![]() |
![]() |
![]() |
Градилишта |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Фото) Со месеци: Поради бетонирање на градилиште во Центар, родители не можат ни деца во градинка да си остават – рекација нема
![]() ![]() Камиони на градилиште секојдневно блокираат влез на градинка во Центар. Граѓаните неколкупати алармирале кај градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски, кој пак им посочувал дека се преземени мерки. Но утринава, родителите кои носат деца во оваа градинка, немаат каде да ги паркираат возилата оти паркинг местата се блокирани. Градинката Наум Наумовски Борче (ул.Борка Талески бр.50) е клон на ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин Скопје во Центар. Карши градинката, се градат две згради и секој ден кога ги носиме децата во градинка, има камиони кои ја блокираат целата улицата. Од 7:30 до 8:30 (време кое е наменето за оставање на децата во градинка) неможе да се помине со кола и мораме да наоѓаме место за паркинг во соседните улички и да носиме деца во раце. Од 15:30 до 16:30, работниците најбезобразно низ целиот паркинг ставаат конуси и не ни дозволуваат да се паркираме затоа што ќе вршеле градежни работи“, сведочи Маја Арсовска, чии деца одат во оваа градинка. Таа посочува дека ова се се случува пет месеци. Дополнително, проблем за градинката создава и бучавата која се зодава. „И ве замолуваме, кој и да е инвеститор да си постави некаква звучна изолација, секој ден се вршат градежни работи и децата неможат да спијат. И државата сериозно да подразмисли на едукација на градежните работници, бидејќи вчера двајца работници ме убедуваа дека тоа не е паркинг на градинката додека стоеја под знак за паркинг на кој пишување “Паркингот е наменет за градинката”, додава Арсовска. „Скопје1“ за овој проблем алармираше кај Герасимовски кон средината на ноември, но и денеска, сликата е иста. https://skopje1.mk/archives/274299 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Фото) Родителите револтирани: Хаос пред градинката Н.Н.Борче во Центар, децата ни се во опасност
![]() Цели четири месеци трае нервозата, хаосот и нерешениот проблем со изградбата на огромен објект пред градинката Наум Наумовски Борче во скопски Центар. Родителите ниту можат да ги однесат децата во градинка, ниту пак да ги земат од машинеријата која ја блокира улицата. Иако пред градинката стои натпис дека неколкуте места за паркирање се резервирани за родителите да можат непречено да си ги донесат и земат децата, без осет вработените на градилиштето ги окупираат овие места. Родителите мораат да вртат кругови и далеку од градинката да ги паркираат возилата и по едно или две деца да носат во раце или количка. ![]() Опасноста демне, не можеме да ги додржиме децата бидејќи нема простор каде да поминат а огромната дупка е веднаш до нив” се жалат родителите. Тие неколку пати реагирале кај надлежните во општината и кај градоначалникот Горан Герасимовски, но ништо не е превземено и покрај ветувањата. Нивното објаснување е дека инвеститорот добил дозвола за градба. Пред една недела правдањето беше дека МВР дале дозвола еден ден улицата да биде затворена и да се работи на неа, додаваат тие. „Оттогаш не еден ден, туку помина цела недела а улицата сеуште е затворена за родителите и за децата“, реагираат родителите. За да се најде компромисно решение, тие бараат слободна улица и можност за движење од 7:30 до 8:30 наутро кога ги носат децата и од 15:30 до 16:30 кога ги земаат. „Исто така проблем е бучавата од механизацијата која не им овозможува услови на децата да можат да спијат. Веројатно кога се работи треба да се направи компромис во кој временски период ќе паузираат“, реагираат родителите. Опасно е што родителите со децата мора да поминат под железните конструкции на камионите. „Скопје1“ реагираше до градоначалникот, но состојбата не само што е иста туку и полоша. https://skopje1.mk/archives/274815 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Хаос со градилиштата: Граѓаните наместо на тротоар по булевар заедно со автобусите и возилата
![]() Во хаотичното живеење во Скопје, каде што автобусите на ЈСП и на приватните превозници, такви какви што се, се единствениот јавен превоз, каде нечистотијата по улиците стана препознатливо градско обележје, а улиците останаа претесни да го примат сѐ поголемиот наплив на возила, она што сериозно ги загрижува граѓаните е и незапирливата изградба на станбени и деловни објекти. Целиот град е претворен во големо градилиште, се гради буквално во сите општини, во секој нов ДУП се предвидуваат нови градби. Откако советниците во општините ќе ги усвојат плановите, на граѓаните веќе не им помагаат никакви реакции и протести за да спречат каква било изградба. Па, така, во општина Ѓорче Петров, на пример, на просторот спроти пазарчето треба да никнат дваететина згради со височина од 7 до 20 ката. Но, освен незапирливата изградба во Скопје која градот постепено го претвора во голема бетонска „спална соба“ без доволно вистински паркови, а не мали зелени површини што локалните власти од неразбирливи причини ги нарекуваат паркови, граѓаните реагираат и дека со градилиштата се узурпираат јавни површини. Лимените тараби што ги оградуваат градилиштата одземаат тротоари, велосипедски патеки, а општинските инспектори сето тоа го толерираат, иако е надвор од парцелата за градба. Велат дека е само привремено решение, а штом заврши градбата, дека сѐ ќе се врати во претходната состојба. Но изградбата трае и неколку години, како што е на пример случај со градилиштето на булевар Партизански одреди спроти Порта Буњаковец. Таму сосема е одземен тротоарот, а пешаците и велосипедистите се движат по велосипедската патека, протнувајќи се покрај кабастите контејнери, кои исто така се лоцирани на оваа патека. Денеска пак, не беше овозможено ниту движењето на тој простор, затоа што на едната лента беше поставена механизација, која граѓаните мораа да ја заобиколуваат движејќи се на средната лента по Партизанска заедно со автобусите и автомобилите. Срамно е ова што се случува, ќе испогинеме тука затоа што нема каде да се помине. И никој не реагира. Изведувачите си прават што сакаат, а ако се пожалиме во инспекција, велат дека мора така поради изведување на градежните работи и дека брзо ќе се тргнат. Истото се случува и на улицата зад „Холидеј ин“, а поминете да видите зад Универзална сала како е. На улицата „9 Мај“ има неколку градилишта и како им текне ја затвараат улицата со механизација. Значи, во овој град никој не се грижи за граѓаните – реагира Ема Стојанова, која ја затекнавме токму на оваа локација. ![]() Безбедноста на граѓаните честопати е загрозена поради градежните зафати на изведувачите на објектите. Притоа, никој не се грижи во такви случаи, кога механизацијата е неопходно да биде поставена надвор од градилиштата, да биде овозможен безбеден премин на пешаците, дали со помош на сообраќајна полиција или со редари од градилиштата. За жал, апелите на граѓаните што бараат поголема безбедност на градските улици честопати не стигнуваат до „ушите“ на локалните власти. Инвеститорите и изведувачите со разни времени одобренија си ги изведуваат потребните активности, додека граѓаните се нервираат. Ним нема кој да им издаде „одобрение“ за безбедно и непречено движење по скопските улици. https://www.slobodenpecat.mk/haos-so-gradilishtata-gragjanite-namesto-na-trotoar-po-bulevar-zaedno-so-avtobusite-i-vozilata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Мешалката за бетон на тротоар, пешаците на улица
![]() Ова е ул. „Васил Ѓорѓов“ една од најфренкветните улици во Скопје. Фотографијата е сликата веднаш карши трговскиот центар „Зебра“ непосредно кај пешачкиот премин. Граѓаните на овој дел со месеци веќе се сведоци на тотален башибозук од страна на инвеститорот кој гради зграда речиси веднаш до самиот тротоар. Во овој случај огромна мешалица со бетон стои паркирана на самиот тротоар кој е речиси уништен и е платен со пари на граѓаните. Она што е опасно во овој случај е што пешаците за да го продолжат својот пат треба да излезат буквално на самата улица, да се бутнат помеѓу возилата да ја заобиколат мешалката за бетон за да можат нормално да го продолжат патот. Тука збориме за ако е човек сам, а што правиме ако се работи за мајка со мало дете кое во количка, тогаш на нејзе какви би и биле опциите? Ова не е прв пат на ова место да биде паркиран камион со волкава големина, ова трае месеци наназад и за среќа до сега никој не е повреден. https://skopjeinfo.mk/meshalkata-za-beton-na-trotoar-peshacite-na-ulica? |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Двете згради кои се градат тука се тежок криминал...
Треба слика за да се долови, повисоки се од околните згради за кат... Со име и презиме треба да се објават сите кои учествувале во носење решенија! |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Фото) Пешаци одат по булеварот, возилата свират – Градот „мижи“ пред шипките оставени на булеварот во Кисела Вода
![]() ![]() Градежни материјали, буриња, изложени производи – вака изгледа тротоарот на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода кај местото викано „Чешма“. Граѓаните се жалат дека ова е секојдневно слика, а трае со месеци. Според нив, никој не реагира, оти да реагирал, истата слика немаше да ја има и денеска. Ингеренциите за булеварот ги има Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, од која поплаките не земаат помал, туку поголем интензитет. „Тротоарот во Кисела Вода не се користи повеќе време, луѓето на пат одат, коли и автобуси свират. Измеѓу има и продавница пред која се изложени производи на сред тротоар. Никако не се минува на патот“, вели читател за „Скопје1“. Скопје1“ го исконтактира и Градот Скопје и градоначалничката, кои со месеци и години не одговараат на прашања испратени од нашата редакција. Ги прашавме зошто дозволуваат загрозување на пешаците и другите учесници во сообраќајот од страна на лица кои вршат градежни работи. Побаравме и одговор, дали некогаш реагирале и правеле инспекциски работи. Од Градот, за кој многумина ќе кажат дека е претворен во приватно претпријатие, не очекуваме одговор. Инаку, иако Градот е затворен за одговори, Службата за односи со јавност секојдневно се користи за фалење колку претпријатијата и Арсовска работат, иако, тоа е нивна законска надлежност и за тоа се плаќаат од парите на жителите на Скопје. https://skopje1.mk/archives/303852 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Необезбедени градилишта демнат на секој агол
![]() Сè почесто гледаме неорганизирани и небезбедни градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведувањето на работите, опасност од пожари, застој во функционирањето на сообраќајот и на околниот простор. Типичен пример е градилиштето на улицата „50 Дивизија“ на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од страната на капелата. Во ископаната огромна дупка се почнати градежни активности. Тротоарот на улицата е покриен со земја од направениот ископ, што го попречува нормалното движење на пешаците. Се гради објект, но од она што може да се види, градилиштето не е соодветно оградено и обезбедено. Наместо лимени табли, просторот е заграден со зелена мрежа која на места е и падната. Според Законот за градење, пред почетокот на изведувањето на земјените работи на градежната парцела, инвеститорот е должен да обезбеди обележување на проектираната градба на терен, со соодветни знаци, во спротивно се предвидуваат високи казни Скопје е елдорадо за градење, но многу малку се посветува потребното внимание на речиси секое градилиште во земјава, особено на локациите со тесни грла или на локации со целосна околна изграденост. Затоа, сè почесто гледаме неорганизирани и небезбедни градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведувањето на работите, опасност од пожари, застој во функционирањето на сообраќајот и на околниот простор. Една од темелните фази при изградба на објектите е добрата организација и изработка на шемата на градилиштето, но инвеститорите, проектантите, ревидентите, изведувачите, надзорот и инспекциските служби како да забораваат да ги исполнат своите професионални и законски обврски. Ретко се монтираат заштитни оплати за минувачите и за соседните објекти или соодветни заштитни скелиња за работниците и техничкиот персонал на објектот. Посебна приказна е транспортот на градежните материјали, особено при транспортот на бетон, цемент, вар, разни малтери, земја, песок и чакал, кога од пумпите за бетон, миксерите за бетон и камионите се истураат многу од набројаните материјали, кои потоа не се чистат и се разнесуваат во околните објекти или преку воздухот се пренесуваат и во подалечната околина. За чистење и миење на транспортните средства ретко се преземаат активности. Неретко на градилиштата се среќаваат импровизирани електрични приклучоци, кои се потенцијална опасност за вработените и минувачите. Исто така, на повеќето градилишта не се почитува обврската за носење лична заштитна опрема, а нема ниту соодветни информациони табли за градилиштето. Сите овие пропусти и недостатоци придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема. Типичен пример на вакво градилиште е она на улицата „50. Дивизија“ на влезот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ од страната на капелата. Во ископаната огромна дупка се почнати градежни активности. Тротоарот на улицата е покриен со земја од направениот ископ, што го попречува нормалното движење на пешаците. Се гради објект, но од она што може да се види, градилиштето не е соодветно оградено и обезбедено. Наместо лимени табли, просторот е заграден со зелена мрежа која на места е и падната. Дека инвеститорите не ги почитуваат градежните правила и прописи, како и правилата при градење говори и случајот кога поради непочитување на градежните и безбедносните процедури при градба на зграда, лани пропадна улицата „9 Мај“, зад Универзална сала. На тој начин инвеститорот ги доведе во опасност пешаците, а на соседните објекти им отвори дупки во подрумите, страв и несигурност. Од градилиштето за зградата беше блокирана половина улица, затоа што беше заградена со лимени табли. Делот од улицата кој беше влезен во градилиштето беше пропаднат, а земјата под асфалтот се свлекуваше. Поради тоа, инвеститорот доби казни од 12.500 евра. Ова градилиште неколку пати беше затворено од градежната инспекција, но инвеститорот на своја рака ги отстрануваше заштитните инспекциски ленти и продолжуваше со градење, не земајќи ги предвид законските одредби и решенијата од инспекцијата. И не е само тоа, повеќе пати, од страна на Општина Центар беше интервенирано и на градилиштето кај некогашно „Беко“ или ТЦЦ Плаза, каде и покрај тоа што се градеше без дозвола, градежните материјали се оставаа на самата улица. Не само што не се обезбедени градилиштата, не се води сметка ниту за камионите кои излегуваат од нив со правливи и калливи тркала со кои правта и калта ја оставаат на улиците. Наместо тркалата од возилата да се измијат на излезот од градилиштето, тие се пуштаат валкани, иако тоа е недозволиво, бидејќи правта потоа ја дишеме сите ние. Ништо од тоа не се почитува и покрај тоа што убаво е пропишано во законите за градење и за јавна чистота. Според член 82 од Законот за градење, пред почетокот на изведувањето на земјаните работи на градежната парцела, инвеститор е должен да обезбеди обележување на проектираната градба на терен, со соодветни знаци. Според член 83 од Законот за градење, изведувачот е должен градилиштето да го загради заради спречување на неконтролиран пристап во него со соодветна ограда на начин што работата во градилиштето нема да ги загрози минувачите. Исто така, градилиштето мора да биде означено со информативна табла која задолжително треба да содржи име, односно назив на учесниците во изградбата, назив и вид на градбата која се гради, надлежниот орган, број и датум на издаденото одобрение за градење, како и назнаката дека се работи за заштитено недвижно културно наследство согласно со закон, ако таа градба е запишана во Националниот регистар на културно наследство. Со овие закони пропишани се и казните за непочитување на одредбите во нив. Така, во Законот за градење е предвидена глоба во износ од 6.000 до 9.000 евра во денарска противвредност на правно лице изведувач, ако на градилиштето не спроведува мерки за заштита и сигурност согласно со закон, не определи инженер за изведба на градилиште https://www.vecer.press/%D0%BD%D0%B5%D0%BE%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%BD%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B5/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бучава, прашина и узурпирани тротоари од градилиштата им „кинат нерви“ на граѓаните
![]() Граѓаните се сведоци и честопати реагираат за тоа што дел од градилиштата не се заштитени онака како што предвидува законот и дека скелињата висат над главите на минувачите. Кај оние што се оградени, редовно лимените тараби зафаќаат поголема површина отколку што е градежната парцела и ги окупираат тротоарите. Градилиштата низ Скопје, кои секојдневно никнуваат на секој слободен простор, го узурпираат јавниот простор, тротоарите, дел од улиците и го прават небезбедно движењето на пешаците. Покрај тоа, постојаната бучава им го одзема мирот на жителите од соседството, а прашината која се крева го загадува воздухот. Скопје со години е претворено во големо градилиште, а изградбата на згради не запира. Во тој поглед не помагаат ниту реакциите на граѓаните, ниту тоа што голем дел од деталните урбанистички планови веќе не поминуваат толку лесно на одобрување кај советниците, особено во оние општини каде мнозинството советници не се политички истомисленици со градоначалниците. Но, очигледно има уште многу стари ДУП-ови во кои останало уште нешто недозиградено, затоа што тешко е да се објасни поинаку она што се случува низ градот. ![]() Граѓаните се сведоци и честопати реагираат за тоа што дел од градилиштата не се заштитени онака како што предвидува законот и дека скелињата висат над главите на минувачите. Кај оние што се оградени, редовно лимените тараби зафаќаат поголема површина отколку што е градежната парцела и ги окупираат тротоарите. На пешаците не им преостанува ништо друго освен да се движат по улица, а состојбата станува уште полоша кога улиците се претвораат во паркинг на „бетониерки“ и на другата механизација која им е потребна на градежниците. Блокирањето на улиците со ваквата машинерија стана секојдневие, а жителите на населбите се принудени да вртат со возилата по споредни улички за да си дојдат до својот дом. Од општините во врска со зафаќањето на јавните површини најчесто објаснуваат дека се привремени за одредени изведби во текот на градбата, но и дека за тоа инвеститорот треба да поседува одобрение за времен режим на сообраќај издадено од надлежен орган. По завршувањето на изградбата на објектот, тротоарите и другите јавни површини што биле уништени при изградбата мора да се вратат во претходната состојба. Но, како што е познато, еден објект се гради и по неколку години и исто толку време на граѓаните им е оневозможено да ги користат тие јавни површини. Во моментов се гради насекаде, но се чини во општина Центар и тоа во опфатот на плановите Буњаковец 1 и 2 се случува вистинска градежна „лудница“. Во тек е изградбата на комплексот „Треска“ на местото на поранешната фабрика, се гради речиси на секоја уличка во реонот зад Универзална сала, каде тротоарите се комплетно неупотребливи, се гради во близина на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, покрај булеварот Свети Климент Охридски и на повеќе други локации. Веднаш до училиштето „Песталоци“ има огромно градилиште кое не е безбедно заградено и е опасно по живот за учениците. Исто така на 10 метри има уште едно градилиште со огромна дупка и незаградено. Се плашам од помислата што може да се случи сега кога ќе затопли и ќе почнат децата повеќе да играат во дворот и да шетаат наоколу. – реагира загрижен родител во фејсбук-групата „Во одбрана на Буњаковец“. ![]() ![]() ![]() За ваквата состојба, како што велат тамошните жители, реагирал и Советот на родители и директорката на училиштето со апел до Општина Цџентар и до општинската инспекција да направат инспекциски надзор и да наложат дополнително обезбедување на градилиштата кои се наоѓаат во близина на училиштето – на посоченото на улицата Борка Талески, на крстосницата на Ленинова со Борка Талески кое е стотина метри подалеку, како и на градилиштето веднаш до градинката на улицата Никола Тримпаре. Како што информираат после нивното барање делумно е постапено, но, за целосна реализација на мерките очекуваат да се обезбедат и пешачки коридори по кои учениците ќе може безбедно да одат до училиште. Инспекциските служби на Општина Центар повремено прават контроли на активните градилишта за да се провери дали се почитуваат мерките за одржување на градилиштата на начин што нема да ја загадува и деградира урбаната средина, но и дали е узурпиран и нарушен јавниот простор. Притоа инспекторите изрекуваат и опомени и казни, но ситуацијата не се менува. Малтретирањето на граѓаните со бучава, прашина и узурпацијата на јавниот простор ќе се спречи само ако се намали изградбата, не само во Центар, туку и во цел град. Но, сѐ додека општините најголеми приходи имаат од комуналиите што инвеститорите ги плаќаат при издавање дозвола за градба – ништо нема да се промени. https://www.slobodenpecat.mk/buchava-prashina-i-uzurpirani-trotoari-od-gradilishtata-im-kinat-nervi-na-gragjanite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |