build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Скопски сообраќај (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Скопски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 155156157158>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #3121 Posted: 10-Nov-2023 at 19:14
Е па додека го пуштат мостот ова ќе се случува...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15225
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #3122 Posted: 17-Nov-2023 at 09:39
реконструирана улицата Никола Карев







https://www.facebook.com/CityofSkopje
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3123 Posted: 18-Nov-2023 at 09:26
Асфалтирана крстосницата на булевар Киро Глигоров кај Универзитетот „ФОН“ во општина Гази Баба
Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, во текот на изминатата ноќ активно работеа на завршување на градежните работи за санација на крстосницата на булеварот Киро Глигоров кај Универзитетот „ФОН“ и вградија асфалт на површина од 2.500 квадратни метри. При санацијата на крстосницата на која се работеше помеѓу булеварот Киро Глигоров и улица Индустриска 1 во непостредна близина на ФОН и салонот на „Мерцедес“ беше извршено машинско гребење на оштетениот асфалт и асфалтирање со нова асфалтна маса. ЈП Улици и патишта Скопје ги изведуваа работите по налог на Град Скопје.
Со санацијата на оваа фрекфентна крстосница се овозможува непречено движење на граѓаните кои живеат во овој дел од градот, а воедно се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот кои движат низ општина Гази Баба.









https://www.facebook.com/JPUIP
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3124 Posted: 08-Dec-2023 at 16:01
Арсовска и Јакимовски зацапаа во калта на „Калош Дани“ – улица што ни Гугл мапс не може да ја најде

Додека граѓаните оечкуваат куп одговори од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, за тоа дали Скопје ќе биде украсено за Нова година и ќе има ли воопшто некаков дочек на плоштадот, таа денеска заедно со градоначалникот на Kарпош, Стевче Jакимовски се прошетаа по улицата „Калош Дани“ во Момин Поток, за да ја најават нејзината реконструкција.





Инаку, двајцата градоначалници се прошетаа по оваа улица за да го најават нејзиното санирање во должина од 2 километри, како дел од меѓуопштинска соработка, изгласана од советниците во август годинава.

Со градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска извршивме увид во почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата „Калош Дани“ во општина Карпош. Градот Скопје во изминатиот период реализира голем број на капитални инфраструктурни проекти со кои овозможуваме подобра поврзаност и мобилност на граѓаните, како и зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот. Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ кои работат активно на терен, ќе ги изведат градежните работи на коловозот на улицата во вкупна должина од 2000 метри, а предвидени се соодветни вело и пешачки патеки со што се реализира уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, за развој на велосипедската мрежа од приградските населби кон централното градско подрачје – се вели во текстот пласиран заедно со фотографиите.

Арсовска смета дека на оваа локација, потребно е да се изврши реконструкција на секундарната сообраќајна мрежа која во моментов е во многу лоша и руинирана состојба, со огромни ударни дупки и е небезбедна за учесниците во сообраќајот.

Реконструкцијата на улицата „Калош Дани“ е од витално значење и се реализира на барање на граѓаните кои се движат секојдневно на овој потег, додава градоначалничката.
Реконструкцијата на оваа улица се реализира со меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и Општина Карпош, а градежните работи ги изведува јавното претпријатие „Улици и патишта“.

Традиционално, откако Арсовска е градоначалник на Скопје, нема информација за тоа колку време ќе трае реконструкцијата и колку ќе чини.

https://nezavisen.mk/arsovska-i-jakimovski-zacapaa-vo-kalta-na-kalosh-dani-ulica-shto-ni-gugl-maps-ne-mozhe-da-ja-najde/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3125 Posted: 04-Jan-2024 at 18:15
Состојбата со инфраструктурата низ Маџари/Трубарево







https://www.facebook.com/groups/145337166272043/
Carpe diem
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3126 Posted: 05-Feb-2024 at 16:19

Originally posted by Данела Арсовска

✅ Со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, извршивме увид во градежните работи за започнување со реализација на 1 фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначаните проекти во Скопје, изградбата на булеварот Македонија кој ќе го реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
🛣️ Овој булевар има за цел да го растерети сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин. Во првата фаза која се реализира на траса предвидени се нова велосипедска патека по целата должина како и пешачка зона, а истовремено се реконструира целосно водоводната и канализационата мрежа.
🚧 Започнуваме со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак.
✅ Реализација на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Град Скопје, значително ќе го намалат сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олеснат движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.






Чудно што почнале дури од Стара рампа. Што профил се планира на тој потег, сѐ до влезот за подземната? И фазиве не се баш јасни, ама барем мрдна нешто од мртва точка.
Back to Top
gox_ View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 25-Nov-2019
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote gox_ Quote  Post ReplyReply #3127 Posted: 05-Feb-2024 at 16:54
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2026
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #3128 Posted: 05-Feb-2024 at 17:46
Ова мислам дека не е вака со години. Сигурно ли ова е тековна ситуација во плановите? Идејата мислам дека за тука е да се оформи некако псеуд-јужен булевар со Првомајска-Лимак-ТеодосијГологанов. И мислам дека треба да има кружен тек за кој зборуваше уште Џорџе Арсов кога беше градоначалник на Кисела Вода. Ме изненадува да е вака, практично постоечката нефункционална ситуација верифицирана на хартија.
Back to Top
Théoden View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2018
Location: Р. Македонија
Online Status: Offline
Posts: 562
  Quote Théoden Quote  Post ReplyReply #3129 Posted: 05-Feb-2024 at 19:22
Originally posted by <Fresno>


Чудно што почнале дури од Стара рампа. Што профил се планира на тој потег, сѐ до влезот за подземната? И фазиве не се баш јасни, ама барем мрдна нешто од мртва точка.


Нема ништо чудно, тој дел е најлесен за изведба. Big%20smile 
Во основа, оваа фаза се сведува на реконструкција на постоечките раскрсници и улици.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #3130 Posted: 05-Feb-2024 at 20:24
Да поедноставам,

Оваа ФАЗА 1 е само пола (полесната половина) од едната страна за спој со тунелот!
Од пола, пола.

Другата половина би била понирање и спојување и + 2 кружни (може и потфази тука нели...)



Па тек после најтешниот дел од другата страна, влез/излаз, огромен кружен и уште куп други работи...2-3 фази...

Добро што се почнува!
Ама вака гледано ќе трае 3-5 години...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3131 Posted: 05-Feb-2024 at 23:28
Сепак добро што го фатиле потегов. Мислев овој дел ќе остане заборавен да чека клучки со Крушевска република и продолжување на Јужен, што нема ни наредни 100 години да се изградат. Вака барем ќе има кружен триаголник и нови тротоари/велосипедски/асфалт. Плус и ако планираат како на скицата раздвоени ленти кај раскрсницата со зеленило, ќе заличи на нешто просторов.
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 23
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #3132 Posted: 06-Feb-2024 at 11:06
Дали негде може да се види поубаво целиот проект со сите фази? На сликата не се гледа баш најдобро што сѐ и каде поточно треба да има. Каде ќе биде зеленилото и велосипедските патеки? Каде поточно треба да излегува подвозникот?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3887
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #3133 Posted: 07-Feb-2024 at 07:00

камо да беа и' законски обврзани на 3д визуелизација во јавен катастарски arcgis како ДУП-ои

но остај така ќе каснат уште толку, а кусур ќе биде што нема за такво нешто да се врат со Градежен и семинарски од студенти туку ќе фрлаат по свои приватни студија екстра народен камен корења и се што сеуште не ет раскрчмено од народното, Но можеби доколку Билд бидне некогаш нво и се собере доволно критична маса тоа и Членои тука да го чинат, а донекаде има и подобни алатки за такво нешто кои попрво туку ќе ги впрегнеме во погон него што држава ќе дочекаме со лесно да ги интегрира у систем [1]


Edited by beTon - 07-Feb-2024 at 07:00
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 23
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #3134 Posted: 07-Feb-2024 at 10:07
Абе еве не мора да има никакви видеа и 3д визуелизации, ама барем тој 2д проект што е почнат со реализација да биде јавно достапен за граѓаните.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1143
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #3135 Posted: 07-Feb-2024 at 17:51
Цел проект:



Од запад накај исток:









Не знам дали има тема за Јужен булевар / булевар Македонија. Може треба да се префрли се таму за проектов од оваа тема и темите за Лимак и урбани автопати.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #3136 Posted: 10-Feb-2024 at 09:50
Значи ќе треба 57мица (кон Центар) да ја префрлат на Народен Фронт, пошто Васил Ѓоргов ми личи како излез од кружниот, не и влез.
Back to Top
SkMk View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 18-Jul-2023
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 23
  Quote SkMk Quote  Post ReplyReply #3137 Posted: 10-Feb-2024 at 14:21
На сликава личи дека од Народен Фронт само ќе може да се излезе на кружниот (не може од кружниот на Народен Фронт),а на Васил Ѓоргов само да се влезе од кружниот (не може од Васил Ѓоргов на кружниот).
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3138 Posted: 06-Jul-2024 at 18:21
ФОТО Дупките и отворените шахти низ скопските улици

Овие фотографии се направени на потегот од полициската станица Пролет, дел од нив се и кај зградата на ЗОИЛ Македонија, потоа на улицата улицата „Стив Наумов“ (поранешна Ленинградска) која денес се вика „Славко Јаневски“.









https://gradska.mk/foto-dupkite-i-otvorenite-shahti-niz-skopskite-uliczi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3139 Posted: 31-Jul-2024 at 18:44
Финализиран договорот за реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во Капиштец.
Целта е да го намалиме сообраќајниот метеж и да ја подобриме безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Улицата „Елисие Поповски“ ќе добие нов асфалт и рабници, а постојните шахти ќе бидат подигнати и нивелирани.







https://www.facebook.com/OpstinaCentar
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20697
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3140 Posted: 08-Aug-2024 at 15:22
(Видео) Булеварите во Скопје кој од кој пооштетен



Стотици илјади автомобили секојдневно минуваат низ скопските улици и булевари, а патната инфраструктура е далеку од завидно ниво.

Коловози со дупки, крпеници, вдлабнатини, често пати и неосветлени е секојдневието на возачите низ Скопје.

Најфреквентните булевари се и најоштетени.

Еден од нив е булеварот „Партизански одреди“ бучевар кој низ речиси целата должина (од Влае па се до Соборниот храм) е со вдлабнатини и искривувања првата лента по која најчесто возат автобусите.

Ништо подобар не е ниту булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (оној од Народна Банка до Железничка станица).

Нерамнини, дупки, пропаднати шахти има и на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ „Александар Македонски“ „Јане Сандански“…

Од главните артерии во градот во добра состојба се уште се „Трета Македонска Бригада“ „Илинденска“ како булеварите „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“.

Но ваквата очајна состојба на најважните сообраќајници во главниот град очигледно не ги загрижува надлежните во Град Скопје.

Ова лето (период кога треба да има офанзива) не е реконструиран ниту метар од некој булевар во Скопје.

24инфо.мк се обрати до службите во Град Скопје за информација за тоа колку булевари и главни улици се реконструирани во овој период, но оттаму до овој момент се уште немаме одговор.

И додека Град Скопје молчи граѓаните на Скопје, туристите, оние кои транзитираат низ градот продолжуваат да возат по лоши, небезбедни улици и булевари кои не доликуваат на град што себеси се смета за метропола.

https://24info.mk/2024/08/08/видео-булеварите-во-скопје-кој-од/
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 155156157158>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.500 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.