marh.mk/10-2-visinskata-kota-koja-gi-unishtuva-individualnite-kukji/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Визуелизација на маркичките во Лисиче
![]() ![]() https://www.facebook.com/100091505812008/videos/1318040205445562 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Пак ЅИДОЈ
![]() ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Тенденциозни се сликите. За реална претстава да се добие би било добро да бидат ставени и Жито Лукс, и новите згради околу, и хемиско, па и куќите ако требало. Зашто вака излага дека авторот има против све што штрчи од земја, што значи и зградите и крстот. И повторно ќе кажам, има некое непотребно расположение се шири дека секогаш кога се гради, дека по автоматизам нечини. Па ова е на внатрешна обиколница на Скопје, ако тука не треба да се шири градот, тогаш каде треба. Ем Дебар Маало нечини, ем Лисиче нечини. Дајте, решете се, приберете се малку со тоа љубомората и размислувајте трезвено.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Има локации други колку сакаш за градење. Не треба толку блиску до булевар да се гради, никаква вредност нема таков објект. Што корист има градот од објект од типот на ЗСФ кај Мајчин дом или Голден Арт кај Цементара, освен комуналии што отишле за изградба на некој квазипарк? Да земеме ако не цел Јане Сандански, 8 Септември и Србија (единствени што останаа со широки појаси зеленило) да ги претвориме во Партизанска?
Види мапа на општина Аеродром, повеќе од пола е неизградена. Нека се шири плански со населби од типот на Реонски центар и Ново Лисиче 2. Може не се идеални, ама од ливади се претворија во колку толку пристојни места за живеење, со паркинзи, школи, маркети итн. Ова насадување објекти кај што не им е место е многу опасен тренд. Зошто после се до Близнак да не се гради покрај булевар? Нека протестира раја, битно да се гради. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Урбанизмот се самоуби во Скопје
![]() ![]() УРБАНИЗМОТ Е НУСПОЈАВА НА ЖЕЛБИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ Законот за урбанистичко планирање вели дека „во просторот опфатен со урбанистичките планови, јавен интерес е уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, како и зачувувањето на природните и културните вредности на просторот“, исто така и дека „се штити јавниот интерес кој е приоритетен, додека приватниот интерес се обезбедува согласно со закон“. Но, на дело е друг концепт – инвеститорски урбанизам, односно начин на водење урбана политика кој најчесто овозможува спроведување на сите (материјални) интереси на инвеститорот, а на штета на јавниот интерес и на потребите на граѓаните. Урбанистичкото планирање кај нас всушност е нуспојава на желбите на инвеститорите. Наместо урбанизмот да го лечи градот, неговите контраиндикации силно удираат на јавниот простор, па така наместо повеќе простор за престој на граѓаните, како несакани дејства добиваме сè потесни тротоари, (на дел од нив и паркирани возила за кои, замислете, паркирањето се плаќа), кои граѓаните буквално ги исфрлаат да пешачат по сообраќајниците, велосипедски патеки загрозени од возила, наместо дрвја, се добиваат саксии по тераси или бајки за некави зелени кровови, кои концепти поради скапото и сложено одржување не се применуваат масовно ни во многу побогати земји. ![]() Омиленото прашање до планерите е врз основа на кои параметри сте планирале? И ќе остане без одговор, затоа што параметри немаат, а и ако ги имаат не се сигурни дека се точни. Во меѓувреме заборавиле дека урбанизмот се менува како и светот, па така и тие мора да се менуваат и унапредуваат. Инаку зошто служи децениската работа и искуство? И така урбанизмот се самоуби. Ѓаволот, односно политичарите и инвеститорите си дојдоа по своето. Планерите избраа страна, и станаа лесна и евтина стока, додуша не сите се продадоа само за плата. Има ретки исклучоци, но тие се сметаат за изгубени случаи. Во работењето природно е и потребно да се спротивставуваат ставови, но здрав натпревар на идеи и дебати не постои. ПЛАНИРАЊЕТО ПОЧНУВА И ЗАВРШУВА СО ТРИТЕ МЕТРИ ОД ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА Скопје веќе не се гради како целина, сè повеќе се обликува како делови од поединечни објекти или микроамбиенти. Речиси потполно престана да постои целосен аспект на планирање на град. Дури ни урбанистите кои ги работат деталните планови не го согледуваат целосниот аспект, не знаат што се случува ниту во соседната четврт, туку слепо се фокусираат на предметниот план додавајќи катови на катастарски парцели, формирајќи површини за градење со поместување на линијата на имотната парцела на растојание помеѓу површините за градење и границите на градежната парцела најмалку три метри за градби високи до 6,6 метри, за оние повисоките прописите се други, но генерално планирањето почнува и завршува со трите метри од градежна парцела и дозволена бруто-развиена површина, секако еркерите не влегуваат во истата. ![]() ДУП – „ЧАДОР“ ЗА НОСЕЊЕ ПРОБЛЕМАТИЧНИ ОДЛУКИ Ако погледнеме наназад ќе констатираме дека во поранешниот систем државата била „главен инвеститор“, дека тогаш постоело долгорочно планирање, кое имало и свои мани (детерминистички аспект, непроменливост и нефлексибилност) и свои предности (планирањето внимателно го третирало градското земјиште, контролирало користењето, постоела контрола над ликот, димензиите и елементите на развитокот на градот). Скопје во некои свои делови останало недооформено, поточно недоизградено, плановите се оформени, но не и до крај реализирани. И наместо да покажеме дека умееме да почитуваме и полека да ги спроведуваме, или, бидејќи мислиме дека „повеќе не бива“, да направиме нови и подобри, ние се доведовме во ситуација кога на државата не ѝ е грижа, а се јавуваат слободни актери и лични интереси (читај профит), кои ниту имаат поглед на состојбите, ниту ги интересира. Случајот со единствената преостаната локација во строгиот центар на Скопје, единствениот „плоштад“, е најсвеж пример, можеби последната пропуштена шанса да покажеме дека умееме подобро од она што со децении му се случува на Скопје. Но, не – наивно поверувавме дека со „Скопје 2014“ конечно ја научивме лекцијата, за многу брзо да ја повториме грешката, е овој пат со „посовремено“ архитектонско обликување. А ДУП-от остана да биде „чадор“ за носење проблематични одлуки за уредување на просторот со максимална политичка поддршка на личниот интерес. За „Скопје 2014“ гласно ни кажаа и покажаа што ќе ни се случи, додека гласно се смеевме неверувајќи дека е можно. Овој пат не дека некој поверува, но сепак потајно се понадева дека можеби ќе биде поинаку, за да биде најбезобразно омаловажуван дека сака да засади нива со брокули, додека некој сесрдно го подари ДУП-от, новите „симболи“ и „иконични“ објекти на градот никнуваат, а уличето „Мирче Ацев“, волшебно ќе се претвори во булевар, за подземната улица (предвидена со планот) не е сега моментот да прашуваме. ПЛАНОВИТЕ СЕ НЕПРИМЕНЛИВИ По децении неуспешна борба против корупцијата во урбанизмот Општина Центар воведе Мораториум за градење. Но, бидејќи ниту актуелната власт, ниту опозицијата во ниту еден момент вистински не застанаа зад оваа одлука, Мораториумот доживуваше многу сопки и саботирања од судот, инвеститорите, сопствениците на локациите, планерите, архитектите. Донесе само напредок во делот на широко општествено препознавање на проблемот и подигање на свеста за значењето на плановите и можноста граѓаните да влијаат (за последново не сум сигурна). Но Мораториумот не успеа, не ги разреши проблемите. Го извади пред јавноста валканиот веш, она што архитектите веќе го знаеа – како се планира: не се почитуваат ниту, со закон пропишани, стандарди и нормативи за заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство, параметрите зададени во ГУП-от селективно се исполнуваат или не исполнуваат, со најголеми пречекорувања во бројот на предвидени жители, постојната состојба не е доволно ажурирана итн. Сите овие забелешки беа доставени до планерите и она што за мене беше најневеројатно, се очекуваше истите оние кои ги направиле (свесно, по наредба или од незнаење) да постапат по нив. Мораториумот имаше влијание и на градењето, а со тоа и на работата на проектантите. Постои една дилема која не гледам дека се разрешува, најголем дел од локациите во општината се изградени, закочени се оние преостанати „ќумези“ кои чекаат инвеститорот да им изгради станови, што со нив? Во меѓувреме општината има повисоки критериуми, 20 отсто зеленило на локација, 50 отсто дозволено паркирање возила со механизми (лифтови) итн. Но, сето тоа на истите планови. Едноставно законските услови и нормативи е невозможно да се спроведат во постоечките планови, што значи тие се неприменливи, мислам и на плановите и на стандардите. Многу би сакала општините да излезат со статистика колку проекти добиле одобрение за градење со паркирање предвидено со механизми, а колку од нив се реализирани според одобренијата. Мислам дека речиси ниту еден. А зошто е тоа така? Па повторно заради неприменливоста на плановите, димензиите и геометриите на површините за градење често се несоодветни со дозволените површини за градење и не кореспондираат со стандардите и со нормативите за проектирање. И не, не се за ова криви инвеститорите. Криви се прво планерите, а потоа сите по ред во непрекинатиот ланец. УРБАНАТА НОРМА Е ЈАВНО ДОБРО Свеста за потрошливоста на просторот како ресурс, односно неговата незаменливост, декларативно е прифатен факт. Но сè до моментот, додека не дојде на ред личниот интерес, приоритет е што повеќе изграденост и „станови за децата“. Проблемите се цело време исти, не сме напреднале во борбата за подобро урбанистичко планирање. Скопје стана град на поединечни објекти и ситуации. Урбанистичкото планирање долгорочно, среднорочно или краткорочно сè помалку е значајно бидејќи објектите се „случуваат“ како посебни одобрени проекти, зависно од инвеститорот и од интересот. Во планирањето се повеќе недостасуваат анализи, а користа од студии е непроценлива и вон процедурите на плановите поради добивање аргументи во процесите на носење квалитетни одлуки за просторот. Односот на јавните и приватни интереси во градскиот простор е посредуван со особеностите на градот како човечки, општествен и историски артефакт. Затоа поимите јавен и приватен интерес немаат само економско значење, ниту можат да бидат сведени само на економска димензија. Амбиенталните карактеристики на градот не се само прост збир на приватни интереси на приватните имоти, туку посебни вредности што ги прават јавните добра. Во поглед на сопственичкиот статус јавното добро може да биде и приватно. Јавните интереси во приватните сопствености се утврдуваат со воспоставување на статусот на доброто и режимот на негово користење пропишан од надлежната институција на основа на законските прописи. ![]() Целата сторија тука https://www.porta3.mk/urbanizmot-se-samoubi-vo-skopje/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
Ова чаршафиве шо ги пишет,за себе ги пишет ? Кој мислат дека ги читат ?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„РУЗВЕЛТОВА“ – УЛИЦА НА СПРОТИВНОСТИ, СПОЈ НА СТАРОТО И МОДЕРНОТО
![]() ![]() Ако тргнете на прошетка по улица „Рузвелтова“ во делот од Елена Лука кон булевар „Партизански одреди“ ќе забележите дека оваа улица е всушност улица на спротивности, судир на старото и новото Од десната страна на улицата се наредени едно до друго трошни куќарки едвај по еден метар висина вкопани во земја кои се веќе ретка глетка во градот. Тие се репрезент на едно друго време кога Скопје немаше повеќекатници и индивидуалното домување во вакви куќи беше прилично застапено. Во тоа време на прсти се броеја палатите или големите куќи во Градот. Оваа класа на луѓе кои можеле ова да си го дозволат биле навистина малку и сите ги знаеле. А сега, ситуацијата е во голема мера променета. Палати за индивидуално домување на секој чекор. Токму затоа од левата страна на улицата сликата е драстично поинаква. Мини згради со дуќани во приземјето гордо стојат бранејќи ги боите на модерно Скопје со фасади во најразлични бои. Од општина Центар изјавија дека оваа локација која е опфатена во планското решение на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, плански период 2011-2016 е донесен со одлука на Советот на Општина Центар број 07-9331/10, на 10.12.2012 год. „Согласно наведената планска документација, од левата страна на ул. „Франклин Рузвелт“, во потегот од ул. „Владимир Полежиновски“ (именувана во планската документација со старото име како ул. „Иван Милутиновиќ“) до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ предвидени се шест градежни парцели (ГП 6.01, ГП 6.03, ГП 6.05, ГП 6.07, ГП 6.09 и ГП 6.11) со намена А2 – Домување во станбени згради, со максимална катност од 19.2 метри и катност од П+5+Пк, како и локација со намена Д1 – Парковско зеленило“, изјавија од општина Центар. Значи и од оваа страна на Рузвелтова ќе никнат згради, според Деталниот урбанистички план за овој дел од градот. Прашање на време е кога и оваа страна на улицата ќе се модернизира и големите инвеститори ќе се офајдат продавајќи метар квадратен по 2000 евра. https://091info.mk/2023/05/17/рузвелтова-улица-на-спротивности-спо/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ГЕНОЦИДОТ НА НАСЕЛБАТА, ЖИТЕЛИТЕ НА СКОПСКО ЛИСИЧЕ В СРЕДА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ НОВИОТ ПЛАН ЗА ОБЛАКОДЕРИ
Жителите на скопската населба Лисиче в среда ќе протестираат против новиот Детален урбанистички план (ДУП) за нивната населба, кој го подготвува Општина Аеродром. Протестот ќе се одржи на булевар Србија кај крстот, со почеток во 17.30 часот. „Заедно да кажеме стоп на урбаната мафија и насилната бетонизација која ни следува. Ги повикуваме сите граѓани кои се гневни на градежниот геноцид кои му случува на Скопје, да дојдат и заедно да спречиме населба Лисиче да стане дел од таа приказна“, велат жителите на Лисиче организатори на протестот. Според новиот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје. Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време потоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница. Овод дел од населбата Лисиче сега е само со куќи и, како што велат жителите, со новиот ДУП ќе се наруши мирниот маалски живот и Лисиче ќе стане како и останатиот дел од Скопје, затрупан со згради на секој чекор. Дополнителен проблем е тоа што новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката УСЈЕ минува покрај булеварот Србија, односно до нивите каде со новиот план ќе никнат висококатниците. На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-da-se-otkazhe-od-genotsidot-na-naselbata-zhitelite-na-skopsko-lisiche-v-sreda-na-protest-protiv-noviot-plan-za-oblakoderi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градење згради во ниви сред град и систематско убивање група луѓе поради нивни карактеристики не се иста работа. А и 12 ката не се облакодери.
Edited by Staro Skopje - 12-Jun-2023 at 15:50 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЌЕ ПРАВИ НОВ ПЛАН ЗА СКОПСКО ЛИСИЧЕ, НЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ ИМА ЗГРАДИ
Ќе се прави нов Детален урбанистички план (ДУП) за населбата Лисиче, но не се знае дали сите маркички за згради ќе бидат избришани. Откако жителите ма населбата неколку месеци водат битка против бетонизација на населбата и за утре најавија протести, од Општина Аеродром денес соопштија дека веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. „Комисијата за урбанизам во Општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета. По завршување на оваа фаза, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на планот кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите”, велат од Општина Аеродром. Од Општината велат дека интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки и финалната верзија ќе биде во согласност со потребите и барањата на граѓаните. Според оспорениот Детален урбанистички план ЈИ09 блок 09.01, во населбата Лисиче се предвидуваат маркички за девет згради. Долж булеварот Србија на просторот каде сега нема објекти туку само еден автоплац за продажба на коли, има маркички за четири големи згради. Три се осумкатници со приземје, 6 ката и поткровје, а зградата на ќошот меѓу булевар Србија и улицата 12. Македонска бригада е 12-катници со приземје, 10 ката и поткровје. Пет згради се предвидени и долж улицата 12. Македонска бригада, со што на сопствениците на куќите на овој потег им се дозволува да можат да градат згради од приземје, 4 ката и поткровје. Парцелата каде ќе се гради 12-катницата е со сопственост на Роберт Јакимовски и Ивица Јаќимовски, газди на градежната фирма „Голден арт“. Тие лани во мај купуваат нива на булевар Србија и кратко време потоа Општина Аеродром на таа нива црта маркичка за 12-катница. Овод дел од населбата Лисиче сега е само со куќи и, како што велат жителите, со новиот ДУП ќе се наруши мирниот маалски живот и Лисиче ќе стане како и останатиот дел од Скопје, затрупан со згради на секој чекор. Дополнителен проблем е тоа што новите згради од 8 и 12 ката кои се предвидуваат да се градат се нацртани врз главната гасоводна цевка. Цевката за гас со Ф-400 со која се поврзуваат и снабдуваат со гас погоните во поранешната фабрика Железара и фабриката УСЈЕ минува покрај булеварот Србија, односно до нивите каде со новиот план ќе никнат висококатниците. На овој потег, како што велат од Акционерско друштво за вршење на енергетска дејност за пренос на природен гас во државна сопственост НОМАГАС, не смее да се градат згради, односно ако тоа се прави, тогаш цевката треба да биде дислоцирана. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-aerodrom-ke-pravi-nov-plan-za-skopsko-lisiche-ne-se-znae-dali-ke-ima-zgradi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 6162636465 66> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |