АДИССДП - Комерцијални згради |
Post Reply | Page <1 2345> |
Author | ||
doncho
Senior Member Joined: 16-Jan-2021 Online Status: Offline Posts: 127 |
Quote Reply #61 Posted: 30-Dec-2023 at 16:13 | |
Супер репрезентативна архитектура
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #62 Posted: 30-Dec-2023 at 18:41 | |
ИНТЕРВЈУ ЃОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА АД ЗА СТАНБЕН И ДЕЛОВЕН ПРОСТОР: Во јануари ќе биде објавен јавен оглас за продажба на станови од нашата комерцијална зграда кај Даре Џамбаз
Во услови на експлозија на цени на надвижностите, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор стартува со градење на зграда во општина Центар, со почетна цена од 1.450 евра по метар квадратен. Во интервју за Фактор, директорот на ова државно акционерско друштво, Зоран Ѓоргијев, вели дека според неговите очекувања, граѓаните ќе бидат заинтересирани за овие станови. Тој открива дека интенција на АДИССДП е повторно да се наметне како регулатор на цената на станбениот квадрат, сепак објаснувајќи дека генерално, стабилизирањето на цените зависи и од многу други параметри. Со Ѓоргијев разговаравме и за динамиката на изградба на социјалните згради, но и за можноста тие во иднина да се градат и за проблемите кои искрснаа со Арената Тодор Проески и нивното решавање, за катните гаражи... Господине Ѓоргијев, нашата редакција има информации дека АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор после подолг период почнува со изградба на комерцијална зграда, и тоа во скопската општина Центар. Можете ли за Фактор да откриете колку ќе изнесува цената на квадратот и за колку станови станува збор? Исто така, дали Вашето друштво планира комерцијална изградба и во другите градови низ државава? Ѓоргијев: Нашето друштво деновиве почна со изградба на комерцијална зграда во градската четврт Даре Џамбаз, кај „стара воена пекара“. Цената која што е утврдена со одлука на Владата е 1.450 евра по м2, но напоменуваме дека согласно нашите процедури, станува збор за почетна цена на која заинтересираните купувачи ќе можат да лицитираат. Договорот предвидува рок за изградба од три години, а она што е особено важно е дека меѓу најголемите приоритети за купувачите ќе биде високиот квалитет на градбата, кој е впрочем и препознатлив елемент кај сите наши згради. Почетокот на изградба на оваа комерцијална зграда за нас има особено значење, бидејќи се реализира по подолг период на неактивност на ова поле, и секако, означува придвижување на работите. Во следниот период, односно во јануари ќе биде објавен Јавен оглас за продажба на еден дел од становите, додека останатите, во зависност од финансиската динамика и темпото на градба, ќе бидат огласени во третиот, односно четвртиот квартал од годината. Оттука, во интерес на навремено информирање, заинтересираните купувачи треба да ги следат огласите во дневните печатени медиуми, како и на нашите социјални мрежи. Зградата во Центар е најава за поинтензивна „офанзива“ во оваа насока, бидејќи во тек се постапки за почеток на градба на две комерцијални згради во Охрид и една во Битола. АДИССДП треба да биде регулатор на пазарната цена на станбениот квадрат, па затоа би Ве прашале колкав е „маневарскиот простор“ на ова државно акционерско друштво во овој период на дивеење на цените, и генерално кој е главниот предуслов за повеќе да можете да им излезете во пресрет на граѓаните, кои токму кај вас очекуваат да купат стан по поприфатлива цена? Ѓоргијев: „Маневарскиот простор“ во кој можеме да функционираме на пазарот на недвижнини најмалку зависи од нас самите. Основниот предуслов се бројот на локации коишто ќе ни бидат доделени од страна на Владата, преку системот на Министерството за транспорт и врски. Оттука, за вистински да ја оствариме улогата на коректор на цената на станбениот квадрат нам ни е потребен поголем обем на комерцијална изградба. Нашата интенција е повторно да станеме регулатор на цената, но затоа ќе ни треба одреден временски период, особено ако се има предвид дека со една зграда не можеме да се наметнеме како посериозна конкуренција во услови на градежната „офанзива“’ од страна на приватните инвеститори. Од друга страна, треба да го имаме предвид фактот дека генерално, стабилизирањето на цените не зависи само од нас, туку и од многу други параметри, на кои ниту ние не можеме да влијаеме. https://faktor.mk/intervju-gjorgijev-direktor-na-ad-za-stanben-prostor-vo-januari-kje-bide-objaven-javen-oglas-za-prodazba-na-stanovi-od-nashata-komercijalna-zgrada-kaj-dare-dzambaz?fbclid=IwAR260zaQRdbNUJdf4mZwapMoxtjaVzb7xLpGNKmgckJf3CwnUjnAoao5cWQ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #63 Posted: 03-Jan-2024 at 18:26 | |
https://www.facebook.com/adsdp.makedonija |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #64 Posted: 03-Jan-2024 at 18:32 | |
Уште неколку рендери(кои искрено немаат врска со она што беше прикажувано по некои портали пред отпочнување на проектот) и линк за пристап до каталог
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fdrive.google.com%2Ffile%2Fd%2F19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1%2Fview%3Fusp%3Ddrive_web%26fbclid%3DIwAR1KeoiTodp-9p48Fm1Tt5kAdqbOMwfpmL7QyljQIj2hDzNWIn-OAQ5UAt0&h=AT1VGNPx7d-puSxL6ZssqtTqvM2bkyptADVJpUq23TUXiFNIK84eBXhyIflBFKx6wGhfSuQYKEwZSgn_-fFMsVXSLQ5PrqrkdZOXghOtWffEyee580aPCTtyEfFQtKDw14s2&__tn__=-UK-R&c[0]=AT3iI9t0iCqGKxOfUfIrb_-WU1PtTBShWCbzjn1gLoCT5vRu2OoZHgNdBcht8HMjNPesfzdgyi_nnsnAzJRKdsbz6nanhqCd9SrOdg8xJ5eDNt_v1BiprvnWkL181tLCPCy8v6qpMQu0GvRmHOJfIDKRpjFDKlvQuCX1uLNP6i3vKW3jB7oE_uLIgmZbaeTjeKatO3X1z3z5 Edited by stef4o - 03-Jan-2024 at 18:33 |
||
Carpe diem
|
||
SkMk
Newbie Joined: 18-Jul-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 23 |
Quote Reply #65 Posted: 04-Jan-2024 at 11:06 | |
Од Facebook
https://www.facebook.com/share/p/K26hzAchbDrY5V5L/?mibextid=K8Wfd2 Почитувани, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, објави Оглас за продажба на комерцијален станбен простор и гаражи (ВО ГРАДБА), по пат на усно позитивно јавно наддавање, со почетна цена од 1,450 евра/м2, во објект ГП 4.17 ДУП Градска Четврт И 04 Даре Џамбаз, Јужен Булевар, стара Воена Пекара, во општина Центар, Скопје, во траење од 02.01 2024 до 18.01 2024 година. Повеќе информации на линковите подолу: https://adsdp.com.mk/2024/01/02/%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b1%d1%80-1-2024-%d1%81%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%b0%d0%b6%d0%b1%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bdo%d0%b2%d0%b8-%d1%81%d0%be-%d0%b3/?fbclid=IwAR0DfGn_jf6yaCI2Wo2UxpE4BtK3vp4NHUUyGxIPIjW5ZrZYPRnXuoym974 https://maps.app.goo.gl/i1hwXuqj7Vxf2Qvg7 https://drive.google.com/file/d/19prwh7yWanq0TFyE3p5ynfLA6NsyWeC1/view?fbclid=IwAR2tMe5G-6c73x-OlWRJIeemmvsnllC23klk7VpZZUbXc4r7ugDFpAYX-Us |
||
hcitrS
Senior Member Joined: 27-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 877 |
Quote Reply #66 Posted: 04-Jan-2024 at 22:13 | |
А па толку ли со лопата да ги риниш има такви центри во градот? На кој пример низ градот ти е базиран аргументот? Единствен солиден релативно алтернативен културен центар е МКЦ, кој е секогаш фул. Градот дефинитвно нема да се засити ако има уште 1-2 такви центри. Со руинирањето на киното Милениум на пример, покрај една Кинотека и една Фросина, во град од над пола милион жители со неколку филмски фестивали, нема алтернативни кино сали. Синеплекс има исклучиво copy-paste блокбастери. |
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #67 Posted: 05-Jan-2024 at 16:45 | |
Затворен и ограден напуштениот објект на „Јужен булевар“
Надзор е извршен на градилиштата во Буњаковец, Центар, Кале и Пролет, а напуштениот објект на Јужен булевар во кој се палеше отпад е ограден и затворен – соопштија од локалната самоуправа. Тие ги повикуваат граѓаните да ги пријавуваат ваквите несовесни активности и апелираат и до сите надлежни координирано да се работи на намалување на загадувањето за да има резултати. https://www.vecer.press/%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B5%D0%BA/ |
||
Carpe diem
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #68 Posted: 07-Jan-2024 at 16:47 | |
Сите рендери + ДУП. Добро е што на 0 ниво има паркинг, наместо деловен простор што создава гужва.
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #69 Posted: 07-Jan-2024 at 19:36 | |
Објектот-депонија на Јужен булевар ќе се урне и на негово место ќе се изгради нова зграда
Напуштениот објект на Јужен булевар во сопственост на поранешен ПУИГ, кој до неодамна беше преполн со ѓубре наскоро, како што беше најавено, ќе се урне и ќе стане градилиште каде за три години треба да изникне нов станбен објект. Руинираниот напуштен објект лоциран на Јужен булевар веднаш по вкрстувањето со булеварот Кочо Рацин, во непосредна близина на основното училиште „Димитар Миладинов“, кој до неодамна беше преполн со ѓубре, шут и остатоци од мебел, конечно е заграден со метална ограда за да се спречи во него да влегуваат бездомници и да се пали ѓубрето. Од Општина Центар деновиве информираа дека вршат засилени контроли по градилиштата за справување со аерозагадувањето и на објектите кои ја загадуваат животната средина и, меѓу другото, накусо објаснија што се случува моментално со напуштената зграда, која е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, односно поранешен ПУИГ . Надзор е спроведен на локацијата на Јужен булевар во напуштен објект кој претставуваше црна точка каде што имаше пријави од граѓани за палење на отпад. Со наредба од надлежен инспектор објектот е заграден со метална ограда и спречено е понатамошно палење и загадување на воздухот – соопштија од Центар. Слободен печат“ неколкупати пишуваше за руинираната и преполна со ѓубре зграда во изминатата година по реакции на скопјани кои живеат во околината или секојдневно поминуваат во близина. Граѓаните постојано укажуваа дека објектот е претворен во депонија, дека е извор на зарази и дека во него се засолнуваат бездомници кои палат ѓубре и дека може да се случи поголема катастрофа. Тие бараа просторот итно да се исчисти, потсетувајќи дека во близина се наоѓа основно училиште што значи дека тука поминуваат ученици и дека местото за нив е небезбедно и опасно по здравјето. Граѓаните кои се јавија во нашата редакција дури искажаа сомневање дека наместо да се чисти, местото се остава како депонија сѐ додека не дојде објектот до фаза за уривање за да не се прави дополнителен трошок. Општинската инспекција уште минатата пролет со решение го задолжи сопственикот да го исчисти имотот од отпад и соодветно да го заштити за да спречи загадување на животната средина. Од Општина Центар тогаш се заканија дека доколку сопственикот не постапи според решението, тогаш ЈП „Комунална хигиена“ ќе биде задолжена да го исчисти отпадот, но трошокот ќе падне на сметка на сопственикот. Од АДИССДП тврдеа дека во изминатиот период неколкупати се обиделе да го исчистат објектот, кој како што најавија треба да се урне и на негово место да се изгради нов, со што ќе биде отстранет хаосот што долг период владее на овој простор. Оттаму се пожалија дека во него влегуваат бездомници, но дека немаат надлежност, ниту сопствено обезбедување за да го решат проблемот со бездомниците коишто се вселени самоиницијативно, затоа што објектот е отворен. Во изминатиот период службите на АДИССДП, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ и со поддршка на Општина Центар, реализираа неколку акции на чистење на просторот околу објектот лоциран на Јужен булевар, како и во дел од неговата внатрешност. Беше собрано големо количество смет, кој понатаму стручните служби го дистрибуираа на соодветни локации. Во оваа пригода напоменуваме дека во објектот се вселени бездомни лица, меѓу кои и одредени несовесни поединци, кои по секоја акција исчистениот простор го затрупуваат со нови отпадоци, поради што на интервенција на нашето Друштво во неколку наврати беа повикани надлежни институции – објаснија од Друштвото есенва. Тие посочија дека имаат разбирање за забелешките на граѓаните што живеат во непосредна близина на овој објект и најавија дека е во завршна фаза јавната набавка за избор на изведувач за изградба на станбена зграда на овој простор. Веднаш по изборот, избраниот изведувач ќе пристапи кон расчистување и оградување на парцелата, што во случајов подразбира и уривање на руинираниот објект – информираа од АДИССДП. Сега, просторот е ограден, а поставена е и табла според која се гледа дека таму ќе се гради станбена зграда. Се очекува градежните активности да започнат наскоро затоа што краен рок на изведба е јануари 2027 година, а градежната дозвола е издадена во март 2023 година. Инвеститор на објектот е сопственикот, АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката, кој ќе го врши и надзорот, а изведувач е фирмата „Ак инвест“. https://www.slobodenpecat.mk/objektot-deponija-na-juzhen-bulevar-kje-se-urne-i-na-negovo-mesto-kje-se-izgradi-nova-zgrada/ |
||
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #70 Posted: 03-Feb-2024 at 14:25 | |
03.02.2024
Старата воена пекара е веќе срушена |
||
Carpe diem
|
||
Erol
Newbiе Joined: 06-Feb-2024 Location: Resen Online Status: Offline Posts: 13 |
Quote Reply #71 Posted: 06-Feb-2024 at 12:56 | |
Koja cena se prodade stanovite i dali e vredno mestoto?
|
||
Bridgeburner
Groupie Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 82 |
Quote Reply #72 Posted: 06-Feb-2024 at 13:40 | |
1400 е м2 , сите станови се продадени на јавна лицитација. 70 стана беа како алва отидоа... И после кажете нема народот пари во Скопје..
|
||
Erol
Newbiе Joined: 06-Feb-2024 Location: Resen Online Status: Offline Posts: 13 |
Quote Reply #73 Posted: 06-Feb-2024 at 14:13 | |
Kako moze 1400e da se prodadeni ko 1450e pocetna cena so javno nadavanje se prodavashe
|
||
kiriOK
Senior Member Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1008 |
Quote Reply #74 Posted: 06-Feb-2024 at 17:04 | |
Народот да имаше пари немаше да се зголеми квадратот за 50%, а кириите да останат исти. По тоа се гледа за каква игра станува збор.
И во Лондон се продаваат тоталка становите додека парцелата уште е ливада, само што после кога ќе се изгради облакодерот со години не свети ни едно светло. Исто кај нас само на многу помала- паланка величина се случува. Обичен народ не изкупува него најверојатно неколку стотина индивидуалци и тесен круг на компании. Само мислам дека не се толку глупи да се надеваат дека во Скопје кој знае каков повраток на инвестиција ќе добијат, така да најверојатно станува збор за перење пари. Ова лудило може лесно да секне ако државата интервенира и воведе оданочување на второ, трето, десето живеалиште, станови и куќи кои не се издаваат и стојат празни и данок на луксуз. |
||
nekoj
Newbiе Joined: 14-Sep-2016 Online Status: Offline Posts: 4 |
Quote Reply #75 Posted: 06-Feb-2024 at 19:52 | |
Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато како ПУИГ, почна со изградба на зграда на Јужен булевар, во центарот на Скопје. На местото на некогашниот објект кој беше салон за мебел, а со години беше руиниран, затрупан со ѓубре, претворен во депонија и место за бездомници, ќе никне зграда со приземје и седум ката. Стариот објект е веќе урнат, а градежна механизација сега работи на расчистување на просторот.
Зградата ќе има 112 станови и два влеза, а маркичка е предвидена со Деталниот урбанистички план (ДУП) за овој дел од градот. Становите ќе се продаваат на јавна лицитација, а на првата која се одржа на 2 февруари беа понудени и продадени 70 станови. „На усното, јавно наддавање беа продадени сите 70 објавени станови. Почетната цена по метар квадратен на која купувачите лицитираа изнесуваше 1.450 евра, а просечно постигнатата е 1.672 евра. Изградбата на оваа комерцијална зграда е предвидена во годишната програма на Владата за изградба, продажба и одржување, а предвидениот рок за нејзино завршување е 3 години“, велат од ПУИГ. За останатите 42 станови ќе се одржи нова јавна лицитација. BTW. Цената е без ДДВ а паркинг место е накај 10000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/drzhavata-gradi-zgrada-na-juzhen-bulevar-vo-tsentarot-na-skopje-pochetna-tsena-1-450-evra-kvadrat-na-litsitatsija-veke-prodadeni-70-stanovi/ Edited by nekoj - 06-Feb-2024 at 19:54 |
||
Erol
Newbiе Joined: 06-Feb-2024 Location: Resen Online Status: Offline Posts: 13 |
Quote Reply #76 Posted: 07-Feb-2024 at 09:28 | |
A koja cena se prodade pomalite stanovi od 40 tina kvadrati dali imate informacija
|
||
<Fresno>
Senior Member Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1143 |
Quote Reply #77 Posted: 07-Feb-2024 at 17:30 | |
Логично би било помалите станови воглавно да биле продадени над оваа сума. |
||
Erol
Newbiе Joined: 06-Feb-2024 Location: Resen Online Status: Offline Posts: 13 |
Quote Reply #78 Posted: 07-Feb-2024 at 21:13 | |
Nema shanci 1672 da se prodadeni pomalite stanovi
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #79 Posted: 12-Feb-2024 at 14:15 | |
Carpe diem
|
||
stef4o
Moderator Group Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 20697 |
Quote Reply #80 Posted: 12-Feb-2024 at 18:57 | |
од рушењето 13.01.2024(од фб)
|
||
Carpe diem
|
||
Post Reply | Page <1 2345> |
Forum Jump | Forum Permissions You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |